КАФЕ ПАУЗА

Tag: кучиња

  • Фотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундленд

    Фотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундленд

    Расата кучиња њуфаундленд е позната по нивната големина и висока цена. Иако можеби овие кучиња изгледаат застрашувачки, кога подобро ќе ги погледнете ќе сфатите дека се навистина нежни џинови. Од големите раси на кучиња, оваа се наоѓа на петтото место. Њуфаундленд кучињата можат да достигнат висина до 75 центиметри и тежина до 68 килограми. Поради густото крзно, тие можат да изгледаат и уште поголеми.rnrnКако што кажува и името, овој вид кучиња потекнува од островот Њуфаундленд во Канада. Рибарите во овој регион имале потреба од кучиња кои ќе им помагаат на бродот и кои можат да пливаат, па овој вид се покажал како совршен избор. Кучињата го издржувале студот благодарение на крзното, а бидејќи се доволно силни, можат да спасат и возрасен човек од давење. Во продолжение погледнете неколку фотографии од сопственици на њуфаундленд кучиња што покажуваат колку всушност се големи.rn

    1. На прошетка со пони

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrn

    2. Превкусно е!

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrn

    3. 60 килограми подоцна и сè уште мисли дека е мало кученце

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrn

    4. „Помислив дека влегла мечка“

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrn

    5. 16 месеци разлика

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrn

    6. Без никаква грижа

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrn

    7. „Оли сака да доаѓа на тенис и да помага“

    rnФотографии што покажуваат колку всушност се големи кучињата њуфаундлендrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Улични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нив

    Улични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нив

    Еден од најубавите примери за свеста на животните е случајот со Маргарита Суарез од Мексико. Оваа жена починала во 2015-та година, но во текот на нејзиниот живот добила репутација како негувателка на локалните улични кучиња. Маргарита секогаш носела храна со неа за да ги храни животните што ги среќава.rnrnУлични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нивrnrnНа денот на нејзиниот погреб, се појавила цела глутница улични кучиња кои сакале да ѝ покажат почит. Кучињата дури формирале и поворка зад возилото со ковчегот и го следеле до погребалниот дом. Ќерката на Маргарита, Патриција, изјавила дека животните останале за време на целата служба.rnrnУлични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нивrn

    „Останаа со мајка ми цел ден, останаа и во текот на ноќта, а утрото сите кучиња беа заминати освен едно. Но еден час пред да ја кремираме мајка ми, кучињата се вратија и застанаа околу неа како да се збогуваат. Се колнам дека беше убаво, неверојатно“, изјавила Патриција.rnrn„Мајка ми секогаш беше добра со сите животни и луѓе. Секогаш ги хранеше кучињата на нејзиниот блок и 20-те улични мачки што живееја таму.“

    rnУлични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нивrnrnУлични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нивrnrnУлични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нивrnrnУлични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нивrnrnМногу луѓе го оправдуваат малтретирањето на животните со изговор дека тие немаат свест, или дека имаат пониско ниво на свесност од луѓето. Но, секој кој има поминато доволно време со животни, знае дека тие се свесни битија.rnrnВсушност, свесноста на животните е поддржана и од науката. Многу истражувања покажале дека дури и лебарките имаат уникатни карактери. Според истражување спроведено во Брисел, Белгија, лебарките се однесуваат многу поразлично една од друга, дури и кога се во исто опкружување, благодарение на нивните различни карактери.rnrnПрочитајте ги и овие вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот.

  • Фотографка од Москва го напуштила удобниот живот и сега живее во шума со 100 кучиња

    Фотографка од Москва го напуштила удобниот живот и сега живее во шума со 100 кучиња

    Дарја Пушкарева, позната фотографка, решила да го напушти нејзиниот живот во Москва и да се пресели во шумата. Таа и нејзиниот сопруг овде сакаат да создадат одличен живот за кучиња кои биле напуштени, кои остареле или немаат можност за среќен живот на друго место.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnДарја работела неколку години во филмската и фотографската индустрија и станала позната личност во областа. Животот ѝ бил исполнет со чести посети на ресторан, бројни состаноци, скапа облека, луксузни патувања и се разбира, многу работа. Но, таа сонувала за нешто друго.rnrnКога одела на училиште и кога ја прашувале што ќе биде нејзината идна професија, таа секогаш кажувала дека сака да води засолниште за кучиња. Но, исто така и се плашела од кучиња. Секогаш кога ги гледала на улицата ги избегнувала, дури и како возрасна. Сепак нејзината љубов кон кучињата продолжувала да расте.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnСтравот на Дарја со текот на времето исчезнал, но бидејќи имала навистина зафатен распоред, немала можност да чува нејзино куче. Наместо тоа почнала да волонтира во засолништа. Еднаш таа видела реклама со кученце на која се барале околу 180 евра за посета на очен лекар. Таа и нејзиниот сопруг решиле да испратат пари, но добиле одговор дека немало кој да го однесе кучето на ветеринар. Веднаш ја донеле одлуката, па тие самите го однеле кучето на ветеринар и тоа останало во нивното семејство.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnПотоа, како што кажува Дарја, кучињата самите почнале да си го наоѓаат патот до кај неа. Некои доаѓале право во нејзиниот дом, а некои дури ѝ се појавувале и на работа. Животот на девојката драстично се променил кога се појавило седмото куче. Кучето било навистина агресивно. Напаѓало луѓе и поради повреда на мозокот чувало невидливи предмети. Секоја сеанса со експертите била залудна и Дарја била советувана да го успие кучето. Сепак, не можела да го направи ова и решила да го стави во кафез. За тоа требало да побараат куќа надвор од градот.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnДарја, нејзиниот сопруг и нејзините кучиња промениле 2 куќи, продолжиле да ги работат нивните работи и го зголемиле бројот на кучиња во семејството. Но кучињата правеле многу врева и соседите биле загрижени. Тогаш Дарја решила да се преселат во шума. Нашле земјиште во близина на село во кое живееле и се преселиле таму.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Зошто кучињата почнуваат да завиваат кога ќе чујат музика?

    Зошто кучињата почнуваат да завиваат кога ќе чујат музика?

    Некои кучиња веднаш штом слушнат музика почнуваат да завиваат, притоа обидувајќи се да го имитираат пеењето или самиот звук на музиката. Иако можеби ви делува како тие навистина да се обидуваат да пеат, сепак причината поради којашто го прават ова е сосема друга.rnrnrnrnНајпрво, кучешкото завивање на музика е начин на комуникација. Музиката може да ги асоцира на завивањето на други кучиња, поради што и тие самите се обидуваат да одговорат со истиот тон. Ако некогаш сте чуле како изгледа „верижното“ завивање, кога едно куче ќе почне, и ќе му се придружат сите останати во близина, тогаш веќе знаете како тие комуницираат.rnrnОд друга страна пак, причината поради која кучињата завиваат на музика може да се пронајде и во далечната историја, кога тие живееле настрана од човештвото и како денешните волци. Волците во дивината комуницираат меѓусебно токму со завивање и го користат малку поинаку овој метод на комуникација од кучињата.rnrnСо оглед на тоа што високата фреквенција може да се чуе на голема оддалеченост, со завивањето волците ја откриваат својата положба – како еден вид GPS. Па, ако глутницата е разделена, со завивањето тие повторно можат да се соберат на едно место. Кучињата ја регистрираат оваа висока фреквенција и во музиката, па токму затоа и најверојатносе обидуваат да реагираат на истиот начин како што реагирале нивните предци во минатото.rnrnА дали знаете зошто вашето куче е посреќно од вас?

  • Најдобрите фотографии со кучиња што некогаш сте ги виделе

    Најдобрите фотографии со кучиња што некогаш сте ги виделе

    Кристина Квапилова е фотограф на кучиња, авантурист и фризби играч од Република Чешка. Таа има само 21 година, и неверојатно портфолио зад себе.rn

    „Кога ја напуштам мојата работа базирана на компјутери, често можете да ме видите како патувам и истражувам со моето прекрасно 7-годишно куче Чарли, кој е и мојот личен тренер и најдобриот и најверниот модел што некогаш сум го имала. Тој е професионален модел што знае многу команди, како на пример, да лиже кога ќе му кажам.“

    rnКристина Квапилова вели дека фотографијата целосно го променила нејзиниот живот и дека таа почнала да се занимава со неа само поради нејзиното куче. Чарли бил многу трпелив со неа и ја научил многу за фотографирањето кучиња. Погледнете дел од нејзините неверојатни фотографии и подгответе се да бидете воодушевени!rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Еве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со куче

    Еве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со куче

    Повеќето луѓе не би го оставиле нивното новороденче само со куче. Ова е сосема нормално бидејќи сепак кучето е животно кое не е секогаш предвидливо. Но изгледа дека кучињата навистина сакаат мали деца, па дури и новороденчиња. Погледнете што се случува кога ќе останат насамо со нив.rn

    1. Личен простор?

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    2. Попладневна дремка

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    3. Што е ова?

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    4. Куче перница

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    5. Разбуди се веќе!

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    6. Дали ова е ново милениче?

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    7. Вратете го назад!

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    8. Некој им го зел креветот

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrn

    9. Запознавање

    rnЕве што навистина се случува кога ќе ги оставите вашите малечки со кучеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Сè што треба да знаете за нападите од кучиња

    Сè што треба да знаете за нападите од кучиња

    Секој знае дека кучињата се најдобриот пријател на човекот, но и тие не се секогаш пријателски настроени. Пред сè, кучињата се животни со животински инстинкти, па дури и „добро“ куче може да нападне човек ако се случи нешто погрешно. Па доколку се најдете во ваква ситуација, овие едноставни правила ќе ви помогнат да ги избегнете штетните последици.rn

    Ако кучето не напаѓа, но е агресивно

    rnРаботи што треба да ги знаете доколку сте нападнати од кучеrnrnГоворот на телото на кучињата може да ви каже многу. Ако ушите му се залепени за главата и изгледа како да ‘ржи, најдобро е да се држите што е можно подалеку за да не предизвикате напад. Но, што да правите ако тоа не успее?rnrn1. Не обидувајте се да го смирите кучето или да му се насмевнувате. Животните различно ја прифаќаат насмевката. Додека за нас значи пријателство и радост, за кучето значи покажување заби и предизвикување.rnrn2. Избегнувајте директно гледање во очи и игнорирајте го кучето. Кога-тогаш тоа ќе престане да ви обрнува внимание и ќе можете да се опуштите. Едноставно, колку повеќе анксиозност покажувате, толку поголеми се шансите за напад.rnrn3. Ако има некој околу вас побарајте помош, но направете го тоа нежно и не го повишувајте гласот.rnrn4. Не мавтајте со стапче и не користете спреј за самоодбрана. Ова може да го направи кучето уште поагресивно.rnrn5. Повлечете се бавно, но не вртете му го грбот на кучето. Подобро движете се странично за да можете да ја гледате реакцијата на кучето. Не обидувајте се да трчате! Кучето ќе ве брка и сигурно ќе ве стигне.rn

    Ако кучето нападне

    rnРаботи што треба да ги знаете доколку сте нападнати од кучеrnrnЖивотните секогаш напаѓаат со причина, но нивните причини не се многу очигледни за нас. Обично кучињата напаѓаат ако се гладни или ако ја штитат нивната територија или малечките. Ако и покрај сè кучето ве нападне, овие совети ќе ви се најдат.rnrn6. Не викајте му на кучето, дури и ако не знаете што друго да правите. Ова ќе го разгневи уште повеќе.rnrn7. Ако имате ултрасонично свирче за бркање кучиња, искористете го.rnrn8. Ако кучето тргне кон вас, обидете се да му ја покриете главата со јакна или џемпер кога ќе ви се доближи. Потоа поставете предмет како дрво или клупа помеѓу вас, па дури и качете се на дрво. Кучето нема да може да ве следи таму.rnrn9. Фрлете ја чантата или кој било предмет настрана за да му го одвлечете вниманието на кучето. Можеби прво ќе го нападне предметот и ќе ви даде време да избегате.rnrn10. Покријте го вратот со вашите раце. Ова е најранливиот дел од човечкото тело. Ако веќе мора да бидете каснати, најбезбедно е на подлактницата или потколеницата.rnrn11. Ако кучето ве касне, немојте да се повлекувате. Со ова само ќе ја влошите повредата. Наместо тоа удрете го кучето по носот или очите. Доколку можете, фатете му ги задните нозе и подигнете го.rnrn12. Искористете ја вашата тежина и притиснете го кучето на земјата со вашите колена и лакти. Кучињата можат да касаат, но не можат да се борат. Ќе го сопрете животното додека да се појави помош.rnrn13. Понекогаш можете да бидете нападнати не од едно, туку од група кучиња. Главните правила би биле истите како горе, само не им дозволувајте на кучињата да ве опколат. Обидете се да застанете со грбот до некој ѕид. Немојте никако да бегате бидејќи ќе ве бркаат.rn

    Што да правите ако сте каснати?

    rnРаботи што треба да ги знаете доколку сте нападнати од кучеrnrnАко кучето ве каснало, веднаш морате да се погрижите за раната.rnrn14. Исплакнете ја раната со сапун и вода, и на крај со алкохол.rnrn15. Не е важно дали ве каснало улично или домашно куче, мора да посетите болница.rnrn16. Најверојатно ќе добиете вакцина за беснило. Ќе добиете околу 6 инјекции во стомакот или рамото.rnrn17. Според статистиката, луѓето се инфицирани од беснило од кучиња во 99% од случаите. Првите симптоми се јавуваат 30 до 50 денови по каснувањето. Потребно е да се вакцинирате против беснило во рок од две недели, во спротивно последиците можат да бидат фатални. Не постои лек против беснило, само мерки на претпазливост.rnrn18. Вирусот на беснило може да се пренесе на многу начини, а не само преку каснување. Понекогаш само неколку капки од плунката на животното на вашата кожа можат да ве инфицираат. Поради ова никогаш не треба да им дозволувате на непознати кучиња да ви ги лижат рацете или лицето.rnrnДобро е да ги знаете и овие совети и трикови за преживување опасни ситуации.

  • Дали ова е работата од соништата? Ресторан вработува човек што ќе си игра со кучиња

    Дали ова е работата од соништата? Ресторан вработува човек што ќе си игра со кучиња

    Сигурни сме дека вашата листа со работи од соништата изгледа отприлика вака: тестер на вкусови за сладолед, сирена, гушкач на кутриња… Во право сме? Имајќи го тоа на ум, што ако ви кажеме дека еден бар и ресторан од Тексас, наречен „MUTTS Canine Cantina“, во моментов бара луѓе што за 100 долари на час ќе си играат со кутриња? Сигурни сме дека веднаш ќе аплицирате…rnrnrnrnАпликациите се отворени и иако станува збор за практикантска позиција, сепак и платата и работните обврски се едноставно неверојатни. Па, што ќе се очекува од вас како практикант во текот на денот?  Вие треба да шетате низ парковите за мали и големи кучиња во ресторанот, да си играте со нив, и да разговарате со нивните сопственици. Вие исто така би добиле и бесплатен оброк, како и бесплатни пијалаци во текот на вашата смена.rnrnНа кратко, за 100 долари на час, вие ќе одите во ресторан, ќе си играте со кучиња и ќе јадете добра храна. Звучи неверојатно, се согласувате?rnrnАко сте заинтересирани, заследете го официјалниот Инстаграм профил на ресторанот, а потоа објавете забавна фотографија или интересно видео на вашиот профил, каде што ќе објасните зошто токму вие би биле најдобриот избор за оваа позиција. Погрижете се профилот да ви биде јавен, бидејќи во спротивно тие нема да можат да ја видат вашата објава. Исто така треба да ги тагнете @muttscantina и да го искористите хаштагот #MUTTSpuptern во самата објава.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Mutts Canine Cantina (@muttscantina) on

    rnrn

    rnrnrnИако ресторанот се наоѓа во Тексас, којзнае, можеби токму вие ќе ги освоите и ќе ја добиете оваа работа од соништата. Со среќа!rnrnА ако ви се оди на океан, погледнете ја и оваа работна понуда: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книги.

  • Најдобриот календар за 2019 година е со полициските кучиња од Ванкувер

    Најдобриот календар за 2019 година е со полициските кучиња од Ванкувер

    Овој календар за прв пат бил направен во 2009 година, од страна на пензионираниот полициски наредник Мајк Енфилд, во чест на неговата сопруга, која ја изгубила битката со рак во 2004 година. Идејата била сите пари од продажбата да се донираат на Фондацијата за истражување на ракот, како и на Фондацијата на детската болница.rnrnrnrnПолициските кучиња одлично се однесувале на сите фото-сесии од тогаш и биле навистина послушни. Но, тоа што е најинтересно е што можете дури и да ги забележите нивните карактери на фотографиите. На пример, Брандо изгледа навистина кул со очилата за сонце. Бејли обожава да се одмора во локалната кафетерија. А Џек пак, тој секогаш сериозно си ја сфаќа работата и е решен да ја дознае вистината од сите осомничени.rnrnrnrnВо моментов, во Ванкувер има 15 полициски кучиња, со 15 тренери. Нивната работа е многу важна, бидејќи тие се од исклучителна помош при следење, апсење, наоѓање докази, како и при откривање наркотици, огнено оружје и експлозиви. Кучешката единица одговара на повеќе од 10.000 повици годишно, и помага на голем број луѓе.rnrnrnrnКалендарот чини 15 долари, и може да се порача од секаде во светот на овој линк.rnrnrnrnПогледнете ги и австралијанските пожарникари што позираат со животни за новиот календар!

  • Според науката, кучињата можат да ги почувствуваат лошите луѓе

    Според науката, кучињата можат да ги почувствуваат лошите луѓе

    Кога размислуваме за чување милениче, изборот најчесто се сведува на маче или куче. Кучињата имаат потреба од поголема грижа и ги разбираат човечките емоции подобро, а мачките се понезависни животни.rnrnСпоред науката, кучињата можат да ги почувствуваат лошите луѓеrnrnСпоред многу истражувања, кучињата имаат шесто сетило и се многу почувствителни на човечки емоции. Покрај тоа, тие можат да почувствуваат дали на некој може да му се верува.rnrnВо истражување спроведено од Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија, се открило дека кучињата нема да ѝ веруваат на личност што ги излажала и можат да одредат дали некој не е искрен.rnrnВо експериментот кој се состоел од три дела учествувале 34 кучиња. Во првиот дел, сопствениците им посочувале кон садови со храна и кучињата трчале кон нив. Во вториот дел сопствениците покажувале кон садови без храна и ги лажеле кучињата да трчаат кон нив. Во третиот дел кучињата не го следеле посочувањето на сопствениците. Тие користеле минато искуство за да одредат дали личноста е искрена.rnrnКога личноста има лоши намери или сака да направи нешто лошо, се забрзува чукањето на срцето и се зголемува лачењето на одредени хемикалии како адреналин. Ова прави личноста да се поти повеќе од вообичаено. Бидејќи кучињата имаат силно сетило за мирис и се свесни за секое движење, можат да ги забележат овие промени кај човекот.rnrnИнстинктите на кучињата се многу остри и можат да почувствуваат опасност и лоши вибрации. Реагираат така што почнуваат да се плашат или се премногу агресивни.rnrnПовеќе истражувања докажале дека кучињата се чувствителни на социјални знаци и се екстремно лојални на сопствениците. Исто така се обидуваат да контролираат како другите комуницираат со нивните сопственици.rnrnВо еден експеримент, сопствениците на кучиња барале помош од луѓе, а потоа овие луѓе им понудиле храна на кучињата. Кучињата ја прифатиле само храната од луѓето што му помогнале на сопственикот.rnrnНаучно е докажано дека кучињата се интелигентни суштества, но нивната интелигенција е многу поразлична од нашата.rn

    „Кучињата се многу чувствителни на човечкото однесување. Но живеат во сегашниот момент, не размислуваат за минатото и не се способни да прават планови за иднината“, изјавил Џон Бредшо од Ветеринарниот факултетот во Бристол.

    rnКучињата можат да ги толкуваат нашите гестикулации и емоции, разбираат социјални знаци и знаат дали некој е искрен врз основа на минати искуства.rnrnПа, кога следниот пат вашето куче ќе биде сомнително за некого, можеби треба да обрнете внимание на неговото однесување. Ако вашето куче е среќно и ѝ верува на некоја личност тоа ќе скока и ќе си игра околу таа личност. Ако почне да се однесува чудно, да се плаши, да бега од личноста или да биде агресивно, подобро внимавајте на таа личност.rnrnПогледнете и на кои начини кучињата ви ги читаат мислите.