Највлијателната жена во модата во денешниот свет без сомнение е Ана Винтур. Модните дизајнери често во последен момент ги менувале своите колекции поради нејзиното мислење што доволно кажува за тоа колку ја ценат или пак ѝ се плашат. Во продолжение дознајте ги правилата за добра модна комбинација од најстрогата модна критичарка.rnrn
rn
1. Рециклирајте ја облеката
rnНе можете да ги да видите најголемите светски ѕвезди двапати во едно парче облека или пак во истата модна комбинација. Тие откако еднаш ќе облечат нешто, брзо потоа забораваат на него. Ана не се сложува со тоа и ни препорачува да ја рециклираме облеката: „Секогаш е забавно да имате нешто ново, но тоа не значи дека морате сето она што веќе е во вашиот гардеробер да го исфрлите од него. Рециклирајте, бидејќи нема подобра навика од таа!“rn
2. Наместо на трендовите, верувајте ѝ на класиката
rnНемојте да дозволите во вашиот гардеробер да превладуваат моментално најпопуларните парчиња облека и секогаш оставајте најмногу место за класичната облека. Никогаш не заборавајте на оние вечни трендови кои одамна станаа класика. Такви, на пример, се минимализмот, цветниот принт, животинскиот принт, пругите и слично.rnrn
rn
3. Избегнувајте лога и натписи на облеката
rnАна Винтур преферира дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и лога кои го тргаат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на облеката, нејзиниот крој, деталите и боите. Купувањето такви парчиња облека на долгорочен план е лоша инвестиција, бидејќи од блузите со некој инспиративен цитат или лик од цртан филм, најверојатно брзо ќе се заситите, но едноставната блуза секогаш одново и одново ќе посакате да ја облечете, бидејќи полесно ќе можете да ја комбинирате во различни прилики.rn
4. Останете верни на облеката и обувките кои добро ви прилегаат
rnАна повеќе од 20 години го носи истиот модел на обувки. Сандалите од Маноло Бланк за прв пат ги облекла во 1994 година, и од тогаш не може без нив.rnrn
rn
5. Избегнувајте вештачки материјали
rnКога ја запрашале Ана кој моден тренд би го забранила засекогаш, таа одговорила: „Навистина не сакам најлон“. Највлијателната жена во светот на модата преферира што е можно поприродни материјали.rn
6. Избирајте облека која ќе ја истакне вашата фигура
rn„Панталоните кои имаат широки ногавици и ефект на здолниште, но и должината им е над зглобовите, се добра идеја само ако сте високи како Карли Клос“, изјавила Ана. Водете сметка за тоа дали ви ласкаат кроевите кои сакате да ги носите за да го извлечете најдоброто од облеката што ја купувате.rn
7. Држете се подалеку од флуоресцентните бои
rnВо текот на минатогодишниот тениски турнир „US Open“, Винтур им дала важен совет на посетителите кои во живо ги гледале натпреварите: „Немојте да заборавите да ги носите вашите очила за сонце, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат оние грди флуоресцентни бои“. Таа и тоа како сака јаки бои и не се двоуми да ги понесе во своите модни комбинации, но за флуоресцентните нема место во нејзиниот гардеробер.rnrn

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rnrn
rnrnКога станува збор за обувките, кој вели дека високите девојки мора да носат само балетанки? Затоа
rnrnОбрнете внимание и на кројот. Со оглед на тоа дека имате долги нозе, за вас
rnrnСо оглед на тоа дека имате витка фигура, не колебајте се да покажете и малку кожа.
rnrnОдличен избор за вас може да бидат и
rnrn
rnrnИ запомнете, вашата висина е вашиот најдобар моден додаток, па потпирајте се на она што ви стои добро, бидејќи тоа е најдобриот пат до вашиот совршен изглед.
rnrnСè што можете да облечете врз кошулата за да се гледаат ракавите, јаката, манжетните, претставува додатен топлотен слој и се вклопува во елегантниот или лежерен стил. Црно-белата комбинација е погодок без грешка, но може да комбинирате и нијанси од иста боја, да вклопувате пастелни варијанти или да изберете смели и ведри бои.rn
rnrnТоа може да биде туника до над колена, но и фустан до колена или до половина на листовите, со шлиц или без. Инспирацијата побарајте во музичките спотови или комбинации од модните ревии. Високата мода може да се прилагоди и да биде практична.rn
rnrnАко вашата комбинација е смела и екстравагантна, тогаш сè треба да виси, да се гледа и да ѕирка. Шаловите, пончото и пелерините ја потполнуваат таа разиграна слика.rn
rnrnКежуал стилот подразбира трикотажа и волна, која се комбинира со фармерки. Сè е меко, растегливо, асиметрично и пријатно за носење. Џемперот може да се соблече и да се заврзе околу половината, а капата може да остане на главата иако не сте надвор.
rn
rn
rn
rn

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn


rn
rn
rn

rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnОвој текст не е за блузата, ниту за мојата несигурност или мојата дрскост. Всушност, станува збор за крајно сериозна долгогодишна врска која е прекината поради најобичен кроп топ. Моето момче и јас заедно живеевме околу година дена и сè функционираше совршено сè додека една вечер…rnrnКроп топот го купив околу месец дена пред излегувањето, односно ноќта кога раскинавме. Тој долго стоеше во гардероберот и јас тотално заборавив на него. Кога започнав да се средувам за излегување со моите другарки, се „фрлив“ на пребарување во мојот гардеробер каде што случајно го пронајдов и се изненадив. Ова беше идеална, топла вечер за покажување на стомакот!rnrnВо клубот не доаѓаше моето момче, бидејќи беше болен, па реши да остане дома. Тој е хронично болен, поради што секоја втора вечер останувам дома со него. Ми се чинеше дека таа вечер ми требаше издишување, бидејќи се исцрпев од константната поддршка и труд. Пред излегувањето го бакнав и се поздравив со него. После тоа се најдов со другарките. Се чувствував секси и слободно. Прв пат после долго време се почувствував младо и енергично. Со моите другарки си поминавме одлично и танцувавме цела вечер.rnrnСе вратив дома со „пијан“ јазик, кој во оваа состојба можеше да ја зборува само вистината. Моето момче веднаш ме праша како си поминав, а јас одговорив дека тоа беше прекрасна вечер, каде што тотално се опуштив и не се грижев за ништо. Штом му го кажав ова, во мојата глава се јавија илјада мисли. Тоа се оние глупави мисли кои го окупираат мозокот, а јас не ги одобрувам и знам дека се чиста глупост. Толку време се обидував да бидам добра девојка, која одлично разбира и сочувствува, и секако – потенцијален животен партнер, што го игнорирав мојот внатрешен глас на разумот.rnrnНема сега да ви ги откривам сите детали зошто тој раскина со мене. Иако тој кажа дека никогаш нема да се чувствува така и дека нашата љубов е посебна, работите оваа вечер беа тотално поразлични…rnrnАко во некој случај не почувствувате дека ги задоволувате сите критериуми на „добра девојка“, обрнете внимание на овие три работи кои треба да ги разгледате пред да одлучите да облечете кроп топ (или друга секси облека) и да го оставете момчето дома.rnrn
rn