Ако ви е потребна нова промена на фризурата и ако размислувате што би можеле да направите со косата, тогаш ви предлагаме да размислите за коса во боја на тиква, која станува сè популарна за оваа есен.rnrnrnrnПортокаловата палета на бои е идеална за есенските денови, бидејќи одлично им стои на светлите дами, какви што се повеќето од нас во текот на овој период. Покрај тоа, бидете сигурни дека оваа необична боја ќе се усогласува со вашата гардероба, бидејќи колку и на прв поглед да ви се чини дека е јака и агресивна, имајте на ум дека ова е боја „од природата“.rnrnrnrnОвој нов хит е инспириран од популарниот напиток на Старбакс, Pumpkin Spice Latte, кој овој сиџир го нуди само во есенските денови. Ако сакате да експериментирате, сигурно ќе ви биде интересна портокаловата боја на коса низ која се преплетуваат занесни кафеави прамени. Резултатот ќе биде одличен, бидејќи вашата коса ќе изгледа многу природно.rnrn
Фотографката Адриен Брум продолжува со нејзината неверојатна серија од фотографии наречена „The Color Project“. Овој пат нејзината креативност нè води во „Портокаловиот свет“, каде што едно мало девојче кадар по кадар ги истражува прекрасните делови на околината. Како во класична бајка, девојчето се сретнува со пеперутки кои танцуваат околу неа, додека нејзиниот пат низ мистериозната шума е осветлен од голем број ламби кои ѝ даваат црвенкасто-портокалова боја на средината околу неа. На крајот, таа е привлечена од силна светлина која доаѓа помеѓу дрвјата и која ја насочува кон светот на наредната боја.rnrnrnrnБрум го започнала овој проект со идејата да направи истражување на светот на боите во 8 дела, претставено преку очите на едно мало девојче. Таа не само што успеала да ја наполни секоја сцена со соодветната боја на која работи, туку истовремено додала и надреални елементи кои се надополнуваат едни со други и овозможуваат да се почувствувате како да сте таму. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа извонредна колекција.rnrn
Есента е обоена со специфични бои. Позајмени од природата, овие бои ги пренесуваме на нашата облека, на модните додатоци и секако, на маникирот. За да бидете во склад со природата околу вас, направете едноставен, но многу ефектен есенски маникир, кој можете да го практикувате низ целата сезона есен/зима со мали промени во изборот на боите.rnrnВи предлагаме да користите темни варијанти на портокалова и црвена до бордо, но истиов маникир можете да го направите и со нијанси на некоја друга боја која е хит сезонава.rnrnrn
Потребни материјали:
rn
rn011
Три нијанси на лак за бои
rn011
Лак за финиш
rn011
Ленти за француски маникир
rn
rn
rn
Постапка:
rn1.Нанесете два слоја од најсветлиот лак и почекајте да се исуши.rnrn2.Внимателно нанесете самолепливи ленти за француски маникир на средината на ноктот. Можете да се послужите и со тенки парчиња селотејп, но во тој случај заоблениот ефект ќе се изгуби.rnrn3. Обојте го долниот дел од ноктот со едната нијанса, а другиот дел (до коренот) со другиот лак.rnrn4.Веднаш извадете ја лентата. Не чекајте лакот да се исуши.rnrn5.На крајот нанесете убав слој лак за финиш кој ќе му даде трајност на вашиот маникир и прекрасен сјај на вашите нокти.rnrn rnrn
По летото во кое преовладуваа светлите, неонските и пастелните бои на лакови, оваа есен доминираат темните бои. Се носат чоколадно кафеави, златни и портокалови нијанси, односно боите кои ја карактеризираат есента како годишно време. Погледнете кои лакови се во тренд оваа есен.rnrnНежно синаrnrnЧоколадно кафенаrnrnТемна црешаrnrnТемно зеленаrnrnЗлатнаrnrnСребрена холографскаrnrnПортокаловаrnrnТемно виолетоваrnrn rnrn
Дали кога ќе го отворите вашиот плакар гледате шаренило од секакви бои или сепак до некој степен преовладуваат нијанси на една боја? Бојата која ја носиме, не значи само дека сме ја одбрале бидејќи била привлечна за нашето око, туку и кажува многу за она што е под облеката. Што кажува за вас бојата која преовладува во вашиот плакар и каква перцепција имаат другите за вас?rnrnrn
Црна
rnЦрната боја асоцира на авторитет и моќ, па затоа вие сте личност која не се плаши целосно да ја преземе ситуацијата под своја контрола и да ужива во функцијата која ја има. Црната боја често ја носат луѓе со високи функции и авторитет, како политичарите или оние со важни функции во фирмите. Станува збор за елегантна боја која ве прави повитки. Плус, одговара за секоја пригода, од погреб до венчавка.rn
Бела
rnБелата боја се поврзува со едноставноста. Вие сте весела и едноставна личност која не сака комплицирање на работите. Исто така, доколку оваа боја преовладува во вашиот плакар, значи дека сте педантна личност која ја сака чистотата. Баш затоа успевате толку често да носите бело без видливи дамки од кафе или некаков оброк.rnrnrn
Сива
rnСивата боја значи софистицираност. Им дава до знаење на луѓето околу вас дека сте самоуверена личност која мисли и донесува одлуки самата за себе. Без страв ги презентирате вашите одлуки и ставови пред другите. Сивата е одлична боја за бизнис средби, романтични состаноци или интервјуа за работа, бидејќи покажува дека сте самоуверени и се чувствувате добро во вашата кожа.rn
Кафена
rnОваа боја е знак на стабилност, луѓето можат да се потпрат на вас. Покажува дека уживате во удобноста на животот, но не преферирате промени. Едноставно сакате да играте на сигурно.rn
Сина
rnВие сте опуштена, релаксирана и кул личност и не сте многу импулсивна. За посериозни настани, како интервју за работа, одбрете потемна нијанса, како морнарско сина. Но за порелаксираните моменти, одберете посветли нијанси како небесна сина.rn
Розова
rnДоколку сте љубител на розовите нијанси, вие сте чувствителна личност со големо срце која се чувствува убаво самата за себе. Кога луѓето носат розова боја изгледаат достапни и способни да ги сакаат луѓето околу себе.rnrnrn
Зелена
rnЗелената ги поттикнува убавите чувства и доброто расположение кај вас, но и кај оние околу вас. Испраќате позитивни и смирувачки вибрации. Можеби тоа е така бидејќи зелената боја асоцира на топла пролет по ладната зима.rn
Жолта
rnОваа боја покажува дека сте забавна личност која сака убави моменти и секогаш е подготвена за забава. Вие ги асоцирате луѓето на топло сонце кое го разубавува денот. Секогаш имате одличен избор на облека за опуштена летна забава.rn
Црвена
rnВие сте страсна личност која умее да сака. Црвената боја се асоцира со љубов и романса. Ова е бојата која најмногу ги привлекува мажите. Кога се подготвувате за важен настан или романтичен состанок со личност која многу ви се допаѓа, нема да згрешите доколку се одлучите за вашата омилена боја – црвена.rn
Виолетова
rnБоја на креативноста. Им покажува на луѓето околу вас дека сте способни да размислувате „надвор од кутијата“. Не се плашите да ги правите работите поинаку од другите и често ја гледате убавината во места каде другите најчесто не ја гледаат. Па кога сакате да се инспирирате себеси или некој друг, носете виолетово!rn
Портокалова
rnПортокаловата е бојата на луѓето со богат социјален живот, кои лесно се впуштаат во разни разговори и познанаства. Им кажува на луѓето дека не сте затворени во себе, дека сте опуштени и дружељубиви.rnrn
Автор: Моника ТрајковскаrnrnСте се запрашале ни некогаш зошто кога изгрева месечината има различна боја, наспроти кога е високо на небото? Овој ефект најчесто е предизвикан од атмосферата на Земјата и патот на месечината околу ноќното небо. Еве неколку феномени поврзани со боите на месечината.rnrn
Црвена месечина
rnКога изгрева месечината често е со црвена боја. Кога е поблиску до хоризонтот, светлината од месечината мора да помине низ поголем дел од атмосферата, отколку кога е директно над нас. Додека пристигне светлината до нашите очи, молекулите на воздухот веќе ги имаат растурено сините, зелените и виолетовите парчиња од видливата светлина и поради тоа остануваат само нијансите на црвената боја. Добар пример за црвена месечина е и кога Земјата ќе застане помеѓу неа и Сонцето. Бидејќи нема директно осветлување, таа на неколку минути добива специфична црвена боја.rn
Портокалова месечина
rnЗа време на есента, месечината честопати има специфична големина и боја. Поради тоа е наречена „месечина на жетвата“. Скоро цел месец при изгревање е со портокалова боја и потоа така останува подолго време. Овој феномен се објаснува со многуте честички од прашина во воздухот кои се појавуваат за време на првиот период од есента. Тие ја искривуваат светлината на месечината и затоа нам ни изгледа малку поразлично.rn
Темно жолта месечина
rnМесечината може да има темно жолта боја, во кое било време од годината и во која било положба на небото. Неколку минути по изгревањето, додека сè уште е ниско на небото таа скоро секогаш преминува од портокалова во темно жолта. Но, кога има премногу прашина, чад или друг вид загадување во атмосферата, таа може да остане во оваа боја додека го поминува целиот свој пат околу небото.rn
Сина месечина
rnЕфектот на сина месечина е многу редок. Најчесто во оваа боја е забележувана после големи пожари, кога има премногу чад во атмосферата. Или пак за време на активни вулкани кои на сличен начин влијаат врз воздухот. rn
Сива месечина
rnКога ја гледаме месечината надвор од атмосферата таа има сива боја. Тоа понекогаш може да се забележи и од Земјата за време на многу ведра ноќ, ако сме подалеку од светлината на градовите и без никакво влијание на загаденоста и прашината.rnrn
Секоја боја има своја енергија и вибрација, а различните нијанси будат различни емоции. Бидејќи сите ние сме различни помеѓу себе, бојата на нашата спална соба треба правилно да ја избереме, во согласност со нашите интереси и потреби.rnrnrnrnСекоја боја кореспондира со различна страна на компасот, па затоа најважно е најпрво да се утврди каде е точно лоцирана. Како генерално правило, собите кои се наоѓаат на север и исток најдобро одговараат со ладни бои, како што се сината, зелената и виолетовата. Собите пак, кои се наоѓаат на запад и на југ, најдобро кореспондираат со топлите бои, како црвена, портокалова и жолта. За белата се вели дека има моќ на исцелување. Особено е препорачливо да се употреби во северниот дел од собата.rnrnЦрвенатае полна со енергија и е активна боја која има стимулативен ефект на вашето тело. Не е препорачлива за спални соби, особено не за детски, бидејќи може да вознемирува во спиењето. Но, доколку се чувствувате летаргично или пак мислите дека тешко се мотивирате, употребата на црвената боја на југозападниот дел од собата може да ви го подигне нивото на енергија. Таа често се поврзува со чувството за мирис.rnrnrnrnПортокаловатае боја на среќата, која инспирира на социјална интеракција и на оптимизам. Нејзините воздигнувачки ефекти ја прават многу забавна, па затоа е препорачлива за детски соби. Најдобро е да се употреби во соба која е свртена јужно. Доколку собата не се наоѓа свртена кон југ, можете да ставите некаква декорација или некое парче уметност на јужниот ѕид. Таа често се поврзува со чувството за вкус.rnrnrnrnЖолтатабоја го стимулира умот и ја поддржува комуникацијата и концентрацијата, правејќи ја идеална за соба за работа и учење. Но, таа е и една од најдобрите бои за спална соба и може да се употреби за соба која се наоѓа на исток, југоисток, југ или југозапад. Таа често се поврзува со чувството за вид.rnrnrnrnЗелената ја претставува природата и го симболизира балансот, изобилството и исцелувањето. Зелената може да се додаде во собата, преку бојадисување, растенија или преку парчиња уметност. Зелената е најефективна во соби кои се наоѓаат на север или пак на северниот дел од собата. Таа хармонизира и создава мир. Зелената боја често се поврзува со чувството за допир.rnrnrnrnСинитенијанси се познати по нивните смирувачки и исцелителни моќи. Бидејќи делува психолошки, сината боја е идеална за спална соба, особено за луѓе кои се премногу активни и зафатени по цели денови или пак за оние кои патат од вознемиреност. Сината боја се поврзува и со креативност и инспирација, па затоа е одлична и за детска соба. Сината боја е најефективна доколку собата е свртена кон запад или северозапад, а често се поврзува со исцелување.rnrnrnrnТемносинатабоја е длабоко спиритуална и најдобро е да се употребува во спалната соба на луѓе кои имаат силна верба. Таа е одлична за употреба во соби за одмор, релаксација и опуштање.rnrnrnrnВиолетоватаима најголем смирувачки ефект од сите бои и е одлична за спални соби и соби за мирување. Таа исто така се поврзува со спиритуалноста.rnrnrnrnДоколку сакате совети во врска со изборот на соодветната боја за која било соба во вашиот дом, прочитајте ја серијата содржини на тема: „Боите во домот го менуваат вашето расположение“, и тоа доколку се љубители на топли бои, ладни бои или на неутрални бои во уредувањето, а информирајте се и детално за значењето на боите околу нас.
Секоја боја околу нас има свое значење и ни буди различни чувства. Добрата комбинација од бои, често може да се покаже како клучна за успех при работата, уредувањето на домот, промовирањето на некое добро или услуга и слично. Која боја вам ви е омилена?rnrnrnrnЦрвената е бојата на огнот и на крвта, па токму затоа таа асоцира на енергија, војна, опасност, сила, моќ, одлучност, страст, копнеж и љубов.rnrnЦрвената е емотивно интензивна боја. Таа го забрзува човечкиот метаболизам и дишењето и го зголемува крвниот притисок. Таа има голема видливост, па токму затоа сообраќајните знаци, семафорите и противпожарните апарати ја содржат токму неа. Во хералдиката, црвената се користи за означување храброст. Оваа боја се наоѓа и на многу национални знамиња.rnrnrnrnЦрвената ги поставува текстот и сликите во преден план. Може да се користи за да се акцентираат некои работи, кои можат да го натераат човекот да донесе некои брзи одлуки, како на пример „Купи сега“ или „Кликни тука“. Во маркетингот, црвената боја најчесто се користи да пробуди еротски чувства. Црвената боја својата најширока примена ја наоѓа во обележувањето на нешто што е опасно. Исто така, таа се применува и за асоцирање на енергија, па така може да се користи за промоција на енергетски пијалаци, игри, автомобили и друго.rn
rn011
Светло-црвена: радост, сексуалност, страст, чувствителност и љубов
rn011
Розова: романтика, љубов, пријателство, женски квалитети и пасивност
rnПортокаловата ја комбинира енергијата од црвената и среќата од жолтата. Таа се поврзува со радост, сонце и тропски предели. Портокаловата боја претставува ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, атракција, успех, охрабрување и поттикнување.rnrnВо човечките очи, портокаловата е многу жешка боја, па така му дава чувство на топлина. Сепак, портокаловата не е толку агресивна како црвената. Портокаловата боја го зголемува нивото на кислород во мозокот, произведува заживувачки ефект и ја стимулира менталната активност. Таа е мошне прифатлива помеѓу младите луѓе. Како цитрусна боја, портокаловата се поврзува со здрава храна и таа го стимулира апетитот. Портокаловата е бојата на есента и жетвата. Во хералдиката, оваа боја е симбол на сила и издржливост.rnrnrnrnПортокаловата боја има многу висока видливост, па можете да ја користите за да привлечете внимание и за да ги нагласите најважните елементи во вашиот дизајн. Таа е многу ефикасна за промовирање на прехранбени производи и играчки.rn
rn011
Темно-портокалова: измама и недоверба
rn011
Црвено-портокалова: желба, сексуална страст, задоволство, доминација, агресија и жед за акција
rn011
Златна:престиж, просветлување, мудрост, богатство и висок квалитет
rn
rnЖолтата е боја на сонцето. Таа се поврзува со радост, среќа, интелект и енергија.rnrnЖолтата боја обезбедува чувство на топлина, чувство на бодрење, ја стимулира менталната активност и создава мускулна енергија. Таа често се поврзува со храната. Светлата, чисто-жолта боја е предизвикувач на внимание, поради што и такси возилата во многу земји од светот се бојадисани со таа боја. Кога е премногу употребена може да има вознемирувачки ефект. Познато е дека бебињата повеќе плачат во соби во кои доминира жолтата боја. Во хералдиката, жолта укажува на чест и лојалност. Подоцна, некои значењето на жолта го поврзуваат со кукавичлукот.rnrnrnrnЖолтата боја се користи за да предизвика пријатни и весели чувства. Оваа боја можете да ја одберете за да промовирате детски производи и предмети поврзани со користењето на слободното време. Жолтата е многу ефикасна за привлекување внимание, па може да се користи за да се потенцираат најважните елементи во дизајнот. Мажите често на жолтата боја гледаат како на детска, па затоа не се препорачува престижни и скапи продукти за мажи да ја содржат. Таа е нестабилна и спонтана боја, па препорачливо е да се избегнува ако треба да се потенцира стабилност и безбедност. Светло-жолтата има тенденција да исчезнува кога е во комбинација со белата, па затоа потребна е потемна боја за да се потенцира нешто. Нијансите на жолта боја се визуелно непривлечни, бидејќи ја губат ведрината и постануваат валкани и безбојни.rn
rn011
Несјајна: претпазливост, распаѓање, болест и љубомора
rn011
Светло-жолта: интелект, свежина и радост
rn
rnЗелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Темно-зелената, многу често се поврзува со пари.rnrnЗелената има голема исцелителна моќ. Таа е најспокојната боја за човечкото око и може да го подобри видот. Таа симболизира стабилност и издржливост. Понекогаш зелената означува недостаток на искуство. Во хералдиката, зелената боја покажува раст и надеж. Оваа боја, обратно од црвената, означува безбедност. Не за џабе, таа е бојата на слободен премин во патниот сообраќај.rnrnrnrnКористете ја зелената за да посочите безбедност при рекламирање лекови и медицински производи. Зелената е директно поврзана со природата, па можете да ја користите за промовирање еколошки производи. Потемно-зелената најчесто се поврзува со парите, финансискиот свет, банкарство и слично.rn
rn011
Темно-зелена: амбиција, алчност и љубомора
rn011
Жолто-зелена: болест, кукавичлук, раздор и љубомора
rn011
Аква: емоционално лекување и заштита
rn011
Маслинесто-зелена: мир
rn
rnСината е боја на небото и морето. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција, вера, вистина и рај.rnrnСината се смета како корисна за телото и умот. Таа го забавува човечкиот метаболизам и произведува еден фин смирувачки ефект. Сината е силно поврзана со спокојството и смиреноста. Во хералдиката, сината боја се користи за да симболизира побожност и искреност.rnrnrnrnМожете да ја користите за промоција на производи и услуги поврзани со чистота (филтри за прочистување на водата, средства за чистење…) воздухот и небото (авиокомпании, аеродроми, климатизери), вода и море (туристички патувања, минерална и обична вода). За разлика од емотивно-топлите бои како црвената, портокаловата и жолтата, сината е поврзана со свеста и интелектот. Користете сина за да покажете прецизност кога промовирате технолошки производи.rnrnСината е машка боја бидејќи, според истражувањата, таа е многу прифатена во машкиот свет. Темно-сината е поврзана со длабочина, експертиза и стабилност. Избегнувајте да употребувате сина боја кога промовирате храна и готвење, бидејќи оваа боја го потиснува апетитот. Кога се употребува заедно со некоја од топлите бои, сината може да создаде енергичен дизајн.rn
rn011
Светло-сина: здравје, лек, спокојство, разбирање и мекост
rn011
Темно-сина: знаење, моќ, интегритет и сериозност
rn
rn
Виолетовата боја е комбинација од стабилноста на сината и енергијата на црвената. Виолетовата е поврзана со кралското семејство. Симболизира моќ, благородност, луксуз и амбиција. Таа претставува богатство и екстраваганција. Виолетовата е поврзана со мудроста, достоинството, независноста, креативноста, мистеријата и магијата.
rn
rn
Според анкетите, речиси 75 проценти од предадолесцентите преферираат виолетова пред сите други бои. Виолетовата е многу ретка боја во природата, па затоа некои луѓе сметаат дека таа е вештачка. Светлата виолетова е добар избор за женски дизајни. Таа може да се користи за промоција на детски производи.
rnrn
rn011
Светло-виолетова: романтични и носталгични чувства
rn011
Темно-виолетова: мрак, тажни чувства и фрустрација
rn
rnБелатабоја се поврзува со светлината, добрината, невиноста, чистотата. Таа се смета за бојата на совршенството. За разлика од црната, белата боја обично има позитивна конотација. Таа може да претставува успешен почеток. Во хералдиката, белата отсликува вера и чистота.rnrnrnrnВо маркетингот, белата се поврзува со свежина и чистота бидејќи тоа е бојата на снегот. Можете да ја користите за да сугерирате на едноставноста во технолошките продукти. Белата е соодветна боја за добротворни организации, бидејќи ангелите обично се замислуваат дека носат бела облека. Белата е поврзана со болници и доктори, па можете да ја користите за да прикажете безбедност при промовирање на медицински производи. Белата е често поврзувана со мала тежина, ниско калорична храна и со млечни производи.rnrnЦрната боја се поврзува со моќта, елеганцијата, формалноста, смртта, злото и мистеријата. Црната е мистериозна боја која асоцира на страв и непознато. Таа вообичаено има негативна конотација. Црната боја се смета за многу формална, елегантна и престижна боја.rnrnrnrnВо хералдиката, црната е симбол на тагата. Црната боја дава чувство на перспектива и длабочина, но сепак кога се користи како позадина ја намалува читливоста. Црниот костум или фустан исто така може да направи да изгледате послабо. При дизајнирање и фотографирање, црната боја може да се искористи како позадина за да се истакнат другите бои. Таа е одличен контраст на светлите бои. Во комбинација со црвена или портокалова, црната боја добива агресивност.rnrn rnrn
Боите на чудесен начин комуницираат со нашите чувства. Тие инспирираат, стимулираат, ублажуваат и внесуваат живот во вашиот дом. Експертите велат дека луѓето не ги гледаат боите, туку ги „чувствуваат“. Со изборот на соодветна боја за вашата соба можете да ги балансирате чувствата, да ги намалите вашите стравови и да го „загреете“ вашиот љубовен живот.rnrnДоколку ви се допаѓаат топли бои…rnrnСончевите нијанси на црвена, жолта и портокалова боја се топли, нежни и весели. Создаваат позитивни чувства и креираат фамилијарна атмосфера. Топлите бои прават малите соби да изгледаат уште помали, а големите соби поудобни и попријатни.rn
Црвената боја го стимулира телото и умот, што значи дека не е препорачлива за соба во која се одморате. Во комбинација со неутрални бои, таа е одличен избор за вашата трпезарија, бидејќи го зголемува апетитот, енергијата и возбудата. Моќта на црвената боја ќе направи вашите гости да уживаат во храната и пријатна атмосфера, а доброто расположение во друштвото ќе можете да го пренесете во дневната соба, каде што ќе го проследите фудбалскиот натпревар или некој добар филм.Доколку сакате да оставите впечаток на љубезна и дружељубива личност и сакате вашите роднини и пријатели да се чувствуваат добредојдени во вашиот дом, со портокалова дневна соба – го постигнувате ефектот. Портокаловата е боја на конкуренција, енергија, активност и баланс, така што нежна нијанса од истата е идеална избор и за вашата канцеларија.rnЖолтата боја пак му дава ведрина, живост и чистота на просторот. Поради свежината која ја носи во себе, жолтата боја е пријатна за во ходниците, каде што ќе ви го поткрева расположението секогаш кога ќе си дојдете дома. Таа боја е и фин избор за спална соба.rn