КАФЕ ПАУЗА

Tag: купување

  • Два сигурни начини на кои за 5 секунди може да одредите дали елката која ја купувате е свежа

    Два сигурни начини на кои за 5 секунди може да одредите дали елката која ја купувате е свежа

    За да не ви се случи и овој Божиќ игличките од природната елка да ви се изронат за само неколку дена, стручните лица откриваат како да откриете дали елката која ја купувате е свежа, но и како да изберете совршена елка за вашиот дом.rnrnДва сигурни начини на кои за 5 секунди може да одредите дали елката која ја купувате е свежаrnrnСмреките и елките се дрвцата кои најчесто се користат за празнично украсување, но може да се користат и други видови дрвја. Такви се  оние кои имаат зашилени и тврди иглички. Смреките се доста погодни затоа што имаат релативно цврсти гранки на кои може да закачувате и потешки лампиони.rn

    Изгледот на игличките е најважен

    rnВо последните неколку години, кавкаските елки станале сè попопуларен избор. Овие дрвја се карактеризираат со сјајна темнозелена боја и раширени иглички. Тие имаат полн хабитус и симетрична форма.rnrnДолгоиглестите елки, пак, има поретки гранки и долги украсни иглички, симетричен хабитус и пријатна арома.rn

    5 совети како правилно да ја изберете вистинската новогодишна елка

    rnПред да купите елка, треба да изберете соодветна место каде таа ќе стои, а се препорачува тоа да биде што подалеку од изворот на топлина бидејќи сушењето е причина за отпаѓање на игличките. Неопходно е да се измери висината на таванот за да знаете колку висока елка да изберете.rnrnНемојте да чекате до последен момент за да изберете совршено дрвце и обрнете внимание на носивоста на гранките, бојата на игличките и дебелината на стеблото кое треба да го собере во вашиот багажник.rnrnИзберете ја вашата новогодишна елка барем неколку дена пред празниците и проверете дали дрвото е свежо со нежно минување низ игличките со раката. Тие не треба да отпаѓаат, гранчињата треба да бидат флексибилни и да не се толку кревки.rnrnВо меѓувреме чувајте ја елката на заштитено и ладно место. Неопходно е да го наводнувате дрвото. Пред да го засадите, не заборавајте да го искастрите дното 2-3 см од стеблото, за тоа да може полесно да се наводнува.rnrnЗа да избегнете опасност од запалување, проверете ги сите електрични украси. Кога ќе го засадите дрвото, редовно наводнувајте го затоа што ако нема доволно вода многу лесно може да му отпаднат игличките.rnrnСега можеби се прашувате дали цел живот погрешно ги ставате сијаличките на елката: Погледнете како да не се заплеткаат.

  • 10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

    10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупости

    На сите барем еднаш им се случило да влезат во продавница по едно нешто, а да излезат со неколку кеси. Најверојатно, после ова се чувствувате навистина лошо. Во продолжение погледнете кои се ситуациите и причините поради кои губите контрола и купувате непотребни работи.rnrn10 ситуации во кои луѓето губат контрола и купуваат глупостиrn

    1. Дидеровиот ефект

    rnОва се случува кога ќе купите нешто ново, а потоа сè што имате ви изгледа старо и износено. На крај одлучувате да ја замените цела гардероба. Ова е затворен круг бидејќи што било што ќе купите, набрзо го губи својот „сјај“ и се создава потреба за нешто ново.rnrnЕфектот е именуван по филозофот Денис Дидерот кој во еден момент во животот добил многу пари, па си купил прекрасно ново одело. Ова парче облека било толку поразлично од сè друго што имал, па решил да ја замени целата облека. За да се ослободите од овој ефект, потребно е да станете свесни за она што го купувате и пред да купите што било, размислете за вашите желби и надежи во врска со купувањето.rn

    2. Ефект на снобизам

    rnКога купувате работи што другите не можат да си ги дозволат само за да се истакнете, тогаш станува збор за снобизам. Многу луѓе сакаат да бидат во центарот на вниманието, а новото парче облека е одличен начин да го постигнете тоа.rnrnРешението е добро да размислете за што сте горди, за што сакате да разговарате и која област ви е добро позната. Кога ќе размислите за ова, ќе сфатите дека има многу други начини да се истакнете и без нова облека.rn

    3. Следење трендови

    rnОва е целосно спротивно на снобизмот и купувањето е поттикнато од желбата да имате нешто што го имаат другите. Луѓето често купуваат блузи, шешири или чевли кои воопшто не се нивен стил, само затоа што се популарни во овој момент.rnrnРешението за ова е навистина едноставно – пред да купите нешто, запрашајте се дали навистина ви е потребно и дали воопшто сакате да го имате.rn

    4. Купување „за во иднина“

    rnЛуѓето сакаат да бидат позитивни, па често се случува да купат парче облека кое би им било точно доколку ослабат.rnrnВажно е да знаете дека овој „поттик“ нема да се исплати. Купувањето на тоа парче облека нема да ве направи послаби, ниту пак да ве мотивира да не изедете уште еден ред чоколадо.rn

    5. Импулсивно купување

    rnКолку пати сте имале лош ден и сте решиле да се почестите со нови чевли или чанта? Можеби пак сте добиле покачување на платата и сте решиле да си купите нешто мало, но на крај сте завршиле со прескап фустан кој нема ни каде да го носите. Среќата што ја чувствувате во овој момент брзо исчезнува, а она што сте го купиле секогаш ќе ви предизвикува грижа на совеста.rnrnРешението за импулсивното купување е во самиот проблем. Ова се случува кога луѓето се негативни и кога сакаат да се усреќат. Обидете се да најдете друга активност што ќе ви го подобри расположението и што ќе ви помогне да го намалите стресот.rn

    6. Трикови во продавниците

    rnМузиката, топлите бои и насмевките на продавачите имаат големо влијание врз купувачите. Удобната атмосфера и вниманието што го добивате во продавницата ќе ве поттикнат да купите нешто.rnrnЗа да го избегнете ова, најдобро е да влегувате во продавница слушајќи ваша музика и кога не сте гладни. На овој начин ќе ги избегнете маркетиншките трикови и ќе го купите само она што навистина ви треба.rn

    7. Купување на попусти

    rnОва е најчестата причина зошто луѓето купуваат работи што не им се потребни. Кога купувате на попуст, имате чувство дека сте заштедиле, кога всушност сте потрошиле многу за работи кои веројатно не ви се ни потребни.rnrnКога купувате на попуст, добро размислете што ви треба. Немојте да купувате нешто ново доколку дома имате ново парче облека што никогаш не сте го облекле.rn

    8. Купување поевтини опции

    rnМногу луѓе сакаат да заштедат така што купуваат поевтина верзија од нешто што навистина им е потребно. Предностите можеби се големи, но веројатно и самите знаете дека поевтините продукти од непознати брендови имаат пократок рок на траење, а поправката може да ве чини многу.rnrnПред да купите што било, добро информирајте се за квалитетот на продуктот и неговата цена. Доколку купувате нешто што ќе го користите долго време, подобро е да вложите сега, наместо да треба да го заменувате или поправате за брзо време.rn

    9. Влијание на продавачите

    rnДобрите продавачи можат да ги проценат нивните муштерии, а оние кои трошат најмногу се неодлучните. Продавачите често ќе ви понудат некое парче облека што би одговарало со она што сте го одбрале, па неретко излегувате од продавница со цела кеса облека.rnrnЗа да го избегнете ова, секогаш имајте на ум што сакате да купите и не дозволувајте да ви влијаат зборовите на вработените.rn

    10. Страв

    rnДали целото ваше детство мајка ви ви кажувала дека нешто е прескапо и дека нема пари за нешто што навистина го сакате? Сега, кога можете да си дозволите нешто, можеби ќе го купите од страв дека подоцна ќе немате пари за истото.rnrnВажно е да се запрашате што е она што навистина ви треба, а што се неисполнети желби од детството. Кога ќе размислувате на овој начин, ќе сфатите дека ви е подобро да ги потрошите парите за искуство или нешто што ќе ви помогне, наместо за уште едно парче облека што ќе го заборавите во гардероберот.rnrnПогледнете и кои се триковите со кои продавачите ве тераат да купувате повеќе.

  • 13 нешта што богатите ретко ги купуваат, а сиромашните се задолжуваат за да ги имаат

    13 нешта што богатите ретко ги купуваат, а сиромашните се задолжуваат за да ги имаат

    Можеби го давате најдоброто од себе за да се ослободите од долговите и да заштедите, но што доколку нема никаков резултат? Можеби треба да го промените вашиот став кон трошењето. Всушност, луѓето кои успеале и кои имаат големо богатство, се навистина внимателни со нивните трошоци. Можеби мислите дека овие луѓе сакаат да трошат неразумно, но ова е далеку од вистината. Погледнете ги нештата што, за разлика од останатите, милионерите ретко ги купуваат.rnrn13 нешта што богатите ретко ги купуваат, а сиромашните се задолжуваат за да ги имаатrn

    1. Импулсивно купување

    rnНа секој му се има случено да види нешто речиси бескорисно на попуст, да го купи, а потоа да зажали за одлуката. Луѓето често трошат пари со импулсивно купување, а ова ги разликува од богатите. Ефективен начин да го избегнете непотребното трошење е да направите шопинг листа пред секое одење во продавница.rn

    2. Скап имот

    rnКупувањето луксузни куќи со цени од инфлација е сомнителна инвестиција. Поради ова, богатите купуваат ветувачка недвижнина додека цената е ниска, а потоа профитираат кога цената на имотот ќе порасне.rn

    3. Продолжена гаранција

    rnНајчесто, луѓето со ниски примања се оние кои прифаќаат продолжена гаранција кога купуваат нова опрема. Ова е нормално бидејќи им е страв дека направата ќе се расипе, па плаќаат дополнително за да се заштитат. Но ова е неопходно бидејќи и обичната гаранција е сосема доволна.rn

    4. Облека од познати брендови

    rnБогатите можат да си дозволат луксузна облека од најновите дизајнерски колекции. Но нивниот живот не се врти само околу социјалните настани, па тие се држат подалеку од вакви трошоци. Се сеќавате како се облекуваше Стив Џобс? Бил Гејтс има часовник од 10 евра, а дури и Кејт Мидлтон често купува евтина облека.rn

    5. Последна верзија од популарните електронски направи

    rnБогатите луѓе не брзаат да го купат последниот модел на смартфон, дури и ако нивниот веќе не е во мода. Милионерите најпрво се прашуваат дали трошокот вреди во одреден момент. Кога станува збор за електронските направи, тие брзо застаруваат, па никогаш нема да ги стигнете.rn

    6. Заеми, долгови и казни за доцно плаќање

    rnБогатите луѓе не земаат заем и не губат пари за казни и тоа од една причина – секогаш ги плаќаат сметките на време и избегнуваат одложувања.rn

    7. Купување скапи играчки за децата

    rnЛуѓето со просечна плата често ги разгалуваат нивните деца и им купуваат скапи и модерни ирачки. Доколку милионерите би се однесувале исто, нивните деца би се давеле во куп од играчки. Нема потреба да му купите некоја играчка на детето само затоа што ја рекламираат на телевизија.rn

    8. Брза храна

    rnНајважната разлика помеѓу исхраната на богатите и просечните луѓе не е цената на продуктите. Богатите се опседнати со здравата исхрана. Тие можеби го консумираат истото овошје и зеленчук како и вие, но ретко се прејадуваат со хамбургери и помфрит.rn

    9. Трошоци за имиџ

    rnЧесто мислиме дека богатите трошат многу на скапи летови, нови автомобили и луксузни забави. Луѓето кои сакаат да изгледаат богато, трошат многу за да го постигнат овој ефект. Од друга страна, вистински богатите луѓе се навистина скромни. Дури и кралицата Елизабета штеди електрична струја во Бакингемската палата.rn

    10. Дополнително образование за децата

    rnЛуѓето со просечна плата често најмуваат разни тутори за нивните деца. Некои се надеваат дека на овој начин ќе го откријат скриениот талент на детето, а други се надеваат на подобри оценки. Богатите луѓе знаат дека дополнителните предавања немаат ништо со финансискиот успех. Па, тие им дозволуваат на нивните деца да уживаат во нивното детство.rn

    11. Гатачи и претскажување на иднината

    rnСпоред едно истражување, најчестите клиенти на гатачките се луѓе со слаба аналитичка способност. Истовремено, логичкото размислување најверојатно е клучно за збогатување. Исто така, богатите луѓе веруваат во себе и не трошат пари на гатачки и претскажување на иднината.rn

    12. Предавања за личен развој

    rnЛуѓето со ниска плата и лоша кариера им се најчестата мета на животните советници. Многу луѓе отворено кажуваат колку всушност се бескорисни овие предавања. Пред да решите да ги потрошите парите на некој мотивационен курс, подобро прочитајте биографија на познат милионер. Подобро ќе дознаете што треба да правите и што би функционирало.rn

    13. Тренди ентериер

    rnНови модели на покуќнина се појавуваат речиси секој месец. Поради ова, луѓето од средната класа трошат многу пари обидувајќи се да ги следат трендовите. За жал, овие дизајни брзо излегуваат од мода, па одеднаш целиот дом ќе ви биде демоде. Пред следното реновирање, разгледајте го домот на некоја богата личност. Ќе забележите дека мебелот е безвременски и нема потреба од постојано реновирање.rnrnПогледнете ги и финансиските совети што можеби звучат добро, но ви прават штета.

  • 3 правила за купување во продавници за половна облека

    3 правила за купување во продавници за половна облека

    Во последно време, продавниците за половна облека стануваат вистински хит ширум светот. И тоа не само за луѓе кои немаат пари, туку за сите. Причината за ова е едноставна – за малку пари можете да набавите неверојатни парчиња кои се одлично сочувани. Сепак, кога купувате од овие продавници треба да имате предвид неколку правила. На овој начин нема да завршите со облека која воопшто не ви треба и којашто на крај нема да ја носите.rnrn3 правила за купување во продавници за половна облекаrn

    1. Квалитет

    rnНиските цени можат да бидат навистина примамливи, но бидете рационални и обрнувајте внимание на сите материјали. Купувајте ги само оние парчиња кои ви изгледаат навистина квалитетно. Избегнувајте облека од најлон или полиестер. Исто така обрнувајте внимание и на брендот, бидејќи и тој може да биде гаранција за квалитет.rn

    2. Трендови

    rnКласичните парчиња облека се ретки во половните продавници и понекогаш изгледаат застарено. Но бидејќи трендовите постојано се вртат во круг, и во овие продавници можете да ги најдете парчињата што се на мода. Искористете го ова и купете си ги модните хитови многу поевтино.rn

    3. Што да избегнувате?

    rnВажно е да знаете и каква облека треба да избегнувате. Одредени парчиња облека најверојатно нема да траат долго и нема да изгледаат убаво.rn

      rn 011

    • Облека со украси: Бидете внимателни со облеката која има многу додатоци и украси, бидејќи можат да почнат да паѓаат многу брзо.
    • rn 011

    • Оштетена облека: Немојте воопшто да давате пари за оштетена облека. Купете ја единствено ако знаете дека може добро да се поправи.
    • rn 011

    • Валкана облека: Облеката којашто е валкана најверојатно ќе остане таква, без разлика колку ја перете. Секое парче што ќе го купите треба да биде чисто и да изгледа што е можно подобро.
    • rn

    rnПогледнете ги и советите за купување винтиџ облека и модни додатоци.

  • 10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебе

    10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебе

    За родителите кои очекуваат бебе, особено ако им е прво, купувањето на потребните работи може да биде вистински предизвик. Од декорации на собата, до играчки и облека, изборот е навистина огромен. Но дали навистина ви се потребни сите тие работи? Дури и ако ги купите само основните нешта, знаете дека ќе треба да потрошите многу пари. За да заштедите, погледнете кои се работите што воопшто нема потреба да ги купувате.rn

    1. Загревач на шамичиња

    rn10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебеrnrnОвој апарат е навистина непотребен, најмногу бидејќи не е пренослив. Иако можеби имате одредено место на кое ќе го пресоблекувате вашето дете, голема е веројатноста најчесто да го пресоблекувате на друго место.rn

    2. Загревач на шишиња

    rn10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебеrnrnАко го храните детето со шише, сигурно мислите дека ви е потреба посебна направа за загревање. Но нема потреба од ова. Едноставно ставете го шишето во топла вода и ќе имате топло млеко за брзо време. Слободно прескокнете ја оваа прескапа направа.rn

    3. Загревач за шише за автомобил и полнач за пумпа за гради

    rn10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебеrnrnГолема е веројатноста никогаш да не ги употребите овие нешта. Немате потреба од нив освен ако не патувате често или доите додека сте надвор од дома.rn

    4. Скапи помагала за готвење

    rn10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебеrnrnМожеби овие кујнски помагала изгледаат навистина неверојатно. Сигурно сакате да ја подготвувате храната на вашето дете во квалитетни садови. Но, штом ќе ја видите цената сигурно ќе се замислите дали навистина има потреба од тоа. Вистината е дека можете да ја готвите храната на бебето во досегашните садови и на крај да ја смелете во обичен блендер.rn

    5. Креветчиња

    rn10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебеrnrnВо некои продавници ќе најдете неколку различни креветчиња за бебиња. Ако станува збор за големо семејство и сакате вашето бебе да има каде да спие во куќата на бабата и дедото, можеби треба да купите уште едно креветче. Но, најчесто нема потреба за ова. Доволно е креветчето во вашиот дом.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Луѓето трошат по многу пари за „виртуелен имот“

    Луѓето трошат по многу пари за „виртуелен имот“

    Земјиште коешто можете да го наречете ваше. Огромна површина недопрена почва и дрва каде што можете да ја пуштите вашата фантазија. Звучи како да се остварил некој сон, зарем не? Но овде станува збор за „виртуелен имот“ кој сè уште не можете да го посетите.rnrnЛуѓето трошат по многу пари за „виртуелен имот“rnrnGenesis City е виртуелно земјиште со големина на Вашингтон. Инвеститорите можат да купат делови од земјиштето за огромни суми пари. На пример, земјиште од само 100 метри квадратни може да ве чини дури 170.000 евра.rnrnОвој бизарен пазар се родил поради ветувањето за иднина со виртуелна реалност. Реј Курзвејл предвидел дека за само неколку години, физичките работни површини ќе бидат минато и ќе бидат заменети со виртуелни. До 2020-та година, се предвидува дека виртуелната реалност ќе направи приходи од околу 160 милијарди евра. Па, нормално ако постои имот што можете да го имате, дури и виртуелен, ќе сакате да го купите и да го продадете.rnrnКомпанијата за проектот Genesis City ја направила првата понуда во август минатата година. Компанијата им понудила на заинтересираните купувачи да ја разменуваат нивната MANA (криптовалута) за виртуелно земјиште. За само 30 секунди почетната понуда скокнала на 20 милиони евра и тоа благодарение на приватни инвеститори, ентузијасти и компании за виртуелна реалност.rnrnКомпанијата има амбициозен план да го прошири градот и да го претвори во виртуелна метропола. Здружението на сопственици на имот веќе дискутира да отвори и делови за забава посветени на коцкање.rnrnЕвентуално, корисниците ќе можат да одат во казино, да гледаат концерти, да посетуваат работилници и да одат на шопинг со пријателите преку Интернет пребарувач или сет за виртуелна реалност.rnrnНавистина изгледа како добро организирана Sim City игра, но инвеститорите не сакаат да го нарекуваат проектот игра. Потенцијалните корисници го нарекуваат проектот платформа, нешто на коешто би можеле да градите и да бидете што сакате.rnrnИсто така се менуваат и реални пари. Се разбира, сопствениците немаат никаква гаранција дека ќе им се врати инвестицијата. Покрај тоа, градот уште не е отворен на јавноста па тие не можат да го посетат својот имот.rnrnОва не ги спречило луѓето да трошат огромни суми пари. Во јануари една парцела чинела околу 2.000 евра, но само 2 месеци подоцна цената пораснала на 170.000 евра. Вредноста на имотот е одредена според недостаток и барање. Постои конечен број на парцели и секои неколку часа се прават продажби и размени.rnrnЗнаете ли кои се етичките проблеми поврзани со виртуелната реалност?

  • Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

    Зошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?

    Иако основачот на Епл повеќе не е жив, овој технолошки гигант продолжува да биде лидер во индустријата за мобилни телефони. Со ајфонот, Епл го промени начинот на кои луѓето комуницираат со технологијата и едни со други. Но, да го имате најновиот и најдобриот ајфон не е толку неопходно. Погледнете зошто не треба да ја купувате најновата верзија на ајфон.rn

    1. Најголемиот настан на векот, повторно

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnЕпл направи вистински бран кога го објави последниот ајфон во септември 2017-та година, исто како што направи и во 2016, 2014 и 2013 година. Брзата стапка на развојот на Епл е речиси негативна. Додека да се навикнете на најновиот ајфон, постојат големи шанси Епл да ја најави новата генерација. Ако сте од фановите кои мора да ги имаат најновите и најдобрите производи, имајте на ум дека овој циклус ќе се повторува секоја година.rn

    2. Квалитет

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnВажно е да знаете нешто за имањето на најновата технологија. На производителите, дури и на оние што се големи како Епл, потребно им е време да ги решат проблемите, да го средат софтверот, како и хардверот. Но, репутацијата на Епл за квалитетен хардвер и софтвер обично е негативна. Ако имате ајфон кој е постар 1 или 2 генерации, најверојатно функционира одлично. Можеби не толку добро како кога бил нов, но ова не е причина да фрлите неколку стотици евра за нов телефон.rn

    3. Разочарување

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnМожеби сте чекале со денови да пристигне новиот ајфон. Сте го платиле, сте го вклучиле, сте се пофалиле на пријателите и потоа што? Најверојатно сте провериле Инстаграм или сте отвориле Фејсбук. Истото што сте го правеле и со стариот телефон. Да го имате најновиот модел можеби ќе ве радува за кратко, но речиси ништо нема да се промени.rn

    4. Хранење на чудовиштето

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrn„Чудовиштето“ во овој случај е Епл, најпрофитабилната корпорација во САД. Но во оваа трансакција спаѓа многу повеќе отколку цената на телефонот. Многу често на ризик е и финансиската стабилност на личноста која го купува телефонот. Многу луѓе живеат од плата за плата, па овде доаѓа до судир помеѓу желбата за новата технологија и способноста да се плати за неа.rn

    5. Кој ве гледа на вашиот ајфон?

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnСо ајфон Х, од Епл го најавија софтверот за препознавање лице кој наводно е подобра заштита од отпечаток од прст или внесување лозинка. Веројатно овој систем на заштита е бранот на иднината. Но, хакерите успешно „влегуваат“ во облакот на Епл и имаат пристап до фотографии и други информации. Па што ќе се случи кога ќе имаат пристап до вашето лице?rnrnМат Шулц, аналитичар за CreditCards.com изјавил:rn

    „Ова е ризичен потег за Епл. Овој дебакл ја стави безбедноста во главата на луѓето. Ако се покаже дека софтверот за препознавање на Епл има грешки, луѓето нема да го купуваат ако сметаат дека не е безбеден.“

    rn

    6. Ајфонот не е навистина иновативен

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnКога од Епл го најавија ајфон Х, покажаа телефон со голем екран. OLED екранот е нешто ново за Епл, но не и во светот на мобилните телефони. Самсунг галакси 6S Edge од 2015-та година има OLED екран кој се протега до самиот раб на направата. Овој тренд продолжи и за S7, S7 Edge како и S8 и S8 Edge. Па, на некој начин Самсунг, кој ги произведува OLED екраните за најновите ајфони е понапред од Епл кога станува збор за технологија кај телефони.rn

    7. Колку долго ќе постојат Епл и ајфонот?

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnУспехот на ајфонот и новите верзии го направија најважниот производ на Епл. Некои финансиски анализи сметаат дека две третини од приходот на Епл доаѓа од ајфонот. Ова значи дека доволно е само една грешка за да се загрози иднината на компанијата.rn

    8. Подготвување за незамисливото

    rnЗошто не треба да ги купувате најновите верзии на ајфон?rnrnНаводно Епл се справува со намалена побарувачка на ајфони. Иако постојат големи шанси ајфонот да не исчезне целосно, неговото присуство со сигурност ќе се намали. Посветените фанови секогаш ќе бидат дел од пазарот, но ако нема иновација, потрошувачите ќе се изморат од следењето на трендовите на Епл и може да одберат производи од други компании. Многу корисници веќе се откажале од ајфонот. Нормално, корисниците кои не купуваат бренд ќе пробаат и некои андроид телефони. Но што ќе се случи ако се одлучат да не се вратат на ајфон?rnrnДоколку имате ајфон, погледнете неколку корисни опции кои сигурно не сте знаеле дека постојат на него.

  • 6 совети за купување нов лаптоп

    6 совети за купување нов лаптоп

    Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е вистинскиот лаптоп кој ги исполнува вашите потреби, но и кој одговара на вашиот буџет. На прв поглед купувањето лаптоп може да изгледа збунувачко. Постојат стотици модели во разни големини, со барем 3 оперативни системи, а цените може да се движат од 150 до 5.000 евра. За среќа, наоѓањето на вистинскиот лаптоп е многу полесно и поевтино отколку што мислите. Овие 6 совети ќе ви помогнат во тоа.rnrn6-soveti-za-kupuvanje-nov-laptop-kafepauza.mkrn

    1. Помалиот екран значи подобра преносливост

    rnПовеќето лаптопи доаѓаат со екран со големина од 11 до 17 инчи. Целиот систем е прилагоден за големината на екранот. Ова значи дека помалите лаптопи се полесни и покомпактни, додека поголемите може да бидат гломазни. Ако ретко го преместувате вашиот лаптоп, 15-инчен модел ќе ви заврши работа. Но ако планирате постојно да го разнесувате лаптопот, подобро ќе биде да одберете модел од 13 или 14 инчи. Децата под 12 години полесно ќе се справат со лаптоп чиј екран е 11, 12 инчи. Ако вашиот лаптоп најчесто стои на едно место, можете да одберете модел од 17 инчи.rn

    2. Резолуцијата нека биде барем 1080 пиксели

    rnАко можете да си дозволите, земете лаптоп со резолуција на екранот од барем 1920х1080. Денес овие лаптопи може да се најдат и за цена пониска од 300 евра. Бројот на пиксели ќе ви го олесни читањето на содржината од екранот и полесно ќе ја користите опцијата за мултитаскинг.rn

    3. Одберете лаптоп чија батерија издржува барем 8 часа

    rnАко планирате да поминувате подолго време без да го полните лаптопот, гледајте неговата батерија да издржува барем 8 часа. Бидејќи им е потребна поголема моќ, ова не важи за гејмерските лаптопи.rn

    4. Windows и macOS се подобри од Google’s Chrome OS

    rnЛаптопите кои го користат оперативниот систем на Гугл се популарни за помладите корисници бидејќи се лесни за употреба и потешко е да фатат вирус. Сепак за повозрасните подобри се лаптопите со Виндоус или Мекбук. Доколку се двоумите помеѓу двете, имајте на ум дека со Виндоус имате повеќе опции, вклучувајќи и лаптопи со екран на допир. Мекбук, од друга страна, се побезбедни и имаат подобар софтвер за уредување фотографи и видеа.rn

    5. Земете „2 во 1“ само ако ви е потребен екран на допир

    rnДенес постојат многу „2 во 1“ лаптопи, кои можат да се користат и како таблети. Тие се одлични само ако навистина планирате да го користите екранот на допир. Во спротивно, можете да земете многу подобар лаптоп за истата цена ако нема екран на допир. „2 во 1“ лаптопите обично се многу поскапи и имаат послаба батерија.rn

    6. Перформанси: Core i5, 8GB RAM, 256GB SSD

    rnАко давате повеќе од 500 евра за лаптоп, тој треба да има најмалку Intel Core i5 процесор, 8GB RAM меморија, 256GB SSD диск и 1080р екран. Особено е важно да имате SSD диск на вашиот лаптоп бидејќи побрзо ќе ви се отвораат програмите.rnrnДоколку планирате да си купите нов смартфон, погледнете зошто е подобро да изберете Андроид.

  • 10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека

    10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека

    Сигурно ви се има случено во продавница да ви се допадне некое парче долна облека и веднаш да го купите. Но, без разлика колку бил убав градникот, најпрво треба добро да размислите. Ова се 10-те најчести грешки кои ги прават скоро сите жени кога купуваат долна облека. Дали можете да се пронајдете?rn

    1. Материјалот на градникот

    rn(1)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnНемојте да носите долна облека со чипка во комбинација со тесни блузи и панталони. Вашата долна облека речиси сигурно ќе се познава и ќе го уништи вашиот изглед. Одберете долна облека која е мазна, а најдобро е да носите градник без жици.rn

    2. Долна облека за обликување

    rn(2)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnНекои жени толку многу сакаат да изгледаат како модели што многу често купуваат долна облека за обликување со помал број. Ова не само што не изгледа добро, туку е и штетно за вашето тело. Немојте да ја носите оваа долна облека подолго од 6 часа, особено ако е со помал број.rn

    3. Големина на градникот

    rn(3)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnНекои девојки сметаат дека помалиот градник може да направи нивните гради да изгледаат поголеми. Ако градникот е премал може да го спречи протокот на крвта, а ако е преголем може да ви предизвика болки во грбот. Рамките на градникот не треба да ви паѓаат, а корпите не треба да притискаат ништо. Ако сакате вашите гради да изгледаат поголеми купете пуш-ап градник.rn

    4. Боја

    rn(4)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnМожеби црниот градник под белата блуза некогаш било во тренд, но денес изгледа невкусно и се смета за непристојно. Кога носите бела облека, градникот нека биде со месо боја. Истото важи и за гаќите.rn

    5. Градник по дома

    rn(5)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnПостои верување дека штом ќе си дојдете дома најдобро е веднаш да се ослободите од градникот и да им дозволите на градите да се одморат. Но, ова важи само за девојките со мали гради. Ако вашите гради се големи и не носите градник, може да се истегнат лигаментите на градите. По дома најдобро е да носите спортски градник. Тој е удобен, ѝ дозволува на вашата кожа да дише, и најважно од сè – им нуди поддршка на вашите гради.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Планирате да купите нова кожна јакна? Еве што сѐ треба да знаете пред да го направите тоа!

    Планирате да купите нова кожна јакна? Еве што сѐ треба да знаете пред да го направите тоа!

    Ни доаѓа есента, а со неа и менувањето на гардеробата, односно се враќаат некои парчиња облека кои најмногу сакаме да ги носиме и поради кои го сакаме ова годишно време. Помеѓу првите, а можеби и најмногу сакано и користено парче облека е кожната јакна која ниту една личност со стил на ја избегнува, па токму поради тоа секогаш треба да ја изберете внимателно и паметно. Ако се одлучивте за шопинг по нова кожна јакна, некои од овие работи мора да ги знаете.rnrn1-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изберете го вистинскиот крој

    rnКога избирате кожна јакна за себе, тогаш е важно да ја пронајдете онаа која најмногу ќе ви одговара, токму затоа што ќе ја носите во сите доби од денот и ноќта, но и во сите прилики. Ако ви е потребна за променливиот период, тогаш изберете јакна со памучна или тенка постава, додека пак ако сакате да ја користите и во текот на зимата тогаш нејзината постава треба да биде од волна или некој друг топол материјал. Сѐ зависи од тоа колку често ќе ја носите и со што ќе ја комбинирате, но нека ја следи линијата на вашето тело, бидејќи така одлично ќе ја следи и секоја ваша модна комбинација.rnrn2-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    2. Боја

    rnСекако, најкласичен и најсигурен избор се јакните во црна и темно кафеава боја. Нив можете да ги носите секогаш и секаде, односно да ги комбинирате со сите парчиња облека. Меѓутоа, постојат кожни јакни и во други бои, како што се на пример крем, розова, црвена, зелена… Ако сакате да си играте со вашите модни комбинации и ако модата за вас е една игра која знаете како да ја играте, тогаш изберете кожна јакна во некоја необична боја. Запомнете дека не мора секогаш да изберете класичен стил.rnrn3-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    3. Кожната јакна одговара на сѐ

    rnИ кога се вели сѐ, се мисли на апсолутно сѐ. Можете да ја комбинирате со други парчиња облека, со најразлични материјали, спортски, елегантни, но и сосема свечени модни комбинации. Со рамни обувки, високи потпетици, патики, таа секогаш ќе изгледа одлично, што всушност допринесе таа да биде една од најомилените и најважните парчиња облека во нашите гардеробери.rnrn4-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Детали

    rnКога сме веќе кај класичниот стил, веќе долго време едноставните модели на кожни јакни не се наоѓаат помеѓу најбараните парчиња облека, туку девојките се одучуваат за оние модели со различни патенти, нитни и други додатоци кои главно се во сребрена или златна боја. Токму таков модел изберете и вие, бидејќи ќе биде одличен детаљ на секоја ваша модна комбинација.rnrn5-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rn

    5. Вистинска или „лажна“ кожа?

    rnЕдно од најчестите прашања кога се во прашање кожата и крзното е тоа дали да се избере лажен или вистински материјал? Ова е одлука која треба да ја донесете врз основа на вашите убедувања и вашата финансиска состојба. Имајте на ум и дека често можете да пронајдете јакни од некои материјали кои се со доста добар квалитет и многу личат на вистинска кожа. Меѓутоа, ако покрај одличниот изглед квалитетот ја „игра“ поважната улога, тогаш би требало да избирате парчиња облека од вистинска кожа.rnrn6-planirate-da-kupite-nova-kozhna-jakna-eve-shto-sѐ-treba-da-znaete-pred-da-ja-kupite-www.kafepauza.mk_rnrnОткако ќе ја пронајдете и купите совршената јакна за вас, погледнете како да ја одржувате вашата кожна јакна.