Влажните марамчиња за отстранување на шминката можат да ни бидат од голема корист. Меѓутоа, освен тоа што не е добро да ги употребувате премногу често, важно е и да ги користите на вистинскиот начин. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе забележите не толку убави ефекти на кожата на лицето. Во продолжените дознајте кој е вистинскиот начин на користење на овие марамчиња.rnrn
rnrnНајнапред, би требало да знаете зошто не е добро да ги користите марамчињата за отстранување на шминка секоја вечер. Освен тоа што купените марамчиња може да предизвикаат иритација на кожата, дури и кога тоа не е случај, знаете и самите дека служат само за прва помош. Со нив не можете да ја отстраните целата шминка и нечистотија од лицето. Затоа, неопходни ви се средство за миење на лицето, вода и евентуално лосион за лице. Секако, кога немате друг избор, подобро би било да ги користите марамчињата отколку да заминете на спиење со шминка на лицето.rnrn
rnrnСите ние најчесто го чистиме лицето од средина кон надворешната страна на лицето. Но тоа, не е вистинскиот начин. Значи, бактериите и нечистотиите се насобираат во Т зоната, односно, во пределот околу брадата, носот и челото. Доколку го започнете чистењето од тие предели, сето она што не треба ќе го пренесете на останатите делови од лицето.rnrnЗатоа, започнете со чистење на делот околу ушите, горната линија на челото и вратот, па продолжете кон средина. Откако ќе завршите со марамчињата, задолжително измијте го лицето со вода и нанесете соодветен крем за лице. На тој начин, ќе спречите вашето лице да биде иритирано и суво.rnrn
Tag: отстранување
-

Дознајте дали цело време погрешно ги користевте марамчињата за отстранување на шминка
-

Кажете им збогум на темните кругови: 9 лесни трикови за отстранување на подочниците
Конечно се разбудивте наспани и одморени, а тие се повторно тука – досадните подочници! Потоа, убаво ќе се нашминкате и облечете, а тие упорно стојат на вашето лице. Сигурно се запрашувате што треба да направите за да се збогувате од нив. Најверојатно сте ги испробале сите можни начини, но сепак можеби не сте ги пронашле овие лесни и едноставни природни трикови со кои ќе им дозволите на подочниците тивко да си заминат од вашето лице.rnrn
rn1. Вода од ружа
rnОва вода ја влажни и хидрира кожата, го намалува отокот, црвенилото и чешањето, а освен ова, исто така и ја подмладува кожата. Водата од ружа можете да ја купите во сите аптеки, а можете лесно да ја направите и самите. Постапката е доста едноставна, а сѐ што треба да направите е да земете една свежа ружа, да ја измиете, а потоа да ги искинете нејзините ливчиња и да ги потопите во топла вода. Откако ќе се излади, вашата вода од ружа е готова. Чувајте ја во фрижидер најмногу до недела дена. Нанесете ја на тупфери, ставете ги на подочниците околу 15 минути, а постапката повторувајте ја секое утро и вечер сѐ додека не бидете задоволни од резултатите.rn
2. Масло од бадем
rnНанесете 2 или 3 капки бадемово масло на подочниците секоја вечер пред спиење и благо измасирајте ги. Веќе по една недела отокот и темните кругови под очите со сигурност ќе исчезнат.rn
3. Сок од компир
rnИзрендајте свеж компир и од него исцедете го сокот. Натопете ја ватата со сокот, ставете ја на подочниците и оставете ја да делува 10 минути. После ова, измијте го лицето. Витаминот Ц кој се содржи во компирот ќе придонесе за избелување на подочниците.rnrn
rnrn4. Краставица
rnИсечете ја краставицата на кругови и оставете ги во фрижидерот да се изладат. Потоа со нив прикријте ги сите критични области, а по 10-15 минути измијте го лицето со ладна вода. Ова постапка повторувајте ја секој ден во текот на една недела. Краставицата ќе направи отокот да се намали, но и да избледат темните кругови околу очите.rn
5. Чај
rnСварете црн или зелен чај и кога ќе се излади, натопете ги ватите со него. Ако сакате можете да ги користите и кесичките од чајот. Потоа, ставете ги на подочниците и оставете да делуваат околу 10-15 минути. Овие облоги ставајте ги секој ден во текот на една недела и вашите подочници набрзо ќе избледат, а отокот ќе се намали.rn
6. Маска од леб и млеко
rnПротив темните кругови помага и маската од леб и млеко. Млекото ја тонира и хидрира кожата, а квасецот од лебот е богат со витамин Б кој ја смирува кожата. Натопете ја средината од лебот со млеко за да направите маска, а потоа нанесете ја на подочниците. По 10-15 минути измијте го лицето.rnrn
rnrn7. Сок од домати
rnНанесувајте го сокот од домати секој ден, во текот на две недели, на сите критични места и оставете го да делува 10 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Резултатите ќе бидат видливи за краток период.rn
8. Масажа и вежби
rnМасирајте го делот околу очите 2-3 минути дневно за да допринесете за отстранување на подочниците, но и за подобрување на видот. Со нежни, кружни движења масирајте ги подочниците однадвор кон навнатре, кон коренот на носот. Немојте да ги масирате горните капаци за да не го притискате очното јаболко. После масажата нанесете крем за нега. Кога станува збор за вежбите, цврсто затворете ги очите, а со показалците затегнете ги капаците кон надвор за да ги „испеглате“ брчките. Држете ги очите цврсто затворени околу 6 секунди, а потоа опуштете ги капаците. Вежбата повторете ја 10 пати.rn
9. „Билни“ коцки мраз
rnМразот ги намалува брчките, влијае на еластичноста и го намалува отокот. Исечкајте неколку исушени листови од жалфија, камилица и магданос и од нив сварете чај. Кога ќе се излади, сипете го во калап за мраз и оставете го во замрзнувач. Секое утро, околу 30 секунди тријте ги подочниците со овој „производ“ и вашите очи по две недели ќе изгледаат многу поздраво и поубаво.rnrn

-

3 страшни причини зошто не треба да ги отстранувате вашите срамни влакненца
Сигурно сите вие добро ги познавате придобивките од отстранувањето на срамните влакненца, зошто инаку би го правеле тоа, но малкумина знаат дека постојат и негативни последици од оваа навика. Токму тоа и се обидува да ни го покаже тимот зад AsapSCIENCE со нивното ново видео.rnrn
rnrnСакајќи да дознаат дали придобивките се посилни во однос на негативните последици, тие направиле истражување за да ги измерат потенцијалните опасности. Нивните резултати едноставно ќе ве замислат и ќе ве натераат да се запрашате дали отстранувањето на овие непосакувани влакненца навистина вреди колку што сте мислеле.rnrnНајпрво, тие откриваат дека ние сме единствените цицачи во светот кои имаат густи срамни влакна. Зошто? Според теориите, тие со текот на еволуцијата останале присутни на човечкото тело како знак дека сме подготвени за парење. Од друга страна, фактот што ги прикриваат жлездите за потење ни укажува дека нивното присуство може да значи и задржување на феромоните со цел да се привлечат потенцијални партнери. Исто така, тие служат и како заштита за време на триењето кое настанува во текот на сексуалниот однос.rnrnНо, овие фактори не се доволни за да нè спречат да се ослободуваме од нив, без разлика дали станува збор за депилирање, епилирање, бричење или употреба на ласер или некаков вид креми за отстранување. Според едномесечната студија на над 1.000 студенти, се открило дека поголемиот дел од нив, поточно 96% од жените и 87% од мажите или целосно или делумно ги отстрануваат своите срамни влакна.rnrnПа, кои се најстрашните причини поради кои би требало да престанеме да го правиме тоа?rn1. Чешање, насип и внатрешни влакна
rnИстражувањето покажало дека 75% од луѓето кои ги отстраниле нивните срамни влакна доживувале генитално чешање и 40% страдале од насип. Воопшто не треба да се спомнува огромниот процент на внатрешни влакна кои прават дополнителни проблеми.rn
2. Поголемо ширење на полово преносливи болести
rnИ покрај тоа што со отстранување на срамните влакна се намалени инцидентите со пренесување срамни вошки, сепак оваа навика предизвикува абразии на кожата кои можат да се инфицираат и многу лесно да пренесуваат полово преносливи болести. Всушност, се открило дека токму отстранувањето на влакната се поврзува со зголемување на инфекциите предизвикани од гонореја, кламидија и ХПВ.rn
3. Генитални повреди
rnОчигледно најчесто пријавуваната генитална повреда во светот е онаа предизвикана од отстранувањето на срамните влакненца. Изгледа не станува збор само за мало потсекување со брич.rnrnПа, дали би требало да продолжите со оваа навика или пак, да го промените вашето мислење? Погледнете го следново видео и одлучете самите…rnrn
-

Неколку совети за отстранување на шминката од вашето лице
Шминките коишто девојките ги користат во денешно време можат да издржат повеќе часови на лицето, но иако тие ве спасуваат од постојано коригирање, сепак имаат одредени недостатоци, меѓу кои е и потешкото отстранување. Постојаното чистење на шминката претставува вистинско измачување за вашите трепки и може да предизвика иритација на почувствителната кожа.rnrn
rnrnДенес ви нудиме неколку совети за нежно и целосно отстранување на шминката од вашето лице.rn1. Заштитете ги очите
rnНајтенката кожа на нашето лице е онаа околу очите. Токму тоа е причината што таа е подложна на иритација, воспаление и сл. Производите без мирис, масло и алкохол се одлична опција за отстранување на секојдневната шминка од очите. Најдобро е да барате отстранувач за шминката од очите со pH вредност која е блиска до природната pH вредност на вашите солзи – 6,9-7,5.rn
2. Изберете потешки отстранувачи доколку користите водоотпорна шминка
rnДоколку користите водоотпорна шминка, отстранувачите врз база на масло се идеални за вас. Вообичаено користените средства не се во можност целосно да се справат со водоотпорната маскара. Сепак, бидете свесни дека маслото може да остави мрсни остатоци зад себе, а исто така може да создаде и бариера околу очите, при што кремот или другите производи коишто би ги нанеле потоа, тешко ќе можат да продрат во вашата кожа. За да се спречи ова, откако ќе ја отстраните шминката, препорачливо е да направите темелно чистење на кожата околу очите.rnrn
rn3. Марамчињата користете ги поретко
rnЧистењето на шминката со марамчиња за отстранување шминка има свои предности, но бидејќи тие не се доволно влажни, бараат постојано триење, при што може да се предизвика иритација или оштетување на кожата. Затоа, одвикнете се од нив и користете ги само во исклучителни ситуации.rn
4. Направете сами свои отстранувачи за шминка
rnКоа немате соодветни отстранувачи за шминка, направете си сами. Искомбинирајте малку вазелин и малку хидратантен крем, втријте го во кожата и тоа ќе направи чудо. Друг производ којшто можете да го користите за отстранување на шминката е медот. Тој е нежен за очите и е хидратантен, за разлика од другите отстранувачи коишто се на база на алкохол и коишто може да предизвикаат сушење. Потоа, измијте го лицето за да го избегнете лепењето.rnrnНа крај, користете го вашиот омилен лосион за да ги отстраните сите остатоци од шминката.rnrn

-

Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат
Жените ги добиваат стриите во кој било период од нивниот живот, од пубертет па сè до старост и за жал никој не е поштеден од овие бели линии на телото. Главен фактор за создавањето на стриите е одеднаш променетата телесна тежина, нејзиното често варирање, како и наглиот и брз раст во пубертетот. Поедноставно кажано, никој не е имун на нив.rnrn
rnrnБрзото ширење на кожата во текот на дебелеењето е проследено со споменатите промени на кожата, кои се јавуваат во вид на пукнатини во различни бои. Нивната боја варира од виолетова па сѐ до нешто посветла нијанса од онаа на самата кожа. Токму дебелината во пределот на стомакот, бутовите и задникот е главен предуслов за настанување на тие ситни пукнатини по кожата, односно стрии.rnrnИако овој проблем ги мачи сите жени со децении, денес постојат многу природни третмани кои можете да ги направите дома со чија помош ќе ги отстраните стриите за неколку месеци. Можеби ефектот не е моментален, но мора да бидете упорни за да ги отстраните белезите од кожата кои најмногу се гледаат во лето, кога треба да облечете костим за капење или кратка облека.rn1. Кокосово масло
rnКокосовото масло навистина може да направи чудо за кожата, а многу е ефикасно и кога станува збор за отстранување на стриите. Тоа ја зголемува еластичноста на кожата, ја поттикнува нејзината регенерација и ја штити од воспаленија, вируси и бактерии. Втријте го маслото на местото каде што се појавиле стриите и повторувајте ја оваа постапка 3 пати неделно. Значајна разлика ќе забележите за недела дена.rnrn
rn2. Алое вера
rnАлое верата содржи голема количина на билен колаген кој помага во обновувањето на кожата. Најефикасен е чистиот гел од алое вера. Него намачкајте го на кожата и оставете го 2 часа за да се впие, за третманот да биде успешен, а потоа исплакнете со вода. Често почестувајте се со овој третман, бидејќи ја одржува природната влажност на вашата кожа.rn
3. Сок од лимон и портокал
rnЛимоновиот сок е еден од најефикасните начини за отстранување на стриите и нивната видливост, што е резултат на неговите избелувачки својства. Втријте го сокот од исцеден лимон или портокал со кружни движења на местата каде што се видливи стриите. Не облекувајте облека, туку почекајте околу 15 минути додека кожата не го впие сокот, а после тоа измијте ја кожата со млака вода. Постапката повторувајте ја секој ден за подобри резултати.rnrn
rn4. Рицинусово масло
rnКога рицинусовото масло се користи за масажа, тоа помага стриите да бидат што е помалку видливи. Рицинусовото масло ја хидрира кожата, ѝ ја враќа еластичноста, а помага и за отстранување на брчките. Во некои делови на Индија, масажата со рицинусово масло им се препорачува на трудниците и на родилките за отстранување на стриите, во комбинација со топли купки – па, може да пробате и самите.rn
5. Масажа со природни масла
rnСо масажата ѝ помагате на кожата да се ослободи од токсините, да се регенерира, а секако е препорачлива и за отстранување на стриите. За најдобри резултати масирајте се со бадемово масло. Многу е богато со витамин Е, но исто така ѝ помага на кожата во создавање на колaген и еластин.rnrn

-

11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом
Вечерата само што не е готова, а вас ви заѕвони телефонот. После подолгиот разговор со пријателката се сетивте на вечерата. Ја отворивте рерната и го почувствувавте познатиот, непријатен мирис на изгорена храна, провлекувајќи се со брзина на светлината во секој ќош од вашиот дом. За среќа, постојат повеќе брзи и едноставни начини да го отстраните. Еве како…rnrn
rn1. Отстранете го остатокот од храната што е можно побрзо
rnВо никој случај не фрлајте ги остатоците од храната во кантата за ѓубре и потоа да заборавите на нив, бидејќи нивниот непријатен мирис и понатаму ќе се шири низ вашиот дом. Наместо тоа, ставете ги во пластична кеса, заврзете ги и веднаш фрлете ги надвор.rn
2. Отворете ги прозорците и вратите
rnЕден од најбрзите и најлесните начини да се ослободите од неудобниот мирис е да ги отворите прозорците и вратите за да навлезе свеж воздух и да ја неутрализира миризбата.rn
3. Вклучете вентилатор
rnЗа свежиот воздух побрзо да го исполни вашиот дом, веднаш покрај прозорците или вратите ставете вентилатор (или повеќе ако имате) и вклучете го на најјака брзина. Ако имате аспиратор во кујната, вклучете го и него.rn
4. Рерна
rnЗагрејте ја рерната на 100 степени. Дното на тепсијата покријте го со алуминиумска фолија и на неа ставете лажичка путер, малку цимет и шеќер. Ставете ја тепсијата во рерната и исклучете ја. После три часа извадете ја тепсијата. Непријатниот мирис ќе исчезне, а домот ќе мириса како штотуку да сте испекле некој вкусен колач.rn
5. Освежувач за воздух во спреј
rnАко ниеден од членовите на вашето семејство не е алергичен, тогаш во кујната напрскајте малку освежувач за воздух. Водете сметка да не претерате, бидејќи поголемата количина може да го засили непријатниот мирис.rnrn
rn6. Лимон
rnВо зовриена вода додадете лимон кој ќе биде исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 30 минути.rn
7. Каранфилче
rnВо зовриена вода додадете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 20 минути.rn
8. Кромид
rnИсечкајте една главица кромид и ставете ги парчињата во зовриена вода. Тргнете го тенџерето од шпоретот и течноста сипете ја во повеќе пластични сада. Потоа садовите распоредете ги насекаде низ домот. Оставете ги така преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утрото.rn
9. Оцет и леб
rnСтавете вода во тенџере, па додајте две шолји оцет. Оставете да зоврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари уште 15 минути. Натопете неколку парчиња бел леб од оваа течност и поставете ги на различни места низ вашиот дом.rn
10. Сода бикарбона
rnРаспоредете половина шолја сода бикарбона во неколку сада и поставете ги на местата каде што мирисот најмногу се чувствува. Оставете да делува преку ноќ.rn
11. Направите природен освежувач за воздух
rnВо шише со распрскувач ставете еднаква количина лимонов сок и вода. Распрскајте ја течноста насекаде низ кујната и неудобниот мирис набрзина ќе исчезне.
-

Дали знаевте дека може да го искористите фенот за коса на овие начини? Ќе се воодушевите!
Фенот за коса е предмет кој секој го има во својот дом. Секако, тој е незаменлив во секојдневниот живот на секоја жена. Многумина од нас го користат само за неговата универзална намена, сушење на косата, без да знаат какво универзално средство може тој да биде. Ви предлагаме да ги запознаете овие 10 начини на којшто може да го искористите вашиот фен. Можеби некои ќе ги препознаете, но поголем дел од нив ќе ги сретнете за прв пат. Се надеваме дека овој обичен апарат ќе се претвори во најдобар помошник во вашето домаќинство.rnrn
rn1. За отстранување на трагите од дрвени бои од ѕидот
rnДетските ремек-дела може лесно да ги отстраните со помош на фенот. Загрејте го со фенот местото каде што е направена штетата, а потоa пребришете со крпа. Лесно и ефикасно.rnrn
rn2. За отстранување на самолепливите сликички
rnКај оние кои имаат мали деца, секогаш се појавуваaт самолепливи сликички по мебелот. Во овој случај, топлиот воздух насочете го кој несаканата сликичка, а потоа лесно одлепете ја.rnrn

rn3. За корекција на очилата
rnАко новите очила ви се малку лабави, вклучете го фенот на најјакиот степeн и дувајте во рачките. Тие ќе станат меки и лесни за виткање, па ќе може да ги коригирате.rnrn
rn4. За експресно сушење на ноктите
rnМногумина знаат за оваа метода, но малкумина ја испробале. Но, навистина делува! Ако се брзате, исушете го лакот за нокти со помош на фен. Воздухот не треба да биде топол.rnrn
rn5. За отстранување на стврднатиот восок
rnВосокот од работната површина може лесно да го отстраните со помош на фен.rnrn

rn6. За чистење на огледалото во бањата
rnАко огледалото во бањата се замаглува или пак е покриено со дамки, насочете го топлиот воздух од фенот кон него. Сите дамки постепено ќе исчезнат.rnrn
rn7. За безболно отстранување на фластерот
rnЗа да го отстраните фластерот од кожата, загрејте го со топол воздух од фенот, и потоа тој лесно ќе се одлепи од неа.rnrn
rn8. За облоги
rnАко сте нанеле топли облоги, многу е важно да ја одржувате температурата, а за тоа ќе ви помогне фенот.rnrn
rn9. За одлепување на загорениот колач
rnАко колачот малку загорел, загрејте го дното на тепсијата со фен, па потоа полесно ќе го извадите.rnrn
rnrnАко пак глазурата не се распоредува рамномерно, загрејте ја со топол воздух. Потоа користете ладен воздух за таа да стане мазна.rnrn
rn10. За необична уметност со најмалите
rnЗа децата да нацртаат креативна слика, може да користат мрсни бои. Фиксирајте ги боите на хартија и загревајте ги со фен. Погледнете го прекрасното виножито!rnrn

-

Наједноставен начин да го отстраните гелот од ноктите
Ноктите кои се средени со гел изгледаат навистина спектакуларно… сè до моментот кога тие ќе ви пораснат и ќе дојде време да го отстраните. Токму затоа додека најдете време за вашата козметичарка, вие ги криете ноктите од очите на сите околу вас. Но, советниците за убавина тврдат дека гелот може многу едноставно да се отстрани во домашни услови, без никакви дополнителни алатки.rnrn
rnСè што ви е потребно е:
rn
- rn011
- Турпија за маникир (коцкеста и груба)
- Памук
- Ацетон
- Алуминиумска фолија
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Постапка:
rnТурпијајте ги ноктите сè додека лакот не го изгуби својот сјај, а потоа намокрете го памукот во ацетон и наместете по еден дел на секој нокт. Откако ќе го направите тоа, поставете парчиња алуминиумска фолија над памукот и оставете да делува 10-тина минути. Потоа тргнете ги фолијата и памукот и со нов памук отстранете го останатиот омекнат гел од вашите нокти.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Отстранете го забниот камен на природен начин со овие 4 рецепти
Забниот камен се оние тврди наслаги кои остануваат како залепени за забите. Не е добро да ги имате затоа што со текот на времето го оштетуваат забот. Затоа е најдобро да посетувате забар барем двапати годишно заради чистење на забниот камен. Но, ако сакате и дома да си помогнете со тоа и да ја превенирате појавата, разгледајте ги овие неколку рецепти.rnrn
rnРецепт бр. 1
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 30 грама лушпи од ореви
- малку вода
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги лушпите и водата во тенџере и варете околу 15 минути. Потоа ставете од течноста на четката за заби и мијте ги по пет минути три пати на ден.rn
Рецепт бр. 2
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 4 лажички семки од сончоглед
- 4 лажички цветови од липа
- 1 литар вода
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги сите состојки во сад на тивок оган и варете околу половина час. Мијте ги забите со оваа течност по секоe јадење.rn
Рецепт бр. 3
rnСтавете малку јаболков оцет во устата, тријте ги забите со четка и потоа плукнете и исплакнете ја устата со вода. Применувајте го овој метод само еднаш неделно.rn
Рецепт бр. 4
rnСтавете малку сода бикарбона на четката за заби и тријте. Можете да додадете и малку сол. Освен што помага во избелувањето на забите, тоа помага и во отстранувањето на забниот камен.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како брзо и ефикасно да отстраните дамки од вино и маснотии?
Ниските температури многу често доведуваат до вечери поминати покрај телевизор, јадејќи пица и пиејќи вино. Токму овие маратони на топло, можат да резултираат со голем број дамки од вино и пица на вашите омилени тренерки или пижами. И што е најтрагично, за работите да бидат полоши, секогаш кога се случува ова вие носите бело.rnrn
rnrnКари Бајрон тргнала во мисија да открие кој е најефикасниот метод за отстранување на овие страшни дамки и по читањето многу совети и губењето многу маички, таа конечно го открила најдобриот, наједноставниот и најбрзиот метод за отстранување дамки. Сè што ви е потребно е сјај за садови и оцет и можете да започнете. Погледнете го видеото за подетално објаснување…rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.