КАФЕ ПАУЗА

Tag: нарушување

  • 7 работи што ги мачат луѓето кои гризат нокти

    7 работи што ги мачат луѓето кои гризат нокти

    Не постои ниту една причина за гризење на ноктите. Гризењето нокти е грозно, може да му наштети на вашето тело и често е видлив резултат на некој стрес, а сепак многумина од нас го прават без да размислат.rnrn(3)-7-raboti-shto-gi-machat-lugjeto-koi-grizat-nokti-kafepauza.mkrnrnГризењето нокти најчесто започнува за време на пубертетот. Околу половина од децата и тинејџерите на возраст од 10 до 18 години ја имаат оваа навика, но како возрасни не сите можат да ја исфрлат.rnrnПодолу прочитајте ги 7-те маки на луѓето кои гризат нокти.rn

    1. Немате поим дека сте под стрес сѐ додека не е веќе доцна

    rnrnrnПогледнувате надолу, гледате дека вашите прсти се нерамни и грди и тогаш се штрекнувате. Мора да најдете начин да се релаксирате.rnrnГризењето нокти често се поврзува со стресот и анксиозноста, а според д-р Ричард О’Кирни, психолог од Австралија, гризењето нокти е начин да си го одвлечеме вниманието од лошите мисли и чувства. Тој вели дека воглавно луѓето тоа го практикуваат како начин да се справат со негативните чувства. Со други зборови, не постои подобар начин за релаксација од свежо изгрицканите нокти.rn

    2. Секогаш ќе имате кожички околу ноктите

    rnГрицкачите на нокти се фатени во бесконечна јамка од гризење, тргање и кинење. Гризењето на ноктите може да ја оштети кожата под ноктот, што потоа резултира со кожички, кои секако молат да бидат скинати.rnrnРапавоста на кожичките води кон ново кинење и тргање и пред да сте свесни за тоа, сте го достигнале светото тројство во гризењето нокти: крварење, отеченост, а потенцијално и инфицирани нокти.rn

    3. Потребата за гризење се јавува во најнепријатните моменти

    rnrnrnКога мора да гризете, мора да гризете. За многумина од нас не постои причина, ниту вистинско време, но кога ќе почувствуваме потреба, беспомошни сме да се спротивставиме.rnrnМоже да сте на некоја важна средба или на прв состанок кога ќе забележите дека еден совршено израснат нокт моли да биде изгризан. Не е важно што сите ќе бидат згрозени од вас во тој момент, па дури ни камерите на националните телевизии нема да ве спречат во намерата.rn

    4. Некогаш не постои дискретен начин да ги исфрлите „отсечоците“

    rnДали вашите колеги ќе забележат кога ќе фрлите цел куп нокти во кантата покрај нивното биро? Дали вашето ново момче ќе го забележи тајното скривалиште на вашата тоалетна масичка? А што е со купчето нокти во држачот за чаши во вашиот автомобил, што сте го направиле кога ви било досадно во сообраќајниот метеж? Ова се непријатни ситуации во кои често се наоѓаат луѓето кои гризат нокти.rnrnКојзнае дали другите луѓе го забележуваат сето ова. Но дури и да забележуваат, тоа нема да ве запре, бидејќи…rn

    5. Знаете дека е одвратно, но премногу уживате за да сопрете

    rn(2)-7-raboti-shto-gi-machat-lugjeto-koi-grizat-nokti-kafepauza.mkrnrnЗнаете дека е непривлечно. Знаете дека е грозно. Знаете дека треба да прекинете. Но дури и кога го гледате туѓото згрозено лице, кое по којзнае кој пат ве осудува, не можете да се спротивставите на потребата.rnrnАмериканската психијатриска асоцијација DSM, гризењето нокти всушност го карактеризира заедно со менталните нарушувања како опсесивно-компулсивното нарушување. Но постои една значителна разлика, луѓето со опсесивно-компулсивно нарушување не уживаат, додека луѓето што грицкаат нокти уживаат во својата навика.rn

    6. Маникирот не е за вас

    rn"The Voice of a Generation" award winner Lena Dunham attends Glamour Magazine's 22nd annual "Women of the Year Awards" at Carnegie Hall on Monday Nov. 12, 2012 in New York. (Photo by Evan Agostini/Invision/AP)rnrnНикогаш нема да одите на француски маникир. Секогаш ќе сте по малку засрамени кога нечиј поглед за момент ќе падне на вашите прекратки нокти. А кога ќе се обидете да отидете на маникир, таму ќе наидете на негодување и засрамувачка лекција за грижата за вашите нокти.rnrnНо сите ја знаеме вистината: кратките нокти можат да бидат и убави.rn

    7. Неефективно чешање

    rnШтотуку сте ги скратиле ноктите и сте направиле мазни и заоблени рабови. Се чувствувате одлично после ова достигнување кога одеднаш се сепнувате: силна потреба од чешање. Вашите кратки, средени нокти се бескорисни.rnrnИ тогаш ја доведувате во прашање вашата посветеност кон гризењето нокти. Бидејќи единствената потреба посилна од грицкањето нокти е потребата да се почешате кога морате.

  • Страдањето од анксиозност низ 12 моќни фотографии

    Страдањето од анксиозност низ 12 моќни фотографии

    Анксиозноста е едно од најчестите нарушувања со кои се соочуваат луѓето на денешницава. Иако доста присутна, луѓето често погрешно ги интерпретираат симптомите или пак, воопшто не ги ни забележуваат. Посакувајќи да ја долови анксиозноста во своето вистинско светло, фотографката Кејти Џој Крафорд на еден уникатен и сосема поинаков начин ја прикажува нејзината борба со анксиозноста во серијата фотографии „Моето анксиозно срце“.rnrn(1)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrnrnФотографиите го опишуваат постојаното присуство на ова нарушување во текот на секојдневието на личноста која пати од анксиозност. Иако не се јавува со постојан интензитет, според зборовите на Крафорд, анксиозноста секогаш демнее доволно блиску и доволно застрашувачки. Секој на различен начин ја проживува, но овие фотографии можат да послужат како пример за тоа што значи да страдаш од анксиозност. Овие фотографии кажуваат многу повеќе одошто некогаш тоа ќе го направат зборовите.rn

    „Без разлика колку давам отпор, таа секогаш ќе биде тука, очајна да ме прегрне, да ме покрие, да се скрши со мене. Секој ден се борам со неа, ‘не си добра за мене и никогаш нема да бидеш’. Но ете ја како ме чека кога ќе се разбудам и желна да ме држи додека спијам. Ми го одзема здивот. Ме остава без зборови.“

    rn(2)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Чашата вода не е тешка. Скоро и да не мислиш на тоа кога треба да ја подигнеш. Но што ако не можеш да ја испразниш или да ја оставиш долу? Што ако треба да ја носиш нејзината тежина со денови… месеци… години? Тежината не се менува, но товарот да. Во даден момент веќе не можеш да се сетиш колку била лесна. Некогаш е потребно да се преправате со целото свое битие дека не е таму. А понекогаш, едноставно треба да ја оставите да падне.“

    rn(3)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Мојата глава се полни со хелиум. Фокусот ми бледнее. Толку мала одлука да се донесе. Толку едноставно прашање да се одговори. Мојот ум не ми дозволува. Како илјада кругови да поминуваат истовремено.“

    rn(4)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Се плашев од спиење. Најсуровата паника ја чувствував во темнината. Всушност, целосниот мрак не ме плашеше. Тоа го правеше онаа мала светлина која правеше сенка – застрашувачка сенка.“

    rnrn(5)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Продолжуваат да ми кажуваат да дишам. Можам да си ги почувствувам градите како се движат горе–долу. Горе–долу. Горе–долу. Но зошто имам чувство како да се гушам? Ја држам раката под носот, да се осигурам дека има воздух. Сѐ уште не можам да дишам.“

    rn(6)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Замрзнато чувство. Колку контрадикторно. Колку соодветно. Дали навистина можеш да се чувствуваш вака? Или е до неспособноста да чувствуваш? Толку сум научена да бидам како замрзната што сум го поистоветила тоа со вистинско чувство?“

    rn(7)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Заробеник на мојот сопствен ум. Поттикнувач на моите сопствени мисли. Колку повеќе размислувам, толку е полошо. Диши. Само диши. Лебди. Наскоро ќе биде подобро.“

    rn(8)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Чудно е во празнината на стомакот. Како кога пливаш и сакаш да ги спуштиш нозете, но водата е подлабока од твојата мисла. Не можеш да ја допреш земјата и срцето ти потскокнува.“

    rn(9)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Толку длабоки исеченици кои како никогаш да нема да заздрават. Болка толку реална, скоро да е неподнослива. Станав ова… оваа исеченица, оваа рана. Сѐ што знам е оваа иста болка. Остро дишење, празни очи, раце кои се тресат. Ако е толку болно, зошто да му дозволиш да продолжи така? Освен ако… Можеби тоа е сѐ што знаеш.“

    rn(10)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Страв ми е да живеам и страв ми е да умрам. Каков начин да постоиш.“

    rn(11)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Беше создадена за мене и од мене. Беше создадена како моја изолација. Беше создадена од отровна одбрана. Ти си направена од страв и лаги. Страв од неисполнети ветувања и губење доверба која е толку ретко дадена. Се формираше целиот мој живот. Појака и појака.“

    rn(12)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrn

    „Депресија е кога воопшто не чувствуваш. Анксиозност е кога чувствуваш премногу. Да ги имаш и двете значи постојана војна во твојот ум. Да ги имаш двете значи никогаш да не победиш.“

    rn

  • 10 бизарни и ретки медицински феномени

    10 бизарни и ретки медицински феномени

    Човек дрво, зомби и врколак можеби ви звучат како научно-фантастични поими, но тие се користат и за обележување на личностите кои боледуваат од некои многу ретки болести. Погледнете ги 10-те најбизарни медицински состојби кои постојат…rnrn10 бизарни и ретки медицински феномениrn

    1. Синдром човек од камен

    rnФибродисплазија (Fibrodysplasia ossificans progressiva) е прогресивно генетско нарушување кое мекото ткиво го претвора во коски. Генот ACVR1 кој се наоѓа во коските, мускулите, тетивите и лигаментите го регулира растот и развојот на ова ткиво и е одговорен за претворање на рскавиците во коски за време на развојот на децата. Но, мутацијата на овој ген создава неконтролирано трансформирање на сите мускули во коски. Накратко, оној кој боледува од оваа болест на некој начин се претвора во статуа однатре.rnrnНарушувањето се појавува кај 1 на секои 2 милиони луѓе и во моментов не постои лек. Постои можност за отстранување на коскените делови со помош на операција, но ова решение не е долготрајно бидејќи телото почнува повторно да создава нови коскени слоеви. Во светот постојат од 300 до 600 луѓе кои боледуваат од овој синдром и тие секојдневно мора да земаат силни лекови против болки. Во просек, живеат околу 40 години, а во ретки случаи и повеќе, сè додека коските не им ги здробат срцето и белите дробови.rn

    2. Синдром леш кој оди

    rnКотаровиот синдром е ментално заболување кое личноста која го поседува е цврсто убедена дека одреден дел од нејзиното тело недостасува, на пример мозокот, и дека таа всушност е мртва. Оние кои страдаат од овој синдром се трудат да не јадат, ниту пак да се бањаат и го поминуваат целото слободно време на гробишта, сакајќи да бидат помеѓу своите.rnrnОва нарушување се врзува со нефункционалната област во мозокот која е одговорна за препознавања емоции на лицата, вклучувајќи го и своето. Тоа предизвикува комплетно емоционално одвојување и отстранување на личниот идентитет. Синдромот може да се лечи со медикаменти, но понекогаш, во некои случаи се препорачува електроконвулзивна терапија.rn

    3. Алергија на студ

    rnКај некои луѓе допирот со студен воздух или вода може да покрене алергиска реакција, исто како онаа на пчели или кикирики. Оваа реакција вклучува нафрлање на телото, а во некои ситуации и оток. Оние кои боледуваат од посериозната форма на оваа состојба може да доживеат и екстремно отекување на грлото и јазикот, што во некои ситуации може да биде фатално.rnrnСè уште не е јасно што точно ја предизвикува оваа алергија, но таа може да се третира со обични антихистаминици кои се користат и кај оние личности со сезонски алергии.rn

    4. Синдром човек од дрво

    rnОна што делува како кора од дрво која расте на нечија кожа, може всушност да биде „еpidermodysplasia verruciformis“. Секако не станува збор за вистинска дрвена површина, туку за еден вид брадавици кои можат да се влошат доколку се изложат на сончева светлина. Иако тие во почетокот најчесто се бенигни, со тек на време можат да станат и малигни.rnrnОваа состојба е предизвикана од ретката мутација на гените EVER1/EVER2 и иако во моментов нивната функција не е целосно сфатена, нивната мутација предизвикува кожата да биде многу поподложна на вирусите папилом 5 и 8, кои обично не се изворот на самата болест. Постојат неколку можности за ублажување на симптомите, но сè уште не постои лек.rn

    5. Вампирски синдром

    rnНа луѓето им е потребна сончева светлина за синтеза на витаминот Д, но преголемата изложеност на сончевите УВ-зраци може да ја оштети кожата. Отприлика 1 на секои милион луѓе страда од ксеродерма пигментоза која предизвикува преголема чувствителност на ултравиолетовото зрачење. Овие луѓе мора да бидат комплетно заштитени од сончевата светлина бидејќи доколку се изложат на неа можат да се здобијат со сериозни изгореници, како и со лупење на кожата. Доколку тие не се внимателни, можат многу лесно да добијат и рак на кожата.rnrnОваа состојба ја предизвикува ретката рецесивна мутација на нуклеотидните ензими кои се „поправаат“. Кога функционираат нормално, тие ја поправаат оштетената ДНК од ултравиолетовото зрачење. Кај заболените, овие ензими не работат добро и оштетената ДНК не се поправа и постојано се насобира. Иако постојат одредени терапии, најдобрата превентива е целосното избегнување на сончевата светлина, исто како што би правеле вампирите.rn

    6. Елефантијаза

    rnЕлефантијазата предизвикува препреки на лимфните садови со кои се создава екстремно отекување на кожата и ткивото, особено во нозете и тестисите. Оваа состојба може да биде предизвикана на многу начини, но најчестата причина е паразит кој го пренесуваат комарците. Преку 40 милиони луѓе боледуваат од оваа необична состојба.rnrnПостојат медикаменти кои можат да ги убијат паразитите, па токму затоа раното откривање и лечење ќе овозможи најдобри ефекти. Постојат и хируршки зафати како решение доколку се зафатат тестисите, но нема начин да се оттргне отокот во екстремитетите.rn

    7. Синдром врколак

    rnМногу жени ги отстрануваат оние влакна кои се вишок околу нивните веѓи, но лицата на оние кои боледуваат од хипертихоза се целосно прекриени со влакна. Всушност целото нивно тело е прекриено со влакна. Токму затоа и оваа состојба го добила своето име.rnrnХипертихозата може да биде наследна, или пак да се развие со време. Оние кои се родени со овој синдром може да имаат неколку од познатите генетски мутации кои го предизвикуваат, но оние кои се здобиваат со него во текот на својот живот најчесто го развиваат како последица на лечење ќелавост. Во некои ситуации причината воопшто не е позната. Традиционалните методи на отстранување влакна можат да овозможат краткотрајни резултати.rn

    8. Алергија на вода

    rnИ покрај тоа што поголемиот дел од нашето тело е составено од вода, многу е чудно што може да постои алергија на неа. Реакцијата за која тука зборуваме не е типична алергиска, бидејќи не создава хистаминска реакција. Оние кои се алергични на вода, доволно е да ја допрат за да им се појави нафрлање кое чеша.rnrnДосега постојат помалку од 100 случаи на оваа состојба, а причината е непозната. Научниците веруваат дека причината не треба да се бара во самата вода, туку во одредените хемикалии или нечистотии кои се наоѓаат во неа. Најчестиот начин на лечење е внесување капсаицин, кој исто така се користи и за ублажување на болките.rn

    9. Синдром вонземска рака

    rnИзреката „десната рака не знае што прави левата рака“ за некои луѓе е вистинита. Оваа состојба вклучува едната рака да делува независно или пак, да се движи во спротивна насока од онаа во која личноста сакала.rnrnПонекогаш, ретки мозочни повреди или операции на мозокот можат да бидат причина за раце кои не можат да бидат контролирани. За овој синдром не постои лек, но симптомите можат да се ублажат доколку раката активно се користи.rn

    10. Синдром странски акцент

    rnАкцентите можат да ни откријат многу информации за потеклото на одредена личност, а скоро сите луѓе барем еднаш во својот живот се обиделе да зборуваат на странски акцент. Но, кај некои луѓе се појавува неконтролирано зборување на странски акцент, дури и доколку тие никогаш не биле во таа земја.rnrnОва ретко нарушување најчесто е последица на мозочен удар или друг вид мозочни повреди. Личноста која боледува од овој синдром не само што го менува тонот на својот глас, туку многу често и позицијата на јазикот додека говори. Единствениот лек за овој синдром е долга терапија за говор со цел мозокот повторно да се истренира да говори на одреден начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Социјална анксиозност: Дали премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас?

    Социјална анксиозност: Дали премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас?

    Социјалната анксиозност, која се нарекува и социјална фобија, е психолошко нарушување кое прави личноста да чувствува нерационален страв од разни ситуации кои вклучуваат контакт со други луѓе. Личноста која има ваков проблем се плаши дека ќе биде набљудувана од другите, ќе биде осудена за својата појава и дела, или дека ќе биде критикувана од која било причина. Оној кој има проблем со социјална анксиозност честопати не знае дека има проблем, туку својот начин на размислување го смета за нормален. Смета дека е нормално толку многу да се грижи за она што другите мислат за него/неа, додека тоа му/ѝ го разјадува социјалниот живот.rnrnСоцијална анксиозност: Дали премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас?rn

    Најлесно ќе препознаете дали припаѓате на оваа група доколку кај вас сте забележале некој од овие симптоми:

    rn

      rn011

    • Се чувствувате непријатно кога сте во центарот на вниманието;
    • rn011

    • Не сакате да зборувате јавно пред многу луѓе;
    • rn011

    • Се чувствувате непријатно кога треба да се претставите пред непознат или кога некој друг ве претставува;
    • rn011

    • Се плашите да ја изразите љубовта на личност од спротивниот пол;
    • rn011

    • Избегнувате да одите на забави или други настани на кои има многу луѓе;
    • rn011

    • Не се чувствувате удобно кога сте на забави или други настани каде што има многу луѓе и поради тоа честопати се обидувате да избегате на кратко од гужвата;
    • rn011

    • Се плашите за тоа што другите ќе помислат ако направите нешто што сакате да го направите. Тоа треба да е нешто дозволено, но вие се плашите дека погрешно ќе ве разберат;
    • rn011

    • Сметате дека треба бидете совршени за да им се допаѓате на одредени луѓе;
    • rn011

    • Важно ви е сите да ве сакаат;
    • rn011

    • Се плашите да правите грешки за другите да немаат лошо мислење за вас;
    • rn011

    • Избегнувате да споделувате информации од вашиот личен живот со други луѓе плашејќи се од нивна осуда;
    • rn011

    • Избегнувате дружења затоа што се плашите дека ќе ви се случи нешто непријатно и другите ќе ве исмеваат заради тоа;
    • rn011

    • Се плашите јасно и гласно да го кажете својот став за да не згрешите и другите да не помислат дека сте неинтелигентни;
    • rn011

    • Сметате дека никому не му е гајле што мислите;
    • rn011

    • Во сите ситуации се вцрвенувате, се потите и срцето побрзо ви бие.
    • rn

    rnСигурно веќе ви е јасно за што зборуваме и можете сами да ја продолжите оваа бескрајна листа на ирационални ставови и однесувања кои се последица на социјалната фобија и кои го парализираат и уништуваат вашиот социјален живот. За жал, живееме во култура во која уште од мали нè учат дека треба да се грижиме за тоа што другите мислат за нас. Имаме едно однесување за дома, а друго за пред други и тоа порано или подоцна нè осакатува емоционално и социјално. Како што веќе пишувавме, две од трите најлоши работи на кои нè научија уште како деца се потребата да бидеме перфектни и да бараме одобрување од другите. Кај некои од нас, кога ќе се соберат овие две работи се добива социјална анксиозност.rnrnСоцијална анксиозност: Дали премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас?rn

    Како да се справите со социјалната анксиозност?

    rnСоцијалната анксиозност е последица на модел на однесување кој се учи и од кој можете да се одучите. Ако сакате да си помогнете себеси или на некоја вам блиска личност која се бори со овој проблем, применете ги следните совети.rn

    1. Набљудувајте ја вашата социјална анксиозност

    rnОпсервирајте ги ситуациите во кои чувствувате страв и непријатност. Тие можат да ви дадат одговори за коренот на проблемот или барем што е тоа што најмногу ве мачи. Најдобро ќе биде да ги запишувате ситуациите во кои тоа ви се случува. Направете една табела со три колони, и во едната запишете кога сте се чувствувале непријатно, во втората опишете ја ситуацијата, а во третата симптомите на социјалната анксиозност. На пример, на 14 март сте разговарале со некого што неодамна сте го/ја запознале и додека сте разговарале сте чувствувале страв за тоа како изгледате и дали сте добро облечени поради што бргу сте нашле изговор за напуштање на разговорот.rn

    2. Обидете се да размислувате реалистично

    rnАко очекувате да настапи некоја лоша последица по вас и вашиот углед поради тоа какви сте или она што го правите, размислете уште еднаш за тоа колку добро можете да ја предвидите иднината. Прашајте се дали сте сосема сигурни дека некој може да помисли дека сте глупави или несредени и дали порано ви се случувале истите работи без никакви последици. Размислете и дали вашата иднина зависи од тоа што другите ќе помислат за вас. На пример:rnrnЗошто се плашам да одам на забавата? Ќе треснам нешто и другите ќе ме гледаат чудно.rnrnМожам ли да бидам сигурен/на дека ќе треснам некоја глупост? Не, не 100%.rnrnКолку пати сум кажал/а нешто глупаво на забавите? Можеби еднаш или два пати, ама тоа е многу ретко.rnrnШто е она што го поддржува мојот страв? Кажав виц, ама никој не се смееше. Друг пат прашав нешто, а сите се смееја затоа што сум морал/а да го знам тоа.rnrnШто е она што не го поддржува мојот страв? Сум бил/а на многу забави и знам добро да разговарам. Понекогаш има луѓе кои покажуваат дека се воодушевени што ме гледаат и иницираат разговори со мене затоа што им се допаѓам.rnrnДали целата иднина ми зависи од тоа? Не. Во моментот е незгодно, ама сега не чувствувам никакви последици од тоа.rnrnШто е најлошото што може да се случи? Сите ќе ми се смеат и потоа ќе заборават на случката.rnrnМожам ли да се извлечам од тоа? Ќе направам шега на моја сметка.rnrnДали можам да ги гледам работите од друг агол? Да, секој кажува некоја глупост одвреме-навреме, па ни јас ниту другите не ги сметаме тие луѓе за глупави.rnrnСоцијална анксиозност: Дали премногу се грижите за тоа што другите мислат за вас?rn

    3. Соочете се со стравовите и тестирајте

    rnМалку по малку, намерно изложувајте се на ситуации кои за вас се социјално непријатни, намерно правете ги работите поради кои сметате дека треба да се срамите и согледувајте ги последиците од тоа. Нормално е да сакате да ги избегнете овие ситуации, но соочувањето со нив е патот до разбирањето на нивната ирационалност. Натерајте се да останете подолго време во групата пред да се одвоите или да си одите дома, поздравете се со сите посебно, итн.rn

    4. Консултирајте книги за самопомош

    rnКнигите за самопомош можат да ви дадат многу важни совети за борбата со социјалната анксиозност. Факт е дека помеѓу книгите за самопомош има многу кои не се со највисок квалитет, но може да најдете и некоја која ќе ви помогне.rn

    5. Консултирајте се со психолог

    rnНе е лесно сами да го решите овој проблем. Консултациите со психолог веќе не се табу. Социјалната анксиозност е психолошко нарушување, така што разговор со психолог може многу да ви помогне да си го поставите животот на правиот пат.

  • 12 здравствени нарушувања кои може да ви се случат ако не пиете доволно вода

    12 здравствени нарушувања кои може да ви се случат ако не пиете доволно вода

    Сигурно многу пати досега сте слушнале дека треба да пиете доволно вода, но и покрај тоа не внимавате многу на тоа. Дехидратацијата е широко распространета појава. Повеќето луѓе не се ни свесни кога им фалат течности во организмот, па затоа самите треба да внимаваат на тоа да внесуваат најмалку два литри дневно. Доколку тоа не се случи, постои ризик од настапување на некое или повеќе од овие 12 здравствени нарушувања.rnrn9 здравствени нарушувања кои може да ви се случат ако не пиете доволно водаrnrn1. Замор и недостаток на енергија. Се забавуваат ензимските активности и доаѓа до чувство на замор. Ова исто така доведува до чести промени во расположението.rnrn2. Прерано стареење. Количината на течности во телото паѓа од 80% кај бебињата, до 70% и помалку како што растеме или старееме. Недостатокот на течности го забрзува процесот на стареење.rnrn3. Дебелина. Дехидратацијата го лаже мозокот дека чувствувате глад и ве тера да јадете повеќе отколку што е потребно. Истовремено недостатокот на вода го забавува метаболизмот.rnrn4. Висок или низок крвен притисок. Недостатокот на течности го нарушува крвниот притисок затоа што на крвта постојано ѝ се потребни нови течности.rnrn5. Холестерол. Кога телото губи течности, тоа почнува со производство на холестерол со цел да ги запре овие загуби.rnrn6. Запек. Цревата црпат вода од храната која претходно се сварила во желудникот. Затоа ако не внесете доволно течности, таа храна предизвикува запек.rnrn7. Проблеми со варењето. Се намалува лачењето на желудочните сокови и настануваат проблеми со варењето.rnrn8. Проблеми со дишењето. На слузта во дишните патишта ѝ е потребна вода. Таа е влажна со цел да ги заштити дишните патишта, а нејзиното излачување може да се наруши без доволен внес на течности.rnrn9. Уринарни инфекции. Ако во организмот нема доволно течности тој нема да може доволно да ги разводни токсините во урината и тие ќе предизвикаат уринарни инфекции.rnrn10. Егземи На вашето тело му треба доволно влажност за да се поти колку што е потребно бидејќи на тој начин се ослободува од токсините кои во спротивност ја иритираат кожата.rnrn11. Ревматизам Дехидрацијата абнормално ја зголемува концентрацијата на токсини во крвта и ткивните течности со што пропорционално се зголемува болката.rnrn12. Ризик за сериозни болести Пиењето многу вода ќе ви помогне да ги намалите шансите за појава на камен во бубрег, рак на дигестивниот и на уринарниот тракт, како и срцев удар.rnrnЗапомнете дека секој ден губите вода со дишењето, потењето, преку урината и при празнење на цревата. За да функционира вашето тело како што треба, мора постојано да ја надоместувате изгубената течност со помош на напитоци и храна која содржи течности. Во нормални услови, здрав маж треба да пие по 3, а здрава жена по 2,2 литри вода на ден.

  • 12-те најневеројатни психолошки нарушувања и синдроми

    12-те најневеројатни психолошки нарушувања и синдроми

    Психолошките нарушувања доаѓаат во сите форми и големини, започнувајќи од моментални епизоди, па сѐ до целосна и неизлечива ментална болест. И покрај нивниот огромен број, сите тие имаат нешто заедничко, а тоа е одвоеноста од реалноста. Тие никогаш не го слушаат разумот и не се покоруваат на фактите. Погледнете 12 од најчудните психолошки нарушувања кои постојат…rnrn12-те најневеројатни психолошки нарушувања и синдромиrn

    1. Синдромот Алиса во земјата на чудата

    rnОвој синдром го добил своето име по познатата новела од Луис Керол. Тој влијае истовремено врз перципирањето и на времето и на местото. Оние кои страдаат од овој синдром може да гледаат некои предмети помали или поголеми одошто се. Тие исто така имаат потешкотии и во следењето на времето. Слична психолошка состојба на оваа, која не мора да значи дека е поврзана со ментална болест, се халуцинациите кои луѓето понекогаш го искусуваат како деца или во моментите пред да заспијат. Најчесто таа е предизвикана од мигрени, од кои и самиот Луис Керол страдал и кои можеби тој ги искористил како инспирација за неговата приказна.rn

    2. Котардовиот синдром

    rnПопознат како „синдромот на леш кој оди“, Котардовиот синдром се појавува кога личноста верува дека е мртва, дека не постои или пак, дека ги изгубила своите внатрешни органи. Оние кои страдаат од овој синдром најчесто велат дека не постојат и токму поради ова размислување тие имаат проблем со живеењето во реалноста и се повлекуваат длабоко во себе. Ова нарушување најчесто може да се појави кај оние што страдаат од шизофренија.rn

    3. Каргасово нарушување

    rnОва нарушување се верува дека е невролошки многу слично со Котардовиот синдром. Оној кој страда од него верува дека некоја негова блиска личност е заменета од натрапник кој изгледа идентично како неа. Каргасовото нарушување често се поврзува со шизофренијата, но може да настане и како резултат на оштетување на мозокот или деменција.rn

    4. „Folie à deux“

    rnВо буквален превод, „Folie à deux“ значи лудило кое е поделено помеѓу двајца. Станува збор за две (или повеќе) личности кои најчесто живеат во близина и токму поради тоа почнуваат да ги делат истите заблуди.rn

    5. Вметнување мисли

    rnВметнувањето на мислите е вид нарушување каде што оној кој страда од него има мисли кои верува дека не се негови. Оваа личност смета дека тие доаѓаат од друга личност која најчесто е непозната. Ова нарушување во најголем број од ситуациите е симптом на шизофренија.rn

    6. Синдромот Париз

    rnОвој синдром е привремено доживување на дел од туристите во Париз кои откриваат дека градот не ги исполнил нивните очекувања. Токму затоа тие можат да почнат да доживуваат халуцинации, анксиозност и други соматски симптоми. Можеби овој синдром ви звучи како шега, но истражувањата покажуваат дека околу 20 туристи од Јапонија на годишно ниво се хоспитализирани и дијагностицирани со него. Најефикасниот третман против овој синдром е домот во својот град.rn

    7. Синдромот Ерусалим

    rnОвој синдром, за разлика од претходниот, влијае на туристите на Ерусалим така што тие стануваат опседнати со градот. Оние кои страдаат од синдромот Ерусалим чувствуваат анксиозност, почнуваат да носат тога, пеат химни или пак гласно кажуваат делови од Библијата. Во просек околу 40 туристи годишно се хоспитализирани поради овој синдром. Но, исто како и со парискиот синдром, и овој го снемува кога ќе се вратите дома.rn

    8. Синдромот Отело

    rnОној кој страда од овој синдром цврсто верува дека партнерот го изневерува, без разлика на доказите. Ова чувство е многу посилно од типичната љубомора и изобилува со силни опсесивни мисли. Синдромот Отело ги тера оние кои страдаат од него постојано да ги проверуваат своите партнери, да ги демнат, да ги испрашуваат за нивниот ден и во најлош случај стануваат насилни кон нив.rn

    9. Екбомиот синдром

    rnОвој синдром изгледа како да е излезен од кошмарите. Станува збор за застрашувачка форма на хипохондрија каде што оној кој страда од него верува дека неговото тело е нападнато од паразити. Многу често овие личности бараат совети од дерматолози или од заштитниците од штетници, наместо да побараат психолог или психијатар.rn

    10. Клиничка ликантропија

    rnСтанува збор за верување дека личноста се претворила во животно или пак, дека е во процесот на претворање. Според досегашните податоци најголем број од луѓето веруваат дека станале или стануваат волци, но има случаи и кога тие веруваат дека станале жаби, мачки, коњи, птици, хиени, па дури и пчели. Оваа состојба е многу ретка.rn

    11. Редупликативна парамнезија

    rnОваа состојба може да настане од повреда на мозокот и резултатот е личност која верува дека одредена локација е ископирана и/или преместена на друго место. Често се забележувала кај војници со повреда на главата кои верувале дека болницата во која се сместени е во близина на нивниот роден град, а во реалноста таа била многу далеку.rn

    12. Синдромот субјективен двојник

    rnОние кои страдаат од овој синдром искрено веруваат дека имаат двојник кој има идентичен изглед, но сосема различен карактер и живот. Понекогаш овој двојник може да биде непознат, а понекогаш може да станува збор и за некој член на семејството. Во некои ситуации тие можеби дури и да станат гневни на одредена личност бидејќи веруваат дека таа им го украла нивниот изглед и ова може да доведе до различни видови психолошки и физички напади. Синдромот најчесто се појавува кај луѓе со биполарно растројство или со шизофренија и е многу редок.

  • Инспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојче

    Инспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојче

    Сите родители се возбудени кога ќе ги видат првите чекори на своето дете, но сигурно не онолку колку што биле Мишел и Тим Нејгел. Парот од Coeur d’Alene, Ајдахо составиле краток филм наречен „Не се откажувајте“ во кој е опишана борбата на нивната 5-годишна ќерка во процесот на учење да оди откако ѝ било дијагнозирано ретко хромозомско нарушување.rnrnИнспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојчеrnrnНејгелови првпат забележале дека нешто не е во ред со Идн кога имала само 6 месеци. Таа воопшто не се ни обидувала да ползи, имала проблеми со видот и многу тешко ѝ било да ја држи главата подигната нагоре. По посета на доктор, тие дознале дека таа страда од Двејнов синдром кој влијае врз нејзиниот вид така што ја лишува од периферниот вид. И за работите да бидат од лоши полоши, тие откриле дека таа има и недостаток во нејзиниот прв хромозом кој предизвикува проблеми во развојот. Докторите не биле сигурни дали Идн ќе биде доволно силна некогаш да може да оди сама.rnrnrnrnНо, тоа не ги спречило Нејгелови да ја задржат надежта. Кога нивната ќерка имала само 8 месеци, таа почнала со физикална терапија. И никогаш да не проодеше, ќе беше во ред, велат тие во видеото. Најважното нешто за нас е да биде среќна и сакана.“ Семејството го добило својот најголем подарок едно Божиќно утро кога таа имала 2 години. Идн за првпат можела да ползи. Кога видовме дека ползи, бевме пресреќни, вели Мишел. Бевме целосно вчудовидени од нејзината упорност. Таа продолжила со физикалната терапија и на 4-годишна возраст се случило невозможното, ги направила своите први самостојни чекори.rnrnИнспиративна приказна за првите чекори на едно мало девојче
    rn

    „Бевме без зборови и солзите сами ни надоаѓаа,“ вели Мишел. „Не бев сигурна дали некогаш ќе ја видам како оди сама, но во моментот кога тоа се случи, ја прегрнав силно и заедно славевме, се смеевме и плачевме.“

    rnМишел која работи како фотограф на настани, составила кратко инспиративно видео за патот на Идн со цел да ги охрабри никогаш да не се откажат сите оние кои се борат со било какви потешкотии.rnrnИдн која ќе наполни 6 години на 24 април, денес може да оди па дури и да трча сама. Таа сѐ уште се бори со одржувањето на рамнотежа и со нејзиниот говор, но е на добар пат до успех.rn
    rn

    „Овие денови таа ни бара забави со танцување пред спиење,“ вели Мишел. „Нашето девојче кое еднаш едвај седеше исправено сама, денес бара да танцува околу дневната соба. Јас секогаш ќе велам ‘да’ за танцова забава. Секогаш.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Морничави нарушувања на спиењето

    Морничави нарушувања на спиењето

    И покрај тоа што спиењето изобилува со мистерии, сепак би требало да е период за мир и релаксирање. Поголемиот број од нас го „напуштаат“ будниот свет преку предвидливи циклуси на длабок сон, по кој доаѓа РЕМ-фазата исполнета со многу соништа. Но, кога границите на овие неколку фази ќе се изместат, сонот може да биде навистина застрашувачки. Всушност, некои нарушувања на спиењето повеќе изгледаат како сцена од некој хорор филм, отколку како нешто што би можело да му се случи на секој во неговата спална соба.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnИнсомнија – Неможност да се заспие или да се спие непрекинато. Тоа може да предизвика раздразливост и намалување на концентрацијата во текот на денот. Но, доколку ви се случува често може да стане многу опасно – инсомнијата меѓу другите лоши симптоми, најмногу се поврзува со прекумерната тежина, високиот притисок, срцевите удари и сообраќајните несреќи. И покрај тоа што таа секогаш се објаснува преку психолошки проблеми, може да биде и знак за некој посериозен физиолошки проблем.rnrnЈадење за време на спиење – Можеби имате волја да одолеете на благите додека сте будни, но што се случува кога спиете? Оние кои го имаат ова нарушување јадат благи, си подготвуваат некој вид ручек или пак во некои случаи јадат сирова храна, како замрзнати продукти или чист путер. Ова нарушување ги збунува и најголемите научници, но сега за сега се знае само дека настанува во период на не-РЕМ спиењето.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnСексомнија – И покрај тоа што е релативно ново нарушување на спиењето (за првпат било претставено во студија од 1996 година), сепак тоа е едно од посериозните. Таа се манифестира преку испуштање гласни (сексуални) извици, опасно самозадоволување проследено со повреди или пак во најлошите случаи преку секс (доброволен, напад или силување) во кој партнерот не знае дека личноста спие. Причините сè уште не се познати, но сексомнијата се поврзува со недостаток на сон, стрес, алкохол, дрога или пак во некои ретки ситуации и со случаен физички допир со партнерот во кревет за време на спиењето.rnrnНарушување на однесувањето за време на РЕМ-фазата – Понекогаш мозокот не му дава доволно сигнали на телото да остане мирно за време на РЕМ-фазата од спиењето и кога тоа ќе се случи луѓето почнуваат да ги прават движењата кои ги сонуваат. Во зависност од темата на нивниот сон тие можат да почнат да клоцаат, да удираат или пак да станат од нивниот кревет и да трчаат. Сè уште не се знае од каде потекнува грешката со сигналите од мозокот, но една од причините поради кои може да се појави ова нарушување е и појавата на Паркинсонова болест.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnПарализа за време на спиењето – Ви се случило ли некогаш да сте сигурни дека сте будни, но да не можете да се помрднете? За време на РЕМ-фазата нашето тело е целосно парализирано за да не почнеме да се однесуваме според нашите соништа. Но, понекогаш таа парализа поради грешка во сигналите од мозокот може да продолжи и откако ќе се разбудиме и скоро секогаш е проследена со халуцинации кои воопшто не се пријатни.rnrnСиндромот на експлодирачка глава – Не секирајте се, овој синдром воопшто не значи детонирање на вашата глава. Станува збор за нарушување во кое личноста одеднаш се буди поради остра и гласна бука, која наликува на експлозија. Докторите не можат овој синдром да го поврзат со ниедна болест и сè уште не знаат ниту една причина поради која се појавува.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnНарушување на кошмарите – Сите од нас доживеале барем еден кошмар во текот на животот. Но, кога тие ќе преминат од нешто кое повремено ве нервира, во нешто кое е целосно застрашувачко и е проследено со студена пот и „жива“ меморија на ужасните соништа, тоа значи дека вашето тело не може да го издржи моменталниот стрес и недостаток на сон низ кој поминувате.rnrnНоќни стравови – Ноќните стравови се одликуваат со викање, удирање и очајничко клоцање, кои за разлика од кошмарите се појавуваат за време на не-РЕМ фазата. Кога личноста доживува ноќен страв многу често брзо се исправува и со очите широко отворени почнува да вика. За време на ова доживување тие не можат да бидат разбудени од страна на друга личност, но по 10 до 15 минути сами од себе се враќаат во кревет и продолжуваат со спиење. Кога ќе се разбудат немаат никакво сеќавање за настанот. И во овој случај причината е мистерија, но честопати се поврзува со треска, нередовно спиење и стрес.rnrnМорничави нарушувања на спиењетоrnrnХалуцинации за време на спиењето – Сите ние сме навикнати да гледаме чудни работи во нашите соништа, но што ако тие работи почнеме да ги гледаме и додека сме будни? Таканаречените хипнагогични халуцинации настануваат за време на транзитот помеѓу будноста и спиењето, како и во периодот за време на будењето. Луѓето кои ги искусиле велат дека слушаат гласови, чувствуваат допири на нивното тело или пак забележуваат чудни објекти во нивните соби. Доколку ви се случува понекогаш не е ништо страшно, но ако халуцинациите се проследени со дневна поспаност и губење на мускулната контрола кога сте возбудени или изненадени, ви препорачуваме веднаш да посетите доктор.rnrnМесечарење – Околу 15% од возрасните повремено „лутаат“ низ нивниот дом додека спијат, додека кај децата бројот е малку поголем. Не се знае зошто месечарите одат за време на сонот, но како и останатите нарушување на спиењето најчесто се поврзува со стресот и нередовното спиење. Месечарите не одат со рацете исправени пред нив, како во филмовите. Повеќето од нив многу лесно се движат од соба во соба и понекогаш дури и си го поместуваат мебелот за да поминат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да препознаете нарушување во исхраната?

    Како да препознаете нарушување во исхраната?

    Познавате некој кој за многу кратко време ја намалил телесната тежина? Честопати ги избегнува оброците? Прочитајте ги основните знаци за нарушување во исхраната и спречете ги на време.Како да го препознаете нарушувањето во исхраната?1. Преокупација да изгледа перфектно и да има идеална тежина и облик на телотоrn2. Чувства на тага, фрустрација и гнев за надворешниот изгледrn3. Често споредување со другитеrn4. Прекумерна загриженост за делови од телото кои не изгледаат перфектноrn5. Зголемена самосвесностrn6. Тајни навики поврзани со исхраната и вежбањетоrn7. Драматично губење на телесната тежина (со големи подеми и падови)rn8. Сериозно ограничување во внесувањето на хранатаrn9. Лумпувањеrn10. Одбивање да се јадат одредени продуктиrn11. Опсесија со информации за телесна тежина, исхрана, диети, калории..rn12. Невообичаени ритуали во исхраната (забрзано џвакање, преуредување на храната во чинијата, јадење продукти по определен редослед)rn13. Одбегнување на главните оброциrn14. Често жалење за прекумерната телесна тежинаrn15. Прекумерно вежбањеrn16. Користење лаксативи, повраќање, земање апчиња за слабеењеrn17. Често мерење на телесната тежинаrn18. Одбивање да јаде во присуство на други луѓеrn19. Негирање дека настапува гладrn20. Обид за сокривање на фигурата со широка облекаrn21. Депресија и често менување на расположениетоrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.