КАФЕ ПАУЗА

Tag: независност

  • 36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот

    36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот

    Има толку многу правила низ социјалните медиуми за тоа како да го олицетворите поимот „успешна жена“ со сите особини на смелост, независност и авторитет кои ги носи. Исто како што мажите имаат листи кои ги опишуваат сите карактеристики на еден џентлмен, така и жените треба да имаат една листа која ги вбројува сите непишани правила кои постојат, за тоа како да се биде една силна дама. Некои од нив не се вродени и бараат малку труд и внимание, но крајниот резултатот без сомнение вреди.rnrn36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехотrnrn1. Никогаш немојте да имате лош здив. Нема ништо полошо од убава жена со неубав здив. Секогаш носете мастика или бонбони со вас.rnrn2. Знајте ја вашата граница на пиење. Избегнете ги главоболките, мачнината, мамурлакот и нејасниот говор. Откријте го вашиот лимит.rnrn3. Одвреме-навреме патувајте сами. Ќе научите многу за себе и за различните култури на земјата која ќе ја посетите и ќе ги доживеете на сосема поинаков начин.rnrn4. Секогаш имајте еден секси црн фустан кој можете да го носите во секоја прилика.rnrn5. Носете ја вашата вистинска величина, а не величината која сакате да ја носите.rnrn6. Не користете шминка. Но, ако веќе морате и сакате, тогаш секогаш одлучете за онаа која е лесна и ненападна.rnrn7. Имајте три резолуции кои ќе бидат вашето животно мото. На пример: сакајте се себеси, останете мотивирани и бидете флексибилни.rnrn8. Излезете или одете во кино сами. Не мора да ги направите двете во иста вечер, но некогаш одвојте време и направете барем една од нив.rnrn9. Не озборувајте ги другите жени.rnrn10. Правете клекнувања и други вежби за нозе секој ден. Вашето тело ќе ви биде благодарно.rnrn11. Научете дека поимот „секси“ е психолошки поим, а не физички. Ако вие не мислите дека сте секси, тогаш никој нема да ве гледа така.rnrn12. Секогаш бидете тоа што сте. Немојте да се променувате само за некому да му се допаднете, не глумете некоја друга личност и не ги повторувајте другите.rnrn13. Секогаш мирисајте убаво.rnrn14. Никогаш немојте да се преправате дека сѐ е во ред со вашиот партнер. Така, тие ќе продолжат да го прават она во кое што мислат дека се добри, а всушност им е потребна помош за да го направат правилно.rnrn15. Излезете со некој кој е целосно спротивен од вас. Ќе научите многу работи.rnrn16. Одреден период живејте сами, без цимери, партнери или семејството.rnrn17. Во ред е да имате врска преку интернет. Само треба да одлучите на кого вреди да го потрошите вашето време.rnrn18. Поддржете ги целите и аспирациите на вашите пријатели. Помогнете им на секој можен начин.rnrn19. Ако не знаете да одите на високи потпетици или ви е непријатно во нив, тогаш не ги купувајте.rnrn20. Кога преговарате за платата, барајте ја истата сума која ја бараат мажите.rnrn21. Во ред е да бидете сингл и да се фокусирате на себе и на својата кариера. Секоја жена најпрвин треба да научи да се сака себеси, пред да го засака нејзиниот партнер.rnrn22. Кога излегувате, секогаш имајте дополнителна сума пари за такси.rnrn23. Прифатете ја вашата сексуалност.rnrn24. Секоја година, направете листа со цели кои ќе ги ограничите со буџет и следете ги.rnrn25. Имајте тајна сметка за штедење која ќе ја користите исклучиво за итни ситуации и долгорочни цели.rnrn26. Не се ограничувајте со ништо во животот, вклучувајќи ги кариерата, образованието, целите и партнерите.rnrn27. Не лажете за вашата возраст. Прифатете ја.rnrn28. Редовно одете на маникир и педикир.rnrn29. Во ред е да побарате помош, но само откако сте се обиделе сами да ја направите работата и не сте успеале.rnrn30. Основните три изговори за плачење се: смрт, среќа и скршени коски.rnrn31. Купувајте имот и научете како рано да инвестирате.rnrn32. Читајте секој ден за светот, за политиката, за научните иновации и за последните трендови.rnrn33. Научете нешто за спортот. Изберете еден омилен тим, поддржувајте го, бидете му најголеми фан и дерете се на телевизорот како луди.rnrn34. Кажувајте валкани шеги и научете како да бидете во тек со настаните.rnrn35. Не слушајте ги осудувањата и критиките. Тие доаѓаат од несигурните луѓе.rnrn36. Имајте свој сопствен стил.

  • Овен, Лав и Стрелец: Што најмногу сакаат и посакуваат огнените знаци?

    Овен, Лав и Стрелец: Што најмногу сакаат и посакуваат огнените знаци?

    Доколку сакате подобро да ги запознаете Овенот, Лавот и Стрелецот, прочитајте во што уживаат и што најмногу посакуваат, бидејќи тие се најогнените знаци во целиот хороскоп.rnrn1-oven-lav-i-strelec-shto-najmnogu-sakaat-i-posakuvaat-ognenite-znaci-www.kafepauza.mk_rnrnПрипадниците на огнените знаци ги сакаат правилата, но само доколку самите ги напишат. Потребни им се независност и слобода, па затоа секоја граница ги предизвикува да ја прескокнат. Се чувствуваат посебно, па да се биде необичен за нив е сосема нормална состојба. Лесно им е да се истакнат меѓу мнозинството и да блеснат со својата внатрешна сила.rnrnРутината и просечноста ги плашат, па ќе направат сè за да бидат поразлични. Затоа ќе патуваат, ќе се оттргнат од канцеларискиот живот, ќе живеат во егзотични краеви, ќе создаваат, ќе блескаат на социјалната сцена… Сакаат да бидат први, најдобри, најхрабри и секогаш се бескрајно горди.rnrn2-oven-lav-i-strelec-shto-najmnogu-sakaat-i-posakuvaat-ognenite-znaci-www.kafepauza.mk_rnrnПрипадниците на огнените знаци се екстравертни т.е. својата необичност ја нагласуваат со став, статус и облека. Експлодираат од енергија, гласни се и се наоѓаат во центарот на вниманието. Секогаш имаат премногу случувања, авантури, успеси и приказни.rnrnЌе го освојуваат светот и ќе ја бараат смислата на животот, а зад себе сакаат да остават видлива трага. Затоа, во своите создавачки напори ќе прават луди и необични работи по кои ќе бидат запомнети.

  • Токсични навики кои мора да ги заборавите во дваесеттите

    Токсични навики кои мора да ги заборавите во дваесеттите

    Во дваесеттите повеќе не сте адолесцент и треба да ги исфрлите навиките кои го „трујат“ вашиот живот. Ние ви предлагаме неколку со кои најверојатно сте се соочиле и самите.rnrn1-toksichni-naviki-koi-mora-da-gi-zaboravite-vo-dvaesettite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Останување до доцна само поради друштвото

    rnДруштвото нема да ви го надомести сонот, а и самите имате сфатено дека останувате до доцна само поради тоа што и другите остануваат, иако забавата е одамна завршена. Едвај чекате да се истуширате и да читате пред спиење и тоа ви е далеку попривлечно од друштвото кое одамна почнало да ви досадува. Нема причина да го правите тоа, иако викендот е резервиран за забава до зори.rn

    2. Купување непотребни работи

    rnНемате што да облечете, иако гардероберот ви е полн со некои работи, кои не се сеќавате кога и зошто сте ги купиле, а сте ги облекле само еднаш. Многу е подобро да купувате работи кои можете да ги комбинирате и точно да знаете колку дневни парчиња имате и за кои прилики ви се наменети.rn

    3. Дрогирање

    rnРекреативното консумирање на омилените дроги после дваесеттата треба да биде внимателно и повремено, наместо задолжителен дел од забавата. Во вашето опкружување има личности кои одамна заглавиле со зависност, а вие не сакате да живеете таков живот. Подобро, како некој кој веќе завршил со фазата на експериментирање, да станете заговорник за здрав и трезен живот.rnrn2-toksichni-naviki-koi-mora-da-gi-zaboravite-vo-dvaesettite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Избегнување независност

    rnВо доцните дваесетти нема да се чувствувате добро ако сте размазени и родителите и понатаму ви покриваат најголем дел од трошоците, додека вие избегнувате да ја преземете полната одговорност за себе и сѐ уште се потпирате на нив. Кога ќе почувствувате дека тоа вам ви пречи, тогаш веќе сте на патот кон созревањето.rn

    5. Избегнување на семејството

    rnСе разбира дека тие нас нѐ сакаат и сѐ ни опростуваат и дека се здодевни со инсистирањето на семејните средби. Ќе го промените ставот кога некој ваш пријател ненадејно ќе ги загуби родителите и ќе ве погоди помислата за губење на некој член од вашето семејството. Затоа мора да им го посветите она време и внимание кое им го должите.

  • Исповедта на една оставена девојка: Кога момчето ќе го забрани секси облекувањето…

    Исповедта на една оставена девојка: Кога момчето ќе го забрани секси облекувањето…

    Прочитајте го искреното писмо на оставената девојка која открива како раскинувањето поради „непримерното“ облекување влијаело на нејзиниот живот.rnrn1-ispovedta-na-edna-ostavena-devojka-koga-momcheto-kje-go-zabrani-seksi-oblekuvanjeto-www.kafepauza.mk_rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnОвој текст не е за блузата, ниту за мојата несигурност или мојата дрскост. Всушност, станува збор за крајно сериозна долгогодишна врска која е прекината поради најобичен кроп топ. Моето момче и јас заедно живеевме околу година дена и сè функционираше совршено сè додека една вечер…rnrnКроп топот го купив околу месец дена пред излегувањето, односно ноќта кога раскинавме. Тој долго стоеше во гардероберот и јас тотално заборавив на него. Кога започнав да се средувам за излегување со моите другарки, се „фрлив“ на пребарување во мојот гардеробер каде што случајно го пронајдов и се изненадив. Ова беше идеална, топла вечер за покажување на стомакот!rnrnВо клубот не доаѓаше моето момче, бидејќи беше болен, па реши да остане дома. Тој е хронично болен, поради што секоја втора вечер останувам дома со него. Ми се чинеше дека таа вечер ми требаше издишување, бидејќи се исцрпев од константната поддршка и труд. Пред излегувањето го бакнав и се поздравив со него. После тоа се најдов со другарките. Се чувствував секси и слободно. Прв пат после долго време се почувствував младо и енергично. Со моите другарки си поминавме одлично и танцувавме цела вечер.rnrnСе вратив дома со „пијан“ јазик, кој во оваа состојба можеше да ја зборува само вистината. Моето момче веднаш ме праша како си поминав, а јас одговорив дека тоа беше прекрасна вечер, каде што тотално се опуштив и не се грижев за ништо. Штом му го кажав ова, во мојата глава се јавија илјада мисли. Тоа се оние глупави мисли кои го окупираат мозокот, а јас не ги одобрувам и знам дека се чиста глупост. Толку време се обидував да бидам добра девојка, која одлично разбира и сочувствува, и секако – потенцијален животен партнер, што го игнорирав мојот внатрешен глас на разумот.rnrnНема сега да ви ги откривам сите детали зошто тој раскина со мене. Иако тој кажа дека никогаш нема да се чувствува така и дека нашата љубов е посебна, работите оваа вечер беа тотално поразлични…rnrnАко во некој случај не почувствувате дека ги задоволувате сите критериуми на „добра девојка“, обрнете внимание на овие три работи кои треба да ги разгледате пред да одлучите да облечете кроп топ (или друга секси облека) и да го оставете момчето дома.rnrn2-ispovedta-na-edna-ostavena-devojka-koga-momcheto-kje-go-zabrani-seksi-oblekuvanjeto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Додека не се омажите, вие сте сингл

    rnОткако мојата најдобра другарка се омажи, ова е нејзиниот најдобар совет. Тогаш звучеше прилично грубо, а сега гледам дека беше во право. Вистина е дека сè додека не сте во брак, секоја жртва што ќе ја направите во врската е всушност вашата добра волја.rnrnДали би позајмиле поголема сума пари, знаејќи дека во иднина постои можност да не ги добиете назад? Третирајте ги своето време и енергија како пари во врската, бидејќи можеби нема да ги добиете назад.rn

    2. Задржете ја својата независност

    rnВо денешно време жените стануваат сè понезависни, т.е. се очекува секоја дама да го има она што ѝ е потребно. Станува непријатно да го прашате партнерот за некоја услуга, бидејќи се претпоставува дека вие веќе го имате тоа. Затоа е важно секоја девојка да остане независна или да има друг резервен план или решение. Особено во ситуациите кога ќе тргне на лошо, треба да има каде да се сокриете, заштитите и да се чувствувате сигурно. Но, тоа не значи дека треба да се потпирате на пријателите и семејството. Работете на себе и станете јака, сигурна и независна дама.rn

    3. „Не“ може да биде добар одговор

    rnСекој кој погледнал барем една епизода од емисијата „Поправи го мојот живот“ ја знае оваа реченица: „Може да го бараш она што го сакаш“. И тоа го разбираме! Но, никој после тоа нема кажано: „Одговорот може да биде негативен“.rnrnПосле носењето на топ блузата, се прашував што сакам во врската. А кога тој раскина со мене, ми кажа јасно „не“, што понатаму ме донесе до разбирање на моите желби и потреби. „Не“ некогаш може да биде добро.rnrnОваа исповед не е напишана со цел да ве натера да носите кроп топ. Овој текст не е напишан за да раскинете со вашето момче. Тој треба да ве натера да се запрашате кои сте и што сакате.rnrnСакав да го покажам стомакот како Габи Фреш. Сакав да се фокусирам на пишувањето и да станам уметник. Сакав да раскинам со некого кој не беше лоша личност, туку личност која не беше за мене. Го добив она што го сакав.[/message_box]

  • Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар

    Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар

    Овој остров кој плута е најдоброто место за живеење на планетата доколку сакате да избегате од цивилизацијата. Вејн Адамс, 66, и Кетрин Кинг, 59, почнале да го градат ова место во 1992 година и оттогаш постојано го надградуваат.rnrn(1) Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен парrnrnНивниот дом, кои тие соодветно го именувале „Залив на слободата“, се состои од 12 платформи кои лебдат над водата. Тие содржат танцов подиум, уметничка галерија, гостински светилник, студио и 5 стакларници. Целиот објект се протега на површина од 2.000 метри квадратни. Овој пар за време на летото се снабдува со вода од блискиот водопад, додека пак, преку зима собираат од дождовите. Објектот добивал струја од 14 соларни панели, но неодамна се префрлиле на генератор откако тие се расипале. Погледнете како изгледа нивниот живот на следниве неколку фотографии…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 неверојатни работи кои ќе ви се случат кога ќе научите да уживате во сопственото друштво

    10 неверојатни работи кои ќе ви се случат кога ќе научите да уживате во сопственото друштво

    Да уживаш во сопственото друштво воопшто не значи да си осамен. Не значи ни дека сте чудни или недружељубиви ниту, пак, дека не ги сакате луѓето. Тоа што ви е убаво дури и кога сте сами е многу позитивна работа. Многу луѓе не знаат како да бидат сами, па научени се постојано да бидат опкружени со луѓе. Но, од суштинско значење е да знаете како да уживате во сопственото друштво, сè со цел да се запознаете самите себе подобро, да сфатите што сакате, да си разјасните некои размислувања или да пронајдете нови интереси. Многу работи можат да произлезат од посветувањето време сами на себе, а голем процент од нив се позитивни.rnrn10-neverojatni-raboti-koi-kje-vi-se-sluchat-koga-kje-nauchite-da-uzhivate-vo-sopstvenoto-drushtvo-kafepauza.mkrn

    1. Добивате можност да си ги наполните батериите

    rnМожеби не сте размислиле за ова од оваа перспектива, но сигурно сте забележале дека откако сте со други луѓе, особено подолго време, сте доста изморени и некако истрошени. Тоа е затоа што психички трошите енергија на концентрирање на тоа што зборуваат, како изгледаат, што мислат, како се чувствуваат. Тоа се работи со кои мозокот во тој период се заморува, а кои, доколку си дадете време и простор да бидете сами, не би постоеле, па мозокот ќе има шанса и прилика да се одмори.rn

    2. Почесто ќе се осврнувате кон себе

    rnВремето одвоено за самите себе е време во кое не размислувате за никој друг и за ничии други проблеми. Тоа е период кога сте сами и можете целосно да си се посветите себеси, на вашите чувства и на вашите постапки. А тоа значи да се запознаете подобро како личност.rn

    3. Ќе стапите во допир со вашите чувства

    rnМногу луѓе бегаат од реалноста и од себе од различни причини, па се затрупуваат себеси со куп луѓе од кои нема да можат да дојдат самите на ред. Овие луѓе им даваат простор да ги скријат чувствата и да го тргнат настрана тоа што ги мачи. Но кога сте сами нема бегање. Приморани сте да се соочите со себеси и со тоа што го чувствувате, малку по малку да го разберете и на крајот да го прифатите.rn

    4. Ќе започнете да правите работи во кои навистина уживате

    rnКога ќе се спознаете себеси како личност и ќе се прифатите како такви, тогаш многу е полесно да откриете што сакате, што ве мотивира и во што навистина уживате. А со тоа ќе најдете и време да го правите она што го сакате и ве исполнува.rn

    5. Ќе станете попродуктивни

    rnДруштвото на други луѓе е сигурно забавно и убаво. Но тоа сериозно ѝ штети на вашата продуктивност. Колку и да се лажете себеси дека може да работите, учите или дадете повеќе во друштвото на други луѓе, верувајте дека тоа е невозможно. Но кога сте сами, вашата концентрација е целосно на тоа што вие сакате да го правите во моментот, па не само што работата ќе биде побрзо завршена, туку и ќе имате вишок слободно време потоа.rn

    6. Повеќе ќе уживате во врските

    rnОткако ќе научите да уживате самите со себе, ќе увидите дека ќе уживате уште повеќе во друштвото на други луѓе. Да се познавате и сакате себеси значи дека имате голема самодоверба и самопочит, што ви пружа прилика да ги цените и останатите луѓе и вашата врска со нив.rn

    7. Ќе се чувствувате понезависни

    rnЌе одвојувате подолго време за самите себе, па вербата во вашата способност да бидете сами и да ви е убаво за тоа време ќе предизвика да се чувствувате доста независни. Да знаете дека може да сте сосема сами, а сепак да си поминете убаво е неверојатно. Нема повеќе да ви се потребни другите луѓе, туку навистина ќе бидете со нив бидејќи така сакате.rn

    8. Ќе си дадете пауза од постојаното обидување да ги направите другите среќни

    rnВо природата на луѓето е да сакаат да добијат одобрение од останатите луѓе во нивната околина, да се тие задоволни и весели во нивно друштво. Луѓето некако си го земаат ова за обврска и се обидуваат кога се со други луѓе, да ги направат среќни. Ова знае да биде многу заморно понекогаш. Кога сте сами, единствената личност за која треба да се погрижите сте токму вие.rn

    9. Нема да има за што да се извинувате

    rnДоколку со други луѓе треба да пазиме што збориме и правиме за да не мора подоцна да се извинуваме, кон самите себе можеме да бидеме целосно искрени и отворени. Ако повредиме нечии чувства, тоа ќе бидат нашите. А сами на себе нема потреба да си се извинуваме бидејќи се што си мислиме и кажуваме може да се одрази само позитивно на нашето идно однесување и кон себе и кон другите.rn

    10. Ќе престанете да барате одобрение од останатите

    rnНормално е да се обидуваме да се вклопиме во средината и да добиеме нечие „Во ред“ за тоа што сме го кажале или направиле. А ако не го добиеме што тогаш? Во периодот од денот кој ќе си го посветиме на себе ја имаме слободата да бидеме тоа што сме. Самите да си дадеме одобрение за нашите постапки или да се искараме ако сме направиле нешто грешно. Не мора да се прилагодуваме на никого, ниту да задоволуваме нечии хирови. Ќе научиме да си веруваме себеси, на своите инстинкти и да носиме одлуки базирани на нашата сопствена проценка.rnrnЧовек не може сам. Секому се потребни пријатели кои ќе бидат тука за него, семејство кое ќе го сака без разлика на сè, личност со која ќе ги споделува најтажните и најсреќните моменти, па дури и оние секојдневни работи. Но како може да сме способни да бидеме со други, да ги почитуваме и сакаме, ако првично не можеме да бидеме самите со себе? Да си сам и да знаеш да уживаш во тоа и да си осамен се две сосема различни работи: првото значи да си дадеш шанса да созрееш како личност, да се запознаеш и засакаш себеси, а второто значи да не го направиш тоа.

  • 10 знаци дека сте апсолутен Бик во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Бик во хороскоп

    Ако славите роденден во периодот помеѓу 20 април и 20 мај, вие сте Бик во хороскоп, а ова се знаците кои ве дефинираат.rnrn10-znaci-deka-ste-totalen-bik-vo-horoskop-kafepauza.mkrn

    1. Уживате во убави нешта

    rnЛичноста на Бикот е желна да плати и повеќе пари за поголемо задоволство, без разлика дали се работи за вечерата во ресторан, годишниот одмор или уредувањето на домот. Секој сака убави работи, но вие навистина уживате во нив.rn

    2. Поради ова, малку сте материјалисти

    rnБиковите често знаат да се опседнат со материјалните, површни работи и понекогаш може да се чувствуваат гневно ако ги немаат тие работи што ги сакаат баш во моментот.rn

    3. Малку сте тврдоглави

    rnНа тврдоглавиот Бик не можете да му кажете дека не може да направи нешто што тој наумил дека ќе го направи. Од друга страна, ова ги прави многу упорни и издржливи.rn

    4. Вие сте посесивни во личните врски

    rnИмате тенденција да посветувате внимание на најблиските, па поради тоа може да станете малку територијални.rn

    5. Не сакате баш да преземате ризици

    rnПрактичноста и удобноста му се многу важни на Бикот, па затоа тој не трага по ризици и авантури. Бикот си сака да му се одвиваат работите бавно и стабилно.rn

    6. Вие сте си најлошиот критичар на самите себе

    rnВам напорната работа и исполнителноста ви се многу важни, па затоа строго се осудувате кога некогаш (ретко!) нема да ги исполните вашите очекувања.rn

    7. Вие сте независни

    rnОние кои се родени во овој период веруваат дека можат да се грижат сами за себе – и вообичаено се во право. Добри сте со пари и добро ви оди кога сте сами.rn

    8. Имате склоност за повремени драматични експлозии

    rnКога Бикот ќе дозволи да му се насоберат премногу фрустрации, што обично се случува во напад на екстремна тврдоглавост, може да има проблем смирено да ги совлада своите емоции.rn

    9. Вие сте дарежливи

    rnБикот е генерално штедлив секогаш кога е можно, но тој со задоволство ги споделува парите и своите сопствености со семејството и пријателите кога нив тоа им е потребно.rn

    10. Може да имате чудна потреба да допирате ствари

    rnОва е чудна работа која често ги одликува Биковите. Вие сте тактилни и уживате во допирот. Тоа ве прави она што сте.

  • 3-те основни потреби на секој хороскопски знак

    3-те основни потреби на секој хороскопски знак

    Основната потреба на секој Бик е сонот, а покрај тоа потребни му се уште две работи. На Близнакот му треба слобода, на Девицата сигурност, а на Стрелецот дружење. Погледнете кои се основните 3 потреби на секој хороскопски знак.rnrn1-3-te-osnovni-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНезависност – Потребна ви е слободата во однесувањето. Не сакате на никого да му се објаснувате за своите постапки. Не поднесувате кога некој ве присилува на нешто или ве контролира.rnrnДвижење – Вие едноставно мора постојано да „брзате“, па вашите дела се често поважни од самите резултати. Натрупувањето на обврските не ве загрижува премногу. Напротив, вие знаете и годишниот одмор да го користите за работа.rnrnВласт – Не можете да бидете задоволни ако не им командувате на другите, а бидејќи секогаш сте полни со иницијатива, вие сте идеален лидер.rn

    Бик

    rnСон – Тоа е основната потреба на секој Бик. На спиење би требало да одите секогаш во исто време и да избегнувате непроспиени ноќи.rnrnИсхрана – Вие сте голем гурман и генерално сакате да готвите. Но, љубовта кон храната може да ве доведе до вишок килограми. Кога ќе дојде до тоа, силата на вашата волја може да ја одигра главната улога.rnrnХедонизам – Уживате во сѐ што е убаво, но исто така имате потреба тоа чувство да го споделувате со оние кои ги сакате.rn

    Близнаци

    rnСлобода – Слободата ви е неопходна заради вашата љубопитна природа, па одлично се снаоѓате и во неочекувани ситуации.rnrnИнтелигенција – Вашата изострена интелигенција, флексибилност и брзите рефлекси ве прават способни за извршување различни задачи.rnrnКомуникација – Најсреќни сте кога пред себе имате публика која ве слуша.rn

    Рак

    rnСемејство – И како дете и како родител создавате толку јаки врски со семејството што дури тешко успевате да се осамостоите. Кога ви недостига семејството вие можете да почувствувате и физичка болка.rnrnЉубезност – Бидејќи сте затворени, сите проблеми ги чувате во себе, што пак е главна причина за вашата фрустрација и проблеми со желудникот. Вашето оружје се љубезноста и претпазливоста со кои ги разоружувате дури и оние најарогантните и највообразените.rnrnХармонија – Потребата за хармонија ве прави посмирени и прилагодливи, па избегнувајте директни судири.rn

    Лав

    rnУглед – Вишокот енергија ве прави желни за моќ и слава, па макар и во ограничена средина, како што е училницата, работното место или семејството.rnrnИзобилие – Патите од величина и сјај, па не сте од оние штедливите кои своите добра ги сокриваат од погледите на околината. Сакате сѐ, но сакате и другите да видат колку имате.rnrnСледбеници – Не ви е доволно почитувањето од брачниот другар и од семејството, туку ви треба цела армија на свои обожаватели. Заради тоа одржувате добри односи со подалечните роднини и со голем број познаници.rn

    Девица

    rnСигурност – Штедливи сте и економични, па со задоволство ќе го жртвувате уживањето заради долгорочна сигурност.rnrnУмереност – Не сакате да трошите пари, ни време, ни енергија. Не ви паѓа на памет спонтано да се предадете на уживањето, бидејќи знаете дека тоа може скапо да ве чини.rnrnРед – Секогаш сакате да знаете каде што сѐ наоѓа и на кого можете да сметате. Ги почитувате прописите, не толку од морални причини, туку заради полесно снаоѓање во животот.rn

    Вага

    rnРамнотежа – Сакате сѐ да биде во рамнотежа: активностите, одморот, материјалните и духовните потреби. Фанатизам не поднесувате.rnrnУдобност – Одморот е многу важен за вашата слаба точка – крстот, а за да се одморите, потребна ви е удобност. Тешко се прилагодувате на спартански начин на живот.rnrnЗаедница – Бракот е идеален за припадниците на вашиот знак, бидејќи поседувате вродено чувство за живот во заедница. Не поднесувате осаменост и едноставно сте зависни од социјалниот живот.rn

    Скорпија

    rnСексуалност – Вашата огромна енергија е тешко да се контролира, а со вашата психа доминира силно изразена сексуалност. За да би можеле нормално да функционирате, вашиот еротски живот мора да биде исполнет.rnrnДоминација – Во друштво мора да имате доминанта улога, додека рамноправен однос тешко прифаќате.rnrnИгра – По природа сте сомничави, но исто така сакате и да ризикувате, па игрите ви помагаат да се опуштите.rn

    Стрелец

    rnДружење – Потребна ви е поддршка од пријателите иако не сакате со никого претерано да се врзувате. Обожавате да организирате патувања, излети и излегувања.rnrnПланирање – Иако не сте од оние кои претерано се грижат за иднината, сепак сакате да размислувате за неа. Пред себе мора да имате некој план, макар и нереален, кој ве влече напред.rnrnПатувања – Припаѓате на знакот на светскиот патник кој најдобро се чувствува кога е далеку од дома. Дури и ако не сте имале прилика да патувате надвор од земјата, чувствувате чудна поврзаност со далечните краеви.rn

    Јарец

    rnРазбирање – Совршено знаете да живеете со својата работа и со своите мисли. Сепак, тоа ваше повлекување обично е последица на разочараност од луѓето. Оној кој сака да ја здобие вашата доверба треба само да покаже разбирање за вас. Тоа ви е најважно.rnrnПозиција – Од мали „готвите“ план како да се оттргнете од влијанието на авторитетите и да се искачите на што повисок врв од каде слободни и независни ќе ги гледате „џуџињата“ во подножјето.rnrnПоредок – Повеќе сакате да се придржувате на веќе постоечките правила и закони одошто да импровизирате. Вашите главни адути се педантноста, сериозноста, упорноста, строгоста и непоколебливоста.rn

    Водолија

    rnНезависност – многу сте самостојни и имате изразена потреба да се движите слободно. Не поднесувате наметнати врски и посесивни личности, но умеете да покажете длабоки чувства.rnrnСлобода – Секогаш сте во потрага по нешто ново и возбудливо. Сепак, размислувате за иднината бидејќи со вас управува Сатурн, планетата на логиката.rnrnБратство – Најдобро се чувствувате кога можете да им помогнете на другите, така што некако секогаш се наоѓате во ситуација во која тоа можете на сите да им го покажете.rn

    Риби

    rnЧувства – Вашата потреба за љубов е толкава што имате желба целосно да се посветите на оној кого го сакате. Од љубов можете буквално да се разболите, но љубовта може и да ве излечи.rnrnЗаштита – Живеете во облаци и постојано барате некого кој може да ви пружи заштита.rnrnПосветеност – На работа сте добри соработници, подготвени да се жртвувате за колегите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете понезависни?

    Како да бидете понезависни?

    Дали премногу се потпирате на семејството и пријателите кога се во прашање вашите обврски? Ако тоа е така, време е да станете малку позависни. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.rnrnКако да бидете понезависни?rn

    1. Глумете независен став

    rnПрифатете го фактот дека никој нема да ви помогне за ништо. Оставени сте сами на себе. Важно е да размислувате на овој начин, бидејќи ако постојано мислите дека има на кого да се потпрете, само ќе чекате и нема да правите ништо. Па, глумете го овој став, сѐ додека не постане реалност. Замислете си дека сте сами во голем град и не познавате никој. Што и да сакате, ќе мора да го направите сами.rn

    2. Едномесечен предизвик

    rnМожеби се плашите, но единствениот начин да го победите стравот е да се соочите со него. Секој ден правете по една работа од која ви е страв. На лист хартија запишете активности кои би сакале да ги направите сами. Дадете си еден месец. Не грижете се за резултатите, само правете нешто. Секој ден запишувајте што сте постигнале. Ова е најдобар начин за добивање храброст и самодоверба. На пример, ако се плашите да пазарите сами, поставете си цел и правете го тоа во наредните 30 дена. Ќе сфатите колку непотребно сте се плашеле и ќе се чувствувате спремни за уште такви победи.rn

    3. Учете од грешките

    rnСекој експерт некогаш бил почетник. Нормално е да правите грешки кога учите нешто ново. Впрочем од нив и најмногу се учи. Не сфаќајте ги лично таквите моменти. После сѐ, не мора по секој предмет секогаш да добивате максимум бодови. Само треба да се обидувате и постојано да работите. Трудете се, додека не успеете.rn

    4. Славете го и најмалиот успех

    rnСте успеале да го пребродите стравот од пазарење сами? Честитки! Запишувајте си ги овие мали, но значајни успеси и не ги заборавајте. Натерајте се себеси да го прославувате и најмалиот успех. Таквите резултати покажуваат дека навистина сте способни да направите нешто ново и да успеете во тоа. Нареден пат, кога за некоја потешка задача, ќе почувствувате недостаток на самодоверба, само потсетете се на сите досегашни испишани успеси и самоуверено продолжете напред.rn

    5. Градете навики

    rnЕдномесечните предизвици се супер. Но, важно е по завршувањето на тој месец да не се вратите на старо повторно. Морате самите да си ги исполнувате обврските, секогаш кога тоа е возможно. Секако, ова не значи целосно да се изолирате и да функционирате осамено, но ќе сфатите дека стекнувањето независност е прекрасен процес кој ќе ви ги отвори очите за сите ваши неоткриени потенцијали.rnЗа крај, ако не станете независни, никогаш нема да дознаете за што сѐ сте способни!

  • Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)

    Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)

    Зошто да трпиш кога можеш да поставуваш правила?rnrnФилм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Режија: Џордан Фокт-РобертсrnrnУлоги: Ник Робертсон, Габриел Басо, Моисес АраисrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 август 2013rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn


    rn

    „Ова не е дискусија. Моја куќа, мои правила. Ајде сега оди да се подготвиш!“ – Френк

    rnrnВаквите дијалози со татко му се секојдневие за Џо (Ник Робинсон), а ниту неговиот најдобар другар Патрик (Габрилер Басо) не добива подобар третман од родителите. И двајцата живеат во едно од оние слатки предградија со симпатични куќи кои сугерираат дека животот овде е идиличен, но двајцата 15-годишни тинејџери се гушат во изобилството од правила на нивните родители и решаваат да преземат нешто.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Наједноставното решение е да побегнат од дома и да го продолжат животот на некое друго место, далеку од родителите. Џо наоѓа прекрасно место во една шума каде што наскоро со Патрик и нивниот чуден пријател Бијаџио (Моисес Ариас) започнуваат да градат куќа. Живеат сами во шумата, сами се снаоѓаат за храна, пуштаат брада… со еден збор стануваат вистински мажи.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Нивниот обид да дојдат до независност завршува успешно. Ги живеат најубавите денови во својот живот, исполнети со слобода за која сонува секој тинејџер. Времето го поминуваат во забава и слога, но со текот на времето тие ќе бидат соочени со предизвици кои ќе бидат вистински тест за нивната зрелост и спремност да се носат со апсолутна независност.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Целото дејствие е сочинето од големата авантура на трите деца, но „Кралеви на летото“ е многу повеќе од само една авантура. Ова е филм за храброста да се посегне по слободата, за нејзиното настапување и за одговорностите и последиците кои таа ги носи со себе. Нема да ве заморува со овие пораки додека го гледате. Авантурата е доволно интересна за да се забавувате само со она што им се случува ним, а неговата вистинска смисла ќе ја сфатите дури на крајот.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Филмот спаѓа во жанровите драма и комедија, но рака на срце, овде нема класичен хумор кој многу ќе ве насмее. Еден од неговите главни адути се кадрите кои изобилуваат со топлина која во комбинација со убедливата глума на тројцата тинејџери, кај гледачите може да предизвика носталгија по некои минати времиња, кога и самите биле во некоја слична ситуација. „Кралеви на летото“ е филм кој може да ве врати во некое минато лето, пред многу години. Ако сте подготвени за таква авантура, тој многу ќе ви се допадне.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.