Градникот има важна улога во животот на жените, па токму затоа и е дел од нивната секојдневна облека. Со негова помош градите имаат соодветна поддршка и изгледаат беспрекорно. Но, и покрај тоа што пронаоѓањето совршена долна облека за жените претставува голема мака, според податоците дури 85% носат погрешен модел кој не одговара на нивното тело. Од друга страна пак, 60% од жените погрешно го облекуваат својот градник.rnrn
rnrnСпоред неодамнешни истражувања спроведени на жени од различна возраст, повеќе од половина жени го облекуваат градникот погрешно, односно го закопчуваат напред, а потоа го вртат, ги ставаат прерамките и го наместуваат. Правилниот начин на облекување градник е доколку прво го наместите во својата позиција, а потоа го закопчате на грбот. За оваа техника потребно е малку повеќе вежба, но сепак 40% од жените ја имаат добро совладано.rnrnНо, зошто постои погрешен и правилен начин на закопчување? Доколку го практикувате погрешниот начин, вие го растегнувате материјалот на градникот и скоро дупло ја намалувате неговата функционалност. Со ова растегнување доаѓа до пукање во ткаенината која го прави градникот еластичен и цврст, па со тоа и се скратува неговиот век на траење. Исто така со вртењето вие го триете од вашата кожа и затоа станува брзо нечист, па мора почесто да го перете. Со честото перење, вие ја менувате формата на корпите, што повторно придонесува за негово побрзо уништување.
Tag: облекување
-

Дали и вие погрешно го облекувате вашиот градник?
-

10 знаци дека сте добро облечени
Мора да признаете дека наутро, додека избирате што ќе облечете, размислувате како вашиот изглед ќе му се допадне на секого. Ако на патот до работа забележите неколку љубоморни женски погледи или пак неколку восхитени машки погледи, тогаш сте сигурни дека сте добро облечени. Со ова се полните со самодоверба и во текот на целиот ден ги извршувате задачите со голема сигурност во себе. Бидете сигурни дека тоа е резултат од тоа што сте задоволни со својот изглед. Со помош на овие знаци ќе дознаете дали сте добро облечени.rnrn
rnrn1. Комплименти на сметка на вашиот изглед добивате повеќе од двапати во неделата.rnrn2. Никогаш сте немале чувство дека сте премногу, премалку или непримерно облечени за некоја прилика.rnrn3. Вашите пријателки честопати ве прашуваат од каде сте купиле некое парче, а потоа одат и купуваат исто такво.rnrn4. Во вашиот гардеробер се наоѓаат парчиња кои се прогласени за безвремени, како што се малиот црн фустан, мантил, пар добри фармерки, салонки…rnrn5. Вашите најблиски честопати ве замолуваат да им помогнете со стилизирањето и да им одберете облека која ќе ја носат на некоја свадба, прослава или за која било друга прилика.rnrn6. Девојки и жени честопати ве застануваат на улица за да ве прашаат од каде сте го купиле тоа што го носите.rnrn7. Дури и во оние денови кога мислите дека немате ништо за носење, успевате добро да се стилизирате.rnrn8. Кога ќе се погледнете себеси на фотографиите од пред неколку години, и понатаму сте задоволни со вашиот изглед.rnrn9. Членовите на вашето семејство ретко ви купуваат гардероба, бидејќи мислат дека сте многу „тешка“ за купување, и дека нема да го погодат она што би се вклопило во вашиот стил.rnrn10. Не мора да потрошите голема сума пари за некое впечатливо парче, туку можете да изберете од работите кои не се толку многу скапи. -

10 знаци дека сте лошо облечени
Добриот стил не е лесно да го опишете во неколку збора. Понекогаш е тешко да ги кажете неговите главни одлики, но едноставно знаете кој ви се допаѓа. Од друга страна пак, постојано се прашувате дали добро се облекувате, бидејќи не добивате никакви повратни информации од околината. За да бидете сигурни дали вашето облекување е добро или пак грешите во нешто, најпрво дознајте кои знаци откриваат дека сте лошо облечени.rnrn
rnrn1. Имате заборавено кога беше последниот пат кога некој ви дал комплимент за вашата гардероба.rnrn2. Често ви се случува на некоја забава или формална прилика да се двоите од околината, односно вашиот изглед да не се совпаѓа со изгледот на останатите.rnrn3. Вашиот гардеробер е полн со парчиња кои сега се во мода, а во него немате ништо класично и безвременско, како што се малиот црн фустан и салонките.rnrn4. Вашето семејство и пријателите често имаат лоши коментари за изборот на вашата гардероба.rnrn5. Трошите голема сума пари за скапи и брендирани парчиња кои ги комбинирате без смисла, водејќи сметка само за тоа секое парче да е етикетирано.rnrn6. Брендираните производи секогаш ги одбирате само ако логото им е големо и лесно видливо.rnrn7. Кога ќе се погледнете на фотографиите од пред неколку години, се прашувате што ви било што сте се облекле така.rnrn8. Не обрнувате внимание на деталите и на тоа како ги комбинирате во својот целокупен изглед.rnrn9. Не сте во можност да го дефинирате својот стил со неколку збора.rnrn10. Дури и кога ќе добиете некој комплимент, тој се однесува само за некое ваше парче, но никогаш за вашиот целосен изглед. -

Што сакаат машките хороскопски знаци да носи девојката на првиот состанок?
Кога треба да одиме на состанок, првата работа што ни се врти во глава е „што да облечам?“ Или пак, тоа е една од поважните работи на која мислиме. Од една страна, тоа што ќе го избереме сакаме да биде удобно, а од друга страна пак да биде атрактивно и секси. Ако не знаете што да облечете, овој пат ѕвездите ќе ви откријат што неговиот хороскопски знак сака да носите на првиот состанок. Со таа комбинација ќе го привлечете неговото внимание и бидете сигурни, веќе сте го освоиле.rnrn
rnОвен
rnМажот Овен е најжежок од сите хороскопски знаци, па затоа на првиот состанок со него облечете црвено. Поточно, што повеќе црвено толку подобро. Овните сакаат да го гледаат женското тело , па најдобро е да носите облека која ги истакнува сите ваши атрибути. Доколку сте згодни, облечете го најкраткиот фустан кој го имате, бидејќи Овните сакаат жешки девојки.rnrn
rnБик
rnБиковите, за разлика од претходниот знак, се повеќе традиционални. Затоа на првиот состанок со нив најдобро е да носите едно парче облека кое ќе открие некој дел од вашето тело, а остатокот од гардеробата да биде позатворен. Одлучете се за природна шминка и убав накит. Овој знак сака земјени бои, како што се кафеавата и зелената, па не се колебајте дали да ги искомбинирате за првиот состанок.rnrn
rnБлизнаци
rnБлизнаците се забавни и сакаат да си играат, па за нив облечете нешто слатко и тренди. Со обѕир на тоа дека Близнаците се детинести, тие сакаат кога девојката се облекува младешки и со многу весели бои.rnrn
rnrn -

24 нешта кои ги помислуваат жените кога се облекуваат
Секое утро сме робови на истата рутина: будење, пиење утринско кафе, јадење, туширање и секако нервен слом околу тоа што ќе носиме денес проследен со планина од облека на креветот. Иако со ваквата одлука се сретнуваме секој ден, сепак некако облеката успева да нѐ изненади. Зошто? Па затоа што едноставно сме жени и СЕКОГАШ НЕМАМЕ ШТО ДА ОБЛЕЧЕМЕ. Еве детален приказ за тоа кои мисли ни поминуваат низ главата пред да нѐ видите тип-топ средени.rn
1. Додека се туширам имам доволно време да смислам што ќе носам, па така брзо ќе се спремам.
rn
rn2. Хм… би било убаво да облечам нешто слично на она што го носеше Миранда Кер, камел здолништето со таа белата кошула. Боже колку совршено ѝ стоеше!
rn
rn3. Ах колку посакувам да имав јас такво здолниште, и таква кошула и такво тело. (почнуваат да течат солзите)
rn
4. Добро добро, ќе смислам што да носам пред огледало, вака не оди.
rn
5. О не, О НЕ! ОВА Е КАТАСТРОФА! ЈАС НЕМАМ ОБЛЕКА! ЈАС ВООПШТО НЕМАМ ОБЛЕКА!
rn
rn6. Немам облека, а она што го имам дефинитивно треба некому да го подарам или да го исфрлам!
rn
7. Па, добро ќе носам фармерки и некој џемпер веројатно?
rn
8. Чекај. Чекај… зошто изгледаат како само што да биле испрани? Не сум простирала алишта три недели, па нема шанси да се испрани. Не. Можам. Да. Ги. Закопчам. (следува каење за изеденото благо вчера)
rn
rn9. На крајот од краиштата ќе носам здолниште. Ух, се прашувам дали луѓето ќе забележат дека го носам истото од вчера?
rn
10. Океј, ќе ги облечам овие тесни фармерки и ќе ги комбинирам со дебелиов џемпер за да го скријам стомакот.
rn
11. Чекај, зошто изгледам дебело во џемперов?! Отпаѓа ова.
rn
12. Во ред, ова е убава блуза. Но, премногу е истуткана. Темно беше во канцеларија така?
rn
-

Хороскопот и модата: Како подзнакот го дефинира вашиот личен стил?
Вашиот сончев знак е есенцијален за она што сте, но подзнакот е тој кој го одредува начинот на кој се претставувате пред другите. Подзнакот има огромно влијание на вашиот личен стил, па токму затоа пронајдете го и откријте како тој влијае врз вашите модни избори…rnrn
rnОвен
rnВие сте тука за да развиете храброст, а со светот се соочувате со помош на внатрешната самоувереност. За вас е важно да се чувствувате моќно и пријатно, без разлика на она што сте го облекле. Елегантно, спортско, секси или одело создадено за работа, вашето тело мора да се чувствува и да изгледа силно со цел да се покажете во вистинското светло.rn
Бик
rnЕдноставноста и музиката се вашите сојузници, а вие најмногу ја цените класичната и сензуална ткаенина. Водите грижа за тоа што го носите и купувате класични парчиња облека со цел да ги носите вечно.rn
Близнаци
rnТие се љубопитни, психолошки остри и нивниот концептуален пристап кон животот им служи како начин на кој активно се вклучуваат во светот. Објективноста, патувањата и образованието се вашите најголеми сојузници, а експресивниот стил е вашиот избор. Интересните модни детали и малиот допир на хумор му даваат на вашиот изглед посебен сјај.rn
Рак
rnРакот има чувствителен и субјективен пристап кон животот со чија помош тој се заштитува и го насочува својот идентитет. Токму креативноста и духовноста му се сојузници во оваа цел. Без разлика што носите, вие сте облечени за успех. Имајќи го тоа на ум, секогаш одбирате класика и елеганција наместо нападни комбинации.rn
Лав
rnВие сте креативни, горделиви и имате активен ентузијазам, па токму тоа води и кон разигран и силен контакт со светот. Ваши сојузници се високата самодоверба и водството. Доколку сакате да се чувствувате добро, вие мора и да изгледате добро, па токму затоа сакате да се дотерате за посебните прилики со облека од некој скап бренд кој ќе им покаже на другите луѓе дека вас ви оди одлично во животот.rn
Девица
rnАналитички ориентирана, Девицата работи на префинетост, додека пак развојот на нејзините практични вештини игра клучна улога за нејзината самодоверба. Ваши сојузници се организацијата и природата. Вие можете да бидете многу остри кон себе кога станува збор за вашиот изглед, бидејќи најпријатно се чувствувате во вашата удобна комбинација.rn
Вага
rnВие сте уметничка душа и сте многу активни, но за одржување на рамнотежата потребна ви е мирна околина. Убавината, дипломатијата и интимните односи се вашите сојузници. Без разлика дали станува збор за обична маичка и фармерки или пак, за свечен фустан, вие дури и покрај тоа што се дотерувате првично за себе, ве интересира и тоа што другите го мислат.rn
Скорпија
rnВие сте продорна, интензивна и емоционална личност која својата енергија ја насочува кон храбра и влијателна врска со остатокот од светот. Личниот раст и финансиските партнерства се вашите сојузници. Вие имате суптилна, но драматична харизма која го привлекува вниманието на другите, а со тоа и бара почит од нив.rn
Стрелец
rnВие сте ентузијасти и секогаш подготвени за акција. Ваши сојузници се спонтаноста, духовното истражување, авантурите и животните. Ги сакате многу боите и со оглед на тоа што не ви е страв да го привлекувате вниманието на другите, токму нив ги користите со цел да се претставите како забавна личност која кокетира.rn
Јарец
rnВашиот дух е сериозен, па токму тоа ве мотивира на дисциплина и амбициозни достигнувања. Однесувањата, способноста за процесирање и авторитетот се вашите сојузници. Вие се чувствувате пријатно кога ги имате работите под контрола, а тоа многу често го искажувате преку конзервативната облека. Вие сте ориентирани кон работата и обожавате кога изгледате професионално.rn
Водолија
rnВие сте големи индивидуалисти, а интуицијата и размислувањето се вашите сојузници. Водолијата на сè што носи става свој печат, па дури и кога е во униформа изгледа шик. Вие не ги следите трендовите и не се придржувате кон традиционалните стандарди. Вие самите ги поставувате вашите трендови.rn
Риби
rnРибите се емотивни и неверојатно сензитивни, па токму затоа постојано се обидуваат да создадат емоционален и креативен однос со светот. Нивни сојузници се соништата, духовноста и уметноста. Вашиот личен стил може да биде совршен спој од мистерија, магија и многу гламур.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да им кажете на вашите пријатели дека се облекуваат лошо?
Начинот на кој се облекуваме зборува за нас, а и кога од некоја причина тоа не е случај другите сè уште нè перципираат според начинот на облекување. Затоа сигурно ви е важно и како се облекуваат вашите блиски. Ако сметате дека тоа не го прават како што треба, следете ги овие неколку чекори за да им го соопштите тоа без да ги навредите и наместо тоа да ги поттикнете да го подобрат својот стил.rnrn
rnКажете им дека се грижите за нив
rnЗапочнете со јасно потенцирање дека се грижите за оној/онаа на кого се однесува вашиот совет. Тешко е да се изведе ова, но гледајте тоа да не изгледа како интервенција во нивниот стил затоа што тие не се разбираат во нешто. Иако тоа навистина е тоа, сепак не треба да изгледа така ако сакате да постигнете добар резултат.rn
Кажете им зошто не ви се допаѓа тоа што го носат
rnТреба да внимавате да кажете дека не ви се допаѓа она што го носат, а не тоа како изгледаат. Напоменете им дека она во што се облечени е тоа што прави да не изгледаат добро. Ако вашиот пријател носи кошула која му е два броја поголема, кажете му само дека таа кошула не му стои добро.rnrn
rnОбјаснете им дека изгледот сепак е важен
rnПрвото што луѓето го забележуваат на вас е вашиот изглед, меѓу другото и тоа како сте облечени. Објаснете им го тоа на пријателите на кои им недостасува стил. Кажете им дека тоа е една од причините поради која спротивниот пол не ги сфаќа сериозно, ако е тоа случај. Доколку има некој настан при кој тоа се покажало како точно, спомнете го и тоа.rn
Објаснете им што е проблемот со нивната облека
rnДали премногу открива или премногу покрива, дали е еден број поголема или е помала и премногу залепена за телото. Доколку сте стигнале до овој чекор веќе можете да си дозволите искрено да си го кажете мислењето.rnrn
rnПрашајте ги зошто се облекуваат така
rnМожеби сепак има некоја причина поради која тој ја носи токму таа кошула. Проверете ги и тие околности. Но, повторно потенцирајте дека може и подобро да се носат.rn
Дајте им насока за промена
rnКажете им што би можеле да носат за да изгледаат поубаво. Инспирирајте ги. Ако сте им кажале дека имаат проблем, време е да им понудите и решение. Објаснете им зошто некое парче облека би било подобро за нив од некое друго.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Златни совети од Кристијан Лубутан: Тој ви ги открива врвните модни правила кои секоја жена треба да ги знае
Модниот гуру Кристијан Лубутан, кој поседува богато искуство во модната индустрија, тврди дека секоја жена може да биде заводничка доколку почитува неколку правила.rnrn
rnrnКралот на штиклите вели дека за стил достоен за секоја дама, таа треба да се придружува до овие четири правила.rnПравило бр. 1: Облечете се на начинот на кој што сакате да се движите.
rnКристијан Лубутан вели дека иако жената носи фустан, штиклите се оние кои ја носат. Па според ова, внимателно бирајте ја гардеробата и чевлите во зависниот од тоа што сакате да постигнете, и како да се движите.rn
Правило бр. 2: Облекувајте се во склад со своето расположение
rnАко не сакате да носите штикли, тогаш немојте! Според зборовите на славниот креатор, поентата е во тоа да го носите она во кое најмногу се чувствувате секси и комфорно. Ако, кога носите штикли се чувствувате непријатно, тогаш немојте да ги носите. Можете да бидете исто толку секси и во рамни чизми.rn
Правило бр. 3: Носете го она што најмногу ви одговара
rnДоколку гардеробата одлично стои на некој модел или пак на куклата во излогот, тоа не значи дека и на вас ќе изгледа совршено. Носете го само она што вам најмногу ви прилега.rn
Правило бр. 4: Ако вашиот партнер забележи што сте облекле, тогаш изборот е вистински!
rnКристијан Лубутан истакнува дека за него најголем комплимент е кога некои жени ќе му кажат дека откако ги носат неговите креации, нивните партнери конечно забележуваат што тие облекуваат.
-

5 стилски правила за жените со облини
Веќе некое време светот на најпосакуваните и најпривлечните им припаѓа на жените со облини. Пример за тоа се Скарлет Јохансон, Блејк Лајвли, Ева Менденс и Моника Белучи, но исто така и Ким Кардашијан која се прослави со нејзиното тело.rnrn
rnrnАко сте дама која има поголеми облини добро е да ги знаете овие правила за стилизирање.rnrn1. Фустанот на преклоп и краткиот џемпер знаат одлично да ги нагласат женските облини! Под џемперот можете да носите кошула или тенок, волнен фустан.rnrn2. Можеби мислите дека не е точно, но на жените со облини од сите модели на фармерки најдобро им стојат залепени и ѕвонарки. Особено оние модели кои имаат висок струк.rnrn3. „Цигара“ фармерките со висок струк од вискоза или свиленкаст материјал може да изгледаат многу елегантно, споени со класични салонки и атрактивна блуза.rnrn4. Доколку сакате да создадете илузија на тенок струк, тоа најдобро ќе го направите со вклучување на каиш. Било да носите фустан, сукња или панталони, каишот ќе го нагласи струкот на најбрз и најлесен начин.rnrn5. Клучен модел кој секоја жена со облини би требало да го има во својот плакар е сукња со „молив“ крој. Ако нешто Ким сфати со текот на времето е дека треба да остане верна на овој крој на сукња. -

Како да изгледате секси и на минусни температури?
Автор: Зорица ТодороваrnrnТешко е да изгледате привлечно кога од глава до пети сте покриени со слоеви и носите гломазен капут. Но со овие паметни потези, ќе го избегнете ефектот на „мумија“, а вашиот стил на облекување ќе остане запазен.rnrn
rnИзбалансирајте го големиот волумен
rnМега големите шалови се вистински тренд оваа зима. Неутрализирајте ја нивната големина со кожно палто и тесни фармерки.rnrn
rnВметнете топол зимски детаљ
rnВо потоплите денови не мора да носите палто, облечете дебела ролка во црна боја која ќе ја искомбинирате со полукожен-полукрзнен елек и имате одлична алтернатива за здодевниот капут.rnrn
rnПреобразете ги вашите нозе
rnРаскинете им на чизмите за снег без облик – прават да изгледате уште пониски. Освен доколку не се наоѓате во снежна виулица, облечете пар високи кожни чизми кои ги издолжуваат вашите нозе.rnrn
rnИстакнете ја половината
rnДури и во дебело зимско палто повторно можете да ја истакнете вашата половина во облик на песочен часовник – едноставно ставете тенок ремен во свежа боја.rnrn
rnДодадете рокерски акцент
rnИмаме само три збора: ракавици без прсти. Нивниот непослушен, разигран изглед ќе му внесе свежина на вашиот стил многу подобро од обичните плетени ракавици.rnrn
