КАФЕ ПАУЗА

Tag: острови

  • 16 причини поради кои Норвешка е една од најубавите земји во светот

    16 причини поради кои Норвешка е една од најубавите земји во светот

    Норвешка е без сомнеж една од најубавите држави на Земјата. Природни богатства, убави градови, среќни и фини жители и фасцинантна историја. Па ако досега не била на вашиот список за шетање, следниве факти и фотографии сигурно ќе ве убедат дека токму Норвешка е вистински избор за следна дестинација.rnrn(1)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    1. Норвешка е навистина едно од најсреќните места во светот

    rnБазирано на истражување направено во преку 150 земји од страна на Обединети нации, во кое се земени предвид повеќе фактори, меѓу кои здравјето, слободата и сл., Норвешка во 2013 година се нашла на второто место во Светскиот извештај за среќата.rn

    2. Норвешка е многу безбедно место

    rnКриминалната стапка и стапките на убиства и одење во затвор се многу ниски во Норвешка, што е сосема поддржано од фактот дека Норвежаните се среќни луѓе.rn

    3. Постои закон кој се вика Јавно право

    rnОвој закон на Норвежаните им дозволува да престојуваат (на пр. да кампуваат) на која било земјена површина која не се обработува или, пак, да планинарат секаде каде што ќе посакаат.rn

    4. Тролтунга (Јазикот на тролот) е совршеното место за фотографирање

    rn(2)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    5. Исто така и Кјерагболтен

    rn(3)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    6. Дури и населените места се покриени со големи површини зеленило

    rnСамиот главен град на Норвешка, Осло, е прекриен со зелени површини.rnrn(4)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    7. Тврдината Фредрикстад се смета за античка земја на чудата

    rnОвој стар град се смета за еден од најубавите и најдобро зачуваните стари градови во Скандинавија.rnrn(5)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    8. Норвешките фјордови

    rnФјордовите се долги, тесни и длабоки влезови на морето кои се наоѓаат помеѓу високи карпи, а Норвешките фјордови се едни од највоодушевувачките за истражување.rnrn(6)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    9. Норвешка се смета за родно место на скијањето како спорт

    rnЗборот скија доаѓа од старонордискиот јазик и во буквален превод значи расцепување на парче дрво. Во Норвешка може да се скија и во лето.rn

    10. Норвешка има повеќе езера од Финска

    rnФинска е позната како Земјата со 1.000 езера, а има повеќе од 60.000 езера. Но Норвешка всушност има неколку стотици илјади езера кои се преубави. Најдлабоко е Хорниндалсватнет.rnrn(7)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    11. Овој поглед е од врвот на планината Флојен во Берген

    rnНа врвот може да се искачите со жичарата Флоибанен, а загарантиран ви е прекрасен поглед.rnrn(8)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    12. Можете да ги видите Северните светла (Northern Lights)

    rnПознати под името aurora borealis или поларна светлина, северните светла може да се видат само над одредени делови на Земјата, меѓу кои и Скандинавските земји. Тие се движат по небото во секакви облици и даваат изглед на магична светлина која изгледа како да танцува над вас. Неверојатно искуство кое вреди многу.rnrn(9)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    13. Норвешка е дом на диви елени и поларни мечки

    rn

    14. Национален пијалак во Норвешка е Аквавит

    rnОва е силен алкохолен пијалак направен од компири и билки кој Норвежаните го конзумираат заедно со пиво.rnrn(10)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    15. Градот Олесунд е прекрасен и преку ден и навечер

    rn(11)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mk(12)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    16. Во Норвешка има 240.000 острови

    rnИма повеќе вода отколку што можете некогаш да препловите и повеќе земја отколку што кога било би можеле да пропешачите.rnrn(13)-16-prichini-poradi-koi-Norveshka-e-edna-od-najubavite-zemji-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnДали се премисливте?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Грдата страна на Малдивите

    Грдата страна на Малдивите

    Малдивите се познати по своите рајски плажи и беспрекорно чиста вода. И ние на Кафе пауза до сега многупати сме пишувале за тоа во знак на воодушевување. Но, сепак и овие прекрасни острови имаат своја грда страна. Слично како и во нашите туристички центри, така и овде има делови со многу ѓубре.rnrnАлисон Тил, 27-годишна девојка од Хаваи која се занимава со креирање кратки филмови, отпатувала на овој прекрасен архипелаг и се сретнала со Треш Ајленд, или „остров на ѓубрето“, мало вештачко островче каде што се фрлаат отпадоците кои ги создаваат посетителите од целиот архиепелаг. Шокирана од неочекуваната глетка, таа со помош на фотографите Марк Типл и Сара Ли направила серија фотографии со кои се обидуваат да свртат внимание кон отпадот што го оставаат богатите туристи и кон проблемот со неговото складирање и рециклирање.rnrnГрдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на МалдивитеrnrnАлисон инаку поддржува некои организации од Хаваите кои рециклираат отпад со цел да го искористат во модата, пред сè во креирањето бикини и јакни. Дел од сликите се за таа намена.rnrnГрдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти што не ги знаевте за Малдиви

    Факти што не ги знаевте за Малдиви

    Автор: Маја ЛинковаrnrnЗамислете го ова… Се будите, ја земате шолјата кафе и тргнувате кон една од најубавите плажи на светот. Седите под палмите и се опуштате со свежо подготвени морски деликатеси кои ви ги послужуваат на плажата. Да, совршено, но дали сакате да дознаете уште нешто за Малдиви?rnrn0-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-maldivi-kafepauza.mkrnrn1. Република Малдиви е островска држава на Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1.200 острови, групирани во 26 атоли (корални острови). Од овие острови, околу 200 се ненаселени, останатите 80 се користат само за туризам.rnrn2. Малдиви нуди разни занимливости, па затоа треба да го посетите и главниот град Мале. Препорачливо е да се посети Националниот музеј, најстарата зграда во Мале и поранешната кралска палата која е претворена во музеј, а експонирани се облека, алати, оружје и престоли кои им припаѓале на кралевите. Исто така можат да се видат прекрасни примери на традиционална уметност на лакирано дрво (полиците на кои се ставале подароците кои биле наменети за кралевите) и мошти од предисламската ера.rnrn1-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-maldivi-kafepauza.mkrnrn3. Интересно е што кога пристигнувате на Малдиви, а сте настроени нудистички, заборавете на својата желба. На Малдиви нудизмот не се прифаќа, ниту пак топлесот. Не е препорачливо да тргнете некаде со костим за капење, освен ако не сте на плажа. Тоа не смеете да го правите ниту во хотел или хотелскиот бар на плажата.rnrn4. Дали знаевте дека Малдиви е основан од синот на индискиот крал Калинга, или дека писменоста на граѓаните изнесува 98%?rnrn2-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-maldivi-kafepauza.mkrnrn5. Исто така, ако сте бизнисмен, веројатно би ве интересирала и можноста да одржете состаноци во тиркизно чистото море. Да, и тоа е возможно!rnrn6. Интересен е и фактот дека на островот владее само една вера, и тоа исламот.rnrn3-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-maldivi-kafepauza.mkrnrn7. Неповрзано со претходниот факт – алкохолот е достапен исклучиво во хотелските комплекси.rnrn8. И да, она што е тажно, е дека Малдиви за 100 години нема да постои. Тоа ќе биде предизвикано од морето, поради глобалното затоплување кое во иднина ќе го поплави копното, чие највисоко ниво е 6 метри. Така што побрзајте, навистина е прекрасно таму.rnrn4-fakti-shto-ne-gi-znaevte-za-maldivi-kafepauza.mk

  • Колку чинат одморите на познатите?

    Колку чинат одморите на познатите?

    Кога славните личности одлучуваат дека им е време да се одморат, не штедат пари за да си го обезбедат најдоброто можно патување. За да проценат колку пари трошат познатите на нивните одмори, луѓето од Hopper Travel собрале податоци за дестинациите кои тие ги посетуваат.Колку пари трошат познатите за одмор?rn

    Кабо Сан Лукас, Мексико

    rnЏенифер Анистон и нејзиниот свршеник Џастин Теро го обожуваат ова место, а и Лејди Гага често го посетува. Сместувањето во луксузната вила „Villa de la Luna“ чини 11.500 долари за седум дена.rn
    rn

    Сан Тропе, Франција

    rnЈугот на Франција е многу популарен за познатите. Неодамна, Ума Турман и нејзиното семејството престојуваа во ова популарно место на југот на Франција, исто како и Мила Кунис и Ештон Качер. Еднонеделно сместување во „Villa Peninsula“ може да чини и до 47.500 евра.rn
    rn

    Бора Бора

    rnХајди Клум е голем обожавател на овој остров, па токму затоа не ѝ е проблем да издвои 35.000 долари за една недела во одморалиштето „St. Regis“.rn
    rn

    Лос Кабос, Мексико

    rnУште еден обожавател на плажите во Мексико е Кејт Бекинсејл. Еднонеделно сместување во вилата „Golondrina“ може да чини и до 15.400 американски долари.rn
    rn

    Миконос, Грција

    rnЧленовите на семејството Кардашијан поминаа еден летен распуст на овој грчки остров, а истото го стори и Софија Вергара. Двонеделно сметување во вилите „Aegean Luxury“ може да чини и до 30.000 американски долари.rn
    rn

    Порторико

    rnКога Ева Лонгорија ќе се реши да појде на одмор, можете да се обложите дека ќе биде луксузен. Една недела мината во вилата „Puerto Rico“ чини и до 31.500 долари.rn
    rn

    Хаваи

    rnКети Пери и Џон Маер, како и многу други познати ѕвезди, обожаваат да одат на одмор на Хаваите. Една недела во хотелот „Honu Kai“ чини 11.500 американски долари.rn
    rn

    Ибица, Шпанија

    rnПарис Хилтон може ја има привилегијата да се сместува бесплатно во хотелите „Хилтон“, но за еднонеделно летување во вилата „Can Boheme Ibiza“ издвојува 15.000 американски долари.rn
    rn

    Капри, Италија

    rnЏенифер Анистон има уште една омилена дестинација, а тоа е Капри во Италија. Една недела помината во вилата „Il Tramonto“ може да чини и до 20.000 американски долари.rn
    rn

    Хавана, Куба

    rnПознатиот пар Џеј Зи и Бијонсе, за една недела во вилата „Cuba Luxury Rent“ одвои 25.000 американски долари.rn
    rn

    Осло, Норвешка

    rnРијана неодамна уживаше на одмор во Норвешка каде што цената на еден луксузен апартман, како оние во хотелот „Grand Hotel“, може да чини до 60.000 евра, за една недела.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Малдиви – стотици острови отцепени од рајот

    Малдиви – стотици острови отцепени од рајот

    Малдивските острови се далеку од градскиот живот, а блиску до природата. Тие се тропски рај, во кој имате чувство како да сонувате убав сон. Малдивите се познати по своите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Освен богатството кое го овозможила природата, на Малдивите има толку луксузни хотели, што ако еднаш ги посетите, нема да сакате никогаш да си заминете оттаму.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnПриродните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnЕден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnОстровите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи. Секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, како и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnХотелите нудат разни екскурзии и активности: возење со подморница и со хидроавион, риболов, лов на птиците сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот OLYMPUS DIGITAL CAMERA Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дестинации од бајките

    Дестинации од бајките

    Дали е сон или реалност? Овие места ќе ве натераат да се запрашате дали сте стапнале на место од магија и фантазија или сè уште цврсто стоите на земјата. Со нереална природа, незамисливи пејсажи и архитектура од бајките, овие дестинации со сигурност ќе ве одведат далеку од секојдневната монотона реалност.rn

    Колмар, Франција

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnСликовитиот Колмар во Франција се смета за најубавиот град во Европа. Тој изгледа како буквално да произлегол од некоја бајка. Овој мал град е познат не само како магично колоритен стар град, туку и како градот на виното. Бидејќи во него владее сончева микроклима, тој е вториот по ред најсув град во Франција, што го прави одличен за производство на вино.rn

    Фарски Острови

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnГрадбите на овие острови кои наликуваат како сцена од познатиот филм „Господарот на прстените“ ќе ве натераат да помислите дека тука живеат хобити и џуџиња. Тие се наоѓаат на половина пат помеѓу Исланд и Норвешка, во срцето на Голфскиот залив во Северниот Атлантик. Фарските Острови се одликуваат со прекрасни и драматични пејсажи од вулкански врвови и океански бранови кои удираат на карпестите брегови. Магичните и мистериозни предели на овие острови изгледаат многу поблиску до фантазијата отколку до реалноста.rn

    Замокот Нојшванштајн, Германија

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnМожеби ви изгледа на замок создаден од Дизни, каде што владее некоја каприциозна принцеза. Но, и покрај неговиот магичен изглед, замокот Нојшванштајн е многу повеќе поврзан со реалноста отколку што некој би можел да си претпостави. Тој бил конструиран од страна на Лудвиг II во 19-ти век и за тоа време бил револуционерна градба: имал вода и тоалети со автоматско пуштање вода на секој кат, како и систем за греење.rn

    Кападокија, Турција

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnАко постоеше бајка за маѓепсана земја, тогаш дефинитивно ќе изгледаше како Кападокија. Овој неверојатен регион се наоѓа во центарот на Турција и е познат по грнчарството и уникатните формации на карпите во кои антички луѓе ги издлабиле своите домови и цркви.rn

    Хои Ан, Виетнам

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnАко некогаш имате можност да го посетите Виетнам, тогаш Хои Ан мора да биде меѓу првите дестинации на вашата листа. Овој разнобоен, магичен и прекрасен мал град е дом на повеќе фенери отколку луѓе. Ситуиран на брегот од Јужното Кинеско Море, овој град некогаш бил многу важно пристаниште и трговски центар. Но, денес го посетуваат илјадници туристи кои не можат да одолеат на неговиот бајковиден шарм. Одличната атмосфера во Хои Ан во комбинација со несекојдневната гостопримливост и архитектура од бајките го прави еден од најнеобичните дестинации во југоисточна Азија.rn

    Гренланд

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnЗачуван, далечен и возбудлив, Гренланд е земја на дивина, несовладливи патеки, сирови пејсажи и глетки од кои ќе ви „падне вилицата“. Скоро без никакви дрвја, патишта и луѓе, овој остров изгледа како да е населен од митолошки суштества. Но, и покрај тоа што е студен и суров, Гренланд е место каде што владее незаборавна атмосфера која ја „греат“ магични аурори и колоритни куќи.rn

    Венеција, Италија

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnСо Венеција тешко кое друго место може да се натпреварува. Таа поседува архитектура за пофалба, уникатни канали, фантастични глетки и извонредна атмосфера какви што не можете да најдете на друго место. Венеција била прогласена за „несомнено најубавиот град изграден од човекот“ од страна на Њујорк Тајмс.rn

    Катманду, Непал

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnПрекрасен и спиритуален, главниот град на Непал, Катманду е навистина магично место. Опкружен со моќни планини, овој град е исполнет со магична атмосфера, егзотични звучи и миризби како и со фасцинантни храмови. И покрај тоа што Катманду е најголемиот град во државата, тој го зачувал својот бајковиден шарм. Познат и како „Земјата на Боговите“ Катманду воопшто не изгледа како дестинација од планетата Земја.rn

    Бамбусовата шума, Јапонија

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnОваа шума е само еден пример од стотиците неверојатни шуми кои го покриваат југоисточниот регион во Азија. Бамбусот игра голема улога во многу Азиски култури – тој е симбол на долговечност во Кина, симбол на пријателство во Индија, а во Јапонија многумина веруваат дека Бамбусовата шума е свето место кое не му дозволува на злото да пристапи.rn

    Синтра, Португалија

    rnДестинации од бајкитеДестинации од бајкитеrnrnСекој кој го посетил ова магично место, кое се наоѓа во близина на Лисабон ќе се согласи дека бил охрабрен да создаде поема во чест на доблестите на Синтра. „Pena Palace“, „Castelo dos Mouros“ и „Palácio Nacional de Sintra“ се трите неверојатни замоци кои додаваат бајковиден шарм на овој град, а планинскиот венец Синтра е еден од најголемите паркови во областа Лисабон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите летни карипски дестинации

    Најдобрите летни карипски дестинации

    Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.rn

    Аруба

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnОва е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Бонер

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnОва мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Бахами

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnБахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Пунта Кана, Доминиканска Република

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnПрекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Курасао

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnМожеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Островите на Флорида – рај на земјата

    Островите на Флорида – рај на земјата

    Флорида е дом на илјадници помали и поголеми острови, атоли и заливи. Покрај брегот на Флорида се распространети 1.700 од кои најпознат е островот Естеро на кој се наоѓа прекрасната плажа Форт Маерс.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Амелија

    rnОстровот Амелија претставува тенка бариера помеѓу Флорида и Џорџија. Овој остров е познат по пријатната клима, а од плажите најпозната е плажата Фернандина каде што се сместени градбите на Националниот регистар на историски места.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Мајами Бич

    rnПесочните плажи, прекрасните хотели во арт-деко стил и целовечерните забави се синоним за Мајами Бич. Островот е широк само еден километар и се наоѓа блиску до брегот на Мајами. Најдобро време за посета на Мајами Бич е од први до четврти декември, за време на фестивалот на уметноста во Мајами.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островите Санибел и Каптива

    rnСанибел и Каптива се острови кои успеале да ја зачуваат природната убавина во југозападниот дел на Флорида и да ја заштитат од индустрискиот развој. Туристите може да уживаат собирајќи школки и ракчиња по плажите, а љубителите на птици може да го посетат Националниот природен резерват за животни, каде што живеат 272 различни видови птици.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Анастасија

    rnНајпозната туристичка атракција на островот Анастасија е градот Свети Августин, најстариот град кој бил постојано окупиран и основан од Шпанците во 1565 година. Привлечна за туристите е и прошетката низ Најстарата куќа, како и Мостот на лавовите. За оние кои повеќе сакаат да се релаксираат, тука се многубројните мотели на плажата кои немаат историски шарм, но затоа се одлични ако сакате да го почувствувате песокот меѓу прстите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Ки Вест

    rnКи Вест некогаш беше последна станица на 106-километарскиот архипелаг на коралните острови и рај за хомосексуалците и хипиците. Денес Ки Вест е станица за туристите кои ги преплавуваат крајбрежните барови и продавници. Географски, Ки Вест е поблиску до Хавана, Куба, отколку до Мајами. Овој остров е полн со историја, а меѓу многуте знаменитости, најпознат е музејот кој порано бил дом на Ернест Хемингвеј.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот на ѕвездите

    rnКако што кажува самото име, Островот на ѕвездите е елитна населба во Мајами Бич која претставува рај за богатите и славните. Иако стражарницата која се наоѓа на влезот на оваа населба создава илузија на ексклузивност, Островот на ѕвездите е целосно отворен за јавноста. Најдобар начин да ги видите куќите на Глорија Естефан, Пи Диди и Шекил О’Нил е да се одлучите за крстарење покрај Островот на ѕвездите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Плажата Свети Пит

    rnПлажата Свети Пит е најпозната плажа во заливот Тампа. На оваа плажа има одлични вечерни забави, а истовремено е доволно мирна за сите оние кои сакаат да се релаксираат. На плажата Свети Пит се наоѓа препознатливото летувалиште во розова боја, Дон Цезар, како и многу други ексклузивни хотели.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Ки Ларго

    rnКи Ларго е рај за љубителите на нуркањето и подводните истражувања. Се протега на 112 километри квадратни во Коралниот национален парк. Оние кои сакаат да пливаат заедно со рибите, тука може да видат околу 600 различни видови тропски риби.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Марко

    rnОстровот Марко се наоѓа во близина на Нејплс, во југозападниот дел на Флорида. Целиот остров е опкружен со диви места кои личат на пустини, а во средината се наоѓаат оази од плажи и хотелите Хилтон и Мериот, како и многу други луксузни апартмани.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

    10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

    Во светот постојат повеќе од 258 држави, па некои помали, колку и да сакаме, не можеме да ги запаметиме. Во оваа листа ќе ви прикажеме 10 прекрасни мали земји, претставувајќи некои интересни информации за нив.rn

    Република Палау

    rnРепублика Палау својата независност ја прогласила во 1994 година. Таа е една од најмалите островски држави во светот. Се наоѓа во Тихиот Океан, а во неа живеат околу 20.000 жители. Составена е од околу 200 мали островчиња. Островчињата првпат биле населени пред околу 3.000 години, а на старите мапи тие биле обележани како „The Black Islands“ (Црните острови). Островите низ годините биле под влијание на многу култури, бидејќи низ вековите често биле купувани и продавани од многу земји. Пред осамостојувањето, последни тука биле Британците.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Република Вануату

    rnОваа малечка островска држава, лоцирана во јужниот дел од Тихиот Океан, има околу 243.000 жители, од кои 90% егзистираат од риболовство и морски животни. Има само еден мал дел од населението кое егзистира од земјоделство. Земјата е неразвиена поради нејзина ранливост од цунами и поплави, бидејќи поради овие фактори многупати била градена и рушена одново. Прекрасната природа, плажите и прекрасната вода, како и релаксираната и мирна атмосфера која владее во земјата, се адутите поради кои овде доаѓаат голем број туристи. Земјата ја прогласила својата независност од Британците во 80-тите години од минатиот век, после десетгодишното движење за осамостојување.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Комори

    rnКомори е африкански остров кој се наоѓа на крајот на Мозамбичкиот Канал. На него живеат околу 800.000 луѓе. Островот почнал да се населува во 6-тиот век, а оттогаш бил под влијание на голем број култури, како на пример персиската култура, свахили културата, онаа од островот Мадагаскар, кој се наоѓа во непосредна близина и од многу други. Во некои исламски белешки пишува дека Бог фрлил скапоцен камен во околните води, кој придонел да еруптира вулкан од што се создал овој остров.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Република Науру

    rnПред својата независност, овој остров бил освојуван од Британците, Германците и од Јапонците за време на Втората светска војна. Ова е една од најмалите држави во светот со популација од само 9.300 жители, кои живеат на површина од 21 квадратен километар. Порано главна индустрија на оваа островска земја било рударството на фосфати, но рудниците биле минирани во 80-тите години од минатиот век. Во поновата историја, овој остров пред кусо време беше тотално изолиран од светот. Имено, во 2006 година, авиокомпанијата која го опслужуваше островот комплетно се повлече, оставајќи го отсечен. Сепак, 2 години подоцна, летовите повторно беа воспоставени откако компанијата се врати со ново име.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Питкернски Острови

    rnПиткернските Острови се група на четири вулкански оформени острови во Тихиот Океан. Само еден од овие четири острови е населен, а тоа е вториот по големина. Всушност станува збор за остров од 5 квадратни километри. На овие острови вкупно живеат 48 луѓе. Сите жители на овој остров потекнуваат од 4 фамилии, Браун, Јанг, Кристијан и Ворен. Питкернските острови не се суверена држава и се под надлежност на Обединетите Нации. Островите имаат прекрасна локација и многу мирни места за релаксација.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Нагорно-Карабах

    rnОваа држава предизвикувала спор помеѓу Ерменија и Азербејџан бидејќи по нивното осамостојување од Руската империја, во почетокот на 20 век им припаѓала на двете земји. Земјата добила своја независност при распадот на СССР. Од 1991 до 1994 година државата предизвикала војна помеѓу Ерменија и Азербејџан за придобивање на оваа земја. Земјата е уредена со претседателски систем кој ја има извршната власт, но има и парламент од 33 члена. Во тие 33 члена се застапени 3 партии.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Маршалските Острови

    rnОстровите биле пронајдени од страна на европски истражувачи, кои нашле остатоци од претходни цивилизации околу 1500-тата година. Шпанците биле први кои ги населиле островите во 1526 година. Интересен податок е тоа што САД на овие острови има тестирано нуклеарно оружје, со што островите претставуваат едно од најконтаминираните места во светот.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Тувалу

    rnОваа островска држава се наоѓа помеѓу Австралија и Хаваите во Тихиот Океан. Групата острови ја сочинуваат 4 кои се создале од морски гребени и 5 корални острови. Тувалу е држава на која живеат околу 10.500 жители, што ја прави третата најмала суверена држава во светот. Од првиот век, па сè до 1974 година, островот се наоѓал под Британија. Во 1974 година локалното население изгласало за одделување и државата ја добила својата независност.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Гернзи

    rnОваа островска нација, за разлика од останатите споменати, е позната, но она што ретко кој го знае е тоа што таа не е дел од Обединетото Кралство. На островот живеат околу 65.000 луѓе, а неговата вкупна територија изнесува 63 квадратни километри. На островот се наоѓаат две неолитски скулптури кои привлекуваат голем број туристи.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чулеrn

    Токелау

    rnДржавата Токелау се состои од три корални атоли. Официјалното име државата го добила во 1976 година, иако и денеска може да се сретне под називот „Сојузни острови“.  Островите биле откриени од европска експедиција, но датумот на нивното откривање е непознат. Државата засега нема свое законодавство, па така во секое село владеат различни закони.rnrn10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле

  • „El Nido Resorts“ – егзотично бегство од реалноста

    „El Nido Resorts“ – егзотично бегство од реалноста

    Првокласните летни одморалишта „El Nido Resorts“, ви нудат единствена можност да ја почувствувате недопрената природна убавина на Филипинските острови. Нивната изолација и ексклузивност, ги прават овие острови посебни и уникатни.“„ElОвие прекрасни острови се во составот на архипелагот „Palawan“, кој се наоѓа западно од Филипини. Познат по разновидниот биолошки свет, како и по неверојатните предели, „Palawan“ го нарекуваат „Последната еколошка граница на Филипини“.“„ElНајпознато место за летување е „El Nido“. Оваа општина е составена од 45 острови и мали островчиња, секој со уникатни карактеристики. Прекрасните плажи со кристално бел песок и скриените заливи се одлични за уживање далеку од многубројните туристи. Овој предел е познат и по неверојатните пештери, стари и по неколку милиони години.“„El“„ElПоради разновидниот биолошки свет, овие летувалишта привлекуваат нуркачи од целиот свет. А со својата егзотика и ексклузивност, се идеално место за сите оние кои се решени да го кажат судбоносното „ДА“.“„El“„El“„El“„El“„El“„El“„El“„El
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn