КАФЕ ПАУЗА

Tag: писател

  • Нежна молитва од Антоан де Сент Егзипери која ќе ве допре до душата

    Нежна молитва од Антоан де Сент Егзипери која ќе ве допре до душата

    Оваа малку позната молитва била напишана од страна на Антоан де Сент Егзипери, писателот зад ремек-делото „Малиот принц“ за време на еден од најтешките моменти во неговиот живот. Таа ќе ве потсети што навистина е важно во животот и без сомнение ќе ве натера да се замислите, додека истовремено ќе ве допре и до душата.rnrnНежна молитва од Антоан де Сент Егзипери која ќе ве допре до душатаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnБоже, јас не се молам за чуда и визии, јас само барам сила за моите денови. Научи ме на уметноста на малите чекори. Направи ме мудар и снаодлив, за да можам да најдам важни откритија и искуство помеѓу разновидноста на деновите.rnrnПомогни ми да го користам моето време подобро. Претстави ми го чувството да бидам способен за одлука без разлика дали таа е важна или не. Јас се молам за моќта на дисциплината и умереноста, не само за да се водам низ животот, туку исто така и да ги живеам моите денови разумно и да ги набљудувам неочекуваните задоволства и подеми.rnrnСпаси ме од наивното верување дека сè во животот мора да тече лесно. Дај ми ја трезвената свесност дека потешкотиите, неуспесите, фијаското и препреките ни се дадени од самиот живот за да ни помогнат да растеме и созреваме. Испрати ми ја вистинската личност во вистинскиот момент, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја изговори вистината.rnrnЈас знам дека моите проблеми нема сами да се решат, па затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку ни е потребно пријателството. Направи ме вреден за најдобрите, најтешките, најризичните и најкршливите подароци на животот.rnrnДај ми доволно имагинација да бидам способен да споделам со некој барем малку топлина, на вистинското место, во вистинското време, со зборови или со тишина. Поштеди ме од стравот дека го пропуштам животот. Не ми ги давај оние нешта што ги посакувам, туку оние што ми требаат. Научи ме на уметноста на малите чекорите!rnrn[/message_box]

  • По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

    По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

    Во далечната 1934 година, еден амбициозен писател и новинар по име Арнолд Семјуелсон поминал долг пат за да го запознае големиот Ернест Хемингвеј во неговиот дом во Флорида. Идниот нобеловец бил импресиониран од посветеноста на младиот човек и му дал листа на книги кои според него, секој љубител на пишаниот збор треба да ги има прочитано. Еве што препорачува Хемингвеј:rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    1. „Синиот хотел“ (The Blue Hotel) од Стивен Крејн

    rnСе работи за збирка раскази кои делуваат прилично едноставно поради директниот начин на кој се напишани, но несомнено е дека по читањето оставаат длабоки траги во умот и сеќавањето.rnrn(1) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    2. „Отворениот брод“ (The Open Boat) од Стивен Крејн

    rnЧетворица мажи доживуваат бродолом. Станува збор за вистинска борба за преживување. Оваа книга е полна со филозофски мисли за смислата на животот и човечкото постоење, кои ќе предизвикаат бура на емоции кај секој читател.rnrn(2) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    3. „Мадам Бовари“ (Madame Bovary) од Густав Флобер

    rnЕма Бовари мечтае за живот исполнет со гламур и љубовни авантури. Наместо тоа таа е заробена во монотонијата на секојдневниот живот како сопруга на доктор во мал град. Провинцијалната атмосфера го гуши страсниот дух на Ема, но сите нејзини обиди да го напушти овој здодевен свет доживуваат неуспех. Има ли надеж за бегство?rnrn(3) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    4. „Даблинци“ (Dubliners) од Џејмс Џојс

    rnОваа колекција психолошки новели е претставник на првиот зрел обид на Џојс да даде придонес во светот на книжевноста. Даблин е претставен како олицетворение на сите работи кои ги мразел поврзани со начинот на живот во Ирска. Градот е главното жариште на сите гревови, уназадување, корупција, вулгарности и бездушност. „Даблинци„ се смета за првиот пример на реалистична ирска литература од 20-тиот век.rnrn(4) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    5. „Црвено и црно“ (The Red and the Black) од Стендал

    rnОва книга е универзално прифатено ремек-дело од литературата на 19-тиот век. Станува збор за приказна за амбициозен и талентиран млад човек кој е одлучен да се искачи на скалата на успехот во општеството. Познато е дека оваа приказна успеала да го зароби вниманието и на големиот Лав Толстој. Протагонистот доаѓа до заклучок дека парите се единствено важни во денешниот свет и подготвен е да направи сè за да ја оствари својата цел.rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrn

    6. „За човековото ропство“ (Of Human Bondage) од Сомерсет Могам

    rnНајвлијателниот роман на Могам му овозможува на читателот да ги открие светлата и темната страна на човечката природа. Исто така, преку оваа книга писателот целосно ја разголува својата душа овозможувајќи му на светот да види што навистина се крие во неговата глава.rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитатеrnrnПродолжете на следната страна за останатите 6 книги од оваа листа.rn

  • 25 мудри цитати од Ернест Хемингвеј

    25 мудри цитати од Ернест Хемингвеј

    Американскиот нобеловец и добитник на Пулицеровата награда, Ернест Хемингвеј, е човек кој бил преполн со животно искуство. Иако важел за личност која била алчна на зборови, сѐ што ќе кажел погодувало право во целта. Славниот писател и новинар бил еден од највлијателните литерати на своето време, а таа титула ја носи и до ден денес. Неговите современици го доживувале како човек кој не сака многу да зборува, но затоа неговите дела содржат целосна есенција и уметност во себе. Вака говорел Хемингвеј за животот.rnrn25 мудри цитати на Ернест Хемингвејrn

    „Не постои поверен пријател од книгата.“

    rn

    „Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа која ја знам.“

    rn

    „Сакам да спијам. Мојот живот има тенденција да се распадне кога сум буден, знаете?“

    rn

    „Секогаш направи го трезен она што си го рекол дека ќе го направиш пијан. Тоа ќе те научи да го држиш јазикот зад забите.“

    rn

    „Најдобриот начин да откриеш дали можеш да веруваш некому е да му веруваш.“

    rn

    „Сѐ што треба да направиш е да напишеш една вистинска реченица. Напиши ја највистинската реченица која ја знаеш.“

    rn

    „Јас пијам за другите луѓе да ми бидат интересни.“

    rn

    „Кога луѓето зборуваат, слушај во целост. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.“

    rn

    „Животот на секој човек ќе заврши исто. Постојат само детали за тоа како живеел и како умрел кои го разликуваат од другите.“

    rn

    „Мачката има целосна емоционална искреност. Луѓето, од една или друга причина, можат да ги сокријат своите чувства, но мачката не може.“

    rn

    „Мојата цел е да ставам на хартија сѐ што гледам или доживувам, на најдобар и наједноставен начин.“

    rn

    „За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“

    rn

    „Никогаш не оди на патување со некој кој не го сакаш.“

    rn

    „На човекот му требаат околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години за да научи да слуша.“

    rn

    „Светот ги крши сите, но во крајна линија излегува дека некои се појаки на скршените места.“

    rn

    „Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сѐ што правиш е тоа што седиш на машината за пишување и крвавиш.“

    rn

    „Сите добри книги имаат една заедничка работа: пореални се дури и од тоа ако навистина се случиле во реалноста.“

    rn

    „Кога луѓето се сложуваат со мене, секогаш имам чувство дека некаде сум погрешил.“

    rn

    „Никогаш немој да мислиш дека војната, колку и да ни е потребна, колку и да е оправдана, не е злочин.“

    rn

    „Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста за да се жалиме на тие глупости.“

    rn

    „Можат да нè понижуваат, но не можат да нè понижат.“

    rn

    „За моралот знам само дека морално е она по кое се чувствувате добро, а неморално е она по кое се чувствувате лошо.“

    rn

    „Човекот не е создаден за пораз. Човекот може да биде уништен, но не и поразен.“

    rn

    „Единствената работа која може да го расипе денот се луѓето. Луѓето отсекогаш биле ограничени во среќата, освен оној мал број од нив кои се добри како и самата пролет.“

    rn

    „Храброста е грациозност под притисок.“

  • 20 бесмртни цитати од Вилијам Шекспир

    20 бесмртни цитати од Вилијам Шекспир

    Вилијам Шекспир бил еден од најталентираните и највештите писатели и литерати од минатото чии дела се слават и денес. Како единствен господар на зборовите, неговата литература ја открива суштината на човечкиот однос. Животите на неговите ликови се оживеани преку страста и незапирливите емоции. Неговото пишување допира длабоко во душата и открива еден суптилен, но богат внатрешен свет. Прочитајте дел од неговата безвременска мудрост и исполнете го денот со инспирација.rnrn20 бесмртни цитати на Вилијам Шекспирrn

    „Убавината нема сама да ги убеди очите на човекот без говорник.“

    rn

    „Никогаш нема да дознае колку лошиот збор може да ја отруе наклонетоста.“

    rn

    „Прилагоди го делото на зборовите, а зборовите на делото.“

    rn

    „Кога зборовите ретко се употребуваат, тие ретко се трошат залудно.“

    rn

    „Не постои ништо ново под сонцето.“

    rn

    „Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме.“

    rn

    „Љубовта која се бара е добра, но онаа која не се бара е уште подобра.“

    rn

    „Некои успеваат со помош на гревот, а некои паѓаат поради доблеста.“

    rn

    „Празната чинија одекнува најгласно.“

    rn

    „Колку далеку таа мала свеќа ја фрла својата светлина! Го осветлува доброто дело во уморниот свет.“

    rn

    „Ружата под кое било друго име ќе мириса исто.“

    rn

    „Ова пред сѐ: Бидете искрени со себе.“

    rn

    „Но, љубовта е слепа, а љубовниците не гледаат.“

    rn

    „Нашите сомнежи се предавници и прават да го изгубиме доброто кое сме можеле да го добиеме, со тоа што се плашиме да се обидеме.“

    rn

    „Очекувањето е коренот на секоја љубовна болка.“

    rn

    „Совеста нè прави сите кукавици.“

    rn

    „Љубовта е чад подигнат од испарувањето на воздишките.“

    rn

    „Бидете силни во делата, како што сте силни во мислите.“

    rn

    „Сакај ги сите, верувај на неколкумина, не греши никому.“

    rn

    „Да се биде или не, тоа е прашањето!“

  • Уживање за сите сетила: Најубавите цитати од Момо Капор

    Уживање за сите сетила: Најубавите цитати од Момо Капор

    Момо Капор е еден од најчитаните писатели од српската книжевност. Сликар, новинар и боем кој ни подари неколку од најубавите книжевни бисери. Неговиот стил е едноставен, но не ја исклучува снаодливоста, речитоста и филозофијата. Секоја негова приказна потсетува на онаа блиска и човечка приказна од соседството.rnrnЈунаци во неговите дела често сме ние самите. Сметал дека кајмакот и инатот се единствениот српски бренд, а дека задачата на писателот е да ја зачува убавината. И после неговата смрт, продолжи да живее во неговите дела и во секоја наша прва љубов. Уживајте во некои од неговите најубави цитати.rnrn1-uzhivanje-za-site-setila-najubavite-citati-od-momo-kapor-www.kafepauza.mk_rn

    „Човекот може да најде колку сака пријатели со кои ќе зборува, но малкумина со кои ќе може да молчи.“

    rn

    „Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа што не постои ништо за што копнееме.“

    rn

    „На многумина би им се допаднал, ако не се обидуваш да им се допаднеш на сите.“

    rn

    „Никогаш немаме доволно време за оние кои нè сакаат, туку само за оние кои ние ги сакаме.“

    rn

    „Ѕвездите паѓаат и преку ден, само тоа многумина не се во состојба да го видат.“

    rn

    „Сепак не сум поразен сè додека не признаам пораз, а јас сè уште не признавам.“

    rn

    „Човек може да каже дека животот не му е неуспех, ако може да направи барем една единствена работа подобро од останатите.“

    rn2-uzhivanje-za-site-setila-najubavite-citati-od-momo-kapor-www.kafepauza.mk_rn

    „Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат на кого да телефонираат. Никогаш не може сè да се погоди!“

    rn

    „Љубов… Таа е како тешка болест и кога човекот ќе има среќа да ја преживее, засекогаш му остануваат белези кои го прободуваат во одредено време; при спомнување на некое име, во некое бледо предвечерие, со музиката која некогаш заедно ја слушавме, дури и при површен поглед на уличниот часовник под кој се состанувавме.“

    rn

    „А што е тоа љубов? Кога гледаш во ѕвездите без никаква причина и кога ќе поделиш гума за џвакање и кога ќе подариш цвет и кога ќе ја отстапиш лулашката во паркот кога е твојот ред за лулање. Кога на оној кој го сакаш му даваш гриз и кога со него ја делиш гумата за бришење на половина и кога му даваш еден лиз. Кога ќе нацрташ срце и внатре во него ќе ги испишеш вашите две имиња. Ако тоа не е љубов, јас навистина не знам што е!“

    rn

    „На човекот најчесто му се случува она од што најмногу се плаши, бидејќи тоа не постои никаде, освен во неговата глава. Тогаш излегува од неговата глава, се оформува, ја предизвикува судбината и доаѓа. И тоа е добро. Инаку целата работа би се претворила во рутина. А навиката, што е? Некој вид смрт.“

    rn

    „Нели е уметноста всушност обид за одложување на смртта или начин да се добие невозвратената љубов? Поради што инаку би цртале, пишувале, гравирале, ако не да оставиме некоја трага во својот беден, краткотраен престој на оваа планета – една скромна трага помеѓу многуте други траги, кои се дополнуваат и говорат за постојаниот човеков обид да се надигра и да ја надживее менливоста и заборавот.“

  • Жената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремарк

    Жената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремарк

    Книгите кои овој познат германски писател ги оставил зад себе се засновани на живи емоции и ликови кои поминувале пред неговите очи и живееле во неговото срце. Страсната љубов го обземала во текот на целиот живот, додека страшната војна ја разбивала волјата, верата и судбината на човекот. Тој пишувал за изгубена генерација во која немало место за луѓето кои не ги искусиле стравовите од војната. Погледнете дел од неговите најмоќни цитати.rnrnЖената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремаркrn

    „Ниту еден човек не може да стане толку голем странец, како оној кој си го љубел во минатото.“

    rn

    „Љубовта не трпи објаснување, неа ѝ се потребни дела.“

    rn

    „Секоја љубов сака да биде вечна. Во тоа е нејзината најголема мака.“

    rn

    „Само ако конечно се разделиш со човек, почнуваш вистински да се интересираш за сè што го интересира. Тоа е еден од најголемите парадокси на љубовта.“

    rn

    „Само несреќниот знае што е среќа. Среќникот ја чувствува радоста на животот не повеќе од кукла – тој само ја покажува таа радост, но таа не е неговиот ден. Светлото не свети кога е ден. Тоа свети во темнината.“

    rn

    „За среќата може да се зборува 5 минути, не повеќе. Нема што повеќе да се каже од тоа дека си среќен. А за несреќата, луѓето зборуваат со денови и ноќи. Всушност, човекот е среќен само тогаш кога најмалку обрнува внимание на времето и кога не го брка страв. Но, ако те брка страв, ти сепак можеш да се насмееш. Што друго би правел?“

    rn

    „Среќата е најнеопходното и најскапото нешто на светот.“

    rn

    „Додека човекот не се предаде, тој е појак од својата судбина.“

    rn

    „Колку е човекот попримитивен, толку поголемо мислење има за себеси.“

    rn

    „Не постои ништо подосадно од тоа да се биде присутен тогаш кога човек го демонстрира својот ум. Особено ако умот е отсутен.“

    rn

    „Најсилниот карактер е кај циниците, а најнеподносливиот кај идеалистите. Зарем не мислите дека тоа е чудно?“

    rn

    „Ако сакате луѓето ништо да не забележат, немојте да бидете внимателни.“

    rn

    „Дечко, запомни само едно нешто: никогаш, никогаш и уште едно никогаш, нема да бидеш смешен во очите на жена освен ако не направиш нешто поради неа.“

    rn

    „Мислам дека жената не треба да му кажува на мажот дека го љуби. За тоа нека говорат нејзините среќни очи. Тие се поречити од нејзините зборови.“

    rn

    „Жените треба или да се благословуваат и обожаваат, или да се остават. Сè останато е лага.“

    rn

    „Ако жената припаѓа на друг човек, таа е пет пати попожелна од онаа која можете да ја имате. Старо правило. “

    rn

    „На жените не треба ништо да им објаснувате, со нив треба само да делувате.“

    rn

    „Жена – таа не е предмет, туку цвет. На неа ѝ се потребни сончеви, нежни зборови. Подобро секој ден да ѝ говорите нешто убаво, отколку цел живот со лутина и без да работите за неа.“

    rn

    „Стоев пред неа, ја слушав, ѝ се смеев и мислев колку е страшно да се љуби жена и притоа да се биде сиромашен.“

    rn

    „Тоа што не можеш да го имаш, секогаш изгледа поубаво од тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човечкиот живот.“

    rn

    „Каење – најнепотребното нешто на светот. Не можете да вратите. Не можете да поправите. Во спротивно сите би биле светци. Животот не планирал за нас да биде совршен. Оној кој е совршен, припаѓа во музеј.“

    rn

    „Понекогаш треба да се газат принципите, инаку нема никаква радост од нив.“

    rn

    „Подобро е да умрете кога живеете, отколку да живеете до оној момент кога ќе посакате да умрете.“

    rn

    „Што и да ви се случи, не си земајте при срце. Малку нешта на овој свет можат долго време да бидат важни.“

  • Што кажува вашиот омилен автор за вас?

    Што кажува вашиот омилен автор за вас?

    Не само што вашата омилена книга открива многу за вас, туку и човекот кој ја создал. Честопати се случува во различни етапи од животот да имате различна омилена книга и автор, а тоа покажува многу за моменталната состојба на човекот. Па, откријте што вашиот омилен автор кажува за вас.rnrn1-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mkrn

    Ернст Хемингвеј

    rnВие сте непредвидливи. Чувствителни и груби, сурови и милосливи. Можете да бидете арогантни и полни со себе, за подоцна во дел од секундата да бидете полни со емпатија и нежност.rnrnВие ги поттикнувате луѓето да го дадат најдоброто од себе, одбивајќи сè што е помалку од вашите лични очекувања.rn

    Ф. Скот Фицџералд

    rnЧесто сте потценувани затоа што по природа сте срамежливи и повлечени, сè додека не ги шокирате и не предизвикате стравопочит кај луѓето со вашите скриени таленти.rnrnРомантичари сте и не се срамите да го признаете тоа. И покрај славата и восхитувањата кои можете да ги достигнете, вие сепак трагате по љубов. Некого со кого ќе можете да патувате, некого кого ќе го сакате и некого со кого ќе можете да ги споделите книжевните вкусови.rn

    Џејн Остин

    rnИако сте романтична душа, не го пружате на дланка вашето големо срце и не ги погазувате вашите приоритети за љубовта. Сакате да бидете почитувани исто толку колку што сакате да ви се восхитуваат.rnrnВие сте независни и диви. Секогаш сте во потрага по нешто поголемо од она кое вашиот мозок може да го замисли.rn

    Фјодор Достоевски

    rnМислител и филозоф. Понекогаш имате проблем да се опуштите и да уживате затоа што сте интровертна личност која премногу размислува. Вие сте револуционер, анархист и имате нескротлив дух.rnrnМожете да поминете денови и денови сами со своите мисли и идеи и тоа ве прави среќни. Го сакате човечкиот ум и сите оние милиони места на кои можете да отпатувате со него.rnrn4-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk_rn

    Лав Толстој

    rnНа прво место ви се моралните вредности и цврсто се држите до нив. Вашите чувства и барања се секогаш во склад.rnrnВие сте религиозна и духовна личност, која не ги негира учењата на другите.rn

    Џ. К. Роулинг

    rnВие живеете во свој свет. Вие фантазирате и романтизирате и би го смениле овој свет, во кој живеете со некој друг, подобар.rnrnЗа вас велат дека сте сонувач, но просто вие сте само оптимист. Верувате дека доброто ве чека таму некаде и подготвени сте да го пронајдете.rn

    Херман Хесе

    rnВие сте сконцентрирани на духовното во себе. Понекогаш сте малку изгубени и збунети, но вие добро се познавате себеси и затоа не се плашите да го продолжите доживувањето.rnrnМожеби не ја знаете вашата патека, но се познавате себеси. Можеби не знаете каде одите, што правите, по што трагате, но знаете дека нема да запрете додека не го пронајдете.rn

    Џ. Р. Р. Толкин

    rnВие сте неверојатно интелигентна личност, но и голем фанатик. Вие сте господар во вашиот свет, но верувате и ги почитувате и туѓите.rnrnНе се плашите од искуства, им дозволувате да ве обликуваат и дефинираат.rnrn2-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mkrn

    Х. Л. Борхес

    rnВие сте поет и сонувач. Сè анализирате и раслојувате. Полни сте со страст и со имагинација, но исто така сте и приземјени и искрени. Ги сакате мистериите и мисловните лавиринти.rnrnСакате да ги гледате реално работите откако ќе ги согледате од сите аспекти.rn

    Силвија Плат

    rnВие сте брилијантни, но несфатени. Се сомневате во себе, не можете да си ги согледате сопствените таленти и дарби, дури и кога добивате пофалби за истите.rnrnНе ви се важни материјалните добра и обожувањата, едноставно сакате да си го живеете животот. Вие сте остроумни и длабоко размислувате за нештата, па затоа тешко го отворате вашето срце за другите.rn

    Оскар Вајлд

    rnВие сте непредвидливи. Храбри и темпераментни, некој кој постојано трча од едно на друго место. Вие се вклопувате во секое друштво и во секоја работа која ќе ја пробате.rnrnВие секогаш ги зашеметувате луѓето со вашите идеи и тие ве сакаат поради вашата духовитост и интелигенција.rn

    Чарлс Буковски

    rnВие имате нежно срце прегазено со текот на годините. Вие сте дијамант сокриен зад валканите и проколнати зборови. Често сте оцрнети и занемарени поради вашата груба надворешност.rnrnЛуѓето не ја гледаат вашата вистинска страна сè додека не се осмелат да ви се доближат. Во вас се крие голем љубовник.rnrn5-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk_rn

    Џ. Д. Селинџер

    rnВе сте бунтовник и мислител. Можете да поминете денови, недели и години разглобувајќи ги работите за животот и сте склони кон егзистенцијални кризи. Ја сакате идејата за фамилија и цврстата поврзаност на друштвата.rn

    Чарлс Дикенс

    rnВие сте набљудувач на општеството и сакате да давате критика за вашата генерација. Родени бунтовници сте и секогаш се грижите за губитниците.rnrnВие немате никаков проблем да целите точно во центарот и да ги испратите сите во бестрага.rn

    Марк Твен

    rnВие сте комичен лик, но оние кои ви се блиски знаат дека вашата смисла за хумор произлегува од вашата интелигенција и длабоките размисли.rnrnПонекогаш не си ги гледате способностите толку јасно како другите, па затоа си ја пробувате среќата во многу професии.rn

    Габриел Гарсија Маркез

    rnВие сте остри на јазик и не се плашите да го кажете она што го мислите. Ги сакате метафорите затоа што го прикажуваат вашиот живот и оној кој го фантазирате.rnrnВие ги анализирате луѓето и вашиот начин на живеење. Ве привлекуваат политиката и социјалните реформи и бескрајното повторување на историјата.rnrnLibrary with a book ladder and lamprnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати за животот и љубовта од генијалните дела на Мехмед Меша Селимовиќ

    Цитати за животот и љубовта од генијалните дела на Мехмед Меша Селимовиќ

    Мехмед Меша Селимовиќ е еден од најголемите југословенски писатели. Негово најпознато дело е прекрасниот роман „Дервишот и смртта“, а покрај со него се прославил и со „Тврдина“, „Остров“, „Тишина“, „Магла и месечина“ и др. Сите негови дела содржат многу мудрост. Во нив зборува за животот, правдата и неправдата, љубовта, стравот, спомените и помирувањето со нив, природата на луѓето и сè друго што видел и доживеал во својата родна Босна. Затоа од неговите дела издвоивме неколку одлични цитати кои можете да ги прочитате во галеријата.rnrnЦитати за животот и љубовта од генијалните дела на Мехмед Меша Селимовиќrnrnrnrn

  • Книга: „Црниот принц“ – Ајрис Мердок

    Книга: „Црниот принц“ – Ајрис Мердок

    Листата на најдобри трилери на сите времиња никогаш нема да ви биде комплетна ако го испуштите ова генијално дело. Истото важи и за листата на најголеми љубовни драми.

    rn(1) Книга: Црниот принц - Ајрис Мердокrn

    Наша оценка: 8/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnБрзиот, возбудлив и динамичен стил на пишување на новите генијални умови и креатори на најдобрите трилери на денешницата, може многу лесно да нè навлече и најчесто нè тера да читаме во еден здив. Не можеме да негираме дека напнатоста на дејствието, плетењето на мрежата на мистерија и тајни, нијансите на психолошките манифестации на однесувањето на еден добро структуриран лик не се клучни кога станува збор за квалитетен трилер, но најчесто неочекуваните и агресивни пресврти се токму тие моменти коишто не држат будни цела ноќ. Сè додека не се потсетиме на старите добри трилери и не ископаме некое легендарно дело како „Црниот принц“ на Ајрис Мердок. Е тогаш, ќе се потсетиме дека најдобрите се оние коишто на почеток не ви изгледаат толку интересни и возбудливи, потоа ве тераат да размислувате за нив додека се возите во автобус, па сфаќате дека не мора да ги вртите брзо страните за да дознаете што се случува туку да уживате во секој совршено избран збор и на крај, со последната страница знаете дека нешто во вас е засекогаш изменето.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnrn„Црниот принц“ започнува со еден долг и здодевен вовед на писателот Бредли Пирсон, главниот лик во книгата, според кој ако ја судите книгата многу ќе погрешите. Но, е клучен за запознавање на овој средовечен, нереализиран писател кој е убеден дека ќе напише ремек-дело некогаш, но едноставно не може да ја најде вистинската приказна за којашто сака да пишува. По малку меланхоличен, Бредли планира патување и изнајмува куќа на море, со единствена цел да ужива во самотијата и да се посвети на пишувањето. Сè додека „приказната“ која ја бара не му го опседне животот, уште пред да тргне на пат.rnrn(2) Книга: Црниот принц - Ајрис МердокrnrnНекој ѕвони на вратата – братот на бившата жена на Бредли, прв сигнал за неволја. Додека се труди да го откачи, некој ѕвони на телефон – неговиот долгогодишен пријател и ривал, Арнолд Бафин мисли дека си ја убил жената. Патувањето е одложено, Бредли мора да му помогне на својот пријател и тука започнува хаотичниот вртлог на проблеми од кој Бредли не може да се извлече.rnrnКнигата има шест главни лика чиишто животи се испреплетуваат и на крајот кулминираат на најдобриот можен начин на којшто еден генијален трилер може да заврши – со убиство.rnrnНесогласувањата во брачниот живот на Арнол и Рејчел, нивната наивна, дваесетгодишна ќерка Џулиан која започнува афера со Бредли, неговата депресивна сестра Присила која го напушта својот сопруг, неговата бивша жена Кристијан која се враќа за да му го загорчи животот и нејзиниот брат Френсис се сосема добра основа за проблеми.rnrnНо, „Црниот принц“ не е само трилер. Морам да признаам дека, љубовната афера помеѓу Бредли и Џулиан иако бизарна, изобилува со романтика и чувства и во голема мера книгата е всушност приказ на неверојатниот ефект на љубовта и начинот на кој може да нè измени. Дури и намќорест старец кој не се грижи за никој во неговиот живот и е опседнат со тоа да биде признат и запомнет.rnrnМожеби најинтересниот дел е фактот дека меѓу нив нема лажго, ликовите му се обраќаат на читателот со сопствената визија за настаните и начинот на кој ги доживуваат. Тие се комплексни, интересни, но Ајрис не се труди да ги направи особено привлечни за читателот. Обични луѓе, средна класа, секојдневни проблеми кои се испреплетуваат на тој начин што се сè само не обични и секојдневни, само поради одлуките на самите ликови.rnrnДа бидам искрена, никогаш не сум била фан на Шекспир па ми требаше време да ја сфатам поврзаноста со Хамлет и начинот на кој Ајрис преработува некои делови во контекст на книгата. Во секој случај, книгата бара време и посветеност, но нуди вистинско уживање. Овој прекрасен доказ за генијалноста на Ајрис Мердок не смеете да го пропуштите.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 5 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 9 знаци дека сте родени да бидете писатели

    9 знаци дека сте родени да бидете писатели

    „Јас не сум писател“ – често знаат да кажат луѓето. „Но, отсекогаш сум сакал/а да пишувам…“ Не постои сертификат или диплома кои можат да ве направат писатели, бидејќи вие одбирате да бидете писател кога ќе започнете со пишување. Тоа значи дека единственото нешто кое ве дели од вашиот сон е правењето на првиот чекор. Доколку се сомневате дали го имате во себе она што е потребно за да се биде писател, погледнете ги наредниве неколку знаци…rnrn9 знаци дека сте родени да бидете писателиrn

    1. Обожавате прекрасно напишани текстови

    rnВие го цените она што е внимателно напишано, со цел. Понекогаш дури и ги препрочитувате речениците само затоа што… Па, затоа што тие толку убаво ви изгледаат. Понекогаш дури и ги читате на глас за да слушнете како тие звучат. Зборовите за вас побудуваат вкусно чувство во вашата уста, исто како чоколадото.rn

    2. Подвлекувате или издвојувате зборови, реченици или параграфи во книгите кои ги читате

    rnВие не сте едни од оние луѓе кои не сакаат да ги „шкртаат“ своите книги. Токму затоа и не сакате електронски верзии од книгите, бидејќи не можете да ги подвлекувате со маркер оние мисли кои допираат до вас. Не знаете точно зошто ги правите овие работи, но едвај чекате повторно да се навратите на нив.rn

    3. Сакате да ги прислушкувате туѓите разговори

    rnДодека седите во кафетерија или на автобуската станица, вие ги слушате разговорите помеѓу луѓето, без разлика дали станува збор за баби кои озборуваат, сопружници кои се расправаат, тинејџери кои флертуваат или пак, за самата тишина која се појавува по завршувањето на разговорот. Писателите се одлични слушатели. Тие можат да ги замислат приказните кои се наоѓаат позади зборовите и токму ова е еден од начините на кои тие учат како да ги формираат ликовите во нивните книги.rn

    4. Обожавате да ги набљудувате луѓето

    rnВие можете со часови да седите на едно место и да ги набљудувате сите луѓе кои ќе поминат покрај вас. Толку многу сте фокусирани во набљудувањето што забележувате и најмали детали кои на другите луѓе никогаш не би им паднале во очи. Писателите се остри набљудувачи. Тие гледаат длабоко и го забележуваат ритамот и текстурата на сите човечки интеракции.rn

    5. Го забележувате просторот помеѓу нештата

    rnНе само што забележувате што прават, што зборуваат, како се однесуваат и како изгледаат луѓето, вие исто така ги забележувате и оние нешта кои не се таму. Мајката која турка празна количка, трудната жена која нема венчален прстен, мажот во барот кој зборува само за својата фамилија, реновираниот стан во кој никој не се вселува, автомобилот на крајот од улицата кој никогаш не се поместува… Писателите не ја гледаат само површината туку гледаат во нештата, околу нив, низ нив и помеѓу нив. Тие го бараат местото каде што се кријат приказните.rn

    6. Понекогаш читате книги и си мислите: „Дури и јас би можел/а да го напишам ова подобро“

    rnМногу се иритирате кога читате лошо напишана книга. Понекогаш дури се запрашувате и како оваа книга успеала да биде објавена. Способноста да препознаете што е добро, а што не во напишаните зборови значи дека вие ги читате книгите како вистински писател.rn

    7. Зборовите имаат моќ да ве расплачат

    rnЕдна реченица е доволна да повика солзи во вашите очи. Едноставно зборовите имаат таква моќ врз вас…rn

    8. Чувствувате емпатија

    rnДоколку сте природно емпатични, вие имате способност да замислите како е да се биде друга личност, без разлика дали станува збор за личност која е во инвалидска количка, бездомник, киднапирана, силувана, изгубена, повредена… Писателите можат да замислат како е да се биде некој друг и токму затоа можат да создадат други светови и ликови во својата фантазија.rn

    9. Чувствувате симпатии кон автори

    rnВие успевате да се заљубите во авторот на одредена книга без притоа да знаете како изгледа. Всушност, тоа не ви е ни важно бидејќи тој/таа успеале со зборови да допрат до вашето срце.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.