КАФЕ ПАУЗА

Tag: пилинг

  • Домашен рецепт за пилинг на скалпот и побрз раст на косата

    Домашен рецепт за пилинг на скалпот и побрз раст на косата

    Во третманите за нега на кожата, пилингот се користи со цел да се отстранат мртвите клетки. Постојат различни видови на пилинг за кожата на лицето и телото, но во овој процес на детоксикација и третмани за убавина важно е да не се заборави на скалпот. Пилинг на скалпот помага да се отстрани вишокот себум и нечистотија која не можеме да ја отстраниме со обично миење на косата, а воедно ја регенерира кожата и стимулира побрз раст на косата.rnrnДомашен рецепт за пилинг на скалпот и побрз раст на косатаrnrnСпоред многу експерти за нега на коса, негата на скалпот значително влијае на здравјето и убавината на косата. Затоа, денес ви предлагаме рецепт за природен пилинг кој лесно се подготвува и за кој ви се потребни само 4 состојки.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 до 4 лажици масло од јојоба
    • rn 011

    • 2-3 лажици гранулиран бел или кафеав шеќер
    • rn 011

    • 1 лажичка јаболков оцет
    • rn 011

    • 1-2 капки масло од чајно дрво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИстурете масло од јојоба, оцет, масло од чајно дрво и шеќер во голема чинија. Мешајте додека не се формира еднолична смеса – за да добиете подобра конзистентност, можете постепено, лажица по лажица, да додавате масло од јојоба. Поделете ја косата на делови и нанесете ја смесата на различни делови од скалпот. Добро измасирајте ја смесата на површината на скалпот со врвовите на прстите. По масажата на скалпот, оставете ја смесата неколку минути, за кожата да ги впие корисните состојки, а потоа измијте ја косата со шампон на вообичаен начин.rnrnОткако го прочитавте нашиот домашен рецепт за пилинг на скалпот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 видови витамини и минерали се неопходни за здрава и сјајна коса.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Зошто треба да пробате купка од овес?

    Зошто треба да пробате купка од овес?

    Овесот има бројни придобивки кога станува збор за нега на тело и кожа. Често се користи во бањи затоа што ефикасно ја чисти кожата. Овесните снегулки помагаат при сува кожа, ја враќаат природната влага во вашето тело и ги ублажуваат непријатностите и чешањето.rnrnПроизводите за нега подготвени од овесни снекулки ефикасно ја чистат нечистотијата од горниот слој на кожата и ги отстрануваат несовршеностите. По третманот со овесни снекуглки, вашата кожа ќе биде мазна, сјајна и мека на допир.rnrnЗошто треба да пробате купка од овес?rnrnКупката од овес е многу лесна за подготовка. За почеток, потребен ви е „прашок“ од овес, кој можете сами да го подготвите со ставање овес во блендер за неколку секунди. Потребна ви е топла вода за оваа купка, но внимавајте да не ја направите премногу топла или премногу студена, бидејќи тоа ќе ја поништи ефективноста. Пожелно е прашокот да се наоѓа директно под чешмата додека се подготвува бањата, бидејќи подобро се меша со вода и не се собира на дното на кадата. Водата треба полека да добие млечна, кремаста текстура – кога ќе го забележите овој ефект, вашата бања е подготвена. Купката од овес не само што ефикасно го релаксира и ослободува од стресот, туку има и лековити својства – ја смирува иритираната кожа и помага при изгореници од сонце.rnrnОд овес можете да подготвите и пилинг за тело, кој се користи за време на бањата. Бидејќи овие житни култури ја чистат кожата, дури и не ви треба сапун по третманот. За пилинг, потребни се јогурт и овесни снегелуки, во количини што проценувате дека се доволни за целото тело. Заради пропорција, на половина литар јогурт, ви треба половина чаша овесни снегулки – во форма на зрна или погруб прав. Измешајте ги овие две состојки, и оставете ја смесата во фрижидер два часа.rnrnНа овој начин ќе добиете густа паста која се нанесува на целото тело, со исклучок на лицето – кожата е преосетлива. Оставете пилингот да отстои две минути, а потоа исплакнете го со топла вода. Пилингот од овесни снегулки ги чисти и ги отстранува запушените пори, и ефикасно ја обновува кожата.rnrnЗа олеснување на чешањето кај сипаницата, се препорачува да се користат благи, природни препарати кои се нанесуваат локално за да не се оштети тенка и чувствителна кожа. Овесот денес се смета за многу интересна состојка поради многуте позитивни карактеристики на дејството врз кожата, а особено го нагласува неговиот корисен и смирувачки ефект. Покрај тоа, овесот има дермопротективно и антиинфламаторно дејство.rnrnДали веќе го пробавте овој трик за поубава коса што ги запали социјалните мрежи?

  • Лесен есенски пилинг за тело од тиква

    Лесен есенски пилинг за тело од тиква

    Есента носи многу вкусни плодови, а еден од нив е дефинитивно тиквата, која можете да ја користите на различни начини. Веројатно веќе сте имале можност да направите вкусни јадења од тиква, но овојпат не станува збор за јадење, туку за грижата за убавина на вашето тело. Погледнете како да направите лесен есенски пилинг за тело од тиква.rnrnЛесен есенски пилинг за тело од тикваrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 грама кафеав шеќер
    • rn 011

    • 200 грама мелено кафе
    • rn 011

    • 1-2 лажици зачин од тиква или пире од варена тиква (ако немате зачин од тиква, направете го со мешање на овие состојки по ваш вкус: морско оревче, ѓумбир, каранфилче и цимет)
    • rn 011

    • 450 милилитри масло по ваш избор – ленено масло, масло од семе од грозје или маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИстурете го шеќерот во сад и измешајте со дрвена лажица за да го скршите на помали парчиња. Потоа додајте ги меленото кафе и зачинот од тиква. Измешајте рамномерно пред да додадете масло. Додајте го маслото и мешајте додека не се соедини смесата. Истурете го пилингот во стаклена тегла и можете да го користите веднаш или да го чувате во фрижидер за понатамошна употреба.rn

    Примена:

    rnНанесете мала количина пилинг на чиста влажна кожа по телото и истријте добро. Оставете да дејствува околу 15 минути и потоа исплакнете темелно.rnrnПогледнете како да направите домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето.

  • Направете едноставен пилинг за лице што е создаден токму за вашиот тип кожа

    Направете едноставен пилинг за лице што е создаден токму за вашиот тип кожа

    За сами да направите едноставен и доста ефикасен пилинг за лице потребни ви се само неколку состојки кои со сигурност ги имате во вашиот кујнски орман. Па, што точно треба да одвоите за подготовка на оваа домашна маска?rnrnrn

    Шеќер или сол?

    rnЗа да направите добар и соодветен пилинг за вашето лице, најпрво ви е потребен добар чистач кој ќе помогне што подобро да се исчисти лицето, а за таа намена обично се користи сол или шеќер. Шеќерот е помалку абразивен, бидејќи полесно се топи за разлика од солта, а кафеавиот шеќер се препорачува за оние кои имаат чувствителна кожа. Од друга страна пак, солта многу делотворно ќе ги отстрани остатоците од мртвите клетки од кожа.rn

    Малку масло…

    rnСледната состојка која ви е потребна за добар пилинг е маслото, а обично се користи маслиново, бадемово, авокадово, кокосово или масло од шафран. Маслото од шафран се користи за надразнета и чувствителна кожа. Маслиновото масло е совршено за сува кожа и нема да ги затвори порите, додека бадемовото масло го намалува негативното влијание од УВ зраците. Маслото до авокадо е многу богато и совршено е за хидратација. И на крај, но не и најмалку важно, кокосовото масло кое е преполно со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето, и погодно е за сите видови на кожа.rn

    Тајната состојка

    rnОткако го избравте маслото и чистачот за пилингот, задолжително ставете и една од овие 5 намирници кои топло ви ги препорачуваме. Секоја од нив има својства кои придонесуваат за корист на кожата, правејќи ја да изгледа здраво и младолико. Ако во вашиот пилинг додадете овошје или зеленчук, ќе го намалите рокот на траење на пилингот, па затоа ќе биде потребно да го чувате во фрижидер.rnrnКиви – го изедначува тенот и ја храни кожата.rnrnЈагоди – најдобри се за пилинг кој се користи навечер, богати се со витамин Ц.rnrnАнанас – се препорачува за кожа која е склона кон акни и лупење.rnrnДомат – содржи ликопен кој ја чува кожата од УВ зраци.rnrnКраставица – го намалува задржувањето на вода и надуеност, односно кожата изгледа одморено.rnrn2-napravete-ednostaven-piling-za-lice-koj-e-sozdaden-za-vashiot-tip-na-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Како да го направите овој пилинг?

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Шеќер или сол
    • rn011

    • Масло
    • rn011

    • Овошје или зеленчук
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗемете една тегла со вообичаена големина и сипете во неа сол или шеќер, така што да се наполни околу 3/4 од теглата. Потоа додајте го маслото кое треба да биде дупло помалку од чистачот. Со други зборови, на две лажички шеќер, одговара една лажичка масло.rnrnСето ова добро измешајте го, а потоа додајте го овошјето или зеленчукот кое претходно сте го исечкале и со помош на толчник гмечете го за сè добро да се соедини. Немојте премногу да мешате, бидејќи не сакате „чистачот“ во целост да се растопи.rnrnПилингот нанесувајте го неколку пати неделно, така што со него ќе ја масирате кожата на лицето неколку минути, а потоа измијте со млака вода.

  • Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа

    Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа

    Летото е период кога најголем дел од кожата ни е изложен на сончеви зраци, поради што треба да посветиме особено внимание на нејзиното негување. Благодарение на солениот пилинг за лице и тело, кожата во текот на летните месеци ќе остане доволно хидрирана и ќе ја задржи својата нежност. Солениот пилинг е едноставен за правење и за користење.rnrn(1) Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и влажна кожаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама морска сол
    • rn011

    • 200 грама ладно цедено маслиново масло
    • rn011

    • 10 капки етерично масло од лаванда
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа земете од пилингот и со нежни кружни движења измасирајте го целото тело. Пилингот е најдобро да се исплакне со млака вода и кожата сама да се исуши, без бришење.rn

    Карактеристики:

    rnСитната морска сол ќе ги отстрани мртви клетки и грубата кожа, особено на лаковите, на стапалата и петите. Солта во содејство со етеричното масло од лаванда ќе делува антибактериски, а лавандата ќе овозможи лесно чувство на свежина на телото. Кожата веднаш ќе го впие маслиновото масло, а тоа ќе ја збогати со своите корисни состојки, како што се витамин Е и ќе овозможи задржување на нејзината влажност.

  • Врвен водич за совршен пилинг на целото тело

    Врвен водич за совршен пилинг на целото тело

    Можеби не знаевте, но во третманот за пилинг има многу повеќе отколку што можете да замислите. Освен секојдневните активности насочени кон одржување на убавината на кожата, барем еднаш неделно би требало да ѝ допуштите додатна нега, а токму пилингот е тој кој е заслужен да имате нежна, сјајна и негувана кожа. Причината за тоа е што веднаш по овој третман нашата кожа станува мазна и блескава. Доколку сакате да ја подготвите за летото, направете го тоа со пилинг од глава до пети. Ви претставуваме сјајни совети, кои ќе ви помогнат да го направите тоа на најдобриот можен начин.rnrn1-ultimativen-vodich-za-sovrshen-piling-na-celoto-telo-www.kafepauza.mk_rn

    За правилен пилинг на целото тело потребни ви се:

    rn

      rn011

    • Пилинг средство за чистење
    • rn011

    • Сунѓер, четка со сунѓер или ракавица
    • rn011

    • Камен за стапала
    • rn011

    • Лосион за тело
    • rn

    rn2-ultimativen-vodich-za-sovrshen-piling-na-celoto-telo-www.kafepauza.mk_rn

    Постапката е следна:

    rn1. Пред да започнете со туширањето, со помош на ракавицата или сунѓерот поминете низ целото тело за да ја отстраните сувата кожа. На тој начин, кожата ќе биде подготвена за пилинг, но немојте да го правите тоа доколку имате изгореници од сонце, отворени рани или исеченици.rnrn2. Започнете со туширање од глава до пети.rnrn3. Земете го каменот за стапала за да ги отстраните сите тврди делови од стапалата. Доколку е потребно, потопете ги нозете во топла вода измешана со чаша млеко, 30 минути пред туширањето.rnrn3-ultimativen-vodich-za-sovrshen-piling-na-celoto-telo-www.kafepauza.mk_rnrn4. На ракавицата нанесете средство за пилинг. Започнете од нозете, па со кружни движења качувајте се кон рамената. Кога ќе бидете околу бикини зоната, бидете доста внимателни, бидејќи на ова место, кожата е многу чувствителна.rnrn5. Кога ќе стигнете до вратот, заменете го производот за пилинг на телото со оној кој е наменет исклучително за лице. Исто така, немојте да бидете премногу груби, а особено избегнувајте го делот околу очите и воспалените места.rnrn4-ultimativen-vodich-za-sovrshen-piling-na-celoto-telo-www.kafepauza.mk_rnrn6. Не заборавајте ги рацете на кои исто така им е потребен квалитетен пилинг.rnrn7. Измијте се со млака вода, намалувајќи ја кон ладна, онолку колку што можете да издржите.rnrn8. Кога ќе завршите со туширањето, нанесете лосион за тело. Идеални лосиони се оние кои ја хидридаат кожата и кои содржат алфа и бета хидрокси киселини, бидејќи и по нанесувањето продолжуваат да ја отстрануваат мртвата кожа.rnrn5-ultimativen-vodich-za-sovrshen-piling-na-celoto-telo-www.kafepauza.mk_rnrn9. Користете хидратантно млеко за тело секојдневно, бидејќи најубавата кожа е токму онаа која е мека и хидрирана.rnrnУбавата и негувана кожа не е недостапна, па затоа уште во првата прилика направете пилинг и не заборавајте дека не смеете да го практикувате повеќе од два пати неделно!

  • 6 несвесни грешки кои ги правите при отстранување на влакната

    6 несвесни грешки кои ги правите при отстранување на влакната

    Сраснатите влакна може да бидат последица од депилацијата, но проблемот не мора да биде во начинот на кој сте ги отстраниле, туку во тоа дали сте ја припремиле кожата за овој процес. Избегнувајте ги следниве 6 најчести грешки за да добиете најдобри резултати од депилацијата, безболно и потполно мазно.rnrn1-prestanete-da-gi-pravite-6-nesvesni-greshki-koi-gi-pravite-pri-otstranuvanje-na-vlaknata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не правите пилинг на кожата

    rnПилингот е најдобар начин за да ги спречите сраснатите влакна, без разлика на тоа која метода за отстранување на влакна ја користите. Доколку веќе имате сраснати влакна, направете лесен пилинг на областа каде тие се сраснати. За да го спречите сраснувањето на влакната после бричењето, секојдневно користете лосиони за кожа кој содржи хидроксид киселина, состојка која ќе ја опушти мртвата кожа и ќе спречи влакната да останат „заробени“ под неа.rn

    2. Ги бричите влакната наутро

    rnМногу жени ги бричат влакната во текот на утрешното туширање. На тој начин се штеди време, но не се обезбедува и најмазното бричење. Всушност, во текот на спиењето нозете малку натекуваат, поради што некои влакна може да останата скриени и недостапни за бричот. За најдобар резултат, нозете бричете ги навечер.rn

    3. Се бричите додека лежите во топла купка

    rnТоплината исто така влијае на натекување на нозете, поради што бричењето би требало да го прескокнете и додека лежите во топла купка. Ако баш мора да ги избричите нозете во топла купка, тогаш направете го тоа веднаш на почетокот: Доколку чекате повеќе од 10 минути за да ги избричите нозете, тие нема да ви бидат мазни.rnrnSide profile of a young woman shaving her legs in a bathtubrn

    4. Се бричите со тап жилет

    rnЕден ист жилет најдобро е да не го користите повеќе од месец дена, доколку го користите секојдневно. На тој начин ќе постигнете максимално мазно бричење, но и ќе ја спречите појавата на црвени точки. Исто така, после секое користење, потребно е добро да го исчистите жилетот под млаз топла вода.rn

    5. Не користите крема или пена за бричење

    rnПената за бричење е важна, бидејќи таа ги спречува можните иритации на кожата, но исто така овозможува жилетот да ги отстрани влакната скоро до коренот. Пената нанесете ја во правец спротивен на правецот на раст на влакната, за да ги исправите и на тој начин попрецизно да ги отстраните.rn

    6. Пречесто се депилирате со восок

    rnПомеѓу депилацијата со восок би требало да почекате 4 недели, односно депилирајте се еднаш месечно, за влакната да нараснат доволно и да има восокот за што да се залепи. Влакната на бикини зоната и нозете се спремни за депилација кога се долги половина центиметар, а грубите влакна би требало да бидат долги еден центиметар.rnrnClose up of woman shaving legs in bathroom

  • 3 едноставни и евтини начини за да изгледате помладо

    3 едноставни и евтини начини за да изгледате помладо

    Иако на младешкиот изглед најмногу влијаат животниот стил и гените, сепак сите ние знаеме дека исто така правилната нега игра доста важна улога. Од друга страна пак, многумина од нас мислат дека без скапи креми и третмани нема ништо од сјајната и блескава кожа. Сепак, тоа не е во потполно точно, а токму поради тоа со вас споделуваме 3 едноставни и доста евтини начини за вашето лице и тело да не ги одаваат вашите години.rnrn1-3-ednostavni-i-evtini-nachini-za-da-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    1. Намалете го внесувањето на шеќери во организмот

    rnПретераното внесување шеќер не е добро ниту за тежината ниту пак за здравјето, а исто така, лошото влијание може да се одрази и на кожата. Всушност, тој може да предизвика појава на акни и мозолчиња, како и други процеси на воспаление на лицето. Шеќерот се врзува за протеините и мастите во организмот, а како последица се јавуваат слободни радикали кои го намалуваат колагенот и еластинот во кожата. Веќе ви е јасно, вашето лице ќе биде помалку затегнато, а брчките ќе се зголемуваат. Обидете се да го избегнувате колку што можете повеќе.rnrn2-3-ednostavni-i-evtini-nachini-za-da-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    2. Пред спиење нанесете витамин А на вашето лице

    rnВитаминот А е природен извор на ретинол за кој многумина сметаат дека е фантастичен кога се во прашање брчките. Баш поради таа причина побарајте крема која ја содржи оваа состојка и секако, таа крема воопшто не мора да биде скапа.rnrn3-3-ednostavni-i-evtini-nachini-za-da-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rn

    3. Редовно правете пилинг

    rnПилингот е доста добар за да добиете мека и убава кожа на лицето и телото. Сепак, можеби не сте знаеле дека тој го поттикнува производството на колаген кој ја затегнува кожата. Постојат многу сјајни пилинзи кои се доста евтини, бидејќи можете да ги направите дома со само неколку состојки кои веќе ги имате во вашата кујна. Важно е да знаете дека од два до три пати е сосема доволно за да го правите овој третман, всушност, повеќе пати од тоа не ни смеете.rnrn4-3-ednostavni-i-evtini-nachini-za-da-izgledate-pomlado-www.kafepauza.mk_rnrnИмајте на ум дека исхраната, вежбањето, откажувањето од цигарите и алкохолот се исто така важни за младешки изглед, па на вас останува да одлучите кој ќе биде вашиот стил на живот.

  • Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

    Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

    Белите пори можат да настанат како резултат на претераната работа на лојните и масните жлезди, последователно на оштетувањето на кожата и изгорениците од сонцето и штетните зраци. Тие можат да се појават низ целото лице и се формираат така што кератинот, кој го произведува кожата, останува заробен под нејзината површина правејќи мали цисти во форма на бели точки.rnrnДомашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицетоrnrnЗа жал, без одредени процедури, белите пори нема сами од себе да исчезнат, освен оние помалите кои траат 2-3 недели, но ваквиот козметички проблем можете да го победите и во домашни услови. Најдобро е да се користат комплекс природни средства и резултатите ќе бидат позитивни. Еве на кои начини можете да ги исчистите белите пори од лицето и да ја превенирате нивната појава.rnrnМиење на лицето со ладна вода. Миењето со ладна вода придонесува за стеснување на порите и е одлична превентива против белите пори и другите проблеми со кожата како што се акните.rnrnПилинг за лице од лимон и шеќер. Лимонот има антибактериски, антисептични и антиоксидансни својства. Како природно средство, тој постојано се применува во негата на лицето. За пилингот ви се потребни шеќер, лимон и маслиново масло. Добро соединете ги сите состојки и нежно тријте го лицето со кружни движења. Оставете да делува 15-20 минути и потоа измијте го лицето.rnrnДомашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицетоrnrnМасло од чајно дрво. Ова е природно средство за дезинфекција на кожата. Има антибактериски и антигабични својства, што помага кожата да изгледа почиста и поотпорна на инфекции. После миењето на лицето, нанесете го маслото на местата зафатени со бели пори со помош на чепкалки за уши. Оставете да делува преку ноќта и наутро измијте го лицето.rnrnПрав од калинка. Земете кора од калинка и ставете ја во рерна да се исуши додека не добие кафеава боја. Потоа, со помош на мелница за кафе иситнете ја во прав. Направете маска така што ќе го помешате правот со лимонов сок. Нанесете ја маската на лице и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте ја. Нанесувајте ја маската 2-3 пати неделоно и недостатоците на кожата ќе исчезнат.rnrnДоколку вашата кожа е склона на појава на бели пори, акни и мозолчиња, обидете се да избегнувате подолг престој на сонце и носете соодветна заштита.rnrnДомашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

  • 6 необични примени на маслиновото масло

    6 необични примени на маслиновото масло

    На сите ни е веќе добро познато дека маслиновото масло, покрај што се користи во подготовката на храната, наоѓа големи примени и во повеќе различни аспекти од животот: Од чистењето на домот до убавината и негата на кожата. Во продолжение прочитајте ги овие 6 алтернативни употреби на маслиновото масло за кои можеби не сте знаеле и кои сигурно ќе ви помогнат во справувањето со некои од секојдневните проблеми.rn

    1. Справување со суви пети

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnМаслиновото масло е најдоброто решение за проблемот со сувите и испукани пети. Пред туширање, направете пилинг на стапалата за ги отстраните мртвите клетки на кожата. Откако ќе се истуширате, наместо крема, нанесете одредена количина маслиново масло. Облечете чорапи и отспијте во нив – наредното утро вашите стапала ќе бидат меки и мазни.rn

    2. Нега на кожата околу ноктите

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnЗа кожата околу ноктите секогаш да ви биде нежна и хидрирана, редовно премачкувајте ја со мала количина маслиново масло. На тој начин кожата на дланките ќе ви биде здрава и негувана, а ноктите ќе ви бидат многу поцврсти.rn

    3. Чистење на четките за шминка

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnНе морате да трошите пари за средства за чистење на четките за шминка. Во една чаша промешајте малку маслиново масло со детергент за миење садови и во неа ставете ги четките. Така ќе ги отстраните сите нечистотии и остатоци од производите, а поради маслото, четките ќе бидат многу помеки од претходно.rn

    4. Пилинг за усни

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnВо една чинија направете смеса од мед, шеќер и маслиново масло и со неа нежно протријте ги усните. На тој начин успешно ќе ја отстраните мртвата кожа, а кога ќе ги измиете усните од оваа мешавина, ќе бидете изненадени од нивната мекост.rn

    5. Отстранувач на шминка

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnНа памук нанесете малку маслиново масло и со него поминете преку очите и лицето. Маслиновото масло ќе ги собере сите производи од кожата и ќе го остави вашето лице чисто и свежо.rn

    6. Маска за коса

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnВо микробранова печка загрејте маслиново масло на неколку секунди и нанесете го на косата. Оставете го да делува 20 минути, а потоа измијте ја косата на начин на кој вообичаено го правите тоа. Маската од маслиново масло дополнително ја хидрира вашата коса и кожата на главата.