КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • 7 начини на кои првата љубов ве направила подобра личност

    7 начини на кои првата љубов ве направила подобра личност

    Никој не ја заборава својата прва љубов. Барем тоа се обидува да ни го докаже Николас Спаркс со книгата „The Notebook“. Но, и покрај сè ова верување има вистина во себе. Губењето на првата љубов е болно, особено ако работите завршиле лошо и не онака како што вие би сакале. Па, како се надминува оваа загуба? Првиот чекор е да се обидете да разберете зошто оваа љубов ви е толку важна.rnrn7 начини на кои првата љубов ве направила подобра личностrn

    Ефектите на првата љубов

    rnСпоред веб-сајтот „Psychology Today“, првата љубов е врежана во нашиот мозок бидејќи таа личност ни предизвикала доживување на засилено чувство на привлечност.rn

    „Да чувствувате дека некој ве познава толку длабоко и да познавате вие некого длабоко ги прави сите останати врски површни при споредба“, вели Карл Е. Пикхард.

    rnЗа жал тој исто така вели дека љубовта која ни изгледа како вечна, не мора да значи дека ќе трае вечно. И тоа боли. Дали тоа е можеби причината поради која не можеме да ја надминеме?rnrnНакратко, да. Хормоните кои се вклучени и во љубовта и во страста се дел од начинот на кој се спојуваме со одредена личност. Според веб-сајтот „LiveScience“, привлечноста кон личноста која ја сакаме е продукт на еволуцијата и тоа значи дека ќе остане во нашите мисли. Овие хормонални ефекти на љубовта можат да ги маскираат мааните кои довеле до крај на врската, а со тоа и да предизвикаат уште повеќе да ни недостасува.rnrnСпоред „BBC News“, тинејџерите (имајќи на ум дека адолесценцијата е типичниот период кога повеќето луѓе за прв пат се заљубуваат) ја доживуваат фазата на привлекување многу посилно од возрасните. И колку е поцврста врската, толку е потешко да ја пуштите.rnrnИ покрај тоа што е навистина тешко да се ослободите од првата љубов, кога конечно ќе го сторите тоа вие ќе станете подобра личност. Еве зошто…rn

    1. Првата љубов ни покажува какво е чувството да се биде заљубен

    rnИ тоа е многу неверојатно. Без разлика на крајот, чувствувањето на едно од најневеројатните емоции во светот за прв пат никогаш не треба да биде заборавено. Во ред е да ги чувате тие сеќавања, но имајте на ум дека и покрај тоа што тие остануваат исти, луѓето се менуваат. Прифаќањето на оваа промена е првиот чекор при продолжување понатаму.rn

    2. Првата љубов нè учи како подобро да го сакаме следниот партнер

    rnРазмислувајте на првата љубов како на експеримент. Понекогаш работите излегуваат добро, но понекогаш не, и кога тоа ќе се случи откривате што вие цените во една врска и така ќе знаете што да очекувате при следниот обид.rn

    3. Првата љубов нè учи како да ги ставиме другите пред себе

    rnЗа врската да трае, оние кои се во неа треба да најдат начин како да се ослободат од своето его. Нив им е потребен компромис, кој е коренот на секоја добра врска, без разлика дали е прва или последна.rn

    4. Првата љубов ни покажува какво е чувството некој кој не е дел од нашето семејство длабоко да се грижи за нас

    rnОдлично е чувството да се има личност на која можете да се потпрете во тешки времиња, личност со која не сте роднински поврзани. Ова нè учи на фактот колку е важно да се има ваква личност во животот, без разлика дали станува збор за љубовник или за пријател.rn

    5. Првата љубов нè учи како да ги решаваме нашите проблеми

    rnТаа нè учи дека за љубовта е потребно работа и комуникација. Доколку сакаме да стигнеме на одредено ниво, мора да поминеме низ низа неуспеси и грешки. Но, внимавајте да не ги заборавите овие лекции откако еднаш ќе ги научите!rn

    6. Првата љубов ни предизвикува да сакаме да бидеме подобра личност

    rnМожеби вие не сте оние кои биле отфрлени, можеби било заеднички договор, или пак можеби вие сте ставиле крај на работите. Без разлика на ситуацијата, првата љубов е искуство од кое можете многу да научите, како и да ја подобрите вашата самодоверба, а со тоа и да бидете вистинските вие.rn

    7. Првата љубов ни дозволува да сакаме повторно

    rnВие сте го отвориле вашето срце еднаш, што значи дека сте способни да го сторите тоа уште еднаш.rnrnИмајќи го сè ова на ум, како навистина да продолжите понатаму?rnrnЕдна мудра личност еднаш кажала:rn

    „Вие не го надминувате тоа… Вие поминувате низ тоа и го помните, заедно со сите промени, лекции и болки сè додека еден ден не се претвори во сеќавање со замаглени рабови.“

    rnДодека не дојде тој момент, дишете длабоко, издвојте лекции од вашето искуство и обидете се да ги искористите во иднина, кога оваа љубов ќе биде зад вас. Токму тоа се обидува да ни го каже и авторката Ешли Мејсис која пишува за блогот на „Huffington Post“:rn

    „Набрзо вашето срце ќе почне бавно да оздравува од товарот и повредите предизвикани од вашата прва љубов. Тоа ќе почне да се исполнува со среќа, а на тој начин ќе ги избрка старите грижи. И исто како и со секој рецепт кој го пробувате, вежбањето води кон совршенство.“

    rnВам можеби ќе ви недостасува оваа љубов или ќе ви недостасува самата личност, но првата љубов е онаа која ве направила она што сте денес. Тоа вреди нешто.

  • 5 работи што ги знаат оние кои растеле во големи семејства

    5 работи што ги знаат оние кои растеле во големи семејства

    Големите семејства не се исполнети само со љубов и врева, туку и со можности да се научат некои животни лекции кои се важни. Ова се пет од нив.rnrn5 работи што ги знаат оние кои растеле големи семејстваrn

    1. Не можеш секогаш да го добиеш тоа што го сакаш

    rnНе е исто да се одгледа едно дете или четири деца со истиот приход. Оние кои имаат повеќе деца треба да бидат мудри при планирањето на буџетот, но како и да сметаат, големи се шансите дека на крај пак некое од децата ќе треба да причека за нешто. Затоа децата кои растат во големи семејства уште од мали нозе учат дека во животот не се добива сè кога и да се посака.rn

    2. Границите на личниот простор најчесто се преценета работа

    rnДецата во големите семејства делат сè, вклучително и личниот простор. Во една соба спијат по две-три деца, по исто толку може и да се бањаат заедно додека се мали. Ним тоа не им пречи, туку напротив, имаат посилно чувство на заедништво. Тие знаат дека границите на личниот простор понекогаш се преценета работа, барем кога станува збор за блиските.rn

    3. Мора да се дејствува на време

    rnСпоред поговорката „Кој рано рани, две среќи граби“, во големо семејство е важно со време да почнете да го правите тоа што сакате да го правите. За да не се случи да чекате половина час за туширање или многу подолго за да ви дојде редот да го позајмите автомобилот од родителите, најдобро е да си ги резервирате работите. Овој начин на размислување им се исплати подоцна во животот.rn

    4. Тимската работа е најважна

    rnДецата во ваквите фамилии уште од мали нозе ја учат вредноста на тимската работа. Заедничките стратегии за лажење и криење од родителите, како и заедничкиот настап против каква било опасност од нешто или некого е добивка која може да се примени на секое поле во животот.rn

    5. Знаат да се стават во туѓа кожа

    rnЕмпатијата е квалитет на оние кои имаат повеќе браќа и сестри. Тие имаат увид во личниот живот на луѓе од различни возрасти и од различен пол и знаат да разберат работи кои на другите им изгледаат чудно.

  • 17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врски

    17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врски

    Автор: Сара ТурановиќrnrnСреќните моменти, ноќите поминати во плачење после караницата, скршеното срце – сите овие животни искуства го збогатуваат нашиот живот и ни овозможуваат подобро да се справиме со сличните ситуации во иднина. Читателите на „Хафингтон пост“ ги споделија своите 17 највредни лекции кои ги научиле од своите неуспешни врски.rnrn17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врскиrnrn1. Во врската најважно е да го зачувате својот интегритет и личен простор. Споделете ги своите интереси со партнерот, но задржете нешто во кое ќе уживате само вие.rnrn2. Ако сакате некој да ве слушне, мора да научите да зборувате. Ако сакате нешто да промените, тогаш мора да научите да слушате.rnrn3. Важно е да пронајдете некој со кој ќе делите исти вредности, сè останато ќе дојде на место со тек на време.rnrn4. Немојте да мислите дека некој е лош, можеби е само глуп.rnrn5. Не може да сакате за двајцата.rnrn6. Дури иако бракот не успее, разводот може да ве направи посилни.rnrn7. Немојте стравот од неуспех да ве парализира и да ве натера да заборавите што навистина сакате.rnrn8. Секој ден (по)кажувајте му на партнерот колку ви значи. Тој/таа би требало да го слуша тоа почесто.rnrn9. Запрашајте се „Дали јас би излегол/ла со мене?“ Така ќе можете да ги видите сите ваши лоши страни и навики. Овој принцип ќе ви помогне да се справите со сличните ситуации во новата врска.rnrn10. Добрата смисла за хумор и високата интелигенција траат подолго од добриот изглед.rnrn11. Ситниците кои ве нервираат се она што најмногу ќе ви недостига откако ќе заврши врската.rnrn12. Сосема е во ред да бидете пребирливи. Некои работи може да ги толерирате, додека други не. Најважно е да сфатите што сакате да толерирате, а преку што не можете да прејдете.rnrn13. Вие сте господар на својата среќа. Мора да бидете задоволни со себе за да имате здрава и среќна врска.rnrn14. Во врската не треба секогаш да дозволите срцето да го победува разумот.rnrn15. Немојте да ги запоставите „предупредувањата“ бидејќи најверојатно се во право.rnrn16. Не е добро да барате внимание. Треба да бидете во врска со некој кој навистина ве сака, а не со некој кој само се плаши да не остане сам.rnrn17. Со комуникацијата не треба да го убедите партнерот дека греши, туку да му помогнете да ве разбере.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 животни лекции на кои можат да ве научат луѓето со тетоважи

    10 животни лекции на кои можат да ве научат луѓето со тетоважи

    Автор: Зорица ТодороваrnrnНе секој може да го разбере сѐ повеќе популарниот културен тренд на тетовирањето. За некои луѓе тоа е сосема одвратно, премногу болно искуство за воопшто да се има предвид или пак едноставно сметаат дека имањето тетоважа значи дека никогаш нема да можете да имате успешна професионална кариера. Но за оние на кои им се допаѓа како тетоважите го менуваат нивното тело, сите овие наводно негативни последици влечат значајни искуства од кои сите можеме по нешто да научиме.rnrn0-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    1. Стандардите кои сами си ги поставувате се најважни

    rnСекако, не секој ќе смета дека вашата нова тетоважа костур изгледа одлично како вас, но зошто треба тоа да ве засега? Сѐ додека вам ви се допаѓа како изгледате и се чувствувате убаво поради тоа, сите оние чудни погледи на улица се неважни.rnrn1-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    2. Првите впечатоци не се секогаш точни

    rnСекој со многу тетоважи ќе ви каже дека оваа животна лекција е точна. Имањето тетоважи или такви пријатели ве учи да не го вреднувате надворешниот изглед толку многу, туку напротив, да поминете повеќе време запознавајќи ги луѓето. Позади тие истетовирани раце можеби се крие добра, интелигентна душа полна со љубов.rnrn2-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    3. Болката е привремена

    rnОва може да ви го потврди секој зависник од тетоважи. Без разлика колку и да ви е висок прагот на толеранција на болка, една од тетоважите секако ќе ве боли како ништо дотогаш. Но преминувањето преку едно болно искуство на тетовирање само ќе ве направи погорди на конечниот резултат. Понекогаш забораваме дека болните искуства може да доведат до нешто големо и прекрасно.rnrn3-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    4. Стравот од нови искуства е преценет

    rnПрвото тетовирање знае да биде страшно за многу луѓе. Досега не сте направиле такво нешто, а претставува обврзување за цел живот. Но повеќето од нив, кои решиле да се тетовираат и покрај стравот потоа се чувствуваат среќни со себеси.rnrn4-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    5. Значењето е субјективно…

    rnСекоја личност ги вметнува своите идеи, искуства и сеќавања во својата тетоважа и она што таа значи за нив. Затоа, пред да му судите некому мислејќи дека знаете какво е значењето на нивната тетоважа, размислете повторно.rnrn5-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    6. …но не сѐ мора да има и однапред поставено значење

    rnОд друга страна, не можеме да заклучиме и дека секоја тетоважа на една личност значи нешто неверојатно посебно за нив. Многу луѓе се тетовираат само затоа што им се допаѓа концептот на нешто, или пак само за да имаат што повеќе тетоважи. Не сѐ што постои мора да има некоја универзална причина за тоа, некои работи едноставно постојат.rnrn6-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    7. Не е сѐ во парите

    rnЕдна од најголемите критики кои се однесуваат на тетовирањето е тоа колку е скапо. Секој тату-уметник е различен и работи според своите услови, но една солидна тетоважа во боја најверојатно ќе ве чини неколку стотици евра. Па што? Не само што добивате ново уметничко дело на вашето тело, туку и доживотно сеќавање кое ќе може да им го раскажувате на луѓето до крајот на животот. Нели е тоа бесценето?rnrn7-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    8. Ништо не е грешка ако си останете верни на себеси

    rnГрешките не се важни ако верувате дека сте биле верни на себеси. Можеби на работа треба да носите облека која ги прикрива вашите тетоважи. Луѓето избрзуваат со заклучокот дека некоја тетоважа е грешка за која се каете ако ја прикривате од 9 до 5 секој ден. Уште подобро за вас, не само што ја задржувате работата која ја сакате туку ги задржувате и тетоважите.rnrn8-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    9. Забавно е да се биде во центарот на вниманието

    rnДодека зјапањето во нечија тетоважа е доста некултурно, понекогаш е забавно да бидете во центарот на вниманието. Особено кога некој не може да ги тргне очите од тетоважа која ви е особено драга. И покрај тоа што не се тетовирате за да ги експонирате своите тетоважи, интересно е кога привлекуваат внимание.rnrn9-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrn

    10. Единствениот начин да бидете навистина среќни е да бидете она што сте

    rnЗа крај, последната лекција која може да ја научите од „зависниците од мастило“ е дека да го правите она што ве прави среќни е единствениот начин да живеете исполнет живот. Зошто да бидете личноста која некој друг ја посакува од вас?rnrn10-10-zhivotni-lekcii-na-koi-mozhat-da-ve-nauchat-lugjeto-so-tetovazhi-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нешта од кои треба да се ослободите пред крајот на оваа година

    10 нешта од кои треба да се ослободите пред крајот на оваа година

    Како што навлегуваме во последните денови од 2014 година, така почнуваме и да чувствуваме поместување на енергијата. Декември е многу важен месец бидејќи во него најчесто се поставуваат основите за наредната година. Токму затоа искористете го ова време за да се фокусирате на вашите цели, но и за да се ослободите од оние нешта кои ви влијаат негативно. Во духот на подготвувањето за новата година и отпуштањето на сите оние нешта од кои немате веќе никаква корист, погледнете ги наредниве 10 нешта кои треба да ги исфрлите од вашиот живот пред да дојде 2015 година.rnrn10 нешта од кои треба да се ослободите пред крајот на оваа годинаrnrn1. Ослободете се од размислувањето дека не сте онаму каде што треба да бидете. Сè што сте направиле досега ви помогнало да станете онаа личност која сте сакале да бидете.rnrn2. Ослободете се од сите мисловни шеми кои ве влечат наназад. Време е да започнете да си кажувате попозитивна приказна на себе.rnrn3. Ослободете се од идејата дека предизвиците со кои се соочувате се долготрајни. Сите препреки се краткотрајни, но лекциите кои ги учиме од нив се оние кои остануваат долго со нас.rnrn4. Ослободете се од потребата да ги имате сфатено сите нешта. Она што денес нема смисла, ќе добие некој нареден ден.rnrn5. Ослободете се од идејата дека ништо не ви оди од рака. Сè е многу подобро откако можете да го замислите.rnrn6. Ослободете се од прашањето „ЗОШТО“ ви се случува ова вам. Наместо тоа, запрашајте се што можете да научите од оваа ситуација.rnrn7. Ослободете се од потребата да ги контролирате сите нешта. Можеби нема да го добиете она што го сакате во оној момент кога го сакате, но верувајте дека секогаш ќе го добиете она што ви е потребно тогаш кога навистина ви е потребно.rnrn8. Ослободете се од мислата дека вие сте вашите грешки. Не постојат грешки, постојат само лекции.rnrn9. Ослободете се од потребата да бидете секогаш во право. Ако им докажете на другите дека не се во право, тоа не значи дека вие сте во право. Наместо тоа, фокусирајте се кон себе. Кога сте сигурни во своите избори, едноставно нема што да докажувате.rnrn10. Ослободете се од мислата дека е предоцна за вас. Вашите соништа немаат рок на траење. Следете го вашето срце и ќе постигнете повеќе отколку што можете да замислите.

  • 10 бизнис лекции од ТВ серијата „The Office“

    10 бизнис лекции од ТВ серијата „The Office“

    Автор: Зорица ЦоневаrnrnПред повеќе од една година беше емитувана последната сезона на една од најуспешните американски серии „The Office“. Закитена со 42 номинации и 5 награди Еми, оваа серија го прослави Стив Карел, кој денес важи за еден од најдобрите комичари во Холивуд, а покрај него свое место во филмската индустрија најдоа и Џон Красински, Рејн Вилсон, Џена Фишер, Б. Ј. Новак и Ед Хелмс.rnrn1-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrnrn„The Office“ ги претставува секојдневните животи на вработените во компанијата за продажба на хартија „Dunder Mifflin“ и нивните обиди за справување со чудниот и речиси неспособен шеф Мајкл Скот. Иако оваа серија покажува како не треба да се води една компанија, сепак ако ја тргнеме комедијата на страна, таа може да ни посочи на многу значајни аспекти и лекции за водење на еден мал бизнис. Во продолжение ќе бидат претставени очигледните, но и скриените поуки кои „The Office“ ни ги даде во своето осумгодишно емитување.rn

    1. Интелигенција vs. успех: Не постојат правила!

    rnЕпизода: The DuelrnrnПрвата мисла која секој фан на „The Office“ ја има е ниската интелигенција на менаџерот на „Dunder Mifflin“ – Мајкл Скот и дека е скоро невозможно тој да ја води компанијата со сета негова неспособност. Но ваквите сфаќања на луѓето се чест проблем со кој се соочуваат во животот: интелигенцијата не гарантира успех во бизнис светот. Секој од нас се нашол во ситуација кога се чувствувал попаметен од својот колега или надреден, но тоа не му донело напредок во кариерата. Во оваа епизода зачудениот генерален директор бара од Мајкл да му ја открие тајната на неговиот стил на менаџмент кој го направил неговиот огранок најуспешен во компанијата. Ни самиот Мајкл, ниту неговиот шеф не може да објасни во што е тајната, што посочува дека во животот нема правила.rn

    2. Започнување на сопствен бизнис: Не е сè така розово!

    rnЕпизоди: Two weeks, Dream Team, Michael’s Scott Paper Company, Heavy Competition, BrokernrnЕпизодите во кои Мајкл навреден од односот на компанијата кон него основа конкурентска фирма, се задолжителен материјал за сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Во нив се прикажани убавите, но и не така пријатните аспекти на водењето фирма. Тоа бара ангажираност, упорност, ресурси, но и добри контакти за стекнување клиенти. Иако неразумното спуштање на цените на производите ја доведе новата компанија до банкрот, сепак големиот број преземени клиенти го уплаши менаџментот на „Dunder Mifflin“ и резултираше со триумф на претходно исмеваниот менаџер Мајкл Скот. Во епизодата Broke може да се забележат интересни преговарачки техники кои се корисни за секој сопственик на мал бизнис.rnrn2-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    3. Мал наспроти голем бизнис: Поголемото не секогаш е подобро!

    rnЕпизода: The Incentivern
    rn

    „Кога знам што сакам, одам на Интернет и ја добивам најдобрата цена. Но кога не знам што сакам, одам во мала продавница која може да ми помогне. Ерата на личните услуги повторно се враќа. Вие се враќате. Ќе најдете клиент кој ќе плати поголема цена и притоа ќе ви се заблагодари.“

    rnОвој цитат од заменикот на Мајкл Скот – Роберт Калифорнија кажува дека и за малите бизниси има место под сонцето. Персонализираниот пристап кој тие го нудат е она што фали во денешното време на интернет продажба и повторно ќе дојде на цена. Ова дава надеж за сите претприемачи обесхрабрени од претходно посочените недостатоци на самостојните бизнис потфати.rn

    4. Менаџерот е тој што одлучува

    rnЕпизода: The SurplusrnrnПозицијата на менаџер или шеф има право, но и одговорност за носење на значајни одлуки. Често менаџерите кои сакаат да наметнат фер и демократска атмосфера во својата компанија или сектор, прават клучна грешка со тоа што дозволуваат вработените со меѓусебен договор да донесат значајни одлуки. Кога Мајкл се обидува одлуката за трошење на буџетскиот суфицит да ја префрли на вработените создава опасност за влошување на работната атмосфера во компанијата и појава на нетрпеливост меѓу вработените.rnrn3-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    5. Добриот менаџер не отпушта, туку мотивира

    rnЕпизоди: Business School, Job FairrnrnОваа, можеби најмудра изјава на Мајкл Скот кажува дека на вработениот не треба да се гледа како заменлив ресурс. Напротив, градењето на долгорочни и пријателски односи со вработените е корисно за бизнисот дури и ако тој си замине од фирмата. Кога Рајан го повикува Мајкл да предава пред неговата група на факултет како пример за неуспешна фирма, Мајкл не го отпушта туку го сместува во иста канцеларија со неговата напорна девојка Кели. Со тоа тој станува попродуктивен и ги сфаќа последиците од неговите себични постапки. Слично на тоа, кога на Џим му е посочено дека треба да ја сфати посериозно својата работа тој е мотивиран да ја оствари својата најдобра продажба.rn

    6. Големите продажби бараат иновативност и високи трошоци

    rnЕпизоди: The Golden Ticket, Traveling Salesmen, The SeminarrnrnСекогаш кога некој од вработените остварува голема продажба, тоа е врзано со некој нов или скап начин на привлекување клиенти. Тоа во голема мера важи и во реалниот бизнис: ризикот и трошоците се тесно врзани со големи заработки, она за што Американците велат „It takes money to make money“. Иако идејата на Мајкл за доделување на ваучери за бесплатна хартија е скапа и ризична, нејзиниот краен ефект е позитивен бидејќи води кон поголема доверба на клиентот во бизнисот.rnrn4-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    7. Заработка на процент – Меч со две острици

    rnЕпизода: WUPHF.comrnrnЧесто користен метод за мотивирање на вработените е базирање на дел од платата на процент од продадените производи. Иако ова е многу лесен начин да се воочат вредните вработени, тоа може да има потенцијално негативни последици. Кога Џим дознава дека процентот кој го заработува од продажбата е ограничен и има максимална вредност тој е демотивиран во работата. Достапноста на овие информации до вработените може да доведе до намалување на продуктивноста во нивната работа и калкулирање со обемот на продажба со цел максимизирање на нивните провизии.rn

    8. Пријателство на работно место: Може да бидете згазени, но и да дознаете кои ви се вистински пријатели

    rnЕпизода: The Coup, Last day in FloridarnrnДвајт кој е најискрениот пријател на Мајкл зад грб се обидува да му го преземе директорското место. Ова е често позната ситуација и секогаш умее да ги изненади луѓето кои веруваат во пријателство меѓу колеги. Иако оваа серија потврдува дека и на работното место може да се стекнат длабоки пријателства, сепак треба да се има предвид дека желбата за напредување во кариерата често ги надминува дури и пријателските односи. Не случајно се вели дружба си е дружба – служба си е служба. Од друга страна пак, работното место на Двајт ќе биде спасено токму од неговиот вечен ривал Џим, што докажува дека никогаш не се знае кој ти е вистинскиот пријател на работа.rnrn5-10-biznis-lekcii-od-serijata-the-office-kafepauza.mkrn

    9. Искуството прави разлика

    rnЕпизода: Koi pondrnrnКолкаво и да е твоето образование и вербата во своите вештини, секогаш искуството е пресудно во бизнис односите. Кога клиентите бараат Мајкл да биде присутен на сите состаноци, иако и тој и Џим се директори на исто ниво, е пример за преференцијата за искуство наспроти образование кај кадрите на едно работно место. Затоа при градењето на професионалната кариера треба да се балансира меѓу надградувањето на образовниот профил и зголемувањето на работното искуство.rn

    10. Не секој е створен за менаџер

    rnЕпизоди: Gettysburg, The manager and the salesmanrnrnКраен резултат на напорите на вработените за напредок во кариерата е заземање на менаџерската позиција. Иако секогаш треба да се сонуваат големи соништа, овие амбиции може да бидат преголеми за луѓе со слаб авторитет и оние кои настојуваат да бидат сакани и прифатени од сите. Повторно треба да се нагласи дека и образовниот профил не секогаш игра улога во успешноста за менаџер. Класични примери за ова се Џим и Енди кои настојуваат да бидат сакани и да им удоволат на сите вработени, наспроти Мајкл чија наивност послужува како база за многу итни и значајни одлуки кои бараат помалку размислување и повеќе ризик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хари Потер нè учи на големи животни лекции, кои ги сфаќаме откако ќе пораснеме

    Хари Потер нè учи на големи животни лекции, кои ги сфаќаме откако ќе пораснеме

    Љубителите на Хари Потер можеби не можат да летаат на метла и немаат магични стапчиња, сепак се подобри луѓе благодарение на лекциите кои ни ги пренесе писателката.rnrn01-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    1. Професорите се ‘рбетниот столб на општеството

    rnПочнувајќи од Лупин кој неуморно се бори против Волдеморт, до Мек Гонагол која го припрема Хогвартс за битка, сите професори во училиштето неуморно се борат да ги заштитат своите ученици. Во вистинскиот живот професорите нема да бидат магионичари, но сепак интересите на учениците им се на прво место, дури и кога даваат дополнителни домашни задачи.rnrn1-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    2. Само затоа што не си во крвно сродство со некого не значи дека не сте фамилија

    rnСемејството Визили му беше сурогат семејство на Хари. Почнувајќи од Моли која му плетеше џемпери за Божиќ и близнаците кои се шегуваа на сметка на Хари исто како што тоа го правеа со останатите црвенокоси браќа. Братството помеѓу Рон и Хари е многу појако и значи многу повеќе љубов отколку крвното сродство.rnrn2-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    3. Паметете, тоа е многу важно

    rnЗапаметете им ги имињата на луѓето. Тие ќе го ценат тоа.rnrn3-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    4. Секогаш внимавајте на час

    rnЗлатната тројка Рон, Хари и Хермиона многу често го употребуваа наученото на часовите по маѓии и напивки за да решат некој проблем. Образованието е непроценливо. Продолжувањето на образованието иако не е задолжително, за него треба сепак сериозно да размислите.rnrn4-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    5. Интелигенцијата не секогаш е најважното нешто

    rnХермиона е онаа која најмногу проучува за да открие што се случува. Иако Рон и Хари дефинитивно не се „мозоци“ во групата, сепак со храброста и големото срце многу често го постигнуваа она што Хермиона со знаењето не можеше да го постигне.rnrn5-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    6. Облеката не го прави човекот

    rnИмам два збора за вас: Долорес Умриџ. Само затоа што некој делува нежно и пријатно не значи дека и карактерно е таков. Знаете, можно е волкот да е скриен во овча кожа.rnrn6-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    7. Вистинските пријатели се познаваат во тешките моменти

    rnДоколку сте во неволја многу лесно може со себе да ги повлечете и оние што се близу до вас. Рон и Хермиона го научија тоа на потешкиот начин, но исто така секогаш беа спремни да му помогнат на Хари без разлика на неволјата во која ќе се најдеше. И вашите вистински пријатели ќе го направат истото и за вас.rnrn7-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    8. Понекогаш мораме да направиме тешки одлуки за да ги заштитиме оние кои ги сакаме

    rnОва е лекција која секој од нив тројца мораше да ја научи. Многу малку одлуки од серијата на Хари Потер беа лесни за донесување. Започнувајќи од раскинувањето на врската за еден од партнерите да може да си го оствари својот сон, па до откривањето на вистината во вистинскиот момент, таквите одлуки ги прават луѓето коишто многу ве сакаат.rnrn8-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

    9. Слушајте ги оние кои никој не ги слуша

    rnКолку и чудно да изгледа Лина Лафгут, таа најчесто ги имаше одговорите за тоа што се случува. Не ги занемарувајте луѓето во вашиот живот коишто се срамежливи или кои ги нарекуваат чудаци. Понекогаш тивкото другарче знае да раскаже чудесни приказни, а можеби „градската будала“ во себе крие длабока приказна.rnrn9-hari-poter-ne-uchi-na-golemi-zhivotni-lekcii-koi-gi-sfakjame-otkako-kje-porasneme-kafepauza.mkrn

  • 16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

    16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

    Животот е непредвидлив, некогаш среќен, некогаш луд, некогаш тажен. Во 20-тите години од нашите животи учиме многу нешта, стануваме возрасни и го осознаваме животот гледајќи на нештата од друга перспектива. Еве на што нè учи животот пред да наполниме 30.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    1. Можете да правите сè што сакате

    rnСе сеќавате на сонот од вашето детство? Што сакавте да бидете кога ќе пораснете? Сега сте возрасни и можете да бидете сè што сакате. Вашиот сон можеби изгледа глупав или невозможен за некој друг, но тоа не значи дека не може да ви се оствари. Може да бидете сè што сакате.rn

    2. Не е правилно да се ограничувате себеси

    rnСекогаш бидете отворени на нови предизвици и можности. Не ограничувајте се себеси со изговор дека припаѓате во одредена група на луѓе или дека би работеле само една одредена работа. Доколку ви се отвори можност да добиете ново искуство, прифатете ја. Можеби сте завршиле факултет кој стручно ве подготвил за одредена работа, не значи дека таа работа е единственото поле на кое би можеле да градите кариера.rnrnАко пак, досега сте биле цврсто уверени во некое гледиште за животот, дозволете си себеси да бидете разубедени доколку е можно. Ниеден ваш став не е конечен, може да биде надградуван и изменет, затоа престанете да се ограничувате себеси во кој било поглед. Срушете ги бариерите кои сами сте ги поставиле. Би се изненадиле што сè има зад нив.rn

    3. Секогаш може да научите повеќе

    rnСтанете наутро со желба да научите повеќе и прифатете го денот како уште едно животно искуство. Без разлика што ќе ви се случи, добро или лошо, може да извлечете лекција од тоа. Бидете подготвени да научите нешто од секоја ситуација и од секоја личност која ќе ве сретне во животот, дури и од 5-годишно дете. Само игнорантните личности мислат дека знаат сè и дека се супериорни, но немаат поим колку многу грешат.rn

    4. Луѓето со кои го минуваме времето влијае многу на нас

    rnАко се дружите со успешни и упорни личности ќе ве мотивираат да бидете такви. Друштвото влијае наголемо на нашите ставови и гледишта во животот. Ако некогаш изгубите мотивација за успех, тие се тука да ви ја вратат желбата и силата. Доколку чувствувате негативно влијание од некоја личност, имате право да ја избришете од листата на пријатели. Во 20-тите учиме дека многу внимателно треба да ги селектираме луѓето кои би ги нарекле блиски пријатели.rn

    5. Во ред е да сте подготвени на пожртвуваност, но сè има граница

    rnКако млади личности насочени сме кон градење кариера. Имаме елан и желба за работа, способност да дадеме сè од себе и со цел да постигнеме нешто подготвени сме да се жртвуваме. Ќе го жртвуваме нашето слободно време, ноќите за одмор, моментите минати со семејството и пријателите. Иако е правилно да се биде пожртвуван, амбициозен и насочен кон успех, лесно може да ја поминеме границата. Што се случува ако сме жртвувале едноставно премногу? Не заборавајте дека некои нешта во животот не смееме да ги запоставиме, во спротивно порано или подоцна ќе ја платиме нивната цена. Тоа може да биде нашето нарушено здравје или пријателски односи, дури и семејните врски.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    6. Самите сте одговорни за секоја ситуација во која ќе се најдете

    rnСтарите рекле „Што си посеал тоа и ќе жнееш“, или „Како ќе си постелеш така ќе си легнеш“, но ова го рекле со причина. Може да го минете животот обвинувајќи ги сите околу вас но без да го насочите прстот кон самите себе, што е голема грешка. Како возрасни разбираме дека самите сме одговорни за нашите животи, и дека секоја наша постапка ќе донесе последици со кои ќе се носиме самите.rn

    7. Многу лекции ќе научите надвор од факултет

    rnСите сме го чекале моментот да завршиме со формалното образование, да излеземе и да му покажеме на светот што знаеме. Но, дури тогаш сфаќаме дека многу нешта не сме знаеле. Животот нè учи на многу лекции кои не се запишани во ниеден учебник.rn

    8. Не секој кој има авторитет е во право

    rnСите имаме личности кои ги сметаме на некој начин за наши идоли. Постојат и личности од кои добиваме наредби и личности кои ја проверуваат нашата работа. Но, не секој кој има авторитет е секогаш во право. Секогаш информациите кои ги добивате земајте ги со доза на резерва. Почитувајте ја личноста, но пред сè размислувајте со своја глава.rn

    9. Пороците се пат кон бездна

    rnАлкохолот и дрогата се нешто што некои го користат како средство за моментално опуштање и заборавање на проблемите. Но, секој кој им се поклонил на овие „брзи избавувачи“ не завршил добро. Уште поважно, секогаш, без исклучок, страдаат и семејствата и најблиските на оние кои се зависни од овие пороци.rn

    10. Ништо во животот не е точно дефинирано

    rnСè може да се промени и ништо не останува постојано исто. Се менуваат времињата, условите, начинот на размислување и тоа мора да го прифатиме. Ништо не е конечно и ништо не е дефинирано, мора да научиме да живееме со промените.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    11. Најголем ризик е непреземањето никаков ризик

    rnМожеме да останеме во стакленото ѕвоно, на безбедно, на сигурно и никогаш да не заминеме чекор подалеку. Но, може да излеземе од безбедната зона и да дозволиме да ни се случи вистинската магија во животот. Некогаш ризикот ќе се исплати, некогаш не, но затоа се вика ризик.rn

    12. Вербата, љубовта и надежта се најголеми двигатели во животот

    rnНикогаш не престанувајте да верувате, да љубите и да се надевате, што и да ви се случи и колку и да сте разочарани. Љубовта, верата и надежта се основни двигатели на сечиј живот и гарантираат среќа и исполнетост на секој човек.rn

    13. Лошите моменти се неизбежни

    rnВо животот секој се соочува со падови и неуспеси, со несреќни мигови и лоши денови. Тие се неизбежни, но имајте на ум дека секогаш може да се исправите и да продолжите понатаму. На крајот на краиштата, она што нема да ве убие, ве прави посилни.rn

    14. Бидете промената која сакате да ја видите во светот

    rnВашата желба да донесете промена можеби звучи како детски сон, но осврнете се кон луѓето кои го живеат овој детски сон, кои не престануваат да вложуваат и да се трудат да донесат промена. Тие се издвојуваат од толпата. Тие не веруваат дека сè тргнало по ѓаволите, тие веруваат во луѓето и во доброто во светот. Огледајте се на нив.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    15. Не барајте ничија дозвола ни одобрување

    rnЛуѓето секогаш ќе зборуваат, што и да направите. Затоа правете го она што го сакате. Оној пак кој ви зборува зад грб, со причина е позади вас.rn

    16. Во ред е, и вие сте одлични такви какви што сте

    rnНекогаш може да помислиме дека навистина не успеваме во нешто, дека сме можеле да направиме повеќе, дека сме можеле да бидеме подобри. Во ред е. Го давате најдоброто од себе и вие сте прекрасни личности. Тука сте за вашите најблиски, им давате поддршка и љубов и истото го добивате за возврат. Во време кога сите сме ставени под голем притисок да бидеме најдобри, да се истакнеме, да се докажеме, да добиеме титули и признанија на најрана возраст, потребно ни е да чуеме дека е во ред, дека не можеме да бидеме сè или да бидеме совршени, но сосема сме одлични такви какви што сме.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 животни лекции на кои нè научи Фејсбук

    5 животни лекции на кои нè научи Фејсбук

    Сакале да признаеме или не, Фејсбук ни ги промени животите. Без разлика дали целиот живот си го споделувате на социјалните мрежи или пак сте умерен корисник, овие 5 нешта позајмете ги од виртуелната околина и пренесете ги во вашиот секојдневен живот.rnrn(DPA) FACEBOOKrnrn1. Не се плашете отворено да покажете дека нешто сакате, дури и ако сте првата личност што ќе го направи тоа. Неретко се воздржуваме и не сакаме да покажеме дека нешто или некој ни се допаѓа, додека некој друг не го направи истото. Отфрлете го тоа однесување.rnrn2. „Лајкувајте“, односно не мразете. Секако дека постојат работи кои може да не ви се допаѓаат, но омразата кон некого и мразењето нешто ве оптоварува само вас.rnrn3. Бидете отворени за коментари. Не се плашите да го изразите своето мислење, какво и да е.rnrn4. Споделете го со другите она што ви се допаѓа. Ако нешто ве допрело, насмеало, развеселило денес, споделете го тоа со другите како и ним би им го разубавиле денот.rnrn5. Создавање нови пријателства. Ако ви е удобно во нечие друштво, потрудете се да го претворите секое такво познанство во пријателство.

  • 8 моќни животни лекции на кои можат да нè научат Хаваите

    8 моќни животни лекции на кои можат да нè научат Хаваите

    Можеме многу да научиме од жителите на Хаваи. Бидејќи тие се на средината од океанот, далеку од сите, знаат колку е важна поддршката од најблиските, а токму поради тоа живеат со отворено срце, храбро и во моментот, впивајќи ги и најмалите нешта околу нив и со тоа секојдневно им се отвораат нови перспективи во животот. Погледнете ги наредниве моќни животни лекции на кои може да нè научи животот на Хавајските острови.rnrn8 моќни животни лекции на кои може да не научи Хаваиrn

    1. Ослободете се од големите очекувања

    rnКога нешто многу силно очекуваме да се случи, ние се подготвуваме да станеме жртви на животните ситуации. Големите очекувања се коренот на несреќата. На Хаваи, локалните жители се подготвени и отворени за сè, без разлика дали станува збор за поплава, предупредување за цунами или расчистување на облаците кое го отвора патот кон одлична сурферска сезона. Доколку му дозволите на животот да се развива природно, ќе успеете да го најдете срцето на рамнотежата.rn

    2. Не е слабост да имате потреба од друга личност

    rnГолем дел од луѓето се обидуваат со целата сила да бидат што е можно понезависни, така што се движат низ животот глумејќи дека сè е во ред. Тие веруваат дека доколку ја покажат својата ранлива страна, со тоа ќе покажат и слабост. Но, доколку ги погледнете жителите на Хаваи ќе сфатите дека срцето на среќата се наоѓа кај другите. Овие острови се толку далеку од копното, па токму затоа луѓето постојано безрезервно си помагаат и се чуваат. Заедницата е пулсот на Хавајските острови и потпирањето на другите е она што се смета за цврстина. Но, вие не мора да бидете на средината од океанот за да ја почувствувате силата на пријателството и фамилијата.rn

    3. Бидете отворени и животот ќе ви биде полесен

    rnКога не сакаме да пораснеме и се плашиме од промените, ние се бориме со целата сила на нашиот пат низ животот. Налетуваме на илјадници препреки и трошиме повеќе енергија борејќи се против нив отколку за оние работи кои позитивно влијаат врз нас. Клучот за помирен живот се наоѓа во пристапување на сите ситуации со отворен ум и без судење.rn

    4. Промената на насоката не значи неуспех

    rnНема ништо страшно доколку го промените вашето мислење, започнете од почеток и се тргнете од ситуацијата која во еден момент од вашиот живот сте мислеле дека е вашиот пат до среќата. Понекогаш ослободувањето на оние нешта од кои повеќе немате корист ве ослободува и ви отвора голем број нови можности кои претходно не сте можеле ни да ги забележите.rn

    5. Бидете онаму каде што сте, не онаму каде што мислите дека треба да бидете

    rnПоголемиот дел од луѓето трошат енормно многу време и енергија за да бидат некоја идна верзија од нив. Додека се обидувате да бидете некој кој сè уште не сте станале, вие ќе почнете да заборавате колку далеку веќе сте успеале да стигнете. Жителите на Хаваи секогаш велат дека треба да бидете присутни во моментот и да го прифатите она што сте сега.rn

    6. Дозволете ѝ на љубовта да влезе во вашиот живот

    rnЛошото искуство и повредените чувства може да доведат до градење ѕидови околу срцето, а со тоа и да не дозволувате никој повторно да влезе во него. Во Хаваи, љубовта е насекаде, од океанските бранови, па сè до светите вулкани. Љубовта е основата на животот и дозволувањето таа да влезе во вашето срце се смета за вистинска среќа.rn

    7. Малите нешта се големи нешта

    rnНа Хаваи сите носат апостолки, не употребуваат шминка, ниту пак ја средуваат косата. Тоа е единственото место каде што помалку е повеќе и токму затоа жителите го впиваат секој момент. Тие уживаат во зајдисонцата, шетаат боси по песокот или се одмараат во природата и токму овие нешта секојдневно ги исполнуваат со големи искуства. Не ви се потребни многу пари за да бидете среќни, вие само треба да научите како да ги цените малите нешта и да сфатите дека тие се оние големи нешта кои секојдневно ги барате.rn

    8. Благодарноста е животната сила на сè

    rnБлагодарноста не само што е основен дел од среќното живеење, туку таа истовремено е и животна енергетска сила. Никогаш не заборавајте дека наместо да се фокусирате на она што не функционира, бидете благодарни за она што е во ред и одеднаш и останатите нешта ќе почнат да го наоѓаат своето место во вашиот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.