Имам жална вест за вас: Синдромот на балкански алфа мажјак не е во изумирање туку е сè почест, многу ми е жал, навистина! Си мислиш дека би требало да биде поинаку, ама не е. Од една страна ретко која жена знае вистински да се избори за рамноправност, иако во денешно време навистина ги имаме правата кои жените во минатото не ги уживале, но од друга страна, кога директно ќе се соочиш со човек кој го има овој синдром, едноставно губиш надеж за човештвото…rnrnСите ние во фамилија си имаме барем еден чичко, вујко или познајник, кој не пропушта ни една прилика за да нагласи дека со право Бог прво го создал мажот, си мислиш човеков е многу религиозен, не бе луѓе, тој само цитира извадоци кои му одат во прилог. Порано дебатирав на вакви теми и искрено бев мошне успешна, но кренав раце, па која е целта да му го докажуваш спротивното од она што тој си го зацртал како единствено животно мото? Во ред, ако тоа го прави да се чувствува подобро за самиот себе.
Самите си се правиме зависни од мажите, не целиме кон наша самостојност, му се покоруваме на тој глупав синдром на алфа мажјак и тераме по глупавата филозофија дека некој нас треба да нè издржува. А јас многу добро ја знам филозофијата на т.н. алфа мажјаци. Не се тие толкави мажи за да се спротивстават на вистинските предизвици во животот, тие знаат да кренат раце на својата жена. Не се тие толку успешни и со некој посебен авторитет на работното место, па комплексите си ги лечат со понижувањето на нивните жени. Демек нигде не сум вистински газда, ама дома ќе бидам глава на семејството.rnrnИмало времиња кога жената немала можност гласно да го искаже своето мислење, но сега кога ние можеме, зошто не го правиме тоа? Сè ќе се смени кога искрениот одговор на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ нема да биде „Домаќинка“! Не мислам дека е грев да имаш деца и да си посветена на семејството, но грев е тоа да ти биде единствена преокупација кога можеш да бидеш многу повеќе. Да не заборавиме дека и во нашето општество постојат супер жени! Оние со одлична кариера, семејство кое го држат под контрола, тие се пријателки кои се секогаш тука за тебе и плус се запишале на факултет после 40-та година од животот бидејќи сега можат да си го дозволат и учат со задоволство. Тие жени се како инстант кафе 5 во 1, кое сè уште не е измислено, барем јас не сум чула. Знам, зашто во нив спаѓа и мајка ми, затоа никој никогаш нема да може да ме убеди дека е невозможно да најдеш баланс меѓу кариера и семејство.rnrnМажите се кукавици, не се жените. Не сме ние плашливки и плачки, ние сме супериорни во мултитаскинг, болките кои жените ги поминуваат во животот за мажите би биле неиздржливи. Да не го забораваме ова и секогаш да се стремиме кон тоа да ги промениме работите на подобро. Мажите и жените се различни, и тоа е нормално, секој човек си е различен. Но жената не смее да биде потценета или обесправена само затоа што е жена.rnrnФакт е дека мажите се плашат од силни жени! Од жени кои се стремат кон рамноправност, кои се независни и храбри, бидејќи со овие жени тие нема да можат да си го хранат своето его доживувајќи ги нив како кревки суштества. Доколку не може да се носи со успешноста и независноста на една жена, дали тоа го прави припадник на ПОСИЛНИОТ пол или кукавица? Општеството ни е преполно со балкански алфа мажјаци кои во суштина се огромни кукавици. Вистинскиот маж не се истакнува себеси со понижување на жената!rnrnЖената на 21-от век треба да е силна, борбена, со изострено сетило за планирање на кариера и правење пари, со огромна креативност и многу амбиции за иднината. Жалосно е што во денешно време огромен е бројот на младите девојки чија примарна цел е да си најдат ситуиран и богат човек, девојки кои одат на факултет со цел да се мажат!rnrnНе сме ние слаби, предрасудите дека жените се припаднички на ПОСЛАБИОТ пол останале од минатото кога жената била третирана како роб на мажот. Жените се хероини и време е да почнат да се претставуваат како такви, а не како жртви!rnrnСо голема желба дека нашата генерација е носител на промени…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Одредени насоки од медицината и психологијата пробуваат да најдат начин при дефинирање на различните видови стрес и успешно справување со нив. Дирк Хелхамер, Стефани Мекклелан и Бет Хамилтон идентификувале 4 видови стрес кои ги напаѓаат успешните жени:rnrn
rn
rn
rn
rn
Вие сте му многу потребни на светот – силна, талентирана жена која е способна за управување на притисокот кој доаѓа со успешната кариера. Идентификувањето и контролирањето на вашиот хроничен стрес ќе ви помогне, не само во успешноста, туку и во подобрувањето на вашиот начин на живот. Грижете се за здравјето – бидејќи нема ништо поважно од него!rnrn
„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.
Можеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.
Сето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.


rn
rnrn
rn
Преку неговите уметнички дела може да се забележи способноста која тој ја има, да направи моделите да се чувствуваат комотно, слободно да се изразат себеси и да ни ја прикажат нам нивната секси страна, која само неколку луѓе имале прилика да ја видат.
Сексуално предизвикувачки, фотографиите на Карлос Нуњес покажуваат почит кон жената, нејзино осамостојување, ослободување од предрасудите, застарените сфаќања и потчинетоста, како и нејзината готовност да биде бесрамно слободна. 
















