КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовни врски

  • 8-те фази на љубовните врски

    8-те фази на љубовните врски

    Сите врски почнуваат забавно и возбудливо, а понатаму прераснуваат во нешто опуштено и удобно. Овие илустрации ги прикажуваат 8-те фази низ кои поминуваат љубовните врски, на забавен начин, но потпирајќи се на реалноста и на чистата вистина. Креатор е Метју Инман, познат по неговиот сајт The Oatmeal.rnrn

    8-те фази на љубовните врски
    Првиот состанок: лаги, лаги, лаги, лаги, лаги, глупости, глупости, лаги, лаги, глупости, лаги, лаги, глупости, лаги…
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Возбудлива фаза: Пред да те сретнам бев за нигде.
    – Ајде да водиме љубов 10.000 години.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Удобна фаза: Ха-ха, прднав.
    – LOL. Ок е, сè уште те сакам.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Преудобна фаза: Ха-ха, само што извршив голема нужда.
    – LOL. Ок е, предебела сум за да се мрднам.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Завршување на врската: Пред да те сретнам, бев слободен ко птица.
    – E*ете се и ти и твојата слобода.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Раскинување: Богат сум и имам огромни мускули.
    – Ти си многу подобар од мојот бивш.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Смирување: Ајде да се обидеме пак, ама овој пат ќе успееме.
    – Сè уште те мразам, ама те познавам и удобно ми е со тебе, па сакам да се средам.
    rnrn
    8-те фази на љубовните врски
    Брак: Закажав да имаме секс следниот четврток кога ќе се вратам од вежбање.
    – Ти е*ам животов.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни грешки кои ги прави секој хороскопски знак

    Љубовни грешки кои ги прави секој хороскопски знак

    Прекинувањето на врската никогаш не е пријатна работа, а за тоа најчесто се виновни двајцата партнери. Но, иако раскинувањето на врската не е само ваша вина, убаво е да прочитате како вие сте придонеле да дојде до тоа. Хороскопскиот знак ви ги открива грешките кои ги правите во љубовниот живот.rnrnЉубовни грешки кои ги прави секој хороскопски знакrn

    Овен

    rnСамоувереноста на овенот, која на почетокот на врската можеби била привлечна за другиот партнер, може само да се претвори во пречка како што поминува времето. Овните мораат да поработат на својот егоизам  и понекогаш да го стават партнерот на прво место. Компромисот исто така е основа на секоја добра и квалитетна врска. Нивните брзоплети реакции понекогаш знаат да претставуваат проблем во врската, бидејќи на другите им е тешко да се справуваат со нивните изливи на бес.rn

    Бик

    rnБиковите кои се во долга и стабилна врска, често знаат да се запустат. Тие се чувствуваат пријатно, па претеруваат со храната и пијалаците, непазејќи на физичкиот изглед, што после некое време на партнерот може да му стане непривлечно. Покрај тоа, тие стануваат и мрзливи за романтика, а партнерот почнуваат да го сфаќаат здраво за готово. Биковите се склони на партнерот долго да му замеруваат за истите грешки и секогаш ги водат истите кавги.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се склони кон флерт, па партнерот покрај нив може да се чувствува несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и сигурност, поради што саканата личност мисли дека не може да се потпре на нив. Имаат тенденција често да го менуваат мислењето и расположението, а тоа е уште една карактеристика која им пречи на другите.rn

    Рак

    rnРаковите уште на почетокот од врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на заеднички живот и брак во рана фаза од врската, секого може да преплаши. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, поради што тие често се чувствуваат загушено. Лесно се навредуваат и се многу чувствителни, па многу лесно можат да останат повредени.rn

    Лав

    rnГолемото его на лавот е нешто со кое партнерот треба да научи да се носи. Не е лесно да се живее со личност која лесно се навредува и која после тоа со денови му замерува на партнерот за истата ситница. Лавовите секогаш се ставаат себеси на прво место и тоа со текот на времето станува вистински проблем. Не ги признаваат своите грешки, а покрај тоа се склони кон флертување, па партнерот покрај нив не се чувствува баш сигурно.rn

    Девица

    rnСрамежливите девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер не знае што всушност тие чувствуваат. Живеењето со девица може да биде многу напорно бидејќи тие се премногу критични и секогаш знаат да најдат мана во сè. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во малите, обични работи, кои го прават животот совршен. Нивната опседнатост со чистотата и здравјето, знае да иритира.rn

    Вага

    rnЉубовниот живот на вагите знае да биде хаотичен, бидејќи честопати одбираат погрешни партнери, кои не се добра основа за врска. Кога се во врска, се многу неодлучни и постојано размислуваат дали нивниот партнер е оној вистинскиот. Освен тоа, претставниците на овој знак се многу склони и на флерт. Не сакаат да се расправаат, па го кажуваат она што нивниот партнер сака да го чуе, што може да постане проблем, бидејќи искреноста е темел на секоја успешна врска.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите секогаш тежнеат да одат на сѐ или ништо, па не е лесно да се следи нивниот чекор. Во врските стануваат љубоморни и посесивни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа многу се таинствени, па љубената личност секогаш се чувствува како скорпијата нешто да крие од нив и не е потполно искрена. Скорпиите се злопамтила кои никогаш не простуваат сосема, а ситните кавги редовни ги претвораат во долготрајни караници, исполнети со обвинувања и обиди за емоционална манипулација.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се честопати нечувствителни и невнимателни, па ги повредуваат чувствата на нивниот партнер, а не се ни свесни за тоа. Живеат за возбуда и акција и затоа сѐ им досадува брзо. Нивниот партнер се чувствува како да мора постојано да биде интересен, што му создава голем притисок. Најголемиот проблем во љубовните врски на стрелецот, е неговата потреба да има потполна слобода и свој посебен социјален живот, а тоа секако не им одговара на многу негови партнери.rn

    Јарец

    rnЈарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне потполна доверба во неговиот партнер, а тоа е многу долготраен процес, поради што неговиот партнер ќе се исфрустрира. Во ниеден случај не е лесно да се живее со меланхолична личност која се грижи за секоја ситница, а неговиот песимизам се пренесува и на околината. На јарците им недостасува спонтаност, тие се многу оптоварени со нивната работа, поради што животот со претставник на овој знак, станува монотон.rn

    Водолија

    rnПотребата на водолијата за слобода и индивидуалност може да биде исцрпувачка за нејзиниот партнер, кој понекогаш се чувствува дека сите други луѓе на светот ѝ се поважни од него/неа. Богатиот друштвен живот на водолијата, ги прави многу нејзини партнери љубоморни. Во некои случаи недостатокот од интимност и романтика може да доведе до оддалечување на партнерите. Воедно, љубената личност секогаш знае што водолијата мисли, но не знае што чувствува, бидејќи таа избегнува да зборува за емоции.rn

    Риби

    rnРибите живеат во свој свет и честопати го идеализираат нивниот партнер, но нивните нереални очекувања е навистина тешко да се задоволат. Честопати се впуштаат во врски со личности кои не ги заслужуваат или личности кои имаат тајни љубовни врски настрана. Обично имаат комплициран љубовен живот, а поради нивната пожртвуваност спремни да се трпат многу, а тоа нивните партнери често ги искористуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтичен хороскоп

    Романтичен хороскоп

    После една година, Кафе пауза повторно ве изненадува со комбинации од вашата омилена категорија – астрологијата. Овој пат темата е жешка – љубов, секс и романтика!rnrnАстрологијата открива фасцинантни факти за вашата сексуалност и за вашата романтична компатибилност со некоја друга личност. Кои се вашите романтични потреби и сексуални нагони? Кои се потребите на вашиот партнер? Како да дознаете дали тој или таа ве смета за привлечни?rnrnХороскопскиот знак открива многу за сексуалната енергија којашто ја поседува една личност, а романтичните комбинации кои со задоволство ви ги подготвивме, ќе ви кажат како таа се сложува со енергијата на посебната личност во вашиот живот, која ви го скокотка срцето. Споредете ја вашата, со енергијата на потенцијалниот партнер и дознајте дали вашата љубов ќе процвета или ќе наиде на препреки. Блокадата во вашите енергии, најчесто не резултира ни со добар сексуален живот.rnrnКликнете на сликава за да започнете со читање на вашата романтична компатибилност со некои од вашите пријатели на Фејсбук.Романтичен хороскопrnrnПритиснете „старт“ а потоа одберете го вашиот партнер од паѓачкото мени, со впишување на името во пребарувачот или со клик врз неговата или нејзината профил слика. Доколку ви се отвори календар, ќе треба да го одберете датумот и месецот на раѓање на партнерот.rnrnКомбинацијата не е јавна! Ја читате само вие, а доколку сепак сакате да го известите вашиот партнер, со притискање на копчето „извести“ ќе му/ѝ испратите лично известување за вашата романтична компатибилност. Од друга страна, со копчето „сподели“ не им откривате ништо на вашите Фејсбук пријатели, освен дека сте си читале некаков приватен романтичен хороскоп. Со копчето „покани“, можете да им испратите покани на вашите пријатели да се забавуваат и тие, правејќи си астролошки комбинации, а на копчето „нова комбинација“, можете да ја проверите вашата романтична магија со некој друг/а партнер/ка.rnrnТимот на кафе пауза им се заблагодарува на авторите Симона Ристоска, Моника Трајковска, Петар Тодоровски и Александра Чакаровска, за помошта при пишувањето на огромниот број хороскопски комбинации. :)rnrnФала и на „ИМ“ кои беа многу трпеливи со нас при изработката на апликацијата.rnrnЗа да се засладите со овој интересен хороскоп, ви нудиме само мал дел од жешките информации кои се скриени во овие многубројни астролошки комбинации:rn
    rn

    „Оваа комбинација е врвно страсна, интензивна и емоционална. Уште на првиот состанок, овие двајца најверојатно почувствувале неверојатно моќна и мистериозна телепатска врска. Додека водат љубов, овие двајца се чувствуваат како да се на друга планета. Тие се ставаат во еден хипнотичен транс додека имаат секс“. (маж-риби + жена-скорпија)

    rn

    „Нивниот секс може двајцата да ги трансформира, а нивната љубов ќе им го одзеде здивот. Бавниот и привлечен сексуален танц во кој можат да уживаат мажот и жената бик, е неверојатен.rnrnТие уживаат во раскошни, луксузни работи, но секогаш се и спремни напорно да работат за да си ги овозможат. Перфектниот љубовен состанок според нив вклучува масажа, јадење вкусни чоколатца во кревет и задоволување еден со друг, цела вечер!“ (жена-бик и маж-бик)

    rn

    „Овие двајца честопати ќе се чувствуваат несигурно и збунето во врската, но едно е сигурно – во сексот ќе бидат бестрашни, смели, драматични и максимално возбудени. Мажот-лав ќе обожува да ѝ се покажува и докажува на неговата дама во кревет, а таа за возврат ќе му ја подари сета нејзина нежност и ќе му покаже внимание, додека тој го изведува неговиот сексуален перформанс“. (маж-лав и жена-рак)

    rnА колку потенцијал за романтика имаат вашите хороскопските знаци? Притиснете СТАРТ и дознајте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“

    Незаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“

    Секогаш своја и единствена, Саманта знаеше да нè насмее до солзи со своите сурово-искрени зборови за љубовта, врските, сексот. Нејзините изреки од хит серијата „Сексот и градот“, ја направија Саманта Џонс, улога играна од страна на Ким Картал, вистинска легенда. Ова се дел од најдобрите изјави на Саманта.rnrnНезаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“
    rn

    Здраво, моето име е Саманта и јас сум зависник од љубов.

    rn

    Кери: Проклетство! Зошто таа девојка не ме остава на мира?rnrnСаманта: Заборави на тоа. Ако јас се грижев што секоја кучка во Њујорк мисли за мене, никогаш не ќе излезев од дома.

    rn

    Душо, толку гледаш наназад, што ти е потребен ретровизор за врски.

    rn

    Мажите изневеруваат од иста причина поради која кучињата си ги лижат тестисите, затоа што можат!

    rn

    Сексот со бившиот може да биде депресивен. Ако е добар, го немаш веќе. Ако е лош, само што имаше секс со бившиот!

    rn

    Парите се моќ. Сексот е моќ. Затоа, земање пари за секс е едноставно размена на моќ.

    rn

    Шарлот: Миранда роди момче!rnrnСаманта: Баш тоа што му требаше на светов, уште еден маж!

    rn

    Шарлот: Не ми се верува дека зеде екстази од непознат!rnrnСаманта: Не беше непознат, тоа беше другар на другарот Боби на другар ми Боби!rnrnМиранда: Ок, во тој случај е безбедно!

    rn

    Кери: Велиш дека не би излегла со маж кој живее со своето семејство?rnrnСаманта: Па… можеби со принцот Вилијам.

    rnНезаборавни изјави на Саманта од хит серијата „Сексот и градот“
    rn

    Вие фантазирате за маж со апартман на Парк Авенју и јако портфолио на берзата… Јас за пожарникар со добро, убаво црево.

    rn

    Шарлот: Саманта, сè оди толку добро!rnrnСаманта: Да, јас, Џејмс, и неговиот малечок пенис сме едно големо, среќно семејство.

    rn

    Ти за малку ќе мастурбираше, него за малку ќе му се кренеше, заедно за малку ќе имавте секс.

    rn

    Маж во бар: Може да ти купам пијалак?rnrnСаманта: Имам, благодарам.rnrnМаж во бар: Може да ти купам остров?rnrnСаманта: Не знам, можеш?

    rn

    Ало, пожарна? Горам.

    rn

    Дечкото може лесно да те остави и ако сте спиеле на првиот состанок, и ако сте чекале до десеттиот.

    rn

    Шарлот: Би откачила момче поради тоа што се бакнува лошо?rnrnСаманта: Мораш! Ако неговиот јазик само стои така, што мислиш, што ќе прави неговиот пенис?

    rn

    Саманта (во врска со сексот пред брак): Пред да купиш кола, ја носиш на пробно возење.

    rn

    Од лично искуство. Ако изгледа предобро за да биде вистина, тогаш веројатно е!


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот

    Цитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот

    Од Лејди Гага до Стив Мартин, еве што имаат да кажат славните за љубовта, врските, состаноците, сексот… Ова се провокативни, искрени и шеговити цитати на познатите личности.rn
    rn

    „Не ми треба спална соба за да ја докажам мојата женственост. Можам да пренесам сексуална енергија и додека берам јаболка или стојам на дождот.“Одри Хепберн

    rn

    „Ако лежите во кревет со некој кој не ве третира како божица, треба да се преиспитате дали тој е оној што го сакате и ви е потребен.“ – Лејди Гага

    rnЦитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот
    rn

    „Жената не доживува оргазам од рибање на кујнскиот под.“ – Бети Фридан

    rn

    „Најдобриот секс што некогаш сум го имала беше со мојот вибратор.“ – Ева Лонгорија

    rnЦитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот
    rnrn

    „Заборавете на клиники и фитнес сали. Сексот е најдобро решение. Една ноќ со добар секс и сите ваши проблеми се решени.“ – Грејс Џонс

    rn

    „Сексот е како бриџ. Ако немаш добар партнер, подобро да имаш добра рака.“ – Вуди Ален

    rnЦитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот
    rnrn

    „Мислам дека сум паметна, освен кога сум навистина вљубена. Тогаш сум смешно глупава.“ – Тејлор Свифт

    rn

    „Бисексуалноста ви ги дуплира шансите да си најдете некој во сабота навечер.“ – Родни Дејнџерфилд

    rn

    „Според едно истражување, жените се послободни кога се соблекуваат пред маж отколку пред жена. Велат дека жените се премногу критични, а мажите едноставно се благодарни.“ – Роберт Де Ниро

    rnЦитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот
    rnrn

    „Мојата девојка секогаш се смее за време на секс, без разлика што и да чита.“ – Стив Џобс

    rn

    „Не се смета за предбрачен секс, ако не си во план да стапиш во брак.“ – Џорџ Брнс

    rn

    „На жените им треба причина за да имаат секс, а на мажите само место.“ – Били Кристал

    rn

    „Жените можат да изглумат оргазам, ама мажите можат да изглумат врска.“ – Шерон Стоун

    rnЦитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот
    rnrn

    „Сексот е едно исполнувачко, убаво и природно искуство, кое се купува со пари.“ – Стив Мартин

    rn

    „Толку долго помина откако сум имал секс, што заборавив кој кого треба да врзе.“ – Џоан Риверс

    rn

    „Се облекувам за жени, се соблекувам за мажи.“ – Енџи Дикинсон

    rnЦитати на познатите личности за љубовта, врските и сексот
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    Многу работи во животот можат да нè поучат на нешто. Исклучок не се романтичните филмови. Можеби во многу од нив ќе препознаеме плиткости или клише сцени, сепак, од нив можеме и да извлечеме поуки и лекции. Еве на што нè учат некои од нив.rnrnЉубовни поуки од најпознатите романтични филмовиrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Sex and The City: Научете да се сакате себеси

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Откако Кери беше оставена пред олтарот, таа доби време за себе. Си го реновираше станот, стекна нови пријателства, дури проба и нов имиџ. Не потценувајте го статусот сингл! Секоја девојка мора да научи да се сака себеси и да го цени времето кое го има за себе, а не да биде зависна од некој покрај себе. Понекогаш токму она што ни треба е да бидеме сами. Имаме време да размислиме за себе, за својот живот и за тоа што точно сакаме од него. Потоа зрело можеме да влеземе во врска со многу повеќе сигурност и самодоверба.
    rn

    What’s your Number?: Вистинскиот е во вашата иднина, не во вашето минато

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Али ја отвори својата „црна книга“ и почна да ги прелистува врските од минатото. Лекцијата од овој филм е да не го правите тоа! Преиспитувањето на грешките и случките од минатото не може да донесе добро за сегашноста или иднината. Дури и кога ќе пробате да обновите врска од минатото, по извесен период ќе ви стане јасно зошто еднаш таа врска завршила. Вистинскиот не е во минатото, него ќе го најдете во новите искуства и времето што допрва доаѓа.
    rn

    Crazy, Stupid, Love: Никогаш не дозволувајте искрата да згасне

    rn

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    rn

    Кога бракот на Емили и Кал се распадна, Кал не се откажа. По времето поминато во жалење и напор да го преболи распаднатиот брак, тој се врати во игра откако сфати дека вреди да се бори. Најважно е да се оживее искрата која на некој начин згаснала со тек на време. Она што Кал го направи е повторно организирање на „прв“ состанок. Почувствувајте се како да сте на самиот почеток и „разработете ги“ пеперутките во стомакот. Повторно почувствувајте возбуда и желба еден за друг. Пробајте повторно да ги оживеете најубавите моменти од минатото.
    rn

    Ruby Sparks: Прифатете ги луѓето такви какви што се

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Младиот писател во овој филм има прекрасна девојка покрај себе. Но, кога работите ќе тргнат надолу тој пробува да го направи нејзиниот карактер по негова „мерка“. Наместо да пробуваме да ги промениме луѓето, треба да ги прифатиме како несовршени и да ги исправиме грешките во реалниот живот, наместо во нашата фантазија. Вистинскиот живот носи реални проблеми и луѓе кои се природни и несовршени. Со нив не можеме да манипулираме, само треба да пробаме да ги прифатиме такви какви што се необидувајќи се да ги промениме.
    rn

    Breakfast at Tiffany’s: Срушете ги ѕидовите и ќе ја најдете љубовта

    rn

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    rn

    Секој бил повреден и разочаран. Тоа неретко ги поттикнува луѓето да изградат ѕид околу себе, пробувајќи да се заштитат од повторно кршење на срцето. Работата е во тоа што ако го изградите тој ѕид и го направите непробивлив, вистинската љубов никогаш нема да допре до вас. Во ред е некогаш да ги срушите ѕидовите и да се изложите себеси, макар биле и повредени на крај. Она што мора да го направите е да пробате и да знаете да се носите со што и да се случи во иднина.
    rn

    Hitch: Во ред е да побарате помош од страна

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Секако дека треба да се грижите за својата приватност и да не се изложувате себеси и својата интима. Но, на сите понекогаш ни е потребна помош. Постојат луѓе кои навистина би ви помогнале доколку се одлучите за професионална помош. Во овој случај, станува збор за докторот за љубов, Вил Смит. Филмот не само што ќе ве насмее, туку ќе ве научи дека некогаш е добро да се осврнете кон некој кој ја гледа ситуацијата однадвор и може да ви понуди јасна преспектива за работите.
    rn

    The Notebook: Само затоа што не е љубов на прв поглед, не значи дека не би било ништо во иднина

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Всушност, дали постои љубов на прв поглед? Нели љубовта настапува откако ќе ја запознаете личноста и ќе се осигурате дека може да се носите со нејзините маани? Али првиот пат го одби Ноа, без воопшто да помисли дека тој во иднина би бил нејзината голема љубов. Но, погодете што? Вреди да им се даде шанса на луѓето без предвреме да бидат осудувани. Којзнае што носи иднината?
    rn

    The Ugly Truth: Најдете некој кој ќе ве сака такви какви што сте

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Едно е да сакате да бидете средени и убави, но сосема друго е да се трудите да бидете нешто што не сте, сè со цел да исполните нечија фантазија. Извештачувањето на својот карактер може да биде навистина исцрпувачко, а и таа игра со маски кога-тогаш ќе заврши. Најудобен и најсреќен живот ќе живеете покрај некој кој ве прифатил такви какви што сте.
    rn

    Love Actually: Љубовта нема рок на траење

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Овој филм нагласува дека љубовта нема рок на траење и временски граници. Може да се случи секогаш, во секое време или место и на секоја возраст. Само треба да верувате и себеси да си дадете шанса за да ја искусите. Никогаш не знаете кога ќе ја сретнете вашата голема љубов.
    rn

    He’s Just Not That Into You: Љубовта може да ви биде пред нос и да не ја видите

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Со љубовта никогаш не се знае. Можеби тој кој цело време бил пред вашиот нос, можеби пријател со кого се дружите со години, е вистинскиот за вас. Едноставно никогаш не се знае.
    rn

    Bridesmaids: Цени се себеси

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Врската со лошо момче носи возбуда и адреналин. Но ако некој не ве цени доволно, зошто би дозволиле да бидете потценети? Крајно време е да ја завршите врската со некој кој ве  прави да се чувствувате лошо. Зошто би дозволиле да бидете искористувани? Зошто би преценувале некој кој воопшто не ве цени вас?
    rn

    The Five-Year Engagement: Не откажувате се од нешто што навистина го сакате

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Вајолет и Том имаат прекрасна врска која се одлучуваат да ја крунисаат со брак. По нивната свршувачка, тие ја одложуваат свадбата пробувајќи да доведат некој ред и да си ги средат работите. Тогаш нештата се влошуваат и тие се разделуваат. Сепак, како што времето поминува, тие сфаќаат дека се еден за друг. Да, нештата можат да бидат прилично лоши понекогаш, но целата работа со љубовта е тоа што треба заедно да се пребродат лошите моменти.

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата открива зошто сте сѐ уште сингл

    Астрологијата открива зошто сте сѐ уште сингл

    Што е тоа што прави постојано да се навраќате на вашиот сингл статус? Не дека е невозможно вас некој да ве сака и вие сигурно ќе ја пронајдете таа специјална личност еден ден. Но, секој хороскопски знак има природни карактерни пречки, поради кои остануваме сами подолго време одошто сакаме. Прочитајте дали самите си го попречувате патот кон пронаоѓање на љубовта.rnrnАстрологијата открива зошто сте сѐ уште синглrn

    Овен

    rnСамобендисаната природа на овенот, свири како сирена на почетокот од љубовната врска и сигнализира дека родените во овој знак знаат да бидат доста напорни. Овните мораат да го смират нивното его и ставот дека тие се секогаш најбитни, како и повремено да постигнуваат компромис со партнерот, доколку сакаат нивната врска да успее.rn

    Бик

    rnНемојте да мислите дека партнерот ќе ви остане лојален доколку престанете да се грижите за вашиот надворешен изглед или ако станете премногу мрзливи и не се трудите да ја распалите романсата. Тврдоглавите бикови исто така имаат тенденција да држат лутина долго време и дозволуваат гневот и бесот да им растат, доколку истата кавга се случува повеќе пати.rn

    Близнаци

    rnДоколку изневерувањето го сметате како најнормална навика во вашите љубовни врски, тогаш веројатно сте типичен близнак. Врската со близнак може да биде многу збунувачка за неговиот или нејзиниот партнер, доколку тој премногу често го менува неговиот карактер од крајност во крајност. Тоа ќе предизвика партнерот/ката да избега од близнакот колку што може побрзо и подалеку.rn

    Рак

    rnРаковите ризикуваат со тоа што можат прерано во врската да почнат да спомнуваат „страшни“ теми како брак и деца. Раковите имаат тенденција да бидат премногу наметливи, правејќи нивните партнери да се чувствуваат задушено, неудобно и да сакаат да се повлечат од врската.rn

    Лав

    rnКако лав, вие се расправате со вашиот љубовен партнер, бидејќи сте грижливи. Но, доколку партнерот се чувствува збунето, може да помисли дека лавот постојано стартува караници, кои можат навистина да истоштуваат. Лавот може да остане сингл, доколку победувањето на личните битки, му е поважно од освојувањето нечие туѓо срце.rn

    Девица

    rnТаа прекрасна личност која посакувате да ве повика на состанок, може воопшто да не ни знае дека вие сте заинтересирани за неа, бидејќи девиците се многу срамежливи. Исто така, девиците имаат тенденција да се откажуваат пребрзо од потенцијалните партнери и да не дигнат повеќе телефон, дури и ако најмал, реален или замислен детаљ од состанокот, тргнал на лошо.rn

    Вага

    rnЉубовниот живот на вагите може да биде катастрофален, доколку тој или таа постојано одбира партнери, кои се „скршени“ и им треба „поправка“. Всушност вагите честопати потсвесно бараат луѓе кои се лоши за нив, што подоцна им влијае и самите да станат манипулативни и лажливи. Поради ова, вагите паѓаат во сопствената стапица, бидејќи луѓето кои ги избираат, ги вадат на површина нивните лоши особини.rn

    Скорпија

    rnШармантно зајадливата скорпија, може да стане големо буцкало во врската, што може да предизвика прекин на истата. Скорпијата честопати има провоцирачки став „сѐ или ништо“, кој ги одбива нејзините или неговите потенцијални партнери. Некои скорпии сакаат сите работи во врската да ги држат под контрола, што исто така предизвикува партнерите да кренат раце.rn

    Стрелец

    rnДали можеби вашите стандарди за партнер се превисоки? Ако одговорот е да, вие сигурно сте стрелец во хороскоп. Се разбира, вие го заслужувате најдоброто и не сакате да се сложите на каков било партнер. Но, размислувањето дека никој не е доволно добар за вас, не е воопшто атрактивно и со таквиот став ја одбивте потенцијалната љубов во вашиот живот.rn

    Јарец

    rnЈарците знаат да бидат многу резервирани, емотивно отсутни, па дури и љубоморни додека да стекнат целосна доверба во партнерот, за што пак може да им биде потребно многу време. Неговиот или нејзиниот љубовник, може многу лесно да се фрустрира и да му здодее јарецот, пред да се заинтересира за традиционалните вредности кои тој ги поседува.rn

    Водолија

    rnВодолиите имаат став за сѐ и не се ни обидуваат да ја сокријат својата ексцентрична природа. Таквата особина дефинитивно може да биде слатка на почетокот од врската, но постојаните конфликти од кои водолијата не сака да отстапи, стануваат премногу деструктивни со тек на време.rn

    Риби

    rnДали сѐ уште мечтаете за повторно обединување со вашиот бивш партнер? Тогаш веројатно сте риба, која поради својата пожртвувана природа си создава голема огорченост во себе. Рибите дури и не би прекинале врска во која не им е убаво. Тие имаат тенденција да одбираат партнер кој ја злоупотребува нивната добродушност, а тоа ги предизвикува рибите постојано да се враќаат на нивниот сингл живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

    Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

    Сите сакаме добра љубовна приказна. Телевизиските серии и филмови се преполни со нив, но само мал дел можат да се наречат епска романса, посебни љубовни врски или страствени флертувања. Погледнете дел од најдобрите љубовни приказни кои во последнава декада сме имале можност да ги видиме на малите екрани…rn
    rn

    1. Нејтан и Хејли – Три Хил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСекогаш и засекогаш. Овие зборови ќе се поврзуваат со Хејли до крајот. „One Tree Hill“ беше во основата приказна за љубовта. Љубовта за кошарката. Љубовта за музиката. Љубовта за пријателите. Љубовта за фамилијата. И најважно од сè, за вистинската љубов помеѓу Нејтан Скот и Хејли Џејмс.rn
    rn

    2. Кери и Фацата – Сексот и градот

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеКери имаше масовна парада на машки додворувачи, но оној на кој секогаш му се враќаше е Фацата. Тој беше, на многу начини, човечкото олицетворение на вистинската љубов на Кери, градот Њујорк.rn
    rn

    3. Дерек и Мередит – Вовед во анатомија

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДо нивниот почеток тие поминаа бурен пат, но сепак кој може да одолее на куќа изградена од свеќи? И покрај тоа што не секогаш добро се согласуваа, Мер-Дер уште од самиот старт беа судени еден за друг.rn
    rn

    4. Питер и Оливија – На работ

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСправувајќи се со злобни двојници од друга димензија, променети временски линии кои целосно го избришаа неговото постоење и пат до иднината, Питер и Оливија во „Fringe“ секогаш успеваа да се пронајдат еден со друг. Станува збор за љубов која ги надминува сите познати физички закони во универзумот.rn
    rn

    5. Маршал и Лили – Како ја запознав мајка ви

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДоколку можете да избирате да бидете пријатели со кој било ТВ пар, без сомнение ќе ги изберете овие двајца. Тие се доказ дека една здрава и функционална врска може да биде забавна. Нивната совршена смисла за хумор им помага да им е интересно еден со друг, како што би требало да му биде на секој добар пар.rn
    rn

    6. Робин и Барни – Како ја запознав мајка ви

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеИ покрај многуте обиди да бидат само пријатели, тие постојано се навраќаа еден на друг. Брилијантната последна страна од книгата на игрите на Барни, наречена „The Robin“ конечно успеа да доведе до нешто подлабоко и посериозно помеѓу нив.rn
    rn

    7. Чак и Блер – Озборувачка

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДали некогаш порано два лика биле толку совршени еден за друг? Ова подло дуо може да прави заговори и да манипулира со секој, а нивните психолошки игри беа како предигра до судената љубов.rn
    rn

    8. Лукас и Пејтон – Три Хил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОд моментот кога таа влезе во неговата кола во првата епизода, се роди наследството Лејтон. Потоа веќе никој и ништо не можеше да ги спречи. Всушност, тој дури напиша и книга, „The Comet“ во која ја опиша нивната бескрајна љубов.rn
    rn

    9. Касл и Бекет – Касл

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериите4-годишните задевања помеѓу нив беа неодоливи и во тоа време тие станаа толку блиски што би направиле и би ризикувале сè еден за друг. За среќа, тие конечно се предадоа на своите чувства, бидејќи Бекет знае дека тој секогаш ќе биде тука за неа. Секогаш…rn
    rn

    10. Бут и Бренан – Коски

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТие флертуваа со години сè додека конечно не потклекнаа на неизбежното, фрлајќи ја безбедноста низ „прозор“, имајќи заедно бебе и потоа учејќи како да живеат еден со друг. Тоа беше долг пат кој дефинитивно вредеше.rn
    rn

    11. Сидни и Вон – Алијас

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНе беше лесно за овие два супер-шпиони да успеат со нивната врска, посебно покрај лошите родители, владините заговори, античките пророштва, нејзиното прогласување за мртва и неговото лажирање на смртта. Но, некако тие успеаа да поминат преку сè.rn
    rn

    12. Сузан и Мајк – Очајни домаќинки

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеПриказната започна со обидот на Сузан да го освои „жешкиот“ водоводџија и ниту една пречка од сапуницата не беше во можност да ги раздели. Тие беа заедно, сè додека насилниот завршеток не ги „разнесе“ на сите страни.rn
    rn

    13. Џулс и Грејсон – Градот на пумите

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНикој не очекуваше дека шоу наречено „Cougar Town“ може да еволуира во слатка и романтична комедија, но сепак ние успеавме да видиме како љубителката на вино Џулс и покрај сите негови маани успеа да го прифати Грејсон.rn
    rn

    14. Лоис и Кларк – Смолвил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОва е најголемата љубовна приказна во светот на стриповите, па кога Кларк се појави на малите екрани, беше само прашање на време до појавата на Лоис. Беше потребно долго време, но сепак приказната стигна до забавната гледна точка на двајца новинари кои се заљубуваат додека ги „бркаат“ своите вести.rn
    rn

    15. Дејмон и Елена – Вампирски дневници

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДа, Стефан е добриот тип, но приказната за Дејмон и Елена е многу поинтересна. Тој прв ја запозна, но беше приморан да ја заборави. Бидејќи нивната романса е забранета, тој постојано се однесува премногу кул за да се грижи за такви нешта, но ние знаеме дека тоа не е вистина. Нежната страна на Дејмон постојано надѕирнува и кога ќе се појави, ни покажува колку неверојатно сложена е нивната љубовна приказна.rn
    rn

    16. Шон и Џулиет – Видовитиот

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОваа љубовна приказна е повеќе за смирувањето на девојката отколку за што било друго, додека разиграната будалштина на Шон ја освои Џулиет која веќе не може да одолее на неговиот шарм.rn
    rn

    17. Ленард и Пени – Теоријата за Биг Бенг

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеБубалицата ја освои згодната девојка отспротива. Сите неизбежни проблеми се таму, но тешкиот пат до среќата е она што ја прави оваа приказна толку добра.rn
    rn

    18. Хаус и Кади – Доктор Хаус

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеЕдинствената жена која може да се справи со доктор Хаус е Кади. Тие имаа уникатен однос сè додека конечно не влегоа во љубовна врска. Но, за жал ни таа не можеше да се натпреварува со неговата прва љубов, Викодинот.rn
    rn

    19. Овен и Кристина – Вовед во анатомија

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНивната врска беше комплицирана и сурова сè додека се бореа да го надминат пострауматскиот стрес на Овен. Нивната приказна е прекрасно обликувана околу два сериозно скршени ликови кои се обидуваат, не успеваат и повторно се обидуваат да се спојат еден со друг.rn
    rn

    20. Рејчел и Фин – Гли

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТинејџерската романса е секогаш полна со драма и тоа дефинитивно е случај и со овие двајца кои мораа да поминат низ голем број  пречки и ликови кои се обидуваат да застанат помеѓу нив. Но и покрај лошото раскинување, сите ние знаеме дека тие на крајот повторно ќе бидат заедно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што научивме за љубовта во 2012 година?

    Што научивме за љубовта во 2012 година?

    За годината која изминува може да се каже дека е година која ја одбележаа разни истражувања, иновации и трендови. Ова се најинтересните резултати добиени од овогодишните студии поврзани со љубовта и сексот. Што научивме за љубовта во 2012 година?rn

    40% од луѓето ја користат музиката за разменување нежни допири за време на сексот

    rnНајдобриот додаток на секоја спална соба е музичката колекција. Според едно истражување на шведскиот музички сервис Spotify, 40% од луѓето сметаат дека слушањето музика го поттикнува разменувањето на нежни допири за време на сексот.rn
    rn

    12% од мажите не го паметат роденденот на нивните сопруги

    rnБританската компанија за здравје и убавина Superdrug спроведе анкета според која 12% од мажите не ги знаат или не ги паметат родендените на нивните сопруги. Истата анкета покажа и дека 11,39% од мажите не знаат кој број на градник носат нивните сопруги, а 23% не се сигурни за точната големина на фустаните кои жените ги посакуваат.rn
    rn

    19% од жените кои имале предбрачни сомнежи се развеле во рок од 4 години

    rnИстражувањето спроведено од страна на УКЛА потврдило дека идните младоженци мора да го сфатат бракот посериозно. Имено, 47% од мажите и 38% од жените признале дека имаат одредени сомнежи во врска со бракот. Околу половина од испитаничките се развеле по 4 години брачен живот. Што научивме за љубовта во 2012 година?rn

    50-годишните преферираат заеднички живот наместо брак

    rnБројот на личности постари од 50 години кои се одлучуваат за заеднички живот наместо за брак е во пораст. До ваков заклучок дојде американското Списание за брак и семејство. Заедничкот живот на паровите кои учествувале во истражувањето траел околу 8 години и само 18% од нив се разделиле.rn
    rn

    Среќата започнува на 33 години

    rnБританската социјална мрежа Friends Reunited ве советува да не ја барате среќата во 20-тите години затоа што таа доаѓа подоцна. Вистинската среќа започнува на 33 години. На ова се согласија 70% од анкетираните постари од 40 години.rn
    rn

    45% од жените се чувствуваат попривлечни после секс

    rnОдредени истражувања спроведени на оваа тема покажаа дека високи 93% од жените се физички задоволни од себе, 67% се повесели, додека 45% се чувствуваат попривлечни по водење љубов. Што научивме за љубовта во 2012 година?rn

    Најновото средство за контрацепција ќе трае 10 години

    rnНаучниците започнаа со клинички испитувања на најновото средство за контрацепција кое може да трае до 10 години. Превентивниот серум се инјектира во машкиот полов орган, а целата постапка трае околу 15 минути. Сепак, овој вид на контрацепција нема да биде достапен сè до 2015 година.rn
    rn

    Хиперсексуалните личности менуваат просечно по 15 партнери годишно

    rnПод хиперсексуални личности се подразбираат личности кои се зависници од секс. До оваа дефиниција експертите од УКЛА кои, исто така, утврдија дека хиперсексуалните личности имаат во просек по 15 партнери годишно.rn
    rn

    25% од мажите ќе се оженат дури и ако нема љубовни искри меѓу партнерите

    rnАнкетата што ја спроведе сајтот Match.com покажа дека 25% од мажите ќе се согласат на брак дури и ако воопшто не почувствуваат љубовни искри. Што научивме за љубовта во 2012 година?rn

    Девојките сакаат лоши момци 7 дена во месецот

    rnТексашкиот универзитет во Сан Антонио направи истражување според кое постојат одередени 7 дена во месецот кога девојките сакаат лоши момци. Ова се случува кога девојките се во период на овулација и се залажуваат дека лошите момци еден ден ќе станат посветени партнери.rn
    rn

    40% од студент(к)ите се состануваат со нивните поранешни партнер(к)и

    rnИако ова може да биде примамливо за обновување на старата романса, Универзитетот во Канзас направи истражување во кое учествуваа парови кои раскинувале и повторно биле заедно. Истражувањето покажало дека 40% од студентите се склони кон вакви врски, но и дека оние кои повторно биле заедно имале полош меѓусебен однос, биле понезадоволни и понесигурни.rn
    rn

    46% од мажите сакаат да започнат заеднички живот со партнерката по една година состанување

    rnИстражувањето кое било спроведено на оваа тема покажа дека мажите се поподготвени за заеднички живот, за разлика од жените. 46% од нив сакаат да живеат заедно со својата партнерка по една година состанување, во споредба со 26% од жените кои би се одлучиле на ваков чекор. Што научивме за љубовта во 2012 година?rn

    46% од жените би се помириле со изневерувањето

    rnУште еден сајт оваа година спроведе истражување во врска со љубовта и изневерувањето. OurTime.com дојде до изненадувачки резултати според кои 46% од жените би се помириле со мажот доколку дознаат дека биле изневерени. Кај мажите оваа бројка изнесува 37%.rn
    rn

    На 25% од луѓето им е здодевно во врската

    rnВеб-сајтот Good in Bed спроведе анкета која покажа дека 25% од луѓето кои се во врска чувствуваат здодевност, а уште 25% се на работ на здодевноста. Затоа пак, 58% изјавиле дека би сакале да пробаат нешто ново во спалната соба. Што научивме за љубовта во 2012 година?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Навики кои ѝ штетат на врската

    Навики кои ѝ штетат на врската

    Понекогаш и најситните потези може да ја саботираат врската. Малите нешта кои се акумулираат со текот на времето може да создадат големо растојание помеѓу партнерите. Овие мали и навидум безопасни навики може да прераснат во поголеми проблеми и да ја уништат врската.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Го одбирате мобилниот телефон наместо бакнеж за добра ноќ

    rnМногумина од нас се зависници од модерната технологија, но светот нема да заврши ако не ја проверите електронската пошта пред спиење. Можно е да го користите мобилниот телефон како одвраќање од врската. Од друга страна, важноста на бакнежот за добра ноќ е поголема отколку што мислите. Овој бакнеж е израз на интимност и со него испраќате порака дека вашето момче ви е на прво место. Бакнежот за добра ноќ помага при создавање на цврста врска во која постои взаемна поддршка.rn

    Го проверувате профилот на вашето поранешно момче на Фејсбук

    rnНормално е сè уште да ве интересира поранешното момче, но ако постојано го следите на Фејсбук, тоа би можело да значи дека се обидувате да задоволите одредена интимна потреба поради која не сте задоволни од вашето сегашно момче. Не заборавајте дека во ваква ситуација секогаш постои голема шанса да бидете откриени. Врската со вашето поранешно момче завршила со причина, па наместо да трошите време проверувајќи го неговиот профил на Фејсбук, поминете повеќе време подобрувајќи го односот со вашето сегашно момче.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Ја губите смислата за хумор

    rnДоколку живеете заедно со партнерот, многу лесно може од љубовници да се претворите во цимери и времето да го трошите на логичниот дел од врската, наместо да уживате во неа. Најдете начин да бидете забавни. Играјте игри, дури и ако тоа вклучува прифаќање на предизвици. Хуморот ја менува перспективата и ни помага од критични да станеме креативни, што е повеќе од потребно за една здрава врска.rn

    Заборавате да бидете благодарни

    rnКолку пати сте му префрлиле дека тој треба да ви биде благодарен за сите работи кои вие ги вршите? А колку пати тој завршил некоја задача за која вие сте заборавиле да му се заблагодарите? Мажите сакаат да бидат ценети за она што го прават. Искажете ја вашата благодарност и тој ќе ве направи да бидете уште посреќни.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Енергијата ја трошите на негативни личности

    rnБез разлика дали се работи само за еден „токсичен“ пријател или група негативни личности, обидете се со едноставни потези да се ослободите од нив и насочете ја енергијата кон вашето момче. Понекогаш е невозможно целосно да се изолирате од ваквите личности, но затоа може да го ограничите времето поминато со нив. Колку полесно се справувате со стресот надвор од вашата врска, толку повеќе ентузијазам ќе внесете во неа.rn

    Поминувате премногу слободно време разделени

    rnСоцијализацијата е секогаш добредојдена за секого и нема ништо лошо доколку од време на време излезете без вашето момче. Но, ако слободното време сè помалку го поминувате заедно, тогаш вашата интима почнува да страда и повеќе не можете да функционирате заедно. Излегувајте почесто заедно или ако немате многу слободно време закажувајте состаноци на одредена дата од месецот. Во секој случај, не пропуштајте ја секоја шанса за заедничко дружење надвор од домот.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Имате проблеми со спиењето

    rnВрската може да страда ако имате проблеми со спиењето. Според едно истражување, кога жените страдаат од несоница, забележани се повеќе негативни отколку позитивни односи помеѓу партнерите, што не е случај кога мажите страдаат од несоница. Иако потребата од одмор може да ја саботира врската, покрај секојдневните обврски, спиењето е веројатно на дното на списокот работи кои треба да ги направите. Следниот пат кога ќе почувствувате замор, лизнете се помеѓу чаршафите и брзо ќе ги почувствувате придобивките и за врската и за здравјето.rn

    Зборувате за сè

    rnОтворената комуникација е клучна за врската, но ако често поставувате прашања за кои веројатно не е потребна дискусија, тоа може да стане проблем. Наместо постојано да го прашувате зошто некоја работа ја прави така како што ја прави, обидете се со поинаков пристап. Престанете со здодевното потпрашување и фокусирајте се на корекцијата на вашето однесување.rn

    Лажете во врска со шопингот

    rnМожеби сте наишле на распродажба и сте го надминале буџетот. Ако се обидувате да скриете голем дел од она што сте го купиле само за да избегнете кавга со партнерот, тогаш само го зголемувате растојанието меѓу вас. Секако дека ќе се загрижите да не западнете во неволја, но со лажењето ќе го направите партнерот авторитативен, наместо да постигнете баланс во врската.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.