Можеби сте патувале низ многу градови во светот, но Њујорк е навистина поразличен од другите. Град кој или го сакате или го мразите. Место кое ќе ве натера најпрвин да се запознаете себеси, а потоа и животот воопшто. Таму за успех не се потребни само високи интелектуални вештини, туку и верба и следење на внатрешните инстинкти. Еве на што сѐ ќе ве научи овој град, доколку некогаш ви се пружи шанса и соберете храброст да живеете во него.rnrn
rnrn1. Убавите жени како зиме да се кријат, а на лето полека почнуваат да излегуваат.rnrn2. Постојат безброј начини некого да му кажете „не“.rnrn3. Спремни сте да живеете и во најголемата шупа – можеби нема да ви се допаѓа, но ќе се справите со тоа.rnrn4. Се навикнувате и на специфичниот мирис на ѓубре, кое полека скапува на сонцето.rnrn5. Соочени сте со фактот дека повеќето луѓе не се облекуваат во соодветниот конфекциски број.rnrn6. Моделите изгледаат подобро во списанијата.rnrn7. Постојат стаорци поголеми од вашата мачка.rnrn8. Луѓето се спремни да платат повеќе за што и да е.rnrn9. Можете да одите на факултет 4 години и повторно келнерот да заработува повеќе од вас.rnrn10. Колку и да ви е ужасен станот, киријата со сигурност ќе расте.rnrn11. Има некои навистина, навистина нечисти луѓе кои живеат во Њујорк.rnrn12. Луѓето ќе ве излажат само за да видат дали им верувате.rnrn13. Пријателите овде тешко се стекнуваат.rnrn14. Можеби ќе се случи да се чувствувате крајно осамени, иако сте опкружени со милион луѓе.rnrn15. Ќе преживеете и без пица.rnrn16. Ќе има луѓе кои ќе ве мразат само затоа што така им текнало.rnrn17. Поголемиот дел од луѓето во светот се идиоти.rnrn18. Тоа што сте паметни не ви гарантира успех – има голем број интелигентни луѓе во Њујорк кои се бездомници.rnrn19. Ништо во животот не е бесплатно.rnrn20. Луѓето ви прават услуга само затоа што подоцна го очекуваат истото и од ваша страна.rnrn21. Жените копнеат по секс исто како и мажите.rnrn22. Вашиот џигер може да поднесе јак ќотек.rnrn23. Повеќето луѓе не знаат што сакаат да прават со животот – и тоа е ОК.rnrn24. Вљубувањето е неверојатно тешко, иако секојдневно среќавате нови луѓе.rnrn25. Секој има различна перцепција за светот.rnrn26. Кај соседите не е подобро.rnrn27. Нема да можете да живеете долго без малку природа и чист воздух.rnrn28. Некој може да ве убие за помалку одошто мислите.rnrn29. Сите се трудат да ве победат – иако никој не знае за што се натпреварува.rnrn30. Американците можеби се дебели, но коренот на проблемот не лежи во тоа.rnrn31. Не секој има проблем со вршење голема нужда во јавност.rnrn32. Човековата урина мириса подеднакво лошо како онаа на мачките – барем по нејзиното „крчкање“ на жешкиот асфалт.rnrn33. Во Њујорк можете да фатите хонорарна работа во угостителството само со њујоршко искуство. Па ако не сте родени како келнер, тешко дека ќе најдете работа.rnrn34. Викендите се најлошото време за забава.rnrn35. Луѓето се спремни да платат коктел, поскап од шишињата алкохол од кој е направен.rnrn36. Доколку изгледате како да имате пари, другите ќе направат сѐ за да ве искористат.rnrn37. Луѓето слушаат за да ви одговорат, не за да ве разберат.rnrn38. Денешниот пријател ви е утрешен непријател.rnrn39. Многу е важно да носите кондом.rnrn40. Повеќето луѓе имаат ужасен вкус за музика.rnrn41. Луѓето сакаат да прават проблеми за да се почувствуваат важни.rnrn42. Семејството е неверојатно важно – тешко дека ќе преживеете без поддршката од најблиските.rnrn43. На секого му се случува понекогаш да западне во длабока, црна дупка.rnrn44. Колку и да е длабока и црна дупката, секогаш имате можност да излезете од неа.rnrn45. Сексот не го лечи скршеното срце.rnrn46. Ви треба некој кој ќе ве сака.rnrn47. Потребен ви е добар другар ако сакате да успеете во животот.rnrn48. Парите се моќ.rnrn49. Во животот важни се само оние работи кои сте ги заработиле со многу труд.rnrn50. Среќата е одлука. Одлука која треба да ја донесувате секој ден до крајот на животот.
Tag: лекции
-

50 работи на кои ќе ве научи животот во Њујорк
-

Спортувањето и животните лекции кои произлегуваат од него
Автор: Александар Николовски – КиндерrnrnСите знаеме дека спортот е најдобар начин за одржување на физичката кондиција, за правилен развој (посебно ако се спортува од рана возраст) и е фактор за подобро здравје кај луѓето. Меѓутоа, спортот доста влијае и на менталното здравје кај луѓето.rnrn
rnrnОтсекогаш сум спортувал (аматерски) и најмногу сум играл тимски спортови (фудбал, баскет). Но, во последниве неколку години почнав да практикувам индивидуални спортови (возење велосипед, трчање и тенис). Бидејќи за првпат подолго практикувам индивидуален од тимски спорт ги забележувам разликите. Во тимскиот спорт може да победите и ако играте слабо тој ден, додека во индивидуалниот спорт сè зависи од самите нас. Успехот/неуспехот зависи од нашата посветеност, амбиција, вештини. Покрај бенефициите од спортот, како редуцирање на стрес, подобро здравје, подобро расположение, подобна концентрација, натпреварувањето сам со себе ми овозможи да научам доста работи за самиот себе, но и неколку животни лекции кои би ги споделил со вас:rnТреба да почнете и да бидете конзистентни
rnКако и за многу други работи, за да има успех треба да се почне. Почетокот е секогаш тежок, но треба да се буткате сами себе да има континуитет. Колку повеќе вежбаме стануваме подобри. Најтешко е да се натераш сам да почнеш – тоа е и предноста на тимскиот спорт, има други кои ќе те „набуцкаат“…rnrn
„Осумдесет проценти од успехот е да се појавиш.“ – Вуди Ален
rn
rnМора да истрпите болка за да бидете подобри
rnКога почнав да возам велосипед не можев да возам многу на прав пат, а камоли да се качувам по угорници. Имав болки во нозете, но издржував и секое наредно возење можев да издржам подолго и понапорно. Кога почнуваме нешто ново нормално е да се судриме со проблеми, но тие треба да се издржат, да се научи од препреките и да се обидуваме повторно и повторно. Ако не излеземе од комфорната зона нема никогаш да успееме.rn
Бидете позитивни за да напредувате
rnКога вежбате, за да напредувате треба да се самомотивирате, бидејќи никој друг нема да го прави тоа (за разлика од тимскиот спорт). Треба да се биде позитивен во тој разговор сам со себе за да се издржи и да се оствари целта. Самомотивацијата на тој начин е лекција која помага во сите сфери од животот. Идејата е да бидете позитивни и да се мотивирате, тогаш кога не се чувствувате убаво, позитивно и мотивирано за акција и за вежбање. Ако успеете да го победите тој момент, тогаш вие сте на правиот пат на самоменаџирање.rn
Ако стане напорно, не застанувајте
rnНајчесто кога сум мислел дека веќе не можам (да трчам, возам) и треба да застанам, тоа било грешка, се работи за моментална криза. Треба да се издржи и да се надмине кризата. Може да се забави, да се намали темпото, но не треба да се откажеме пред да стигнеме до замислената цел. Секоја промена, секоја акција, нов проект, на почеток секогаш е тежок. Но не смее да се откажеме на првата бариера, туку да најдеме волја и да издржиме до крај. Колку и да се гледа тешко или непотребно, или глупаво, на крајот, направете го тоа за вас самите. Да видите од што сте направени.rnrn
„Не е важно колку бавно одиш сѐ додека не застануваш.“ – Конфучие
rn
rnСпортувајте (работете, дружете се) со подобри од вас
rnЗа да имате напредок во некоја работа, треба да го правите тоа со подобри од вас. Од луѓето кои знаат повеќе за тоа може да се научи, тие може да ви ги покажат тајните кои ги научиле преку практична работа. Не треба да се гледаат овие луѓе како конкуренција (колеги) или како да нема вредност тоа што ќе ти го кажат (менаџер) или поради предрасуди и давање на преголема вредност на себе, да не послушаме некој наш близок пријател, фамилија итн. „Крадете“ од сите.rn
Уживајте во патот
rnНе треба да бидеме среќни само кога ќе заврши активноста и кога ќе ја оствариме дадената цел. Така е и во животот. Треба да се ужива додека ја правиме активноста, да не се молиме и одвај да чекаме да заврши. Така, нема долго да го правиме тоа бидејќи не се забавуваме. Успехот во што било е кога се забавуваме во тоа што го правиме. Тоа значи, треба да одбереме нешто во кое уживаме и да го правиме тоа.rnrn
„Единствениот начин да бидеш добар во работата е да го сакаш тоа што го работиш.“ – Стив Џобс
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 нешта кои ги учиме од здравите љубовни врски
Мудри се оние кои од секое, макар и најмало животно искуство извлекуваат вредна лекција. Здравите љубовни врски се најдобри учители за љубовта, особено кога ќе ги споредите со некоја нестабилна врска од минатото. Еве на што нè учат тие.rnrn
rn1. Недоразбирањата се неизбежни
rnЌе се случи вашите зборови или постапки да бидат погрешно протолкувани од другата страна и тоа е во ред. Да се биде дел од здрава љубовна врска ве учи дека недоразбирањата се случуваат и може да прераснат во кавга само доколку вие дозволите. Вратете се чекор назад и погледнете ја добро ситуацијата со ладна глава. Дали можеби вие не се изразивте правилно? Потоа решете го недоразбирањето смирено. Во нездравите врски на кои одамна им минал „рокот на траење“ секогаш има простор за кавга која може да се разгори и од најобична ситница. Но не и во добрите врски каде недоразбирањата се решаваат, се простуваат и се причина за насмевка, а не за кавга.rn
2. Многу е важно да имате доверба во партнерот
rnКако би живееле со човек за кој се плашите дека во мигот кога ќе го завртите грбот тој/таа ќе ве изневери или повреди? Доколку немате доверба во вашиот партнер само си го трошите времето. Во сечиј живот има секакви периоди меѓу кои и периоди кога сè тргнува наопаку. Тогаш најмногу ја учите вредноста на грижлив партнер во кого имате максимална доверба.rn
3. Некогаш е корисно да си недостигате
rnПрекрасно е што делите многу работи и што често сте заедно, но здраво е понекогаш да си недостигате. Поминете викенд со пријателките или пријателите, искусете различни нешта, нешта кои ќе си ги прераскажете кога ќе се видите. Во здравите љубовни врски партнерите не стануваат „сијамски близнаци“ туку учат да бидат индивидуи, да ги негуваат пријателските и роднинските врски и намерно да си недостигаат некој период за многу повеќе да го ценат присуството на партнерот подоцна.rn
4. Партнерот треба да ја поттикне вашата желба за развој
rnОној кој вистински ве сака ќе ви дозволи да се унапредувате макар и за тоа да биде потребно да го жртвува времето кое го минувате заедно. Тој/таа нема да ве направи свој заробеник, туку меѓусебно ќе се мотивирате за повеќе, за развој и за промени. Здравата љубовна врска го извлекува најдоброто од вас а не прави да тапкате во место. Доколку сакате да го промените работното место, да продолжите со образованието, да се стекнете со нови искуства и интереси, партнерот е тој што треба да ве поддржи.rn
5. Компромисот не значи дека попуштате и дека сте слаби
rnВие сакате да биде по ваше бидејќи од ваша гледна точка вашето решение е пологично и попаметно. Но, истото го мисли и вашиот партнер. Во врските компромисот е неизбежен. Компромисот не значи дека попуштате и дека сте слаби, напротив, дека сте доволно паметни да го решите проблемот без кавга. Погледнете поообјективно и дипломатски, размислете за позитивните страни на она што вашиот партнер го предлага и најдете се на половина пат.rn
6. Во ред е да ги признаете вашите слабости
rnНе сте херои ниту пак некој очекува од вас да бидете. Секој човек има слабости и не плашете се да му кажете на вашиот партнер за своите. Всушност, во добра љубовна врска би требало да бидете во можност да зборувате за што било. Она што е ваша слабост е јака страна на вашиот партнер и токму затоа функционирате добро заедно, бидејќи се надополнувате.rn
7. Постојат работи кои не може да ги промените ниту поправите
rnВашиот партнер има минато, исто како и вас. Може со себе да носите товар кој само ќе ве мачи доколку не се помирите со фактот дека некои работи може да ги прифатите, не и да ги промените. Научете да продолжите понатаму, во спротивно нема да уживате во среќна љубовна врска.rn
8. Ако простувате простете брзо и искрено
rnСосема е во ред да има недоразбирања а и по некоја кавга. Но кавгата нека ви биде лекција за во иднина и од секое недоразбирање извлекувајте лекција. Најважно од сè, кога на кавгата ќе ѝ се стави крај, простете брзо и искрено. Не чувајте ништо во себе и не држете лутина бидејќи секогаш се враќа како бумеранг и ги повредува и двете страни.rn
9. Не очекувајте вашиот партнер да ви ги чита мислите
rnКомуницирајте, на мирен начин кажете ги вашите желби и потреби, но не очекувајте вашиот партнер да ви ги чита мислите, не сте телепатски поврзани. Тоа можеби се случува на филмовите, но здравата љубовна врска ве учи дека во реалниот живот речиси ништо не е како на филмовите, туку е многу поубаво.rn
10. Не штедете на емоции
rnАко подолго време сте во врска во која добрите моменти секогаш ги натежнуваат лошите, вашиот партнер заслужува да знае како се чувствувате. Доколку сте изненадени, лути, среќни, уште повеќе вљубени, покажете му/ѝ го тоа. Таа личност има посебно место во вашето срце, па наместо да играте игри и трикови, соголете ги вашите чувства и не штедете на емоции.
-

Еволуцијата на заљубувањето
Пред да пораснете, мора да се заљубите три пати.rnrn
rnrnПрво, мора да се заљубите во вашиот најдобар пријател и да го расипете вашето одлично пријателство засекогаш. Ова ќе ве научи кои ви се вистински пријатели, и за тенката линија помеѓу пријателството и она што претставува нешто повеќе од тоа.rnrnВторо, мора да се заљубите во некој за кој ќе мислите дека е совршен. Ќе сфатите дека никој не е совршен и дека никој не треба да ве третира полошо одошто заслужувате.rnrnТрето, мора да се заљубите во некој кој е ист како вас. Ова ќе ви помогне да сфатите кои сте и кои сакате да бидете.rnrnИ кога ќе завршите со сѐ тоа, ќе научите дека луѓето кои најмногу се грижат за вас се оние кои ги повредувате, оние кои ве повредуваат, но и кои ви се најмногу потребни. Но најмногу од сѐ, ќе сфатите дека љубовта е концепт и не е нешто што може да се дефинира. Таа е различна за секој кој ја искусува. И тогаш ќе научите да ги почитувате буквално сите луѓе на светот, бидејќи знаете дека секој од нас само сака да биде сакан. -

30 најслатки и најсмешни гифови со мачки во кутии од кои дури можеме нешто да научиме
Кој може да им одолее на мачките кои се забавуваат со картонски кутии? Ние сигурно не можеме. Затоа ги селектиравме најсмешните гифови од кои дури може да се научи нешто за животот.rn
1. Поголемото е подобро.
rn
rn2. Но, големината не е секогаш важна.
rn
rn3. Животот е краток. Донесувај храбри одлуки.
rn
rn4. Ништо што е лесно не е вредно за живеење.
rn
rn5. Сѐ е подобро заедно со пријателите.
rn
rn6. Ако не успееш од првпат…
rn
rnrn -

37 најтешки лекции кои мора да ги научите во 20-тите
Како што минувате низ 20-тите години од вашите животи сфаќате дека сакале или не вие растете и созревате. Тоа е реалноста со која сите ние се соочуваме, не сме веќе деца и треба да созрееме. Колку побрзо ги научиме овие работи толку подобро за нас. Ова се дел од најтешките лекции кои ги учиме во оваа деценија од животот.rnrn
rnrn1. Љубовта боли, но многу пострашно е кога воопшто не љубите.rnrn2. Вашите долгорочни пријателства влијаат повеќе на вашите животи отколку многу други нешта кои ги сметате за поважни и поголеми.rnrn3. Вашето работно место, вашите примања и вашиот статус не ве прават она што сте.rnrn4. Продолжете да работите напорно бидејќи во крволочниот бизнис свет вие сте лесно заменливи и никому не му е вистински грижа.rnrn5. Луѓето можат да исчезнат од вашите животи поради многу причини. Научете да се носите со нивното исчезнување.rnrn6. Тешко е да се открие во што вреди да се вложи. Може да направите многу грешки додека да откриете.rnrn7. Зачуван интегритет значи чист образ и заслужена гордост.rnrn8. Мора да имате хоби во кое ќе вложувате страст и труд и доколку не му се посветите доволно ќе жалите подоцна.rnrn9. Никој не е роден со знаење за сè што го опкружува. Секој може да научи што било, само доколку има желба да го стори тоа.rnrn10. Не споредувајте се со другите. Не ја гледате јасно целосната слика и секогаш завршувате повредени.rnrn11. Најголемите разочарувања се предизвикани од нереалните цели, наоѓањето изговори и чекањето некој друг да ја заврши работата за вас.rnrn12. Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.rnrn13. Научете да кажете „не“.rnrn14. Не жалете се. Променете онолку колку што можете, научете да се носите со тоа или променете ја перспективата.rnrn15. Не почнувајте целејќи кон големи пари бидејќи никогаш нема да ги заработите. Фокусирајте се на вашата љубов, истрајност и упорност во работата.rnrn16. Малите работи значат многу. Ова важи за секое животно поле, не ги избегнувајте ситниците.rnrn17. Не трошете го животот посветувајќи време на неважни нешта, поклонувајќи се на лажни идоли и грижејќи се за работи кои во суштина се неважни.rnrn18. Не омаловажувајте ги луѓето на која било основа. Не сте супериорни и никогаш нема да знаете низ што другите минале и какви се навистина.rnrn19. Многу е важно во животот секогаш да сте подготвени на нова лекција. Гледајте го секој човек како потенцијален носител на некое знаење кое треба да допре до вас.rnrn20. Неуспехот е неизбежен – не постои некој кој не паднал макар еднаш пред да го постигне она што го сака.rnrn21. Откажувањето е сопствен избор.rnrn22. Среќата не е дестинација, среќата е животно патување и додека не научите да му се радувате на секој ден и на малите нешта кои тој ги носи, никогаш нема вистински да ја искусите.rnrn23. Никогаш не воздржувајте се од извинување. Извинете се кога сте погрешиле и научете да ја голтнете гордоста.rnrn24. Ослободете се од вината. Секој греши, не се оптоварувајте и продолжете понатаму. За многу нешта во животот може да ви биде криво, но животот не доаѓа со инструкции.rnrn25. Вербата и надежта ни се неопходни на сите нас.rnrn26. Престанете да ги правите работите брзо и механички. Вложете труд во секое, макар и најмало ваше дело. Одберете смиреност, внимание и трпеливост.rnrn27. Мудро одберете ја животната кариера. Ако сте почнале со нешто за кое не чувствувате страст, никогаш не е доцна да се обидете со нешто друго. Важно е да не заглавите во шема која не ви одговара.rnrn28. Никој не излегува како победник од кавга. Одбегнувајте ги кавгите и одберете да бидете смирени.rnrn29. Стремете се кон она што ве плаши најмногу. Токму тоа вреди да се направи, бидејќи колку пострмна е угорницата, толку повеќе го цените погледот од горе.rnrn30. Кога ќе стигнете горе, не заборавајте дека некогаш сте биле долу. Секогаш пружете рака за помош.rnrn31. Животот е премногу краток за да ви биде здодевно.rnrn32. Грижете се за вашето здравје. Не дозволувајте си да биде предоцна.rnrn33. Она што ќе ви помогне најмногу во кариерата е вашата љубопитност и желба за напредок.rnrn34. Заштитете ја вашата благосостојба. Не дозволувајте да биде нарушена од злобните усти и вашите сомневања во самите себе.rnrn35. Секогаш копајте подлабоко. Животот е длабок и со силна порака и значење.rnrn36. Обрнете внимание на изборот на вашите животни цели, тие ве формираат како личности.rnrn37. Вашето мислење е важно. Не премолчувајте и не потиснувајте го во себе. -

8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој ден
Моќните личности се свесни за моќта на поставувањето и барањето одговори на овие 8 прашања. Токму затоа си ги поставуваат секој ден.rnrn
rn1. Што сакам да постигнам денес?
rnМоќните луѓе не минуваат низ животот преживувајќи туку живеејќи. Не го гледаат денот како рутина составена од: стани, преживеј, врати се во кревет. Тие го користат секое утро да земат длабок здив, да се погледнат добро себеси и да постават цел за претстојниот ден. Тие знаат каде се движат, кон што целат, што сакаат да постигнат и знаат дека само со доволно силна желба можат да го остварат тоа.rn
2. Колку време ќе ми биде потребно за секоја задача?
rnСекој од нас има 24 часа на располагање дневно. Ни помалку ни повеќе. Разликата е како се користат тие 24 часа. Моќните личности знаат да постават приоритети и умешно да се справат со времето кое го имаат на располагање. Па така секое утро започнете го со мал, ментален распоред за денот кој е пред вас.rn
3. Дали акциите што ги преземам се во согласност со моите цели?
rnНашите дела зборуваат погласно од секој збор. За секој чекор што ќе го преземете измерете колку истиот ви помогнал да бидете поблиску до целта. Времето кое го посветуваме на многу обврски и задачи е тешко да се менаџира, но главната мисла која треба да ја имаме на ум е: дали си го трошам времето залудно или чекорам кон нешто корисно и остварливо?rn
4. Кои се лошите навики кои можам да ги одбегнам?
rnСекој од нас има добри и лоши навики. Наместо да одрекувате дека имате одредени навики кои влијаат негативно на вас, признајте ги и потрудете се да ги одбегнете. Дали имате навика да ги одложувате важните чекори и тешките задачи и да си го трошите времето измислувајќи мали и неважни обврски? Речете да, тоа е мојата лоша навика, но денес ќе се потрудам да го направам сосема спротивното.rn
5. Од кои грешки можам да научам?
rnСекогаш може да научите од своите, како и од туѓите грешки. Кога ќе престанете да ги гледате грешките како фатални, и ќе почнете да гледате на нив како животни искуства и лекции, ќе ја стекнете моќта над нив и ќе знаете како да не ги повторите во иднина.rn
6. Дали сè уште сум на вистинскиот пат?
rnПатот е долг и попатно многу работи ќе ви го привлечат вниманието. Иако сте тргнале кон нешто, може да завршите движејќи се во сосема друга насока. Затоа најважно е да ја развиете техниката на добра проценка. Каде сте моментално? Дали сте скршнале од добриот пат? Кои работи е разумно да се променат? Секогаш чекорете храбро и напред, но некогаш застанете и едноставно испитајте ја ситуацијата во која се наоѓате.rn
7. Дали и колку сум способен/на да се жртвувам?
rnМоќните личности се свесни дека неретко во животот мора да се жртвуваат, да го одберат потешкиот пат и да ризикуваат бидејќи токму тоа се изборите на успешните. Никој никогаш со сигурност нема да ви каже дали вашето жртвување ќе се исплати, веројатно тоа едноставно сите го учиме во текот на животот.rn
8. Кои ризици сум подготвен/а да ги направам?
rnЖивотот многу често подразбира ризици, но бидете паметни кога ризикувате. Иако никогаш не можете да знаете со сигурност за резултатот кој ќе го добиете (затоа и се вика ризик), сепак може да процените дали одреден ризик е сосем нерационален или вреди да се обидете.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

9 лекции за љубовта од Елизабет Тејлор
Пред да почине на 79-годишна возраст, Лиз им остави на сите жени во светот, неколку лекции за љубовта според кои секоја жена би требало да се води.rnrnБи рекле дека е малку чудно Елизабет Тејлор да дава лекции за љубовта, со оглед да тоа дека самата таа се мажела 8 пати, но не може да се порекне дека таа знаела како да живее и да сака. Благодарение на нејзиниот дух и ненаситната желба за мажи, покојната актерка има љубовна историја за која повеќето жени можат само да сонуваат.rnrn
rnrnОва се 9 лекции за љубовта кои треба да ги научиме од Елизабет Тејлор:rn1. Играј по своите правила, занемари го општеството
rn
„Не ми е целта да бидам обична домаќинка. Не сум, и никогаш не би можела да бидам“ – нагласува Лиз во една прилика. И имала право, бидејќи таа била сѐ само не обична.
rnДодека нејзините врснички изигрувале жени од Степфорд, Лиз ги следела своите амбиции во кариерата и нижела мажи еден по друг, и тоа во време кога разводот не бил ни одблизу прифатлив како што е денес. Таа навистина била пред своето време.rn
2. Омажи се за оној кој мисли дека си дар од Бога
rnНејзиниот петти (и шести) сопруг, Ричард Бартон во својот личен дневник пишувал многу поетично за Лиз. Еве дел:rn
„Таа е срамежлива и духовита, не е ничија играчка, брилијантна актерка е и поубава одошто може да се замисли. Може да биде арогантна и тврдокорна, но и слатка и прекрасна. Таа ги толерира моите мани и пијанства, утробата ме боли кога сме далеку еден од друг. Таа ме сака.“
rn
3. Никогаш немој да украдеш маж на другарка, а ако тоа го направиш, потруди се да ги измазниш работите со неа
rnСекој би помислил дека односот на Лиз Тејлор и Деби Рејнолдс ќе биде чуден, во најмала рака, бидејќи Еди Фишер, ја остави Деби за Лиз, по долгогодишно пријателство помеѓу двете актерки. Но, тие двете, до самата смрт на Елизабет останаа блиски.rn
„Жените се сакани, а мажите обожавани, вклучувајќи го и мојот маж. Луѓето мислат дека сите се злопамтила, но јас не сум“ – изјавила Рејнолдс по смртта на Лиз.
rn
4. Дијаманти не се одбиваат
rnПо една бурна кавга со Бартон, како подарок во знак на помирување, Лиз добила дијамантско ланче. Па би било непристојно да се одбие ваков подарок, зарем не?rn
5. Ако не те сака, продолжи понатаму
rn
„Кога ќе дојдат на одредени години, некои мажи изгледа се плашат да пораснат, па што постари стануваат, толку помлади жени бараат.“
rnЛекцијата која можеме да ја научиме е дека ако за оној кој го сакаме не сме доволно убави и млади, треба едноставно да го напуштиме.rn
6. Кавгите се нормални
rnНедоразбирањата се неизбежен дел од една врска. Тејлор и Бартон биле толку навикнати на кавгите, што дури кога резервирале соба во хотел, ги изнајмувале и собите над и под својата, за да не би им пречеле на соседите со своите бучни препирки.rn
7. Немој да остануваш со некого додека не го најдеш вистинскиот
rn
„Многу сум посветена на бракот. Затоа се мажев осум пати“ – рекла таа во една прилика.
rn
8. Не потценувај ја страста
rn
„Со мојот живот управува страста, секогаш тоа сум го признавала“ – рекла Лиз.
rnНе е ни чудно што заради „слободните“ сцени во филмот „Клеопатра“, Ватикан ја прогласи за блудница.rn
9. Не плачи за пропадната врска
rnСоветот кој славната актерка го дава за раскинувањата би требало да биде водилка за сите жени:rn
„Тури си пијалак, стави кармин и среди се.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Лекции за мажите кои жените треба да ги знаат
Автор: Моника ДимитровскаrnrnЧесто жените не знаат да го проценат моменталното однесување на мажите и доаѓаат до погрешни заклучоци за нивните размислувања, чувства и гестови кои ги прават кога се заедно.rnrnПонекогаш пак жените се обвинувани заради неочекуваното молчење пред своите сакани мислејќи дека изговориле или направиле нешто погрешно, притоа не знаејќи дека во истиот момент нивниот партнер можеби размислува за нешто банално како на пример „Се прашувам како мувите стојат на плафонот наопаку?“rnrn
rnrnПрочитајте ги следните лекции според кои треба да разбереме како функционира машкиот мозок. Забавни се, а сепак откриваат по нешто корисно. :)rnrn1. Кога со мажот разговарате за проблеми, немојте да го наведете да помисли дека тој греши. Кога не е во право, мажот се чувствува како губитник.rnrn2. Мажите мразат да бидат критикувани, затоа сакаат да се женат со девици.rnrn3. Мажите набрзина ги менуваат ТВ-каналите за да заборават на проблемите.rnrn4. Мозокот на мажите е поделен на делови. Затоа тие во еден момент можат да се сконцентрираат само на едно. Ако мажот се бричи, а вие му се обратите, ќе се исече. Ако нешто кова со чекан, а на вратата тропне некој, ќе си го удри прстот. Ако разговарате со него додека вози, ќе ја пропушти кривината. Ова се извонредни тактики за одмазда.rnrn5. Доколку сакате да упропастите разговор со маж, само дајте му тема на која треба да размислува.rnrn6. Мажите повеќе сакаат убавина отколку памет, затоа што поголем дел од мажите подобро гледаат, отколку што размислуваат.rnrn7. Ако сакате мажот да ве сослуша, известете го однапред, ограничете го временски и дајте му дневен ред.rnrn8. Машкиот вид е програмиран на далечина. Затоа мажите не можат да ги најдат предметите кои им се на дофат – клучевите, чорапите, путерот во фрижидерот итн.rnrn9. Мажот може или да чита или да слуша – не може двете истовремено.rnrn10. Со мажите разговарајте директно и кажете им точно што мислите. Не кружете одоколу.rnrn11. Жените го користат молчењето за да ги казнат мажите. Но, мажите ја сакаат тишината.rnrn12. За да ѝ докаже дека ја сака, тој ќе се искачи на највисоката планина, ќе го преплива најдлабокиот океан и ќе ја помине најдолгата пустина. Но, таа на крај ќе мора да го остави – бидејќи тој всушност никогаш не бил дома.rnrn13. Жената многу сака секс со мажот што го сака. Мажот многу сака секс.rnrn14. За мажот сексот е секс, а љубовта е љубов, а понекогаш тие две нешта се случуваат истовремено.rnrn15. Мажите бараат секс, а понекогаш од тоа се раѓа врска.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 важни лекции за сексот
Сексот е причината поради која многу луѓе се пријателски настроени кон други, тој е потреба која целиот свет ја има, а сепак повеќето од нас сè уште не се чувствуваат удобно да зборуваат на таа тема. Но, ако не сакате да зборувате, барем редовно едуцирајте се и искористете го знаењето за да имате поздрав, повозбудлив и поисполнет сексуален живот.rnrn
rnrn1. Вашите сексуални фантазии, колку и да ви изгледаат чудни и перверзни, не ве прават чудак.rnrn2. Не мора да сте заљубени за да имате добар секс.rnrn3. Не само што е дозволено, туку е и пожелно да му дадете до знаење на вашиот партнер што е тоа што ви се допаѓа, а што не ви се допаѓа во кревет.rnrn4. Не прифаќајте да правите работи кои не ви се допаѓаат.rnrn5. Никогаш не се заблагодарувајте за секс, дури и кога е фантастичен. Сексот е ваше апсолутно право, не подарок или услуга за која треба да кажете „фала“.rnrn6. Луѓето во текот на сексуалниот чин не ги забележуваат целулитот, влакната, пивскиот стомак, бодликавата брада и останатите „недостатоци“ на човечкото тело.rnrn7. Од сексот не треба да се срамите, ниту да жалите што се случил.rnrn8. Ентузијазмот и храброста се две карактеристики кои е многу пожелно да ги употребите во сексуалниот живот. Покажете му/ѝ смело и самоуверено на партнерот/партнерката што имаат.rnrn9. Практикувајте одвреме-навреме да испробувате нови работи во сексот. Никогаш не дозволувајте тој да стане монотон и здодевен.rnrn10. Порнографските содржини се возбудливи за многу луѓе. Изберете го она што ви е по вкус и дозволете си слободно разгорување на страстите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.