Често заборавате каде ги оставате нештата? Или пак, можеби сте од оние личности кои секогаш ги забораваат имињата на луѓето со кои се запознале и само на кратко разговарале?rnrn
rnrnМеморијата е нешто многу моќно. Некои луѓе се сеќаваат на целосните имиња на нивните пријатели од детството, додека пак други не можат да се сетат ни каде ја паркирале својата кола пред 10-тина минути. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот. За да го промените тоа, погледнете ги наредниве 7 начини со кои можете брзо и лесно да ја подобрите вашата меморија:rnrn1. Намалете со консумирањето на алкохол – Алкохолот има свој посебен начин на кој ве тера да заборавате на нештата. Во зависност од количината која сте ја испиле претходната вечер, вашето сеќавање варира од малку „матно“ до целосна темнина. И секако денот после бурната ноќ, вашиот мозок се обидува да се врати во нормала и со тоа може да влијае при помнењето на некои едноставни и секојдневни нешта како на пример, каде сте ги оставиле клучевите или дали сте ја заклучиле вратата.rnrn
rnrn2. Справете се со стресот – Кога сте изложени на многу стрес, можете да забележите дека вашите мисли се насекаде освен во она што го правите во моментот. Тоа може да биде голем проблем при завршувањето на секојдневните обврски. Во овие ситуации најдобро е доколку излезете малку на воздух. Прошетајте во парк или пак, јавете се кај вашите пријатели. Една кратка прошетка или разговор со пријател/ка е доволно да ве опушти и со тоа да ја подобри вашата меморија.rnrn3. Вежбајте – Истражувањата секојдневно ни покажуваат дека постои силна врска помеѓу физичкото и менталното здравје. Колку е посилно вашето тело, толку е посилен вашиот ум. Ова е доказ дека сепак постои вистина во изреката во здраво тело, здрав дух. Пробајте да најдете време неколку пати во неделата барем за кардио вежби. Ќе се изненадите колку вежбањето може да го подобри вашето помнење.rnrn
rnrn4. Користете асоцијации – Вашиот мозок секојдневно е бомбардиран со информации. Преку телевизијата, радиото и интернетот вие учите премногу нешта кои најчесто се непотребни. Но, бидејќи не можете да запомните сè, вашиот мозок ги одбира и ги отфрла оние информации кои смета дека се неважни. Токму поради тоа, доколку сакате нешто да запомните, мора да му докажете на вашиот мозок дека ви е потребно. Најлесниот начин за да го постигнете ова е доколку направите асоцијација со нешто што сметате дека нема никогаш да го заборавите.rnrn5. Откажете се од мултитаскинг – Една од најголемите причини поради која луѓето забораваат е бидејќи не се доволно сконцентрирани на она што се случува во моментот. Како очекувате да запомните што ви кажал колегата да направите, доколку истовремено сте го читале и новиот мејл? Обидете се да ги завршувате работите една по една, така што целото ваше внимание ќе го насочите на она што моментално се случува за да може вашиот мозок подобро да ги обработи новите информации.rnrn
rnrn6. Групирајте ги нештата – Помнењето на броеви знае да биде многу тешко. Токму поради тоа, делењето на овие броеви во групи може да ви помогне при нивното запомнување. Многу е полесно да се сетите на неколку секвенци отколку на цел број.rnrn7. Оставајте си потсетници – Ако ништо друго не помага, тогаш сè што ви преостанува се потсетниците. Научете да ги запишувате сите информации кои треба да ги запомните. На тој начин вие не ги запишувате тие информации само на лист хартија, туку тоа го правите и во вашиот ум.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





rnrnТоа е моќта на прошетката, на едноставното одење и сè повеќе и повеќе истражувања ни покажуваат дека токму овој едноставен „третман“ има безброј придобивки за нашето физичко и ментално здравје.rnrnВо неодамнешна 
Оваа студија е прва досега која ги испитувала влијанијата од процесирање на порнографски фотографии врз помнењето. Делот од мозокот кој е одговорен за чување на информациите додека завршувате друга задача, е клучен за работната меморија која ги опфаќа разбирањето, сфаќањето, решавањето проблеми и донесувањето одлуки.rnrnГерманските истражувачи им дале задача на 28 мажи, хетеросексуални и во просек со 26 години, да гледаат неколку компјутерски фотографии. Некои од нив не биле со сексуална содржина. Непорнографските фотографии вклучувале луѓе кои прават голем број активности, како смеење, спортување или носење оружје. Како што испитаниците ги разгледувале фотографиите, тие притискале „да“ или „не“ за да дадат до знаење дали станува збор за истите фотографии кои тие ги виделе четири слајдови претходно.rnrnМажите добиле значително поголем број неточни одговори кога гледале порнографски фотографии, отколку кога ги гледале оние со несексуална содржина. Во просек, тие одговарале точно само 67% од времето кога гледале порнографија, но 80% во случајот со непорнографски содржини. Нивното помнење при изложеност на порнографија било доста послабо и мажите изјавувале дека во тие ситуации на некој начин биле преокупирани со зголеменото сексуално возбудување, како и зголемената потреба за мастурбирање.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

















