КАФЕ ПАУЗА

Tag: пилинг

  • Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

    Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

    Секој посакува да има нежни, убави и негувани раце. Рацете и вратот се првите места на кои се откриваат староста и годините бидејќи на тие делови од кожата се појавуваат и првите старосни брчки и траги. За што подолго да ја задржите нежноста и убавината на рацете, експертите за нега на кожа препорачуваат еднаш неделно да се прави пилинг. Во продолжение прочитајте го најдобриот рецепт за пилинг на кожата на рацете, кој гарантира поеластична, поздрава и поубава кожа.rnrnАроматичен пилинг за рацеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 кафени лажички шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка маслиново или кокосово масло
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и користење:

    rnСмешајте ги сите состојки додека не добиете една хомогена смеса. Со нежни движења полека нанесете ја смесата на кожата, тријте ги рацете една од друга неколку минути, а потоа добро измијте ги. Веднаш ќе забележите промена. За уште поголем ефект, веднаш по пилингот, нанесете хидратантен крем за раце.

  • Совети за нега на кожата во текот на менструалниот циклус

    Совети за нега на кожата во текот на менструалниот циклус

    Жените многу добро знаат како изгледа нивната кожа пред, во текот и после менструалниот циклус. Обично лицето е натечено и доаѓа до појава на акни, па затоа е потребно да му се посвети доволно внимание и адекватно да се негува. Еве како.rnrn1-soveti-za-nega-na-kozhata-vo-tekot-na-menstrualniot-ciklus-www.kafepauza.mk_rnrnЦелиот период пред и после менструалниот циклус трае 28 дена и во текот на тој период нашата кожа минува низ низа промени.rnrnВо предменструалниот период нашата кожа изгледа најлошо, сè до моментот додека не добиеме менструација. Тогаш доаѓа до пораст на нивото на естроген, прогестерон и тестостерон, а нашата кожа реагира со зголемено лачење на масла и поголема отвореност на порите, поради што доаѓа до отекување на лицето. Затоа е добро да користите тоник за чистење на лицето со салицилна киселина, бидејќи со неа најдобро ќе ги отстраните сите бактерии од кожата.rnrnМенструалниот период, барем кога е нашата кожа во прашање, е специфичен по тоа што нивото на естроген е многу ниско, додека воспалителниот процес на кожата многу висок. Кожата и понатаму не е во најдобро издание, бидејќи вашето лице може да изгледа испиено, а со самото тоа вие може да делувате уморно. Најдоброто нешто што можете да го направите во тој период е да ја негувате вашата кожа со тоник кој содржи комбинација на кафе, зелен чај и витамин Ц, кој ќе ја смири кожата.rnrn2-soveti-za-nega-na-kozhata-vo-tekot-na-menstrualniot-ciklus-www.kafepauza.mk_rnrnПериодот после менструацијата подразбира пораст на нивото на естроген, па со самото тоа нашата кожа изгледа многу подобро. Кожата е хидрирана, порите се намалени и се произведува колаген кој е од голема важност за нејзиниот убав изглед. Во овој период секогаш нанесувајте крема со СПФ, а ако е возможно избегнувајте тешка шминка и дозволете ѝ на вашата кожа да дише и на вистински начин да се одмори.rnrnПериодот на овулација е карактеристичен по тоа што кожата лачи доста масла, па со самото тоа е склона кон создавање акни. Ова е период кога хормоните „дивеат“ во нашето тело, па затоа е многу важно да користите препарати и шминка кои во себе не содржат масла, бидејќи само на овој начин ќе успеете да ја сочувате вашата кожа во најдобро издание.rnrn3-soveti-za-nega-na-kozhata-vo-tekot-na-menstrualniot-ciklus-www.kafepauza.mk_

  • Совети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбоната

    Совети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбоната

    Иако сода бикарбоната главно се користи за чистење или за ослободување од непријатните кујнски мириси, често забораваме дека нејзината намена е многу поголема и дека можете да ја употребите и за личната нега на лицето и телото.rnrnСледуваат 10 начини на кои можете да ја употребите сода бикарбоната во секојдневната нега.rn

    1. Миење на рацете

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnЧесто се случува антибактериските сапуни за раце да не ја отстранат целата нечистотија или маснотија од рацете. Доколку со вода помешате малку сода бикарбона и ја протриете смесата низ дланките, веднаш ќе го решите овој проблем.rn

    2. Шампон за суво миење

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку неочекувано ви се потроши шампонот за коса или сакате брзо да ја „измиете“ косата без потоа да ја сушите со фен, сода бикарбоната може да ви помогне. Нанесете ја на коренот и нежно протријте за да се впие целата маснотија од косата.rn

    3. Природен дезодоранс

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку барате природен дезодоранс без алуминиум, можете да ја употребите сода бикарбоната. Само помешајте ја со вода или пробајте некои рецепти со есенцијални масла за арома.rn

    4. Избелување на забите

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnСмесата од сода бикарбона и вода може да ги отстрани дамките од кафе, црвено вино или цигари. Помешана со малку хидроген пероксид, оваа комбинација ќе делува како вистинско средство за избелување на забите со кое ќе заштедите и пари.rn

    5. Пилинг за кожа

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnАбразивните честички кои се во составот на сода бикарбоната ја прават идеална за ексфолијација на кожата. Можете да ја додадете во вообичаениот пилинг за кожа или да направите смеса со вода.rn

    6. Избелување на ноктите

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку често сакате да менувате лакови за нокти во различни бои, жолтилото кое тие го оставаат на ноктите после нивното отстранување сигурно ви е познато. За да ги избелите ноктите, направете смеса од сода бикарбона и хидроген пероксид. Нанесете ја на ноктите со четка за заби и оставете ја 3 до 5 минути. Потоа само измијте ги рацете.rn

    7. Отстранување на препратите за самопотемнување

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку имате дамки од неправилно нанесен лосион за самопотемнување на телото, можете лесно да ги отстраните со смеса од сода бикарбона и лимонов сок.rn

    8. Чистење на четките за шминкање

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnИако повеќето од нас користиме сапун и масло, сода бикрбоната исто така може да биде доста делотворна. Неколку кафени лажички сода бикарбона растворени во топла вода веднаш ќе ги отстранат остатоците од шминка од вашите четки, а оваа смеса е добра и за чистење на четката за заби и четките и чешелите за коса.rn

    9. Освежувач на здивот

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnХраната која содржи шеќер и киселини може да ја наруши природната pH вредност во устата и да предизвика лош здив. Плакнењето на устата со топла вода и сода бикарбона ќе ги отстрани непријатните мириси и ќе придонесе за општото здравје на вашата уста.rn

    10. Нежна кожа

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnНе е во прашање урбана легенда – сода бикарбоната навистина го смирува црвенилото на кожата и чешањето. Помешајте ја со својот вообичаен гел за туширање кој редовно го користите за уште подобар ефект.

  • Тајната на овошјето и зеленчукот: Искористете ги паметно за да постигнете секси изглед

    Тајната на овошјето и зеленчукот: Искористете ги паметно за да постигнете секси изглед

    Освен тоа што се вкусни, вашето омилено овошје и зеленчук, можат да ви помогнат да постигнете секси изглед во ова топло лето.rnrn1-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јагоди за затегната кожа

    rnОва црвено овошје е полно со витамин Ц, кој е важен за производството на колaген, кој пак ѝ помага на нашата кожа да биде цврста и затегната. Нашето тело не може само да го произведе овој витамин и затоа е многу важно редовно да го внесуваме преку храната.rn

    Како храна

    rnЈагодите најдобро би било да ги јадете свежи и цели, а не исечкани, бидејќи ако подолго време е изложен на воздух витаминот Ц ја губи својата јачина. Може да направите и смуди со мраз ако сакате да се разладите во овие топли денови.rn

    Како нега

    rnКога сте дома и имате слободно време, искористете ги јагодите за да направите бјути третман кој ќе ви ги намали порите на кожата и ќе ги осветли дамките кои ви се појавиле од сонцето. Изгмечете ги јагодите и додајте во смесата лажичка лимонов сок и пола чаша јогурт. Оставете ја смесата да се излади во фрижидер, а потоа нанесете ја на лицето и вратот. Држете ја маската на вас околу половина час, а потоа измијте ја.rnrn2-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_rn

    2. Праски за кадифена кожа

    rnВитаминот А, со кој се богати праските, ја поттикнува регенерацијата на ќелиите и на тој начин ѝ помага на кожата да изгледа здраво и свежо. Исто така може да ја намали штетата на кожата која произлегла од преголемото изложување на сонце.rn

    Како храна

    rnЕдна до две праски дневно ќе ви бидат доволни за да го внесете потребното количество на витамин А. Избирајте ги позрелите праски со црвена кора. Може да направите овошна салата или да ги додадете во сладолед од ванила.rn

    Како нега

    rnСо помош на праските може да направите пилинг кој ќе ви ги отстрани мртвите клетки од кожата и ќе ја нахрани. Изгмечете две праски и додадете лажичка маслиново масло и кафеав шеќер. Истријте ја кожата неколку минути, па оставете ја малку да постои. Потоа измијте ја со млака вода.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArn

    3. Домати против акни

    rnЛикопенот кој се наоѓа во доматите помага во спречување и намалување на воспалението на кожата и на тој начин во голема мера влијае на појавата на акни и на запушените пори. Додавањето на овој плод во секојдневната исхрана ќе ви помогне да добиете поубава кожа.rn

    Како храна

    rnКако и секое друго овошје и зеленчук, и доматот може да го јадете зготвен или пак свеж. Ако се одлучите за свеж, измијте го добро, исечкајте го на парчиња, прелијте го со маслиново масло и додадете малку свеж босилек. Доколку сакате да го додадете во јадењето, ситно исечкајте го на парчиња, кратко пропржете го на маслиново масло и додадете лук. Ќе добиете вкусен сос за шпагети.rn

    Како нега

    rnИсечкајте го доматот на тенки кругови и наредете ги на лицето. Оставете ги 15 минути додека кожата не го впие сокот од нив. Потоа исечете уште еден домат на половина, па истријте ја кожата со кружни движења. Измијте со топла вода. На овој начин ќе ги отпушите порите и ќе ја спречите можноста за создавање на акни и митесери.rnrn4-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_rn

    4. Боровинки за сјај

    rnВитаминот Е кој се наоѓа во ова овошје ѝ помага на кожата да се брани од надворешните влијанија и ѝ овозможува таа секогаш да биде хидрирана. Иако ни се чини дека во летниот период внесуваме доволно вода, зголеменото потење влијае на нејзиното губење и затоа нашата кожа често изгледа изморено и дехидрирано. Затоа е потребно да го внесуваме витаминот Е кој на нашата кожа ќе ѝ ја обезбеди потребната влажност.rn

    Како храна

    rnСамо една рака боровинки, покрај веќе спомнатиот витамин Е, содржи бројни антиоксиданси. Измешајте ги со јогурт и овесни снегулки и ќе добиете прекрасен здрав оброк.rn

    Како нега

    rnМаската од боровинки може да ја направите сами и доволно е да ја практикувате само еднаш неделно за да ја хидрирате кожата. Во блендер ставете една рака боровинки, сок од еден лимон, рака исечкани бадеми, лажичка полномасен јогурт и лажичка мед. Мешајте сè додека не добиете изедначена смеса и оставете ја малку во фрижидер за да се стегне. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и врат и оставете ја 20 минути. После тоа измасирајте ја кожата, за да направете благ пилинг, па потоа измијте ја.rnrn5-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_

  • Домашен пилинг за побрзо отстранување на целулитот

    Домашен пилинг за побрзо отстранување на целулитот

    Доколку веќе внимавате на вашата исхрана и редовно вежбате, веќе сте на добар пат да го решите проблемот со целулитот. За да го забрзате целиот процес, ви го предлагаме овој пилинг кој можете да го направите дома.rnrnДомашен пилинг за побрзо отстранување на целулитотrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • пола шолја кафе
    • rn011

    • 2 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги сите состојки во пластичен сад и смесата поклопете ја со капак. Искористете ја смесата за добро да ги истриете критичните делови веднаш по туширањето, а потоа исплакнете со млака вода. На крај можете да додадете и крем против целулит.

  • Како најдобро да ги отстраните влакната со бричење?

    Како најдобро да ги отстраните влакната со бричење?

    Бричењето е наједноставниот начин да ги отстраните несаканите влакна, а за да ги избегнете исечениците и иритациите најдобро е да се држите до следниве правила.rnrnkako-najdobro-da-gi-otstranite-vlaknata-so-brichenje-kafepauza.mkrn

    1. Пилинг пред бричење

    rnСо помош на пилингот ќе ги отстраните мртвите клетки кои можат да го „затнат“ бричот и да го отежнат бричењето. А освен тоа вака помали се шансите дека ќе се исечете. Одберете благ пилинг или користете гел за туширање со пилинг на дневна база.rn

    2. Ништо без крема или пена за бричење

    rnНемојте да мислите дека со сапунот или пак со гелот за туширање ќе ги замените кремот и пената за бричење. Сапунот само ќе ја исуши кожата, додека производот наменет за бричење ќе ја хидрира и ќе го олесни бричењето. Ако немате крем или пена за бричење при рака, слободно посегнете по регенераторот за коса.rn

    3. Бидете нежни спрема кожата

    rnПосле бричењето најдобро е да ги одбегнувате грубите ракавици или сунѓери за тело, бидејќи само ќе ја иритирате кожата што потоа може да доведе до појава на црвенило и мозолчиња.rn

    4. Не се сите креми за бричење исти

    rnКако и секој козметички производ, различни креми или пени за бричење се наменети за различни типови кожа. Ако вашата кожа е сува и осетлива, би требало да избегнувате производи кои содржат алкохол и парфеми.rn

    5. Најдобро е туширањето да го завршите со бричење

    rnТоплината и пареата од тушот ќе ги омекнат влакната и ќе ги отворат порите на кожата. Затоа најлесно е нозете да ги бричите после туширањето.rn

    6. И бутините се важни

    rnМногу жени го прескокнуваат тоа подрачје, што е голема грешка. Бутините се исто така важни како и другите делови од ногата, па и од нив треба да ги избричите непожелните влакна сè додека ногата не е мазна на допир.rn

    7. Долгите потези не се секогаш успешни

    rnТоа е една од почестите грешки кои ги правиме. Подобри резултати ќе добиеме ако правиме кратки потези и не го притискаме бричот. Ако повеќе пати поминувате на ист дел со цел да ги отстраните влакната, но без успех, тоа значи дека бричот е отапен и треба да го замените со нов.rn

    8. Изберете го вистинскиот брич

    rnПронаоѓањето на вистинскиот брич е првото важно нешто за удобноста при бричењето. Тој би требало да има повеќе острици за да не морате повеќе пати да поминувате преку едно исто место, а со тоа и да ги спречите иритациите.rn

    9. Мачкајте ги нозете

    rnКако што секој ден со крем го мачкате вашето лице, така ќе морате да правите и со вашите нозе. Кога ќе почувствувате дека кожата на нозете е сува, хидрирајте ја со лосион или млеко за тело и така ќе го спречите црвенилото.rn

    10. Не заборавајте на заштитата од сонцето

    rnПосле бричењето или пак депилацијата кожата е осетлива па при излегување на сонце во потоплите денови потребно е да ја заштитите со крема со заштитен фактор. Но одбирајте лосиони не само со заштита туку такви што истовремено ја хидрираат.

  • 3 рецепти за најдобрите антицелулитни третмани

    3 рецепти за најдобрите антицелулитни третмани

    Пилинзите кои се состојат од абразивни состојки како морска сол, кафеав шеќер и кафе се најдобрите пријатели на мазното тело без целулит. Тие ја чистат кожата од мртвите клетки, ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат непосакуваниот ефект на кора од портокал на задникот и бутовите.rnrn3-recepti-za-najdobrite-anticelulitni-tretmani-kafepauza.mkrnrnПред вас се 3 рецепти за пилинг кои можат да ви помогнат во борбата со целулитот, а сите можете лесно да ги подготвите сами дома.rn

    1. Паста од морска сол и кафеав шеќер

    rnНаправете паста од 1 шолја кафеав шеќер, 1 шолја морска сол, сок од еден лимон, неколку кафени лажички маслиново масло и 2 лажици мед. Втријте ја пастата на критичните делови на делото и масирајте со кружни движења. Оставете ја пастата да отстои 5 минути па измијте ја од телото со ладна вода.rn

    2. Паста од кафе и шеќер

    rnИзмешајте ½ шолја крупно мелено кафе со малку маслиново масло и 3 лажици шеќер додека не добиете хомогена паста. Со неа истријте ја непосакуваната кора од портокал на телото. Ако сакате да постигнете дополнителен ефект, пастата тријте ја со помош на абразивен сунѓер за тело кој ќе ја подобри циркулацијата на крвта под кожата.rn

    3. Паста од алги и маслиново масло

    rnПомешајте 3 лажици иситнети алги со малку морска сол и ¼ шолја маслиново масло додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја оваа паста на местата зафатени со целулит и масирајте со кружни движења неколку минути. Пастата ќе делува подобро доколку претходно ги отворите порите со топол туш, а после третманот измијте ја пастата со ладна вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Отстранете ги поткожните влакна во 3 чекори

    Отстранете ги поткожните влакна во 3 чекори

    Подраснувањето на влакната е секојдневен проблем со кој се борат повеќето жени. Заради нив може да се појават тврди, црвени и болни мозолчиња, но овој проблем можете да го решите само со придржување до овие 3 чекори.rnrnotstranete-gi-potkozhnite-vlakna-vo-3-chekori-kafepauza.mkrn

    1. Пилинг

    rnПилингот ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата кои го засилуваат воспалувањето. Со лесен гел со зрнца истријте го делот и измијте се.rn

    2. Топла компресија

    rnСо чисто крпче или ракавица за туширање потопена во топла вода нежно притиснете го воспаленото место од двете страни и држете така околу две минути. Постапката повторувајте ја двапати на ден додека не се појави дел од влакненцето на површината на кожата.rn

    3. Пинцета

    rnКога ќе се појави влакното на површината на кожата, искубете го со стерилна пинцета. Ако влакното не се појавува, повторете ја постапката со топла крпа, но никако не копајте на воспаленото место.

  • Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

    Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

    Портокалот е на врвот на листата на најомилените овошја на светот. Но покрај вкусот и придобивките од јадењето на плодот, еве за што можете да ја употребите и самата кора.rnrnne-frlajte-ja-korata-od-portokalite-eve-za-shto-mozhete-da-ja-upotrebite-kafepauza.mkrn

    1. Отстранете ги дамките од вода

    rnДоколку ве нервираат дамките од вода кои се прават на чешмите едноставно можете да ги отстраните доколку ги исполирате со внатрешноста на кората од портокал.rn

    2. Полирање на дрвен мебел

    rnБелиот дел од кората на портокалот исто така може да го врати сјајот на стариот дрвен мебел.rn

    3. Средство за чистење

    rnСтавете ја кората од портокал во стаклена тегла, прелијте ја со бел оцет, и оставете ја теглата во фрижидер неколку недели, повремено промешувајќи. Потоа процедете ја течноста, претурете ја во шишенце со механизам за шприцање и користете го средството за чистење под и прозорци.rn

    4. За истерување на инсектите

    rnМравките, молците и комарците не сакаат одредени елементи кои се наоѓаат во лушпата на портокалот. Ќе ги избркате доколку поставите кора од портокал на местата од кои мислите дека инсектите доаѓаат.rn

    5. За освежување на просториите

    rnПортокалот има неодоливо освежувачки мирис кој на секој дом може да му даде фантастичен мирисен шарм. Исушете ја кората во рерна, смелете ја во блендер и поставете ја во мали платнени верќички. Вреќичките можете да ги закачите во купатилото, на плакарите итн.rn

    6. Омекнете го кафеавиот шеќер

    rnАко вашиот кафеав шеќер често ви се претвора во грутки, тоа ќе го спречите така што во садот каде што го чувате ќе додадете неколку парченца кора од портокал. Kако бонус, шеќерот ќе добие и одлична арома.rn

    7. За отстранување на лошиот мирис на обувките

    rnКората од портокал ставете ја во платнена торбичка, заврзете ја и преку ноќ ставете ја во чевлите кои немаат баш пријатен мирис. Кората ќе го впие целосно.rn

    8. Пилинг за тело

    rnОва е наједноставниот пилинг кој можете да го направите. Ставете кора од портокал во газа, заврзете ја и користете ја наместо сунѓер за време на туширањето. Кожата ќе ви стане цврста, светла и мазна.rn

    9. Направете свеќа

    rnКората од портокал може да ви послужи и како брза декорација за од неа да направите мала свеќичка.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пилинг за тело кој ја затегнува кожата и го сокрива целулитот

    Пилинг за тело кој ја затегнува кожата и го сокрива целулитот

    Подготовките за кратки пантолончиња и фустанчиња веќе започнаа, а доколку планирате да покажувате повеќе кожа, направете ја блескава. На сувата и испукана кожа ѝ е потребна соодветна нега, а таа се крие во само 4 состојки.rnrn1-piling-za-telo-koj-ja-zategnuva-kozhata-i-go-sokriva-celulitot-kafepauza.mkrnrnШеќерот го прави пилингот и ги отстранува мртвите клетки, маслиново масло ја негува и навлажнува кожата, а грејпфрутот и мајчината душичка делуваат антивоспалително и ја затегнуваат кожата, правејќи ја еластична и мазна. Ви го презентираме одличниот рецепт за пилинг за тело кој ќе ви ја затегне кожата и ќе ви го прикрие целулитот.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 шолја шеќер
    • rn011

    • 2-3 лажици маслиново масло
    • rn011

    • 10-15 капки етерично масло од грејпфрут
    • rn011

    • 2 лажици свежи ливчиња мајчина душичка или лаванда
    • rn

    rn0-piling-za-telo-koj-ja-zategnuva-kozhata-i-go-sokriva-celulitot-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка и потреба:

    rn

      rn011

    1. Мајчината душичка или лавандата ситно исечкајте ја (како магдонос) и заедно со останатите состојки ставете ја во сад.
    2. rn011

    3. Сѐ добро измешајте додека состојките не се поврзат. Ако смесата е премногу сува, додајте уште малку маслиново масло.
    4. rn011

    5. Во текот на туширањето, на мокра кожа нанесете го пилингот и со кружни движења добро истријте го телото, а посебно бутовите и задникот.
    6. rn011

    7. Измијте се со млака вода.
    8. rn