КАФЕ ПАУЗА

Tag: лук

  • Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

    Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

    Неприродно високите температури за овој период од годината, покрај главоболките и постојаната поспаност, донесоа и бројни вируси кои ги воспалуваат синусите, создаваат кашлица и доведуваат до целокупен пад на имунитетот. Доколку сакате на здрав и природен начин да го зајакнете телото и да ги победите настинката и вирусот, можете да го пробате овој едноставен рецепт.rnrnПрироден лек за ослободување од настинките и вируситеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 поголем лук
    • rn011

    • 2 лажички ѓумбир во прав
    • rn011

    • 2 лажички мед
    • rn011

    • 3 шолји сок од ананас
    • rn011

    • ¼ црвен лут пипер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Исцедете ги лимоните и сокот ставете го во блендер.
    2. rn011

    3. Додадете ги сите останати состојки и миксајте додека не добиете хомогена течност.
    4. rn011

    5. Добиениот пијалак складирајте го во стаклено шише во ладилник и секој ден пијте по 4 помали чаши додека симптомите од настинката не исчезнат.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како лесно да излупите лук за 10 секунди?

    Како лесно да излупите лук за 10 секунди?

    Сите знаеме дека лупењето лук е досадна и бавна работа. Но, ова видео ќе ви покаже како тоа да го сторите за само 10 секунди, без миризбата да навлезе во вашите прсти. Смачкајте го, удирајќи го силно со дланката врз даска за сечкање. Земете два сада со иста големина. Ставете го здробениот лук во едниот сад, кој ќе го поклопите со другиот сад. Силно протресете 10 секунди и чешнињата сосема ќе се издвојат од лушпата. Не верувате? Погледнете го видеото. Како лесно да излупите лук за 10 секунди?rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Превкусни брускети со чери домати и моцарела

    Превкусни брускети со чери домати и моцарела

    Предјадење од кое ќе ги лижете прстите…Превкусни брускети со чери домати и моцарелаПотребни состојки:rn

      rn011

    • 1 багет
    • rn011

    • 120 г моцарела
    • rn011

    • 3 лажици маслиново масло
    • rn011

    • 300 г чери домати
    • rn011

    • 1 лажиче балсамико
    • rn011

    • 1 чешне лук, ситно исечкано
    • rn011

    • сол
    • rn011

    • бибер
    • rn011

    • неколку ливчиња босилек
    • rn

    rnНачин на подготовка: Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Земете една тава и врз неа постелете парче хартија за печење.rnrnБагетот исечете го на тенки парчиња и наредете ги врз хартијата. Врз нив нанесете 2 лажици од маслиновото масло и ставете ги да се печат во рерна 8-10 минути, за да добијат убава кафена боја.rnrnПотоа врз секое лепче ставете по едно парче моцарела и ставете ги повторно во рерна 3-4 минути за моцарелата убаво да се стопи.rnrnВо голем сад, ставете ги чери доматите, претходно исечени на половина, остатокот од маслиновото масло, балсамико оцетот, лукот, сол и бибер и убаво измешајте.rnrnВрз секое лепче ставете од смесата од садот и декорирајте со ливче босилек.rnrnЈадете ги веднаш.Превкусни брускети со чери домати и моцарела
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

    Три вкусни сосови кои одлично одат со скара

    Секое јадење направено на скара добива сосема нов, пикантен вкус кога ќе се послужи со некој вкусен прелив. Ви ги препорачуваме овие три одлични сосови кои можете да ги послужите следниот пат кога дома ќе правите скара.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrn

    Прелив од домати

    rnНа тивок оган ставете да се крчкаат 8 лажици доматно пире, 4 лажици вински оцет, 4 лажици балсамико оцет, 100 грама шеќер и една исечкана лута пиперка. Зачинете по вкус и оставете го сосот 20 минути на оган. Убаво оладете го пред да го послужите.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrn

    Прелив од јогурт

    rnИсчистете 4 чешниња лук и испасирајте ги заедно со 500 милилитри густ јогурт. Во смесата додадете 2 лажици слатка павлака и ставете сол и бибер по вкус. Потоа во едно тавче со многу малку масло, пропржете 2 лажици сусам и додадете го во сосот. Пред сервирање, сосот нека отстои во ладилник.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrn

    Прелив од лук

    rnИсчистете 6 чешниња лук, а три од нив убаво испасирајте ги со 200 грама маскарпоне. Во смесата додадете и 2 лажици кисела павлака и сол и бибер по вкус. Останатите три чешниња лук пропржете ги во една лажица масло и потоа додадете ги во сосот. Оладете го пред да го послужите.rnrnТри вкусни сосови кои одлично одат со скараrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шпанска компир-салата со крем-сос

    Шпанска компир-салата со крем-сос

    Вкусна салата која можете да ја јадете во секој дел од денот

    rnШпанска компир салата со крем сосrn

    Потребни состојки (количините се за 3-4 порции):

    rn

      rn011

    • ½ кг мали компири
    • rn011

    • 3 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • 1 ¼ кафена лажичка сол
    • rn011

    • ½ кафена лажичка бибер
    • rn011

    • 2 чешниња лук, фино исечкан
    • rn011

    • 4 супени лажици мајонез
    • rn011

    • 1 супена лажица лимонов сок
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сенф
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 200 C°. Пресечете ги компирчињата на половини или на четвртини и ставете ги во еден сад. Врз нив сипете 2 супени лажици маслиново масло, ¾ од кафена лажица сол и бибер. Промешајте ги убаво компирите и ставете ги на тава, на која претходно сте ставиле еден слој хартија за печење. Печете ги компирите околу 40 минути, превртувајќи ги двапати додека се печат. Треба да добијат убава, златна боја. Извадете ја тавата од рерна и оставете го компирот да се олади. Во сад помешајте ½ кафена лажица сол, 1 супена лажица маслиново масло, исечканиот лук, мајонезот, лимоновиот сок и сенфот. Убаво промешајте ги состојките и посипете ги врз златниот компир.rnrnДобар апетит!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Превкусен полнет леб

    Превкусен полнет леб

    Одличен додаток за секој ручек

    rnПревкусен полнет лебrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 леб
    • rn011

    • 1 путер, стопен
    • rn011

    • 25 мл маслиново масло
    • rn011

    • 3 лажици исечкан кромид
    • rn011

    • 2-3 чешниња лук, исечкани
    • rn011

    • 1 лажица сенф
    • rn011

    • 1 лажица семе од афион (мак)
    • rn011

    • 3 лажички исечкан магдонос
    • rn011

    • 350 грама кашкавал
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.rnrn2. Измешајте ги путерот, маслиновото масло, кромидот, лукот, сенфот, афионовото семе и магдоносот.rnrn3. Лебот исечкајте го во баклави без да стигнете до дното.rnrnПревкусен полнет лебrnrn4. Потоа почнете внимателно да ја сипувате смесата во просторот помеѓу баклавите. Најубаво е да користите голема лажица додека го правите ова. На крајот, одозгора ставете по едно парче кашкавал.rnrn5. Целиот леб замотајте го во фолија и убаво затворете ги страниците. Печете го лебот 15 до 20 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.rnrnПревкусен полнет лебrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топено сирење во лепче

    Топено сирење во лепче

    Највкусното растегливо зачинето сирење инспирирано од класичната бела пица

    rnТопено сирење во лепчеrn

    Потребни состојки за 4 парчиња:

    rn

      rn011

    • 120 грама полномасно сирење рикота (урда)
    • rn011

    • 2 лажички ладно цедено маслиново масло
    • rn011

    • 1 мала главица исечкан лук
    • rn011

    • 1 лажица свеж босилок (или 1 мала лажичка сув)
    • rn011

    • ½ лажичка суво оригано
    • rn011

    • ¼ лажичка сол
    • rn011

    • Свежо сомелен бибер
    • rn011

    • 25 грама рендан пармезан
    • rn011

    • 220 грама моцарела, тенко исечена на парчиња
    • rn011

    • 8 средни парчиња тенко сечен леб
    • rn011

    • 1 голема главица лук, лупена и исечена на половина
    • rn011

    • путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во мал сад измешајте ги рикотата, маслиновото масло, сечканиот лук, босилокот, ориганото, солта и биберот. Ставете ја смесата во фрижидер да отстои барем еден час (или до 24 часа) за да се измешаат убаво мирисите и да се создаде уникатниот вкус.rnrn2. Легнете ги лепчињата и со нож за путер нанесете ја подеднакво смесата на сите 8 парчиња.rnrn3. Поставете од парчињата моцарела подеднакво на 4 од парчињата леб, одозгора попрскајте пармезан и затворете ги со останатите 4 парчиња како сендвичи.rnrn4. Надворешната страна на сендвичите протријте ја со исечениот лук и потоа намачкајте значителна количина путер од двете страни.rnrn5. Во тавче, на средно загреана рингла ставете ги сендвичите и потпекувајте ги со често вртење околу 10 минути или додека лепчињата да добијат златно-кафена боја, а сирењето да биде растопено.rnrnТопено сирење во лепчеrnrnЈадете ги веднаш додека се топли.

  • Превкусни брускети со домати и босилек

    Превкусни брускети со домати и босилек

    Брускетата е популарна италијанска закуска, која ќе ја обожавате

    rnПревкусни брускети со домати и босилекrn

     Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • ½ француски багет
    • rn011

    • 3 домати
    • rn011

    • чешне лук
    • rn011

    • 10 г кромид
    • rn011

    • 5-6 ливчиња босилек
    • rn011

    • 1 лажичка оригано
    • rn011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn011

    • сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Тавчето за печење обложете го со алуминиумска фолија. Доматите, лукот, кромидот и едно ливче босилек исечкајте ги на ситно и измешајте ги во еден сад. Потоа додадете сол, бибер и оригано по желба и полијте ги состојките со маслиново масло. Покријте го садот и оставете го 10 минути да отстои.rnrnВо меѓувреме багетот исечете го на тенки парчиња. Ставете малку маслиново масло на двете страни од лепчето и наредете ги во тавата. Печете ги 10 минути, додека не добијат светло кафена боја и додека не станат крцкави.rnrnПотоа, додека се топли, врз нив додадете од смесата од зеленчук и по некое ливче босилок.rnrnПревкусни брускети со домати и босилекПревкусни брускети со домати и босилек
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крцкав чипс од француско лепче

    Крцкав чипс од француско лепче

    Закуска која оди одлично во комбинација со сосови

    rnrnrnКрцкав чипс од француско лепчеrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 багет
    • rn011

    • 60 г путер (омекнат)
    • rn011

    • 4 чешниња печен лук (ситно исечкан)
    • rn011

    • рузмарин (ситно исечкан)
    • rn011

    • сол
    • rn011

    • црн бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnЗагрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а тавата покријте ја со хартија за печење.rnrnВо еден сад ставете ги путерот, лукот, рузмаринот, солта и црниот бибер и измешајте ги убаво да се соединат.rnrnБагетот исечете го на кришки од 3 милиметри. Потоа намачкајте ги со смесата од путер и печете ги во загреаната рерна 10 минути, додека да добијат убава кафена боја и да станат крцкави. Послужете ги топли или оладени по ваша желба.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Победете го грипот со помош на храната

    Победете го грипот со помош на храната

    Во сезоната на настинки, повеќето луѓе се одлучуваат за пилешка супа кога ќе ги забележат првите симптоми на грипот. Но, ова не е единствената храна со која можете да го победите грипот. Витамините А, Ц и Е, како и некои други хранливи материи кои се наоѓаат во одредени видови храна, се исто така важни за зајакнување на имунитетот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Црвена пиперка

    rnВитаминот Ц не само што се бори против грипот, туку и ги намалува тежината и времетраењето на симптомите. Вкусната црвена пиперка содржи двојно повеќе витамин Ц во споредба со портокалот, а освен тоа може да биде и составен дел на многу јадења.rn

    Моркови

    rnСпоред едно велнес истражување направено во Њујорк, жолтиот и портокаловиот зеленчук, како што се морковите, соджи големи количетво на бета-каротин. Ова соединение се претвора во витамин А и им помага на клетките во зајакнувањето на имунитетот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Сладок компир

    rnКако морковите, така и слаткиот компир спаѓа во групата на жолт и портокалов зеленчук. Уште една заедничка работа на слаткиот компир и морковот, е големото количество на бета- каротен кој, претворајќи се во витамин А, се бори против респираторните болести. Слаткиот компир е најдобро да се користи во супи и салати.rn

    Бадеми

    rnОвие популарни јаткасти плодови се одличен извор на витамин Е, кој всушност претставува антиоксидант кој се бори против грипот. Најдобро е бадемите да се консумираат како ужина помеѓу оброците или како засилувачи на вкусот во одредени јадења.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Пилешка супа

    rnПилешката супа е одличен лек за болниот организам од повеќе причини. Пилешката супа содржи многу зеленчук кој е идеален во борбата против грипот. Таа исто така, има и антивоспалителни својства и го намалува производството на слуз и отокот во грлото. Освен тоа, пилешката супа привремено ја зголемува телесната температура, што исто така помага во борбата против инфекциите. Пилешката супа важи за вистински лек за душата во зимските денови, а она што е убаво за душата, е добро и за телото.rn

    Лук

    rnСулфурните соединенија кои ги содржи лукот се покажаа како вистински борци против грипот. Но, едно истражување во Америка покажало дека лукот е најдобро да се косумира само како додаток во јадењето, затоа што дозата на сулфурни соединенија кои тој ги содржи, е доволно голема за да му влијае на организмот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Ѓумбир

    rnПриродната состојка која се наоѓа во свежиот ѓумбир може многу да помогне во борбата против грипот. Користете го овој корен како зачин во јадењата и ќе бидете изненадени од неговиот ефект.rn

    Печурки

    rnДодатокот без кој не може да се замисли ниедна пица содржи големо количество на селен кој пак, им помага на белите крвни клетки да произведуваат цитокини, за да се борат против грипот. Освен ова, печурките се одговорни и за создавање на бета-глукан, антимикробен вид шеќер, кој исто така се бори против разни инфекции.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Лосос

    rnЛососот е одличен извор на Омега 3 масни киселини и на рибино масло, кои се покажаа како многу делотворни во зајакнувањето на имунитетот. Оваа риба може да се консумира како главно јадење, но и како додаток во салата.rn

    Темно чоколадо

    rnГолемата доза какао која во себе ја содржи темното чоколадо, ги поттикнува клетките да се борат против грипот и да го подобрат имунолошкиот систем на организмот. Доволно е да изедете само неколку коцки темно чоколадо или да го измешате во некој вкусен десерт.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.