КАФЕ ПАУЗА

Tag: постапки

  • Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

    Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

    Секој хороскопски знак има свои лични убедувања кои го презентираат она што му е најважно, начинот на којшто функционира во светот и која е неговата животна филозофија. Личното убедување е длабоко вгнездено во секој човек и го сумира целиот наш живот. И покрај тоа што карактеристиките на претставниците на еден хороскопски знак се манифестираат различно кај секој човек, животната филозофија, сепак е заедничка особина, која нè поврзува со сите членови на тој знак. Прочитајте која е вашата мисла, која ве води и дефинира во животот.rnrnКоја е животната филозофија на секој хороскопски знак?rn

    Овен: „Јас сум.“

    rnОд овенот го добивате токму она што и го очекувате од него. Неговите постапки се искрени, вистинити и тој поседува дарба да биде целосно присутен и посветен на секој миг од неговиот живот.rn

    Бик: „Јас имам.“

    rnБикот го цени сето она што го има во животот: луѓето, искуствата, материјалните работи и себеси. Тој ги цени сите овие нешта многу длабоко и си ги чува блиску до срцето.rn

    Близнаци: „Јас мислам.“

    rnОвој хороскопски знак има жед за информации и силен, активен ум во кој постојано нешто се случува. За близнаците, човечките мисли претставуваат најголемата вредност во животот.rn

    Рак: „Јас чувствувам.“

    rnЗа ракот, животот претставува една целина од емоции, бидејќи тој има тенденција да гледа на сѐ, низ емоционални „очила“. Тој ги цени и вреднува човечките емоции повеќе од сѐ друго во животот и ги охрабрува и другите луѓе да го сторат истото.rn

    Лав: „Јас можам.“

    rnМоќта на волјата кај лавот е ненадминлива, а неговата внатрешна сила – незапирлива. Не постои сомнеж дека лавот ќе го исполни сето она коешто го наумил.rn

    Девица: „Јас анализирам.“

    rnДевицата има бистра свест за сето она коешто се случува околу неа и уникатна способност да ги подреди сите комплексни ситуации и да ја изнајде смислата, на онаа луда работа којашто се нарекува живот.rn

    Вага: „Јас балансирам.“

    rnВагата поседува талент да создаде рамнотежа во својот и во животот на луѓето околу неа. Нејзината мирољубива природа ѝ овозможува да внесе чувство на хармонија секаде каде што е присутна.rn

    Скорпија: „Јас посакувам.“

    rnЖелбите кај скорпијата се длабоко сраснати и многу интензивни. Кога скорпијата силно посакува нешто со сето свое срце, таа нема да се смири додека не го спроведе тоа до крај и го претвори во реалност.rn

    Стрелец: „Јас гледам.“

    rnСтрелецот е оптимистичен и има отворен ум, што му овозможува да го гледа светот низ широка перспектива. Неговата умствена неограниченост е уникатна и освежувачка за луѓето околу него.rn

    Јарец: „Јас користам.“

    rnЈарецот умее да ги искористи сите ресурси со кои располага, повеќе од кој било друг хороскопски знак. Тој дефинитивно ќе ги оствари сите цели кои наумил да ги реализира.rn

    Водолија: „Јас знам.“

    rnБистриот и неограничен ум на водолијата ѝ овозможува лесно да акумулира информации и едноставно да им пристапува на сите животни ситуации. Како социјално битие, водолијата сфаќа дека нејзините познавања добиваат најголема вредност, кога ќе ги сподели со останатите луѓе.rn

    Риби: „Јас верувам.“

    rnКако вечен мечтател, рибата секогаш првенствено ѝ верува на сопствената интуиција и се дефинира себеси врз основа на нејзиниот внатрешен свет. Нејзините верувања, идеали и емоции се тие, кое ја водат рибата низ животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 мали нешта за покажување голема љубов

    7 мали нешта за покажување голема љубов

    Малите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да ѝ ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Помагајте ѝ со товарот

    rnСекогаш помагајте и на вашата сакана со нејзиниот товар, бидејќи ретко која девојка „обожава“ да се килави. Таа ќе ви биде многу благодарна, а вие ќе испаднете прав џентлмен.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Делете ѝ комплименти без разлика на нејзиното моментално издание

    rnПокажете и дека ја сакате во секакво светло или расположение. Без разлика дали таа е облечена во тренерки и обична маичка, укажете и дека сè уште ви е атрактивна и секси, а таа со сигурност нема да остане рамнодушна.rn

    Пазарете самоволно, без таа да ве тера

    rnКога ќе забележите дека сте го испиле млекото или пак нема ни зрно кафе, појдете и набавете ги намирниците кои ви недостасуваат. Кога самоиницијативно го правите ова, таа ве сака уште повеќе.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Сослушувајте ги нејзините проблеми

    rnПо стресниот ден разговорот со партнерот е секогаш вентилот за опуштање и растеретување од нервозата. Оставете ја да ги искаже своите маки и проблеми, а вие сослушајте ја и доколку можете дадете ѝ совет. Жените го сакаат тоа.rn

    Превезувајте ја доколку сте во можност

    rnОд јавниот превоз, на сите им доаѓа да збеснат и да викаат на цел глас. Понудете ѝ да ја превезете или земете од негде. Нејзиното чувството на олеснување како резултат на избегнувањето на градскиот метеж и гужвата во автобусите ќе биде голем благодет за вас.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Правете ѝ кафе

    rnМожеби е премал и незначаен потег, но кога ќе го помириса моќниот вкус подготвен од нејзината најголема љубов, таа ќе биде пријатно изненадена и ќе ве пречека насмеана. Самиот факт што сте го направиле, без таа да го побара тоа од вас е сосема доволен, дури и доколку не го погодите. Но, еве неколку добри рецепти за кафе со кои нема да згрешите.rn

    Згответе вечера, без некој повод

    rnНишто не кажува подобро „Те сакам“ од маж во престилка, готвејќи нешто вкусно за неговата сакана и тоа без некој посебен повод.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.