КАФЕ ПАУЗА

Tag: метод

  • Метод што се користи во музеите: Ако ја исчистите куќата вака, нема да видите прашина 10 дена

    Метод што се користи во музеите: Ако ја исчистите куќата вака, нема да видите прашина 10 дена

    Веројатно сте слушнале за глицеринот и за неговата употреба во медицината, во козметиката, во прехранбената индустрија и во земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот? Погледете како да ја исчистите вашата куќа со глицерин.rnrnМетод што се користи во музеите: Ако ја исчистите куќата вака, нема да видите прашина 10 денаrn

    1. Блескаво чисти подови

    rnЗа брзо и ефикасно чистење на валканите подови, додајте само неколку капки глицерин во кофата со вода.rn

    2. Ослободете се од прашината

    rnЗа да го направите ова, додајте малку глицерин во сад со вода. Навлажнете ја крпата во таа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.rn

    3. Ги отстранува дамките од облеката

    rnСтавете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете со вода во која ќе додадете малку сол. За да ги отстраните дамките од чај, од кафе или од чоколадо, направете смеса од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и исперете ја облеката по половина час.rn

    4. Правилно одржување на мебелот од кожа

    rnАко имате изгребан кожен мебел, избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.rn

    5. Прозорци

    rnИзмешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците. Долго време нема да има прашина и нечистотија на вашите прозорци.rnrnПогледнете ги овие трикови за полесно чистење кои ги користеле нашите баби.

  • Суво четкање: петминутен метод кој ја намалува видливоста на целулитот за само три недели

    Суво четкање: петминутен метод кој ја намалува видливоста на целулитот за само три недели

    Без разлика дали сакате да блеснете овие празници во малку пократко здолниште или во тесни панталони без страв дека ќе ви се наѕира „кората од портокал“, овој метод ќе ве спаси во последен момент.rnrnСуво четкање: петминутен метод кој ја намалува видливоста на целулитот за само три неделиrnrnСувото четкање на кожата може да се сретне како метод во многу салони за убавина како еден вид антицелулитна масажа што ја прави вашата кожа сјајна и мазна. Но, овој метод може лесно да го примените и во домашни услови.rnrnОд оваа техника, која со векови се користи во Русија, Турција и Скандинавија, има многу здравствени придобивки, од зајакнување на имунолошкиот систем до детоксикација на организмот.rnrnЗа сувото четкање на кожата ви треба само четка со природни влакна и третирање на кожата околу 5 до 10 минути на ден за да ги видите првите резултати по само неколку дена.rn

    Преку четкање на кожата:

    rn

      rn 011

    • Ги отстранувате мртвите клетки
    • rn 011

    • Стимулирате побрз раст на нови клетки, кои се одговорни за цврстината и еластичноста на вашата кожа
    • rn 011

    • Преку стимулирање на циркулацијата и масажата, ги разложувате и масните наслаги под кожата, а со тоа ја намалувате видливоста на целулитот.
    • rn

    rnЗа целосно да ги елиминирате токсините од вашето тело и да го намалите целулитот, треба да ја четкате кожата секој ден најмалку три недели. Сувото четкање на кожата најдобро е да го направите непосредно пред да се истуширате, а за уште подобри резултати по третманот, наизменично туширајте се со топла и ладна вода.rn

    Како да ја примените техниката суво четкање?

    rnКористете четка со природни влакна за да ја четкате кожата со долги, рамни движења почнувајќи од стапалата, по нозете нагоре, потоа низ рацете, од дланките до рамената. Четкајте го грбот од горе надолу и стомакот од долниот дел, нагоре.rnrnВаквото четкање ќе ги насочи лимфите кон срцето, затоа не четкајте се во спротивна насока затоа што така ќе ги насочите лимфите подалеку од срцето, што може да предизвика дополнително напрегање на вените и лимфните јазли. Може, исто така, да го четкате лицето, но тогаш користете помала и понежна четка.rnrnМожеби сакате да дознаете и дали консумирате здрава храна во погрешно време?rn

  • Војнички метод за заспивање со чија помош ќе заспиете за само две минути

    Војнички метод за заспивање со чија помош ќе заспиете за само две минути

    Овој метод може да се пронајде во книгата „Опушти се и победи: Перформанс за шампионат“ (‘Relax and Win: Championship Performance) од авторката Шерон Акман. Според неа, овој метод може да им помогне на луѓето брзо да заспијат без разлика на тоа каде се наоѓаат – токму затоа и го користат американските војници.rnrnrnrnСè што треба да направите е да се опуштите. Акман тврди дека на овој начин ќе заспиете за само две минути.rn

    „Американската морнарска школа развила научен метод за заспивање во какви било услови, и дење и ноќе. По шест недели пракса, 98% од војниците заспивале за максимум 2 минути. Дури и оние кои пиеле кафе и оние кои во позадина слушале истрели“, пишува авторката.

    rnНајпрво потребно е да го испразните вашиот ум од сите мисли што ви минуваат низ глава. Да го направите тоа, потребно е да ги опуштите мускулите на лицето. Потоа опуштете ги рамената, па рацете. Потоа издишете и опуштете ги градите, па нозете.rnrnВо наредните 10 секунди исчистете ги мислите така што ќе замислите дека лежите во мрачна соба на удобен кауч. Ако имате проблеми со опуштањето, на глас изговарајте ја наредбата: „Не размислувај!“ Правете го ова онолку време колку што ќе ви треба за да заспиете.rnrnАко сте направиле сè како што треба, вие лесно ќе потонете во сон. Секако со повеќе вежбање заспивањето ќе доаѓа побрзо. Акман тврди дека ова е посебно корисен метод за луѓето во војска што се наоѓаат во опасни ситуации, како и за оние што послабо се носат со стравовите од војна.rnrnПрочитајте и зошто спиењето во различни кревети може да направи чуда за вашиот брак.

  • Едноставен 10-минутен метод од ајурведата за прочистување на телото и заштита од болести

    Едноставен 10-минутен метод од ајурведата за прочистување на телото и заштита од болести

    Во обид да го држиме нашето здравје под контрола на што поприроден начин, често бараме методи на превенција што ни се познати веќе илјадници години наназад. Еден од овие методи е едноставното држење масло во устата што наводно носи бројни предности за организмот. Ова верување доаѓа од алтернативната медицина позната како ајурведа.rnrnrnrnСамиот збор добро објаснува точно што е во темелот на оваа алтернативна медицинска гранка – „ају“ значи живот, а „веда“ значи знаење. Со други зборови, таа е наука за животот. Па, доколку погледнеме наназад во минатото ќе сфатиме дека првите ајурведски записи датираат од пред пет илјади години и постојат сè до ден-денес. Основата на ајурведата е холистичкиот пристап на лечење, односно се верува дека личноста може да биде здрава дури кога ќе биде урамнотежена телесно, емоционално, психолошки и духовно.rnrnЕден од начините за одржување на здравјето и грижа за себе, според ајурведата е и методата која е стара исто колку и оваа навика – а станува збор за задржувањето на масло во усната шуплина. Се верува дека оваа метода, со која треба да го „влечете“ маслото во устата, освен што ќе ви ја исчисти внатрешноста на устата исто така и ќе ве заштити од низа болести како:rn

      rn 011

    • Артритис
    • rn 011

    • Тромбоза, нарушување на крвта
    • rn 011

    • Дигестивни и цревни болести
    • rn 011

    • Срцеви болести
    • rn 011

    • Хормонална нерамнотежа, егзема и други кожни болести
    • rn 011

    • Главоболка
    • rn 011

    • Забоболка, парадентоза
    • rn 011

    • Хроничен умор, несоница
    • rn 011

    • Астма, болести на дишните патишта
    • rn 011

    • Болести на бубрезите и црниот дроб
    • rn

    rnИзгледа дека овој метод помага и при исфрлање на токсините што ги внесуваме од својата околина, па дури и храната, а сè тоа е возможно со едноставното сончогледово масло коешто е лесно достапно. Можеби дури и веќе го имате во својот дом.rnrnПа, како да ја изведете оваа постапка? Сè што треба да направите е на една лажица да ставите сончогледово, маслиново или кокосово масло и едноставно да го држите во вашата уста така што благо ќе го „влечете“ и „превртувате“ без да голтате. Ова треба да го правите барем 10-тина минути додека работите што било друго во позадина.rnrnМаслото треба да добие бела боја, а неговата густина да се промени така што ќе наликува на вода. Тогаш ќе знаете дека сте завршиле со методот.rnrnТреба да се има на ум дека овој метод се прави на празен желудник и дека треба да бидете внимателни да не го проголтате маслото. Исто така треба да имате на ум дека целиот процес треба да се одвива со што помало отпретување на вилицата.rnrnВажно е да го правите ова 10-тина минути затоа што според ајурведските записи, маслото по 2 и пол минути се врзува со плунката, по 4 и пол минути влегува во крвта, а по 10 минути ги извлекува токсините и бактериите од нашиот систем преку слузницата во устата. На тој начин расте имунитетот на телото и тоа станува способно самото да се бори против болести.rnrnИ за крај, внимавајте да користите нерафинирано, што поприродно масло бидејќи во спротивно ќе го поништите неговиот ефект.rnrnВовед во ајурведа: Дознајте и дали сте вата, пита или кафа!

  • Што е тоа хипнопородување? Метод кој ѝ овозможи на Кејт Мидлтон да застане на нозе веднаш по породувањето

    Што е тоа хипнопородување? Метод кој ѝ овозможи на Кејт Мидлтон да застане на нозе веднаш по породувањето

    Само неколку часа по раѓањето на нејзиното трето бебе, Кејт застана на излезот од болницата со новороденото синче во рацете, придружена од гордиот сопруг, принцот Вилијам, изгледајќи како да излегува од салон за разубавување. Како е тоа можно? Иако не е официјално потврдено, се смета дека Кејт сите три деца ги има родено со методот хипнопородување. Каков е тој метод и дали навистина помага породувањето да помине лесно и безболно?rnrnШто е тоа хипнопородување?rn

    Што е хипнопородувањето?

    rnСпоред лондонската клиника „Хипнобртинг“, се работи за познат, логичен и ефикасен начин на подготовка за породување која ги намалува стресот и непријатноста при породувањето на тој начин што на мајката ѝ се овозможува целосен надзор на целиот процес. Освен Кејт Мидлтон, за овој принцип на породување се одлучиле и многу други жени, а од славните личности Жизел Бундшен и Анџелина Џоли.rnrnМетодот на хипнопородување се заснова на трудот на Грентли Дикрид, англиски акушер кој уште во 1933 година ја објавил книгата под наслов „Породување без страв“. Тој сметал дека стравот е она што го отежнува породувањето – ако мајката се плаши од контракциите и породувањето, крвта и кислородот потешко стигнуваат до матката, мускулите се стегаат и грчат, па болките се појаки. Ако е жената смирена, мускулите на матката се опуштаат и телото само произведува поголема количина окситоцин и ендорфин, природни средства против болки. Тоа влијае самото породување да биде помалку болно, пократкотрајно, а мајката после тоа да не биде изморена.rn

    Во што се состои методот на хипнопородување?

    rnОва е всушност комбинација од дишење, длабока релаксација и техника на визуализација со помош на позитивно размислување и охрабрувачки зборови.rnrnНајважниот дел од хипнопородувањето е т.н. психопрофилакса, односно психички подготовки – на жената треба внимателно и темелно да ѝ се објасни што се случува при породувањето во физиолошка смисла, бидејќи тогаш таа точно ќе знае што може да очекува, па во породилниот процес ќе влезе без страв, со сигурност и самодоверба.rnrnШто е тоа хипнопородување?rn

    Значи ли тоа дека не е потребна никаква анестезија?

    rnХипнопородувањето ги намалува и ублажува породилните болки, но тоа не значи дека родилката не смее да прими некое друго средство против болки, од инхалација на мешавина од гас и воздух до епидурална анестезија.rn

    Кои се најчестите заблуди околу хипнопородувањето?

    rnКога ќе се слушне овој збор, многу жени помислуваат на некаква бизарна секта, но всушност тоа е метода со која може да се служи секој бидејќи се темели на природното функционирање на телото и умот, а не на некакви чудни идеи. Иако името на техниката звучи како да се користи хипноза во процесот, во текот на хипнопородувањето мајката не е ни хипнотизирана ни успана, туку будна и целосно свесна за она што се случува. Името всушност се однесува на чувството на смиреност и опуштеност кое се постигнува при хипнопородувањето.rnrnПрочитајте ги и овие охрабрувачки вести: По породувањето, женското тело го чекаат позитивни промени.

  • Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

    Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

    Големите грчки филозофи ги имале сите одговори кои денес ги учиме на разни тренинзи и работилници и преку Интернет. Секој од нас има свој пат до совршенството, доколку сака да го достигне. Запрашајте се, што е oна што го правите одново и одново што станало ваша навика, и дали во вашиот свет ова е совршенство? Односно, дали вие се сметате за совршена личност?rnrnМетод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себеrnrnИли пак кај вас наоѓате илјадници мани? И дали можеби постојано се споредувате со другите? Без разлика која е ситуацијата, можеби ова е вистинскиот момент да си го поставите ова прашање. Дозволете им на одговорите сами да дојдат, а најверојатно веќе и ги знаете.rnrnШто значи за вас да бидете совршени и што е потребно за да го потврдите тоа? За да станете совршена личност во овој момент, треба да го тргнете вашиот внатрешен критичар настрана. Иако не е лесно да го направите ова, навистина вреди.rnrnВашиот внатрешен критичар е постојано буден и често ве потсетува да се споредувате со другите. А ова споредување е само залудно и е совршен чин на покажување агресија кон себе.rnrnСекој од нас е потполно различен, со свои искуства, ресурси и внатрешен свет. Секој има посебен ритам на промена, усвојување и применување, а со тоа и своја интерпретација на она наученото.rnrnПа, една недела ослободете се од внатрешниот критичар и почнете да ги цените нештата што ги правите секојдневно. Не е важно дали тоа е правење ручек, подготвување на финансиски извештај или плетење. Едноставно, дајте си признание за што било што ќе направите во текот на денот. Обидете се и да запишете што сè сте одработиле во еден ден и ќе се изненадите од должината на листата.rnrnПравете го ова цела недела и на крајот ќе сфатите дека има некакво совршенство во секој ваш ден.rnrnПрочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.

  • Сократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?

    Сократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?

    Беше обична саботна вечер. Децата се разбегаа по собите, а јас го читав Сократ. Едно прашање ме замислил. Тoj ги прашал неговите сограѓани: „Ако дојде до пожар, а можете да спасите само една личност, кого ќе спасите? Жената или детето?“rnrnСократов метод за откривање на вистинската љубов: Во пожар, дали ќе ја спасите сопругата или детето?rnrnСите мажи одговориле: „Детето, се разбира!“rnrnСократ рекол: „Јас би ја спасил својата жена. Ќе остареме заедно, а таа ќе ми роди уште деца. Ако го спасам детето, тоа би била трагедија и вечна тага и за него и за мене. Засекогаш еден со друг ќе се потсетуваме на трагедијата. Детето би ја изгубило мајката, можеби би добило и маќеа која не би го сакала како мајка…“rnrnМорав да му го поставам ова прашање на сопругот. „Детето! Секако дека е го спасам детето! Тоа е незаштитено и мало“, рече тој..rnrnМу кажав за Сократ. Долго разговаравме на оваа тема…rnrnСледното утро секој отиде на работа, а децата на училиште. Имав напорен ден на работа и не помислив на Сократ. Кога си дојдов дома вечерта, сопругот ми рече: „Како не ме убија на работа денес! На паузата за ручек им го поставив ова прашање на колегите. Сите одговорија дека би го спасиле детето. Јас им реков дека исто одговорив, но дека Сократ на крајот ме убеди да го променам своето мислење. Никој не ручаше, почна општа расправа. Се вклучија и жените од сметководство. Почнаа да галамат: ‘Дали сте нормални? Секако дека ќе го спасите детето, тоа е ваша крв! Жената секогаш може да се замени!’ За среќа, дојде шефот и расправата прекина.“rnrnСледниот ден сопругот отиде на работа и почнал да разговара со портирот кој е пензионер. Портирот го прашал зошто вчера сите галамеле за време на ручек. Сопругот му раскажал за сократовото прашање.rnrnПортирот му одговорил: „Мојата жена и јас сме во брак 40 години. Имаме 3 сина, 5 внуци. Нашата куќа ја изградивме со сопствени раце… И децата и внуците редовно нè посетуваат. Јас сепак би ја спасил својата сопруга. Децата се само гости во нашите животи, во нашата куќа. Да, јас ги сакам и тие не сакат нам. Сите ние сме потрошена роба. Ако можам да одбирам, би одбрал да умрам пред својата сопруга.“rnrnМе шокира мудроста на овој старец. Си помислив, можеби разводите се толку чести бидејќи не ги цениме сопружниците доволно. Можеби центарот на нашиот свет не би требало да бидат децата, туку брачниот партнер. Можеби сите би биле посреќни кога мама и тато би се сакале повеќе.

  • Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

    Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

    Не е тајна дека училиштата во Финска претставуваат пример што секој треба да го следи, најмногу бидејќи образованието на децата им е приоритет. Проектот KiVa е програма против малтретирање која се користи во училиштата во Финска, со цел да му се стави крај на училишното малтретирање. Оваа иницијатива е од голема важност, бидејќи според статистиката, една третина од младите тинејџери ширум светот неодамна се соочиле со малтретирање.rnrnМетодот на Финска против малтретирањето во училиштатаrn

    Методот KiVa

    rnОвој метод се состои од програма против малтретирање создадена од Министерството за образование во Финска. Името потекнува од Kiusaamista Vastaan што во превод од фински значи „против малтретирање“. Програмата е создадена во 2007-ма година и истата година го намалила малтретирањето за 40%. Засега, 90% од училиштата во Финска ја применуваат програмата и успеале да го отстранат малтретирањето од училниците.rnrnЦелта на KiVa е да ги направи учениците свесни за опасностите од малтретирањето и да им помогне да станат бранители за малтретираните деца. Децата повеќе не се пасивни сведоци и знаат дека доколку заедно се соочат со малтретирачот, тој нема да повреди друго дете.rnrnПрограмата е базирана на интервенција и превенција и функционира на следниов начин:rn

      rn 011

    • Се користи виртуелно поштенско сандаче каде што малтретирањето може да биде пријавено анонимно.
    • rn 011

    • Има наставник на кој децата можат да му веруваат, бидејќи на училиште им е потребна возрасна личност која ги слуша, разбира и која се грижи за нив. За време на одморите, наставниците го набљудуваат однесувањето на децата.
    • rn 011

    • Ја поддржуваат жртвата и ги подучуваат сведоците. Има 3 наставници експерти кои се одговорни за утешување на жртвата и разговарање со малтретирачот додека не се реши проблемот.
    • rn 011

    • Се работи на емоции и вредности. Децата учат како да ги идентификуваат чувствата на нивните врсници преку невербална комуникација и работат на емпатија и почит кон другите.
    • rn

    rnУчениците кои се вклучени во овој метод добиваат околу 20 предавања на 7, 10 и 13-годишна возраст. На овој начин експертите можат да ги идентификуваат разните видови малтретирање во зависност од возраста и можат да му стават крај.rn

    Држави што го применуваат методот

    rnПоради неговиот успех, овој метод е имплементиран и ќе се имплементира и во други држави. Во 2015-та година, програмата беше прифатена во латино-американските држави како Аргентина, Колумбија, Шпанија, Мексико и Чиле. Дотогаш, содржината била достапна само на англиски, па методот се користел во двојазични училишта. Други држави, како Холандија, Велика Британија, Белгија, Италија, Естонија, Луксембург, Шведска, Нов Зеланд и Унгарија, исто така започнале да го користат методот во некои од нивните училишта.rn

    Што да направите доколку вашето дете е малтретирано?

    rnДоколку детето ви каже дека е малтретирано, најдобро е да следите неколку правила:rn

      rn 011

    • Покажете му дека може да ви верува. Ова е најдобриот начин да создадете атмосфера за разговор и разбирање.
    • rn 011

    • Објаснете му на детето дека тоа не е виновно и дека ќе бидете покрај него без разлика на сè.
    • rn 011

    • Информирајте ги наставниците за проблемот. Тие треба да бидат свесни што се случува во училницата и да најдат начин да го решат проблемот.
    • rn 011

    • Покрај вашата поддршка, понекогаш од помош е и професионалец. Ова ќе му помогне на детето подобро да се справи со ситуацијата.
    • rn

    rnПогледнете ги и овие совети со кои ќе му помогнете на вашето дете доколку е жртва на малтретирање.

  • Метод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!

    Метод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!

    Татјана Иванко е сопственичка на блогот real-parents.ru кој е посветен на детското воспитување. Таа решила да истражи како нагласените грешки влијаат на детската перцепција за светот. Нејзините размислувања се многу вистинити и логични. Во продолжение, прочитајте за каков метод станува збор…rnrnМетод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЌерка ми немаше класично предучилишно образование. Јас самата работев со неа дома. Кога вежбавме пишување пред да тргне на училиште, нејзината тетратка изгледаше вака:rnrnМетод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!rnrnЗабележувате некаква разлика? Јас не ги означував нејзините грешки со црвено пенкало. Јас ги нагласував со зелено моливче оние букви и форми што беа точно напишани.rnrnНејзе тоа многу ѝ се допаѓаше и по секој испишан ред секогаш ме прашуваше: „Мамо, која буква е најдобра од сите?“. Беше многу среќна кога ја заокружував најдобрата буква со зборовите: „Совршено!“.rnrnПо што се разликува овој пристап од останатите?rnrnКога бележиме со црвено пенкало, ние се фокусираме на грешките. И на тој начин, што се задржува во вашата фотомеморија? Секако дека ги паметите погрешно напишаните букви!rnrnДали можете да ги забележите совршено напишаните букви покрај сите тие црвени кругови? Не!rnrnБез разлика дали сакаме или не, ние потсвесно го паметиме она што е нагласено. Во методот „Зелен молив“, ние се фокусираме на она што е точно. Добиваме сосема поинакви емоции, поинаква перцепција. Потсвесно се обидуваме да го повториме она што било одлично направено. Станува збор за сосема поинаква внатрешна мотивација. Не се работи за обид за бегство од грешките, туку за обид да се направи нешто правилно.rnrnМожеби се прашувате како нагласените грешки во тетратката влијаат на понатамошниот живот? Одговорот е очигледен. Уште од детството, ние сме навикнати да се фокусираме на недостатоците, на она што не е правилно, на она што изгледа погрешно и лошо. Тоа го учиме на училиште благодарение на црвеното пенкало, го учиме дома кога родителите ни го насочуваат вниманието кон она што сме го згрешиле, наместо да нѐ пофалат поради она што сме го направиле како што треба.rnrnОваа навика (да го истакнуваме лошото со црвена боја), која ја развиваме уште во детството и никако не можеме да ја извадиме од нашата свест кога ќе станеме возрасни, прераснува во најголемиот извор на незадоволство во животот. Фокусот им помага на нештата да растат и да се развиваат.rnrnСето тоа потекнува од детството. Сите наши навики и вештини што ги имаме како возрасни луѓе влечат корени од детството. А сите тие не се корисни и добри.rnrn[/message_box]rnrnАко го воведете методот „Зелен молив“ ќе забележите дека дури и да не му го одвлечете вниманието на детето од грешките, тие постепено ќе почнат да исчезнуваат сами по себе, бидејќи децата сакаат да дадат сѐ од себе и да бидат најдобри што можат.rnrnВо продолжение дознајте која казна делува и на најнемирните деца.

  • Што да направите кога позитивното размислување не ви помага?

    Што да направите кога позитивното размислување не ви помага?

    Спротивно на генералното мислење дека позитивното размислување е најсигурниот пат до целта, најновите истражувања докажале нешто сосема поинакво. Имено, поминувањето премногу време во размислување за соништата и желбите може да ве одвлече од преземањето на конкретните активности што водат до остварувањето на целта. По долгогодишното истражување, психологот од Универзитетот во Њујорк, Габриел Отинген, вовела план од 4 чекори, познат како WOOP (Wish-желба, Outcome-резултат, Obstacles-пречки, Plan-план). Прочитајте за што станува збор…rnrn(1) Што да направите кога не ви помага позитивното размислување?rn

    Прв чекор

    rnНајпрво треба да ја дефинирате вашата цел. Мислете на некоја конкретна желба. Што е она што навистина го сакате? Тоа може да биде некоја голема одлука како што е симнувањето на вишокот килограми, но може и да се работи за нешто сосема мало и едноставно што ќе можете да го применувате секојдневно. Не мора да станува збор за нешто големо. Најважно е навистина да го сакате тоа и да бидете реалистични.rn

    Втор чекор

    rnТука ќе ви треба малку позитивно размислување. Имајќи ја на ум вашата цел, поставете си го следново прашање: „Доколку си ја остварам желбата, кој е најдобриот можен резултат?“. Овде најчесто се работи за некое чувство. Дефинирајте го резултатот и замислете го во вашата глава. Кога ќе ја создадете замислената слика од резултатот, навистина ќе почнете да ја остварувате целта.rn

    Трет чекор

    rnМногу луѓе застануваат на вториот чекор. Сонувањето и фантазирањето е навистина убаво чувство, но порано или подоцна ќе мора да се вратите во реалноста. Тогаш ќе треба да се запрашате што е она што ве спречува да ја остварите целта во реалноста. Најчесто станува збор за вашите емоции и лоши навики. Замислете ги и нив во вашата глава.rn

    Четврти чекор

    rnКога ќе си ги замислите тие пречки во главата, ќе сфатите што треба да направите за да ги совладате. Послужете се со прашањето „Што ако?“.rnrnОвој метод им помогнал на голем број луѓе во остварувањето на помалите и поголемите цели, во постигнувањето успех, решавањето на проблемите во врските, стекнувањето здрави навики, а посебно се покажал ефективен кога станува збор за подигнувањето на самодовербата. Обидете се и вие да ја примените оваа техника и дознајте дали ќе ви помогне да живеете онака како што отсекогаш сте посакувале.rnrnВо продолжени, дознајте повеќе за моќта на позитивното размислување.