Без некои органи во телото е возможно да се продолжи со живеење, но понекогаш квалитетот на тој живот може да биде нарушен, бидејќи мора нешто да ги замени, без разлика на тоа дали станува збор за промена на животните и прехранбените навики или преживување со помош на одредени уреди. Всушност, секој дел од нашето тело има своја одредена улога. Сепак, постојат органи без кои после отстранувањето е возможно да се живее како и претходно. Директорот на хируршкиот центар за анатомија Адам Тејлор од Универзитетот Ланкастер објаснил без кои седум органи може да се живее и како.rnrn
rn
1. Слезина
rnОвој орган е сместен на левата страна од стомакот, под реброто и малку кон грбот. Оштетената слезина може да доведе до смрт, па понекогаш се отстранува после повреда. Нејзината улога е складирање и рециклирање на црвените и бели крвни клетки, односно тромбоцитите.rnrnБез слезина може нормално да се живее, бидејќи црниот дроб има своја улога во рециклирањето на црвените крвни клетки и нивните компоненти, а и лимфните жлезди во другите делови од телото ја преземаат функцијата која ја имала слезината.rn
2. Желудник
rnЖелудникот понекогаш мора хируршки да се отстрани заради рак или одредени трауми. Пример е случајот од 2012 година кога морале да го отстранат на една жена од Англија откако испила коктел кој содржел течен азот. Но таа продолжила да живее без него. Во таквите случаи хирурзите го прицврстуваат хранопроводникот директно со тенкото црево. Пациентите подоцна мора да внимаваат што јадат.rn
„Во суштина, прехраната мора да биде претходно сварена, односно таква што ќе овозможи поедноставна дигестија во тенкото црево. Пред сѐ, тоа мора да биде храна во течен и полутечен облик“, објаснуваат нутриционистите.
rn
rn
3. Репродуктивни органи
rnСтанува збор за тестисите кај мажите и јајниците кај жените. Кога ќе се отстрани еден тестис или еден јајник, луѓето и понатаму може нормално да имаат деца. Но, заради тумор или траума понекогаш е потребно да се отстранат двата тестиса или јајници.rnrnНа некои жени им се отстранува и матката заради болести што автоматски го запира менструалниот циклус. Некои истражувања покажале дека отстранувањето на јајниците нема последица за пократок животен век кај жените, додека на некои мажи животот без тестиси може да биде дури и продолжен.rn
4. Дебело црево
rnТоа е долго околу метар и половина и неговата улога е да ја апсорбира водата, односно да го собира изметот пред излегување од телото. Појавата на рак или некоја друга болест може да резултира со отстранување на дел од дебелото црево или дури цело. Луѓето добро се оправуваат после таквите зафати, но после тоа изметот го исфрлаат низ отвор на стомакот (стома) во посебна вреќичка.rn
„Новите хируршки техники овозможуваат отстранување на целото дебело црево и избегнување за ставање на стома. Со изработка на внатрешен „џеб“ од тенкото црево и негово спојување со аналниот сфинктер (кружен мускул на отворот на дебелото црево), се зачувува интегритетот на цревото и се отстранува потребата за стома“, објаснуваат хирурзите.
rn
5. Жолчното ќесе
rnСместено е покрај црниот дроб во горниот десен дел од стомакот. Во жолчното ќесе се чува жолчката, течност која ја произведува црниот дроб, а која служи за разградување на мастите. Кога нашите црева ќе ги детектираат мастите, таа доаѓа во цревата и помага при дигестија на тие маснотии.rnrnПонекогаш, заради создавање жолчен камен на некои луѓе им се отстранува жолчното ќесе, но и без тој орган е возможно нормално да се живее, без менување на животните навики.rnrn
rn
6. Бубрези
rnБез еден бубрег може да се живее без проблеми, бидејќи вториот всушност служи како резерва. Може да се живее и без двата бубрези, но таквиот живот воопшто не е лесен, ниту удобен. Всушност, улогата на бубрезите е филтрирање на крвта, задржување на супстанците кои се добри за телото и исфрлање на она што не му е потребно на телото.rn
„Кога човекот заради болест или траума ќе остане без двата бубрега, е осуден на дијализа – постапка која ја заменува улогата на бубрезите и е потребно редовно одење, неколку пати во неделата по неколку часа“, објаснува Адам Тејлор.rnrn„Кога бубрезите не работат правилно, опаѓаат супстанците и течноста се задржува во организмот па може да предизвика мачнина, повраќање, анемија, поспаност, вознемиреност, треперење, а потоа кома и конечно, ако не дојде до вистинско лечење, смрт“, објаснуваат докторите.
rn
7. Слепо црево
rnНекогаш се верувало дека слепото црево е бескорисно, но денес постојат теории дека служи како „сигурна куќа“ за добрите бактерии во цревата кои им овозможуваат да го обноват дигестивниот систем кога е тоа потребно, на пример во случај на некоја болест.rnrnПонекогаш слепото црево знае да се воспали, па во потешките случаи е потребно да се отстрани хируршки. Луѓето кои останале без слепото црево кажале дека не забележале никаква разлика во своите животи.rnrnДека човечкото тело е навистина неверојатно, погледнете и кои видови најлоши болки човечкото тело може да ги издржи.

rnrnЕкспертите велат дека е можно на вашата кожа, после отстранувањето на тетоважата да се појави црвенило, а ретко се случува да се појават и ситни пликови. Тоа е сепак ретко и ги погодува само оние кои имаат премногу чувствителна кожа или пак, некое заболување. Доколку се појават мали пликови, не паничете, бидејќи тоа е добар знак – ласерот успеал да разбие многу пигмент.rnrnПред да се одлучите да ѝ кажете збогум на тетоважата која повеќе не ви се допаѓа или ви досадила, би требало да знаете дека отстранувањето на тетоважите со ултразвучни бранови или ласер се изведува со локална анестезија. Анестезијата се аплицира како гел или инјекција. Употребата на мраз во текот и после интервенцијата во значителна мера го намалува непријатното чувство.rnrnЗа сите оние кои сакаат да се тетовираат, но не сакаат тоа да биде некое видливо и впечатливо место, тогаш погледнете ги овие 
rnrnОвните никогаш не ги потиснуваат своите емоции. Ако ги навредите или предадете, веднаш ќе ве отстранат од нивниот живот. Нема да размислуваат дали го заслужувате тоа или не, зашто штом еднаш сте ги повредиле, сигурни се дека повторно ќе го сторите тоа.rn
rnrnЗа разлика од Овните, Биковите внимателно размислуваат пред да одлучат дали ќе ве задржат како пријатели. Но, откако ќе завршат со размислување, најлесно ќе им биде да ве отстранат од животот. Тие едноставно ќе почнат да ве игнорираат или ќе ве „отследат“ од социјалните мрежи.rn
rnrnЛавовите без проблем ги отстрануваат луѓето од нивниот живот, но не само поради тоа што ги повредиле, туку затоа што најчесто претпочитаат да бидат сами. Немаат никаква намера да повредат некого со нивното однесување. Тие едноставно сакаат да бидат на врвот, а за да стигнат дотаму, потребно е да се ослободат од некои луѓе.rn
rnrnСкорпиите обично немаат многу пријатели. Тие претпочитаат да се дружат со мала група на луѓе на кои знаат дека можат да им веруваат. Доколку припадниците на овој знак решат да ве отстранат од животот, тоа значи дека навистина многу сте им згрешиле. Кога ќе дојде до такво нешто, воопшто не се двоумат, но сепак не им е драго што морале да изгубат пријател.rn
rnrnВодолиите се многу дружељубиви, но лесно им станува здодевно со едните исти пријатели. Тие ги отстрануваат луѓето кои немаат авантуристички дух и не се согласуваат со нивните креативни идеи. Немојте да го сфаќате тоа како неучтивост. Водолиите едноставно не гледаат поента во тоа да задржат некого како пријател, ако не можат да пронајдат заеднички јазик со него.rnrnВо продолжение прочитајте 
rn
rn
rnrnДоколку мислевте дека ги испробавте сите можни начини за нивно отстранување, можеби не сте ги погледнале овие 
rn
rn

rn

rn
rn
rn

