КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовни врски

  • 3-те најголеми причини поради кои љубовните врски се распаѓаат

    3-те најголеми причини поради кои љубовните врски се распаѓаат

    Како што поминува времето, така бројот на раскинувањата и разводите се зголемува. Сè помалку постојат долготрајни врски, а сè повеќе причини за раскинување. Па, зошто се случува ова? Раскинувањата настануваат поради голем број причини, но изгледа во последно време сите можат да се сместат во следниве 3 категории…rnrn3-те најголеми причини поради кои љубовните врски се распаѓаатrn

    1. Комуникација

    rnНедостатокот на комуникација може да настане од голем број причини. Понекогаш вие едноставно не сакате да го повредите партнерот со негативност, сакате да избегнете конфликт или уште полошо, едноставно не ви доаѓа да ги изразите своите вистински чувства. Но, доколку сакате вашата врска да потрае, без разлика за што станува збор, вие едноставно мора да ги држите каналите за комуникација отворени.rn

    2. Љубов

    rnПонекогаш многу е тешко да ја дефинирате љубовта. Дали станува збор за топло внатрешно чувство? Или пак, за еден вид силина која ја чувствувате во вашиот партнер? Дефиницијата за љубовта варира од човек до човек, но значаен дел од луѓето не сфаќаат дека интензивните чувства кои ги имаат за одредена личност се всушност многу далеку од вистинска љубов. Од онаа љубов која можете да ја забележите помеѓу двајца кои се 50 години заедно. Таа не е нешто што може одеднаш да настане и без никаков труд вечно да се одржува. Вие треба напорно да работите за да ја почувствувате и исто толку напорно да се трудите за да ја одржите.rn

    3. Доверба

    rnВо денешно време многу е лесно да се запознаете со одредена личност и да ја поминете вечерта заедно, без притоа никогаш повторно да се чуете. Ова е толку едноставно за остварување што дури и да сте во врска, доколку правилно одиграте, вашиот партнер никогаш не би можел да ја открие вистината. Токму овие измами кои почнуваат од неверство, со тек на време прераснуваат и во другите области од вашиот заеднички живот, започнувајќи од финансиите, па сè до долготрајните планови. Ова однесување неизбежно води кон распаѓање на врската.

  • 15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

    15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

    Во минатото, паровите си шепотеле слатки љубовни изјави на уво и си праќале љубовни писма преку кои ги искажувале своите најдлабоки чувства. Но, денес имате многу повеќе можности на располагање. Секако, вие сè уште можете му праќате писма или да му шепотите на уво, но исто така можете и да му пратите СМС порака или имејл. Бидејќи комуникацијата е многу олеснета, зошто да не ја искористите во ваша цел? Погледнете ги следниве 15 слатки изјави кои за само неколку секунди можат да ви помогнат да му го освоите срцето…rn

    Соодветни изјави за новите љубовни врски

    rn(1) 15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцетоrn

    1. „Ми се допаѓа тоа што си џентлмен во мое присуство.“

    rnОваа слатка изјава му покажува на вашето момче колку многу го цените неговото однесување кон вас, како и му укажува на фактот дека сакате да продолжите со него.rn

    2. „Ти си многу интересен човек. Знаеш толку многу нешта за скоро сè.“

    rnНикогаш не е на одмет да го зајакнете егото на вашето момче. На крајот од краиштата, не постои човек кој не сака да се чувствува почитувано и обожувано. Токму затоа оваа кратка изјава може да ве одведе на ново ниво во вашата врска.rn

    3. „Имав лош ден, но тогаш се потсетив на тебе и одеднаш мојот свет се осветли.“

    rnОва можеби е многу директно, но доколку навистина се почувствувате на овој начин, тогаш дефинитивно треба искрено да му го кажете тоа и на вашето ново момче. Тој ќе го цени гестот.rn

    4. „Никогаш не сум сретнала маж кој е толку амбициозен и решителен како тебе.“

    rnОва е само уште една едноставна и добронамерна изјава која може да ја однесе вашата врска на ново ниво.rn

    5. „Едвај чекам да се видиме повторно.“

    rnКратка, но јасна порака која ќе му покаже дека уживате во вашето време поминато заедно. Во новите врски, ова исто така е и добар начин да му дадете до знаење дека кај вас постои желба за продолжување на односот.rn

    Соодветни изјави за сериозните љубовни врски

    rn(2) 15-slatki-izjavi-so-koi-mozhete-da-mu-go-ukradete-srceto-ww.kafepauza.mkrn

    6. „Посакувам сега да беше тука“

    rnОваа изјава едноставно му кажува на вашето момче дека тој многу ви недостасува. Едноставно секој човек сака да се чувствува посакувано, па токму затоа оваа изјава може да биде една од најслатките пораки во долгите и сериозни врски. Но, внимавајте да не претерате со нејзината употреба бидејќи во спротивно тој би можел да се почувствува згушено.rn

    7. „Ми велеа дека љубовта може да се создаде во само еден момент, но не верував во тоа сè до моментот кога се заљубив во тебе.“

    rnОваа порака ги открива вашите најдлабоки чувства кон вашето момче и му дава до знаење дека не се плашите да зборувате за нив.rn

    8. „Кога гледам во твоите очи, забележувам пат кон свет во кој сакам да постојам.“

    rnДоколку не сте многу блиски, оваа порака може да има спротивен ефект. Но, доколку сте подолго време во врска и чувствувате дека можете да му ги признаете дури и најдлабоките ваши чувства, тогаш оваа изјава е полн погодок.rn

    9. „Ако добијам можност да го преживеам целиот мој живот одново, тогаш единственото нешто што ќе го сменам е јас и ти да се запознаеме порано.“

    rnОваа слатка порака му укажува дека вие би сакале уште многу време да поминете заедно и дека го цените неговото присуство во вашиот живот.rn

    10. „Се чувствувам многу заштитено и безбедно кога си покрај мене.“

    rnМажите отсекогаш сакале да се чувствуваат како „заштитници“, па токму затоа и ќе обожаваат да ја слушаат оваа ваша изјава. Знаењето дека се чувствувате безбедни покрај нив е најдобриот комплимент за повеќето мажи.rn

    11. „Не постои маж на оваа планета кој може да ме разбере подобро од тебе.“

    rnСекоја добра врска се состои од искреност и отворена комуникација. Токму затоа со оваа изјава вие ќе му дадете до знаење дека сте дел од здрава љубовна врска.rn

    12. „Отсекогаш си знаел како да ме насмееш, дури и кога сум многу нерасположена.“

    rnПартнерството поминува низ голем број подеми и падови. Тоа е дел од животот. Токму затоа признавањето на фактот дека тој секогаш има позитивно влијание врз вашето расположение е една од најголемите знаци за добра врска кои можете да му ги покажете.rn

    13. „Не можам да си го замислам животот без тебе.“

    rnКога два живота ќе се спојат, станува незамисливо да се замислите без „другата половина“. Ова е позитивен чекор во врската, па доколку навистина се чувствувате така, разговарањето на оваа тема може да направи тој да се почувствува одлично покрај вас.rn

    14. „Не знам како ме трпиш, ама мило ми е што го правиш тоа.“

    rnОваа изјава му дава до знаење дека вие знаете колку сте тешки за справување и дека го цените она што тој се обидува да го направи за вас. Оваа порака е особено од голема важност доколку поминувате низ потежок период.rn

    15. „Само моето срце може да ти каже колку те сакам, моите зборови не се доволни моќни.“

    rnСо оваа изјава вие му велите дека едноставно не можете со зборови да ги објасните вашите чувства кон него. Зарем постои нешто друго што еден заљубен маж би сакал да го чуе од својата љубена?

  • Љубовна Библија: 20 правила кои гарантираат цврста и среќна љубовна врска

    Љубовна Библија: 20 правила кои гарантираат цврста и среќна љубовна врска

    Доколку сакате односот помеѓу вас и вашиот партнер да биде колку што е можно посовршен и најважно од сè, да трае засекогаш, тогаш погледнете ги следниве 20 љубовни правила кои ни ги препорачуваат најсреќните парови и кои гарантираат засилување на вашата врска…rnrnЉубовна Библија: 20 правила кои гарантираат цврста и среќна љубовна врскаrnrn1. Никогаш не заборавајте да го прашате вашиот партнер како му поминал денот. Тоа ќе му/ѝ покаже дека навистина се грижите за него/неа.rnrn2. Караниците понекогаш се само караници. Тие не мора да бидат причина за појава на сериозни проблеми или пак, нужно да водат до крај на врската.rnrn3. Секоја врска доаѓа со обврски. Понекогаш нема да уживате во оние нешта во кои ужива тој или таа, но вреди да истрпите доколку тие навистина ги прават среќни.rnrn4. Бидете отворени и искрени за оние нешта кои едноставно не сакате да ги правите. Исто како и за оние кои со целото срце би сакале да ги направите. Искреноста е една од најважните нешта во врската.rnrn5. Малите изненадувања можат многу да му значат на вашиот партнер. Особено ако е нешто што самите сте се потрудиле да го направите…rnrn6. Не форсирајте дружби кои не се пријатни и за двете страни. Без разлика колку добро си поминувате вие во присуството на одредена личност, доколку тоа не му/ѝ се допаѓа и нему/неа, немојте да ги терате со сила да доаѓаат.rnrn7. Не заборавајте да го/ја бакнете кога излегувате од домот. Или пак, кога се разделувате.rnrn8. Понекогаш треба да ги откажете договорените обврски со цел да поминете повеќе време заедно. Особено доколку вашиот партнер навистина има потреба од вашето присуство.rnrn9. Почитувајте го неговото или нејзиното семејство исто како да е ваше. Бидејќи еден ден, од каде знаете, можеби и тие ќе станат дел од вашата фамилија.rnrn10. Кажете „те сакам“ секогаш кога тоа ќе ви падне на ум. Никогаш не можете да претерате со овие зборови.rnrn11. Бакнувајте се колку што е можно повеќе. Бакнежите се најдобриот начин да ја зголемите интимноста и близината помеѓу вас.rnrn12. Понекогаш преземајте ги неговите/нејзините обврски во домот. Особено ако тие се уморни и премногу зафатени со работа.rnrn13. Не правите навредливи шеги на негова или нејзина сметка. Особено кога сте во близина на други луѓе. Почитувајте се.rnrn14. Секогаш доаѓајте на време. Најголемиот број караници помеѓу партнерите настануваат токму поради доцнењето.rnrn15. Застанете во негова/нејзина одбрана кога се зборува лошо за него/неа. Вие сте нивна половина.rnrn16. Секогаш правете заеднички договори. Особено кога станува збор за работи кои имаат потенцијал да влијаат врз начинот на вашето живеење.rnrn17. Не заборавајте да одговарате на пропуштените повици од него/неа. Не мора во истиот момент, доколку сте зафатени, но обидувајте се да не ги заборавате.rnrn18. Не се карајте додека сте на одмор. Искористете ги овие прекрасни моменти за позитивни искуства.rnrn19. Не заборавајте на спонтаноста. Би се изненадиле каде сè таа не би можела да ве одведе.rnrn20. Љубете безусловно. Понекогаш, доколку вистинската личност е покрај вас, тоа е едно од наједноставните нешта кои можете да ги направите.

  • Астрологијата и раскинувањето: Овенот пати многу, а Стрелецот најпрво мисли на својата среќа

    Астрологијата и раскинувањето: Овенот пати многу, а Стрелецот најпрво мисли на својата среќа

    Започнувајќи од криење на своите чувства и не признавање за она што се случило, па сè до лесно справување и соочување со реалноста, погледнете како секој хороскопски знак се справува со крајот на љубовната врска…rnrnАстрологијата и раскинувањето: Овенот пати многу, а Стрелецот најпрво мисли на својата среќаrn

    Овен

    rnОвните патат многу повеќе и подолго отколку што некогаш ќе ви покажат. На прв поглед, припадниците на овој знак изгледаат како воопшто да не се грижат и како да не чувствуваат љубовна болка, но вистината е дека тие патат неизмерно и бескрајно. Токму затоа и се повлекуваат во себе, па само на најблиските ќе им покажат како се чувствуваат.rnrnКако ќе го/ја преболат: Кога ќе помине „драмата“, тие храбро ќе се издигнат и ќе тргнат во победа, бидејќи ќе сфатат дека не треба поради една неуспешна врска да го пуштат својот живот да им помине.rn

    Бик

    rnТие го ценат мирот и удобноста на долгите врски. Вистинските Бикови добро ќе размислат пред да одлучат да го прекинат својот однос со партнерот, па токму затоа дури и најмала ситница може да им помогне да ја одржуваат врската во живот подолго време.rnrnКако ќе го/ја преболат: Ако се случи најлошото, тие многу брзо ќе се впуштат во нова врска каде што на сила ќе создадат мир и хармонија.rn

    Близнаци

    rnОд сите знаци, тие најлесно се справуваат со крајот на љубовната врска. Без разлика колку тешко велат дека им е, тие поседуваат неверојатна способност брзо да ги заборават сите лоши работи кои им се случиле, а со тоа и брзо да го преболат бившиот партнер.rnrnКако ќе го/ја преболат: Многу брзо по раскинувањето, вистинскиот Близнак ќе најде начин како да освои нова симпатија.rn

    Рак

    rnРаковите долго и искрено плачат и жалат за крајот на љубовната врска. Кога поминуваат низ раскинување, тие имаат чувство како да се распаднал целиот нивен свет и дека тие веќе никогаш повторно нема да можат да го состават.rnrnКако ќе го/ја преболат: Единственото нешто што може да им го олесни патењето е нова личност во нивниот живот која ќе покаже разбирање за нивната душа. Без разлика колку бил болен крајот, тие никогаш не би опростиле неверство.rn

    Лав

    rnТие тешко покажуваат чувства, па токму затоа и нема да знаете колку точно сте ги повредиле. Покажувањето на неуспехот во врската за нив значи ниска самодоверба. Токму затоа ако почувствуваат дека нивната врска води кон крај, без размислување први ќе му раскинат на својот партнер само за тие да не бидат оставени.rnrnКако ќе го/ја преболат: Тие не се злопамтила, па лошите искуства во врската нема да им ја уништат и вербата во љубовта. Откако ќе ја нахранат својата суета, тие многу брзо ќе се подобрат.rn

    Девица

    rnДевиците не се силно емотивни, но цврсто се врзуваат за луѓе, па токму затоа и тешко поднесуваат раскинувања. Крајот на врските го доживуваат како да им се срушила кула која долго време ја граделе, додека пак промената на животниот простор ја доживуваат како личен неуспех.rnrnКако ќе го/ја преболат: Откако ќе помине малку време, Девиците ќе ги соберат своите мисли, ќе ги „сложат коцките“ и ќе продолжат понатаму. Рутината е она што ги враќа во живот.rn

    Вага

    rnТие сакаат хармонични односи, без караници, па токму затоа кога ќе забележат дека нештата им бегаат од контрола, тие сами ќе стават крај на врската. Овој знак обожава да ужива, па токму затоа за него љубовниот однос има смисла само додека е полн со уживања.rnrnКако ќе го/ја преболат: Карактеристично за Вагите, особено за мажите, е страста за кокетирање, па токму затоа и често запаѓаат во љубовни искушенија. Токму тоа е и она што ќе ги врати на правиот пат.rn

    Скорпија

    rnТие многу тешко и болно ги преживуваат раскинувањата. Целото време го поминуваат во анализи на врската со цел да можат навреме да ги откријат потешкотиите кои би можеле да го загрозат нивниот партнерски однос. Скорпијата никогаш нема себе да се обвини за проблемите, бидејќи за неа вината е секогаш кај другата страна.rnrnКако ќе го/ја преболат: Тие ќе ги прикриваат емоциите и ќе прават шеги на своја сметка, додека истовремено патат во себе. По љубовниот бродолом, постои шанса никогаш повеќе да не се вратат во нормала.rn

    Стрелец

    rnТие лесно ги преживуваат раскинувањата, дури и ако на прв поглед изгледа како да паѓаат во депресија од која нема враќање назад. Тие, пред сè, најпрво мислат на својата среќа, па токму затоа и ретко кога дозволуваат да бидат повредени.rnrnКако ќе го/ја преболат: Тие се ужасно егоцентрични, па ако саканата личност ги остави, можат да се претворат во вистински „гњаватори“ кои ќе се сакаат да ја обноват врската по секоја цена.rn

    Јарец

    rnЈарците се многу срамежливи, па токму затоа и тешко наоѓаат партнер. Но, откако ќе го направат тоа, многу нешта треба да се случат за да раскинат. Па, ако сепак се случи најстрашното и тие стават крај на врската, големи се шансите дека нема со никој да ја поделат нивната тага. Тие попрво ќе ја решаваат својата криза во тишината на нивната соба, отколку да ја споделат со другите.rnrnКако ќе го/ја преболат: Тие ќе се изолираат и ќе размислуваат за сè што се случило. Откако ќе се подобрат, целосно ќе бидат подготвени за нови предизвици.rn

    Водолија

    rnРаскинувањето ги води кон долго анализирање на врската, па токму затоа ќе ја разгледаат од сите страни и ќе го прифатат својот дел од вината. Тие многу тешко забораваат, па затоа и не се склони кон опростувања, но тоа нема никогаш да ви го признаат.rnrnКако ќе го/ја преболат: Изреката дека времето ги лечи сите рани е како измислена за припадниците на овој знак.rn

    Риби

    rnКога доаѓа крајот на љубовта, тогаш сè им пропаѓа во вода. По раскинувањето, Рибите ги очекува долг временски период за прифаќање на оваа нова ситуација, како и за самата идеја дека биле напуштени. Потоа следи и долг временски период поминат во плачење покрај најблиските кои ќе го понудат своето рамо.rnrnКако ќе го/ја преболат: Тие ќе поминуваат илјадници часови во разговарање со своите пријатели за оваа завршена љубов.

  • 35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојка

    35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојка

    Ако сте биле доволно среќни да најдете некоја од овие видови жени, тогаш обидете се да ја задржите покрај себе што е можно подолго. Овие девојки се навистина реткост во денешниот свет, а многу момци не го забележуваат тоа сè додека не ги изгубат. Токму затоа, ако ги забележувате овие 35 знаци кај вашата моментална девојка, тоа значи дека покрај вас имате зрела и некомплицирана личност која вреди за вашето внимание.rnrn35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојкаrnrn1. Таа никогаш не очекува било какви материјални подароци и бескрајно ги цени оние кои ги добива.rnrn2. Знаете дека можете да бидете искрени со неа без постојано да се грижите да не ѝ ги повредите чувствата.rnrn3. Таа нема скриена агенда.rnrn4. Таа ви верува и нема да се сомнева во секој ваш мотив.rnrn5. Разговорот со неа е значаен – никогаш само за да се пополни тишината.rnrn6. Покрај неа, ниту една тишина не е непријатна.rnrn7. Таа чувствува задоволство кога прави нешта за вас.rnrn8. Таа е проѕирна.rnrn9. За секое прашање кое можеби го имате, таа има одговор и никогаш не се чувствува непријатно да разговара за нешто кои можеби ве загрижуваат.rnrn10. Таа разбира дека врските функционираат како тим.rnrn11. Вие не чувствувате притисок да имате планови со неа, доволно е само да бидете заедно, без разлика каде ќе завршите.rnrn12. Ако дојде до тоа, таа ќе стави крај на вашата врска пред да го скрши вашето срце.rnrn13. Она што го гледате, тоа и го добивате.rnrn14. Таа е навистина фасцинирана од сите оние нешта кои вие сте.rnrn15. Таа пред сè, најмногу го цени вашето партнерство.rnrn16. Вам ви причинува задоволство да правите нешта за неа.rnrn17. Кога таа вели дека е „добро“, навистина го мисли тоа.rnrn18. Таа не чувствува потреба да изигрува жртва со цел да го добие она што го сака.rnrn19. Таа никогаш не се труди да биде смирена, тоа природно ѝ доаѓа.rnrn20. Таа не се нервира за ситниците и нема да се „казнува“ самата кога е под стрес.rnrn21. Нејзините цели не се само безнадежни соништа, таа знае како да ги оствари.rnrn22. Вие никогаш не чувствувате дека треба да се однесувате како друга личност покрај неа.rnrn23. На неа ѝ е ретко здодевно, но кога тоа се случува, таа нема да се обидува да создаде драма само за побрзо да ѝ помине времето.rnrn24. Таа знае дека животот е преполн со врвови и долини, па токму затоа го фокусира нејзиното внимание кон движење понатаму.rnrn25. Таа ја разбира важноста на времето посветено само за неа.rnrn26. Извинувањата не се толку големи нешта во нејзиниот ум.rnrn27. Таа исто така знае и дека извинувањата не секогаш значат дека некој не бил во право.rnrn28. Таа нема да заборави колку вреди додека истовремено е свесна и за вашата вредност.rnrn29. Таа нема да биде љубоморна кога сте во интеракција со други луѓе.rnrn30. Таа во вас гледа огромна поддршка, но и таа е вашата најголема поддршка.rnrn31. Таа има и други нејзини интереси. Вие не сте единственото нешто во нејзиниот живот.rnrn32. Не гледа поента во тоа да се има последниот збор.rnrn33. Таа разбира дека животот е непредвидлив и кога нешто лошо ќе се случи, таа не го користи тоа против вас.rnrn34. Таа нема задни намери. Вие знаете точно на што сте со неа.rnrn35. Таа се обидува најмногу што може да избегне судир и ја цени повеќе вашата среќа отколку да биде во право.

  • 30 причини зошто новите генерации воопшто не одат на љубовни состаноци

    30 причини зошто новите генерации воопшто не одат на љубовни состаноци

    Љубовните состаноци се огромен дел од нашите животи. Или барем би требало да бидат. Тие имаат своја цел која изгледа во последно време голем број луѓе често ја забораваат. Погледнете зошто…rnrn30 причини зошто новите генерации воопшто не одат на љубовни состаноциrnrn1. Никој од нас не знае што сака, изгледа ние истовремено и сакаме и не сакаме љубовна врска.rnrn2. Ние веруваме дека тие се премногу тешки, и во право сме. Но, не заборавајте дека сè што вреди е тешко.rnrn3. Ние сме премногу пребирливи.rnrn4. Изгледа сите сме заборавиле дека проблемот прво се бара во нас, а потоа во другите.rnrn5. Што ако најдеме некој/а подобар/подобра?rnrn6. Поголемиот дел од нас не знаат како да сакаат, но цврсто сме убедени дека го знаеме тоа.rnrn7. Сите живееме во илузија дека совршенството може да биде достигнато, па кога работите ќе станат потешки, веднаш бараме начин да избегаме.rnrn8. Се плашиме од обврзување.rnrn9. Имаме тенденција да ги саботираме врските бидејќи се плашиме од скршено срце.rnrn10. За некои луѓе, совршениот состанок е пица, филм и секс. Најчесто по тој редослед.rnrn11. Го измисливме терминот „пријатели со бенефиции“ само колку да не мора да разговараме за нашиот љубовен статус.rnrn12. Повеќето од нас сме неверојатно многу фокусирани на нашите лични цели што забораваме дека најважната цел од сите е наоѓањето на личност со која ќе го делиме нашиот живот.rnrn13. Ние се сакаме многу повеќе отколку што треба и многу ретко дозволуваме некој друг да се вмеша во нашите животи и да нè исфрли од колосек.rnrn14. Сме изгубиле „кондиција“ за љубовни состаноци и едноставно немаме трпение да ја изградиме одново.rnrn15. Некои од нас премногу се мразиме и не веруваме дека сме вредни за туѓа љубов. Тажно, но вистинито.rnrn16. Имаме премногу можности. Светот станува сè помал, а ние сè помалку способни да го најдеме нашиот пат низ толпата.rnrn17. Многу тешко се разбираме самите себеси.rnrn18. Ние сме шворц, а состанувањето е скапо.rnrn19. Едвај се справуваме со нашите проблеми, па токму затоа не можеме да одвоиме време и за проблемите на друга личност.rnrn20. Понекогаш знаеме да бидеме многу себични и да мислиме само на себе.rnrn21. Имаме чувство дека можеме да живееме и без партнер, сè додека не го сфатиме спротивното.rnrn22. Веруваме дека љубовта е еден вид бајка, па го чекаме нашиот принц на бел коњ или принцезата со долг фустан.rnrn23. За некои од нас љубовните состаноци се здодевни, ако се само со една личност.rnrn24. Некако сме се убедиле дека сексот со непозната личност е подобар од сексот со личност во која сме заљубени.rnrn25. Постојано сме во потрага на среќен крај, но се плашиме навистина да го пронајдеме.rnrn26. Љубовните состаноци водат кон брак, а бракот кон децата. А од што се плашиме ние најмногу? Од сите овие нешта.rnrn27. Ние истовремено сакаме да бидеме независни и не сакаме да бидеме осамени, па токму затоа се наоѓаме на половина пат со личност која го има истото мислење.rnrn28. Едноставно не го сфаќаме животот.rnrn29. Не разбираме што точно може да биде една љубовна врска, но ние не сме виновни за тоа. Виновно е општеството.rnrn30. Бараме партнери за храна, пијалаци и секс, а не за љубов и партнерство.

  • 5 основни правила за отворени љубовни врски

    5 основни правила за отворени љубовни врски

    Отворените врски се оние во кои партнерите заеднички донесуваат одлука нивниот однос да не е моногамен. Тоа значи дека тие си дозволуваат романтични и сексуални врски со други личности надвор од нивната врска.rnrn5 основни правила за отворени љубовни врскиrnrnОвие врски бараат огромна количина разбирање и толеранција, па токму затоа и не сите можат да издржат во нив. Тие се само за оние луѓе кои пред сè сметаат дека моногамијата не е дел од природата на луѓето и бараат други личности кои го делат нивното размислување. Па, доколку сте љубопитни и размислувате да му предложите на вашиот партнер ваков вид љубовна врска, тогаш погледнете ги овие нешта кои мора да ги знаете пред да се впуштите во нешто такво…rn

    1. Искреноста е на прво место

    rnОтворете ги сите карти на маса и искрено разговарајте со вашиот партнер. Објаснете му/ѝ дека уживате да бидете заедно, но и дека во вашиот живот има простор за нова личност, без притоа да го/ја изгубите него/неа. Обидете се да откриете дали вие би можеле да опстанете како пар во ваков однос. Исто така преиспитајте се и обидете се да сфатите дали вашето сфаќање за моногамијата е само моментално чувство или пак, можеби станува збор за долготрајна ситуација. Доколку и двајцата не се сложите дека тоа е најдобар чекор за вашата врска, тогаш разговарајте како би можеле да ја подобрите вашата моногамна врска.rn

    2. Потребни се цврсти правила

    rnБез овие правила отворената врска не може да функционира, па токму затоа тие треба да се почитуваат. И двајцата партнери мора да кажат што точно сакаат од овој однос и потоа да се сложат со тоа. Најчестите правила на успешните отворени врски се:rn

      rn011

    • Секс со заедничките пријатели е забранет
    • rn011

    • Сексуалните средби со друга личност не смеат да влијаат врз вашите заеднички планови и обврски
    • rn011

    • Секогаш користете заштита за време на сексот
    • rn

    rn

    3. Одредете граници

    rnАко не сакате да знаете со кој се гледа вашиот партнер, тогаш кажете му/ѝ го тоа. Истото важи и за него/неа, доколку тие не сакаат да слушаат детали за другите личности во вашиот живот, тогаш треба да го почитувате тоа. Јасно одредете ги овие граници и нивното почитување нека ви биде главен приоритет.rn

    4. Бидете подготвени на бура од емоции

    rnПочетниците во отворените врски често не сфаќаат дека овој однос во нив би можел да предизвика огромна љубомора, лутина и замерување. Вие мора да сфатите дека свесно сте влегле во оваа врска и сте му дозволиле на вашиот партнер да се гледа со други луѓе, па токму затоа мора да ги смирите вашите интензивни емоционални реакции доколку сакате овој однос да трае.rn

    5. Ако сте несреќни, ставете крај на врската

    rnОтворената врска мора да биде заедничка одлука, па ако во било кој момент почувствувате дека не ви е веќе пријатно во ваков однос, веднаш кажете му го тоа и на партнерот. Доколку вие престанете да се гледате со други луѓе, а вашиот партнер продолжи со тоа, тогаш веќе не станува збор за отворена врска – туку за врска во која тој/таа ве изневерува. Истото важи и за вашиот партнер, односно доколку тој/таа престане да се гледа со други луѓе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

    Момци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови пораки

    Живееме во време кога пишувањето пораки е исто толку важно за нашиот живот како и разговорот во четири очи. И покрај тоа што треба да постои одреден баланс помеѓу овие два вида разговор, за кој нема да зборуваме сега, сепак постојат и неколку пораки кои секоја девојка копнее да ги добие од своето момче.rnrnМомци, секоја девојка чека да ѝ ги пишете овие 8 видови поракиrn

    1. „Добро утро“

    rnСигурно би сакале да бидете малку креативни со оваа порака. Погледнете го вашето ќесе со трикови и размислете добро бидејќи оваа порака ќе биде првото нешто што таа ќе го прочита по отворањето очи од сабајле. Погрижете се да биде порака која инстантно ќе ја расони и која ќе памети уште долго време.rnrnЗнаете колку други момци сигурно веќе ѝ пишале „добро утро“? Токму затоа треба да најдете начин како да се издвоите. Еден од најдобрите начини е доколку додадете и сладок прекар покрај овие два збора. Најдете нешто што е топло, не премногу провокативно и што ќе направи таа да се почувствува сакано. На пример, „Добро утро сонце“.rn

    2. „Одлично си поминав со тебе“

    rnАко навистина ви се допаѓа времето што го поминувате со оваа девојка, тогаш е клучно да бидете директни за тоа. Не бидете срамежливи момци, девојките никогаш нема погрешно да ја сфатат оваа порака. Доколку не ѝ кажете како сте си поминале, таа нема да знае.rnrnБидете кратки и слатки во изразувањето и преминете директно на целта. Ако сте се забавувале со неа едноставно пишете ѝ „Многу ми беше забавно со тебе вчера“. Не е важно колку специфично ќе го објасните тоа сè додека сте директни и искрени за вашите чувства. Способноста да ги претворите вашите емоции во зборови покажува висока самодоверба, а верувајте, девојките навистина го сакаат тоа.rn

    3. „Мислам на тебе“

    rnВнимавајте колку често ја користите оваа порака, бидејќи ако претерувате таа може да помисли дека сте напорен и морничав. Особено доколку сте на почетокот на врската и ако вашите емоции не се 100% израмнети, таа може да се почувствува непријатно бидејќи воопшто не размислува за вас толку многу.rnrnНо, ако ѝ се допаѓате исто толку што и таа ви се допаѓа вас, особено ако веќе некое време сте заедно, тогаш оваа порака може многу да ви се исплати. Таа ќе го цени тоа што наоѓате време во текот на денот на помислите на неа и дека сте доволно чувствителни да го признаете тоа.rn

    4. „Ова е тоа што те прави посебна во моите очи“

    rnАко има нешто што секоја девојка го сака, покрај дијамантите секако, тоа е комплиментот. Доколку нешто кај неа многу ви се допаѓа, погрижете се таа да го знае тоа. Не заборавајте дека вие би требало да бидете поисплашени од тоа што нема да го кажете отколку од тоа што ќе го признаете гласно, бидејќи многу често мажите се обидуваат да изгледаат кул и жените тоа можат да го сфатат како апатија и да изгубат интерес.rnrnДоволна е само една „рандом“ порака во која ѝ кажувате дека е убава или пак, дека ви се допаѓа како ѝ стои новиот фустан за многу да ви помогне во одржувањето на нејзиното внимание.rn

    5. „Ми недостасуваш“

    rnОваа порака не се препорачува доколку сте во почетоците на вашата врска, но доколку сте веќе некое време заедно тогаш е соодветна. Доколку ви недостасува вашата партнерка, сосема е во ред да ѝ го признаете тоа и на неа. Зарем има девојка која не би сакала да ги слушне овие зборови? Особено ако и таа се чувствува исто.rn

    6. „Те сакам“

    rnКога ќе го скршите мразот со овие зборови во живо, нема потреба да продолжите да се воздржувате. Токму затоа бидете што е можно повеликодушни со таа изјава. Не постои ниту една девојка која не сака да се почувствува сакано, особено од онаа личност во која и таа е заљубена.rn

    7. „Како ти помина денот денес?“

    rnНајчесто ова прашање се спомнува во разговори со луѓе за кои и не ви е толку грижа. На пример, вие седите во автобус до личност со која се познавате и не сакате да зборувате за вас, па го поставувате тоа прашање чисто за да ја избегнете непријатната тишина за време на остатокот од патувањето.rnrnНо, кога ќе ја испратите оваа порака на девојка која ви се допаѓа и преку неа вие искрено сакате да откриете што ѝ се случува денес, тогаш ова прашање добива сосема нова форма. Вие на овој начин ќе ѝ покажете дека навистина се грижите и дека сакате да бидете поголем дел од нејзиното секојдневие.rn

    8. „Извини“

    rnКога сте во сериозна врска, одвреме-навреме ќе настанат расправии. Сите сме луѓе и токму затоа и имаме право на сопствено мислење. Па, кога ќе се појави одреден конфликт, потребно е да го завршите соодветно со цел да не остане да „виси“ проблемот во воздухот околу вас. Доколку навистина имате чувства кон оваа девојка, тогаш најдобриот начин да се справите со работата е доколку се обидете да го преземете конфликтот во вашите раце.rnrnПреземете одговорност така што ќе преземете иницијатива за решавање на проблемот и ќе се извините. Дури и ако сте седеле во тишина цели 2 часа. Ова ќе ѝ покаже дека сте доволно зрели да ја голтнете вашата гордост за доброто на врската и токму тоа е она што таа ќе го цени повеќе од сè.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

    Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

    Иако не изгледа како голем временски период, сепак постојат огромни разлики помеѓу она што девојките го бараат од своето момче во раните 20-ти и она што им е потребно во доцните 20-ти години. Причината за овие разлики се наоѓа во зрелоста, искуството и познавањето на себе.rnrnРазлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти годиниrn

    Рани 20-ти: Вие сакате момче

    rnКарактеристиките на ова момче не се толку важни. Сè додека имате згоден дечко покрај вас кој ќе ве мотивира да одите во теретана, друго ништо не ви е важно.rn

    Доцни 20-ти: Вие го сакате вистинското момче

    rnПреку глава ви е од сите жешки лоши момци со кои врската не оди никаде и сакате да ја најдете вашата сродна душа. Вие повеќе не сакате да трошите време на момче кое нема да биде покрај вас засекогаш.rn

    Рани 20-ти: Вие сакате некој кој ќе се согласи со вашите правила

    rnНа почетокот на вашите 20-ти ни вие самите не знаете точно што барате, па токму затоа си поставувате најразлични правила кои понатаму ги тестирате со цел да откриете што ви одговара, а што не.rn

    Доцни 20-ти: Вие сакате некој со кој ќе бидете еднакви

    rnИграњето улога на опуштена и пасивна девојка веќе не ве интересира. Вие сте созреале и токму затоа сте повеќе сигурни во своите ставови и сакате личност која ќе ги цени исто толку колку што ги цените и вие.rn

    Рани 20-ти: Сакате да ги импресионирате луѓето

    rnАко тој изгледа добро, тогаш дефинитивно ќе изгледа подобро покрај вас. И тоа е всушност вашата крајна цел – сакате луѓето да зборуваат за вашиот добар избор.rn

    Доцни 20-ти: Сакате да бидете импресионирани

    rnВам ви е потребно момче кое ќе ги промени целосно вашите перспективи кон животот. Веќе не ви е важно дали тој ги импресионира другите, важно ви е тој да ве импресионира вам бидејќи не се грижите за мислењето на оние околу вас.rn

    Рани 20-ти: Сакате некој кој може да ве следи во секој чекор

    rnВие живеете брз живот и немате намера да успорувате за никого. Вие сакате момче кое ќе може да ве следи на сите журки до раните утрински часови, на сите социјални настани како и во сите други идеи кои ќе ви паднат на памет.rn

    Доцни 20-ти: Сакате некој кој ќе ве успори

    rnВие сакате момче кое ќе ве потсети да ги цените дури и најмалите нешта во животот, бидејќи сте преморени од брзото темпо на живот кое до неодамна сте го практикувале.rn

    Рани 20-ти: Сакате некој кој вашите пријатели ќе го сакаат

    rnЗарем би можеле да бидете со личност која вашите најблиски пријатели не ја одобруваат? Понекогаш вие повеќе верувате во нивната проценка отколку во вашата.rn

    Доцни 20-ти: Сакате некој кој ќе биде вашиот најдобар пријател

    rnКако што сè повеќе ваши пријатели наоѓаат свои партнери, вие почнувате да барате личност која ќе го замени нивното 24-часовно присуство во текот на денот. Вие сакате личност која ќе ги чува вашите тајни, како и вашето срце.rn

    Рани 20-ти: Сакате да се однесувате како деца

    rnВие сè уште се сметате за недораснато дете кое го има целиот живот пред себе, па токму и тоа е еден од вашите изговори зошто секогаш заедно со вашиот партнер запаѓате во неволја.rn

    Доцни 20-ти: Вие размислувате за деца

    rnДоволно сте зрели и одговорни да се грижите и за некој друг освен за себе, па токму затоа мислата да имате ваши деца почнува сè почесто да ви прелетува низ вашиот мозок. Особено ако сте во врска со партнер кој можете да го замислите како татко.rn

    Рани 20-ти: Вие копнеете по драма

    rnПостои нешто чудесно пријатно во драмата, бидејќи за вас тоа е знак дека другата личност инвестира исто толку во оваа врска како и вас. Во овој момент, драмата во врската е најинтересниот дел од вашиот живот. Многу често ја поврзувате и со страст.rn

    Доцни 20-ти: Вие бегате од драма

    rnВие се чувствувате удобно во вашата кожа, немате ништо што би сакале да го скриете, па токму затоа истото го барате и од вашиот партнер. Вие сте уморни од сите оние игри кои досега сте ги играле и сакате сигурна и стабилна врска во која ќе гледате иднина.rn

    Рани 20-ти: Барате некој покрај кој ќе заспиете

    rnУбаво е чувството кога имате некоја личност која би дошла во кое било време доколку вие ја повикате. Токму тоа и ве прави да се чувствувате како да не сте сами.rn

    Доцни 20-ти: Барате некој покрај кој ќе се разбудите

    rnВеќе не сакате момчето само да го пополнува празното место на вашиот кревет, вие сакате да се разбудите покрај него и да изградите заеднички живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тие ја изгубија својата голема љубов и реагираа вака…

    Тие ја изгубија својата голема љубов и реагираа вака…

    Додека некои очајуваат да бидат во врска, на други пак им е сосема во ред да бидат сами. Зошто овие познати дами се сингл?rn

    1. Тејлор Свифт

    rn2-tie-ja-izgubija-svojata-golema-ljubov-i-reagiraa-vaka-www.kafepauza.mk_rnrnПосле репутацијата од многубројните неуспешни врски, Тејлор Свифт одлучи да се одмори од момците и да се опушти во самотијата. На листата на нејзини момчиња се најдоа многу популарни мажи, меѓу кои Ед Ширан и Хари Стајлс. Таа изјави дека нејзиниот живот е полн со пријатели и работа, и дека сега е посреќна од кога било.rn

    „Претходно мислев дека е многу важно да пронајдеш момче. Но, сега не се чувствувам така. Сакам повеќе да се забавувам и да се впуштам во авантури“ – изјави Свифт.

    rn

    2. Џенифер Лопез

    rn3-tie-ja-izgubija-svojata-golema-ljubov-i-reagiraa-vaka-www.kafepauza.mk_rnrnРомансите со Бен Афлек и Марк Антони ја научија Лопез на важна лекција – за да пронајде среќна врска најнапред треба прво да биде среќна со самата себе.rn

    „Не ми треба никој друг. Сакам некој… но најнапред треба да бидам среќна сама со себе. Мора да си дадете сами на себе време и простор за да се развиете и да се реализирате, да станете свој најдобар пријател и да се засакате“ – изјави Лопез во едно интервју.

    rnТаа неодамна беше сликана со својот бивш партнер Каспер, со кој ја прекина врската бидејќи тој ја изневери со транссексуалец. Веднаш почна да се претпоставува дека овој пар повторно е заедно, но Лопез сè уште се нема огласено да го потврди ова.rn

    3. Шејлин Вудли

    rn4-tie-ja-izgubija-svojata-golema-ljubov-i-reagiraa-vaka-www.kafepauza.mk_rnrnТаа претходно се прашуваше колку луѓето се способни за моногамија. После раскинувањето со момчето, таа се одмара од состаноци. Како и многу сами жени, Вудли сфати дека може да има повеќе забава сама со себе.rn

    „Цел свој живот се чувствував дека мојата среќа зависи од другите. Станав свој најдобар пријател. Тоа е најдоброто чувство кое го почувствував тој период“ – изјави Шејлин.

    rn

    4. Џенифер Анистон

    rnJennifer AnistonrnrnВо 2008 година Анистон беше свежо разведена од својата голема љубов, Бред Пит. Таа откри дека не била задоволна со третманот што го добивала поради нејзиниот тогашен статус.rn

    „Не ги сакам девојките што кукаат и што се жалат дека немаат дечко! Никогаш не сум го сакала „Сексот и градот“, чист пример за жени кои се чувствуваат моќно само кога наоѓаат маж и тоа не ми се допаѓа. Не верувам во тоа. Не постои ништо што може да го контролирате во љубовта“ – изјави Анистон.

    rnСега Џенифер е среќно верена со нејзиниот колега Џастин Теру.rn

    5. Ријана

    rn6-tie-ja-izgubija-svojata-golema-ljubov-i-reagiraa-vaka-www.kafepauza.mk_rnrnРијана постојано пренесува пораки до милион жени кои се посветени на кариерата и одбиваат да се одречат од таа страст поради врската.rn

    „Немам многу време да им понудам на мажите… Не е фер да вовлечам некој во врска, па тој да ме толерира поради мојот распоред“ – рече Рири.

    rnНејзината бурна врска со Крис Браун беше под будно око на новинарите. Иако во врската доживеа насилство, пејачката изјави дека во односот со Крис имало и вистински емоции.rnrnНовинарите неодамна ја поврзаа со Леонардо ДиКаприо.rn

    6. Емилија Кларк

    rn7-tie-ja-izgubija-svojata-golema-ljubov-i-reagiraa-vaka-www.kafepauza.mk_rnrnНејзиното време е најголема причина зошто е сама. Таа не се срами поради тоа и не чувствува вина.rn

    „Луѓето постојано ме прашуваат со кого излегувам, а вистината е… со никој. И тоа е во ред. Сега откривам многу работи. Како жена мислам дека во нашата природа е да угодуваме, понекогаш и по цена на нашата среќа“ – кажа Емилија.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.