КАФЕ ПАУЗА

Tag: облекување

  • Старци со сомнителен вкус за облекување

    Старци со сомнителен вкус за облекување

    Можеби носат што ќе најдат, можеби прибираат од внуците или пак навистина се дрски како што изгледаат на сликите.rnrn

    Старци со сомнителен вкус за облекување
    Тој е повторно тука и е „поголем“ од кога било
    rnrn
    Старци со сомнителен вкус за облекување
    Не гледам добро
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е убаво да се дотеруваме?

    Зошто е убаво да се дотеруваме?

    Кога стана необично да се вложува труд за да се постигне прекрасен изглед? Од кога некој кој НЕ носи тренерки и качулка ги прекршува непишаните социјални правила? И најважно од сѐ, зошто „дотерувањето“ треба да биде само за специјални прилики? Дотерувањето е за секој, а еве 25 причини зошто е позитивно:rnrnzoshto-e-ubavo-da-se-doteruvame-kafepauza.mk copyrnrn1. Затоа што животот е премногу краток за да се вклопите во обичното и да бидете задоволни со просечен изглед.rnrn2. Само еднаш сте млади. Вие сте многу убави сега и имате прекрасно тело на кое во иднина ќе му завидувате. Искористете го и покажете ја вашата убавина.rnrn3. Модата е метод за самоизразување. Што сакате да кажете?rnrn4. Никогаш не знаете на кого ќе налетате. Позната личност во локалното кафуле? Може да се случи.rnrn5. Затоа што ги нервира другите луѓе. Кога некој ќе ве праша што е поводот за вашето дотерување, дајте му на знаење дека се дотерувате и без причина, па нека се чуди.rnrn6. Никогаш не се знае, можеби ќе ве фотографираат за некој моден блог или сајт.rnrn7. Затоа што заслужувате секогаш да изгледате најубаво.rnrn8. Бидејќи никогаш нема да го подобрите стилот ако не се трудите.rnrn9. Затоа што дотерувањето ви ги открива вистинските пријатели. Ако не им се допаѓа начинот на кој се облекувате, тогаш тие не се луѓето со кои треба да сте опкружени.rnrn10. Убавата облека води до комплименти, а комплиментите и до нешто друго…rnrn11. Затоа што забавите не се единствениот период кога може да се забавувате.rnrn12. Поради прекрасниот скап фустан во вашиот плакар кој заслужува да биде облечен повеќе од еднаш.rnrn13. Затоа што е забавно!rnrn14. Дури и да живеете во град каде што модата не е приоритет и ве фаќа страв при помислата да облечете похрабра комбинација, запомнете дека модните градови станале такви само затоа што некој прв почнал. Осмелете се да го направите првиот чекор, а потоа гледајте како сите останати ве следат.rnrn15. Од грешките се учи – направените модни грешки се подобри од живеењето на сигурно. Во ред е да ги направите за да не ги повторите никогаш повеќе.rnrn16. Ја подобрува самодовербата. Необичниот стил е клучен за самодовербата, која прави да се истакнете.rnrn17. Модата е уметност.rnrn18. Имате сѐ што е потребно: одличен стил, самодоверба и прекрасни нозе. Би било штета да не го искористите тоа.rnrn19. Ќе дојде период кога најверојатно ќе работите во фирма со строг дрес код и ќе ви недостасуваат фустанчињата од младоста. Експериментирајте, нема подобар период од сега!rnrn20. Затоа што гламурот не е само за богатите и познатите, иако тие би сакале така да мислите.rnrn21. Бидејќи секој ден можеби ни е последен. Кој би сакал да биде лошо облечен кога ќе умре?!rnrn22. Кери Бредшо никогаш нема да ги одобри тренерките и УГГ чизмите. Можете подобро од тоа и длабоко во себе знаете дека тоа е точно.rnrn23. Затоа што кога сте дотерани не мора премногу да ја средувате косата. Веќе со облеката го привлекувате вниманието на себе.rnrn24. Ништо не е подобро од тоа кога ќе се погледнете во огледало и ви се допадне тоа што ќе го видите.rnrn25. Затоа што вие сакате така. А само таа причина е навистина важна.

  • Шик комбинации со чорапи над колена

    Шик комбинации со чорапи над колена

    Зимата е сезона на облекување во слоеви и интересни детали, меѓу кои неопходни за модерен изглед се и чорапите над колена. Погледнете некои од начините на кои можете да ги комбинирате во зависност од вашиот омилен стил.rn

    Ретро стил

    rn(0) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnКомбинирањето на чорапите над колена може да биде во ретро стил. Тесното фустанче, чевлите и шапката кои ги гледате на сликата, заедно со црните чорапи се една опција за постигнување на ретро стил.rn

    Школски стил

    rn(1) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnЦрната облека во комбинација со сивите чорапи дава типичен школски изглед, но истовремено и зрачи со софистицираност. Црвен кармин на усните и впечатлива чанта совршено ќе го надополнат целокупниот изглед.rn

    Класичен стил

    rn(2) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnЦрно-белата комбинација е синоним за класичен изглед. Лелеаво црно фустанче, бела наметка и црни чорапи над колена навистина прави еден елегантен, класичен изглед.rn

    Рокерски стил

    rn(3) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnЕдноставно, а сепак моќно и малку рокерски. Темноцрвената кожна сукња со сиво-црното палто и црните чорапи над колена е одлично искомбинирана. Употребата на едно парче облека во повпечатлива боја може да го освежи целиот изглед.rn

    Женствен стил

    rn(4) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnЗа постигнување на поженствен изглед може да изберете чорапи над колена со одредени детали, како машнички или рабови со чипка. Токму таквите детали ќе ве направат да изгледате различно и уникатно.rn

    Зимски стил

    rn(5) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnЧорапите над колена прекрасно одговараат со чизми. Делот од чорапите кој се познава над чизмите дава удобен, освежувачки и интересен изглед, со голема доза на индивидуалност и личен печат.rn

    Со хулахопки

    rn(6) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mkrnrnКако што кажавме на почетокот, зимата е одличен период за облекување во слоеви. Облечете ги омилените хулахопки и над нив чорапите над колена. Ќе изгледате стилски, а и ќе ви биде потопло.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи за кои луѓето не треба да ни влијаат

    Работи за кои луѓето не треба да ни влијаат

    Автор: МарrnrnЖивотот е еден. Постарите рекле: денес си, утре не си. Често, потсетувајќи се на овие зборови, не сфаќам зошто луѓето постојано се обидуваат да ни пресудат за некоја постапка. Многупати пред да направиме нешто размислуваме дали тоа ќе влијае на нашата иднина и што останатите ќе помислат за тоа. Еве неколку примери за работи со кои повеќето од нас секојдневно се среќаваат и за кои не треба да слушаме никого, бидејќи животот треба да си го живееме по наша желба и по наши правила.rnrnРаботи за кои луѓето не треба да ни влијаатrn

    1. Немој да му ѕвониш!

    rnШто тие знаат за вас!? Кој и да е, не може да знае како се чувствувате. Секогаш кога имате потреба да слушнете некого, без разлика на сè, заѕвонете, не мислете на коментарите на другите, бидејќи еден ден и тие ќе бидат во ситуација каква што е вашата, но тогаш нема ни да ве прашаат вас за мислење. Не мислете се толку, кренете го телефонот и направете го повикот.rn

    2. Облечи нешто друго

    rnНикој не е должен да се облекува онака како што другите сакаат туку онака како што тој си сака. Ако веќе вие сте одбрале да го носите баш тоа парче облека за баш тој настан, тогаш сигурно сте мислеле дека во него ќе се чувствувате убаво. Гледајте си за себе и не заборавајте, ако се чувствувате убаво однатре,тогаш убаво изгледате однадвор.rn

    3. Не е тој/таа за тебе

    rnКако да не! Од каде другите можат да знаат кој е за вас? Тој/таа живее поразлично од вас? Па што, разликите се привлекуваат и секој може да биде за вас ако вие го дозволите тоа. За луѓето впрочем нормално е да кажат дека некој/а не бил/а за вас доколку тие го/ја имаат на ум за себе или ако сметаат дека вие сте нешто помалку од некого. Застанете на нозе и докажете им на сите дека баш тој/таа е вистинскиот или вистинската за вас!rn

    4. Будала си ако му/ѝ простиш

    rnЛуѓе, каква е таа големина на човештвото ако нема простување? Сакајте за да бидете сакани и простувајте за да ви простуваат. Како што никој не е совршен така и никој не е безгрешен. Ако сметате дека со тоа што ќе простите нема да бидете повторно повредени, тогаш што чекате, кажете го тоа зборче „извини“ и продолжете напред, а другите и онака секогаш ќе најдат некоја нова тема за разговор.rn

    5. Зошто сè уште разговараш со него/неа?

    rnНа улица се среќавате со бившиот/та или со другар со кој сте завршиле средно и сте се потскарале. Зарем поради некоја таква причина треба да останете без муабет и да вртите глава кога ќе се пресретнете на улица? Сте поминале заедно некои моменти од животот, било што било, не мора да значи дека сè е простено и заборавено ако се каже едно „Здраво“. Поздравот е од култура, не го очекувајте од некултурни луѓе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој европски народ е најубаво облечен?

    Кој европски народ е најубаво облечен?

    Порталот „Zoover“ направил истражување во кое учествувале 12.000 туристи од 20 европски држави, а прашањето било кој европски народ најубаво се облекува.Кој европски народ е најубаво облечен?Според резултатите, најубаво облечени се Италијанците за кои се изјасниле дури 35% од испитаниците. Второто место им припаднало на Французите, додека третото на Швеѓаните.rnrnПомеѓу оние со најмалку стил во Европа се наоѓаат Грците, Германците и Британците, а убедливо најлошо облечени се Полјаците.rnrnИстражувањето покажало дека секој испитаник смета дека неговата земја е најдобро облечена, а потоа својот втор глас го дава за Италијанците.rnrnНа прашањето кој е најлошиот стил на облекување, дури 65% од машките испитаници одговориле дека комбинацијата од сандали и чорапи е најлоша, додека 20% рекле дека би забраниле подебелите луѓе да носат мали костими за капење. Кај женските испитанички, 40% одговориле дека не сакаат тесни хеланки, а 20% дека мразат широка облека.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни фустани за на свадба

    Летни фустани за на свадба

    Летото е период кога се прават многу свадби и период на убаво облекување. Па за такви специјални прилики како што се свадбите, поинаку и не треба да биде. Направивме селекција од 14 модели на фустани зад кои стојат некои од поголемите дизајнерски имиња, кои се надеваме ќе ви послужат како инспирација за следната свадба за која се спремате ова лето.rnrnЛетни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба Летни фустани за на свадба

  • Модни катастрофи на познатите

    Модни катастрофи на познатите

    Секој може да направи грешка, но постојат грешки кои едноставно не се простуваат. Особено ако сте познати ширум целиот свет, и тоа како модна икона, пливате во пари, дури и не знаете што попрво да направите со нив. Дали од бес и разгаленост или од помислата дека што и да облечат ќе бидат кул, познатите прават многу модни грешки.rnrnБез разлика дали станува збор за фустан кој целосно противречи на нивната форма на тело, комбинација која не одговара за одредена пригода или обувки кои се косат со секаква модна логика, модните експерти одвоиле неколку катастрофални модни утки на познатите, иако ги има навистина многу повеќе. Можеби некои од издвоените личности се наши идоли и ги обожуваме, но овие нивни комбинации едноставно се смешни.rnrn

    Модни катастрофи на познатите
    Крис Браун
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Ники Минаж
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Витни Порт
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Ријана
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Менди Мор
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Лил Ким
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Аманда Сајфред
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Џенифер Анистон
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Ешли Тисдејл
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Бритни Спирс
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Куба Гудинг Џуниор
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Џулиен Хаф
    rnrn
    Модни катастрофи на познатите
    Кејти Пери

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одберете облека според формата на вашето тело

    Одберете облека според формата на вашето тело

    Постојат многу различни начини за определување на формата на телото. Но едни од најпознатите и најшироко распространетите се вертикалната и хоризонталната определба. rnrnЗа да ја определите вашата вертикална форма на телото, започнете со мерење на вашите вертикални пропорции. Овие пропорции се однесуваат на долниот и горниот дел од телото, кои, доколку ги знаете, можат да бидат од голема помош при изборот на облека. Откако ќе се измерите, пронајдете ја вашата форма на телото и прочитајте кој вид облека најдобро ќе ги нагласи вашите позитивни страни на телото.Одберете облека според формата на вашето телоrnrn

    Кратки нозе, долго торзо

    rnДоколку вашите нозе се пократки во споредба со горниот дел од вашето тело, тогаш целта е да создадете илузија дека имате подолги нозе:rn

      rn011

    • Носете повеќе накит и марами кои ќе го привлекуваат вниманието кон вашите рамена и лице.
    • rn011

    • Одбирајте горни делови кои се пократки.
    • rn011

    • Носете блузи или кошули вметнати во фармерките/панталоните.
    • rn011

    • Експериментирајте со многу слоеви облека.
    • rn011

    • Комбинирајте посветла горна облека со потемни фармерки/панталони или здолништа.
    • rn011

    • Носете пошироки ремени.
    • rn011

    • Носете рамни здолништа и малку пошироки фармерки/панталони.
    • rn011

    • Обидете се секогаш вашите панталони, чорапи и обувки да бидат во иста боја.
    • rn011

    • Носете високи штикли.
    • rn011

    • Вашите „зимски“ фармерки/панталони нека бидат долги до земја.
    • rn

    rnОдберете облека според формата на вашето телоПробувајте да избегнете:rn

      rn011

    • долги горни делови (посебно ако сте пониски)
    • rn011

    • фармерки/панталони или здолништа со многу низок струк
    • rn011

    • тесни здолништа и тесни фармерки/панталони
    • rn011

    • фармерки/панталони до над глуждовите.
    • rn

    rn
    rn

    Балансирано тело

    rn Доколку мерките на горниот и долниот дел од телото ви се со приближни димензии, тогаш целта е да го „издолжите“ вашето торзо:rn

      rn011

    • Носете повеќе накит и марами ќе го привлекуваат вниманието кон вашите рамена и лице.
    • rn011

    • Горниот дел од облеката треба да ви биде со средна должина.
    • rn011

    • Горниот и долниот дел од облеката треба да ви биде со иста или со слична боја.
    • rn011

    • Одбирајте блузи или фустани кои се прошируваат кај струкот.
    • rn011

    • Носете рамни или многу малку широки здолништа или фармерки/панталони.
    • rn011

    • Носете фармерки/панталони кои ќе започнуваат од вашата половина.
    • rn

    rnОдберете облека според формата на вашето телоПробувајте да избегнете:rn

      rn011

    • блузи или кошули вметнати во фармерките/панталоните
    • rn011

    • многу кратки блузи
    • rn011

    • блузи или фустани кои се тесни до под градите, а надоле широки
    • rn011

    • широки ремени
    • rn011

    • фармерки/панталони или здолништа со висок струк.
    • rn

    rn
    rn

    Долги нозе, кратко торзо

    rnДоколку вашите нозе се подолги од вашето торзо, целта е да ги балансирате димензиите:rn

      rn011

    • Носете панталони или здолништа со интересни дизајни кои ќе го насочуваат вниманието кон вашите нозе (избегнувајте ако сте ниски).
    • rn011

    • Ставајте долги модни додатоци (накит, марами…).
    • rn011

    • Фармерките/панталоните и здолништата нека ви бидат во посветла нијанса од горниот дел.
    • rn011

    • Носете подолги горни парчиња (ако сте пониски, долги до неколку сантиметри под струкот).
    • rn011

    • Носете блузи и кошули над фармерките/панталоните или здолништата.
    • rn011

    • Блузите и фустаните треба да бидат потесни до струкот, но пошироки под него.
    • rn011

    • Носете рамни или малку широки здолништа.
    • rn011

    • Носете фармерки/панталони со понизок струк.
    • rn011

    • Избирајте тесни фармерки/панталони (само во комбинација со подолга блуза).
    • rn

    rnОдберете облека според формата на вашето телоПробувајте да избегнете: rn

      rn011

    • накит кој ќе го насочува погледот на набљудувачот кон горниот дел од телото
    • rn011

    • облека која има дизајни со вертикални линии
    • rn011

    • кратки блузи или кошули
    • rn011

    • блузи или фустани кои се тесни до под градите, а надоле широки
    • rn011

    • широки појаси
    • rn011

    • фармерки/панталони или здолништа со висок струк
    • rn011

    • фармерки/панталони кои се се широки до колена, а тесни под нив.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога чиниите се гости на вечера

    Кога чиниите се гости на вечера

    Кога наместо луѓето, чиниите се гости на вечерата, тие мора да бидат убаво дотерани и да се однесуваат по бонтон. Австралискиот уметник Соња Ренч со помош на фотографот Скот Њует ја создалa серијата фотографии наречена „Кодекс за однесување на вечера“ во која главни ѕвезди се чиниите и останатиот прибор за јадење.Кога чиниите се гости на вечераСоња го употребила приборот за јадење комбинирајќи го така за да претставува одреден начин на облекување за свечена пригода. Во фото-серијата на Соња, виљушките и ножевите стануваат вратоврски, шолјите за кафе се шешири, а салфетките – кошули и машни.rn
    rn

    Материјалите употребени во „Кодекс за однесување на вечера“ се токму онакви какви што изгледаат. Чиниите, виљушките, лажиците и салфетките се мои, на моите родители и на моите великодушни пријатели – вели таа.

    rnKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечераKога чиниите се гости на вечера
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Првиот бутик „Версаче“ за деца

    Првиот бутик „Версаче“ за деца

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnСветски познатиот интернационален италијански бренд „Версаче“, на чело со Донатела Версаче, неодамна го отвори првиот бутик „Версаче“ за деца. Тој се наоѓа во Милано, каде во дамнешната 1978 година беше отворен и првиот официјален бутик потпишан со ова име.Првиот бутик „Версаче“ за децаКреациите во бутикот се наменети за момчиња и девојчиња до 12 години, а тие ќе можат да се најдат и во многу други познати специјализирани бутици насекаде во светот. Дезените со леопард, бебешки шишиња украсени со Сваровски кристали, фустани со слики од бајките, се само некои од многуте дизајнирани предмети што можат да се најдат овде.Првиот бутик „Версаче“ за децаЕксклузивните парчиња облека, според Донатела Версаче, би требало да бидат задолжителни за оние деца кои сакаат да се издвојат од толпата и да имаат уникатен стил на облекување.Првиот бутик „Версаче“ за децаЕнтериерот на бутикот плени со својата детска, нежна и разиграна атмосфера. Виолетовата боја преовладува насекаде низ просторот, а џиновски лижавчиња го украсуваат излогот.Првиот бутик „Версаче“ за децаДоколку се наоѓате во Милано, можете барем накратко само да ги ѕирнете прекрасните мали ексклузивни парчиња, а можеби и да купите некое за да ги израдувате вашите деца или внуци. Локацијата на бутикот е Via Borgospesso 15/A.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.