КАФЕ ПАУЗА

Tag: метод

  • Секој прст е поврзан со 2 органа: Јапонски метод кој ќе ве излечи за неколку минути

    Секој прст е поврзан со 2 органа: Јапонски метод кој ќе ве излечи за неколку минути

    „Jin Shin Jyutsu“ е древна и алтернативна медицина чија задача е да ви помогне да ги балансирате вашите емоции со стимулирање одредени точки на рацете. Таа ја балансира вашата телесна енергија, како и физичкото и емоционалното здравје на вашиот организам. Оваа филозофија се заснова на теоријата дека секој прст е поврзан со одредени органи и емоции, па доколку сакате да влијаете врз нив, фатете го тој прст и притискајте го 3 до 5 минути. Дишете длабоко додека го правите тоа. Доколку сакате да добиете совршена хармонија во вашето тело, масирајте ги сите прсти на вашите раце.rnrnСекој прст е поврзан со 2 органа: Јапонски метод кој ќе ве излечи за 1 минутаrn

    Палец

    rnОргани: Стомак и слезинаrnrnЕмоции: Анксиозност и депресијаrnrnФизички симптоми: Болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболка, нервозаrn

    Показалец

    rnОргани: Бубрези и мочен меур, вклучувајќи ги и мочните каналиrnrnЕмоции: Разочараност, страв и збунетостrnrnФизички симптоми: Болки во мускулите, грбот, забите и проблеми со дигестивниот системrn

    Среден прст

    rnОргани: Црно дроб и жолчкаrnrnЕмоции: Лутина и неодлучностrnrnФизички симптоми: Проблеми со циркулација на крвта, менструални болки, умор, главоболки во предниот дел на главата и мигренаrn

    Домал прст

    rnОргани: Бели дробови и дебело цревоrnrnЕмоции: Негативност, тагаrnrnФизички симптоми: Респираторни проблеми, астма, проблеми со варењето и кожни болестиrn

    Мал прст

    rnОргани: Срце и тенко цревоrnrnЕмоции: Анксиозност, нервоза, недостаток на самодовербаrnrnФизички симптоми: Болки во грлото, проблеми со коските, подуен стомак

  • Солениот принт – почетоците на фотографијата

    Солениот принт – почетоците на фотографијата

    Како и сѐ останато, класичната фотографија која ни е денес на сите позната не била отсекогаш таква каква што ја знаеме. Првите почетоци на хартиената фотографија се забележани во 1839 година, кога Вилијам Хенри Фокс Талбот го создал солениот принт.rnrnТалбот бил британски инвентор кој, покрај уметноста, се интересирал и за природните науки, астрономијата, филозофијата и сл. За фотографијата покажал поголем интерес кога, за време на својот меден месец, се разочарал од начинот на кој функционирала тогашната камера луцида. Ова бил уред чиј принцип на работа се засновал на оптичко преклопување на предметот кој се црта и неговата нацртана слика на површината на која уметникот цртал. Според Талбот, кога уметникот ќе ги тргнел очите од призмата низ која сѐ било убаво, хартијата чувала само меланхолични траги оставени од моливот на уметникот.rnrn

    Фотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок - солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843 - 1845 година)
    Фотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок – солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843-1845 година)
    rnrnБазирано на неговата разочараност и прашувајќи се колку би било убаво да постои уред со кој природните слики би оставале фиксни отпечатоци на хартијата, тој почнал да експериментира и да изнаоѓа начини да ја реализира својата идеја. При неговите експерименти, тој користел сол и сребро нитрат кои ги нанесувал врз хартија за пишување која потоа ја оставал да потемни на сонце. За да спречи преголемо потемнување на сликата, тој додавал уште еден, втор слој на сол. На почетокот, експериментирал со растенија кои ги притискал врз сензибилна хартија со помош на парче стакло и потоа ги оставал да отстојат на сонце. По одреденото време за потемнување, го тргал растението од хартијата, а на негово место имало отпечаток од неговиот облик.rnrn
    Фотографија на Феликс Надар, Мариета - солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)
    Фотографија на Феликс Надар, Мариета – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)
    rnrnОваа своја идеја, Талбот ја нарекол уметност на фотогенично цртање. Со тек на време, тој го усовршил својот метод и успеал засекогаш да ја промени насоката во која одела фотографијата пред него. Иако на почетокот користел само сребро нитрат при што се добивала доста бледа слика на хартијата, понатаму открил дека се добива многу подобра слика кога на хартијата ќе се нанесе прво солта, а потоа сребро нитратот. Сликите биле меки и делувале исенчани, но успевале да ги доловат сите оние детали кои со претходниот метод на фотографирање не биле достапни. Во поглед на бојата, на сликите се разликувале сепија, лилава, црница, теракота, сребрено-сива и јаглен-црна.rnrn
    Фотографија на Роџер Фентон, Група на хрватски шефови - солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)
    Фотографија на Роџер Фентон, Група хрватски главатари – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)
    rnrnПрвата изложба на вакви фотографии зазема место во уметничката галерија Тејт Британ во Лондон, под името Сол и сребро: Рана фотографија 1840 – 1860. Техниката на Талбот се раширила многу брзо насекаде низ светот, а за неа се заинтересирале уметници, научници, авантуристи и претприемачи кои во овој метод виделе голем потенцијал.rnrnКористејќи ја техниката на Талбот, биле насликани природни чуда, архитектонски остатоци, разголени тела на луѓе, портрети и улици и сите со различен степен на острина и сенка.rnrn
    Фотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза - солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)
    Фотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза – солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)
    rnrnСо започнување на викторијанското време на модерни пронајдоци, му дошол и крајот на солениот принт. Тој бил заменет со нови изуми во полето на фотографијата, а тој развој трае и до ден-денес. Сепак, овој пронајдок на Талбот бил и ќе остане точка на пресврт за фотографијата како област, па и покрај нејзината еволуција, може да се забележат жанрови кои останале константни со текот на времето. Овие фотографии се дел од едно неверојатно искуство за секој кој ќе ги погледне, делувајќи како да ќе исчезнат од пред нашите очи во секој момент.rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

    Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

    Симптомите на стрес се многубројни и непријатни. Главоболката, дигестивните проблеми, несоницата и нервозата се само дел од симптомите кои можете да ги решите за само неколку минути, доколку знаете точно каде да притиснете.rnrnОвој кинески метод на лечење е познат како акупресура и со негова помош можеме да ги откриеме сите точки со чија стимулација телото може да почне да се опушта и да се ослободува од стресот. Една од овие точки се нарекува шен мен, што во слободен превод значи „рајска врата“. Притискањето на оваа точка го намалува стресот, ја зголемува енергијата и го зајакнува имунитетот, а со тоа и ја намалува болката. Точката се наоѓа во внатрешниот дел на горниот дел од увото и со нејзино нежно триење таа може да се активира.rnrnОткријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стресrn

    Упатства за примена на оваа масажа:

    rn

      rn011

    • Со помош на чепкалка за уши притиснете на точката и нежно масирајте ја.
    • rn011

    • Дишете полека и длабоко и слушајте го внимателно секое вдишување и издишување.
    • rn011

    • Додека вдишувате гледајте кон лево, а додека издишувате кон десно, без притоа да ја поместите главата.
    • rn011

    • Ќе почнете да забележувате како постепено вашето тело се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат…
    • rn

    rn

    Дополнителни совети:

    rn

      rn011

    • Точката на увото можете да ја масирате и со врвот на вашите прсти.
    • rn011

    • Масирајте ја точката секој пат кога ќе почувствувате дека сте под голем стрес.
    • rn011

    • Оваа постапка можете да ја повторувате секоја вечер, пред спиење.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ефикасна алатка за ефикасно завршување на работите

    Ефикасна алатка за ефикасно завршување на работите

    Автор: Надица ЧесмаџискаrnrnДали ви се случува при крајот на работниот ден да ви останат обврски коишто не сте успеале да ги завршите иако сте работеле со полн интензитет? Јас на пример, неретко се наоѓам во ситуација по завршување на работното време да ми остануваат невозвратени бизнис повици, задачи кои треба да се делегираат, неизменаџирани во целост лични обврски, мејлови непроследени докрај, недовршени презентации кои создаваат дополнителен стрес и нервоза.rnrn0-efikasna-alatka-za-efikasno-zavrshuvanje-na-rabotite-kafepauza.mkrnrnСе чувствуваме фрустрирани бидејќи секоја активност или обврска која не е завршена докрај и се пролонгира за во иднина, се трудиме да не ја заборавиме, а од друга страна сме конфузни бидејќи често не знаеме на која активност да ѝ дадеме приоритет. Без разлика колку добро сме концентрирани на завршување на задачите, нешто секогаш ни го поместува фокусот.rnrnИстражувањата покажуваат дека главните виновници за ваквиот тип неорганизираност најчесто се класифицираат во три групи:rn

      rn011

    • Прекинувачи/дистрактори: Сигурно ви се случило одредена стандардна задача да ви одземе повеќе време за реализација од вообичаеното токму поради честите прекинувања од типот на СМС-порака, телефонски повик од пријателите, неформален разговор со колегите или пак итна молба.
    • rn

    rn

      rn011

    • Неефикасен организационен систем: Дефокусираност од обврските кои го бараат нашето внимание. Нејасно дефинираните задачи и лошото планирање се карактеристични за ваков тип однесување.
    • rn

    rn

      rn011

    • Лоша приоретизација: Искуството покажува дека одговорностите кои ни се полесни за реализација ги правиме веднаш, односно ги рангираме како приоритетни иако не се со голема итност, додека пак комплексните свесно ги одложуваме најчесто поради недоволно знаење или пак едноставно не ни се допаѓаат.
    • rn

    rnПотребна ни е метода или поинаку кажано систем којшто ќе го минимизира влијанието на т.н. дистрактори и ќе води кон поголемо и подобро себеменаџирање.rnrnМетодот, кој подолу ви го презентирам, ќе ви помогне да се организирате подобро и да останете продуктивни. Можеби ви се чини дека е комплицирано да се изведе, но основата е едноставна. Целта е ефикасно завршување на задачите со помалку напор.rnrnЧекор 1: Добивате задача.rnrnЧекор 2: Дефинирајте ја задачата/обврската според ранг и приоритет (важна, неважна, итна, помалку итна итн.).rnrnЧекор 3: Утврдете дали задачата бара соодветна итна акција од ваша страна? Доколку одговорот е негативен, тогаш зададената обврска ја класифицираме како можна за реализација во иднина. Во случај кога одговорот е позитивен следува:rnrnЧекор 4: Утврдете дали се потребни помалку од 2 минути за извршување на задачата? Ако одговорите со ДА, тогаш завршете ја ВЕДНАШ, во спротивно:rnrnЧекор 5:rnrnА. ДЕЛЕГИРАЈТЕ ја обврската доколку сметате дека другите имаат капацитет да ја завршат и на крајот контролирајте.rnrnБ. Ако пак сте сигурни дека вие сте личноста која треба да преземе одговорност за исполнување на задачата, тогаш:rn

      rn011

    • Запишете ја во вашиот НЕДЕЛЕН КАЛЕНДАР на активности со точно дефинирана дата или,
    • rn011

    • Запишете ја како ДНЕВНА АКТИВНОСТ за реализација веднаш по завршување на тоа што го работите во моментот.
    • rn

    rnКога во иднина вашиот менаџер, колега, соработник, добавувач, ќе ве изненади со некоја нова активност за реализација во момент кога работите на друг проект нема да има потреба да се стресувате или да се трудите да не ја заборавите задачата за подоцна. Сега имате алатка која ќе ви овозможи да ја ставите во систем, односно да ја организирате секоја следна задача побрзо и поефикасно.rnrnМожете да го преземете моделот како шематски приказ и да го закачите во вашата канцеларија, како што е случајот кај мене. Дополнително може да ја набавите и книгата „Getting Things Done“ од David Allen каде може да најдете повеќе интересни содржини и информации од оваа тематика и да ги имплементирате.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нов тренд за одржување на долгата коса: Палење на врвовите со свеќа

    Нов тренд за одржување на долгата коса: Палење на врвовите со свеќа

    Палењето на косата ги уништува распуканите и мртви врвови, при што не се крати од нејзината должина – вака тврдат фризерите кои ја применуваат оваа техника. Со тоа се добива здрава коса која лесно може да се потхрани. Ако се прашувате како Алесандра Амросио и Изабели Фонтана имаат толку прекрасна коса, сигурно не би помислиле дека тоа е резултат на палење.rnrn0-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mkrnrnНовата бразилска метода наречена велетерапија, односно кратење со свеќа го прави токму тоа. Со помош на свеќа се палат мртвите и расцветани врвови со што се постигнува отворање на фоликулите за да можат да се обноват низ процес на нанесување маски и регенератори. Косата најпрво се дели на ситни прамени, благо се завиткува со прстите, а потоа стилистот со пламенот од свеќата поминува преку врвовите и ги уништува мртвите делови.rnrn3-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk 1-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk4-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mkrnrnПосле третманот, влакната се полни со восок. Секако, косата мириса на запалена, но потоа се мие и длабински се храни со регенератор.rnrnЕве како тоа изгледа.rnrnrnrnОвој начин на моделирање на косата во Јужна Америка е популарен уште од 60-тите години на минатиот век, а многу жени го практикуваат и сами дома. Третманот трае околу 2 часа и во Њујорк чини помеѓу 150 и 200 долари во зависност од должината на косата. После третманот се препорачува косата да се одржува на истиот начин, а може да се повтори после 8-12 недели.rnrnФризерите советуваат ова да не го правите сами дома со цел да ги избегнете несаканите последици.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нежно капење на бебиња близначиња

    Нежно капење на бебиња близначиња

    Соња Рошел е мајка на четири деца, а по занимање е бабица. Благодарение на нејзиното искуство со бебиња, таа развила нов метод на капење, за бебиња кои се стари до 2 месеца.rnrnНежно капење на бебиња близначиња rnrnОваа метода трае 10-15 минути, во склоп со релаксирачка музика, вода од славина и масажа која имитира движења, слични на оние додека бебето било во матката. Погледнете колку изгледа нежно капењето на овие две мили близначиња. :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Слика без четка, со помош на гравитацијата

    Кога помисливте дека ги видовите сите методи на работа во уметноста, се појавува нов оригинален начин на сликање, кој ќе ве остави без здив. Дваесет и пет годишниот уметник од Торонто, Ејми Шеклтон, ги црта овие интересни, колоритни, водени цртежи, без да користи четка или прсти. Наместо тоа, таа се потпира на добро познатите закони на гравитацијата, вртејќи го повремено платното, додека црта со притискање на пластични шишенца со боја.rnrnСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаСлика без четка, со помош на гравитацијатаrnrnПогледнете го видеото за да го видите нејзиниот брилијантен стил на работа во детали. Работата на овие слики траела 30 часа, но во видеото е компресирана во само 2 минути, за да се доловат сите кул методи.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.