КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовни врски

  • 10 познати личности кои ја изгубиле својата невиност… со други познати личности

    10 познати личности кои ја изгубиле својата невиност… со други познати личности

    Веројатно (и дефинитивно) не е наша работа, но специфичностите на животниот стил на познатите, се доста фасцинантни за нас, обичните луѓе. Сепак, кој може да одолее на малку „душкање“ кога самата информација ни е токму пред носот… со помош на Гугл?rnrn(0) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnГубењето на невиноста и не е некој гламурозен чин, но да дознаете како славните ја изгубиле нивната е, и уште повеќе кога ќе дознаете со кого.rn

    1. Мила Кунис и Меколи Калкин

    rn(1) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnСлавната двојка започна да се забавува кога Мила Кунис имаше само 19 години. Заедно беа неверојатни 8 години, наводно делејќи заедничко место на живеење за половина од времетраењето на нивната врска и, како што сите би претпоставиле, делејќи го и креветот.rn

    2. Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

    rn(2) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnМајли и Лиам беа заедно скоро четири години, пред да ја откажат својата свршувачка во 2013-тата година. Голем број од бившите Дизни ѕвезди се срамат да споделуваат детали за своите лични животи, но Мајли отсекогаш била искрена и отворена за нејзината сексуалност.rn

    3. Кристен Стујарт и Мајкл Ангарано

    rn(3) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnПред Кристен да се прослави со „Самрак“ и пред да почне да се забавува со нејзиниот колега – Роберт Патинсон, таа беше во четиригодишна врска со Мајкл Ангарано. Парот се запозна кога Кристен имаше 14 години, а се разделија кога имаше 18… што е и оној период кога љубопитноста се буди и хормоните почнуваат да работат.rn

    4. Ванеса Хаџенс и Зак Ефрон

    rn(4) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnДвојката се запозна на снимањето на „Средношколски мјузикл“ и не им требаше долго за да започнат врска која траеше 5 години. Хаџенс претходно не се забавувала со никој позначаен и, бидејќи потекнува од доста конзервативно семејство, нашироко се претпоставува дека ја изгубила својата невиност со нејзиното прво, сериозно и долгогодишно момче – Зак Ефрон.rn

    5. Тејлор Свифт и Џејк Гиленхал

    rn(5) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnЏејк и Тејлор се забавуваа неколку месеци во 2010-тата. Оваа врска наводно не ја оставила Тејлор само со скршено срце, туку нивното раскинување довело и до појавувањето на нејзиниот нов албум „Red“ и хит синглот „Shake it Off“.rn

    6. Кирстен Данст и Џејк Гиленхал

    rn(6) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnЏејк, ти мал расипнику! Не само што ѝ ја одзеде невиноста на Тејлор, туку и на Кирстен. Според изјавите, Кирстен, во едно интервју за нејзиниот филм „Лудо/Прекрасно“, откри дека на 19-годишна возраст, сѐ уште била девица. Набргу после тоа, таа започна двегодишна врска со Џејк и…rn

    7. Бијонсе и Џеј-Зи

    rn(7) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnИако сѐ уште не е докажано, сепак кога Бијонсе зборуваше за нејзините сексуални искуства, практично со својата изјава потврди дека Џеј-Зи е оној со кого ја изгубила својата невиност.rn

    „Иако во мојата претходна врска бев премногу млада за да го наречам ‘момче’ – не сме живеле заедно, не сме, знаете… сепак, тоа беше моето единствено искуство со некого, и оттогаш сум имала само уште еден друг маж во мојот живот – Џеј.“

    rn

    8. Селена Гомез и Џастин Бибер

    rn(8) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnСелена и Џастин беа од оние „дали се, или не се заедно“ двојки, многу долго време. Во 2014-тата, Бибер наводно се фалел дека ѝ ја одзел невиноста на Гомез, а Селена тоа никогаш не го негираше… всушност, таа тоа го потврди. Зборувајќи за својот ‘прстен на невиност’, кој го носеше кога се забавуваше со Ник Џонас, и го извади за Бибер, Селена рече:rn

    „Не се срамам да го кажам тоа. Исто така и не се срамам да кажам дека го извадив прстенот. Го добив кога имав 13 години и многу го почитував неговото значење, но не е за секого.“

    rn

    9. Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк

    rn(9) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnЏастин е општо познат шармер, но сосем негалантно ги откри деталите за својот сексуален живот со г-ца Спирс во 2002-та година:rn

    
„Неодамна ја изгуби својата невиност – и јас би требало да го знам тоа.“

    rnНе повеќе од една година од тој коментар, Бритни потврди во „W Magazine“:rn

    „Во мојот живот досега сум спиела само со една личност. Мислев дека тој е вистинскиот. Но, не бев во право.“

    rn

    10. Ким Кардашијан и Т. Џ. Џексон

    rn(10) 10-poznati-lichnosti-koi-ja-izgubile-svojata-nevinost...so-drugi-poznati-lichnosti-kafepauza.mk.jpgrnrnПред да дојде Кание, постоеше Реј Џ. Дејмон Томас, Реџи Буш, Крис Хамфрис и Т. Џ. Џексон – внукот на Мајкл Џексон и оној со кого Ким наводно ја изгубила својата невиност на 14 години.rn

    „Кога сакав да имам секс за првпат, имав скоро 15 години… Бев сигурна и убедена дека ‘ќе го сторам тоа, или дека сакам да го направам тоа’. Крис (мајка ѝ) ми рече дека ќе ме стави на контрацептивни таблети. Беше многу отворена и искрена со мене.“

    rnДали некоја од овие двојки ве изненади?

  • Мајчини совети за љубовта: Тој треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинува

    Мајчини совети за љубовта: Тој треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинува

    Мајките постојано делат совети, дури и ако тоа што го зборуваат ви влегува во едното уво, а излегува од другото. Па, доколку не сте слушале кога тие ви зборувале, прочитајте ги сега нивните најтопли и најискрени совети за љубовта кои ќе ви помогнат при одржувањето на вашата врска или брак…rnrnМајчини совети за љубовта: Тој треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинуваrnrn1. Ако сакате да имате успешна врска или брак, најважно е да се трудите да бидете добри едни кон други. Добротата и нежноста често паѓаат на второ место, а 90% од односот се состои од нив.rnrn2. Обрнете внимание на начинот на кој тој се однесува кон својата мајка. Запомнете, еден ден тој така ќе се однесува кон вас.rnrn3. Ако имате проблеми во добрите времиња, нема шанси да ги преживеете лошите. Почнете да обрнувате повеќе внимание дури и на најситните нешта кои ви пречат.rnrn4. Немојте да му/ѝ се наметнувате, ниту пак да се обидувате да ги менувате. Ако не ви се допаѓа какви личности се тие сега, воопшто немојте ни да им се додворувате.rnrn5. Секогаш сакајте се себеси барем трошка повеќе одошто го сакате партнерот. Ако не се сакате себеси, никој друг нема да може да ве цени.rnrn6. Безусловната љубов не постои, освен во односот помеѓу мајката и нејзиното дете. Токму затоа и не треба да ја барате од личноста со која сте во врска или брак.rnrn7. Во животот мора да поминете низ некои нешта пред да се смирите. На тој начин подобро ќе се запознаете, ќе ги исполните соништата, ќе се надградите и ќе знаете што навистина сакате.rnrn8. Љубовното патење е секогаш тест на карактерот. Можност за учење од грешките и отворање пат кон нешта ново и подобро.rnrn9. Од почетокот поставете ги нештата онака како што ги сакате. Ако и другата страна го направи истото, тогаш ќе имате искрен однос. Поставувањето на нештата на почетокот ќе останат како темел за сите понатамошни случувања.rnrn10. Новата долна облека може да чини чуда во бракот. Немојте да се запуштите, не поради него, туку поради себе.rnrn11. Никогаш немојте да слушате љубовни совети од луѓе кои се во врска каква што вие не би сакале. Не би сакале да налетате на исти проблеми како нивните.rnrn12. Најдете личност која ќе ви се додворува и која постојано ќе биде џентлемен или дама. Вниманието и грижата никогаш не губи цена.rnrn13. Не е важно колку пари имаат тие, важно е како ги распоредуваат и колку ќе им траат. Одберете ја онаа личност која знае како да штеди, но и како да троши.rnrn14. Покрај вистинските маж или жена, секој се чувствува сигурно и сакано. Секогаш, дури и кога се карате.rnrn15. Вистинскиот партнер треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинува. Никогаш не заборавајте на ова.

  • Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нешта

    Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нешта

    Филипа Рајс е талентирана артистка која создава едноставни, но прекрасни стрипови за секојдневните радости со партнерот. Таа не става акцент на типичните нешта кои се поврзуваат со љубовта, како срценцата и ружите, туку на секојдневните начини на кои вистински ја споделуваме љубовта со нашите партнери. Без разлика дали станува збор за утринските ритуали, прегратките или заедничкото заспивање, таа ги издвојува вистинските нешта кои ја покажуваат искрената и длабока љубов.rn

    Понекогаш љубовта може да се најде во наједноставните нешта, како заедничкото утро во кујната

    rn(1) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Вие можете да бидете заедно во истата просторија и да не правите ништо

    rn(2) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Љубовта е гушкање сè додека не заспиете

    rn(3) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Дури и најдосадните задачи се забавни кога ги правите заедно

    rn(4) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Купувањето намирници никогаш не било поинтересно

    rn(5) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Вистинската љубов значи тргнување сè настрана за само една прегратка

    rn(6) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Најголемата дилема е што ќе јадете за вечера

    rn(7) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Дури и ако се чувствувате малку тажно, секогаш има некој кој ќе ве држи за рака

    rn(8) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Среќа е кога и двајцата читате во кревет по тешкиот ден на работа

    rn(10) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Склопувањето мебел е исто како да си играте со ЛЕГО коцки

    rn(11) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Понекогаш, мора да поставите тешки прашања

    rn(12) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Готвењето заедно станува една од најинтересните задачи во домот

    rn(13) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Дури и вашите најмали проблеми многу му/ѝ значат

    rn(14) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Љубов е кога зборувате за сè и сешто додека лежите во кревет

    rn(15) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Тој или таа ги знае вашите омилени позиции за гушкање

    rn(16) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Додека пиете кафе, само вие двајца постоите на целиот овој свет

    rn(19) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Студениот есенски ветер не може да ве допре бидејќи вашето срце е топло

    rn(20) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Вие знаете точно кога треба да се извините

    rn(21) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Не постои ништо поудобно од заспивање во неговиот или нејзиниот скут

    rn(22) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Постојано истражувате нови нешта, дури и ако станува збор за паркот во вашето маало

    rn(23) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Вие знаете дека љубовта не се состои само од виножита и пеперутки

    rn(24) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    Сè додека сте еден покрај друг…

    rn(25) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нештаrn

    …Сè ќе биде во ред!

    rn(26) Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нешта

  • Тие немаат среќа: 3-те хороскопски знаци кои најчесто остануваат сами

    Тие немаат среќа: 3-те хороскопски знаци кои најчесто остануваат сами

    Иако сите посакуваат да ја најдат личноста совршена за себе и со неа да оформат сопствено семејство, сепак во реалноста многумина живеат различно. Кај нив не постои „ние“, туку само „јас“. И како што поминува времето, изгледа оваа ситуација станува сè потрајна. Некогаш зависи од самите животни околности, но некогаш и хороскопскиот знак може да игра улога. Откријте што велат ѕвездите за 3-те знаци кои имаат најголеми шанси да останат сами.rnrnТие немаат среќа: 3-те хороскопски знаци кои најчесто остануваат самиrn

    Близнаци

    rnЗа припадниците на овој воздушен знак карактеристична е љубопитноста и детската природа. Токму нивната огромна љубопитност ги тера да го истражуваат светот и да се запознаваат со најразлични луѓе. За ова однесување многу им помага нивната комуникативност и фактот што секогаш се пријателски настроени. Тие ретко кога имаат какви било предрасуди, па токму таа карактеристика и често ги води кон емотивни проблеми.rnrnЗа Близнаците карактеристично е да одбираат емоционално недостапни партнери или личности кои веќе се во врска или брак. Ако станува збор за првиот случај, тогаш тие се во состојба енормно да патат, но да не се откажат од идејата дека другата страна ќе се промени. Најголемиот проблем на Близнаците е тоа што главата им е често во облаци, па не ја гледаат добро реалноста. Токму затоа и постојано се заљубуваат во личност која е недостапна за нив.rnrnТие сметаат дека со доволно трпение и внимание ќе можат сè да свртат во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, тие губат многу време во исчекување на она кое го посакуваат за на крај повторно да бидат скршени. Најлошо од сè е што тие навистина сакаат брак и деца, но во поголемиот број случаи не ја одбираат соодветната личност за реализација на овие планови.rn

    Лав

    rnЛавот е вистински претставник на огнените знаци – енергичен, забавен и динамичен. Тој освојува сè пред себе. Припадниците на овој знак се многу зборливи, па лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Токму тоа и им овозможува да ја остварат својата најголема желба – да бидат обожувани и да им се восхитуваат. Врските во кои влегуваат се често од сексуална природа, иако другата страна неретко очекува и нешто повеќе од тоа.rnrnЛавовите лесно кршат срца и не водат сметка дали некого повредуваат со своето однесување, дури и кога станува збор за личност која има деца. Но, по правило, дури и за нив секогаш се наоѓа личност која е фатална. Во тој момент тие се подготвени да му/ѝ го подарат цел свет и ја искажуваат својата љубов на необични начини. Без разлика колку е интензивна оваа врска, сепак Лавот останува сам бидејќи другата страна не може да ја поднесе неговата импулсивност.rnrnВсушност, најголемиот проблем на Лавот е што тој би сакал личност која е секогаш тука за него, но сепак смета дека најдобро функционира доколку ништо не го сопира. Без разлика на врските кои следат по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува сам, размислувајќи за тоа колку неговиот живот би му бил различен доколку остареле заедно со оваа личност.rn

    Водолија

    rnПрипадниците на овој воздушен знак се исклучително интелигентни и елоквентни, па во комбинација со нивниот силен шарм стануваат скоро неодоливи. Но, сепак овие карактеристики најчесто не им помагаат да бидат среќни и емотивно исполнети. Без разлика колку добро знаат да ги советуваат другите за љубовните проблеми, тие самите се водат кон пропаст. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со несоодветен партнер за нив.rnrnИако за Водолијата тоа е јасно уште од самиот почеток, нејзината природа ја тера да остане во таа врска со цел да види што ќе се случи на крајот. Тие воопшто не умеат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат 200%. Дури и да започнат добра врска, на нивниот партнер ќе му пречи слободниот ум и различниот поглед на светот кој ги издвојува од останатите.rnrnКога ќе почувствуваат дека другата страна ги забавува или заробува, тие ќе се обидат да се прилагодат, но најчесто бегаат пред да биде доцна. Тоа може да се случи дури и по формирањето свое семејство, бидејќи за нив идиличната семејна слика пред светот е помалку важна од сопствената состојба. Тие не сакаат да играат по туѓи правила, туку да живеат според своите верувања, па затоа и со самотија плаќаат за да го остварат тоа.

  • Должината на вашиот палец открива какви сте во љубовните врски

    Должината на вашиот палец открива какви сте во љубовните врски

    Ако веќе ги проанализиравте малиот прст, показалецот и вашите отпечатоци, на ред е да си погледнете во палецот. Односот на деловите до и од зглобот нагоре крие некои ваши лични особини.rnrndolzhinata-na-vashiot-palec-otkriva-kakvi-ste-vo-ljubovnite-vrski-kafepauza.mkrn

    A. Ако првата половина од палецот ви е подолга од втората половина

    rnВие сте верна и страсна личност. Штом се заљубите, целосно се посветувате само на таа личност, па имате тенденција да станете опсесивни. Другите аспекти од вашиот живот како учењето и работата лесно можат да бидат запоставени. Ако на вашиот партнер му треба повеќе време за да ви одговори на пораките или не стапува доволно често во контакт со вас, вие ќе полудите и ќе се обидете да го добиете на телефон ѕвонејќи му повеќе пати. Бидете внимателни, бидејќи ваквото однесување може да го/ја исплаши и да го/ја оттргне од вас.rn

    B. Ако првата и втората половина од палецот ви се со иста должина

    rnСакате да планирате сѐ и користите специфичен пристап што ви овозможува да ги постигнувате вашите цели. Вие сте смирени и сталожени без разлика што и да се случува. И во однос на љубовта сте исти. Можете објективно да ги процените неговите/нејзините чувства и нема да дозволите да се занесете како резултат на своите емоции. Но, заради вашата смиреност, вие тешко ќе се одлучите да се движите напред во врската со соодветното темпо, најчесто завршувајќи во замрсени односи.rn

    C. Ако втората половина од палецот ви е подолга од првата половина

    rnВие сте стабилна и доверлива личност за луѓето околу вас. Исто така имате добри набљудувачки вештини. Посветувате многу време да размислувате за нештата и ги правите работите полека. Такви сте и во љубовта. Дури и ако сте тотално „затрескани“ во некого, ќе се воздржите од искажување на своите чувства. Затоа лесно е да ја пропуштите приликата бидејќи премногу сте засегнати од мислењето на другите.

  • 7 видови девојки од кои сите момци бегаат (без исклучок!)

    7 видови девојки од кои сите момци бегаат (без исклучок!)

    Вие можеби мислите дека сте слатки со овие видови однесување, но реалноста е сосема спротивна. Во совршените врски, девојките им дозволуваат на своите партнери постојано да ги гледаат само во најдобрата верзија од себе. Но, во реалните врски, секој мора да се соочи и со најдоброто и со најлошото. Тоа е сосема нормално. Токму затоа и момците, особено кога сакаат вистинска врска, најмногу што можат ги избегнуваат следниве 7 видови девојки…rnrn7 видови девојки од кои сите момци бегаат (без исклучок!)rn

    1. Девојката која сака да држи сè под контрола

    rnОваа девојка воспоставува контрола во врската така што постојано му го покажува „своето место“ на нејзиниот партнер. Таа се доживува како личност која лесно и брзо ги решава проблемите и токму затоа, најчесто со добри намери, постојано му објаснува на партнерот дека неговиот начин е погрешен. Со обидот да го контролира, таа ги потиснува неговите мисли, желби и можеби најважно од сè, неговото чувство за мажественост.rn

    2. Девојката која се однесува како мајка

    rnТаа кон својот партнер се однесува на истиот начин како што и неговата мајка се однесува кон него. Таа се грижи за него, постојано размислува да не случајно нешто лошо му се случува, верува дека тој е безгрешен, па можеби дури и сака да ја одбира облеката која ќе ја носи на неговото ново работно место. Всушност таа е толку многу емоционално преокупирана со него, што тоа воопшто не е здраво за врската. На тој начин си става непотребен притисок врз себе, сакајќи самата да ја носи врската на свој грб, а со тоа и доведува до негово гушење.rn

    3. Девојката која го уценува својот партнер со секс

    rnОваа девојка е шармантна, па токму затоа и лесно ги привлекува мажите во своите прегратки. Тоа успева да го постигне бидејќи се дефинира себеси со својата сексуалност. Со други зборови, таа го контролира својот партнер со секс. Па, доколку тој сака да добие секс, тогаш прво мора да го направи тоа што оваа љубовна лисица го посакува. Нема потреба воопшто да се кажува зошто овие уцени најверојатно брзо ќе доведат до крај на врската.rn

    4. Девојката која е секогаш дама во опасност

    rnКонцептот на „дама во опасност“ е многу едноставен: Момче запознава девојка, момчето ја спасува девојката, па момчето и девојката живеат среќно до крајот на својот живот. Ова можеби звучи романтично, но на долг рок таа не може постојано да биде дама која е во опасност и тој не може постојано да се однесува како нејзиниот херој. Овие улоги исцрпуваат и се нереални, па токму затоа и со тек на време помеѓу нив ќе исчезне „хемијата“ која ги поврзувала.rn

    5. Девојката која постојано игра игри

    rnМногу често се случува момците да налетаат на девојка која си игра со нив и во моментот пред работите меѓу нив да станат сериозни, таа да си замине. И покрај тоа што не мора да значи дека станува збор за саботажа, најчесто ова однесување води кон фрустрации. Но, откако нештата меѓу нив ќе се оладат, таа повторно се враќа назад. Можеби на почетокот овие раскинувања и смирувања делува забавно, но брзо потоа се претвораат во тензија која се испречува како ѕид помеѓу двајцата.rn

    6. Девојката која се стреми кон комплетна и тотална еднаквост

    rnОваа девојка, позната и како сметководителка, постојано следи што таа и својот партнер прават и се погрижува тие постојано да се на еднакво ниво. Проблемот со ова однесување е што врските не се бизнис, туку задоволство. Доколку не се доживуваат како нешто кое ве исполнува, интимноста ќе се намали и љубовта ќе стане колатерална штета.rn

    7. Девојката која се однесува како принцеза

    rnКога една девојка ја игра улогата на принцеза, таа воопшто не се грижи за љубовта. Единственото нешто кое ѝ е важно е да биде поставена на пиедестал и да биде обожувана од својот партнер. На кратко, таа ќе се омажи со оној маж кој ќе ја доживува како трофеј. Овие жени не само што ги ограбуваат партнерите од својата среќа, туку и си ја скратуваат својата лична среќа, исклучувајќи ја шансата за наоѓање вистинска љубов и поврзаност.

  • 5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

    5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

    За една врска да може да биде добра и успешна, вие треба многу да работите на неа. На љубовта ѝ треба добра подлога во облик на правилна комуникација помеѓу партнерите за таа да успее, па токму затоа следниве 5 реченици можат многу да ви помогнат во оваа цел.rnrn5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој денrnrn1. Ние можеме да го решиме тоа. Токму зборот „ние“ е клучен за успехот на секоја врска или брак. Овој збор укажува дека вие се доживувате како тим и дека заедно можете да ги надминете сите проблеми кои ќе ви излезат на патот. На тој начин лесно се соочувате со сите оние недоразбирања кои се неизбежни во долгите врски.rnrn2. Разбирам што ми кажуваш. Сите ние често се жалиме дека партнерот не нè слуша. Желбата да бидеме чуени и разбрани е дел од човековата природа. Со изговарањето на овие реченици вие му давате на вашиот партнер до знаење дека ги разбирате неговите мисли, желби, несигурности или проблеми. Но, исто така имате можност и да возвратите со свое мислење, укажувајќи му/ѝ дека се грижите за него/неа.rnrn3. Луд/а сум за тебе. Луѓето најчесто ги задржуваат за себе убавите мисли за своите партнери, но тие треба да бидат поделени и со нив. Ако сте горди на вашите дечко или девојка, едноставно кажете им го тоа јасно и гласно. Ако ве привлекуваат, исто така не се воздржувајте да го искажете тоа. Сите ние одвреме-навреме сакаме да ги дознаеме оние нешта кои другата половина ги цени или сака кај нас…rnrn4. Ти благодарам. Најсреќните парови знаат дека големата тајна за љубовната среќа се крие во малите нешта. Немојте да заборавате де кажете „Ти благодарам“ кога тоа треба да следува. Со оваа магична изјава вие оддавате признание за неговиот или нејзиниот труд и вложување.rnrn5. Само напред, ти можеш! Оваа реченица испраќа едноставна, но силна порака. Вие со неа му/ѝ кажувате дека сте покрај него/неа, дека му/ѝ верувате и дека го чувате неговиот/нејзиниот грб. Ова е нешто што секој сака да го чуе од љубените со цел да се почувствува посигурно кога се впушта во нови авантури.

  • Студиите тврдат дека најлесно можете да го најдете вашиот сопруг во еден од овие градови…

    Студиите тврдат дека најлесно можете да го најдете вашиот сопруг во еден од овие градови…

    Што е најзабавното нешто кое сте го направиле на првиот состанок? Сте биле на романтичен пикник? На возење со балон? Сте скокале со падобран? Според веб-сајтот MissTravel, патувањето е еден од најдобрите начини да ја откриете вашата компатибилност како пар.rnrnСтудиите тврдат дека најлесно можете да го најдете вашиот сопруг во еден од овие градови...rnrnMissTravel.com е првиот и единствен веб-сајт за состанување каде што членовите бараат партнери за патување. Со цел да откријат кои дестинации резултирале со долготрајни врски, тие спровеле студија и собрале податоци од членовите кои се во сериозна врска со личности кои ги запознале токму на овој веб-сајт. Основачот, Брендон Вејд, вели дека секој човек поседува карактерни црти кои не можат никогаш да се откријат преку едноставна вечера или состанок во кино. Тој вели:rn

    „Патувањето ги извлекува луѓето од нивната удобна зона и им овозможува искрена поврзаност која брзо открива дали постои компатибилност помеѓу нивните карактери.“

    rnРазмислете само колку стрес се појавува со подготовките за класичниот состанок, како и за времетраењето на истиот. Вие тогаш постојано се грижите да не кажете или направите нешто погрешно, но за време на патувањата сте целосно опуштени и не размислувате два пати пред да проговорите. Токму затоа и ќе бидете автентични и брзо ќе откриете дали оваа личност навистина ви одговара.rnrnПа, кои се најпопуларните градови кои можат да ја детерминираат оваа компатибилност? Според резултатите, ова се топ 10-те дестинации на кои можете најдобро да откриете дали тој или таа е добар избор за вас, уште на првиот состанок:rn

      rn011

    1. Оранјестад, Аруба: 1.840
    2. rn011

    3. Лас Вегас, Америка: 1.437
    4. rn011

    5. Бали, Индонезија: 1.231
    6. rn011

    7. Мајами, Америка: 1.055
    8. rn011

    9. Париз, Франција: 1.045
    10. rn011

    11. Сан Франциско, Америка: 982
    12. rn011

    13. Рајските острови, Бахами: 915
    14. rn011

    15. Рим, Италија: 846
    16. rn011

    17. Торонто, Канада: 815
    18. rn011

    19. Канкун, Мексико: 793
    20. rn

    rnШто мислите? Би пробале да запознаете некого на некое од овие места?

  • За сите кои сакаат да се омажат: Постојат 5 типови девојки за брак. Дали сте една од нив?

    За сите кои сакаат да се омажат: Постојат 5 типови девојки за брак. Дали сте една од нив?

    Проблемот на жените од 21-от век лежи во тоа што тие веруваат дека во светот постои совршен маж кој ќе го пронајдат само ако постојано го бараат. Никогаш не им паѓа на памет дека оној кој моментално го имаат е најдоброто што може да се најде. Затоа постојано ѕиркаат зад ќошевите – убедени дека баш таму ги чека нивниот принц. За да им помогнеме на жените да го избегнат ова сценарио, идентификувавме 5 типа девојки за мажење кои постојат во 21 век. Тоа може да ви послужи како патоказ и да ве научи да извлечете максимум од вашиот сингл статус.rnrn0-za-site-koi-sakaat-da-se-omazhat-postojat-pet-tipovi-devojki-za-brak-dali-ste-edna-od-niv-kafepauza.mkrn

    1. Професионална осаменичка

    rnКарактерен профил: Штом ќе ставите крај на врската веднаш почнувате да се однесувате во стилот „сама сум и се гордеам со тоа!“ Постојано зборувате дека сингл животот е прекрасен, а мажените девојки, како по некое непишано правило, се постојано несреќни.rnrnЧесто кажувате: Повеќе не ми треба танга, купувам памучни гаќички!rnrnРетко кажувате: Честитајте ми, сама сум полна година!rnrnШто велат психолозите: Вие сте доволно паметни да сфатите дека мажите не би требало да бидат вашиот центар на внимание, но сепак сакате да имате маж покрај себе. Сакате кога другите ве гледаат како независна жена, но втренчено барате кандидат кој ќе биде вашиот „вечен партнер“. Црпите самопочитување од секоја врска.rnrnСовет плус: Вложете што е можно повеќе труд и време во другите аспекти од вашиот живот. Ако секогаш имате маж покрај себе, тоа значи дека пропуштате да ги истражите сопствените способности. Пробајте да остварите лабава врска наместо таква во која целосно ќе се препуштите со целото срце и тело. Кога ќе почнете да излегувате со ново момче, поставете си рок од четири недели во кој зборот „постојана врска“ ќе биде исфрлен од вашиот речник.rn

    2. Непребирлива очајничка

    rnКарактерен профил: За вас, вечер без маж е како Нова година без шампањ. Никогаш не го напуштате ноќниот клуб порано затоа што секогаш постои можност во последен миг да се појави господинот Вистински или барем господинот Потполно Погрешен.rnrnЧесто кажувате: Мислам дека го уловив, уште само пет минути.rnrnРетко кажувате: Вечерва кај мене забава само за жени!rnrnШто велат психолозите: Имате недостаток на самодоверба. Не се чувствувате добро во сопствено друштво и поради тоа постојано сте несреќни и незадоволни од себеси. Се чувствувате празно и барате маж кој ќе ви ја пополни емоционалната празнина. Мажите на километар го мирисаат вашиот очај – затоа ве искористуваат и ве прават уште поранливи.rnrnСовет плус: Престанете да ловите мажи и барем еднаш неделно учествувајте во нешто во кое тие не се вклучени. Направете пакт со најдобрата пријателка, замолете ја да ве извлечка од клубот час време пред крајот на забавата за да не останете да го собирате ѓубрето. Исто така, никогаш не прифаќајте врска на прв состанок. Обрнете внимание на неприбирливите очајнички околу вас за од страна да увидите колку тоа однесување не заслужува внимание.rn

    3. Постојано незадоволна

    rnКарактерен профил: Вие можеби имате постојан партнер, но цело време мислите дека ќе наидете на подобра прилика. Никогаш не сте задоволни со она што го имате и не се срамите да побарате „преку леб погача“.rnrnЧесто кажувате: Моето момче не ме разбира.rnrnРетко кажувате: Толку сум среќна што сум со Иван, Мартин, Стефан…rnrnШто велат психолозите: Не знаете да уживате во моментот, туку без престан фантазирате за посветла иднина. Вашето незадоволство е условено од нискиот праг на толеранција кон секојдневните обични нешта кои ги има во секоја врска. Обожувате романтика, но не знаете да ги разгорите страстите. Штом ќе пронајдете нов партнер, веќе сте во потрага по следниот.rnrnСовет плус: Направете попис на сите позитивни аспекти од вашата врска и ставете го на видно место каде што постојано ќе го гледате. Еднаш-двапати месечно пробајте нова секси техника со партнерот. Навестете му дека би сакале малку романтика – тој ќе има волја да ве следи само ако го водите. Кога ќе почнете да сонувате за друг, идеален маж, сетете се дека ќе морате да ги перете и неговите гнасни чорапи.rn

    4. Мажена осаменичка

    rnКарактерен профил: Иако сте во среќна врска, вие одлучувате да го игнорирате тој факт. Го сакате својот партнер, но се однесувате како сингл девојка. Излегувате без него во фустан кој вриска „Сингл сум!“ и флертувате со други мажи.rnrnЧесто кажувате: Не ме чекај, доцна ќе се вратам.rnrnРетко кажувате: Во сабота навечер? Нема да можам, тоа е нашата интимна вечер.rnrnШто велат психолозите: Вие црпите самопочит од вниманието кое ви го посветуваат мажите. Постојано ви се потребни нови обожаватели. Ве возбудува ризикот – а тоа е опасна комбинација бидејќи пренагласеното флертување води до туѓа постела. Дома би сакале да имате сигурност, а надвор да постои возбуда. Тек кога ќе го изгубите мажот – тогаш ја сфаќате неговата вредност.rnrnСовет плус: Дали вие би го трпеле партнерот ако тој така се однесува? Секако дека не. Повикајте го да излезете на некое ново и возбудливо место. Пробајте нешто поинакво – играјте различни улоги: тој нека се преправа дека не ве познава, а вие заведете го со секси флерт. Договорете се двајцата да флертувате со непознати луѓе – тоа можеби ќе ви ја зголеми возбудата.rn

    5. Вистинска стара мома

    rnКарактерен профил: Живеете со мачки. Верувате дека мажите носат само неволји. Вие мислите дека сами на себе сте си доволни и тврдите дека таквиот живот ви одговара. Што има тука да се додаде?rnrnЧесто кажувате: Не вечерва, морам да ги нахранам моите мачки додека гледам серија.rnrnРетко кажувате: Дојди кај мене да водиме љубов.rnrnШто велат психолозите: Навистина уживате кога сте сами. Кога ви се додворува маж првата помисла ви е „зошто да се замарам?“ Имате заборавено како се одржува врска и веројатно длабоко сте го потиснале вашето либидо заедно со интересот за мажи.rnrnСовет плус: Излезете од вашето меурче и вежбајте флерт со пријателите. Набљудувајте ги разговорите на комуникативните луѓе и пробајте да ги емитирате – тоа е најлесниот начин да се здобиете со самодоверба во друштво. Потсетете се на сите предности од врските, не мислете само на недостатоците. Излегувајте во мешовито друштво и поведете пријателка со вас за да ги намалите тензиите и стравот кој тлее длабоко во вас.

  • Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

    Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

    Врските се клучниот дел од животот, растењето и созревањето. Без разлика дали станува збор за пријателска или љубовна врска, личните интеракции со луѓето има голем ефект врз вашите ставови и погледи. Па, што е тоа што ги одделува детинестата и зрелата љубовна врска?rnrnШто е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?rnrn1. Детинестите врски се за внимание, зрелите врски за намера.rnrn2. Детинестите врски започнуваат караници, зрелите врски ги надминуваат.rnrn3. Детинестите врски се за „мене“, зрелите врски се за „нас“.rnrn4. Детинестите врски се одржуваат преку пораки, зрелите врски преку вечера.rnrn5. Детинестите врски се празни, зрелите врски ве исполнуваат.rnrn6. Детинестите врски изобилуваат со игри, зрелите врски немаат време за нив.rnrn7. Детинестите врски имаат караници за ситници, зрелите врски имаат вредност за која вреди да се бори.rnrn8. Детинестите врски ја нагризуваат вашата душа, зрелите врски ја нахрануваат.rnrn9. Детинестите врски се за она што изгледа добро, зрелите врски се за она што се чувствува добро.rnrn10. Детинестите врски се евтини шотови во бар, зрелите врски се шише вино во вашиот дом.rnrn11. Детинестите врски се движат пребрзо, зрелите врски ве тераат да забавите.rnrn12. Детинестите врски се „Ми требаш“, зрелите врски се „Те посакувам.“rnrn13. Детинестите врски ја користат изјавата „Те сакам“ за да спречат караници, зрелите врски велат „Те сакам“ бидејќи гледаат иднина.rnrn14. Детинестите врски се за подароците, зрелите врски се за годишниците.rnrn15. Детинестите врски создаваат несигурности, зрелите врски ги ослободуваат.rnrn16. Детинестите врски се одвлекување на вниманието, зрелите врски се мотивација.rnrn17. Детинестите врски се исполнети со љубомора, зрелите врски се исполнети со доверба.rnrn18. Детинестите врски се само за секс, зрелите врски се за интимност.rnrn19. Детинестите врски се за мислењето на другите, зрелите врски се за вашето мислење.rnrn20. Детинестите врски се површни, зрелите врски ја кршат површината.rnrn21. Детинестите врски се фокусираат на негативното, зрелите се насочени кон позитивното.rnrn22. Детинестите врски се за пофалба на Фејсбук, зрелите врски не се изложуваат на социјални мрежи.rnrn23. Детинестите врски прават да се чувствувате слабо, зрелите врски ве прават моќни.rnrn24. Детинестите врски се за моментот, зрелите врски се за иднината.rnrn25. Детинестите врски прават да се двоумите во себе, зрелите врски ја надградуваат вашата самодоверба.rnrn26. Детинестите врски се за имиџот, зрелите врски не се грижат за изгледот.rnrn27. Детинестите врски се за она што другите луѓе го сакаат, зрелите врски се за она кое вие го сакате.rnrn28. Детинестите врски ве расплакуваат, зрелите врски ве расположуваат.rnrn29. Детинестите врски прават да се сомневате во себе, зрелите врски ви даваат одговор на сите прашања.rnrn30. Детинестите врски се за излегувањето, зрелите врски се за останувањето дома.rnrn31. Детинестите врски се за лична победа, зрелите врски се за заедничка победа.rnrn32. Детинестите врски пробуваат нови нешта, зрелите врски ги усовршуваат.rnrn33. Детинестите врски сакаат да бидат видени, зрелите врски сакаат да бидат слушнати.rnrn34. Детинестите врски имаат потреба од валидација, зрелите врски немаат потреба да се докажуваат.rnrn35. Детинестите врски се полни со тајни, зрелите врски ја говорат само вистината.