Вие самите треба да ги одредите правилата кои владеат во вашиот љубовен однос, бидејќи не постои друг начин на кој можете да поставите здрава основа за вашата врска. Сепак, ако ги тргнеме настрана овие правила, многу жени сонуваат за маж кој ќе им ги оствари сите нивни желби. И не зборуваме за оние фантазии кои постојат само во мислите на девојките, туку за реалните очекувања кои секоја личност има право да ги бара од својот партнер. Погледнете за што станува збор.rnrn
rnrn1. Целосно внимание во важните моменти од животот. Вие треба да бидете присутни, како физички така и психички, кога станува збор за големи животни промени.rnrn2. Чести комплименти поради кои тие ќе се чувствуваат како најубавата девојка во светот. Ова е најдобриот начин да повикате насмевка на нејзиното лице и да ѝ помогнете да изгради самодоверба.rnrn3. Добри манири и културно однесување, без разлика колку е долга врската. Не се опуштајте со времето, вашата љубена заслужува да се однесувате добро кон неа дури и ако со години сте во врска.rnrn4. Баланс помеѓу бруталната искреност и малите слатки лаги. Сосема е во ред да ѝ кажете дека одредени нејзини зборови ве повредиле, додека пак, иако тоа не е вистина, дека не ви пречи кучето на нејзината сестра да остане преку ноќ кај вас.rnrn5. Апсолутна опседнатост со одредени делови од нивното тело, без разлика дали станува збор за градите, нозете, вратот… Покрај сите несигурности за својот изглед, таа ќе обожава доколку издвоите еден „совршен“ дел од нејзиното тело.rnrn6. Секс кој вклучува бакнување, но и прегратки по завршувањето на чинот. Откако ќе завршите, немојте да се свртите на другата страна и да заспиете без воопшто да ја погледнете.rnrn7. Потврда дека љубовната врска е на прво место. Таа сака да знае дека се наоѓа пред сите останати нешта во вашиот живот меѓу кои спаѓаат кариерата, фамилијата, пријателите, како и познаниците на социјалните мрежи.rnrn8. Подготвеност да се поднесе лошото расположение. Без разлика дали станува збор за лош ден на работа и посилен ПМС, вие треба да бидете трпеливи со неа кога не ѝ е добро.rnrn9. Одржување на ветувањата. Дури и кога станува збор за малите ситници како времето во кое сте се договориле да се чуете на телефон.rnrn10. Поддршка во секој момент. Без разлика за што станува збор.rnrn11. Најразлични изненадувања, од интересни подароци до искрени гестови. Вие не мора да трошите многу пари да ја изненадите, токму идејата е тоа што се цени.rnrn12. И за крај, најважното од сè: Почит! Без почитта, ниту една врска не може долго да опстои.
Tag: почит
-

Најважната животна лекција на која училиштата забораваат да нè научат
Кога сме млади, го поминуваме поголемиот дел од времето на училиште. Таму учиме за животните, за бројките, за буквите, за општеството. Но, сите забораваме на најважната лекција која треба да ја научиме пред да влеземе во светот на возрасните: Како да се сакаме себеси. Можеби звучи клише, но ниту една образовна установа нема програма која ги подучува децата како да бидат среќни онакви какви што се. Дека себеприфаќањето е клучно во понатамошното себеизградување. Дека животот може да биде не само подобар, туку и полесен кога ќе знаеме како да се цениме и почитуваме себеси, бидејќи така ќе знаеме и како да ги цениме и почитуваме другите. Во продолжение прочитајте кои предности ги добиваат децата кога ќе научат како и зошто треба да се сакаат себеси.rnrn
rn1. Ја зголемува самодовербата на децата
rnКога ќе ги научиме децата да се сакаат себеси и да ја прифатат својата уникатност, им ги даваме потребните алатки со чија помош ќе научат како да бидат одлични и да се снајдат во секое животно поле. Ги учиме дека иако математиката не им оди добро, тие сепак можат да успеат бидејќи се добри и неверојатни на некој друг начин. Кога ќе им дадеме ваква самодоверба, тие нема да бидат успешни само на училиште, туку и во секој друг аспект од животот.rn
2. Ги учи дека вредат
rnНекои деца не се многу добри во традиционалното училиште, па имаат проблеми да ги совладаат некои од основните предмети. Тоа може да ги натера да помислат дека не се важни во споредба со другите, ако им треба повеќе време да прочитаат една реченица или да решат една основна математичка равенка. Но, ако ги научиме да се сакаат себеси и сѐ она што имаат да го понудат, им покажуваме дека тие се поважни од просекот на училиште. Дека е во ред ако им е потребно повеќе време за да го совладаат некој проблем, бидејќи со самиот нивен обид да го решат проблемот, тие веќе успеале.rn
3. Ги учи на почит
rnУчењето на почит може да биде многу тешко ако им кажеме на децата дека треба да ги слушаат постарите само затоа што се постари. Ако ги научиме како да се сакаат и почитуваат себеси, ги учиме и како да ги почитуваат и прифатат другите. А, кога децата ќе научат како да почитуваат на свој начин, има многу поголема веројатност дека таа почит ќе трае.rn
4. Можеби нема да го научат ова дома
rnЕден од поголемите аргументи кои може да се претстави против оваа тема е дека сакањето себеси треба да се учи во домот, а не училиште. Но, несреќната реалност на некои деца е тоа што тие не учат ништо од ова кога си одат дома, туку се соочуваат со не толку љубезна средина. Можеби училиштето е единственото место и шанса во животот на едно дете, каде тоа ќе научи да се сака себеси.rn
5. Ги учи дека насилството не е секогаш решение
rnТочно е дека насилството не е секогаш решение, но понекогаш тоа е неизбежно. Некои деца сакаат да ги провоцираат другите уште од мала возраст, бидејќи не се чувствуваат сигурни во себе. Но, ако ги научиме децата да се сакаат себеси, тогаш ги учиме и оние кои провоцираат како да имаат поголема верба во себе и да се ослободат од сите несигурности кои ги имаат. Ние исто така ги учиме и оние кои се провоцирани да имаат свој став и дека не треба да се плашат да го споделат. Бидејќи, за најважните лекции во животот понекогаш не се потребни книги, туку само малку иницијатива, желба и мотивација.
-

15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не
Кога не се сакате себеси, поминувате толку многу време обидувајќи се да најдете важност и вредност на друг начин, што станувате слаби, несигурни и неспособни да им ја возвратите љубовта на луѓето кои го заслужуваат тоа. Сите сме ги имале тие моменти: кога сме ја изгубиле работата, кога ни се скршило срцето, кога сме повредиле некого. Животот е полн со ситуации кои нѐ тераат да заборавиме да се цениме и почитуваме себеси. Но, има една личност која ќе ве сака и покрај сѐ: вашата најдобра пријателка. Таа ќе остане покрај вас и во најтешките моменти и ќе го гледа вашиот потенцијал дури и кога вие ќе заборавите дека го имате. Ова се 15-те моменти кога таа ве потсетила да се сакате себеси.rnrn
rnrn1. Кога сте ја изгубиле работата и кога ви помогнала да откриете каде всушност лежи вашата вистинска страст и интерес.rnrn2. Кога не сте биле во врска со момчето кое ви се допаѓало и кога таа ве потсетила дека не вреди да го трошите вашето драгоцено време на него.rnrn3. Кога сте испиле малку повеќе, а таа ве потсетила на 84-те личности од синоќа кои биле во полоша состојба од вашата.rnrn4. Кога сте го замениле тоа што го сакате за тоа што мислите дека е кул, а таа ве потсетила кои сте без да ве суди за тоа кои сте постанале.rnrn5. Кога сте аплицирале на факултетот од вашите соништа и не ве прифатиле, а таа ви докажала дека не е крај на светот.rnrn6. Кога сте запреле да го сакате вашето тело и да си ја давате самопочитта која ја заслужувате, а таа ви донела сладолед и ве потсетила дека сте една од најубавите девојки кои ги познава.rnrn7. Кога сте ставиле протези на 19 години и кога таа сепак продолжила да се фотографира со вас.rnrn8. Кога не сте успеале да влезете во популарниот круг на пријатели, а таа ве потсетила дека сте двојно подобри и поинтересни од сите личности од групата заедно.rnrn9. Кога сте страдале од најлошиот ПМС досега и кога ви донела 2 тона чоколадо и вино и ве слушала како ја колнете целата човечка раса.rnrn10. Кога сте направиле грешка и вината ве уништувала, а таа ве потсетила дека сте само човек и дека луѓето понекогаш грешат.rnrn11. Кога сѐ уште сте живееле дома дури и откако сте дипломирале, а таа ве потсетила на сите пари кои сте ги заштедиле на кирија и стресот кој никогаш не сте го почувствувале од делење простор со лоши цимери.rnrn12. Кога сте му се вратиле на момчето за кое сте знаеле дека не ве заслужува и таа ви дозволила да се жалите колку што ви е потребно, паралелно држејќи се до својот став дека тој за неа непотребно го троши воздухот.rnrn13. Кога сте дозволиле некој друг да ве дефинира кои сте и кога таа ви дала време одново да се откриете.rnrn14. Кога вашиот шеф направил да се чувствувате мали, а таа ве потсетила колку сте всушност силни.rnrn15. Кога се чувствувате сами и кога ќе се сетите дека тоа не е можно бидејќи имате најдобра пријателка како неа. -

12 знаци дека вашиот сопруг е среќен во бракот
Постојат моменти во навидум среќните бракови кога сѐ изгледа во ред и одеднаш еден од партнерите изјавува дека е готово меѓу вас. Според низа социјални експерименти е докажано дека жените почесто иницираат развод, но затоа мажите е поверојатно да ја напуштат брачната заедница и неочекувано да го прекинат односот. rnrn
rnrnПоследователната колатерална штета од двата случаи, која се одразува врз преостанатите членови на семејството и пријателите, само го проширува кругот на болка, бес и лутина. Според тоа, како можете да бидете сигурни дека вашиот сопруг е навистина среќно оженет? Постои ли начин да дознаете дали вашиот брак е функционален и безбеден? Во продолжение прочитајте ги 12-те сигурни знаци кои гарантираат дека вашиот сопруг е среќен во бракот.rn1. Се чувствува ценето и забележано
rnИстражувањата покажуваат дека мажите сакаат да им се посветува одредено внимание и да бидат ценети од своите партнери, а она што го правите (или не го правите) за нив е една од примарните мерки за тоа колку тие се среќни во брачната заедница.rn
2. Знае дека може да ви се довери без да се чувствува осудувано или критикувано
rnОвој тип комуникација е од голема важност, бидејќи ја претставува основата врз која се гради довербата и посветеноста.rn
3. Знае дека е физички посакуван
rnКолку и да уживаат во сексот, ниеден маж не сака да биде единствениот кој покажува интерес.rn
4. Му се допаѓа чувството кое го обзема кога е со вас
rnКомплиментите, пофалбите, прегрнувањата, редовното изговарање „Те сакам“ и останатите гестови со кои му покажувате колку го сакате, го прават вашиот сопруг да се чувствува добро и задоволно.rn
5. Знае дека нема да го толерирате неговото лошо однесување
rnВашиот сопруг знае дека вашата љубов е вистинска и дека таа не се заснова на потчинета согласност.rn
6. Му се допаѓа тоа што ви е потребен, но и фактот што не сте зависни од него
rnМеѓусебната поддршка претставува значаен дел од здравата врска, но преголемата зависност од партнерот создава контрола, а со тоа и потребата да се ослободите од неа.rn
7. Му се допаѓа тоа што се грижите за физичкиот изглед на свој начин
rnВашиот сопруг не очекува да изгледате како холивудска ѕвезда, но тоа што гледа како се грижите за физичкиот изглед го тера да мисли дека ја знаете својата вредност, но и вредноста на вашиот заеднички однос.rn
8. Се чувствува почитуван и сакан
rnЉубовта и почитувањето одат заедно. Да се чувствувате почитувано од личноста која ве сака ја зголемува самодовербата и ја обновува емоционалната страст меѓу вас.rn
9. Никогаш не се чувствува понижено од вас
rnКога сте лути и кога не користите лични навреди и напади, вашиот сопруг се чувствува сигурно и е подготвен да ги ислуша причините поради кои сте вознемирени.rn
10. Верува дека ќе го оставите минатото зад себе
rnЗнае дека нема долго да ја држите лутината и да се чувствувате како жртва. Неговата доверба во вас го прави вашиот брак флексибилен, возбудлив и отворен кон идеите за иден заеднички напредок.rn
11. Знае дека претставува приоритет во вашиот живот
rnВашиот сопруг сака да знае дека ви е важен и дека кога ќе има потреба од вас, како и дека секогаш ќе ја изберете и ќе застанете на неговата страна.rn
12. Ја цени вашата љубезност кон неговото семејство
rnНикој не го избира своето семејство. Кога ќе покажете дека сте ги прифатиле неговите најблиски, вашиот сопруг ќе се почувствува среќно и исполнето.
-

9-те карактерни особини на храбрите умови
Храбрите и смели ставови и идеали се еден возбудлив начин на живеење. Луѓето кои се обидуваат да зграпчат што повеќе шанси и прилики со помош на нивното размислување искусуваат еден поисполнет, побогат и поинтензивен живот. Во продолжение прочитајте кои карактеристики ги одликуваат храбрите умови и дознајте ги причините за нивниот успешен развој и напредок.rnrn
rn1. Храбрите умови бараат различни перспективи
rnДодека посмирените луѓе се опкружуваат со личности кои го ценат и практикуваат нивниот начин на размислување, храбрите умови во својот круг на пријатели вклучуваат личности кои имаат различни идеологии. Тие не се обидуваат да се променат или да ги променат другите, туку се отворени и прифатливи кон оние кои го гледаат светот поинаку од нив.rn
2. Храбрите умови уживаат во предизвикот
rnБестрашните храбри умови ги привлекува уметноста која го истражува контрадикторното и им открива вистини и наративи кои можат да завршат двосмислено. Нивниот интелект ги цени и вреднува вкусовите – во храната, музиката, филмовите, а добрите вкусови мора прво да се култивираат за да се добијат.rn
3. Храбрите умови не копнеат по сечие внимание, љубов и почит
rnВо неговата книга, „Давид и Голијат“, Малком Гладвел открива дека успешните претприемачи ја вреднуваат несогласноста како карактерна особина многу повеќе од обичното население. Тие не се некултурни или нељубезни, туку не бараат прифаќање или благослов од нивните пријатели за да го сторат тоа што мислат дека е правилно.rn
4. Храбрите умови можат да бидат сами без да бидат осамени
rnХрабрите умови не дозволуваат нивното внимание да се задржува на телевизијата, социјалните мрежи и сличните тривијални активности, туку се обидуваат да останат будни и свесни во секое време.rn
5. Храбрите умови се помирени со своите стравови и анксиозноста
rnТие ги забележуваат своите мисли дури и кога тие се негативни. Не се обидуваат да ги игнорираат или да не ги прифаќаат, туку само ги регистрираат и именуваат додека се присутни и додека не им најдат решение.rn
6. Храбрите умови го толерираат неразбирањето
rnЗбунетоста е незапирлива болка на мозокот во развој која постојано расте. Храбрите умови никогаш не ги прават оние работи кои сметаат дека се погрешни.rn
7. Храбрите умови се и отворени и одлучни
rnСигурно ви е добро познато правилото: „Два пати мери, еднаш сечи“. Храбрите умови се отворени за дискусија и преговарање пред да донесат некаква одлука и да се посветат на неа.rn
8. Храбрите умови се скромни и самоуверени
rnХрабрите умови се свесни за нивните маани и нивните пропусти, па затоа самоуверено и активно работат на нивната способност да ги изгубат и да се ослободат од нив.rn
9. Храбрите умови го сакаат парадоксот
rnТие дозволуваат нивниот разум да маринира во комбинирањето на навидум различните поими и затоа успеваат да бидат истовремено и отворени и одлучни, како и скромни, а сепак самоуверени. Храбрите умови го гледаат светот како внатрешно поврзан систем од парадоксалности.
-

Важноста на пријателството
„Можеме да ги избираме пријателите, но не и семејството“.
rnЗборови кои објаснуваат дека личната и позитивна природа на пријателството е доброволна. Ние сме социјални суштества и нам ни е потребно она чувство на припадност и почит од и за луѓето кои ни значат. Затоа, вредните и долготрајни пријателства се многу ценети и чувани.rnrn
rnrnБлиските пријатели ги споделуваат своите искуства и на некој начин стануваат дел од меѓусебните животи. Тие скоро секогаш имаат слични погледи, ставови и вредности, а понекогаш ги делат и потеклото и традициите. Тие ги сведочат подемите и падовите во животот и неочекуваните промени кои се случуваат во него. За разлика од нив, луѓето кои немаат блиски пријатели често ја искусуваат ранливоста од осаменоста, онаа специфична состојба која повеќето од нас барем еднаш сме ја почувствувале во одреден период од животот.rnrnПријателствата најпрвин се развиваат во детството, кога младите учат да стапуваат во меѓусебни односи и комуникација со другите. Тие учат како да се согласуваат и да не се согласуваат со другите, да разменуваат зборови и гестови, да се прилагодуваат на темпераментот и карактерот на другите и да стекнуваат нови пријатели. Овие рани вештини и сознанија ги претставуваат основите за сите подоцнежни пријателства. Пријателите ги разменуваат сите слави и радости, разочарувања и грижи. Кога луѓето се чувствуваат тажни, тие често го бараат вниманието на своите стари пријатели за да ја задоволат потребата од разбирање, за да ја поделат својата мака со некој кој знаат дека ќе ги ислуша и ќе се обиде да им помогне. Иако понекогаш, во оние периоди на депресија, тие можат и да избегнуваат контакт со другите. Независно дали причина за тоа претставува недостатокот на енергија или затоа што мислат дека не се доволно вредни и достојни, луѓето се повлекуваат кога најмногу им е потребна поддршката од блиските.rnrnСпоред едно истражување спроведено врз социјалниот живот на возрасните, се открило дека луѓето кои имале подолготрајни пријателства многу подобро се справувале со дневните предизвици и проблеми од оние кои биле помалку социјални. Блиските пријателства ги подобрувале функциите и расположението и позитивно влијаеле на психичкото и физичкото здравје.rnrnСоцијалните медиуми како Фејсбук, Твитер, Инстаграм и многу други, наводно им овозможуваат на луѓето да го прошират својот круг од пријатели или да создадат нов. Но, за жал многу од овие пријателства се повеќе виртуелни отколку реални, а односот кој се развива има мало значење. Во духот на создавање нови пријателства, интернетот, иронично, може уште повеќе да ги раздели луѓето. Електронските и социјалните медиуми никогаш нема да можат да ја заменат автентичноста и интимноста на личната комуникација.rnrnДобрите пријатели се отворени и искрени меѓу себе. Тие ги толерираат своите маани и слабости, ги ценат и почитуваат разликите и критикуваат само во оние моменти кога е потребно. Според многумина, моментите кои ги споделуваме со најблиските се едни од најнезаборавните моменти од нашиот живот, а добрите пријателства се најубавиот дел од него. -

Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство
Го знаете оној момент кога запознавате некого и одеднаш ќе се појави „она“ чувство? Не знаете како се случува, но веднаш потоа вие станувате најдобри пријателки. Ние ги одбираме луѓето во нашиот живот. Некои сè уште се околу нас, некои заминале, но најдобрата пријателка е онаа личност која е секогаш тука – во добро, во лошо, при среќа и тага… Поради овие причини таа е вашата сродна душа.rnrn
rnrn1. Вие понекогаш комуницирате без зборови. Толку сте блиски што понекогаш зборовите не се потребни. Доволно е само да си упатите еден поглед и да знаете што сакате да кажете без да го кажете тоа со зборови.rnrn2. Вие несвесно носите исти модни комбинации кога сте заедно. Кога треба да се сретнете, двете доаѓате во блуза со пруги и фармерки. Како се случува тоа? Не знаете, но знаете дека се случува често. Вие несвесно започнувате да се облекувате како близначки.rnrn3. Дури и кога не сте заедно, можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Во оние денови кога се чувствувате тажно и осамено, вашата пријателка ќе дојде кај вас уште пред да ѝ го кажете проблемот.rnrn4. Вие си ги довршувате започнатите реченици. Една од вас ќе започне да кажува некоја приказна, а другата ќе се вклучи и совршено ќе ја заврши. Вие сте на иста бранова должина и совршено знаете што таа ќе каже уште пред да започне да го кажува.rnrn
rnrn5. Вие имате листа со шеги кои никој освен вас не ги разбира. Никој не ја разбира вашата смисла за хумор и сите се чувствуваат изоставени кога вие две хистерично се смеете.rnrn6. Вие можете да поминете денови, месеци и години разделени, а веднаш штом се видите сè да биде како порано. Времето не е важно за вас две. Вашето пријателство е силно и константно, без разлика колку време поминало.rnrn7. Вие не можете да останете лути подолго време. Во ред, понекогаш може да дојде до некоја караница, но не можете да замислите никогаш повеќе да не зборувате. Се извинувате бидејќи знаете дека ќе биде голема загуба ако изгубите пријателка како неа. Таа го прави истото.rnrn8. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате важни новости. Без разлика дали таа вест е од големо значење за вас или пак е мала, секојдневна новост, таа е првата со која ја споделувате.rnrn9. Таа ќе ви ја каже вистината дури и кога е болна. Добрата пријателка ќе ви каже „бела“ лага за да ве расположи. Најдобрата пријателка ќе ви ја каже „грдата“ вистина, бидејќи таа знае дека така е најдобро за вас. Таа нема да ви каже дека ѝ се допаѓа момчето со кое излегувате, кога во суштина не може да го поднесе. Таа знае дека вие го заслужувате најдоброто и секогаш ќе се погрижи да го добиете. -

9 зборови и реченици кои сите треба почесто да ги кажуваме
Велат дека ништо не може да нè повреди како зборовите што ги кажуваат и работите кои ги прават луѓето кои ни се најблиски. Но, што е со она кое не го прават и не го кажуваат? Веројатноста е дека тие работи нè повредуваат уште повеќе. Ние, луѓето, сакаме да се чувствуваме сакани, потребни, почитувани, а некогаш само неколку зборови знаат да направат разлика.rnrn
rn1. Ништо
rnЈа знаете онаа поговорка која вели дека доколку немате ништо паметно да кажете, тогаш подобро е да си молчите? Верувајте, ова се случува почесто отколку што мислиме. Сакајќи да се извадиме од незгодна ситуација, можеби за да се направиме паметни или едноставно од возбуда, некогаш зборуваме и повеќе одошто треба. Но, всушност она кое треба да го кажеме е… ништо. Само размислете пред да почнете да зборувате. Дали она што сакате да го кажете навистина вреди да се каже?rn
2. Фрази од филмови
rnСмешни, љубовни, емотивни – голем дел од филмските фрази ќе завршат доста добра работа кога ви се најпотребни. А кој не би сакал да ги чуе? Гледаме комедии и се смееме на нив, гледаме љубовни драми и посакуваме и ние да сме дел од некоја таква приказна со среќен крај. Зошто за момент да не побегнеме од реалноста и малку да се опуштиме користејќи некои од добро познатите филмски фрази? Никогаш не знаете како некому можете да му го промените денот.rn
3. „Разбирам“
rnПонекогаш, толку сме концентрирани на тоа што ние сакаме, што не ја ни слушаме личноста која се наоѓа наспроти нас. А некогаш, од инает или лутина, се правиме дека само ние сме жртва. Но, не е така. Доволно е само еднаш навистина да слушнете што другата личност има да каже за да увидите како едноставното те разбирам може да ги промени работите. Наместо огромна расправија, ќе добиете разговор во кој и двајцата свесно и разумно ќе се внесете, а наместо гнев, ќе добиете почит и шанса да го решите проблемот.rnrn
rn4. „Згрешив“
rnМногу често, она кое на луѓето им пречи многу повеќе од фактот дека сте погрешиле е тоа што не сте способни да признаете дека е така. Колку и да е лоша ситуацијата, моментот кога пристапувате кон неа како безгрешна личност е момент кога истата станува многу полоша. Но, кога наместо да ја префрлате вината би признале дека грешите, нештата драстично би можеле да се сменат. Така покажувате зрелост, покажувате почит и покажувате храброст, а тоа многу ќе ви се исплати.rn
5. „За мене само вода, ве молам“
rnЗдравиот живот не е преценет. Не мора баш секогаш да пиете алкохол или сок кои се многу штетни за вас. Бидете паметни и некогаш направете здрав избор. Вашето тело ќе ви биде благодарно, вашиот разум ќе се чувствува силно.rn
6. „Ти благодарам, навистина го ценам ова“
rnДали знаете колку ретко се кажуваат овие зборови? Кога сме лути и гневни, зборовите летаат од нашата уста без воопшто да размислиме, но кога некој ќе направи нешто убаво за нас, особено ако станува збор за личност која ни е блиска, не ни текнува да кажеме ни едно благодарам. Како очекувате да ве ценат, ако не покажувате дека вие ги цените другите? Дали очекувате да ви кажат благодарам иако вие самите никогаш не сте го изговориле овој збор? Тешко е, нели? Но, ви отвора многу врати. Луѓето сакаат да се чувствуваат ценети и сакаат да знаат дека другите забележуваат што тие прават за нив.rnrn
rn7. „Верувам во тебе“
rnОна мало нешто што некогаш ни е потребно за да успееме е да знаеме дека има некој кој верува во нас. Без разлика дали ќе го признаеме тоа или не, вербата која другите ја имаат во нас и нашите способности е неверојатен поттик и мотив да се бориме до крај, а во моментите кога ни се чини како да сме го достигнале дното, може да биде единственото нешто кое ќе нè спаси. Денес можете да спасите нечиј живот, некому да ја вратите вербата во себе, да поттикнете некој да биде подобра личност. Направете го тоа.rn
8. „Ова е за тебе“
rnПатот кон среќата, љубовта и успехот е пат кој не го чекориме сами. За да стигнеме до целта која сме ја зацртале, веројатно сме поминале низ сито и решето, но покрај нас секогаш имало некој кој нè задржал во моментот кога сме паѓале или ни подал рака кога не сме можеле да се исправиме за да продолжиме. Па тогаш, зошто баш луѓето кои ни се нашле во животот се оние кои ги забораваме кога конечно ќе стигнеме на целта? Малите знаци на благодарност и оддавање почит се многу големи за оние кои биле тука кога ни било потребно, дури и кога некогаш претставуваат само неколку убави зборови.rn
9. „Здраво“
rnВо животот наидуваме на многу луѓе. Некои симпатични и привлечни, други одбивни, трети стандардни и вообичаени. Додека едни ни се допаѓаат, со други не би сакале да бидеме во контакт. Но токму она кое му недостасува на овој свет се луѓе кои почесто ќе се осудат да кажат некому здраво. Факт е дека никогаш не може да знаете кој е човекот кој тажен седи покрај вас во автобусот или девојката која полна со живот игра во кафулето во кое сте излезени. Но, кога некој би ви кажал дека токму тој човек ќе стане вашиот најдобар пријател, а девојката љубовта на вашиот живот, дали би им кажале здраво?
-

4 начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното место
Авторитетот е нешто што се гради долги години, а потребен е само миг да биде срушен. Покрај другите карактеристики, добриот вработен се одликува и со добар авторитет. Па, секој од нас соочувајќи се со одредени потешкотии, во одреден период си го поставил прашањето: Како да ја привлечам почитта на нашите партнери, колеги или пак претпоставени?rnrnПогледнете ги неколкуте начини коишто ќе ви помогнат при освојување на почитта.rn
1. Вашата облека го потврдува вашиот кредибилитет
rnИако честопати сме ја среќавале изреката дека „не се суди по изгледот“, сепак, стилистите посочуваат дека стилот на облекување има доста големо влијание на првиот впечаток, особено кога станува збор за интервју за работа, бизнис-средби и сл. Всушност, кога облеката одговара со околината во којашто се дејствува, половина од почитта е добиена.rnrn
rn2. Позитивен став и однесување
rnДоколку вашата облека ве изневери, тогаш вашиот став и однесување може да кажат многу за вас. Секако дека не одговара да бидете позитивни во секоја ситуација, но за да се добие посакуваната почит потребно е да останете љубезни во секое време, со што на клиентот ќе му ја покажете вашата стрпливост, а со тоа и вашата заинтересираност за соработка.rn
3. Исполнете ги обврските коишто сте ги ветиле
rn„Ќе видиме“, „Како сакаш…“ – Доколку сакате да бидете почитувани, потребно е да ги избегнувате овие одговори колку што е можно повеќе. Всушност, тие ве прикажуваат како несигурни, нестабилни и некомпетентни, што секако не ви е од корист. Во овој контекст, потребно е да ја запаметите следнава заповед: „Треба да го кажувате она што го правите и да го правите она што го кажувате“. Ова е од суштинско значење за да се добие довербата и почитта од другите.rnrn
rn4. Бидете точни
rnДруга заповед којашто треба да ја имате предвид е: придржувајте се кон вашите ветувања. Ненавременото пристигнување на состаноци, доцнењето на работа и постојаното одложување на обврските се едни од најголемите непријатели на вашиот авторитет. За да бидете почитувани, останете верни на своите обврски.
-

10 грешки кои секој ги прави во својата прва долга врска
Доколку за првпат сте во долга врска, тогаш сигурно не знаете како да се однесувате во неа или пак како да постапите во одредени ситуации. Но, не грижете се, не сте единствени. Секој кој е за првпат во долга врска ги прави истите грешки, па затоа погледнете ги овие совети кои можат многу да ви помогнат.rnrn
rn1. Се оддалечувате од своите пријател(к)и
rnАко во некој период вашата врска ве оддалечи од луѓето кои што ги сакате – тоа не е здраво. Во ред е во некои ситуации да бидете сами со партнерот и нормално дека нема да бидете секогаш во можност да излегувате со вашите пријател(к)и, но ако забележите дека сте отсутни од секој поважен роденден или на ретките средби со семејството, тоа е знак дека вашата врска не е добра за вас.rn
2. Ги споредувате врските
rnТеодор Рузвелт убаво кажал: „Споредувањето е крадец на радоста“. Ова е многу важно за вашата врска. Вие и вашиот партнер никогаш нема на ист начин да ги правите нештата како другите. Нема да ја работите истата работа, да го имате истото минато или плати како останатите парови. Па затоа, најважно е да се фокусирате на животот кој заедно го создавате, а не на животот кој мислите дека треба да го имате поради тоа што некој друг го има.rn
3. Ја форсирате врската
rnВрските никогаш не се лесни, бидејќи љубовта е комплицирана, но во суштина таа не треба да биде таква. Престанете да је претворате вашата врска во нешто што само вие го сакате и фокусирајте се на сакањето и запознавањето на вашиот партнер. Сето останато ќе дојде на своето место и ќе биде како што треба – сигурно!rnrn
rn4. Избегнувате разговор за некои поголеми прашања, додека не станат проблем
rnВо врска сте веќе една година, работите се одлични, меѓутоа дознавте дека вашиот партнер не сака да има деца, а вие сакате големо семејство. Или тој/таа едноставно не гледа проблем во тоа да работи до доцна навечер за време на викендите, додека вие сакате да поминувате подолго време заедно. Тоа се прашања кои веднаш треба да се решат во врската, бидејќи ако ги оставите нерешени во почетокот, само ќе се претворат во големи проблеми подоцна.rn
5. Не комуницирате како што треба
rnКомуникацијата е клучот на здравата и среќна врска. Кога не издвојувате време за разговор во текот на денот, тоа може да прерасне во проблем. Ова може да влијае на вашето расположение и да прерасне во лутина, а на крај да доведе до прекин на интимноста со вашиот партнер.rn
6. Мислите дека секогаш сè може да биде совршено
rnНикој не може да биде секогаш совршен. Мора да знаете дека вашиот партнер прави сè најдобро што знае и умее, но не може секогаш сè да излезе супер. Бидете тука да го сакате и подржувате, па дури и покрај тоа што некогаш ќе направи нешто погрешно. Покажете почит кон него/неа, и тој/таа ќе ви покаже вам.rn
7. Не покажувате почит
rnКога ќе влезете во врска со некого, мора да си покажете меѓусебна почит. Ако сте себични и неразумни кон чувствата на партнерот, тоа ќе заврши со раскинување и болка. Почитувајте ги неговите одлуки и неговата личност.rnrn
rn8. Ја сакате „идејата“, а не личноста
rnПонекогаш е лесно да се заљубите во идејата за таа личност, а не во личноста која навистина е. Можеби ви се допаѓа фактот дека таа има многу пари или како изгледа без блуза на себе, но тоа се само површни детали кои може да се променат за една секунда. Важно е да се заљубите во личноста која навистина покажува каква е, а не површните работи кои вас ве прават среќни.rn
9. Посесивност
rnОва е нешто низ кое не поминуваат сите парови, но ако сепак се случи – може да биде лизгав пат до нешто што ќе ве повреди. Кога едната страна е посесивна, другата ќе се чувствува како да не е почитувана и сакана. Во некои случаи, може да доведе до емотивна злоупотреба, па затоа е важно веднаш да ги фрлите тие „црвени знаменца“.rn
10. Градење на врската врз основа на површни работи
rnНекои луѓе ја градат врската на работи кои не се вечни. Ако е базирана на сексот, изгледот или парите, постои голема можност дека ќе добиете големи и сериозни проблеми подоцна. Некогаш ќе имате среќа да пронајдете сè во едно, но добро знаеме дека моменталното убаво „мување“ не е исто како долгата и среќна врска.