КАФЕ ПАУЗА

Tag: лук

  • Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

    Кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?

    Научниците откриле дека некои основни прехранбени производи кои ни се постојано на дофат, можат да го спречат растот на канцерогените клетки. Проверете за кои состојки станува збор.rnrnКои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак?rn

    1. Темно чоколадо

    rnВерувале или не, темното чоколадо може да го спречи растот на туморите. Тоа содржи голема количина на какао што може да го спречи оштетувањето на ДНК, но и да го намали активирањето на молекулите кои се неопходни за развој на ракот. Според едно истражување објавено во The British Journal of Nutrition, 45 грама темно чоколадо кое содржи 70% какао значително го намалил ризикот од оштетување на клетките во организмот.rn

    2. Брокула

    rnБрокулата има висока концентрација на сулфорафан, супстанција која ги уништува клетките на туморот. Истражувањата покажале дека сулфорафанот ги таргетира клетките на туморот и ја намалува неговата големина. Брокулата е поволна особено во борбата против ракот на црниот дроб, мочниот меур, желудникот и белите дробови. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се испита докрај нејзиниот потенцијал во борбата против ракот. Нутриционистите и дијабетичарите препорачуваат секојдневно консумирање брокула како дел од салати, тестенини, омлети и пица.rn

    3. Лук

    rnЛукот е богат со фитохемикалии кои го спречуваат формирањето на нитрозамини, канцерогени клетки кои се формираат во цревата и желудникот поради консумирањето нитрати, вообичаениот конзерванс за храна. Истражувањата покажале дека додавањето лук во исхраната може да го намали ризикот од рак на дебелото црево кај жените за 50%. Лукот помага и во борбата против ракот на дојката, желудникот и хранопроводникот.rn

    4. Ореви

    rnПознато е дека естрогенот го поттикнува растот на туморот на дојката. Оревите пак, содржат растителни молекули познати како фитостероли кои ги блокираат естрогенските рецептори во клетките на ракот на дојката, но и го забавуваат нивниот раст. Според некои анализи, оревите имаат моќ да го одложат ракот на дојката дури за 9 години. Тие исто така помагаат и во борбата против ракот на простата.rn

    5. Зелен чај

    rnСтудиите откриле дека полифенолите во зелениот чај го спречуваат размножувањето на клетките на туморот и предизвикуваат апоптоза – еден вид клеточна смрт. Консумирањето зелен чај може да ги активира ензимите за детоксикација на организмот, но и да обезбеди заштита од тумор.rn

    6. Куркума

    rnКуркумата е популарен зачин во индиската кујна и станува сè популарен и во алтернативната медицина. Се карактеризира со својства кои се корисни при лекување на хронични медицински состојби, ја спречува појавата на рак и го стимулира намалувањето на тежината. Куркумата, неговата активна состојка, може да го намали растот на клетките на ракот на белите дробови и дојката. Истражувањата покажале дека дневното консумирање куркума (од 1 до 3 грама) може да го спречи ракот.rn

    7. Црвено вино

    rnЦрвеното вино содржи моќен антиоксиданс, ресвератрол, кој ја спречува појавата на рак на дојка. Ова биоактивно соединение е познато и по тоа што го намалува воспалението на мозокот кај луѓето со деменција, но и го забавува процесот на стареење на мозокот. Антиоксидансот помага и во одржување на имунитетот на организмот, особено во поглед на заштита од вирусни и бактериски напади.rnrnОткако прочитавте кои видови храна можат да го намалат развојот на рак, можеби ќе сакате да прочитате и за пролетното овошје кое помага во борбата против ракот на дојката.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 12 здравствени придобивки од лукот што не смеете да ги занемарите

    12 здравствени придобивки од лукот што не смеете да ги занемарите

    Лукот е една од најстарите култивирани билки, присутна речиси во секоја кујна ширум светот. Тој е одличен не само при готвење, туку добар е и за здравјето воопшто. Неговите лековити својства се навистина непроценливи. Во минатото лукот се користел како лек за настинка и грип, за намалување на ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.rnrn12 здравствени придобивки на лукот што не смеете да ги занемарите rnrnВо продолжение прочитајте кои се и другите корисни својства на оваа исклучително здрава билка.rn

    1. Има висока хранлива вредност

    rnЛукот е особено богат со витамин Ц, Б6 и калиум. Покрај тоа, содржи витамини А, К, фолати и многу минерали (181 mg на 100 g), железо (1,7 mg), магнезиум (25 mg), фосфор (153 mg), цинк (1,2 mg) и селен. Едно чешне лук (3 g) содржи околу 4,5 калории, 0,2 g протеини и 1 g јаглехидрати.rn

    2. Влијае врз нивото на шеќер во крвта

    rnЛукот може да им помогне на дијабетичарите да го контролираат нивото на шеќер во крвта бидејќи содржи манган (1,67 mg на 100 gr), a возрасен човек треба да консумира од 2,5 до 5 mg манган дневно. Манганските соли се карактеризираат со хипогликемично дејство, односно ја намалуваат количината на шеќер во крвта.rn

    3. Содржи сулфурни соединенија

    rnЛукот изобилува со органосулфурни состојки и благодарение на нив се должи неговата арома, вкусот и лековитите својства. Тие имаат силни биолошки ефекти кога ќе дојдат во контакт со одредени молекули во телото.rn

    4. Го намалува нивото на холестерол

    rnЛукот и неговите органосулфурни состојки го намалуваат нивото на холестерол во црниот дроб преку блокирање на клучниот ензим за синтеза на холестеролот.rn

    5. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести (а со тоа и ризикот од срцев или мозочен удар)

    rnИстражувањата покажале дека лукот и неговите состојки помагаат во регулирање на крвниот притисок. Како што веќе споменавме, лукот помага и во намалувањето на лошиот холестерол. Во двата случаи постои ризик за кардиоваскуларни болести.rn

    6. Има антиинфламаторно дејство

    rnВоспалението е природна реакција на телото во случај на повреда или инфекција – затоа игра клучна улога во процесот на заздравување. Сепак, хроничното воспаление го зголемува ризикот од многу болести, вклучувајќи дијабетес, кардиоваскуларни болести, ревматоиден артритис како и некои видови рак. Истражувањата покажале дека лукот ја намалува појавата на воспалителни молекули.rn

    7. Влијае поволно врз гастроинтестиналниот тракт

    rnЛукот ја подобрува функцијата на гастроинтестиналниот тракт благодарение на антимикробните и пребиотските својства. Пребиотиците се хранливи материи кои се неопходни за здрава цревна флора и го забрзуваат растот на корисните бактерии во организмот. Лукот исто така делува и против цревните паразити и го забрзува варењето на храната.rn

    8. Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

    rnБројни истражувања покажале дека лукот го унапредува когнитивното здравје кај постарите лица и го намалува ризикот од одредени болести како на пример деменција. Познато е дека лукот ја спречува појавата на артериосклеротични промени.rn

    9. Делува против бактерии

    rnВо 1858 година Луј Пастер го открил антибактериското дејство на лукот, а за време на Втората светска војна лукот се користел како антисептик за спречување на гангрена. Преку лабораториски експеримент е докажано дека бактеријата Helicobacter pylori која може да доведе до појава на рак на желудникот, е чувствителна на свеж лук.rn

    10. Го зајакнува имунолошкиот систем

    rnЛукот се карактеризира со антивирусни својства и може да помогне при настинка. Тој ја ублажува и кашлицата и помага при хроничен бронхитис.rn

    11. Делува против ракот

    rnЛукот ги инхибира ензимите од првата фаза кои ги формираат канцерогените метаболити и ги активира ензимите од втората фаза кои ги ловат и отстрануваат канцерогените метаболити. Состојките на лукот ги уништуваат канцерогените клетки.rn

    12. Лукот е моќен антиоксиданс

    rnЛукот содржи антиоксиданси, супстанции кои го штитат организмот од штетните оксиданти, а тоа најчесто се слободните радикали. Слободните радикали ги уништуваат здравите клетки и ги претвораат во канцерогени, а корисниот холестерол го претвораат во штетен. Задачата на антиоксидансите е да ги неутрализираат слободните радикали и да одржуваат здрава рамнотежа во организмот. Докажано е дека консумирањето лук ја зголемува активноста на некои антиоксидантни ензими.rnrnОткако прочитавте кои се здравствените придобивки на лукот, ви препорачуваме да го прочитате рецептот за вкусни шпагети со печен лук и пармезан.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rsrnrn 

  • Ги прочистува крвните садови, го олеснува дишењето: Секој треба да има шише од ова масло во домот

    Ги прочистува крвните садови, го олеснува дишењето: Секој треба да има шише од ова масло во домот

    Маслото од лук може да ги одржува зглобовите во добра состојба и служи како средство за проширување на крвните садови.rnrnГи прочистува крвните садови, го олеснува дишењето: Секој треба да има шише од ова масло во домотrnrnПознато е дека лукот содржи етерично масло со алин, состојка која се разградува во алицин со сечкањето, која му дава специфичен мирис. Исто така, ги разложува мрснотиите и има антибиотско дејство. Лукот содржи витамини А, Б1, Б2 и Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор. Исто така, содржи елементи во трагови, како бакар, кобалт и манган и други супстанции.rn

    Рецепт за масло од лук

    rnСтавете ја исчистената главица лук во тегла и прелијте ја со 1 чаша нерафинирано маслиново или сончогледово масло, а потоа ставете ја теглата во фрижидер да преноќи. Следното утро исцедете малку лимон во теглата и промешајте.rnrnКонсумирајте една лажичка од ова масло еднаш дневно пред јадење, 1-3 месеци, а по едномесечна пауза може да повторите.rnrnПрочитајте кои се лековитите својства на маслото од црн ким.

  • Најмоќниот пијалак: Толку е силен што можете да го пиете само двапати годишно!

    Најмоќниот пијалак: Толку е силен што можете да го пиете само двапати годишно!

    Еликсирот од лук и црвено вино го чисти организмот од вишок сол и маснотии и го решава проблемот со надуеноста и вишокот килограми. Нашето тело понекогаш треба да се исчисти, а овој природен лек помага да се ослободиме од токсините и да ја подобри циркулацијата.rnrnОние кои го пробале исто така тврдат дека ќе ве ослободи од стрес и хроничен замор!rnrnНајмоќниот пијалак: Толку е силен што можете да го пиете само двапати годишно!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 12 чешниња лук
    • rn 011

    • половина литар црвено вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Излупете го лукот и исечкајте го, па ставете го во стаклено шише. Додадете го виното и добро запечатете. Да се ​​чува на светло 2 недели и да се протресува неколку пати на ден.
    2. rn 011

    3. По 2 недели исцедете го пијалакот и ставете го во друго стаклено шише. Земете една лажичка три пати на ден за еден месец.
    4. rn

    rnЗабелешка: Ова е силен лек и затоа применувајте го со пауза од 6 месеци.rnrnПрочитајте кои 5 намирници треба да ги избегнувате ако имате главоболка.

  • 5 групи луѓе кои не смеат да користат лук и покрај неговата чудотворна моќ

    5 групи луѓе кои не смеат да користат лук и покрај неговата чудотворна моќ

    Лукот е една од најздравите намирници чии својства имаат неверојатни здравствени придобивки. Уште од дамнешно време луѓето го користеле за лечење на многу здравствени проблеми. Така, познато е дека старите Египќани, за време на изградбата на пирамидите, на своите робови често им давале лук за да ја одржат нивната кондиција.rnrn(1) 5-grupi-na-lugje-koi-ne-smeat-da-koristat-luk-i-pokraj-negovata-chudotvorna-mokj-www.kafepauza.com.mkrnrnЛукот содржи околу 400 активни состојки и е богат со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, витамин А, витамини Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.rnrnНо, и покрај сите лековити својства, овие 5 групи луѓе не смеат да го консумираат:rn

    1. Пациенти пред операција

    rnДоколку во скоро време треба да ви биде извршен хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку 2 недели пред операцијата, бидејќи може да го продолжи крварењето.rn

    2. Личности со низок притисок

    rnОваа чудотворна намирница го намалува крвниот притисок, па доколку страдате од низок притисок можете само да си нанесете поголема штета.rn

    3. Личности кои имаат проблеми со црниот дроб

    rnИако лукот има антибактериско и антивирусно дејство, и може да убие бактерии и вируси, сепак не треба да се користи во спречувањето на вирусот хепатит.rnrnПоточно, некои соединенија на лукот можат да предизвикаат стимулација во желудникот и цревата, што може да доведе до инхибирање на секрецијата на дигестивниот сок во системот за варење. На тој начин, тој влијае на варењето на храната и ги влошува симптомите на хепатитот, како што е гадењето.rnrnОсвен тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лукот може да доведе и до анемија.rn

    4. Личности со очни заболувања

    rnПациентите кои страдаат од очни заболувања, особено оние кои имаат лошо здравје, треба да го избегнуваат лукот.rnrnТрадиционалната кинеска медицина не го одобрува редовното консумирање на лукот во големи количини, бидејќи може да ги оштети очите и црниот дроб, како и да предизвика губење на меморијата, зуење во ушите и други здравствени проблеми.rn

    5. Личности кои страдаат од дијареја

    rnПациентите кои страдаат од дијареја треба да го избегнуваат лукот, бидејќи неговиот состав може да ги стимулира цревата на тој начин што може да доведе до хронично воспаление и влошување на едемите. Доколку личноста боледувала од дијареја, треба да консумира лук во мали количини.rnrnПрочитајте и кои се 3-те здравствени проблеми од кои можете да се ослободите со помош на млад лук.

  • Само 3 лажички на ден: Од оваа смеса косата ќе ви расте како луда, а видот ќе ви стане како на орел!

    Само 3 лажички на ден: Од оваа смеса косата ќе ви расте како луда, а видот ќе ви стане како на орел!

    Многумина од нас имаат проблеми со косата и ослабен вид. Но, за среќа, природата нуди решенија за овие проблеми. Сѐ што треба е да јадете мешавина од соодветните здрави намирници и така ќе ги подобрите видот и здравјето на косата.rnrnПо неколку дена применување, ќе забележите значително подобрување и ќе се чувствувате многу подобро. За подготовка нема да ви требаат многу состојки.rnrnСамо 3 лажички на ден: Од оваа смеса косата ќе ви расте како луда, а видот ќе ви стане како на орел!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 мл масло од ленено семе
    • rn 011

    • 4 лимони
    • rn 011

    • 1 кг мед
    • rn 011

    • 3 мали чешниња лук
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсчистете го лукот и ставете го во блендер заедно со четирите лимони и направете добра смеса. Додајте го лененото масло во оваа смеса, а потоа и медот и повторно блендирајте. Префрлете ја добиената смеса во тегла, затворете ја и ставете ја во фрижидер.rnrnКонсумирајте една лажица од смесата половина час пред јадење, но користете дрвена лажица. Треба да земате 3 пати на ден, пред оброци.rnrnОваа смеса ќе ви го подобри вашето целокупно здравје и ќе делува превентивно за многу болести.rnrnЌе забележите значително подобрување, па зошто да не го испробате ова?rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • Мед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организам

    Мед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организам

    Сигурно ви е познато дека медот и лукот се многу здрави, но ќе се изненадите што сѐ може да направи нивната комбинација. Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.rnrnМед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организамrnrnЗа овој рецепт потребно е да исечете 2 до 3 чешниња лук и да ги ставите во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.rn

    1. Го зајакнува имунитетот

    rnКомбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.rn

    2. Го штити срцето

    rnОваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.rn

    3. Го лекува воспалението на грлото

    rnМедот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.rn

    4. Помага при дијареја

    rnСо помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.rnrnМед и лук: Антикабктериска бомба која прави чуда за вашиот организамrn

    5. Помага при сува кашлица

    rnМедот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација го разводнува секретот и го отстранува воспалението. Исто важи и за синусите.rn

    6. Помага при габични инфекции

    rnГабите може да нападнат различен дел од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, која се покажала ефикасна и во овој случај. Најдобро е ова да го користите превентивно, со цел да ги спречите можностите од каква било инфекција.rn

    7. Врши детоксикација

    rnКомбинацијата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие му давате на организмот втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат телото од сите отрови коишто претходно сте ги внеле. Исто така овој природен лек е добар и за стабилизација на холестеролот во крвта, а помага и во борбата со вишокот килограми.

  • Излупете го лукот со помош на овој трик и миризбата нема да ви се задржи на рацете

    Излупете го лукот со помош на овој трик и миризбата нема да ви се задржи на рацете

    Поради својот карактеристичен и препознатлив вкус, лукот е одличен додаток на јадењата, без разлика дали станува збор за чорби, тестенини или подготовка на месо. Сепак, кога подготвувате јадење сигурно секогаш се мачите со неговото лупење, а миризбата што останува на прстите ви претставува вистински кошмар. Обидете се со овој едноставен трик и сѐ ова ќе биде минато.rnrnИзлупете го лукот со помош на овој трик така што мирисот нема да ви се задржи на рацетеrnrnСтавете ја целата глава лук во микробранова на 20 секунди или помалку, во зависност од јачината на вашиот апарат. Кога ќе го извадите ќе забележите дека надворешноста се лупи многу лесно, а и дека миризбата не се задржува на вашите раце. Одличен трик, зар не?rn

  • 7 неочекувани прехранбени производи кои можат да ја заменат солта

    7 неочекувани прехранбени производи кои можат да ја заменат солта

    Во последно време солта ја бие лош глас, особено поради нејзината преголема застапеност во куповната храна. За подобро регулирање на внесувањето сол во вашиот организам, се препорачува нејзина замена со поздрави алетернативи. Имено натриумот, главниот елемент во солта, може да се најде во повеќе природни билки од кои најдобри се следниве 7.rnrn7 неочекувани прехранбени производи кои ќе ја заменат солтаrn

    1. Цимет

    rnЕден од најстарите зачини, кој обично во кујната се користи единствено за слатки работи, има многу поголема примена. Тој може да биде одлична замена за солта бидејќи подобро ги регулира шеќерите во крвта и има способност да го намали холестеролот. Иако не можеме да го замислиме неговиот интензивен мирис во секојдневните оброци, циметот изненадувачки добро се снаоѓа во пикантните јадења. На пример, помешан со кари ќе го обогати секое пилешко јадење.rn

    2. Кардамом

    rnКардамомот се смета за член на семејството на ѓумбирот. Неговиот вкус е деликатен и ароматичен и уште на првиот допир со непцата се чувствува солта која ја содржи. Затоа воопшто не изненадува што неговата присутност е сѐ почеста во некои јадења наместо солта. За поинтензивен вкус на кардамомот, потребно е неговите семки малку да се испржат.rn

    3. Чили пиперчиња

    rnТоплиот и пикантен вкус кој го оставаат чили пиперчињата во устата е заслуга на нивните лековити својства, па токму затоа и тие треба да станат омилен зачин на храната која се јаде со лажица, каде и најдобро ги балансираат вкусовите.rn

    4. Семки од сончоглед

    rnСамо 50 грама од семките на овој плод ги задоволуваат дневните потреби за витамините Е и Б1, а само 100 грама семки ги задоволуваат дневните потреби на организмот за манган, бакар, магнезиум, натриум, фосфор и витамин Б6. Солениот и по малку горчлив вкус на семките им го дава натриумот, па затоа мелените семки од сончоглед можат да се користат во исхраната наместо сол.rn

    5. Лук

    rnЛукот е одлична замена за солта, посебно лукот во прав. Многумина го користат со риби и тестенини, бидејќи го подобрува вкусот на овие производи. Неговите многубројни лековити својства се главната причина за неговата голема примена во кујната, а доколку ја изоставите солта во јадењето и додадете само малку лук, ќе го осетите и неговиот солен вкус.rn

    6. Босилек

    rnЗелените листови на босилекот изобилуваат со етерични масла, кои помеѓу низата компоненти содржат и натриум. Токму затоа босилекот може да биде добра замена за солта. За да ги сочувате маслата од листовите, потребно е да ги додадете на самиот крај во подготовката на јадењето. Освен во готвените јадења, босилекот одлично функционира кога е помешан со зеленчук, тестенини и салати каде неговиот солен вкус особено доаѓа до израз.rn

    7. Сок од лимон

    rnСалата без зрно сол, но со многу лимонов сок, целосно ќе го замени омилениот зачин. Освен тоа, лимонот е познат природен конзерванс и како таков е совршена замена за солта.

  • Според истражувањата, жените ги преферираат оние мажи кои ја јадат оваа храна

    Според истражувањата, жените ги преферираат оние мажи кои ја јадат оваа храна

    Оној кој кажал дека не треба да се јаде лук пред љубовен состанок бил во голема заблуда. Да, вие можеби ќе имате непријатен здив, но изгледа тоа воопшто не е лошо. Според една неодамнешна студија, постои директна поврзаност помеѓу она кое мажите го јадат и нивната привлечност во очите на другите. И изгледа жените сакаат лук… Колку повеќе, толку подобро.rnrnСпоред истражувањата, жените ги преферираат оние мажи кои ја јадат оваа хранаrnrnВо оваа студија учествувале 42 мажи, поделени на 3 групи, кои јаделе лук во различни количини: 2 глави лук со леб и сирење, 4 глави лук со леб и сирење и 4 глави лук во форма на капсули. Учесниците требало да носат и облоги ширум целото тело во следните 12 часа за добро да ги испотат. Потоа, во вториот дел од истражувањето, овие облоги им биле дадени на 82 жени кои требало да ги помирисаат и да ја оценат миризбата врз основа на нејзината атрактивност, интензитет и пријатност.rnrnИзненадувачки, но жените дале највисоки оцени за оние кои ги носеле мажи кои изеле 4 глави лук. Зошто? Истражувачите сметаат дека здравствените придобивки од јадењето лук се забележуваат во миризбата на телото. Феромоните од машкото тело се знак за добро здравје и токму затоа предизвикуваат несвесно позитивна реакција од спротивниот пол.rn

    „Здравствените придобивки од јадењето лук вклучуваат антиоксиданси, имуностимулации, кардиоваскуларни подобрувања, како и спречување на рак. Од еволуциона гледна точка, има големи шанси сексуалниот избор да е под влијание на диетата, па токму затоа и веруваме дека преференцијата за одредена човечка миризба може да влијае врз изборот на партнер“, вели Крег Робертс, еден од авторите на студијата.

    rnПа, слободно јадете повеќе лук. На тој начин ќе ги бркате вампирите, но ќе ги привлекувате жените!