КАФЕ ПАУЗА

Tag: острови

  • Десетте изгубени светови и цивилизации

    Десетте изгубени светови и цивилизации

    Од многу одамна и пред многу векови се создале голем број приказни и легенди за исчезнати градови и светови, кои не се поврзани само со настанокот на една цивилизација, туку и со настанокот на целиов свет. Во следниов текст ќе можете да прочитате за 10 легенди, почнувајќи од кралот Артур до легендата дека земјата е шуплива.rn

    Островот Авалон на кралот Артур

    rnАвалон е остров на кој кралот Артур отишол да си ги лечи раните после последната битка и на кој умрел. Но според оваа легенда, тој всушност не умрел, туку е во длабок сон чекајќи на Велика Британија да ù биде потребна моќта на неговиот меч Ескалибур.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnПретпоставките која е локацијата на овој остров се различни. Некои тврдат дека станува збор за  ридот Гластонбери Тор, на кој локалните монаси од 12-от век ги пронашле коските на кралот Артур и на неговата жена Гвиневир, како и неговиот меч. Се споменуваат и многу други локации низ Велика Британија, но и на Исланд.rn

    Ветениот златен град Елдорадо

    rnШпанските освојувачи кои во средината на 16-от век го ограбувале новиот свет, биле сведоци на една невообичаена глетка. Водачот на племето Муиска, кој живеел во близина на денешна Богота, престолнината на Колумбија, за време на церемонијата за иницијација, се посипал со златен прав и скокнал во езерото Гватавита. Ова им ја разработела фантазијата на Шпанците, па така ја создале легендата за златниот град Елдорадо.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnИако тие целосно ја опустошиле територијата на племето Муиска, тие не го пронашле златниот град кој е наречен според поглаварот кој рипнал во езерото. Оваа легенда привлекува огромен број туристи, авантуристи и трагачи по злато. Водени од овој мит, голем број истражувачи го бараат Елдорадо на неколку локации во Централна и Јужна Америка.rn

    Митскиот словенски остров Бујан

    rnОвој мит е поврзан со словенскиот остров Бујан, кој според легендата се појавува и исчезнува, нешто слично на оној остров од серијата „Изгубени“. Во една верзија, од овој остров почнуваат сите временски прилики, според друга, таму почиваат духовите на вечниот живот, чиј души се заробени. Географската реконструкција на митот ги навела некои научници да тврдат дека станува збор за фиктивна верзија, на веќе постоечкиот остров Риген на Балтичкото море во Германија.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Земјата на вистинскиот мир, Шамбала

    rnТибетските и индиските будистички текстови ја претставуваат Шамбала како земја на вистинскиот мир, скриена во зелениот планински предел на Хималаите. Со овој мит, западниот свет првпат се сретнал во 17-от век, а потоа почнале и првите експедиции во ова непристапно подрачје.  Според некои, оваа утописка долина се наоѓа во Кина, а според други во Казахстан. Во нејзина потрага се вклучила и тајната полиција на Советскиот Сојуз во 20-тите години од минатиот век.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Најпознатиот загубен град, Атлантида

    rnПлатон го опишал островот Атлантида како поморска сила, која околу 9000 година пред нашата ера, го содржела поголемиот дел од западна Европа и Северна Америка, а која за само еден ден исчезнала под морското ниво. Иако уште во времето на Платон, приказната за Атлантида се сметала само за мит, во денешно време таа привлекува големо внимание.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnСпоред некои истражувачи, текстот на Платон не е добро преведен и се работи за 900 година од пред нашата ера, кога Минојската цивилизација на Крит била уништена од цунами. Мината година Атлантида, наводно беше лоцирана во јужниот дел на Шпанија.rn

    Изгубените цивилизации Му и Лемурија

    rnПред откривањето на тектонските плочи, научниците во 19-от век верувале дека исчезнатите континенти им овозможувале на луѓето и животните да мигрираат преку океаните. Лемурија, наводно се наоѓала од јужниот дел на Индија до Мадагаскар, додека Му бил лоциран кај полуостровот Јукатан во Атлантскиот океан. Иако сфаќањето за функционирањето на тектонските плочи практично ги поништило сите стари теории, приказните за цивилизациите Му и Лемурија остануваат и до денешен ден.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Францускиот град под морското ниво, Ис

    rnЗа време на создавањето на француската држава, владата во Париз со сила ја спроведувала централизацијата. Во провинцијата Бретања не само што се покачиле даноците, туку имало и обид во целост да бидат избришани локалниот јазик и културата. Така во пресрет на рецесијата, легендата станала многу популарна.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnСпоред неа островот Ис наводно бил еден од најбогатите градови во светот, изграден под морското ниво на крајбрежјето на оваа област. Градот  бил заштитен со брана, се додека владетелот Дахут не бил измамен од страна на ѓаволот за да ја отвори пората. На тој начин островот бил целосно поплавен.rn

    Фантомскиот остров Бермех

    rnНа старите мапи, често се нацртани острови и предели кои денеска не можат да се лоцираат. Некои од „фантомските острови“ се најверојатно продукт на лошата работа на географот, додека за некои други, како за островот Бермех, владее мислење дека се појавил и исчезнал поради неприродни фактори. Според старите мапи, тој се наоѓал во Мексиканскиот залив, а теоретичарските завери велат дека САД го разнеле островот, за да ги спречат мексиканските власти да имаат сопственост над подводните извори на нафта.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Јужната земја

    rnОва е еден митски континент, за кој на крајот се потврдило дека постои. Од времето на Аристотел па наваму, западните мислители имаа теорија дека постои јужна континентална маса. Морепловците ја барале земјата која ги поврзувала сите јужни краеви на веќе познатите континенти. На крајот Австралија го добила името „јужна земја“, а во 1820 година, една руска експедиција го открила Антарктик.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrn

    Царството на подземниот свет, Шупливата земја

    rnШирум светот различни култури шират приказна за „Шупливата земја“. Станува збор за подземен свет, во кој може да се влезе само од одредени точки на планетата, како што се пролазите на Северниот и јужниот пол и планинските пештери во Алпите.rnrnДесетте изгубени светови и цивилизацииrnrnЕдмонд Халеј, според кој е крстена и Халеевата комета, ја изнел теоријата дека во внатрешноста на „Шупливата земја“ се наоѓаат неколку концентрични слоеви кои се движат со различни брзини и во различни атмосфери.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еднодневна прошетка во магичната Венеција

    Еднодневна прошетка во магичната Венеција

    Венеција се наоѓа во североисточниот дел на Италија и е составена од 118 мали острови кои се одвоени со канали, но се споени меѓу себе со мостови. Овој град најмногу е познат по убавината на средината, уникатноста на архитектурата и неверојатната уметност.rnrnЕднодневна прошетка во магичната ВенецијаrnrnПогледнете го ова кратко видео кое одлично ги доловува овие магични карактеристики на Венеција.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тробријански острови

    Тробријански острови

    Автор: Даниела РаденлиеваrnrnrnТробријанските острови се опишувани како место со прекрасни пејзажи и население со неверојатна култура, различна, но сепак воодушевувачка.rnrnТробријански островиТробријански островиТробријански островиrnrnТробријанските острови, денес официјално познати како островите Кирвина, се всушност корален архипелаг кој се простира на 450 километри квадратни и се наоѓаат покрај источниот брег на Нова Гвинеа.rnrnНаселението е главно составено од домородци кои се најчесто населени на главниот остров Киривина (па оттука и целата група е позната според нивното име) и нивната бројка изнесува приближно 12.000. Други попознати острови се Вакута, Китава и Каилеуна.rnrnДомородното население добива најголемо внимание од јавноста. Тоа живее на својот традиционален начин, има развиено посебен систем за сметање на времето и е предмет на истражување на многу социјални антрополози.rnrnТробријански островиТробријански островиТробријански островиrnrnЕден пример за разликата помеѓу нашата и нивата култура е начинот на јадење. Тие ручаат сами и што побрзо за во случај некој да ги набљудува. Јадејќи сами, Тробријанците својата порција храна директно му ја посветуваат само на своето срце, а стравот да не бидат набљудувани ги тера времето посветено на храната да биде минимално. Сепак, дозволено е да јадат бетелови ореви, што е причина забите често да им бидат обоени црвено.rnrnТробријански островиrnrnДруго карактеристично за нивната култура е почнувањето со еротски игри уште на седум или осум години и имитирањето на возрасните во нивното однесување за заведување. Веќе по пет, шест години почнуваат да си бараат партнери и многу често ги менуваат, а жените се исто толку наметливи и доминантни во потрагата по љубовник како и мажите. Ова однесување не само што е прифатливо, туку и охрабрувачко.rnrnТробријански островиТробријански островиТробријански островиТробријански островиТробријански острови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кукови острови – тропски рај за душата

    Кукови острови – тропски рај за душата

    Куковите острови со сигурност можат да се вбројат во категоријата рајски места на земјата. Тие се самоуправувачка држава во соработка со Нов Зеланд и се распослани на површина од 240 квадратни километри. Главен центар е градот Аваруа, кој се наоѓа на островот Раротонга, каде што е сместен  аеродромот, преку кој доаѓаат туристите. На 15-те острови живеат нешто помалку од 15.000 луѓе, кои воглавно се занимаваат со туризам. Официјални јазици на државата се англиски и куковоостровски маорски.Кукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душатаКукови острови – тропски рај за душата
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.