КАФЕ ПАУЗА

Tag: локации

  • Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

    Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

    Кога посетувате некој град за прв пат, покрај туристичките атракции, обидете се да ги посетите и местата кои им се омилени на мештаните. На тој начин ќе добиете поцелосна слика за градот. Во продолжение прочитајте кои места може да ги посетите во Амстердам кои сепак не се дел од неговите главни туристички знаменитости.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Истражете ја градината Hortus Botanicus

    rnСтанува збор за ботаничка градина која е сместена во областа Плантаџ. Имено, градината изобилува со цвеќиња, разноразни билки, палми и егзотични растенија. Тука се наоѓа и кафуле доколку сакате да се одморите од посетата, а кое може да се изнајми и за приватна забава.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Посетете го киното Tuschinski

    rnКиното Tuschinski е едно од најстарите кина во Амстердам и е прогласено за најубавото кино во Холандија благодарение на неговата Арт Деко фасада и прекрасниот внатрешен дизајн.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Не пропуштајте го пазарот на книги Oudemanhuispoort

    rnИдеално место за секој патник вљубеник во уметноста и литературата бидејќи овде целото шеталиште е преполно со тезги на кои се продаваат книги на старо. Покрај тоа, местото има посебна атмосфера со оглед на тоа дека некогаш и Винсент ван Гог шетал токму на ова пазарче, па кружи легендата дека неговиот дух сè уште лебди овде…rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Посетете ја населбата Joordan

    rnJoordan е една од најпопуларните населби во градот. Се работи за место каде малите улички се заменети со канали, а овде ќе наидете и на многу продавници, кафулиња, ресторани и галерии. На секој турист му се препорачува да го посети местото и навечер кога уличното осветлување е вклучено при што му дава посебна магија.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrnrnОткако прочитавте за дел од локациите во Амстердам кои и не се толку познати но вредат да се посетат, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмови

    11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмови

    Замислете си место коешто е толку убаво, што ве тера да помислите дека не му припаѓа на овој свет. Во секоја држава има барем едно место кое наликува како да излегло од бајка. Овие шармантни села, древни замоци и густи шуми им биле инспирација на многу филмски сценаристи и продуценти и им помогнале да ги создадат магичните кралства што денес ги гледаме на екраните. Сега имате можност да „прошетате“ низ нив.rn

    1. „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)

    rn11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмовиrnrnВи го претставуваме Алсак, магичниот регион во Франција познат по живописните села. Цртаниот филм на Дизни е направен според оригинална приказна на Габриел-Сузан Барбо де Вилнев, француска писателка од 19-тиот век. Малиот „провинциски град“ од кој доаѓа Бел, навистина е мал провинциски град. Продуцентите одбрале села како Колмар за да го создадат родното место на Бел, а резултатот сигурно ќе ѝ се допадне и на Габриел-Сузан.rn

    2. „Снежана и седумте џуџиња“ (Snow White and the Seven Dwarfs)

    rn11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмовиrnrnНајстарата принцеза на Дизни е инспирирана од германска народна приказна на браќата Грим. Според некои истражувања, приказната можеби била вистина, а темната шума, џуџињата и стаклениот ковчег се наоѓале околу замокот Лор и шумата Шпесарт.rn

    3. „Моана“ (Moana)

    rn11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмовиrnrnЏон Маск, еден од режисерите, ја добил идејата за филмот од книга која го опишувала полинезискиот митски херој Мауи. Со цел да истражува, тој патувал низ многуте рајски острови во Јужниот Пацифик. Фиџи, Самоа и Тахити се некои од островите кои ги посетил со цел да научи за културата на домородното население, но и за да го создаде неверојатниот остров на Моана.rn

    4. „Пинокио“ (Pinocchio)

    rn11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмовиrnrnФилмот е базиран на познатата книга од Карло Лоренцини, а дејството се случува во родното место на неговата мајка – италијанското село Колоди. Бидејќи ова село му било толку значајно, авторот почнал да го користи и псевдонимот Карло Колоди. Малите куќички, калдрмите и куполите го направиле ова село совршено за приказната на Пинокио.rn

    5. „Храбра“ (Brave)

    rn11 магични места што биле инспирација за најпознатите анимирани филмовиrnrnНе е тајна дека филмот е сместен во Шкотските Гори. Средновековниот замок Дунотар, кој е опкружен со најзелениот пејзаж во светот, е совршено место за авантурите на Мерида. Не е ни чудно овде да очекувате магија, натпревари во стрелаштво и шкотски акцент.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетите

    10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетите

    Патувањето во друга држава е можеби една од најголемите радости во животот. Новите места можат да ви помогнат да го промените вашиот животен стил, да ви бидат инспирација, но и да ви помогнат да најдете нови пријатели. Знаеме дека светот е полн со секакви чуда, а следниве необични места ширум светот навистина вреди да ги посетите.rn

    1. Ѓаволски мост, Германија

    rn10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетитеrnrnRakocburke, или Ѓаволскиот мост во Германија е изграден на тој начин што формира полн круг со неговиот одраз во водата. Според народните приказни, овие мостови настануваат или поради луѓето, или поради натприродни битија кои за возврат ја бараат душата или детето на оној кој побарал да се изгради мостот. Ѓаволскиот мост е изграден од камења кои потекнуваат од далечен каменолом во германските планини и навистина е чудно зошто не се користеле локални материјали.rn

    2. Езерото на златни медузи, Палау

    rn10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетитеrnrnЕзерото на златните медузи беше затворено за посетители од 2016-та до 2018-та година, односно додека не се подобрила состојбата на медузите. Денес езерото е една од најпознатите атракции во светот и е дом на над 20 милиони медузи.rn

    3. Ѕвездено море, Малдиви

    rn10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетитеrnrnИако Малдивите сами по себе се вистински рај на земјата, вистинската магија настанува откако ќе зајде сонцето. Милиони микроорганизми ја чекаат ноќта за да ја осветлат преубавата плажа.rn

    4. Розова плажа, Бахами

    rn10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетитеrnrnЕдна од најубавите плажи на Бахамите се наоѓа на островот Харбор. На овој остров можете да уживате во несекојдневните релаксирачки бои. Песокот има розова боја благодарение на коралите.rn

    5. Свиткани стебла, Полска

    rn10-те најчудни места во светот кои вреди да ги посетитеrnrnОвие дрва се посадени уште во 1930-та година и до денес на никој не му јасно зошто растат на овој начин. Некои сметат дека при садењето е користена специјална алатка што би го предизвикала ова. Имено, дното на секое стебло е свиткано, а потоа се извива право кон небото.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Феноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локации

    Феноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локации

    Кристина Макеева од Москва е талентирана фотографка којашто умешно ја комбинира својата страст за патување и вештините за создавање фантастични фотографии, коишто го одземаат здивот. Оваа креативна Русинка патува низ светот и фотографира девојки облечени во впечатливи фустани, кои се идеално вклопени во позадината, која најчесто е некоја од светски познатите локации.rn

    „Според мене, не постои ништо поубаво од развеан и заплеткан фустан од ветер, чијашто форма се создава додека девојката трча. За мене ова е магија. Па така, на патувањата заедно со моите пријатели и помошници, ги одбираме фустаните коишто најдобро ќе се вклопат во позадината, ги облекуваме моделите и ги создаваме овие фотографии.“ – објаснува фотографката

    rn

    1. Локација: Црвениот плоштад и црквата Свети Василиј, во Москва. Модел: Натали

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    2. Локација: Пустината Руб Ал-Кали, Обединети Арапски Емирати. Модел: Гизем

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    3. Локација: Ѓореме, Кападокија, Турција. Модел: Настија

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    4. Локација: Кападокија, Турција. Модел: Маша

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    5. Локација: Порто, Португалија. Модел: Светлана

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    6. Локација: Филипини, Ел Нидо. Модел: Мери

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    7. Локација: Венеција, Италија. Модел: Идил

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    8. Локација: Кападокија, Турција. Модел: Марина

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииrn

    9. Белиот храм, Чианг Раи, Тајланд. Модел: Кристина

    rnФеноменални фотографии од девојки облечени во маркантни фустани на познати светски локацииПродолжува на следната страница…rn

  • 9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

    9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

    Постојат многу неверојатни локации низ светот кои нам ни се навистина чудни – луѓето, нивните навики и нивните особини. Понекогаш изгледа како локалните жители да се обединети со една голема заедничка тајна. Секогаш е интересно да се тргне велот и да се дознае повеќе за овие тајни. Па, погледнете некои од најневеројатните места на светот.rn

    1. Кралството на малите луѓе, Кина

    rn9 места во светот чии жители се обединети од голема тајнаrnrnСоцијалниот живот може да биде тежок за овие луѓе, но сепак постои магично кралство за нив. Овој уникатен свет е создаден од Чен Минџинг. Тој им понудил на луѓето со џуџест раст од целата држава да се преселат овде. Денес во ова место живеат околу 125 луѓе на возраст од 19 до 45 години. Тие носат навистина интересна облека – облечени се како гномови, ангели, елфи, принцези и чувари. Нивните куќи имаат форма на дрва и печурки. Домовите се опремени со специјално направена покуќнина. Животот овде им е удобен и никој не им се смее зад грб. Сите жители се вработени. Изведуваат за туристите и им организираат тури. Домашните обврски ги завршуваат во несела, играат покер и одбојка и посетуваат бесплатни часови по англиски јазик. И покрај разните мислења на другите, овие луѓе се среќни со овој начин на живот.rn

    2. Луѓето Пираха: Најсреќното племе

    rn9 места во светот чии жители се обединети од голема тајнаrnrnЕдно племе од дождовната шума во Амазон е наречено најсреќното племе. Не знаат да бројат и користат само два броја – „неколку“ и „многу“. Исто така имаат само две бои – „темна“ и „светла“. Не знаат за дати и календари и јадат 1-2 пати дневно. Одвреме-навреме спијат по 20-тина минути бидејќи сметаат дека претераното спиење им ги намалува моќите. Овие луѓе имаат само 3 фази во врските – бебе, родител и роднина. Кај нив нема хиерархија и не постои криминал. Немаат никаква приватна сопственост и нема предрасуди. Тие се среќни, пеат во текот на ноќта и веруваат дека соништата и реалноста се еднакво важни. На секои 7 години си ги менуваат имињата. Можат да ги запомнат имињата и особините на илјадници растенија и животни. Нивните деца си играат со дрва, цвеќиња, кучиња и шумските духови наместо со обични играчки.rn

    3. Икарија: Островот на стогодишниците

    rn9 места во светот чии жители се обединети од голема тајнаrnrnСекој трет жител на Икарија живее до 90 години. Поголемиот дел од населението живее до 100 години. Нивната тајна е природниот рај на островот во Егејското Море, 8-те лековити извори и малкуте туристи. Овде живеат 10.000 пријателски настроени оптимисти. Само мал број од населението знае за Алцхајмерова болест и за непријатности поврзани со староста. Луѓето овде не се брзаат, работат најдобро што можат, често шетаат по планинските патеки и јадат овошје од нивните градини. Овдешните жители сакаат маслиново масло, козјо млеко и чај од билки. Вечерта ја поминуваат со соседите пиејќи вино. Кога една 101-годишна девојка ја прашале за нивната тајна, таа изјавила:rn

    „Едноставно забораваме да умреме овде!“

    rn

    4. Кандидо Годои: Земјата на близнаците

    rn9 места во светот чии жители се обединети од голема тајнаrnrnКандидо Годои во Бразил е место познато по големиот број близнаци кои се раѓаат овде. 80 семејства одгледуваат 44 пара близнаци. Повеќето семејства се преселиле овде од Германија во текот на Првата светска војна. Во раните 90-ти овој необичен феномен им го привлекол вниманието на новинарите. Локалните власти го засакале интересот на светот и го нарекле местото Земја на близнаците, отвориле музеј и поставиле статуа на плодноста. Научниците имаат разни теории за овој феномен, вклучувајќи го и влијанието на посебна вода, изолацијата на регионот, како и генетските експерименти на доктор Јозеф Менгеле. Локалните жители велат дека се движел низ овој реон преправен како ветеринар. Во тој период бил забележан првиот пораст на близнаци.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Кои градови биле најфотографирани на Инстаграм за 2017 година?

    Кои градови биле најфотографирани на Инстаграм за 2017 година?

    Кога ќе видите нечија слика од патување на Инстаграм, можете навистина да го доживеете тоа место преку очите на таа личност. Од Инстаграм собрале податоци за тоа кои градови се најпознати на нивната социјална мрежа, и ја добиле следнава листа. Можеби ова ќе ви биде инспирација за вашето следно патување.rn

    1. Њујорк, САД

    rn(1)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали е божиќното дрво пред Центарот Рокфелер или пак само некоја обична улица, во овој град секогаш има нешто што може да се види. Не за џабе се вели дека Њујорк е еден од најубавите градови во светот.rn

    2. Москва, Русија

    rn(2)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnМосква е дом на речиси 12 милиони луѓе и е најголемиот град во Европа. Архитектурата е светски позната и има 27 метри квадратни парк по човек. Ова е одлично место за луѓето кои уживаат во естетиката.rn

    3. Лондон, Велика Британија

    rn(3)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnЛондон го има најголемиот систем на аеродроми во светот, па логично е многу луѓе да го посетуваат градот. Со Биг Бен, Бакингемската палата и панорамското тркало, може да биде навистина тешко да одлучите која знаменитост е најубава.rn

    4. Сао Паоло, Бразил

    rn(4)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnЗа разлика од првите 3 градови кои имаат навистина студени зими, топлата клима на Сао Паоло го прави одлично место за летен фустан во февруари. Ако сакате да избегате од студот, ова е совршеното место за вас.rn

    5. Париз, Франција

    rn(5)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnТриумфалната капија, Версај, Ајфеловата кула… ова се само некои од нештата кои можете да ги видите во неверојатниот Париз. Не треба да нè чуди тоа што овој град е еден од најпознатите на Инстаграм.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Некои од најинтересните места кои можете да ги изнајмите на Airbnb

    Некои од најинтересните места кои можете да ги изнајмите на Airbnb

    Постојат многу уникатни места кои можете да ги изнајмите на Airbnb. Можете да најдете замоци, куќи на дрво, локомотиви и речиси сè што ќе ви падне на ум. На веб-сајтот има над 2 милиони места за изнајмување, а многу од нив се навистина посебни. Но со толку голем избор, може да биде навистина тешко да се одлучите. Па во продолжение погледнете 5 интересни места кои можете да ги изнајмите ширум светот.rn

    1. Замокот Борџија

    rn1)nekoi-od-najinteresnite-mesta-koi-mozhete-da-gi-iznajmite-na-airbnb-kafepauza.mkrnrnrnЦена од вечер: 1.329 долариrnrnЛокација: Тоскана, ИталијаrnrnОвој замок со 7 спални соби некогаш бил дом на семејството Борџија. Во замокот собира 13 луѓе, има поглед кон езерото Трасимено и околното село, а исто така има базен и терен за тенис. Можеби цената ви изгледа висока, но ако убедите уште 12 пријатели, ќе преноќите овде за 105 долари од вечер.rn

    2. Студиото за пишување на Џон Стајнбек

    rn(2)nekoi-od-najinteresnite-mesta-koi-mozhete-da-gi-iznajmite-na-airbnb-kafepauza.mkrnrnЦена од вечер: 205 долариrnrnЛокација: Пацифик Гроув, КалифорнијаrnrnДали имате проблеми со пишување на вашиот роман? Тогаш оваа удобна куќичка, која некогаш била во сопственост на Џон Стајнбек, ќе ја разбуди вашата креативност. Добитникот на Нобеловата награда живеел во оваа куќа во 1940-тите, додека работел на својот роман „Морето на Кортез“ (The Sea of Cortez). На истиот имот достапни се уште две малку поголеми куќи за изнајмување.rn

    3. Кулата часовник Свети Панкрас

    rn(3)nekoi-od-najinteresnite-mesta-koi-mozhete-da-gi-iznajmite-na-airbnb-kafepauza.mkrnrnЦена од вечер: 160 долариrnrnЛокација: Лондон, Велика БританијаrnrnЕдно од најуникатните места во Лондон е скриено во огромна кула часовник на врвот на меѓународната станица Свети Панкрас. Приватниот апартман за гости е дел од поголем двособен апартман кој има сопствена бања, кујна и дневна соба, и се разбира неверојатен поглед кон градот.rn

    4. Гостилница куче

    rn(4)nekoi-od-najinteresnite-mesta-koi-mozhete-da-gi-iznajmite-na-airbnb-kafepauza.mkrnrnЦена од вечер: 132 долариrnrnЛокација: Котонвуд, АјдахоrnrnЉубителите на кучиња сигурно ќе сакаат да го посетат ова место. Куќата во форма на куче има место за 4-ца и е блиску до многу знаменитости од овој регион. Уникатната градба е во сопственост на двајца уметници кои создаваат скулптури слични на оваа куќа. Кучињата, се разбира, се добредојдени.rn

    5. Кампот Вандавега

    rn(5)nekoi-od-najinteresnite-mesta-koi-mozhete-da-gi-iznajmite-na-airbnb-kafepauza.mkrnrnЦена од вечер: 550 долариrnrnЛокација: Елкхорн, ВисконсинrnrnДали сакате да искусите летен камп како од филмовите? Тогаш ова е местото за вас. Кампот Вандавега има рустикални кабини и многу активности како стрелаштво и кајакарство. Кампот вообичаено прима големи групи кои бараат приватен одмор, но можете да изнајмите некоја од кабините со 3 соби (во кои собира 5 луѓе), а исто така можете да изнајмите и кабина за 12 луѓе.rnrnАко навистина сакате да патувате, тогаш дознајте нешто повеќе за бесплатното сместување на Каучсурфинг.

  • 10 најзастрашувачки места на Земјата кои не им се познати на туристите

    10 најзастрашувачки места на Земјата кои не им се познати на туристите

    Дали мислите дека во животот ви недостигаат нови авантури? Дали ви е потребен адреналин? Тогаш овие локации се одлични за вас. Следуваат најчудните, најмистериозните и најстрашните места во светот кои сепак вреди да ги посетите.rn

    1. Островот на куклите (Мексико Сити, Мексико)

    rn(1)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mkrnrnСпоред легендата, некое мало девојче се удавило во овој предел. Подоцна, нејзиниот татко пронашол кукла во близина на местото на несреќата. Тој бил сигурен дека духот на неговото девојче се „преселил“ во куклата, па ја закачил на едно дрво. Тој почнал да собира напуштени кукли и ги носел на островот. Со тек на времето го напуштил и своето семејство за да живее овде.rnrnИнформација за туристи: Можете да преноќите овде во старата кабина на таткото. До вас ќе лежи неговата ќерка (кукла со природна големина). Но штом ќе падне ноќта ќе ви биде потребна храброст за да го издржите друштвото на куклите со стаклени очи.rn

    2. Катакомбите Капучин (Палермо, Италија)

    rn(2)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mkrnrnВо овие катакомби се наоѓаат остатоците од 8.000 луѓе, и тоа од 18-тиот и 19-тиот век. Познатиот француски автор, Ги де Мопасан напишал:rn

    „Нивните глави изгледаат ужасно, устите како да сакаат да прозборат, лицата им се изобличени од нешто што е неискажливо, неподнослив ужас.“

    rnИнформација за туристи: Катакомбите можете да ги посетите секој ден, освен во недела. Само внимавајте да не се изгубите. Еден пијаница заспал внатре и се разбудил сред ноќ. Кога конечно го пронашле бил во ужасна состојба и морало да го однесат во метална установа.rn

    3. Тематскиот парк Ха Пар Вила (Сингапур)

    rnrnrnОвој „забавен“ парк е целосен контраст на Дизниленд. Овие ужасни изложби се само начин да ги научат младите деца на морал. На пример, целта на сцените со растргнување е да ги научат децата дека не треба да мамат на тестови.rnrnИнформација за туристи: Влезот е бесплатен, и не се сите скулптури премногу страшни. Но сепак бидете подготвени, митологијата може да биде навистина застрашувачка.rn

    4. Нагоро: Селото на „живите“ кукли (Јапонија)

    rnTsukimi Ayano arranges a scarecrow at a bus stop in the mountain village of NagorornrnАјано Џукими решила да направи кукли-двојници на нејзините соселани. Овие ужасни фигури се секаде – рибари на реката, ученици и наставници во училиштата, стари парови по клупите… Целото село има околу 350 кукли, додека живи луѓе се само 37.rnrnИнформација за туристи: Ако ви е смачено од вашите гласни соседи, неколку денови во Нагоро се совршено бегство. Уживајте во друштвото на овие тивки, мирни и безопасни селани.rn

    5. Висечките ковчези (Сагада, Филипини)

    rn(5)10-te-najmornichavi-mesta-na-zemjata-koi-ne-im-se-poznati-na-turistite-kafepauza.mkrnrnЛокалните жители овде не ги закопуваат починатите, туку ги закачуваат ковчезите на карпи. За да добиете право на ваков погреб, мора да исполнувате неколку услови. Еден од нив е да бидете венчани и да имате внуци. Исто така се верува дека колку повисоко е закачен ковчегот, толку душата на починатиот е поблиску до рајот.rnrnИнформација за туристи: Ако се одлучите да го посетите ова место, подгответе се да се откажете од неколку удобности. Најдоброто сместување кое ќе го најдете е хотел со 2 ѕвезди, и најверојатно ќе нема топла вода. Но секогаш можете да се избањате со кофа студена вода и да се исушите на студениот планински воздух.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 9 екстремно опасни локации каде што и ден денес живеат луѓе

    9 екстремно опасни локации каде што и ден денес живеат луѓе

    Земјата е нашиот дом и понекогаш ни изгледа како секој дел од неа да е подобен за живот. Сепак, надвор од удобните домови кои сме ги создале постојат и некои многу неудобни места. Овие 9 локации се навистина екстремни и иако изгледаат опасно, некои луѓе успеале да ги претворат во свој дом.rn

    1. Кастелфолит де ла Рока, Шпанија

    rn(1)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnОва мало село е лоцирано на камен кој настанал пред илјадници години од лава. Ридот на кој е сместено селото е висок 50 метри и се протега на должина од 1 километар. Популацијата во ова село е околу 1.000 жители.rn

    2. Висечкиот манастир, Кина

    rn(2)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnВо овој манастир има олтари од будизмот, таоизмот и конфучизмот. Многу од ходниците се направени долж стрмните карпи кои се како ѕид. Од 1982 година манастирот е заштитен како национален споменик на Кина.rn

    3. Замокот Лихтенштајн, Германија

    rn(3)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnОвој замок се наоѓа на висина од 817 метри. Веднаш до него се наоѓаат урнатини од средновековна тврдина која била изградена помеѓу 1150 и 1200 година, а уништена во доцниот 14-ти век. Замокот е граден од 1840 до 1842 година и во него има колекција од историски оружја и оклопи. Тој е отворен и за посетители.rn

    4. Манастирите Метеори, Грција

    rn(4)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnСтрмните карпи на кои се сместени манастирите ги заштитувале од напади. Низ историјата имало 22 или 24 манастири. Многу од нив денес се урнатини и сега постојат само 6, од кои 4 се манастири за мажи и 2 за калуѓерки.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 неверојатни места во Виетнам кои вреди да ги посетите

    5 неверојатни места во Виетнам кои вреди да ги посетите

    Виетнам е земја полна со изненадувања. Има навистина интересна историја, природата е неверојатна, луѓето се пријателски настроени, цените ниски а храната е одлична. Доколку некогаш ја посетите оваа земја, немојте да ги одминете овие 5 неверојатни места.rn

    1. Заливот Халонг

    rn(1)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnОвој залив е еден од новите природни светски чуда. Има прекрасни карпи кои се издигнуваат од океанот и создаваат неверојатни пејзажи.rnrn(2)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnЗаливот можете да го посетите со брод, кој најверојатно ќе ве однесе и на островот Кат Ба. За време на турата ќе посетите и неколку пештери кои се создавале милиони години.rn

    2. Далат

    rn(3)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnОва е мало село во јужниот дел на државата. Се наоѓа на планините и е опкружено со големи фарми за кафе, шуми и реки со прекрасни водопади.rnrn(4)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnМалку луѓе знаат за ова место, па овде нема да сретнете многу туристи. Селото е шарено и има многу зеленило.rn

    3. Плажа во џунглата

    rn(5)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnОва е мала плажа која се наоѓа веднаш до неколку ридови полни со егзотични дрвја. Овде има многу малку хостели, па речиси и да нема луѓе.rnrn(6)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnОвде ќе спиете во бамбусови колиби веднаш до плажата, а храната е одлична.rn

    4. Сон Дунг

    rn(7)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnПештерите Сон Дунг се можеби најимпресивните пештери кои ќе ги видите во вашиот живот. Овој систем од пештери е еден од најголемите во светот и се создавал неколку милиони години.rnrn(8)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnНа некои места таванот во пештерите достигнува и 200 метри, а целата површина е повеќе од 38 милиони метри кубни. Овде има и разни активности како искачување и истражување на пештерата во темница.rn

    5. Сапа или Бак Кан

    rn(9)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnСеверниот дел на оваа држава е можеби најубав. Целиот пејзаж е речиси недопрен. Ќе најдете многу малку луѓе, и само по некое село по патот. Сапа е позната тераса за ориз северно од Ханои, исто како Бак Кан.rnrn(10)5-neverojatni-mesta-vo-vietnam-koi-vredi-da-gi-posetite-kafepauza.mkrnrnБак Кан е може дури и поубаво од Сапа, но без разлика кое место и да го одберете, нема да погрешите.rnrnПогледнете и зошто треба да ја посетите магичната Индија.