КАФЕ ПАУЗА

Tag: независност

  • Зошто треба да отидете на соло патување барем еднаш во животот?

    Зошто треба да отидете на соло патување барем еднаш во животот?

    Патувајте доволно далеку за да се запознаете себеси бидејќи истражувањето на надворешниот свет ќе ви помогне да откриете нови работи за себе. Освен тоа, соло патувањето ви дава можности да запознаете нови луѓе, да излезете од вашата удобна зона и да се вратите дома како подобра и позрела личност. Во продолжение прочитајте зошто вреди да отидете на соло патување барем еднаш во животот.rnrnЗошто треба да отидете на соло патување барем еднаш во животот? rn

    1. Соло патувањето ве учи да бидете независни

    rnСоло патувањето ве прави независни и значително ви ја зголемува самодовербата со оглед на тоа дека морате самите да носите одлуки и самостојно да ги решавате евентуалните проблеми.rn

    2. Запознавате нови луѓе

    rnСоло патувањето ве принудува да комуницирате со нови луѓе. Кога патувате сами неопходна е комуникацијата со странци. Некогаш тоа го правите бидејќи ви треба помош за нешто, а некогаш бидејќи сакате само да ги запознаете, да дознаете од каде доаѓаат и што сакаат. На тој начин имате можност да стекнете нови пријатели со кои можете да останете во контакт и по патувањето.rn

    3. Ги подобрувате вашите комуникациски вештини

    rnКога сами патувате морате да комуницирате со другите доколку сакате да ги искажете вашите потреби. На тој начин самите почнувате разговор со другите, а тоа води до подобрување на вашите комуникациски вештини.rn

    4. Учите како да живеете надвор од вашата удобна зона

    rnНапуштањето на удобната зона е клучот за личниот раст и развој. На почетокот можеби се чувствувате непријатно и се обидувате да се спротивставите, но магијата се случува токму кога ќе го победите стравот! Ова ќе ви помогне и полесно да донесете смели одлуки, полни со авантура и возбуда.rn

    5. Спонтаност и слобода

    rnСоло патувањето ви дава целосна слобода. Освен тоа, имате целосна контрола над сите одлуки што треба да ги преземете. Доволно е да се потпрете на сопственото искуство и на вештините за одлучување. Не заборавајте дека соло патувањето ви носи флексибилност и спонтаност.rn

    6. Нови перспективи

    rnЗапознавањето на разноразни луѓе и доаѓањето во контакт со разни култури и традиции ќе ви донесе нови перспективи во животот. Ќе научите да гледате поинаку на работите, а тоа ќе ви помогне подобро да се поврзете со луѓето.rnrnОткако прочитавте за придобивките на соло патувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најбезбедните земји за соло патување.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Совети за сите оние кои првпат живеат сами

    Совети за сите оние кои првпат живеат сами

    Ако сте решиле конечно да станете независни, пред вас се многу предизвици за кои веројатно не сте ни свесни. Без разлика дали имате 20, 30 или повеќе години, ништо не може да ве подготви за самостоен живот. Сè што досега ви требаше за најмалку 4 лица, сега се сведува само на вас: од купување намирници и подготвување оброци, до чистење на куќата, поправки и организирање на трошоците. Овие совети ќе ви бидат од голема корист ако одлучите да живеете сами за првпат.rnrnСовети за сите оние кои првпат живеат самиrn

    Одредете го вашиот месечен буџет

    rnАко не сте навикнати да водите сметка за парите, многу лесно може да се случи да почнете да трошите повеќе отколку што заработувате. Ако одредите месечен буџет што можете да го трошите, нема да имате проблеми со натрупани трошоци, неплатена кирија и празен фрижидер.rn

    Секогаш имајте список со важни броеви при рака

    rnВи изгледа безопасно сè додека славината не почне да тече неконтролирано, Интернетот престанува да работи или телевизорот одеднаш се расипува. Броевите на водоводџии, кабелски оператори, управителот на зградата каде што сте го изнајмиле станот, најблиската аптека, бравар, електричар и сл. мора секогаш да ви бидат на дофат на раката.rn

    Бидете љубезни кон соседите

    rnНикој не очекува да бидете сосед на годината, но малку љубезност нема да ви наштети. Добрососедските односи можат барем да ви обезбедат преземање на пакетот што сте го нарачале преку Интернет ако не сте дома за време на испораката. Кога сакате да патувате и ви треба некој да ги наводни вашите растенија или да ја нахрани вашата мачка, добро е да имате пријателски однос со соседот.rn

    Одржувајте колку што е можно подобар ред

    rnБидејќи нема кој друг да расчисти по вас или да ве потсети да го сторите тоа, проверете дали сте го активирале тој аларм во себе. Креативниот неред е сосема разбирлив, но сè што не миете и не чистите денес, ве чека утре, со додавање на нови валкани работи. Оставете го темелното чистење за еден ден од викендот, а другиот ден нека ви биде апсолутна спротивност, така што ќе правите работи што ве опуштаат.rn

    Подигнете ја безбедноста околу вас на највисоко можно ниво

    rnНаједноставниот пристап кон овој проблем е да чувате куче. Тоа ќе ви прави друштво и ќе направи да се чувствувате побезбедно. Од друга страна, ако ви треба поголема безбедност, алармниот систем и менувањето на бравите на влезната врата се некои од опциите што ви се понудени.rnrnПогледнете кои 15 неочигледни знаци покажуваат дека вашиот дом е чист.

  • Престанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте сингл

    Престанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте сингл

    Престанете да се убедувате дека не можете да бидете сами. Престанете да го давате срцето на луѓе кои ви покажале и најмал романтичен гест. Престанете да се грижите дека никој нема да ве сака. Престанете да им љубоморите на паровите околу вас. Престанете со огорченоста за Денот на вљубените. Престанете да се сомневате во вашата способност да бидете независни.rnrnПрестанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте синглrn

    Престанете да верувате дека не можете да бидете среќни ако не сте во врска

    rnБез сомнение, да имате некого кој ја задоволува вашата потреба за интимно внимание е навистина добро. Ова е извор не само на среќа, туку и на гордост. Но заборавете на тоа дека ова ви е потребно. Можете да преживеете и без партнер бидејќи сè што ви е потребно сте самите вие. Ако ја пронајдете сродната душа, гледајте го тоа како бонус во вашиот стабилен живот.rnrnПотребна е голема посветеност за да ја постигнете независната среќа. Мора да го научите ова и да стане дел од вас. Размислете за ова, можете да живеете среќно без никого и да уживате во слободата што ја имаат само луѓето кои се сингл. Можете да се фокусирате на вашите цели, на вашиот успех, на вашиот личен развој. Можете да уживате во многу нешта без да барате одобрување. Не мора да го ограничувате вашето време за семејството и пријателите. Можете да го поминете целиот ден или целата недела правејќи го она што го сакате.rn

    Почнете да верувате дека можете да научите најмногу за животот без да бидете во врска

    rnКога сте во врска често сте презафатени со партнерот и со самата врска. Се фокусирате на тоа како да го одржите квалитетот на врската наместо да учите за сите нешта што ги сретнувате во секојдневниот живот. Испуштате многу настани што би ги ценеле доколку сте сами. Кога сте сингл го набљудувате светот на интелигентен начин и само со ваша перспектива. Се мотивирате да правите необични работи бидејќи знаете дека не е само љубовта она што ви го разубавува животот. Најважно од сè, учите како сами да се справувате со нештата без потреба да се потпирате на некој друг. Само вие можете да си помогнете.rn

    Почнете да верувате дека ќе ја имате најдобрата врска дури откако ќе научите да бидете независни

    rnВашите стандарди ќе бидат високи поради многуте искуства преку кои сте стекнале мудрост и сила. Ова се нешта што нема да сакате да ги потрошите на погрешната личност. Додека сте биле сами сте научиле како паметно да одбирате. Можеби нема да успеете, но тој неуспех ќе боли помалку бидејќи ќе знаете дека сте ја изгубиле само личноста, а не и себеси. Можете само да замислите колку е добро да бидете во врска откако сте поминале време сами со себе.rnrnАко сте во врска, тоа е одлично. Само без разлика што ќе се случи, немојте да се изгубите. Ако сте сингл, тоа е уште подобро. Имате уште многу време да се грижите за себе и да уживате во животот како независна личност.rnrnЗнаете ли зошто е убаво да бидете сингл додека студирате?

  • Како да одгледате силна и независна ќерка?

    Како да одгледате силна и независна ќерка?

    Денес е вистински предизвик да се биде жена. Уште поголем предизвик е да одгледате една. Кога таа идна жена е вашето мало девојче, важно е да ја научите како да биде независна. Ако сакате вашето девојче да порасне во силна и независна жена, важно е да ја запознаете со овие животни вештини.rnrnКако да одгледате независна ќерка?rn

    1. Научете ја како самата искрено да заработува

    rnПотребно е вашата ќерка да верува дека е доволно интелигентна за самата да заработува и да не биде финансиски зависна од партнерот или кој било друг. Важно е да ја научи важноста на тоа да заработува сама, но и како да го прави тоа на искрен начин. Научете ја да штеди, паметно да троши и како да го има животот што го сака со нејзината плата.rn

    2. Научете ја да менува гума и да ја разбира механиката на автомобилот

    rnИ девојките треба да знаат да сменат гума на автомобилот. Ако некогаш се најде сама во таква ситуација, оваа вештина ќе ѝ биде од голема помош. Покрај тоа, објаснете ѝ ја основната механика на автомобилите за да може самата да се справи кога ќе се појави некој проблем.rn

    3. Научете ја дека внатрешната убавина е поважна од надворешната

    rnДенес девојчињата се изложени на многу нереални слики за нивниот изглед и однесување. Вашата ќерка треба да ја разбере важноста на добрината, моралниот компас и вредностите. Навистина е лесно девојките да ја изгубат нивната вредност обидувајќи се да ги достигнат нереалните прикажувања на изгледот на жената.rn

    4. Научете ја како да се брани

    rnНе дозволувајте вашата ќерка да биде ранлива само затоа што е женско. Потребно е да знае да се одбрани ако некој се обиде физички да ја нападне. Покажете ѝ ги основите за самоодбрана или најдете некој што ќе ја научи.rn

    5. Научете ја како да се шегува

    rnШегувањето е важен дел од социјалната интеракција во и надвор од работното место. Важно е вашата ќерка да знае кога треба да биде сериозна и интелигентна, а кога може да користи сарказам и хумор. Треба да знае да покаже почит, но и да знае како да комуницира со останатите.rn

    6. Научете ја за дискриминацијата

    rnПостои голема можност вашата ќерка да биде жртва на дискриминација, без разлика дали тоа е поради нејзиниот пол, боја на кожа или кариерата што ја одбрала. Кажете ѝ што е дискриминација и покажете ѝ примери. Исто така потребно е да ја научите како да се справи со таквите ситуации.rn

    7. Научете ја да каже „Не“

    rnОва е многу важно поради неколку причини. Вашата ќерка треба да знае како да одбие секс со личност што не сака да има односи. Треба да знае да одбие да направи нешто што не го сака. Одбивањето е нешто што е тешко за многу жени бидејќи често прави да се чувствуваат виновни. Дајте ѝ до знаење дека има право да каже „Не“ и дека тоа е важен дел од процесот на себезапознавањето.rn

    8. Научете ја како изгледа вистинската љубов

    rnСигурно веќе знаете колку е важно ова. Знаете кој е најдобриот начин да ја научите на ова? Со пример. Ќерка ви ќе научи многу за врските гледајќи ве вас. Покажете ѝ што е вистинска, а што лажна љубов. Вистинската љубов не е посесивна и заканувачка.rn

    9. Научете ја како да размислува сама за себе

    rnКога се помлади, родителите свесно или несвесно ги охрабруваат ќерките да размислуваат како нив. Се обидуваат да им ги наметнат нивните мислења, како на пример, каква облека да носат, каква фризура да имаат, на кој факултет да се запишат, за кого да гласаат и слично. Ова не треба да биде вака. Иако родителот има улога на водич, детето треба да биде способно самото да размислува и да има своја перспектива за работите. Охрабрете ја ќерка ви да размислува независно и да го искаже своето мислење. Секогаш бидете безбедно место за ќерка ви. Бидете личноста на којашто ќе може да каже сè што мисли без да се плаши дека ќе ѝ судите.rn

    10. Научете ја дека секогаш ќе бидете овде за неа

    rnНајважното нешто за вашата ќерка, без разлика дали е свесна сега за тоа или не, е верувањето дека секогаш ќе бидете на нејзина страна, ќе ја поддржувате и ќе ѝ помагате. Понекогаш нема да може сè да направи сама, па важно е да можете да ѝ помогнете.rnrnПрочитајте ги и работите што треба да ѝ ги кажете на вашата ќерка тинејџерка.

  • 11 начини како да останете независни во љубовната врска

    11 начини како да останете независни во љубовната врска

    Доколку сте во љубовна врска, веројатно го сметате партнерот за ваш најдобар пријател кому ги кажувате сите ваши грижи, проблеми, со кого поминувате време заедно и одите на важни настани. Но, иако постојано сте заедно, успехот на една љубовна врска во голема мера зависи од тоа колку партнерите се независни. Тоа е проблемот на многу парови. Толку многу свикнуваат еден на друг што се испреплетуваат во една личност и се губат себеси. За да го одбегнете губењето на вашата независност во врската, прочитајте ги следниве 11 совети кои ќе ви помогнат да останат свои…rnrn11 начини како да останете независни во љубовната врскаrn

    1. Научете да ги препознавате сопствените емоции

    rnКога ќе научите да ги препознавате сопствените емоции, ќе можете да го браните вашиот став и да носите брзи одлуки кога партнерот нема да биде до вас. Ова можете да го направите со помош на медитација, вежби за дишење, јога, џогирање, пливање или која било друга физичка вежба со смирувачки ефект на телото.rn

    2. Правете нешто сами

    rnЗабавно е да споделувате искуства со партнерот, но потребно е некои од нив да ги доживеете и сами. Уживајте во она што ви дава енергија. Најдете некое ново хоби или интереси кои потоа ќе можете да му ги пренесете на партнерот. Тоа ќе ја одржи врската здрава и ќе ви овозможи заеднички личен развој.rn

    3. Разберете го и прифатете го мислењето на вашиот партнер

    rnНормално е дека некои ваши размислувања ќе се разликуваат од оние на партнерот и токму овие разлики се одличен начин да добиете независност. Разберете го и прифатете го неговиот начин на размислување, особено ако се разликува од вашиот.rn

    4. Научете да бидете меѓузависни, а не козависни

    rnКога постои меѓузависност во врската, тоа значи дека добро функционирате заедно со партнерот, но знаете како да бидете и сами исто така. Кога некој е козависен, смета дека не може да биде сам и се плаши дека ќе изгуби дел од себе ако се распадне врската. Врската нема да биде здрава ако вашите желби и потреби целосно зависат од партнерот.rn

    5. Размислете за вашите суштински вредности

    rnНемојте да ги менувате вашите вредности поради партнерот. Нормално е да ги смените, но само ако вие сакате, а не затоа што некој ве принудува. Дознајте што е она што навистина ви значи и секогаш следете го.rn

    6. Задржете ги вашите интереси

    rnПродолжете да ги правите оние работи кои ве исполнувале кога не сте биле во врска. Дозволено е да имате интереси кои ќе бидат само ваши, иако во ред е одвреме-навреме да ги споделите со партнерот.rnrn11 начини како да останете независни во љубовната врскаrn

    7. Научете да се сакате себеси

    rnНајважната врска која секогаш треба да ја негувате и развивате е онаа со вас самите. Во спротивно нема да можете да остварите ниту една успешна љубовна врска. Не заборавајте да се сакате себеси. Треба да се грижите за вас и вашите потреби.rn

    8. Дружете се со вашите пријатели без партнерот

    rnКога не сте биле во врска, веројатно постојано сте биле со вашите пријатели и семејство. Многу е важно да ги задржите тие односи откако ќе започнете љубовна врска. Вашата среќа не смее да зависи само од една личност. Одвреме-навреме излегувајте одвоено, само со вашите пријатели.rn

    9. Најдете ново хоби

    rnНајдете ново хоби и запознајте нови луѓе. Тоа ќе ви даде нови теми на разговор со вашиот партнер и ќе ги прошири вашите видици.rn

    10. Дознајте што друго ви е важно покрај врската

    rnНормално е дека вашиот партнер претставува важен сегмент од животот, но не смее да биде единствената работа што ви значи. Размислете што ве исполнува и што ве прави среќни. Тоа ќе ве потсети дека постојат други работи во вашиот живот покрај партнерот. Треба да бидете подеднакво среќни без разлика дали сте со или без партнер.rn

    11. Немојте да имате преголеми очекувања

    rnСекогаш ќе бидете разочарани ако имате нереалистични очекувања. Наместо да ѝ придавате толкаво значење на врската, фокусирајте се на вашите сопствени потреби и желби. Многу луѓе очекуваат дека врската треба да им ги исполни сите нивни потреби. Тоа очекување не е реалистично за долга врска. Во ред да се зближите со некого, но секогаш имајте на ум дека се работи за посебно битие.rnrnСупер е кога врската е стабилна, но вашиот живот не треба да се врти само околу партнерот. Поминувајте време сами, најдете ново хоби и дознајте што ви е важно во животот покрај врската. Време е да ја пронајдете вашата вистинска независност.

  • Зошто е најдобро во 20-тите години да престанете да земате пари од родителите?

    Зошто е најдобро во 20-тите години да престанете да земате пари од родителите?

    Постојат родители кои можат да си дозволат да ги помагаат своите деца финансиски и да им плаќаат школување, рата за стан, рата за автомобил… Но, има и такви кои иако не се финансиски многу моќни, сакаат нивните деца да имаат сè што им е потребно, па за да обезбедат доволно финансии работат деноноќно. Притоа се откажуваат од реализирање на своите потреби, а финансиите ги пренасочуваат единствено кон потребите на своите деца. Не може да се каже кои родители постапуваат правилно, затоа што секој го посакува најдоброто за своите најмили. Сепак главната одлука треба да ја донесат децата. Доколку сте во 20-тите години од животот, можеби треба да застанете и да размислите дали е во ред сè уште да земате пари од вашите родители. Сега сте во најдобриот период од животот кога треба да размислите за финансиска независност, затоа што тоа многу ќе ви помогне во понатамошниот живот.rnrn(1) Зошто во 20-тите години е најдобро да престанете да земате пари од родителите?rn

    1. Потребно е да прогласите независност

    rnОвој период од животот е најважен за преземање на овој чекор. Да станете финансиски независни е многу важен сегмент од вашиот живот, затоа мора да си поставите цел да пронајдете добро платена работа. Кога ќе ја почувствувате предноста на финансиската независност, ќе добиете слобода, а нештата ќе почнат да се местат онака како што сте си ги замислувале.rn

    2. Кога еднаш ќе го сторите тоа, потоа е тешко да престанете

    rnСосема е во ред да земете понекогаш, на пример, пари за гориво или слична потреба, за која што во моментот немате финансии, но доколку секој месец барате пари од родителите да исплатите наем за стан, да си купите храна, да платите рата за кредит, тогаш треба да размислите до кога ќе го правите тоа. Родителите можат да помагаат, но не и да ве издржуваат. Доволни им се нивните сметки, затоа обидете се и дајте сè што можете за самите да си ги плаќате своите трошоци и потреби.rnrn(3) Зошто во 20-тите години е најдобро да престанете да земате пари од родителите?rn

    3. Родителите повеќе ќе ве почитуваат

    rnНема посреќни родители од оние кои ќе го видат своето дете независно. Тие се среќни што воспитале човек, кој во своите 20-ти години дава сè од себе за својата финансиска стабилност. Не постои родител кој не би бил среќен да го види своето дете како самостојно заработува и се грижи за своите финансии.rn

    4. Го избегнувате моментот да го користат тоа против вас

    rnЕдна од најиритирачките работи е кога родителите им даваат финансии на своите деца, а потоа во еден момент им го „удираат“ тоа в лице. Доколку финансиски зависите од своите родители, при секоја помала или поголема расправија, тоа ќе биде употребено против вас. Затоа е потребна финансиската стабилност. Сите сме свесни дека парите не растат на дрво. Потрудете се да работите напорно, па некогаш и по повеќе работи истовремено. Притоа, нема што да изгубите, затоа што 20-тите години се период кога човек се стекнува со вештини и со работна навика. Доколку тогаш успеете да се осамостоите, тогаш во понатамошниот живот полесно ќе ги надминувате проблемите, како на професионален, така и на приватен план.

  • 7 работи кои ќе ги разберат само независните жени

    7 работи кои ќе ги разберат само независните жени

    Отсекогаш сме се восхитувале на храброста и смелоста на независните луѓе, кои зрачат со самодоверба, самопочит и позитивна енергија. Нивниот карактер отсекогаш ги мотивирал и инспирирал другите и им давал поттик да не се откажуваат од своите цели и аспирации, меѓутоа постојат неколку аспекти на независноста кои не делуваат толку розово, но затоа се реални, вистински и моќни. Во продолжение прочитајте ги 7-те работи кои ќе ги разберат само независните жени.rnrn7 работи кои ќе ги разберат жените кои зависат само од себеrnrn1. Независноста не е секогаш избор. Луѓето сакаат да ја гледаат како карактерна црта, иако во некои случаи, таа е повеќе прашање на преживување и благосостојба отколку предност. Да имате потреба да зависите од себе е многу поразлична игра од преферирањето да се биде сам.rnrn2. Луѓето кои биле принудени да ја присвојат автономијата имаат една неверојатна предност во животот. Кога знаете дека сте немале избор освен да се грижите за себе, тогаш сте научиле не само да се справувате со сите технички работи во животот, како што се плаќањето на сметките, туку и со емоционалната одговорност која доаѓа со избирање на семејството и откривање што е важно, а што не е.rnrn3. Да се ставите себеси пред другите е доблест. Во свет каде себичноста и сакањето на самите себеси се погрешно претставени како синоними, запомнете дека способноста да се сакате и да се грижите за себе не е луксуз, туку е потреба доколку сакате да го живеете здравиот живот кој го заслужувате.rnrn4. Интимните врски се многу поважни кога сте независни. Луѓето кои мораат да бидат независни типично поминале низ некоја психолошка траума, како на пример кога некој важен бил или отсутен и не бил вмешан во нивниот живот или премногу се обидувал да ги контролира. Во тој случај, потребно е време да научите дека можете да бидете тоа што сте и да им верувате на другите, што е клучно за секој тип однос со луѓето.rnrn5. Вие сте сѐ што имате на крајот на денот. Доаѓаме сами и си одиме сами. Независно колку љубов ќе искусиме во животот помеѓу, на крајот, сами ќе си заминеме од овој свет. Ако чекате некој да ве спаси или да ви помогне, тогаш си го губите времето. Само вие ја имате моќта да го промените својот живот.rnrn6. Ништо не е поважно од светоста на вашиот ум. Нема ништо во светот повредно од емоционалната, менталната и финансиската слобода, работи на кои не наидувате случајно и кои мора сами да ги развиете и да научите да ги организирате и водите.rnrn7. Најголемиот благослов е она што луѓето не можат да ви го дадат. Кога некој ја задржува својата љубов, треба сами да ја најдете. Кога вашите родители ви даваат сѐ што ќе посакате, тогаш никогаш нема да ја почувствувате потребата да ги направите работите сами за себе. Кога работите ви се ставени во скутот, никогаш нема да научите како да се помачите за да стигнете до целта. Кога не морате да се соочите со непријатностите од потреба, тогаш ќе го поминете целиот живот избегнувајќи ги и ќе останете само половина од личноста која можете да бидете.

  • Зошто е убаво да бидете сингл додека студирате?

    Зошто е убаво да бидете сингл додека студирате?

    Повеќето од нас пораснале слушајќи од повозрасните дека студентските денови се најубавите години во животот. Факултетот симболизира независност, прилика за да се искуси секоја можност којашто доаѓа на патот. Тоа не е само авантура каде што се стекнуваат искуства со нови луѓе, места и работи, туку и шанса да се стане независен.rnrnrnrnНо, речиси секој од нас, на некој начин, замислувал дека во овие четири години ќе ја запознае личноста со која ќе стапи во брак. Да бидеме реални, кога постојано сме опкружени со заљубени парови кои ги слават своите годишнини и кои веќе ја планираат својата заедничка иднина, понекогаш се запрашуваме што правиме погрешно и зошто сè уште не сме го пронашле вистинскиот партнер? Но и тоа има своја позитивна страна. Искуството како сингл девојка во четирите години поминати на факултет нуди многу предности, а во продолжение погледнете дел од нив.rn

    1. Ќе стекнете независност

    rnЗафатената и енергична жена, ориентирана кон своите цели е многу поатрактивна од жената која чека мажот да ја направи среќна. Иако понекогаш е потребен партнер на кој би можеле да се потпрете, важно е да изнајдете начини да ги направите нештата интересни, без да западнете во секојдневната рутина. Како сингл девојка, вие можете да се приклучите на различни организации, повеќе да читате или пак да научите да готвите. Времето поминато со овој статус ќе ве натера да сфатите дека можете да се забавувате и самите.rn

    2. Ќе изградите силни врски со вашите пријателки

    rnВелат дека момчињата доаѓаат и си одат, но пријателите се засекогаш. Иако ова не е секогаш така, повеќето од пријателите коишто сте ги запознале на факултет многу е веројатно и понатаму да останат покрај вас. Не дека не може да се запознаат или да се задржат овие личности доколку сте во врска, но постои некоја посебна поврзаност помеѓу сингл девојките и нивните пријателки.rn

    3. Ќе одите на љубовни состаноци, а притоа ќе откриете што навистина сакате, а што не

    rnЖивееме во време кога закажувањето состаноци претежно се одвива преку интернет, а различните апликации прават тоа да изгледа премногу лесно. Сингл девојките во своите дваесетти имаат можност да ги искористат предностите на овие технолошки достигнувања преку коишто може да се запознаат различни луѓе, а кои ќе им донесат корисни искуства во животот.rn

    4. Ќе останете фокусирани

    rnФакултетот е период кога се случуваат огромни промени, без разлика каков е вашиот љубовен статус. Сепак, кога врската ја ставате во преден план, лесно можете да заборавите на останатите ваши цели, задачи и одговорности. Често пати младите во тие години не умеат правилно да балансираат помеѓу врската и останатите случувања во животот.rn

    5. Самите ги правите плановите за по завршувањето на факултетот

    rnМесеците пред дипломирањето носат возбуда и вознемиреност. Оние коишто студирале надвор од своето место на живеење треба да размислуваат за своето враќање назад, или пак останување онаму каде што студирале. Ова е важна одлука којашто бара разгледување од повеќе аспекти, па доколку сте во врска, вашите опции ќе бидат значително ограничени, затоа што во секој план ќе мора да го вклучите и вашиот партнер. Слободата за донесување на вакви важни одлуки е од големо значење.rn

    6. Го планирате времето и вашите постапки онака како што вам ви одговара

    rnВрските можат да бидат возбудливи, но способноста да се каже ДА на животот, без притоа да се биде оптоварен со потребите на другите, е вистинска реткост. Можете непланирано да отпатувате некаде со вашата другарка, да одите на состаноци „на слепо“ и многу други возбудливи работи коишто не би можеле да ги правите доколку сте во врска. Па, искористете ја слободата и зграпчете ги можностите коишто ви ги нудат вашите дваесетти!

  • 7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовта

    7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовта

    Жените Јарци се вистински борци. Тие се работливи, вредни и силни личности и секогаш се гордеат на овие карактеристики. Тие очекуваат нивните партнери да ја ценат и почитуваат нивната издржливост и истрајност. Исто така, не само што вложуваат труд во својот професионален живот, туку работат и на подобрувањето на нивната љубовна состојба. Ова се 7-те начини на кои можете да им ја покажете својата љубов на жените Јарци и да им ја дадете почитта која ја заслужуваат.rnrn7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовтаrn

    1. Дајте им комплимент дури и кога не им е потребен

    rnЖените Јарци се многу горди. Тие се независни и јаки, но тоа не значи дека не им се допаѓаат комплиментите. Тие сакаат нивниот труд да се исплати и да биде забележан. Обрнете внимание и дајте им еден љубезен комплимент за нивниот изглед или нивната досетливост. Можеби ќе се однесуваат како да не им е гајле и дека вашите комплименти не им се потребни, но внатре потајно ќе се порадуваат исто како и секоја друга личност.rn

    2. Работете чесно и напорно за да ја заслужите платата

    rnБидејќи жените Јарци се вредни и работливи, истото го очекуваат и од своите партнери. Погрижете се да имате стабилна работа во која ќе можете да ги покажете своите најдобри квалитети. Жените Јарци не се големи љубители на мрзеливите луѓе кои по цел ден седат пред телевизорот. Активирајте се и заслужете ги парите кои ги заработувате. Жените Јарци ќе го ценат тоа.rn

    3. Бидете зависни и сигурни

    rnКажете го она што го мислите и мислете го она што го кажувате. Бидете сигурни во себе, но бидете и личности со кои жените Јарци можат да се чувствуваат сигурно. Тие немаат време за слаби и несигурни личности. Тие сакаат нивните партнери да се грижат за нив. За возврат, ако жените Јарци забележат дека сте мотивирани и инспирирани, тие ќе ви покажат двојно повеќе љубов и грижа. Но, најпрво ќе мора да ја заслужите таа привилегија.rn

    4. Бидете предвидливи, но не на досаден начин

    rnЖените Јарци ја сакаат рутината бидејќи ги прави да се чувствуваат удобно. Можеби имате некои навики или традиции кои ги правите заедно, како на пример секоја сабота јадете кинеска храна или знаете дека вашиот партнер сака да јаде слатки работи, па секој трет ден им купувате чоколадо. На жените Јарци овие повторливи и предвидливи дејства воопшто не им се досадни, напротив, тие нив ги обожаваат.rn

    5. Допирајте ги

    rnШто е попривлечно од допирот? Малите допири и гестови, особено оние сензуалните, значат многу за жените Јарци. Можеби имале тежок и напорен ден на работа, па ќе ви бидат многу благодарни ако им направите масажа. Можеби се соочиле со некој предизвик кој ги направил нервозни, па ќе им значи ако ги држите за дланките и им покажете дека сте тука за нив и дека ги поддржувате дури и во најтешките моменти.rn

    6. Запознајте ги со вашето семејство и пријателите

    rnЕден од начините на кои можете да им ја покажете вашата љубов на жените Јарци е да ги запознаете со вашите најблиски. Не мора да претерувате со пофалните зборови и да ги направите центарот на вниманието, туку претставете ги како ваши партнери и бидете горди на тоа што го делите животот со нив.rn

    7. Бидете приземни

    rnЖените Јарци не се беби-ситерки. Нивниот живот е организиран и сакаат кога сѐ се одвива плански. Тие сакаат и да бидат главни и да имаат лидерски позиции. Жените Јарци се силни жени кои од своите партнери го очекуваат она што го очекуваат и од самите себеси: да имаат желба и мотивација да работат на успехот, да ги остварат своите цели и да се стремат кон општиот напредок во животот,к како на приватен така и на професионален план.

  • 9 нешта кои можете да ги научите од вашата силна мајка

    9 нешта кои можете да ги научите од вашата силна мајка

    Таа е силна и независна жена која знае што сака од животот и како да го добие истото. И покрај тоа што има семејство кое го сака со целото срце, таа исто така има и успешна кариера во која секојдневно се вложува. Среќа е да се живее со толку моќна мајка, бидејќи од неа можете да ги научите најдобрите животни лекции.rnrn9 нешта кои можете да ги научите од вашата силна мајкаrnrn1. Ќе ја научите вредноста на независноста. Вие многу добро знаете дека не ви е потребен маж за да ве спаси или да се грижи за вас, бидејќи сте свесни дека можете да живеете исполнет живот без да мора да го споделувате со друга личност. Вие знаете дека бракот, градењето дом, имањето деца и готвењето може да се постигне паралелно со успешна кариера.rnrn2. Ќе го научите значењето на безусловната љубов. Кога гледате како вашата мајка го жртвува нејзиното време, здравје и младост за вас и вашите браќа и сестра, без да жали за стореното, вие сфаќате колку е важна нејзината улога во вашиот живот. Фактот што таа ги прави сите овие нешта со насмевка на лицето ви ја покажува вистинската сила на жената во денешниот свет.rnrn3. Ќе научите како да се сакате себеси. Вие ќе знаете како да ги оставите зад себе сите оние нешта кои не се за вас, но и ќе научите како да продолжите да се движите напред во свет кој е против вас. Вашата мајка ви покажала дека лошите настани во животот, како скршеното срце и неуспехот, не се нештата кои ве дефинираат како личност, туку оние кои ве прават посилни одошто сте биле.rnrn4. Ќе научите дека истовремено можете да бидете и силни и нежни. Силните мајки најчесто се многу чувствителни, иако тоа го кријат подобро од останатите. Но, вие ја имате видено како вашата мајка тивко плаче, или седи будна цела ноќ за да се грижи за вас кога сте болни, па знаете дека токму ранливоста е тоа што го прави човекот посилен.rnrn5. Ќе научите дека не е лесно да се биде жена. Иако нештата се многу променети од порано, на жените сè уште им е тешко да бидат сфатени сериозно во овој свет. И покрај тоа што треба да бидете погласни за да ве чујат, вие благодарение на вашата мајка знаете како да се издвоите од толпата и да покажете кои сте навистина и за што сте способни.rnrn6. Ќе научите дека никогаш не треба да гледате наназад. Вие знаете дека не треба да се препуштите на „што ако“ размислувањето кое има моќ да го преврти вашиот живот наопаку. Токму затоа и постојано гледате нанапред, свесни дека сè што ви се случило во животот, без разлика дали е добро или лошо, ви помогнало да дојдете до овој момент во вашиот живот.rnrn7. Ќе ја научите важноста на трпението и вербата. Вие полека учите дека секоја бура поминува и дека утре е сосема нов ден. Затоа и знаете како да бидете потрпеливи со животот, со вашето време, со успехот, како и со проблемите. Трпението само ја зголемува вашата сила, додека вербата во себе секојдневно ве тера да се движите нанапред.rnrn8. Ќе научите како да создадете сопствена среќа. Вие можете да најдете среќа дури и во најтешките моменти од животот. Можете да бидете среќни дури и ако ја носите тежината на светот на вашите рамена. Вашата силна мајка секојдневно ве учи дека секогаш постои нешто што може да ве насмее, само треба да се обидете да го најдете.rnrn9. Ќе научите како да бидете добра мајка. Вие сте биле израснати од мајка која ви покажала како вистински да се грижите за семејството, дека трудот се исплати и дека можете да сакате некого безусловно. Таа ви покажала и како да бидете заштитници полни со љубов, добрина, сочувството, сила и отпорност. Токму затоа и ги следите нејзините стапки секојдневно…