КАФЕ ПАУЗА

Tag: лук

  • Едноставна маска за коса од само 2 состојки која го враќа нејзиниот сјај и го спречува опаѓањето

    Едноставна маска за коса од само 2 состојки која го враќа нејзиниот сјај и го спречува опаѓањето

    Станува збор за неверојатна маска која со помош на лук и масло го стимулира растот на коса и го спречува нејзиното опаѓање. Исто така не треба да се грижите за миризбата на лукот, бидејќи тој го губи својот непријатен мирис во оваа маска.rnrnЕдноставна маска за коса од само 2 состојки која го враќа нејзиниот сјај и го спречува опаѓањетоrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 1/4 лажичка лук во прав
    • rn011

    • 50 милилитри маслиново или кокосово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и употреба:

    rnИзмешајте ги состојките и добиената мешавина загрејте ја на 30 секунди во микробранова печка. Вашата маска е спремна за употреба.rnrnМасирајте ја со неа кожата на главата, оставете да отстои 20 минути, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

  • Изборете се со стресот: Топ 9 антистрес производи

    Изборете се со стресот: Топ 9 антистрес производи

    Некои стресот го нарекуваат модерна болест, но неспорно е дека многу луѓе патат од него. Ние сме свесни дека стресот е главниот непријател на нашето здравје и добриот изглед, но многумина го прифаќаат како нешто нормално и не се обидуваат да го намалат неговото штетно дејство. Меѓутоа, дневната изложеност на стрес придонесува за создавање негативни последици врз нашето здравје.rnrnПостојат многу начини за да се намали напнатоста, a еден од најважните од нив е здравиот избор на храна. Па затоа, правилната исхрана и консумирањето на одредени производи може да го намалат стресот и неговите лоши последици.rnrn1-izborete-se-so-stresot-top-9-antistres-proizvodi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Целер

    rnЦелерот има голем спектар на смирувачки ефекти. Студиите покажале дека консумирањето на 4 стебленца целер дневно може да го намали крвниот притисок, кој е еден од првите симптоми на стрес.rn

    2. Лук

    rnЛукот е користен повеќе од илјада години поради неговите антибактериски, антивирусни и антидепресивни својства. Овие својства ќе ви помогнат да ја намалите воспаленоста, a тој влијае и на циркулацијата на крвта, го одржува нивото на шеќер во крвта и ја поттикнува детоксикацијата на организмот. Сите овие својства се симптоми на стрес.rn

    3. Лиснат зеленчук

    rnВо лиснат зеленчук спаѓаат брокулата, карфиолот, зелката, кељот, кинеската зелка и ренот. Овие зеленчуци содржат сулфурни соединенија кои ги стимулираат ензимите кои се важни за сопирање и спречување на ширењето на канцерогените промени.rnrncelery dippenrn

    4. Мрсна риба

    rnСите видови мрсна риба, како што се скушата, лососос, пастрмката и сардината се богати со омега-3 масни киселини, магнезиум и цинк, кои имаат благотворно дејство на мозочните функции и здравјето на срцето и го намалуваат непосакуваниот ефект на стрес.rn

    5. Камилица

    rnПознато е дека чајот од камилица може многу да ви помогне за несоница, нервоза и стомачни проблеми. Камилицата исто така го зголемува нивото на хипурна киселина и ги спречува инфекциите (истата супстанца може да се најде во брусниците и боровинките).rn

    6. Чоколада

    rnДури и пред да започнат Европејците да додаваат шеќер во чоколадата, Ацтеките го пропагирале горчливиот вкус на какаото, поради неговите позитивни ефекти врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека 40 грама темна чоколада на ден може да ѝ помогне на личноста да се носи со стресот, додека истовремено го ослободува хормонот на среќата во мозокот, познат како бета-ендорфин.rnrnCloseup of Cocoa Powder on spoonrn

    7. Ореви

    rnОвие плодови се богати со витамин Б, цинк, магнезиум и омега-3 масни киселини – хранливи материи кои телото ги согорува кога сме вознемирени. Како извор на здрави масти, оревите го намалуваат апетитот, секако го балансираат нивото на шеќер во крвта, ја намалуваат желбата за слатки и му помагаат на метаболизмот.rn

    8. Маслиново масло

    rnМаслиновото масло е главна состојка во медитеранската исхрана. Докажано е дека може да помогне во спречувањето на депресијата и да помогне кај воспаленијата. Постојат докази дека маслото штити од оксидативниот стрес, кој е главната причина за срцеви заболувања.rn

    9. Шумски плодови

    rnШумските плодови се богати со антиоксиданси кои помагаат во циркулацијата, функциите на мозокот и го спречуваат предвременото стареење на кожата, често предизвикано од хроничен стрес. Шумските плодови содржат и еден вид киселина – супстанца која помага да се исфрлат токсините од телото и го регулира холестеролот и хормоните кај жената.rnrnAgrodolce

  • Природен регенератор за јакнење и побрз раст на ноктите. Брзо, лесно и ефикасно!

    Природен регенератор за јакнење и побрз раст на ноктите. Брзо, лесно и ефикасно!

    Ако имате голема желба да имате долги и убави нокти, а не сте љубител на надградувањето, не ви преостанува ништо друго освен да ги израснете вашите. Може да користите многу додатоци во исхраната кои овозможуваат побрз раст на ноктите и косата, разни витамини и природни маски против листање на ноктите. Доколку сакате да видите брзи резултати, испробајте го следниов совет и гледајте како вашите нокти растат.rnrn1-priroden-regenerator-za-jaknenje-i-pobrz-rast-na-noktite-brzo-lesno-i-efikasno-www.kafepauza.mk_rnrnСè што треба да направите е да истолчите неколку чешниња лук и да ги истриете ноктите. Држете ги така околу половина час, а потоa измијте ги рацете. За полесно да се ослободите од мирисот, ставете малку лимон и истријте ги рацете. Овој популарен зеленчук ги зајакнува ноктите.rnrnДоколку не ви се допаѓа овој начин, тогаш слободно испробајте го регенераторот за јакнење и побрз раст на ноктите од лук.rnrnИсецекјате на ситни парчиња едно чешне лук и ставете го во безбоен лак. Оставете го да отстои 48 часа. Секој втор ден премачкувајте ги ноктите. Не бришете ги слоевите 4-5 пати. После петтиот пат, избришете ги и премачкајте ги повторно. За краток временски период (2-3 недели) ќе бидете воодушевени. Ќе имате цврсти нокти кои повеќе нема да се листаат.rnrnРецептот е проверен, малку има интензивен мирис поради лукот, но многу брзо исчезнува. Па, нека тоа не ве спречи за на природен начин да добиете убави, сјајни и цврсти нокти.

  • 5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата уста

    5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата уста

    Лошиот здив по лукот или кромидот не е знак дека треба да се откажете од нив, туку дека е време да го пронајдете соодветниот начин да ја елиминирате непријатната миризба и да продолжите да уживате во оваа здрава храна. Погледнете ги најдобрите и најефикасни 5 начини на кои можете да го сторите тоа…rnrn5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата устаrn

    1. Вотка

    rnАлкохолот е познат како ефикасно средство за убивање на бактериите кои го создаваат лошиот здив, а исто така и благотворно делува врз смирување на желудникот и киселините во него. Доколку забележите дека вашиот непријатен здив настанува веднаш по оброкот, употребете вотка. Добро жабуркајте  ја во вашата уста, а потоа плукнете или ако ви се допаѓа вкусот, голтнете. Ова можете да го постигнете и со другите алкохолни пијалаци, но само вотката нема да остави непријатна миризба на алкохол зад себе.rn

    2. Сенф

    rnОвој одличен додаток за оброците се покажал и како многу делотворно средство за отстранување на лошиот здив од устата. Тој има силен вкус и токму неговата лутина одлично ги загаснува силните миризби на лукот и кромидот. Постапката е многу едноставна: Откако ќе завршите со оброкот, намачкајте ја вашата уста со една лажица сенф и оставете ја неколку минути. Исплакнете и потоа повторете. Ако ви се допаѓа вкусот на сенф, можете и да го голтнете.rn

    3. Зелен чај

    rnЗелениот чај има многу голем број придобивки. И покрај тоа што одлично го чисти вашето тело од токсини, чајот исто така брзо и ефикасно го отстранува лошиот здив од вашата уста. Состојките во чајот ја неутрализираат непријатната миризба, делуваат благотворно врз вашите заби и непца, како и им помагаат на оние кои имаат проблеми со желудникот. По оброкот доволно е да испиете само една шолја топол или ладен чај. За најголем ефект, исцедете и малку лимон во него.rn

    4. Овошје

    rnОвошјето е уште еден корисен сојузник во борбата со непријатниот здив. Морковите, портокалите и лимоните имаат најголем ефект, па доколку јадете оброк кој изобилува со лук или кромид, најдобро би било доколку за десерт јадете свежо овошје со цел да го отстраните непријатниот мирис во вашата уста.rn

    5. Магдонос

    rnМагдоносот е познат по своите вредни состојки кои одлично делуваат врз здравјето, но и врз елиминирање на непријатниот здив. Сè што треба да направите е да потопите свеж магдонос во оцет и да го посолите. Џвакајте ги листовите околу 1, 2 минути и голтнете. Вие исто така можете да направите и чај од магдонос така што во 470 милилитри вода ќе додадете неколку исечкани листови и 2 зрна каранфил. Подгответе го чајот на оган со средна јачина и откако ќе почне да врие, оставете го да отстои на ринглата уште 5 минути. Потоа исцедете, оставете да се олади и испијте го.

  • Традиционален лек на Амишите: Спречува рак, чир, ги намалува холестеролот и крвниот притисок

    Традиционален лек на Амишите: Спречува рак, чир, ги намалува холестеролот и крвниот притисок

    Заради единствената комбинација на лековитите состојки, традиционалниот рецепт на Амишите го јакне имунолошкиот систем, ги намалува холестеролот и крвниот притисок, делува антивирусно и антивоспалително. Овој лек е делотворен во превенција и лекување на астма, импотенција, рак, артиритис, чиреви, настинки и инфекции. Се препорачува да се конзумира наутро, на празен стомак, а првите позитивни резултати доаѓаат за 2 недели.rnrnТрадиционален лек на Амишите: Спречува рак, чир, ги намалува холестеролот и крвниот притисокrn

    Потребни состојки за 1 доза:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка јаболков оцет
    • rn011

    • 1 лажичка сок од лимон
    • rn011

    • 1 рендано чешне лук
    • rn011

    • 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
    • rn011

    • 1 лажичка мед (или алтернативен засладувач за дијабетичарите)
    • rn

    rnСите состојки помешајте ги и така подготвениот лек чувајте го во фрижидер. Рокот на употреба е 5 дена.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

    7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујната

    Затнувањето на носот е една од најнепријатните работи што се случува во зима. Тоа е всушност лошиот симбол коj прави да не го сакаме студеното време. Сепак, може да се излечи, меѓу другото и со некои работи кои сигурно веќе ви се наоѓаат по дома.rnrn7 природни лекови за затнат нос што веќе ги имате во кујнатаrnrnЈаболков оцет. Додајте 3 лажици оцет во загреана вода, а потоа вдишете ја пареата покриени со крпа.rnrnКорен од слез. Исто како и кај јаболковиот оцет, и овде ставете ја главата покриена со крпа над сад со топла вода измешана со парчиња од еден корен од слез.rnrnСолена вода. Додајте една лажица сол на половина литар загреана вода, а потоа со помош на чајник или нешто друго кое повеќе ви одговара обидете се да ставите од солената вода во едната ноздра за потоа да ја извадите преку другата. Ова е одличен метод за превенција од затнување, но помага и при веќе оштетена слузница.rnrnРен. Нарендајте малку рен и измешајте го со една лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот и вдишете десетина пати пред да ја голтнете.rnrnЕтерично масло од нане. Капнете неколку капки етерично масло од нане на марамче, ставете го на носот и вдишете десетина пати. Потоа би требало да биде полесно.rnrnЛук. Џвакајте лук доколку го поднесувате неговиот вкус и мирис, вдишете го неговиот мирис, а потоа ако сакате можете да го плукнете. Ќе ви помогне ако направите сендвич од леб и едно чешне лук и го изедете.rnrnЃумбир. Додајте ѓумбир во салата или во некое друго јадење. Доколку не го сакате вкусот, помешајте го со лажица мед, ставете го на јазикот и вдишете десетина пати пред да го голтнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 домашни третмани за намалување на видливоста на лузните

    10 домашни третмани за намалување на видливоста на лузните

    Скоро сите имаме по некоја лузна, која без разлика дали е многу видлива или не, секако нам лично ни пречи. Причините за појава на лузни може да бидат различни, од гребаници и акни, до гризнувања и посекотини. Но, за да ги отстраните, не мора да купувате скапи козметички производи. Употребете обични продукти за да направите козметички препарати во вашиот дом.rnrn10-domashni-tretmani-za-namaluvanje-na-vidlivosta-na-luznite-kafepauza.mkrn

    1. Третман со лимон

    rnЗемете еден лимон, пресечете го на половина и со едниот дел тријте по лузната. Лимонот е природен избелувач кој ќе ја намали видливоста на оваа несовршеност на кожата. Дополнително, пијте свежо цеден сок од лимон без засладувачи во рок од 15 дена.rn

    2. Јогурт, магдонос и куркума

    rnИзмешајте во еднакви делови јогурт, магдонос и куркума. Со добиената паста намачкајте се на лузната.rn

    3. Алое вера

    rnОваа билка ја има во многу козметички производи со причина. Преполовете свежи листови од алое, па со добиената течност намачкајте се на лузната.rn

    4. Бадеми

    rnПотопете бадеми во топла вода и оставете ги да седат така преку ноќ. Наутро извадете им ја лушпата, направете ги пире, па додадете малку вода и направете крема за отстранување лузни.rn

    5. Природни масла

    rnПриродните масла често се одлични избелувачи на лузни. Во тоа со сигурност ќе ви помогнат маслиновото, кокосовото и маслото од лаванда.rn

    6. Сода бикарбона

    rnИзмешајте 5 лажици сода бикарбона со една лажица вода додека не добиете добра паста. Намачкајте се на лузната и оставете да седи додека не се исуши на кожата, а потоа измијте се со топла вода. Повторувајте ја оваа постапка по 3 пати неделно додека сосема не ја отстраните лузната.rn

    7. Јаболков оцет

    rnНанесете јаболков оцет директно на кожата и оставете да стои 10-тина минути, па измијте со вода. Можете да го искомбинирате и со вода во размер 1:2, па со овој раствор да го миете лицето за длабински да ја чистите кожата. После миењето нанесете хидратантна крема.rn

    8. Лук

    rnИзгмечете едно чешне лук, па течноста нанесете ја со прст директно на лузната. Лукот е природен антибиотик, па можете да го оставите слободно да делува минимум 15 минути пред да го измиете.rn

    9. Аспирин

    rnЗгмечете две апчиња Аспирин, изгмечете ги со малку вода и добиената паста нанесете ја на лузната.rn

    10. Други производи кои ги имате дома

    rnВо отстранувањето на лузните можат да ви помогнат и краставиците, доматите, свежиот компир, медот и коцките мраз. Со овие намирници редовно тријте врз неправилностите на вашата кожа за да ја избелите и на тој начин да го изедначите тенот, како и да ги направите лузните помалку видливи.

  • Само трпеливо: 5 природни рецепти против кандида

    Само трпеливо: 5 природни рецепти против кандида

    За лечење на кандида неопходно е да имате трпение и упорност, бидејќи може да се случи и покрај соодветниот третман, оваа здодевна габа набрзо повторно да се врати.rnrnsamo-trpelivo-5-prirodni-recepti-protiv-kandida-kafepauza.mkrnrnКандидата живее во човечкото тело, а проблемот настанува кога ќе почне прекумерно да се размножува. Оваа габа сака топли и влажни места, па затоа најчесто ја има во устата, цревата, желудникот и вагиналниот канал. На нејзиниот развој можат да влијаат многу нешта, од дијабетес, стрес и пад на имунитетот, до долготрајно користење на антибиотици и лоша исхрана.rnrnЗа среќа, за успешно лечење на кандидата, постојат неколку природни проверени лекови.rn

    1. Прилагодување на исхраната

    rnЗа да се излечите долгорочно, најпрво треба да направите промени во начинот на исхрана, бидејќи многу намирници го поттикнуваат нејзиниот развој. Исфрлете ги шеќерот, квасецот, белото брашно, кофеинот, печурките, сушеното овошје, сирењата, кикириките и особено алкохолот, а намалете ја и количината на млеко и овошје. Вклучете ги: лукот, киселото млеко, маслиновото масло, куркумата и сода бикарбоната.rn

    2. Вагиналети и измивање

    rnИзлупете едно чешне лук, и со помош на игла од едниот крај протнете конец и извлечете го од другиот. Пред да си легнете пикнете ја направената вагиналета со тоа што ќе го оставите конецот да виси како тампон. Наутро извадете го. Ставете лажичка сода бикарбона во чаша превриена вода. Кога ќе се излади, со овој раствор измијте се. Правете го ова седум дена, а потоа направете пауза.rn

    3. Мешавина од чаеви

    rnНаправете мешавина од по 50 г пелин и оревов лист и по 100 грама бршлен и жалфија. Три лажици од оваа мешавина прелијте ги со 0,5 литри вода, промешајте и оставете да седи поклопена еден час. Пијте два пати на ден, незасладено.rn

    4. Кантарион

    rnЧајот од кантарион е ефикасно средство против кандида. Лажичка кантарион прелијте со 2 дл зовриена вода и варете 15 минути. По четвртина шолја млак чај пијте по 3 пати на ден.rn

    5. Здрав коктел

    rnНаправете здрав коктел од чаша јогурт, 2 чешниња лук, еден морков и по половина лажичка ѓумбир цимет. Изрендајте ги тврдите состојки и прелијте ги со јогуртот. Оставете го коктелот малку да отстои. Можете да го користите како салата еднаш на ден.

  • Имате проблем со бешиката? Елиминирајте го воспалението на природен начин

    Имате проблем со бешиката? Елиминирајте го воспалението на природен начин

    Проблемите со бешиката и мочните канали може да се решат и со народни рецепти. Освен што е важно да конзумирате голема количина течности (најмалку три литри на ден), постојат и препарати кои можете да ги направите во вашата домашна работилница кои поволно делуваат за елиминирање на воспалението.rnrnimate-problem-so-beshikata-eliminirajte-go-vospalenieto-na-priroden-nachin-kafepauza.mkrnrnВоспалението на бешиката е проблем кој ги мачи многу жени, посебно во летниот период кога се тие посклони на вакви состојби. Неретко воспалението резултира со одење на лекар, кој препишува некакви антибиотици, кои пак може да бидат причина за нова низа тешкотии како габични инфекции.rnrnСо овие два рецепти проблемите со бешиката можете успешно да ги решите. Делотворноста ја потврдиле многу жени, а првиот се пренесувал од колено на колено од времето на нашите баби.rn

    1. Лук во вода

    rnСè што ви треба се 2 дл топла вода и 5-6 чешниња лук. Ликот иситнете го, па прелијте го со топлата вода и оставете го да отстои 10 минути.rnrnПосле тоа процедете го и испијте ја течноста. Течноста можете да ја засладите со мед по желба. Пијте го напитокот двапати на ден два дена по ред. Резултатите ќе бидат неизоставни.rn

    2. Банана и магдонос

    rnМагдоносот е познат диуретик. Сè што е потребно е да измиксате свежи ливчиња магдонос (едно мало снопче) со неколку банани и да додадете малку вода за да добиете течен шејк.rnrnИспијте го шејкот наутро пред појадок. Освен што помага при воспаленија на мочниот меур, ја враќа енергијата во телото и го јакне имунитетот, кој е исто така важен сојузник против воспаленијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди

    Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди

    Иако напиток од лук не звучи баш како највкусното летно освежување, сепак кога ќе видите колку лесно се подготвува и за какви сѐ тегоби помага, и вие ќе посакате да го имате во вашата кујна.rnrnmagichen-eliksir-od-luk-koj-kompletno-kje-ve-preporodi-kafepauza.mkrnrnКорисен е за исфрлање на солта и наслагите на сол во организмот, ја подобрува работната способност на организмот, чисти од вируси, инфекции и бактерии, ја прочистува крвта, го јакне имунитетот, крвните садови и работата на срцето. Исто така ги отстранува вишокот масти и го подобрува метаболизмот. Можете да го користите и за женски болести и воспаленија, а покрај сѐ што е наведено, го чисти целиот организам од штетни наслаги.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    • Во стаклена тегла ставете 12 чешниња лук, а секое исечете го на 4 дела.
    • rn011

    • Прелијте со пола литар црно вино.
    • rn011

    • Затворете ја теглата и оставете ја покрај прозор, на сонце, две недели.
    • rn011

    • Секој ден протресувајте 2-3 пати.
    • rn011

    • После две недели процедете и префрлете ја течноста во темно стаклено шише.
    • rn

    rnНапитокот треба да се конзумира 3 пати на ден и тоа по една лажичка во текот на еден месец, а постапката може да се повтори после 6 месеци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.