КАФЕ ПАУЗА

Tag: писател

  • 18 цитати од големиот писател Лав Толстој

    18 цитати од големиот писател Лав Толстој

    Толстој важи за еден од најголемите романсиери во историјата на светската литература. Неговите идеи биле толку екстремни, а погледот кон светот толку отворен, што во времето на неговата смрт се формирал круг на следбеници кои создавале колонии и го практикувале неговиот начин на живот. Во продолжение прочитајте неколку цитати од овој голем писател:rnrn18 цитати од големиот писател Лав Толстојrn

    „Нема Бог за оној што не знае како да го носи во себе.“

    rn

    „Ако е: колку глави – толку многу умови, тогаш: колку срца – толку многу љубов.“

    rn

    „Се плашиме само од она што го сакаме.“

    rn

    „Тешко е да се познава Бог, но тоа не значи дека тој не постои, туку тоа е знак на неговото величество и на нашата слабост.“

    rn

    „Честопати слушаме како младите велат: Не сакам да живеам со разумот на другите, сакам да размислувам сам. А, зошто да размислуваме за она што е познато. Земете го тоа што е готово и продолжете понатаму. Тоа е силата на човештвото.“

    rn

    „Дајте му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете.“

    rn

    „Добрината може да одолее на сè, а самата е неодолива.“

    rn

    „Зборувајте само за она што ви е јасно, инаку молчете.“

    rn

    „Личната среќа не е можна надвор од општеството, исто како што животот на растението не е возможен ако се искорени од земја и се фрли на неплоден песок.“

    rn

    „Луѓето се поделени во два вида: едните прво мислат, а потоа зборуваат и дејствуваат, другите прво зборуваат и дејствуваат, па дури потоа мислат.“

    rn

    „Мозокот на невработениот човек е омиленото живеалиште на ѓаволот.“

    rn

    „Не треба да се срамите од каква било работа, дури и од најодвратната; треба да се срамите само од празен живот.“

    rn

    „Никогаш не вознемирувајте друг со тоа што можете да го направите сами.“

    rn

    „Разумот не ме научи ништо; сè што знам ми даде и ми откри моето срце.“

    rn

    „Задоволствата на богатите се создаваат со солзите на сиромашните.“

    rn

    „Човечката злоба секогаш започнува од немоќ.“

    rn

    „Повеќето мажи бараат од своите жени доблести на кои ни тие самите не се придржуваат.“

    rn

    „Сите мисли што имаат големи последици се едноставни.“

    rnПрочитајте ги највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита.

  • Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

    Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

    Злобните гласини и осудувања поради хомосексуалноста целосно ја имаат уништено неговата кариера и општествениот статус. Сепак, тој сега е еден од најсаканите и најпознатите писатели во историјата на човештвото.rnrnДекадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!rnrnОскар Вајлд, ирскиот песник и драматург, бил роден во 1854 година. Покрај книжевните творби, овој викторијански автор од својата огромна слава и популарност стигнал до самото дно поради еден од најголемите скандали на 19-тиот век.rnrnОд детството покажувал невидена интелигенција. Неговото книжевно творење вклучува есеи, песни, драми и еден роман – „Сликата на Доријан Греј“ (The Picture of Dorian Gray).rnrnСкромноста не била негова предност. Бил склон кон уживања во разни гозби и пијанки, трошел пари и одел на забави. Имал големо почитување во општеството. Бил духовит, со младешки дух, а можел и со часови да ја забавува публиката смислувајќи брзи шеги. Меѓутоа, во сѐ претерувал.rnrnБил оженет со Констанца и имал два сина. На четириесетгодишна возраст јавно изјавил дека е хомосексуалец. Истата година кога го запознал седумнаесетгодишниот Роби Рос, кој потоа му бил најверен пријател и љубовник.rnrnСепак, негова најголема љубов бил лорд Алфред Даглас, наречен Боузи, кој бил двојно помлад од него. Меѓутоа, Боузи бил причината за пропаста на Вајлд. Таткото на Боузи, авторитетен и влијателен човек, го тужел Вајлд поради што авторот завршил во затвор.rnrnБил приведен на 25 мај 1895, а пуштен на 18 мај 1897 година. Иако претходно бил сакан, по затворањето целиот Лондон му го свртел грбот. Го нарекувале криминалец. Неговото семејство се преселило во Швајцарија и го смениле презимето. Оскар бил физички и емотивно истоштен.rnrnТажен, без пари, без да може да ги види своите деца, починал во Париз. Се претпоставува дека причина за смртта бил сифилисот кој предизвикал церебрален менингитис.rnrnБил погребан на гробиштата Пер Лашез. На неговата гробница има сфинга бидејќи Оскар бил фасцинирал со Египет.rnrnГолем број обожаватели секоја година го посетуваат неговиот гроб, а неговите потомци во 2011 година издигнале стаклен ѕид околу споменикот за да го сочуваат од бакнежите на фановите.rnrnПрочитајте ги и овие одлични цитати од Оскар Вајлд.

  • Најубавите мисли од Габриел Хозе Гарсија Маркес

    Најубавите мисли од Габриел Хозе Гарсија Маркес

    Габриел Хозе Гарсија Маркес е колумбиски писател, новинар, издавач и политички активист. Тој има добиено Нобелова награда за книжевност во 1982 година. Негови најпознати дела се: „Сто години самотија“, „Есента на патријархот“, „Хроника на една најавена смрт“, „Љубов во време на колера“ и многу други. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати мисли.rnrnНајубавите мисли од Габриел Хозе Гарсија Маркесrn

    „Никогаш не престанувајте да се смеете, дури ни кога сте тажни. Некој можеби ќе се заљуби токму во вашата насмевка.“

    rnrn

    „Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат. Продолжете да верувате, само бидете внимателни.“

    rnrn

    „Најлошиот начин некој да ви недостасува е да седите покрај него и да знаете дека никогаш нема да го имате.“

    rnrn

    „Немојте да поминувате време со некој кој не сака да поминува време со вас.“

    rnrn

    „Не плачете затоа што нешто завршило. Смејте се затоа што се случило.“

    rnrn

    „Те сакам, не поради тоа што си, туку поради тоа што сум јас кога сум покрај тебе.“

    rnrn

    „Немојте толку да се спротивставувате. Најдобрите работи доаѓаат тогаш кога не ги очекувате.“

    rnrn

    „Ниедна личност не ги заслужува вашите солзи, а онаа која ги заслужува нема никогаш да ве расплаче.“

    rnrn

    “Тајната на добрата старост не е ништо друго освен ексклузивен договор со осаменоста.”

    rnrn

    „Вистинскиот пријател е оној кој ве држи за рака, а ви го допира срцето.“

    rnrn

    „Мудроста ни доаѓа тогаш кога од неа повеќе немаме корист.“

    rnПрочитајте ги и 12-те најубави цитати од руската поетеса Марина Цветаева.

  • Цитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од животот

    Цитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од животот

    Чарлс Дикенс е еден од оние класични писатели чии книги најверојатно сте ги читале додека сте оделе на училиште, како што се „Оливер Твист“ или „Големите очекувања“. По нивното читање, постојат големи шанси дека сте ги заборавиле. Но, ќе бидете изненадени кога ќе сфатите дека неговите цитати можат да послужат како вистинска мотивација. Неговите зборови се толку мудри што можат да се применуваат и ден денес. Во денешно време, животот на луѓето е исполнет со многу проблеми и стрес, па затоа честопати забораваме како вистински да уживаме. Прочитајте ги следниве цитати од Чарлс Дикенс кои ќе ве потсетат на најважните работи во животот: љубовта, смеата и добрата смисла за хумор…rnrnЦитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од живототrn

    Смејте се

    rn

    „Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор.“

    rn

    Секогаш бидете тука за луѓето кои ги сакате

    rn

    „Никогаш не ги затворајте усните за оние на кои веќе сте им го отвориле срцето.“

    rn

    Лошите моменти во животот служат за да ве направат посилни

    rn

    „Страдањето е најсилниот учител и тоа ме научи да разбирам какво ми било срцето. Сум бил превиткуван и кршен, но се надевам дека на крајот сум излегол во подобра форма од сето тоа.“

    rn

    Имајте нежно срце и нежен допир

    rn

    „Имајте срце кое никогаш не скаменува, темперамент кој никогаш не се уморува и допир кој никогаш не повредува.“

    rn

    Не срамете се да бидете чувствителни

    rn

    „Небото знае дека никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи, бидејќи тие се дождот кој паѓа врз заслепувачката прашина од земјата која ги покрива нашите тврди срца. Се чувствував подобро кога плачев. Бев посочувствителен, посвесен за мојата неблагодарност и понежен.“

    rn

    Бидете благодарни за тоа што го имате во сегашноста

    rn

    „Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале.“

    rn

    Љубовта и вистината ќе победат на крајот

    rn

    „Се надевам дека вистинската љубов и вистина се посилни од сето зло и сите несреќи на светот.“

    rn

    Посветете му се на животот

    rn

    „За сето тоа што сум се обидел да го направам во животот, сум давал сѐ од себе за да го направам како што треба. Работите на коишто се посветувам, се посветувам целосно. Истото важи и за големите и за малите цели.“

    rn

    Бидете мудри кога се работи за љубовта и животот

    rn

    „Има мудрост на разумот и мудрост на срцето.“

    rn

    Секогаш отворајте го вашето срце за љубовта

    rn

    „Срцето што љуби крие најголема мудрост.“

    rn

    Заштитете ги добрите луѓе во вашиот живот

    rn

    „Толку многу размислувам за топлите и чувствителни срца што би направил сѐ за да ги поштедам од болка.“

    rn

    Ваше семејство се луѓето за кои би направиле сѐ

    rn

    „Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв.“

    rnЦитати од Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда од живототrn

    Сите имаме добри и лоши страни

    rn

    „Мора да бидам прифатен таков каков што сум направен. Успехот не е мој, неуспехот не е мој, но и двете ме прават тоа што сум.“

    rn

    Секогаш бидете среќни

    rn

    „Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави.“

    rn

    Бидете слободни

    rn

    „Барам само да бидам слободен, пеперутките се слободни.“

    rn

    Среќата е тоа што ве прави прекрасни

    rn

    „Радоста и задоволството најмногу разубавуваат и тие се најпознатите заштитници на добриот изглед.“

    rn

    Создавате прекрасна поезија со вашиот живот

    rn

    „Поезијата му го прави на животот она што светлата и музиката ѝ го прават на сцената.“

    rn

    Бидете доследни во она што го правите

    rn

    „Доследноста во љубовта е добра работа, но не значи ништо, доколку не сте доследни во сѐ што правите.“

    rn

    Бидете внимателни со вашата добрина и мудрост

    rn

    „Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото.“

    rn

    Љубовта можеби е слепа, но не ја земајте здраво за готово

    rn

    „Љубовта иако е слепа, таа е внимателен набљудувач.“

    rn

    Не го потценувајте дружењето со стари пријатели

    rn

    „Болката предизвикана од разделбата не е ништо во споредба со радоста предизвикана од повторната средба.“

    rn

    Љубовта го врти светот

    rn

    „Љубовта е она што го врти светот!“

    rn

    Правете добро за другите и ќе правите добро и за себе

    rn

    „Ден потрошен на други луѓе никогаш не е залудно потрошен.“

    rn

    Не живејте во тага

    rn

    „Тагувањето никогаш не ги излечило скршените коски.“

    rnДоколку сте вљубеници во литературата, сигурно ќе ви се допаднат и следниве цинични цитати од Семјуел Бекет.

  • 17 цитати од Маргарет Атвуд кои ќе го разбудат писателот во вас

    17 цитати од Маргарет Атвуд кои ќе го разбудат писателот во вас

    Маргарет знаела дека ќе биде писателка уште кога имала 16 години. Но не ни помислила дека нејзините дела ќе допрат милиони низ целиот свет или пак дека до 2017 година ќе биде автор на над 35 тома поезија, детска литература и фантазија. Таа исто така не сакала ни награди од областа на литературата. Таа само сакала да ја следи својата страст – пишувањето. Овие цитати ќе го разбудат и инспирираат писателот во вас.rnrn13-citati-od-margaret-atvud-koi-kje-g-oinspiriraat-pisatelot-vo-vas-kafepauza.mkrn

    „Војната е она што се случува кога јазикот не успева.“

    rn

    „Збор по збор по збор е моќ.“

    rn

    „Сите писатели учат од мртвите. Сè додека продолжите да пишувате, ќе продолжите да ја истражувате работата на писателите пред вас, исто така ќе се чувствувате судени од нив и одговорни кон нив.“

    rn

    „Единствениот начин да ја запишете вистината е да претпоставите дека никој нема да го прочита напишаното. Ниту некој друг, ниту вие. Во спротивно ќе почнете да се оправдувате. Морате да го гледате пишувањето како се појавува како долг свиток со мастило од вашиот показалец на десната рака; мора да ја гледате и левата рака како истото го брише.“

    rn

    „Можеби не пишувам за никого. Можеби пишувам за истата причина како децата кои ги пишуваат нивните имиња во снегот.“

    rn

    „Ние бевме луѓето кои не живееја во весниците. Ние живеевме во празните бели места на работ од испечатеното. Тоа ни даваше повеќе слобода. Ние живеевме во празнините помеѓу приказните.“

    rn

    „Возможно е пишувањето да има нешто со темнината, со желбата да се влезе во неа, со среќа да се осветли и да се врати нешто назад во светлината.“

    rn

    „Сите писатели се двојници, од единствената причина што никогаш не го запознавате авторот на книгата што сте ја прочитале. Толку многу време поминало помеѓу пишувањето и издавањето, што авторот сега е друга личност.“

    rn

    „Ако раскажувам приказна, тогаш го контролирам крајот… Но ако е приказна, дури и во мојата глава, мора да му ја раскажувам на некого. Не си раскажувате приказни сами на себе. Секогаш има некој. Дури и кога нема никој.“

    rn

    „Ако чекав совршенство, немаше да напишам ниту еден збор.“

    rn

    „Како мала, верував дека стручна литература значи вистина. Но ако прочитате историја напишана во 1920 и историја со истите настани во 1995 година, тие ќе бидат различни. Можеби нема една вистина, можеби има повеќе. Но ова не значи дека реалноста не постои.“

    rn

    „Хартијата не е важна. Важни се зборовите на неа.“

    rn

    „Секој пишува на свој начин, секоја личност има приказна, лична нарација, која постојано се повторува, прегледува, се распаѓа и се соединува. Значајната поента во оваа нарација се менува како што старее личноста – она што било трагедија на 20 години е комедија или носталгија на 40.“

    rn

    „Сите писатели се чувствуваат погодено од ограничувањата на јазикот.“

    rn

    „Секој роман се надева на читател. Всушност пишувањето е надеж бидејќи се надевате дека ќе има некој кој ќе го прочита.“

    rn

    „Никогаш нема да го убиете раскажувањето приказни бидејќи тоа е вградено во човечкиот план.“

    rn

    „На крајот, сите ние стануваме приказни.“

    rnПрочитајте ги и најпознатите цитати од нобеловецот Албер Ками.

  • Додека имате магаре, јавајте го: Најпознатите цитати од генијалниот Стеван Сремац

    Додека имате магаре, јавајте го: Најпознатите цитати од генијалниот Стеван Сремац

    Стеван Сремац е еден од најзначајните писатели од српскиот реализам. Тој иако почнал да пишува на 33 години, зад себе оставил неколку познати романи и раскази меѓу кои „Ивкова слава“, „Вукадин“, Поп Чиро и поп Спиро“, „Зона Замфирова“ и многу други. Овие дела исто така биле екранизирани во ТВ серии и филмови. Главните одлики на неговото творештво се реалистичноста, хуморот, епизодичноста, традиционализмот, конзервативноста и слично. Во продолжение прочитајте некои од неговите најпознати цитати што ќе ве насмеат, но и замислат…rnrnДодека имате магаре, јавајте го: Најпознатите цитати од генијалниот Стеван Сремацrn

    „Женидба, тоа е просто игра на среќа. Имате, ви велат, полна вреќа змии и меѓу нив една јагула, ставате рака во вреќата и бирате! Е, па ајде, нека ви се падне баш таа една единствена јагула.“

    rn

    „Додека имате магаре, јавајте го.“

    rn

    „Тешко на своите без своето.“

    rn

    „Каде што нема расправии, нема ни нежности.“

    rn

    „Кога кучето јаде колбас, сигурно го украло.“

    rn

    „Богатство не е ниту среброто ниту златото, туку она што му е драго на срцето.“

    rn

    „Не вреди главата кога не носат нозете.“

    rn

    „Првата љубов и мајскиот дожд се прекрасни, но поминуваат за час.“

    rn

    „Рибата и гостинот третиот ден почнуваат да смрдат.“

    rn

    „И месечината може да биде поглед кон светот.“

    rn

    „Да е водата добра, во неа не би пливале жаби, туку луѓе.“

    rn

    „Каде има оган, мора да има и чад.“

    rnПрочитајте ги и следниве моќни цитати за животот и среќата од неповторливиот Иво Андриќ.

  • Моќната молитва на Антоан де Сент Егзипери: Прочитајте како овој писател му се обраќал на Бог

    Моќната молитва на Антоан де Сент Егзипери: Прочитајте како овој писател му се обраќал на Бог

    Во еден од најтешките периоди во неговиот живот, авторот на култната книга „Малиот принц“ напишал една моќна молитва која на малкумина им е позната. Антоан де Сент Егзипери ќе ве потсети на работите што се од најголема важност во животот и ќе ги допре вашиот ум и душа. Прочитајте ја неговата молитва која ќе ве наведе на размислување и ќе ви ги отвори очите…rnrnМоќната молитва на Антоан де Сент Егзипери: Прочитајте како овој писател му се обраќал на Богrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnБоже, не се молам за чуда и визии, само барам сила за да ги преживеам деновите. Научи ме да преземам мали чекори. Направи ме попаметен и поснаодлив за да можам да дојдам до значајни откритија и искуства во разновидните денови.rnrnПомогни ми подобро да го користам моето време. Покажи ми како да проценувам дали е нешто важно или не. Се молам за дисциплина и умереност, не само за да го поминам мојот живот, туку и за да живеам разумно и да можам да ги набљудувам неочекуваните задоволства и достигнувања.rnrnЧувај ме од наивното верување дека сѐ во животот треба да оди како подмачкано. Дај ми го трезвеното сознание дека самиот живот ни причинува потешкотии, неуспеси и потфрлувања за да нѐ претвори во зрели и возрасни луѓе.rnrnПрати ми ја вистинската личност во вистинско време, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја надополни вистината!rnrnЗнам дека многу проблеми се решаваат сами по себе, па затоа те молам да ми дадеш трпение.rnrnЗнаеш колку ни се потребни пријателствата. Направи да ги заслужам тие најубави, најтешки, најризични и најкршливи дарови на животот. Дај ми доволно фантазија за да можам да ја споделам со некого на вистинско место, во вистинско време, со зборови или тишина.rnrnПоштеди ме од стравот од она што ми недостасува во животот. Не давај ми ги работите што ги сакам, туку работите што ми се потребни. Научи ме да преземам мали чекори!rnrn[/message_box]rnrnКако што можевте и самите да забележите, големиот писател не бара материјални нешта за да биде среќен, туку има потреба од суштинските работи во животот без кои човек не би можел да биде исполнет и спокоен.rnrnДоколку ви се допаднаа зборовите на Антоан де Сент Егзипери и ја обожавате неговата книга, прочитајте ја едноставната мудрост од непроценливо значење на Малиот Принц.

  • Мудроста на Карлос Кастанеда: Како да мислите без зборови?

    Мудроста на Карлос Кастанеда: Како да мислите без зборови?

    Карлос Кастанеда е американски писател кој докторирал во областа на антропологијата. По неговата прва книга „Учењето на Дон Жуан“ (The Teachings of Don Juan), тој напишал голем број дела посветени на традиционалниот шаманизам. Постојат поделени мислења за овој контроверзен писател и неговите техники за подигнување на свеста. Без разлика дали ќе се согласите со него или не, вреди да прочитате дел од неговото предавање во кое Кастанеда тврди дека клучот на духовноста е тишината…rnrnМудроста на Карлос Кастанеда: Како да мислите без зборови?rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnТишината е премин помеѓу световите. Кога нашиот ум е замолчен, незамисливи аспекти од нашето битие испливуваат на површина. Од тој момент, личноста почнува да ги пренесува сопствените намери и нејзиното делување создава моќ.rnrnЗа време на моето учење, учителот ми покажуваше необјасниви подвизи кои ме плашеа, но истовремено ја поттикнуваа мојата амбиција да бидам исто толку моќен колку него. Често го прашував како да ги научам неговите трикови, но тој само ќе ставеше прст на уста и ќе зјапаше во мене.rnrnМи требаа години за да почнам да ја ценам величествената лекција на неговиот одговор: Клучот на мистиката и духовност лежи во тишината. Ако се прашувате дали овој концепт може да се дефинира, одговорот е не, не може да се дефинира.rnrnКога го вежбате, тогаш го перципирате. Ако се обидете да го разберете, ќе го блокирате. Немојте да го гледате како нешто комплицирано или тешко, бидејќи тоа не е нешто од некоја друга планета. Тоа е само замолчување на вашиот ум.rnrnБи можел да ви кажам дека тишината е како пристаниште во кое мируваат бродовите. Но, ако пристаништето е зафатено, нема да има место за ништо ново! Така би изгледала мојата визуелна претстава, но вистината е дека јас не знам како да зборувам за тоа.rnrnВнатрешната тишина не е само недостаток на мисли. Станува збор за прекин на пресудите, за сведочење без интерпретација. Внатрешната тишина може да се објасни на контрадикторен начин како „мислење без зборови“.rnrnЗа многумина од вас, ова што го зборувам нема никаква смисла, бидејќи навикнати сте да се консултирате со вашиот ум за сѐ и сешто. Иронично е тоа што нашите мисли воопшто не се наши. Тие излегуваат од нас во звучна форма, но тоа е нешто сосема друго. Со оглед на тоа што нашите мисли се присутни уште од моментот кога сме почнале да го користиме разумот, сите ние сме стекнале навика да живееме во присуство на нашите мисли.rnrnЈас не ви советувам да се обидете да го докажувате она што е мистично и духовно, бидејќи вашиот ум ќе ви нареди да се скриете зад цврстиот ѕид на интерпретацијата. Доколку сакате можност за духовен развој, постои само еден начин да стигнете до тоа: Исклучете го умот!rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие 10 навистина важни мудрости на Махатма Ганди кои ќе ви го променат животот.

  • Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

    Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

    Многу често се наоѓаме во ситуација кога ни е тешко да пронајдеме вистински зборови за да ги опишеме нашите чувства. Но, Харуки Мураками е писател кој знае многу вешто да го направи тоа. Неговите книги се доказ за тоа дека тој вистински ја разбира хемијата што се создава меѓу човечките души и умее тоа разбирање да го преточи во зборови со неверојатна точност и прецизност, но и со таков сензибилитет што поттикнува на размислување. Прочитајте ги најдобрите цитати на еден од најголемите писатели на модерното време…rnrnМисли за животот од неповторливиот Харуки Муракамиrn

    „Свет без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Не можеш ниту да го допреш, ниту да го вдишиш.“

    rn

    „Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку… Се испостави дека не е така. Растат преку ноќ.“

    rn

    „Не постои погрешно мислење. Постои мислење кое не се согласува со нашето. Тоа е сѐ.“

    rn

    „Колку сме постари, толку повеќе не можеме да ги ставиме работите на свое место.“

    rn

    „Сѐ што некогаш било со нас, а потоа исчезнало, иако исчезнало засекогаш, оставило празнина која никогаш нема да можеме да ја пополниме.“

    rn

    „Кога се гушкаме, ги споделуваме нашите стравови.“

    rn

    „Кога секој човек би верувал во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.“

    rn

    „Без разлика колку се трудите, не постои начин да побегнете од болката што ја чувствувате кога сте вознемирени.“

    rn

    „Искажувајте ги вашите чувства. Многу полошо е да ги потиснувате. Ќе се насоберат во вас и ќе стануваат сѐ потешки. На крајот ќе умрете.“

    rn

    „Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“

    rn

    „Се чини дека срцето е скриено зад дебела лушпа и само неколку луѓе можат да стигнат до него. Сигурно поради тоа ми е толку тешко вистински да почувствувам љубов.“

    rnМисли за животот од неповторливиот Харуки Муракамиrn

    „Искреноста која ја даваме и добиваме и желбата да помогнеме се најважните нешта.“

    rn

    „Празнината секогаш ќе биде пополнета со нешто.“

    rn

    „Кога на луѓето им е дадена надеж, тоа им помага да живеат подолго. Без надеж не постои ’подолго’.“

    rn

    „Нашата реалност е бескрајна борба помеѓу она што се случило и она што сакаме да го запамтиме.“

    rn

    „Не постои тајна која еден ден нема да излезе од срцето.“

    rn

    „Најважното нешто не е големото откритие кое другите го сфатиле пред вас, туку оние мали мисли кои ви доаѓаат сами.“

    rn

    „Што е осаменост? Слична е на чувството кога во дождлива ноќ стоите пред долгиот брег и гледате како моќните бранови се спојуваат со морето.“

    rn

    „Сеќавањата нѐ греат одвнатре. Но, и ни предизвикуваат силна болка исто така.“

    rn

    „Кога долго време гледате во морето, почнуваат да ви недостасуваат луѓето. Кога ги гледате луѓето, почнува да ви недостасува морето.“

    rn

    „Секој и сѐ изгледа убаво кога ги набљудувате од далечина.“

    rn

    „Често се случува најважните работи на светот да почнат со трки.“

    rn

    „Движењето во погрешен правец со голема брзина е полошо од стоењето во место.“

    rn

    „Кога немате никого со кого би ги споделиле вашите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат помеѓу себе.“

    rn

    „Ако сѐ се случува онака како што сакате, животот ќе ви биде здодевен.“

  • 11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

    11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

    Сите знаеме дека на општеството му се потребни писателите. Да не постоеја тие, вие сега ќе го правевте она што цело време го одложувате, наместо да ја читате оваа статија, на пример! А на писателите потребно им е да бидат во врска за да можат да ги искусат оние катаклизмични раскинувања кои ќе ги инспирираат за нивната наредна голема поема. Ако сѐ уште се двоумите дали да почнете врска со некој писател, ова се 11-те причини кои ќе ви докажат дека тоа е дефинитивно најдобрата одлука што можете да ја донесете…rnrn11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писателrn

    1. Писателите ќе пишуваат работи за вас

    rnНе гледајте на тоа како крадење на вашите лични детали од животот и нивно објавување во јавноста преку искрена статија за вашата врска. Гледајте на тоа како заем на деталите од вашиот приватен живот. Како да ви оддаваат почит. Во секој случај, тие веројатно ќе ви се оправдаат за тоа преку слатко љубовно писмо или есејска СМС порака на која нема да можете да одолеете.rn

    2. Знаат да лажат

    rnПисателите на некој начин лажат за да преживеат. Можеби го сметате лажењето за негативна особина, но можеби би требало да бидете со некој кој знае да излаже кога треба. Тие ќе бидат способни да ги сокријат изненадувањата за вашите родендени и со сериозен израз на лицето да ги гледаат фотографиите од новата смешна фризура што сакате да ја направите. Но, тие нема да ве лажат за големи работи, бидејќи нивниот инстинкт да напишат искрена објава за тоа што им се случува е едноставно посилен од нив.rn

    3. Писателите не се „скапи за одржување“ и лесно можете да ги залажете

    rnНа писателите не им треба скап накит, бидејќи тие и онака носат само пижами или свилени ноќници. Можете лесно да ги прелажете дека празните дневници, бележници за книга и убавите пенкала се прифатлив подарок за вашата годишнина. И бидејќи повеќето писатели воопшто не се заморуваат со материјалните нешта, ќе бидат презадоволни ако им направите кафе или им купите шише вино од блиската продавница. За возврат тие ќе ви возвратат со голем број рачно изработени подароци.rn

    4. Лесно е да ги прогонувате на Интернет

    rnПовеќето писатели имаат 2 или 50 примероци од нивните текстови кои се скриени некаде во темната страна на Интернетот. Воопшто не е тешко да го пронајдете нивниот блог од средно или поезијата која ја напишале некогаш во белешките на Фејсбук, па заборавиле да ја избришат. Не велиме дека уцените треба да бидат дел од една здрава врска, но добро е да знаете дека имате опции ако дојде до такво нешто.rnrn11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писателrn

    5. Ќе ве поддржат во сите ваши сомнителни животни одлуки

    rnКога ќе почнете врска со писател, имате гарантиран навивач кој ќе ве поддржи во секоја луда и бесмислена идеја што ќе ви дојде на памет. Тие ќе ги охрабрат сите ваши креативни изливи. Никогаш нема да ви кажат да си најдете вистинска работа или да се откажете од вашите соништа за нив. Тие разбираат дека неуспехот е нормален дел од животот. Секогаш ќе ви помогнат повторно да застанете на нозе и да најдете некоја уметничка пасија на која ќе го потрошите целото ваше време и богатство.rn

    6. Добри се за комуникација

    rnПа, зависи од тоа како го дефинирате терминот „комуникација“. Ако сте заинтересирани за долги пораки во секоја доба од денот или ноќта, бескрајни монолози и дебати поврзани со книжевноста, никогаш нема да ви биде здодевно. Многу писатели се срамежливи во јавноста (бидејќи не се навикнати на сончева светлина и други луѓе, нели), но веднаш штом ќе почнете разговор на тема која ги интересира, нема да можете да ги сопрете.rn

    7. Читањето е секси

    rnСекој добар писател е и добар читател, а читањето е секси. Плус, писателите сакаат да зборуваат за она што го читаат. И тие сакаат да ги споделуваат нивните омилени автори со нивната омилена личност (тоа сте вие). Исто така, тие со задоволство ќе ги прочитаат и вашите омилени книги за да можат да ги запознаат ликовите во кои се пронаоѓате.rn

    8. Флексибилни се

    rnФлексибилни во смисла на работа и распореди. Повеќето писатели се занимаваат со еден куп работи покрај пишувањето, бидејќи мораат да заработат некако. Но, секогаш имаат контрола врз тоа како го поминуваат времето. Тие без проблем можат да отидат на долг ручек со вас или да отпатуваат во Шпанија, во зависност од тоа колку си ја сакаат нивната постојана работа.rnrn11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писателrn

    9. Имаат слаб допир со реалноста

    rnАко имате барем одреден степен на стабилност во вашиот живот, тие ќе мислат дека вие живеете средено и како што треба. Тие секогаш ќе ве сметаат за комплетни и ќе се воодушевуваат на вашата организираност. Но, имаат и еден куп креативни идеи за тоа како да си ги направат работите забавни, без разлика на тоа што работат и што прават. Всушност, тие одлично се снаоѓаат во својот хаос и не би ни можеле да функционираат поинаку.rn

    10. Дури и да раскинете, ќе добиете неколку прекрасни приказни

    rnКога сте во врска со писател неминовно е дека ќе ви се случуваат неверојатни работи, кои со задоволство ќе ги прераскажувате и по прекинувањето на врската. Врските на писателите ретко успеваат, но бидете сигурни дека ќе имате неколку одлични приказни за раскажување, како и еден куп лути текстови и поезија со кои ќе можете да се пофалите дека се напишани токму за вас.rn

    11. Многу се страсни

    rnПисателите имаат многу чувства. Ним им се потребни овие чувства за да ги напишат сите тие лични текстови и експериментални дела. Но, обично им останува дел од таа емоционална енергија која сакаат да ја посветат на романсата, затоа што писателите пред сѐ се многу страсни. Страсни се за нивната дела, за делата на други автори, за храната која може да се подготви брзо со минимално готвење и за луѓето кои ги сакаат. Ако имате среќа да се заљубите во некој кој пишува, бидете сигурни дека ве очекува неверојатна страст и искрена романса каква што можете само да си замислите.