Времето е сè поладно и поладно и поради тоа ни треба малку повеќе убедување од вообичаено за да излеземе од дома. Ако ви се случува истото и вам, тогаш сигурно имате повеќе слободно време отколку што посакувате – што е одлична можност да бидете малку креативни. Па, сте размислувале ли некогаш како може една запалка да се претвори во минијатурен мотор? Сè што ви е потребно е голема доза трпение и вешти прсти!Погледнете го наредново видео како и фотографиите под него кои ви покажуваат како чекор по чекор да ја расклопите вашата запалка и од нејзините делови да составите мотор. Уживајте!rn
Кожната јакна е дел од гардеробата за кој се исплати да одвоите пари, бидејќи сигурно ќе можете да ја носите во наредните неколку сезони. Но, за таа да изгледа секогаш како нова, важно е да ја одржувате на вистинскиот начин.rnrnrnrnСекогаш можете да ја однесете кожната јакна на хемиско чистење кога ќе ви се извалка, доколку се плашите дека ако ја чистите сами ќе ја уништите. Сепак, со благ детергент за шарени алишта, можете одлично да ја исчистите и сами, за неколку минути.rnrn
Како да ја исчистите?
rn
rn011
Пребришете ја површината на јакната со влажна крпа.
rn011
Потоа нежно пребришете ја со крпа на која сте нанеле мала количина течен детергент за шарени алишта.
rn011
Сапуницата којашто ќе остане, отстранете ја со влажна, а потоа и со сува крпа.
rn011
Темелно исушете ја со потполно сува крпа, која е препорачливо да биде памучна.
rn011
Ставете ја јакната на закачалка и изнесете ја надвор да се проветри.
rn
rn
Како да ја одржувате кожата?
rnКожата е склона на напукнување, особено ако не се одржува правилно. Затоа, еднаш неделно намачкајте ја јакната со средство за нега на кожни предмети. На крпче, нанесете малку од средството и со него пребришете ја јакната. Доколку немате средство за одржување кожа, секогаш можете да се послужите со хидратантна крема која не е многу мрсна или бебешко млеко за тело.rnrn
За да направите ваков оригинален изглед на вашите нокти, потребно ви е тенко четче, црн, бел, сребрен и проѕирен лак, алатка за нокти со мала кугличка на врвот и малку труд.rnrnrnrn
Начин на изработка:
rnНанесете два слоја црн лак на вашите нокти. Откако ќе ви се исуши лакот, нанесете бел лак на горниот дел од ноктите како за француски маникир. Доколку не сте многу прецизни, можете да залепите селотејп врз ноктите, со цел завршната линија да биде идеална. Потоа нанесете по 3 точки вертикално распоредени на левата и десната страна од нокотот, користејќи сребрен лак и алатка со мала кугличка на врвот. Потоа, со тенко четче и бел лак поврзете го точките, креирајќи вкрстено протнати врвки од патики. Врз сребрените точки, нанесете помала точка со црн лак. Откако ќе завршите со врвките, врвот направете го така што на горниот дел од нокотот, врз белиот лак, ќе нацртате црна кружна линија. Маникирот финиширајте го со еден слој безбоен лак. Во неколку чекори, добивте кул нокти со изглед на Старки. :)rnrnСовет: Доколку ноктите ви се кратки, може да ви биде малку потешко да го направите овој дизајн, со оглед на тоа што имате помала површина за цртање.rnrnДеталната изработка, погледнете ја во видеото:rnrnrn rn
Се собрало добро друштво, владее убава атмосфера, има пијачка… но нема отворач за шишиња. Научете ги добро овие неколку трикови за отворање шишиња без употреба на отворач и забавата нема да ви се расипе.rnrnrn
Со заби
rnЗабите се доволно цврсти да отворат шише, а можете да ги употребите така што ќе го сместите капачето помеѓу двете вилици, со горната ќе притиснете надолу, а со долната вилица ќе загризете на капачето.rnrnrn
Со голи раце
rnСè што треба да направите за да отворите шише на ваков импресивен начин е да го забиете капачето во внатрешниот дел на раката и силно да завртите. За разлика од силното, бавното и меко завртување многу ќе боли, па затоа не се штедете.rnrnrn
Каков било раб
rnЦврстите рабови од каков било предмет во ваша близина може да ве спасат ако немате отворач за шише. Наједноставно е да го поставите шишето на работ на масата во коса положба и да удрите по капачето. Внимавајте ударот да не биде премногу силен затоа што многу лесно може да се скрши грлото на шишето.rnrnrn
Со запалка
rnОва е доста едноставен метод. Запалката треба да ја земете во посилната рака, да ја поставите веднаш под капачето, додека со послабата рака цврсто ќе го држите горниот дел на шишето. Притиснете со запалката на капачето повеќе пати сè додека шишето не се отвори.rnrnrn
Со банкнота
rnПревиткајте една банкнота на половина, а потоа мотајте ја најцврсто што можете. На крај превиткајте ја на половина и веќе сте го добиле вашиот импровизиран отворач за шишиња. Земете ја банкнотата во вашата посилна рака и поставете ја веднаш под затворачот, а над другата рака со која треба да го држите горниот дел на шишето. Повлечете како со вистински отворач и ќе се изненадите од моќта на банкнотата.rnrnrn
Со клучеви
rnКлучевите од станот или од автомобилот на едната страна имаат еден нерамен дел којшто треба да се постави исто како запалката или банкнотата, а потоа да се притисне неколку пати додека капачето не се искриви доволно за лесно да се извади.rnrnrn
Со чекан
rnЧеканот не треба да го употребите за да удрите по шишето и така да го отворите. Од него потребен ви е само оној дел наменет за вадење шајки, само што овојпат на местото на шајката треба да го поставите капачето.rnrnrn
Со токата од ременот
rnПовеќето токи всушност и личат на отворачи за шишиња. Треба само соодветно да се постават врз капачето и да се притисне.rnrnrn
Со друго шише
rnПоставете ги капачињата на две шишиња едно врз друго, така што нема да бидат поставени како запалката или клучевите, затоа што треба да се искористи забестиот дел од капачето. Повлечете го горното шише нагоре и капачето на шишето одоздола лесно ќе излезе.rnrnrnrn rnrn
Во последно време сè повеќе девојки ги заменуваат своите еднобојни балетанки со оние со врв во различна боја. Доколку сакате да го пробате овој стил и вие, нема потреба од купување нови. Со помош на овој краток туторијал можете многу брзо и лесно сами да ги „трансформирате“ вашите омилени еднобојни балетанки во балетанки по најновиот тренд – со врв во различна боја.Што ви е потребно:rn
rn011
пар еднобојни балетанки
rn011
универзална боја
rn011
четка за боење
rn011
селотејп (одберете го оној вид кој најлесно се одлепува)
rn
rnНачин на изработка:rnrn1. Внимателно покријте го со селотејп делот кој не сакате да го обоите. Пожелно е да го заштитите и ѓонот на балетанките, за да не го офарбате и него. Особено внимавајте одделувањето со селотејпот да биде исто и кај двете обувки.2. Започнете со боењето. Во зависност од материјалот на вашите балетанки, како и од бојата, може да биде потребно нанесување на повеќе слоеви за подобар ефект. После секој нанесен слој оставете ги балетанките добро да се исушат (по можност и цела вечер).3. Кога ќе завршите со боењето внимателно извадете го селотејпот од балетанките. Доколку има потреба, можете да ги поправите сите нерамни и нееднакви делови со мала четка за боење. Исто така по ваш избор можете да додадете и мала машничка или некој друг вид декорација на балетанките која би била со иста боја како новообоениот врв.rnrn
Автор: Александар НиневскиrnrnДоколку имате слободно време и сакате малку да го разубавите вашиот дом, еве еден интересен предлог како да го направите тоа. Сигурно како мали сте правеле хартиени авиончиња, така што верувам дека ова ќе ви биде интересно.Ќе ви биде потребно:rn
rn011
стари мапи (или стар атлас како што користевме порано на училиште)
rn011
гранки од дрво
rn011
украсна лента во боја
rn011
жица
rn011
конец
rn011
селотејп
rn011
ножички
rn011
линијар
rn011
молив
rn
rnНакратко ќе опишеме чекор по чекор како да го направите.rnrn1. Земете ја мапата, измерете и исечете 10 до 15 правоаголници со димензии 4х6 и 5х7 см.rn2. Превиткајте го секој правоаголник во авионче, како кога бевте мали ;)rn3. Исечете 10 до 15 кончиња со различна должина. Залепете го со лепило едниот крај од конецот со средината на секој авион. Потрудете се да бидете внимателни и да не се гледа лепилото за да изгледа поубаво.rn4. Соберете ги сите гранки со скоро иста големина на куп како снегулка или ѕвезда и врзете ги со жицата, сè додека не почувствувате дека конструкцијата е стабилна.rn5. За да се додаде малку боја, врзете ги украсните ленти во боја на средината на гранките и оставете ги така да висат.rn6. Сега останува само да ги прикачите авиончињата како новогодишни лампиони и со помош на жица можете да го обесите овој украс во вашиот дом.rnrn
Прекрасен и многу едноставен начин да го исполните домот со вашиот омилен мирис…rnrnrnrn
Потребно за една свеќа:
rn
rn011
250 грама восок
rn011
30 грама екстракт од какао
rn011
10 грама екстракт од чоколадо
rn011
кафеав пигмент за свеќи
rn011
фитил
rn
rnЗагрејте го восокот на пареа, или пак ставете го во микробранова печка за побрзо да се растопи. Во растопениот восок додајте ги екстрактот од какао, екстрактот од чоколадо и кафеавиот пигмент за свеќи и мешајте додека сите состојки не се соединат убаво. Ќе знаете дека треба да престанете со мешање кога смесата ќе добие еднолична боја и ќе се почувствува мирисот на чоколадото и какаото.rnrnПотоа во мал сад од којшто свеќата ќе ја добие својата форма (тоа може да биде чаша или тегличка) ставете го фитилот. Најдобро ќе биде доколку тој на долната страна е прицврстен за метално парче коешто ќе ви помогне да го држите исправен додека го истурате жешкиот восок во садот. Не заборавајте да оставите барем 1 см од фитилот непокриен со восок. Кога восокот ќе се олади (после 5 часа), ќе можете да уживате во прекрасниот мирис на чоколадо во вашиот дом.rnrnrnrnСте пробале да направите свеќа порано? На пример од мандарина?rnrn
Празниците се официјално зад нас, па од многуте испиени шишиња вино, како доказ остануваат само плутените затвoрачи, кои повеќето од нас без размислување ги фрлаат, но некои сепак имаат обичај да ги чуваат во фиока, дури и без да имаат јасна идеја за што би им се нашле. Доколку сте од овие вториве, еве неколку идеи како плутените затвoрачи можат да се искористат и да се претворат во прекрасни предмети.rnrnНаправете интересни печати со кои ќе ги изненадите вашите деца, а истовремено сите заедно забавувајте се додека ги изработувате. Потребно е само да го засечете едниот крај на плутата во посакуваната форма, исечената форма да ја обоите и печатите се готови!rnrnrnrnНаправете свеќник што ќе допринесе за поромантична и потопла атмосфера во вашиот дом. Потребни ви се поголем и помал стаклен цилиндар кои треба да ги ставите еден во друг. Во поголемиот ги ставате плутите, а во помалиот свеќата и веќе поседувате уникатен свеќник кој ќе ја исполни вашата соба со топлина во овие зимски денови.rnrnrnrnТабла со која подобро ќе ги организирате вашите семејни обврски, така што на неа прегледно ќе ги закачувате разните планови и потсетници, е вистинска идеја за секое семејство. Сè што ви треба е поголема дрвена даска со рамка, на која цврсто ќе ѓи залепите плутите.rnrnrnrnУкрасете го вашето купатило со едноставна, но сепак интересна простирка. За да ја изработите ќе ви треба скалпел или остар нож за да ги исечете плутите попречно по должина, мушама на која ќе ги лепите исечените парчиња и лепак. Соберете еднакви тапи за да добиете добар краен резултат. Откако ќе ги дефинирате димензиите, почнете да лепите од страните, а кога веќе ќе ја имате рамката, пополнете ја внатрешноста.rnrnrnrnЗа дополнителни идеи, прочитајте „како поинаку да ги употребите тапите од вино?“rnrn rnrn
Колку и да уживаме во скапите маски за лице, од време на време не е лошо да си подготвиме нешто и самите. Сода бикарбоната е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките. Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц.rnrnrn
Подготовка:
rn
rn011
Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
rn011
Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе осетите пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути.
rn011
Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
rn011
Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.
rn
rnНапомена: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со осетлива кожа може да ја остават маската да делува пократко време.rnrn rnrn
Љубители на кафето, ова е рецептот за вас. Богат и интензивен вкус на екстракт од кафе, кој може да го искористите во безброј рецепти за кафе и десерти. Лесно се подготвува, а негова примена секогаш ќе се најде.Потребно е:rn
rn011
500 г шеќер
rn011
250 мл јако сварено еспресо
rn
rnПодготовка: Земете големо тенџере со дебело дно, загрејте го на средна температура и ставете шеќер во еден слој. Како шеќерот ќе се топи, така ставајте по малку од остатокот за да добиете карамел. Кога ќе ставите половина од шеќерот, промешајте го со дрвена лажица, па потоа пак ставајте додека да го потрошите целиот. Продолжете да го готвите карамелот додека да добие темно кафена боја.rnrnПочнете да ставете по две лажици од свареното кафе. Бидете внимателни затоа што карамелот ќе почне да прска, ќе се стврдне и ќе се згрутчи. Но, таков е процесот кога се работи со карамел. Ставајте по две лажици кафе додека да го потрошите целото, а за тоа време, карамелот ќе се растопи пак и ќе се соедини со кафето. Кога целата течност ќе биде соединета, претурете ја во тегли, цврсто затворете ги и оставете ги на дневна температура да стојат една до две недели пред да почнете да ја употребувате.rnrnПотоа останува да си направите кафе и да го интензивирате неговиот вкус додавајќи малку од сирупот. Но, тој одлично оди и врз салата од свежо овошје, сладолед, суви колачи и палачинки, шејкови и други напитоци. Па, пробувајте. Опциите се безбројни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.