КАФЕ ПАУЗА

Tag: метод

  • Намалете ја депресијата со помош на овој антички метод

    Намалете ја депресијата со помош на овој антички метод

    За потребите на една неодамнешна студија биле одбрани група луѓе што страдале од нарушување на депресијата. Научниците побарале од нив да посетуваат часови за јога и длабоко дишење, два пати неделно, како и да вежбаат дома, со цел да се открие влијанието на оваа античка техника за благосостојба. Според финалните резултати, јогата и длабокото дишење се исто толку ефикасни како и медикаментите. Станува збор за еден посебен вид јога, познат како хата, каде што луѓето се фокусираат на правилно држење на телото и учат како да преземаат контрола над своето дишење.rnrnНамалете ја депресијата со помош на овој антички методrn

    „Оваа студија ја поддржува моќта на јогата и правилното дишење кога станува збор за тешка депресија кај личности што пијат и кај оние што не пијат антидепресиви“, вели д-р Крис Стритер. „И покрај тоа што поголемиот дел од фармаколошките третмани за депресија влијаат на одредени системи, како на пример, серотонинот, допаминот и норепинефринот, овој вид јога влијае на целиот организам и создава еден нов природен третман што може да помогне дури и кај најтешките случаи.“

    rnЗа жал, станува збор за многу мала студија каде што немало контролна група, па ова малку го намалува значењето на заклучоците. Но, тоа не значи дека не можеме да извлечеме нешто значајно од ова откритие.rnrnАко страдате од сериозна депресија и особено ако не реагирате на антидепресивите, можеби спасот за вас се крие толку во јогата. Со контролираното јога дишење, вие можете да ја подобрите вашата добросостојба. Техниките на дишење вклучуваат ритмички вежби дизајнирани да ги сместат луѓето во смирена и медитативна состојба. Зарем ова не ви звучи како нешто што без сомнение би можело да ви помогне? Додека ги чекаме резултатите од проширената студија, пробајте и самите и пишете ни дали сте почувствувале некаква разлика.

  • 10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

    10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологија

    Обратната психологија е многу ефективна техника со чија помош можете да ги натерате луѓето да прават што сакате. Сѐ што треба да им кажете е спротивното од она што го посакувате. Звучи примамливо, нели? Прочитајте ги следниве 10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите оваа корисна психолошка техника…rnrn10 совети кои ќе ви помогнат да ја усовршите употребата на обратната психологијаrnrn1. Методот има поголем ефект кај луѓе кои даваат отпор и мразат кога некој им кажува што да прават.rnrn2. Емотивните, претерано самоуверените и нервозните луѓе исто така полесно подлегнуваат на обратна психологија.rnrn3. Предизвикајте ја другата личност и инсистирајте на аргумент спротивен од она што сакате да постигнете. Обидете се да ја наведете личноста да помисли дека одлуката зависи само од неа.rnrn4. Останете смирени додека употребувате обратна психологија, особено кога се работи за деца.rnrn5. Секогаш имајте ја на ум крајната цел.rnrn6. Кажете го спротивното од она што го сакате со рамен и смирен тон на гласот.rnrn7. Кога се обидувате да освоите некој кој сака да бидете само пријатели, кажете им дека се согласувате и дека не сакате ништо друго освен нивното пријателство.rnrn8. Можете дури и да поставите предизвик: „Ај дека не можеш да стигнеш на време!“.rnrn9. Морате да звучите уверливо. Кажете си го тоа неколку пати во себе, пред да го кажете на глас.rnrn10. Внимавајте на кого ја употребувате оваа техника и никогаш не ја употребувајте во сериозни ситуации. Обратната психологија може да постигне спротивен ефект ако не ја користите како што треба, така што никогаш немојте да претерате или да ја користите премногу често. Во спротивно може да бидете етикетирани како манипулатор.rnrnЗа крај, потсетете се на оваа постаро видео кое прикажува точно како функционира обратната психологија…rnrn

  • Тајниот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени животот

    Тајниот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени животот

    Наполеон Хил со години се занимавал со проучување на законот на привлечност и моќта на човечката свест, а резултатите од неговото истражување ги опишал во книгата „Размислувај и развивај се богато“ (Think and Grow Rich), која станала вистински бестселер меѓу книгите за личен развој.rnrnИмено, тој утврдил дека мал процент луѓе поседуваат нешто што другите го немаат, и токму тој процент припаѓа на елитата на најмоќните и најбогатите луѓе во светот. Па, што е тоа што ги издвојува од останатите?rnrnТајнииот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени живототrnrnХил тврди дека станува збор за афирмативна изјава која привлекува богатство во животот од секој можен аспект. Реченицата треба да ја читате или слушате ако направите звучен запис, секој ден по два пати, наутро кога ќе се разбудите и навечер непосредно пред спиење. Единствено нешто што мора да го направите е навистина да верувате во тоа што сте го напишале.rnrnПораката со текот на времето од свесниот ум ќе премине во потсвеста и оттаму започнува процесот на манифестација. Можеби ова ви звучи како гатање или рецепт на некоја врачарка, но факт е дека овој метод го имаат користено многу успешни луѓе, а како што е познато, повторувањето е мајка на знаењето!rnrnИзјавата гласи вака…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]„Првиот ден ________ (одредете го периодот, на пример 2016 година) ќе поседувам _______ евра (одредете ја сумата која сакате да ја остварите), која одвреме-навреме ќе ми доаѓа во разни износи. За возврат подготвен/а сум да дадам сѐ од себе и за овие пари ќе ја понудам најдобрата можна услуга за која сум способен/способна, најголемиот квантитет и најдобриот можен квалитет на услуга во вид на _______________ (тука го наведувате она што знаете да го правите и што сте подготвени да го направите во замена за пари). Јас цврсто верувам дека ќе ги поседувам тие пари. Мојата верба е толку силна што можам да ја видам пред своите очи. Можам да ја допрам со рацете. Сега очекувам пренос на парите на време и во сооднос со услугата која имам намера да ја пружам за возврат.“ [/message_box]rnrnДоколку сѐ уште немате план, треба да го додадете следново…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]„Очекувам план кој ќе ми помогне да ги добијам тие пари и ќе го следам тој план откако ќе го добијам.“[/message_box]rnrnТајнииот метод на богатите и среќни луѓе: Афирмативна изјава која ќе ви го промени живототrnrnВерувајте дека го заслужувате тоа и верувајте дека е возможно да се случи. Потоа секој ден по неколку минути затворете ги очите и замислете си дека веќе го имате она што го сакате, почувствувајте дека тоа веќе го поседувате. Потоа фокусирајте се на она за што сте моментално благодарни и вистински уживајте во истото. Потоа продолжете со своите секојдневни обврски и препуштете му сѐ на универзумот. Верувајте дека универзумот ќе смисли како сето тоа што го посакувате би можело да се оствари.rnrnОчекувањето е моќна привлечна сила. Очекувајте го она што го сакате, не очекувајте го она што не го сакате. Благодарноста е силен процес на преобразба на вашата енергија која во животот ќе ви го донесе она што го сакате. Бидете благодарни за она што веќе го имате и ќе почнете да привлекувате сѐ повеќе убави работи.rnrnЗаблагодарете се однапред за она што го посакувате и на тој начин ќе се исполнат вашите желби, а универзумот ќе почне да ви праќа уште посилни сигнали. Визуализацијата е процес во кој ги создавате замислените слики според кои уживате во она што го сакате. Додека визуализирате, вие создавате моќни мисли и чувствувате дека веќе го поседувате она што го сакате. Законот на привлечноста потоа ви ја враќа таа реалност, токму онаква каква што сте ја виделе во мислите.rnrnЗа да го добиете најдоброто од законот на привлечноста, тој треба да стане дел од вашиот живот, а не нешто со кое само привремено ќе се служите.rnrnНа крајот од денот пред да заспиете, повторно поминете го во мислите сето она што се случило дента. Секоја случка или момент кои не завршиле онака како што сте сакале, одново одиграјте ги во мислите, но овој пат во согласност со вашите желби. Набрзо ќе откриете дека сите ваши желби се остваруваат, а сите ваши замисли стануваат реалност.

  • Најголемата тајна поврзана со сексот која никој не сака да ја признае

    Најголемата тајна поврзана со сексот која никој не сака да ја признае

    Кога еден човек би признал дека го прави ова, најголемиот процент од луѓето ќе потврдат дека и тие го практикуваат истото, но до тогаш сите мудро си молчат од проста причина што се срамат. Кога станува збор за методи на контрацепција, многу луѓе користат презервативи и апчиња против бременост. Но, има и многу кои се потпираат само на „методот на извлекување“. Да, зборуваме за тоа кога мажот го вади пенисот пред ејакулација.rnrnНајголемата тајна поврзана со сексот која никој не сака да ја признаеrnrnСпоред најновите истражувања овој метод е многу почест кај паровите отколку што мислите. Имено, според податоците добиени со помош на женската апликација за плодност Glow, дури 18 проценти од жените признале дека овој метод им е примарниот облик на контрацепција. Со други зборови, тој го зазема третото место по популарност веднаш по презервативите кои ги користат 32% од испитаниците и апчињата кои ги земаат 27%.rnrnНиз годините, методот на извлекување многупати го има привлечено вниманието на јавноста. Некои веруваат дека не делува и е опасен бидејќи бара голема самоконтрола од страна на мажот. Но, има и такви кои ќе речат дека „не е толку лош“.rnrnИстражувањето, спроведено од страна на њујоршкиот институт Гутмахер, покажало дека овој метод е еднакво делотворен како и користењето презервативи. Но, и понатаму кружат приказни за жени кои забремениле на овој начин.rnrnБез разлика колку е делотворен, статистиките со кои располага апликацијата Glow покажуваат дека е еден од омилените помеѓу хетеросексуалните парови. Имајќи го тоа предвид, потребно е луѓето повеќе да се информираат за овој метод за да го користат најефикасно и на најсигурен можен начин.rnrnНајголемата тајна поврзана со сексот која никој не сака да ја признаеrnrnСпоред податоците од истата апликација, 60% од паровите барем еднаш го искористиле методот на извлекување, а 4,8% од жените го користат како главна форма на заштита од несакана бременост. 88% корисници на овој метод се во сериозна врска, свршени или во брак, па според тоа можеме да заклучиме дека тој е најпопуларен помеѓу паровите кои развиле меѓусебна доверба. Покрај тоа, 39% го користат бидејќи им е најпријатен, додека, пак, 32% од корисниците нагласуваат дека ова им е најлесниот облик на контрацепција.rnrnИнтересно е тоа што многу жени се срамат да им признаат да пријателките дека го користат овој метод, бидејќи тоа им делува како нешто што би го правеле тинејџерите. Но, кога некој сам би признал дека со партнерот го користи методот на извлекување, сите воодушевено би признале дека го практикуваат истото.rnrnСпоред истражувачите од институтот во Њујорк, овој метод иако не нуди целосна заштита од бременост, а посебно е ризичен кога се работи за полово преносливи болести, доколку се изведе на правилен начин, може да биде речиси исто толку ефикасен како и презервативите. Тие исто така нагласуваат дека со беспрекорната употреба на презерватив постојат 2% шанса за несакана бременост, додека кај методот на извлекување станува збор за 4%.rnrnКај вообичаената употреба на презервативи, забележана е неефикасност во 17% од случаите, а кај методот на извлекување кај 18% од нив.

  • Метод по кој полуде целиот свет: Пијте вода секој ден веднаш штом се разбудите

    Метод по кој полуде целиот свет: Пијте вода секој ден веднаш штом се разбудите

    Нема сомнеж дека водата е еден од најкорисните пијалаци за човечкото здравје. Познат е фактот дека 2/3 од човечкото тело е создадено од вода и дека таа е од витално значење за опстанокот на човекот и воопшто за секој жив организам.rnrnМетод по кој полуде целиот свет: Пијте вода секој ден веднаш штом се разбудитеrnrnПа така, постои една едноставна навика која ја вклучува водата за пиење и која може да ви помогне да го подобрите вашето здравје на многу нивоа. Сѐ што треба да направите е да испиете чаша вода во моментот кога ќе се разбудите. Ако мислите дека ова е незначајно и дека ништо нема да постигнете, не сте во право.rnrnСтанува збор за позната јапонска терапија со вода и е многу ефикасна кога се работи за превенција на различни болести и здравствени состојби. Тука спаѓаат артритис, колитис, мигрена, намалување на болката, болка во гради, елиминација на лошиот холестерол и висок крвен притисок.rnrnНаутро, веднаш штом ќе се разбудите испијте 650 милилитри вода, односно околу 3 чаши вода. 45 минути откако ќе ја испиете водата, започнете ја дневната рутина и појадувајте. Немојте да јадете ништо во текот на тие 45 минути.rnrnПијте најмалку 1 чаша вода пред секој оброк и не пијте ништо друго 2 часа по оброкот. На тој начин ќе забележите драстични промени во вашето здравје и ќе се чувствувате подобро.

  • Руски метод за обновување на кожата: Ги уништува штетните материи и подмладува

    Руски метод за обновување на кожата: Ги уништува штетните материи и подмладува

    Применете го овој супер едноставен метод за да му помогнете на организмот што побрзо да ги промени старите и оштетени клетки од нитрати, слободните радикали, тешки метали и слични токсини, со нови. Исто така, помага во ослободувањето од симптомите на многу кожни, но и внатрешни болести и може да го превенира создавањето канцерогени клетки.rnrnРуски метод за обновување на кожата: Ги уништува штетните материи и подмладуваrnrnСтанува збор за методот со сол на рускиот академик Балотов. Половина час пред јадење, ставете на јазикот околу 1 грам сол. Почекајте неколку минути солта да се растопи и потоа голтнете. Во текот на денот, оваа постапка можете да ја повторувате од 1 до 10 пати.rnrnОд малото количество сол, рефлексно започнува обилното лачење на желудочниот сок кој ги содржи сите потребни состојки за елиминација на штетните материи. Брзото подмладување на своите клетки можете и да го направите ако во исхраната започнете да користите растенија кои стимулираат лачење на желудочниот сок, како што се: Диво зелје, анасон, зелка, коприва, детелина, морски алги, црн пипер, сенф, рен, ротквица, коријандер, ким, цимет и ментол.

  • Едноставен метод кој ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

    Едноставен метод кој ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

    Секој човек на светот барем еднаш во својот живот се нашол на раскрсница и не знаел кој пат да го одбере. Понекогаш луѓето се мачат себеси со денови и недели за да разберат кој избор би бил најдобриот. Но, вистината е дека не постојат добри и лоши избори. Секој пат што ќе го одбереме е различен, тоа е сè. Само треба да го најдеме оној по кој би сакале да тргнеме. Ова е познатиот ефективен метод на животниот тренер Семјуел МекКри кој ќе ви помогне при донесувањето одлуки и правењето избор.rnrnЕдноставен метод кој ќе ви помогне да го направите вистинскиот изборrn

    На лист хартија напишете писмо за самите себеси

    rnРазмислете за сите варијанти на она што би можеле да го одберете, потоа одберете една и замислете си дека тоа е вашата конечна одлука. Замислете си како би ви изгледал животот за 6 месеци и како би се променил по вашата одлука.rnrnЗамислете си го животот и опишете сè до детали. Напишете го ова писмо за вашето сегашно „јас“. Напишете ги сите позитивни и негативни работи од вашата иднина. Размислете за тоа со кого би биле, што би правеле, каде и како би живееле и какви планови би имале.rnrnЗапаметете дека пишувате писмо од вашето идно „јас“ до вашето сегашно „јас“. Кога ќе завршите со целосната слика за вашиот живот, прејдете на емотивните делови. Кажете си себеси што правите и како се чувствувате. Напишете што е можно повеќе детали. Дали сте задоволни со одлуката што сте ја донеле некогаш, или можеби загрижени сте за нешто?rnrnНа крајот од писмото, заблагодарете се на себеси што сте го направиле овој избор и напишете колку сериозно тој влијаел на вашиот живот. Откако ќе завршите, свиткајте ја хартијата и ставете ја на страна.rn

    Земете уште еден лист хартија

    rnНапишете го истото писмо, но замислете си дека сте одбрале друг пат. Опишете сè со што е можно повеќе детали. Повторно заблагодарете се на себеси за изборот што сте го направиле, свиткајте ја хартијата и ставете ја на страна.rn

    За неколку дена, земете ги и двете писма и прочитајте ги

    rnКако се чувствувавте откако ги прочитавте? Дали и двете патишта ви изгледаат исто? Дали едниот од нив ви се допаѓа повеќе од другиот?rn

    Овој метод со сигурност ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор

    rnНајважно е да ги напишете сите детали. Кога ќе ги прочитате писмата по некое време, ќе ви се чини како да се напишани од некој непознат човек. Кога ќе ги согледате вашите планови од друга гледна точка и ќе ги почувствувате емоциите на вашето идно „јас“, веднаш ќе сфатите кој од овие патишта навистина ве плаши, во која иднина би имале сомнеж и што навистина сакате длабоко во срцето.

  • Јапонска метода против мрзливост: Принципот на 1 минута

    Јапонска метода против мрзливост: Принципот на 1 минута

    „Од понеделник ќе почнам нов живот, ќе одам во теретана, ќе вежбам јога, ќе правам склекови…“

    rnСекој од нас повремено си поставува некои цели и не ги постигнува, ги одложува за следниот месец, за следните неколку месеци, за цела година…rnrn1-japonska-metoda-protiv-mrzlivost-principot-na-1-minuta-kafepauza.mkrnrnПонекогаш со голема волја и ревносно почнуваме да работиме на она што сме го замислиле, но иако, да речеме, вежбаме 3 дена неделно по неколку часа, сепак ја запоставуваме грижата на подолг рок. Па, зошто ова се случува? Затоа што оптоварувањето е големо, затоа што досасува, а навиката сѐ уште не е развиена.rnrnПостои една јапонска метода – каизен, во која е сместен т.н. принцип на 1 минута.rnrnСуштината на оваа метода се состои во тоа што човек треба се занимава со конкретна работа точно 1 минута, но од ден за ден, постојано во исто време.rnrn1 минута време – тоа е многу малку, со самото тоа изводливо за секој човек. Мрзливоста не ви стои на вашиот пат. Истата таа работа што не сте сакале да ја завршите веќе пола час, измислувајќи изговори и оправдувања, со леснотија ќе ја завршите за 1 минута.rnrnСкокање на јаже, правење стомачни, вежби за очи, вежбање јога, читање книга на друг јазик, што и да е – кога времето е ограничено на 1 минута, работите не изгледаат толку тешко изводливи, а секако носат радост и задоволство. Правејќи мали чекори, постанувате совршени и постигнувате одлични резултати.rnrnЈа победувате несигурноста, се ослободувате од чувството на вина и беспомошност, чувствувате успех и слобода. Инспирирани од успехот, постепено ги зголемувате едноминутните вежби на 5-минутни итн. Потоа незабележливо ќе стигнете до получасовни вежби. Напредокот станува очигледен.rnrnМетодот каизен е настанат во Јапонија. На луѓето од западната култура може да им изгледа неефикасен, бидејќи на Запад е втемелено верувањето дека без многу труд не може да се постигнат добри резултати. Сепак, големите задачи одземаат многу време и енергија, можат да го скршат човекот и згора на сѐ, да изостанат резултатите.rnrnПринципот каизен одговара на сите и може да се примени во многу различни животни сфери. Јапонците на пример ја користат стратегијата на постепено и постојано унапредување во сферата на менаџментот.rnrnОстанува само да почнете да го применувате овој метод согласно вашите потреби. Што чекате? Минута слободно време?

  • „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“: Ефикасен метод против несоница

    „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“: Ефикасен метод против несоница

    Својата исповед за тоа како ја пронашла оваа прекрасна метода, Али Гонзалес ја раскажа вака:rn

    „Сè започна недела дена пред венчавката на мојот најдобар пријател. Тогаш мојот замор и нервозата достигнаа критична точка. Никако не можев да заспијам. Сè поради тоа што морав да смислам говор. Мојата срамежливост и нервозата не ми дозволуваа да спијам. После три дена несоница и грижа за венчавката што следи, побарав совет од мајката на невестата. Таа ми предложи една метода, која требаше да успее. Јас ѝ поверував, бидејќи таа жена долго време држи часови по медитација и има лиценца за вршење медицинска практика. Што да кажам, нејзиниот совет ми го промени животот!“

    rnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnНајдобро е да ја запомните оваа техника како „4-7-8“. Еве што треба да  направите…rnrn[message_box title=”Техника за брзо заспивање 4-7-8″ color=”yellow”]rnrnСместете се во лежечка положба, нека ви биде удобно и топло.rn

      rn011

    1. Затворете ги очите и вдишете длабоко низ носот. Вдишувањето со полни гради треба да трае 4 секунди.
    2. rn011

    3. После ова, задржете го воздухот во градите 7 секунди.
    4. rn011

    5. На крај, започнете полека да го испуштате воздухот низ устата во траење од 8 секунди.
    6. rn011

    7. Потоа, повторете ја целата процедура 4-7-8.
    8. rn

    rn[/message_box]rnrnДодека го правите ова, може да ги броите секундите во себе и со тоа да ја следите постапката на дишење.rnrnТолку е едноставно. Оваа вежба за дишење го намалува срцевиот ритам и смирува. Покрај тоа, делува брзо – по само неколку повторувања. Иако изгледа како бесмисленост, навистина делува.rn

    Како делува?

    rn

    Не можев да дочекам да ја испробам оваа ‘шега’ во пракса. На мое потполно изненадување, се разбудив следното утро. Дури не сфатив дека не сум ги изброила оние 8 секунди за издишување после второто повторување. Еве што дознав за тој ефект:rnrnКога чувствувате стрес, загриженост или анксиозност, количината на адреналин во крвта расте, а дишењето станува плитко и забрзано. Методата која ми ја кажа оваа жена делува како седатив. Задржувањето на здивот со особено бавно издишување го забавува срцевиот ритам. Тоа е физиологија.rnrnИсто така, оваа метода го смирува вашиот ум. Само затоа што постојано мора да броите во себе и да бидете сконцентрирани на дишењето. Во тој момент вие не го сфаќате тоа, но вашиот нервен систем полека ќе се смири, а чувството на загриженост ќе исчезне. Тоа ќе ви го каже секој невролог. Како резултат на тоа, цело ваше тело ќе се опушти. По брзината и силината оваа метода е слична како анестезија.“

    rnСо изучување на оваа техника се занимавал докторот по медицински науки на Харвард, Ендру Вејл. Тој утврдил дека методата „4-7-8“ неколку века им е позната на индиските наставници по јога. Тие ја користеле при медитација за постигнување потполна релаксација. Па, може да заклучиме дека е потполно безопасна.rnrnАко се разбудите во текот на ноќта или долго размислувате пред спиење, или сте нервозни поради некој настан што следи, користете ја методата ‘4-7-8’. Ќе ви биде од голема корист.rnrnДоктор Вејл препорачува да ја практикувате методата секој ден по двапати за да ја усовршите и да бидете во можност да ја искористите секој пат кога ќе ви биде потребна.rnrnОбидете се, нема да зажалите!

  • 90-секунден утрински трик со туш кој ќе ве наполни со енергија

    90-секунден утрински трик со туш кој ќе ве наполни со енергија

    Не можете да го издржите денот без три или повеќе шолји кафе? Тогаш време е да најдете нов извор на енергија. Токму затоа ви го предложуваме овој 90-секунден трик кој со сигурност ќе ви помогне да го победите вашиот умор и кој без сомнение ќе ви помогне да можете да го издржите целиот ден без притоа да пиете голема количина кафе.rnrn90-секунден утрински трик со туш кој ќе ве наполни со енергијаrnrnСè што треба да направите е да влезете утрото под туш и да ги следите следниве инструкции:rnrn1. Наместете го тушот на што е можно поладна вода (колку што можете да поднесете) и полевајте се со неа 30 секунди. На почетокот можно е водата да ви биде неподносливо студена, но брзо ќе се навикнете.rnrn2. По првите 30 секунди, наместете го тушот на врела вода и полевајте се со неа во следните 30 секунди. Врелата вода ќе ги прошири вашите капилари и ќе ја подобри циркулацијата ширум целото тело.rnrn3. За крај, повторно вратете ја студената вода и издржете под неа уште 30 секунди. Откако ќе завршите вие не само што ќе бидете целосно расонети, туку ќе бидете подготвени и за сите предизвици кои ви ги носи новиот ден. Овој метод ќе ви помогне да бидете помалку под стрес, ќе го подобри вашиот имунитет и ќе ја зголеми способноста на вашиот организам да ги согорува маснотиите. Исто така вие ќе имате и многу подобро расположение.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.