КАФЕ ПАУЗА

Tag: помнење

  • Заборавање: 5 чудни факти за меморијата

    Заборавање: 5 чудни факти за меморијата

    Меморијата понекогаш знае да си поигрува со нас. Таа собира детални настани од нашето детство, но не секогаш ни дозволува пристап до нив. Постојат неколку видови сеќавања и нашиот мозок има уникатен начин при заборавање на секое од нив. Психолозите ги класификувале различните начини на кои ние забораваме, а биолозите го проучувале овој процес на клеточно ниво.rnrnЗаборавање: 5 чудни факти за меморијатаrnrnТие откриле дека заборавањето е сосема нормално, но исто така и клучно за начинот на кој мозокот функционира. Погледнете ги следниве чудни нешта поради кои луѓето забораваат…rn

    1. Начинот на кој вратите ја уништуваат меморијата

    rnВо едно често, но мистериозно губење на краткотрајната меморија, луѓето се наоѓаат себеси во соба, без притоа да помнат како стигнале таму. Истражувачите велат дека во овие ситуации, големи се шансите дека вратите се виновни. Самиот акт на поминување низ врата може да му даде знак на мозокот дека започнува нова сцена и дека е потребно да ги тргне настрана оние сеќавања од досега, па токму затоа се појавува чудно губење на меморијата.rn

    „Влегувањето или излегувањето низ врата може да служи како граничен настан во мозокот, кој ги дели епизодите на активност и ги трга настрана“, вели психологот Габриел Радвански. „Потсетувањето на одлуката или активноста која била направена во различни соби е тешко бидејќи таа е тргната настрана.“

    rnНо, сепак менталните граници на настаните се корисни, бидејќи тие ни помагаат да ги организираме временски настаните во нашата глава и да запомниме каде и кога се случиле тие.rn

    2. Активности кои се бришат од умот

    rnИ покрај тоа што ова се случува премногу ретко, постојат активности кои можат да резултираат со моментална загуба на меморијата или пак, „магла“ во мозокот. Оваа појава се нарекува краткотрајна глобална амнезија. На пример, постојат случаи во кои сексот предизвикал проблеми со меморијата, каде што пациентите заборавале на целиот претходен ден и имале потешкотии при формирање нови сеќавања.rnrnЛуѓето со краткотрајна глобална амнезија не доживуваат сериозни несакани последици и најчесто проблемите со сеќавањето им исчезнуваат за само неколку часа. Сè уште не е јасно зошто ова се случува, бидејќи скенирањата на мозокот на пациентите не покажуваат никакви знаци на оштета на мозокот ниту пак, на мозочен удар.rn

    3. Сеќавањата можат да постојат, дури и ако ние не можеме да пристапиме до нив

    rnДали заборавените песни можат да продолжат да живеат во нашите глави без притоа ние да ги знаеме? Во еден необичен случај од 2013 година, истражувачите опишале жена која имала музички халуцинации на песна која таа не ја препознавала, но другите ја знаеле.rn

    „Колку што ние знаеме, ова е прв извештај за музички халуцинации на песна која самата личност не ја препознава, но која оние околу неа ја знаат“, велат истражувачите.

    rnСпоред нив, жената сигурно ја знаела оваа песна во одреден момент од нејзиниот живот, но со тек на време ја заборавила. Овој случај го поставува прашањето што точно се случува со заборавените помнења и ни сугерира дека можеби тие се сместени во мозокот во форма во која е достапна за нас, но која не можеме да ја препознаеме.rn

    4. Мозокот може да е програмиран да го заборави раното детство

    rnНашите најрани сеќавања од детството избледуваат и сигурно за тоа постои причина. Многу често луѓето не се сеќаваат на нешта кои се случиле во најраните години од нивниот живот, најчесто пред 3 или 4-годишна возраст. Ова се нарекува инфантилна амнезија.rnrnНаучниците претходно мислеле дека раните сеќавања се сè уште таму, но дека децата едноставно немале говорни вештини за да ги вербализираат. Но, нови истражувања покажуваат дека децата создаваат сеќавања за време на нивните рани години и потоа ги забораваат преку намерни механизми. Едно можно објаснување за ова е развивањето на мозокот, чие растење и генерирање клетки ги брише зачуваните помнења.rn

    5. Заборавање можат да предизвикаат и повреди на мозокот

    rnМожно е да ги изгубите сеќавањата уште пред тие да имаат шанса да бидат запомнети поради повреди на структурите на мозокот кои се специфично вклучени во формирање, одржување и сеќавање на запомнетите нешта. Оштетувањето во овие области може да резултира со чудни форми на амнезија.rnrnВо една од најпроучуваните студии со амнезија, пациентот Х. М. ја изгубил способноста да формира нови сеќавања откако еден дел од неговиот мозок, хипокампус, бил отстранет со операција со цел да се лекува неговата епилепсија. Друг исто така познат случај е и приказната на пациентот Е. П. кој доживеал слична судбина откако добил воспаление на мозокот кое било предизвикано од вирус.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

    Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

    Една студија која вклучувала над 3.000 мажи и жени ни открива дека овие два пола различно ги процесираат емоциите и токму тоа влијае врз нивното помнење. И покрај тоа што емоциите ги подобруваат сеќавањата и кај мажите и кај жените, оваа студија ни покажува зошто жените често подобро поминуваат на тестовите за меморија отколку мажите.rnrnМажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнењеrnrnРезултатите доаѓаат од голема студија во која учествувале 3.398 луѓе кои биле дел од 4 различни тестирања. Овие тестирања вклучувале гледање серија од фотографии, од кои некои биле емоционални, а другите неутрални. Потоа тие биле тестирани за тоа колку ги запомниле овие фотографии.rnrnОткритието кое било објавено во журналот за невронаука, ни покажува дека до жените, за разлика од мажите, повеќе допираат оние фотографии кои биле емоционални, особено негативните.rnrnД-р Клара Спалек, авторката на оваа студија, вели:rn
    rn

    „Резултатите го поддржуваат верувањето дека жените се повеќе емоционално експресивни од мажите.“

    rnВо однос на целото истражување жените покажувале подобро помнење, а нивната меморија била особено добра за негативните фотографии.rnrnД-р Анет Милник, која ја водела оваа студија, објаснува:rn
    rn

    „Ова откритие ни укажува на разлики помеѓу половите во емоционалното процесирање и меморијата кои настануваат од различни механизми.“

    rnИстражувачите ги испитале и сликите од скенирањето на мозокот кај луѓето кои гледале во различни видови емоционални фотографии и откриле дека мозокот кај жените е многу поактивен при процесирањето на негативните фотографии отколку кај мажите. Особено во оние делови од мозокот кои се поврзани со моторните функции.rnrnНа фотографијата подолу можете да забележите како црвените и жолтите области во мозокот се поактивни и кај мажите и кај жените кога гледаат во емоционално стимулирачки фотографии. Зелената боја ни ја покажува специфичната област каде што мозокот на жените бил поактивен.rnrnМажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тест: Колку ви е стар мозокот?

    Тест: Колку ви е стар мозокот?

    Сите знаеме дека со годините нашето тело се менува и старее, но што се случува со нашиот мозок? Што се случува во нашите глави, што со текот на годините почнуваме да забораваме и ни станува потешко да сфатиме некои работи.rnrntest-kolku-vi-star-mozokot-kafepauza.mkrnrnЗдравствената организација на Англија составила квиз од 25 прашања, кои точно утврдуваат колку е стар вашиот мозок и што можете да направите за да го одржите во форма. Доколку сакате да дознаете, решете го тестот од д-р Винсет Фортнас, одговарајќи со „да“ или „не“.rnrn1. Спиете повеќе од 8 часа секоја ноќ.rnrn2. Јадете барем 5 овошја и зеленчуци на ден.rnrn3. Јадете барем по една порција малини, боровинки или капини на ден.rnrn4. Барем трипати неделно јадете печена риба.rnrn5. Конзумирате рибино масло барем 5 пати неделно (со оброк).rnrn6. Секојдневно конзумирате мултивитамини.rnrn7. Лекови конзумирате ретко (помалку од еден на ден).rnrn8. Пиете црно вино или сок од грозје секој ден.rnrn9. Тренирате барем по 30 минути секој ден.rnrn10. Читате сериозна литература или решавате крстозбори 5 пати неделно.rnrn11. Имате добри гени во фамилијата, никој од блиските не го губел помнењето.rnrn12. Имате низок холестерол.rnrn13. Лошиот холестерол ви е под 3,3 ммол/л.rnrn14. Не сте дебели.rnrn15. Јадете медитеранска храна одвреме-навреме.rnrn16. Наместо маргарин и путер користите маслиново масло.rnrn17. Никогаш не сте пушеле цигари.rnrn18. Имате нормален крвен притисок.rnrn19. Немате дијабетес.rnrn20. Немате проблем со спиењето.rnrn21. Немате проблем со метаболизмот.rnrn22. Не сте изложени на секојдневен стрес.rnrn23. Уживате во друштво на пријателите.rnrn24. Немате проблем со краткотрајното и долготрајното помнење.rnrn25. Подготвени сте по секоја цена да се борите против Алцхајмеровата болест.rn

    Решение:

    rnАко сте одговориле со „да“ на 23-25 прашања, одземете 15 години од вашата возраст и тоа е староста на вашиот мозок. Ризикот од Алцхајмерова болест е минимален и би требало да остарете по план.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 20-22 прашања, тоа не е лошо. Одземете 10 години од вашите вистински години и гледајте да се подобрите за работите за кои сте одговориле со „не“.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 15-19 прашања, вашиот мозок е стар колку и вие. Изложени сте на опасност од Алцхајмерова болест и заради тоа обидете се да ги поправите вашите секојдневни навики.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 12-14 прашања, вашиот мозок можеби е постар за 5 години од вас и во опасност сте од добивање Алцхајмерова болест. Под итно подобрете си ги секојдневните навики.rnrnАко сте одговориле со „да“ на 0-11 прашања, вашиот мозок е 10 години постар од вас. Мора да се обратите кај вашиот доктор и да закажете преглед, а потоа да направите сè што треба за да ги промените секојдневните навики.

  • 7 причини зошто имате лоша меморија

    7 причини зошто имате лоша меморија

    Дали сте и вие можеби едни од оние кои никаде не одат без својот тефтер-потсетник? Редови и редови реченици само за да не заборавите да завршите некоја работа, да одите на доктор, да купите некоја намирница. Испишани страници кои се тука бидејќи вашиот мозок некогаш не може да запомни дури и некои најмали ситници. Колку ли само пати сте заборавиле да се јавите некому? Или сте се враќале дома по некоја работа која ви е потребна тој ден? Можеби сте ѝ го заборавиле роденденот на сакана личност. Не сте единствени.rnrnНаспроти вообичаените констатации дека тоа си доаѓа со годините, денес многу млади луѓе се соочуваат со овој проблем. Многу од нив не се ни свесни зошто го имаат, па тешкотиите во помнењето ги припишуваат на зафатените секојдневија, немарноста или на добро познатиот изговор – не било доволно важно за да го запомнам. И додека решавањето на ваквите проблеми најчесто зависи од личноста, можните причини за лоша меморија би можеле да се сумираат во неколку точки.rnrn1-7-prichini-zoshto-imate-losha-memorija-kafepauza.mkrn

    1. Депресија

    rnВо состојба на депресија, човекот често нема многу волја дури ни за некои најосновни работи. Па кога човековиот ум е на некој начин заклучен, воопшто не се зачудувачки слабата концентрација и заборавањето. Депресијата често настанува кога ќе се изгуби драга личност или, пак, после стресен период во вашиот живот кога сте се соочиле со многу проблеми. Мешавината од чувства на тага, лутина, бес и меланхолија предизвикува вашиот ум и тело да не функционираат во најнормален ред. Депресијата може да обземе секого, а силната волја и одлучност се првите две оружја против неа.rn

    2. Ментална конфузија

    rnМногу честа состојба на преоптоварување на умот, што не би требало да зачуди никого со оглед на светот во кој денес живееме. Сите и сè е во постојано движење. Се обидуваме да завршиме што повеќе работи истовремено бидејќи утре повторно ќе го имаме истиот куп. А времето лета и не чека никого, па кога имаме милион работи на ум, вистинско чудо е ако заборавиме само една. Многу би било полесно доколку можете да се фокусирате само на една работа во одреден временски период.rnrn2-7-prichini-zoshto-imate-losha-memorija-kafepauza.mkrn

    3. Неспособност за изразување на вистинските чувства

    rnМногу луѓе ги кријат своите чувства. Дали е тоа од страв, гордост или, пак, срам од тоа како ќе бидат сфатени, меѓу последиците се вбројува и лошата меморија. Вистина е дека исклучувањето на чувствата од секојдневието носи придобивки во вашиот деловен живот така што ви овозможува целосно да им се посветите на работните обврски, но човековиот ум не е таков па во реалноста да може континуирано да функционира на овој начин. Како и сè друго, потребна му е некаква рамнотежа. Размислувањето и логиката на една страна, чувствата и креативноста на друга. Едните го заморуваат, другите го опуштаат. Користејќи ги и двете страни, ја подобрувате мозочната активност, а со тоа и вашата меморија.rn

    4. Користење дрога

    rnСекој вид илегални дроги е забранет со причина. Штетни се за вашето здравје, ја успоруваат и, во краен случај, исклучуваат мозочната активност создавајќи зависност и потреба од константна употреба. Вашата меморија значително слабее, па дури и се губи. И тоа е само дел од сериозните психички и психолошки проблеми со кои ќе бидете приморани да се соочите.rn

    5. Зависност од алкохол

    rnСлично на зависноста од дрога, претераната конзумација на алкохол предизвикува зависност која значително ги забавува вашите мозочни и моторни активности, предизвикува тешки здравствени проблеми, а со тоа ѝ штети на вашата меморија. Алкохолот може да доведе и до губење на цели делови од вашата меморија. Со тек на време, континуираното конзумирање на алкохол предизвикува сериозни проблеми на целиот централен нервен систем, па лошата меморија ќе биде вашиот најмал проблем.rnrnBoozy balancing actrn

    6. Недостаток на тијамин

    rnТијаминот е една од суштинските хранливи материи која е потребна за правилна работа на целиот метаболизам и претворање на храната во енергија. Задолжен е за нормално функционирање на нервниот систем, а големи количини од овој Б витамин се лоцирани во мозокот одржувајќи ја продукцијата на невротрансмитерите кои влијаат на вашето расположение, меморијата, движењето и размислувањето. Доколку на вашиот организам му недостасува тијамин, една од можните ситуации е тоа да доведе до појава на Верник–Корсаков синдром, т.е., краткотрајни и долгорочни загуби на меморија. Согласно, од витална важност е вашиот организам да ја прима потребната доза на овој витамин, што е максимум 1,2 милиграми за возрасни луѓе.rn

    7. Недостаток на сон

    rnДобриот и цврст сон ги одмара и освежува вашиот мозок и вашето тело. Додека вие спиете, се креираат мозочни бранови кои складираат податоци во вашиот мозок и/или ги префрлаат во делот задолжен за долгорочна меморија. Па кога не спиете доволно, овие функции се оневозможени или намалени што финално може да доведе до збунетост, заборавеност и краткотрајни загуби на помнењето. На возрасна личност ѝ се потребни најмалку 7-8 часа сон за правилно да функционира.rnrnДобрата меморија води кон поголема ефикасност во текот на целиот ден. Фер и праведно е на вашето тело и ум да им ги обезбедите потребните „состојки“ за здраво и правилно функционирање. Па доколку се пронајдовте себеси или некој што го познавате во некоја од горенаведените работи, немојте да чекате и почнете да работите на решавање на проблемот.

  • Лесен трик со кој никогаш повеќе нема да ги заборавате имињата на луѓето

    Лесен трик со кој никогаш повеќе нема да ги заборавате имињата на луѓето

    Луѓето сакаат да бидат запомнети. Доколку долго време разговарате со некој, а подоцна го заборавите неговото име, тој многу ќе се навреди. Еве еден трик како во иднина никогаш да не ги заборавате имињата на луѓето.rnrn0-lesen-trik-so-koj-nikogash-povekje-nema-da-gi-zaboravate-iminjata-na-lugjeto-kafepauza.mkrnrnДодека вашето име е значајно, посебно за вас, за другите луѓе е само еден збор кој треба да биде запомнет заедно со многу други зборови. Не е изненадувачки фактот дека на повеќето од нив не им смета да го запомнат.rnrnВажно е да се запомни дека нашата меморија функционира преку конотации. Да се сеќавате само на името на еден човек е тешко. Но доколку неговото име го поврзете со нешто друго, помнењето на тоа име би било полесно. Ова е причината зошто не ви е проблем да запомнете име кое е исто со името на вашиот татко.rnrnlesen-trik-so-koj-nikogash-povekje-nema-da-gi-zaboravate-iminjata-na-lugjeto-kafepauza.mkrnrnТрик: Кога се запознавате со некоја нова личност, пробајте да насликате ментална слика во вашата глава која директно се поврзува со името. Кога замислувате, пробајте да бидете специфични и „жигосајте“ ја таа слика длабоко во вашата потсвест. Обидете се да ги запомните деталите колку што можете повеќе. Направете приказна околу името и појавата на личноста. На тој начин ќе биде полесно да го запомнете името.rnrnНа пример ако некој се вика Славе, замислете си како славеј лета и пее околу него и на крајот му слетува на главата. Ако запознаете Моника, направете на пример забавна рима Мони-бонбони и ставете ја Моника во контекст со еден куп M&M’s. Обојте го Бојан во одредена боја, за Весна можете да си испеете некоја заразна песна во главата, додека за Александар е лесно – замислете си го качен наместо Воинот на коњ. :)rnrnПритоа имајте предвид дека колку подобра имагинација имате, толку трикот подобро ќе функционира. Сѐ додека ситуацијата која ја замислувате е апсурдна и нетипична, ќе биде многу тешко да го заборавите името врежано во вашата глава.rnrnШтом ја усовршите техниката, тоа ќе ви помогне да помните и разни други детали од секојдневниот живот.rn

    Автор: Маја Линкова

  • За подобро помнење, само насмевнете се

    За подобро помнење, само насмевнете се

    Насмевката се бори против хормоните на стрес кои ја оштетуваат способноста на мозокот да учи и да помни. Истражувачите од Универзитетот Лома Линда, откриле дека постарите луѓе кои страдаат од дијабетес постигнувале повисок резултат на мемориските тестови откако им било покажано смешно видео.rnrnФацијалната експресија која се бори против губењето на меморијатаrnrnПричината изгледа се наоѓа во кортизолот, „хормонот на стрес“, кој ја оштетува способноста на мозокот за учење и помнење, а тоа го постигнува така што влијае врз одредени неврони во мозокот. Но, хуморот и смеата се добро познати ослободувачи од стрес. Еден од авторите на студијата, д-р Ли Берк вели:rn
    rn

    „Многу е едноставно. Колку помалку сте под стрес, толку е подобра вашата меморија. Хуморот ги намалува хормоните на стресот, како кортизолот, го намалува вашиот крвен притисок, го зголемува протокот на крвта и го подобрува вашето расположение. Со помош на смеата се отпуштаат ендорфини и допамини во вашиот мозок, а тие ви овозможуваат чувство на задоволство и награда. Овие позитивни неврохемиски промени од кои имаме голем број придобивки, меѓу другото, влијаат позитивно и врз имунитетот. Но сепак, она што е најинтересно во оваа студија е откритието дека промените во активноста на мозочните бранови го зголемуваат вашето помнење и потсетување. Така што, слободно можеме да заклучиме дека смеењето не само што е добар лек, туку и со подобрувањето на нашата меморија се подобрува и квалитетот на нашиот живот.“

    rnВодечкиот автор на студијата, д-р Гјуриндер Синг Бејнс додал:rn
    rn

    „Резултатите од нашето истражување ни нудат потенцијални клинички и рехабилитациони придобивки кои можат да бидат додадени во програмата за грижата на постарите. Когнитивните компоненти како способноста за учење и подоцнежното потсетување на тие информации стануваат сѐ поголем предизвик како што старееме и се клучни за подобрување на квалитетот на животот: мозокот, телото и духот.“

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 работи кои сигурно не сте ги знаеле за соништата

    8 работи кои сигурно не сте ги знаеле за соништата

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПостојат многу работи кои се сѐ уште неразјаснети во поглед на процесот на спиење. Запознаени сме со фазите кои се случуваат во мозокот за време на спиењето и имаме неколку претстави зошто тоа се случува, но дури и експертите во оваа област имаат само теории за многуте аспекти на спиењето и соништата.rnrn8 работи кои сигурно не сте ги знаеле за соништатаrnrnСпиењето долго време се сметаше за начин на преработка, сортирање и складирање на настаните во текот на денот и сè повеќе и повеќе истражувања ја поддржуваат таа идеја. „Замислете го мозокот како втор стомак,“ вели Рубин Нејман, клинички психолог, специјализиран во областа на интегративниот сон и медицината на сонувањето на Универзитетот во Аризона.rn

    „Ноќе, мозокот метафорично ги голта, дигестира и преработува информациите, и исто како и стомакот, го елиминира непотребното“ – вели тој. „Зачуваните информации во мозокот стануваат дел од нас.“ Сонувањето, како што тој вели, функционира на ниво на мозочен дигестивен систем.

    rnПостојат многу работи за сонувањето кои само мислиме дека ги знаеме. Ова се неколку интересни и малку познати факти и митови за соништата.rn

    1. Човекот сонува цела ноќ

    rnСигурно сте слушнале дека соништата се појавуваат само за време на брзото движење на очите или РЕМ спиењето. Но, ние всушност постојано сонуваме, вели Нејман. „Ние сме повеќе вклучени во сонувањето за време на РЕМ фазата, но само затоа што не го гледате сонот, не значи дека тој не постои.“ Како што ноќта трае, процесот на РЕМ спиењето се продолжува, па така поголемиот дел од нашите соништа се јавуваат во последната третина од ноќта, објаснува тој.rn

    2. Инсектите и рибите немаат РЕМ фаза

    rnСпоред истражувањата на Универзитетот во Калифорнија, рибите и инсектите не влегуваат во РЕМ фаза. Но, сите цицачи и рептили и некои видови птици го искусуваат РЕМ спиењето, а со тоа и најверојатно сонуваат, вели „Popular science“.rn

    3. Шансите да го запомните сонот се помали доколку ве разбуди алармот

    rnТраумата од алармот, која ве влече во светот на реалноста може да предизвика да заборавите на соништата и нивната содржина. Најдобриот начин да го запомните вашиот сон, според Нејман, е да си овозможите себеси да се разбудите полека, без аларм. „Не обидувајте се веднаш да ги запаметите оние минливи слики, ако го бркате сонот, тој ќе ви побегне“ – вели тој.rn

    4. Луѓето кои ги паметат своите соништа покажуваат различни мозочни активности

    rnЕдна студија направена на почетокот на 2014 година покажа зголемена спонтана активност во дел од мозокот кај луѓето кои редовно ги паметат своите соништа, споредбено со луѓето на кои ова ретко им се случува. Претходни истражувања откриваат дека луѓето кои паметат повеќе соништа многу повеќе реагираат на звуци додека спијат, за разлика од луѓето кои не паметат што сонувале минатата ноќ.rn

    5. Вашето тело реагира на сонот како да сте будни

    rnМожеби звучи малку чудно да се разбудите лути на некого само затоа што истата личност ви предизвикала непријатни чувства во сонот. Но, биолошки тоа има смисла, бидејќи истите чувства траат и по отворањето на очите, вели Рубин. „Искуството кое го доживуваме во сонот се регистрира во телото и во мозокот на сосема ист начин доколку би биле будни.“ Вашиот крвен притисок и пулсот на срцето може да се зголеми исто како да го доживувате ова стресно сценарио и во реалниот живот.rn

    6. Кошмарите не се секогаш поврзани со страв

    rnВо една позната американска студија, истражувачите, анализирајќи ги соништата на 331 лице, дошле до заклучок дека многу кошмари и лоши соништа се поврзани со чувство на неуспех, грижа, тага и вина. Исто така е познат фактот дека мажите се повеќе склони да имаат кошмари поврзани со насилство и физичка агресија, додека жените сонуваат конфликти и расправии.rn

    7. Вашите соништа не се чудни, сè додека не ги етикетирате како такви

    rn rn

    „Кога сонувате, без разлика колку и да е чуден сонот – седите на покер маса во друштво на огромна зелена верверичка и кралицата Марија I – не е чудно“ – вели Нејман.

    rnТоа чувство го добивате откако ќе се разбудите и ќе влезете во реалниот свет. Споредувајќи го поимот „чудно“ во соништата и во реалниот живот е како споредување на начинот на исхрана кај две сосема различни култури – едната изгледа чудна во поглед на другата. „Треба да се воздржиме од преголемо толкување на соништата,“ вели тој, што значи дека треба да се ослободите од оние непотребни соновници низ вашиот дом.rn

    8. Можете да умрете на сон и да преживеете за да го раскажете

    rnМногу луѓе веруваат дека умирањето на сон значи смрт, но Нејман вели дека нема вистина во тоа. Всушност тој нѐ охрабрува да го искусиме тоа. Според него, многу луѓе изјавиле дека смртта во соништата е анти-климатска. Имено, тоа е затоа што според многумина, свеста е бесмртна, независна од телото, но како и да гледате на тоа, сепак е интересно искуство.

  • 15 ситници кои е добро да ги знаете за вашата понежна половина

    15 ситници кои е добро да ги знаете за вашата понежна половина

    Жените сакаат мажи кои знаат да се потрудат околу нив, да им ја покажат својата неизмерна љубов и одвреме-навреме да ги изненадат. Зборовите кои ги кажувате се важни, но важни се и вашите дела.rnrn15 ситници кои е добро да ги знаете за вашата понежна половинаrnrnАко сакате да ја импресионирате вашата девојка, не заборавајте дека никогаш не треба да престанете да се трудите и секој ден да ѝ кажувате колку ја сакате. Покрај овие неопходни работи, добро е да ѝ покажете дека ја сакате и цените изненадувајќи ја со некои мали, но сепак значајни работи кои ги знаете за неа. Еве листа од 15.rn

    Бројот на чевли

    rnЖените не очекуваат нивните партнери да им купуваат чевли, но фактот дека тие го знаат бројот што го носи нивната сакана, нив многу им значи.rn

    Омиленото цвеќе

    rnЗа дамата секогаш е убаво кога ќе добие цвеќе за подарок, а уште подобро е ако биде изненадена со ваков гест без да постои посебен повод за тоа. Притоа, добро е момчето да знае со кое цвеќе неговата девојка најмногу ќе се израдува.rn

    Омилената перница

    rnБи било неџентлменски нејзината омилена перница да ја ставите под својата глава, но ако ѝ ја отстапите, тоа ептен ќе ѝ го направи меракот.rn

    Омилениот накит

    rnСите жени сакаат различен накит. Некои повеќе сакаат сребро, други бело злато, трети жолто. Добро е да знаете што преферира вашата избраничка доколку планирате да ја изненадите со подарок во мало кутиче.rn

    Омилената храна за време на ПМС

    rnЖените знаат да бидат незгодни за време на ПМС, па голем плус за вас ќе биде доколку знаете што сака вашата партнерка да има во устата во тој период. Ако не знаете, барем знајте го основното – голема е веројатноста дека ќе ужива во чоколадо и други слатки.rn

    Омилените видови филмови

    rnНе само што е многу претпазливо од ваша страна ако знаете што сака вашата девојка да гледа, туку тоа може и многу да ви олесни во разни ситуации кога ќе се договарате кој филм да го гледате заедно.rn

    Родендените на членовите на нејзиното семејство

    rnНе е возможно да се запамтат баш сите датуми, но потрудете се да ги забележите барем оние на нејзините најблиски.rn

    Омилената храна

    rnЕден од најдобрите начини да ѝ ја покажете вашата љубов. Уште ако можете да ѝ го подготвите омиленото јадење, таа ќе биде сигурна дека вие сте нејзиниот вистински избор.rn

    Како го сака кафето

    rnУбаво би било одвреме-навреме да ѝ направите кафе и да ја изненадите. Притоа треба да знаете какво сака да го пие за да ѝ го погодите.rn

    Приказната за лузна од детството

    rnАко знаете како се здобила со некоја лузна од детството, тоа пред сè значи дека внимателно ја слушате додека ви зборува, дека ви значи и дека искрено ја сакате.rn

    Омилената емисија/ТВ серија

    rnБорбата за далечинскиот управувач им е позната на паровите кои живеат заедно. Жената понекогаш треба да го остави својот сакан да ужива цел ден пред телевизорот со машките програми, но тој мора да знае кои ѝ се омилени емисии и ТВ серии кои таа не смее да ги пропушти, и тогаш мора да отстапи.rn

    Што сте носеле на првиот состанок

    rnАко машкото, и покрај многуте изминати години сè уште може да се сети на облеката која ја носел секој од вас на првиот состанок, значи дека неговите намери биле искрени од самиот старт.rn

    Омиленото вино

    rnНе мора да станува збор за некое многу скапо вино. Но, ако партнерот знае кое вино неговата партнерка обожава да го пие, добро би било понекогаш да ја изненади со такво шише после напорниот работен ден.rn

    Бројот на градник

    rnКупувањето долна облека за вашата сакана е сигурен знак за неа дека водите сметка за деталите, па и за најситните како овој. Со тоа јасно ѝ давате до знаење колку ја сакате. Бонус: ако вие изберете долна облека за вашата партнерка, со сигурност ќе уживате кога вашиот избор ќе се најде на нејзиното тело.rn

    Омилениот парфем

    rnМожеби ни таа нема единствен парфем кој најмногу го сака, па ако не името, запомнете ја барем онаа карактеристична арома по која сака да биде препознатлива.

  • На што подобро се сеќавате: на првиот бакнеж или на првото сексуално искуство?

    На што подобро се сеќавате: на првиот бакнеж или на првото сексуално искуство?

    И пред да дојде до првиот бакнеж и пред да го доживееме првото сексуално искуство, многу размислуваме како ќе биде, со кого ќе биде, како ќе се чувствуваме потоа. Но, што е она на што подобро се сеќаваме подоцна во животот?rnrnНа што подобро се сеќавате: на првиот бакнеж или на првото сексуално искуство?rnrnСпоред едно истражување спроведено на Универзитетот во Тексас, луѓето многу повеќе се сеќаваат на деталите околу нивниот прв бакнеж, отколку на оние врзани за првото сексуално искуство.rnrnДури 90% од испитаниците признале дека се сеќаваат на многу детали поврзани со првиот бакнеж, додека првото сексуално искуство им е некако избледено од сеќавањата или заборавено.rnrnИстражувањето покажало и дека постои разлика помеѓу мажите и жените. Имено, на жените многу повеќе им значи бакнежот, за разлика од значењето што тој го има за мажите – подготовка за продолжување со сексуални активности.rnrnУште еден заклучок од ова истражување е дека нежните бакнежи се многу поефикасни од брзите агресивни бакнежи и дека тие имаат моќ да направат жените побрзо да се заљубат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до подобра меморија?

    Како до подобра меморија?

    Луѓето сакаат да се шегуваат дека единственото нешто што се учи на училиште е како да се помнат податоци. Ако прашате некого како да ја подобрите меморијата, најверојатно ќе добиете одговор – со повторување. Но, ако сакате да запомните нешто брзо и целосно, повторувањето не e единствениот начин за тоа. Во продолжение погледнете кои се и другите начини за јакнење на меморијата, што ќе ви овозможат полесно да запомните огромен број информации за кратко време.rnrnКако до подобра меморија?rn

    1. Подгответе ја околината

    rnЗа да постигнете најдобри резултати, најпрвин треба да најдете соодветна просторија за учење. Тоа за многумина значи мирно опкружување, но постојат и такви кои подобро учат на јавни и бучни места. Одберете го местото кое вам ви одговара најмногу и може да започнете.rnrnОткако ќе го решите тој чекор, направете си чај. Безброј научни студии потврдуваат дека зелениот чај е природен катализатор за подобрување на меморијата. Технички, способноста за потсетување на одредени информации се сведува на врските помеѓу невроните, кои се поврзани со синапси. Колку повеќе ги вежбате синапсите (повторување), толку посилни стануваат, што пак резултира со зголемена меморија.rnrnСо стареењето, токсичните хемикалии ги уништуваат невроните и синапсите, доведувајќи до губење на меморијата, па дури и до појава на Алцхајмер. Зелениот чај, содржи супстанци кои ги уништуваат таквите токсични хемикалии и со тоа мозочните ќелии правилно функционираат многу подолго од вообичаено.rn

    2. Снимајте го гласот

    rnОва е особено корисно доколку се трудите да запомните нешто кажано на предавање. Користете диктафон за да го снимите предавањето, а потоа слушајте го и забележете ги сите споменати факти. Доколку пак, се обидувате да запомните некој говор, снимајте се себеси како го читате говорот и потоа слушајте се. Секако, ова е најлесен начин на учење за оние со аудитивна меморија, но е исто така многу практично, бидејќи вака полесно го согледувате контекстот на предавањето, што пак прави информациите полесно да ги научите.rn

    3. Запишувајте сè

    rnПред да се потрудите да се сетите на некои работи, земете пенкало и запишете ги информациите кои сакате да ги запомните. Вака полесно ќе сфатите што всушност сакате да меморирате. Доколку ова го правите додека ја слушате снимката направена претходно, дотолку подобро.rnrnКако до подобра меморија?rn

    4. Класифицирајте ги белешките

    rnОткога фативте подробни белешки, класифицирајте ги според темата. Ова е идеално за луѓе со визуелна меморија, особено ако се користат различни бои за различни секции. Ова ќе ви ги направи нештата појасни и ќе ги класифицира информациите кои веќе мозокот ги примил во претходните фази.rnrn