Овие 10 производи би требало што почесто да ги јадете, бидејќи тие важат за едни од најздравите производи на планетата. Дознајте зошто се здрави и на кој начин да ги употребувате и приготвувате.rnrn
rn
1. Лимон
rnЗошто е здрав: Единствено лимонот содржи повеќе од дневно препорачаната количина на витамин Ц, кој му помага на организмот во борбата против воспаленијата, ги јакне коските и одржува здраво ниво на холестерол. Цитрусните фалвоноиди во лимонот можат да го спречат развојот на клетките на ракот.rnrnСовет: Додајте едно парче лимон во вашата шолја со зелен чај. Една студија докажала дека цитрусите во телото помагаат во апсорпцијата на антиоксидансите од зелениот чај, дури за 80%.rnrn
rn
2. Брокула
rnЗошто е здрава: Една помала порција брокули содржи повеќе од потребното дневно количество на витамин К – кој е многу важен за градење и зачувување на коските. Истата количина може да го спречи развојот на малигни болести.rnrnСовет: Загревајте ја. Доколку се одлучите да ја загреете брокулата во микробранова печка, таа во себе ќе содржи дури и до 90% витамин Ц. Доколку ја зготвите, таа задржува само 66% од спомнатиот витамин.rnrn
rn
3. Чоколадо
rnЗошто е здраво: Само неколку коцки чоколадо на ден може да го намалат високиот крвен притисок. Какао правот е полн со флавоноиди и антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот.rnrnСовет: Изберете темно чоколадо. Неколку коцки темно чоколадо содржат 53,5 милиграми флавоноиди, додека млечното содржи само 14.rnrn
rn
4. Компир
rnЗошто е здрав: Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина (витамин од групата Б), кој е неопходен за раст и развој на детето. Еден сладок компир пак, е преполн со витамин А кој е заслужен за јакнење на имунитетот.rnrnСовет: Компирот нека се олади пред да го јадете. Истражувањата покажуваат дека на овој начин можете да изгубите повеќе килограми, бидејќи оладениот компир ќе ви помогне да истрошите околу 25% повеќе масти после оброкот.rnrn
rn
5. Лосос
rnЗошто е здрав: Тој е одличен извор на омега-3 масни киселини, кои се поврзани со намалување на депресијата, срцевите заболувања и карциномот.rnrnСовет: Редовното консумирање на лосос го намалува ризикот од создавање на макуларна дегенерација на очите, која се појавува во подоцната доба од животот и може да доведе до губење на видот.rnrn
rn
6. Ореви
rnЗошто се здрави: Содржат најмногу омега-3 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развојот на малигни болести.rnrnСовет: Изедете неколку ореви после вечерата – мелатонинот од оревите гарантира добар сон.rnrn
rn
7. Авокадо
rnЗошто е здраво: Според некои студии, тоа го намалува холестеролот дури за 22%. Авокадото, исто така, содржи голема количина калиум, кој помага во намалувањето на крвниот притисок. Според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контролирање на крвниот притисок е консумирање на доволно калиум.rnrnСовет: Додајте го во салатите, а тоа ќе му помогне на организмот да ги апсорбира хранливите материи од останатите производи.rnrn
rn
8. Кромид
rnЗошто е здрав: Одличен е во борбата против многу болести, а наводно може да го спречи развојот на некои бактерии, како што е Ешерихија коли.rnrnСовет: Внимавајте како го обработувате при готвењето – кромидот кој ќе се препржи го губи поголемиот дел од хранливите материи.rnrn
rn
9. Спанаќ
rnЗошто е здрав: Најголемата благодат на спанаќот е количината на витамини и минерали: тој е богат извор на фолна киселина (49% од препорачаната дневна количина по оброк), витамини А, Б, Ц и Е, железо, манган и калиум.rnrnСовет: Честата консумација на спанаќ ќе остави видливи последици на вашата коса, кожа и нокти, со оглед на тоа дека комплексот на витамините Б вложува во нивната убавина.rnrn
rn
10. Мешунки
rnЗошто се здрави: Ако јадете мешунки четири пати во неделата може да го намалите ризикот од срцеви заболувања дури до 22%, а таа иста навика го намалува и ризикот од рак на дојката.rnrnСовет: Што е мешунката потемна, толку повеќе содржи антиоксиданси. Едно истражување покажало дека црниот грав има 40% повеќе антиоксиданси во однос на сите други видови грав.rnrn