КАФЕ ПАУЗА

Tag: кучиња

  • Родени „специјалци“: 10 раси кучиња кои го чуваат домот подобро од алармните системи

    Родени „специјалци“: 10 раси кучиња кои го чуваат домот подобро од алармните системи

    Одредени раси кучиња се ценети и добро познати по нивната заштитничка природа, што е особено видливо по начинот на кој го штитат својот дом и семејството. Ако сакате да имате лојален и бестрашен животен придружник, кој, доколку е потребно, може да го заштити и вашето семејство, следните 10 раси ќе бидат ваш непогрешлив избор. Запомнете дека овие кучиња ќе ви бидат најверни пријатели, но треба да им обезбедете соодветна обука за нивната заштитничка природа да не прерасне во агресија.rnrnРодени „специјалци“: 10 раси кучиња кои го чуваат домот подобро од алармните системиrn

    1. Германскиот овчар

    rnОвие кучиња се ценети и добро познати како полициски и воени кучиња и се одлични чувари. Првично тие се грижеле за овците, па затоа оваа голема, интелигентна раса има вродена заштитничка природа и лојалност. Германските овчари лесно се тимарат, сакаат да бидат активни, но знаат и да се релаксираат. Наспроти популарното верување, тие се добри и со децата.rn

    2. Ротвајлер

    rnСамо еден поглед кон моќните мускули на ротвајлерот ќе однесат крадецот далеку од вашиот дом. Бидејќи е најстариот претставник од расите кои се одгледувале за чување на стада, ротвајлерот е целосно лојален на своето семејство и е сомничав кон странци сè додека не ги запознае. Како и германските овчари и ротвајлерите сакаат да бидат активни, а заради нивните кратки влакна на крзното, тие се лесни за тимарење. Познати се по своето означување територија, поради што верно ќе го заштитат својот дом од непоканети натрапници.rn

    3. Доберман

    rnАко го сакате најдоброто куче-чувар, паметено, силно и атлетски градено, тогаш доберманот би можел да биде вашиот вистински избор. По само неколку минути со доберманот, можете да видите колку е интелигентен и активен. Појавноста на овие кучиња е застрашувачка за многумина, но со соодветна обука, една од најопасните раси ќе стане вашиот најлојален придружник. Доберманите се познати и по својот долг животен век.rn

    4. Булмастив

    rnВкрстената раса меѓу булдогот и мастивот, булмастивот првично се одгледувал во Англија за пронаоѓање на ловечките стапици. Ако провалник успее да се доближи до куќата, ќе наиде на масивно, моќно куче кое ќе удира со шепата на подот и нема да му дозволи да мрдне сè додека не пристигне помошта. Булмастивите се познати по тоа што се исклучително паметни, смели и бестрашно лојални кучиња.rn

    5. Американски стафордски териер

    rnМожеби изгледа малку тромо и набиено, но стафордот секако има сила и ревност да го брани своето семејство кога ќе биде потребно. Покрај тоа, овие кучиња порано биле познати како дадилки на мали деца. Кога еднаш ќе се поврзе со сопственикот, стафордот без сомнение ќе го сака до крајот на животот и тој човек ќе биде центарот на неговиот свет.rn

    6. Кувас

    rnПоради своето бело, бушаво крзно ова куче може да делува потполно нежно и безопасно, но прекрасниот кувас може да се пофали со својата решителност и крајно заштитничка природа. Фактот дека кучето порано се одгледувало за да ги брка животните предатори како волците и мечките, зборува многу за тоа колку е силно и бестрашно ова куче. Со правилно воспитување, кувасите ќе ја покажат другата страна од својата природа која е слатка и опуштена.rn

    7. Акита

    rnЕдна од оние раси што не се препорачува за луѓе кои претходно немале куче, акитата е тивко, но многу заштитнички настроено куче. Тоа е многу силно и треба да се биде претпазлив додека е во близина на деца. Ова куче е најдобро е да го вдомите додека е мало и веднаш да започнете со обука за послушност. Станува збор за јапонска раса одгледувана за лов која, исто така, е специфична по тоа што може да биде тивка и ненаметлива во куќата, а исклучително пријателски расположена надвор, но и многу претпазлива.rn

    8. Гигантски шнауцер

    rnОва е доминантна и приврзана раса, која има огромна енергија што копнее по човековото друштво која реагира брзо кога сака да го заштити семејството. Сопственикот на оваа раса мора да му овозможи на своето милениче многу физичка и ментална стимулација за на кучето да не му биде досадно и да не стане деструктивно.rn

    9. Родезиски ловец

    rnПрвично одгледуван како бестрашен ловец на лавови, ова куче е многу интелигентно и е нежен џин кој додека е со семејството станува лојален заштитник од можни несакани ситуации. Тој е особено добар со децата и во Африка се одгледувал за да ги чува децата додека родителите не се дома.rn

    10. Коли (Шкотски овчар)

    rnНајпознатиот претставник на оваа раса во светот е Леси од филмот „Леси се враќа дома“ и сите ја знаеме лојалноста што ја покажа кучето во овој филмски класик. Коли е куче со умерено однесување кое ретко покажува знаци на агресија, освен кога чувствува дека неговото семејство има потреба од заштита. Тоа е, исто така, познато како една од најинтелигентните раси во светот што лесно се обучува. Покрај тоа, членовите на оваа убава и пријателски настроена раса добро се здружуваат со децата.rnrnМожеби сакате да прочитате и една студија која тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето.

  • Една студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето

    Една студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето

    Добра вест за оние кои велат дека ги сакаат своите кучиња онолку колку што другите ги сакаат своите деца.rnrnЕдна студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓетоrnrnМногу луѓе тврдат дека кучињата не се толку различни од луѓето околу нив, па дојде ред и науката да потврди дека тие се во право.rnrnКучињата само сакаат да чувствуваат љубов, исто како и сите нас.rnrnНаодите од една јапонска студија објавена во списанието „Science“, откриваат дека нашите крзнени пријатели го имаат истото лачење на окситоцин, хормонот одговорен за љубов и поврзување, како и луѓето, кога ќе погледнат во очите на нивните сопственици.rnrnСтудијата опфатила сопственици на 30 кучиња, чии раси биле златни ретривери, лабрадори, минијатурни шаузери и јазовичари, пудлици, како и боксери, германски овчари и слично. Од сите сопственици се барало да ги погледнат своите кучиња во очи.rnrnКолку подолго луѓето и кучињата се гледале во очи, толку повеќе се лачело окситоцин и кај луѓето и кај кучињата.rnrnОкситоцинот е хормон кој се поврзува со приврзаност и љубов, а истиот тој хормон е одговорен и за приврзаноста на децата со нивните родители.rnrnЗа да бидат сигурни, истражувачите ја следеле интеракцијата помеѓу волците и професионалците кои ги дресирале, ги одгледувале, ги хранеле и си играле со нив. Волците не разменувале погледи со овие лица и кај нив не се зголемувало лачењето на окситоцин. Ова е веројатно, бидејќи волците го сфаќаат контактот со очите како чин  на агресија, додека пак кучињата со текот на времето еволуирале и покажале повеќе човечки црти.rnrnЗначи, луѓето кои тврдат дека ги сакаат своите миленици како да се нивно дете, не се целосно „луди“.rnrnЧувството не само што е вистинско, тоа ви е и возвратено од вашето куче.rnrnВо дополнителен експеримент, истражувачите решиле да го инјектираат секое куче со доза окситоцин непосредно пред да бидат однесени на 30-минутна дружба со нивните сопственици.rnrnПокачувањето на хормоните го зголемил бројот и времетраењето на погледите на женските кучиња со нивните сопственици, објавиле „LA Times“, но исто така и кај нивните сопственици се зголемило нивото на излачен окситоцин. Ова не било забележано кај машките кучиња.rn

    Како можете да го откриете ова кај вашето куче?

    rnСпоред Елиша Стунчула, генерален директор и партнер на Академијата за обука на кучиња и кученца „I Said Sit“, во Лос Анџелес, одговорот е едноставен: пофалете го и погалете го кога ќе имате контакт со очите со него.rnrnПо неколку повторувања, вашето куче ќе научи дека тоа е она што го сакате и ќе забележите дека тоа почесто ќе ве гледа во очи. На овој начин позитивно ќе се поврзете со него, а зголеменото лачење на окситоцин ќе биде дополнителна придобивка.rnrnМожеби сакате да прочитате и на кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?rnrn 

  • Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест

    Зошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болест

    Сопствениците на кучиња честопати се прашуваат зошто нивните миленици јадат трева. Постојат неколку причини – прво, биолозите тврдат дека јадењето трева е нормална појава за кучињата, дури и за нивните диви „роднини“ (како волците) во природата.rnrnЗошто кучето јаде трева? Има повеќе причини кои можеби укажуваат на болестrnrnЧестопати кучето знае што му недостасува во исхраната, па затоа внимателно, преку избор на билки, го компензира она што му недостасува, објаснуваат ветеринарите.rnТревата може да биде добар извор на дигестивни ензими, калиум, хлорофил и растителни влакна. Затоа, не е неопходно да се крева паника секогаш кога кучето избра неколку вкусни стракчиња трева.rnrnКучињата понекогаш јадат трева од забава, бидејќи си играат на тој начин. Тоа не е проблематично, потенцираат ветеринарите, доколку тревата не е третирана со штетни пестициди.rnrnПостојат ситуации кога јадењето трева може да укаже на посериозни проблеми и ќе биде потребна помош од ветеринар бидејќи постојат моменти кога кучето јаде поголема количина трева без да одбере специфичен вид и потоа повраќа. Во овој случај најверојатно станува збор за гастритис или гастроентеритис, состојба која кучето се обидува самото да ја реши преку гадење и предизвикување повраќање.rnrnАко тоа го прави повремено, неколку пати годишно, не треба да се загрижувате. Кучето веројатно изело нешто што не му одговара и инстинктивно си помага, велат стручњаците.rnrnНо, ако забележите дека вашето домашно милениче редовно јаде трева и потоа повраќа, тоа сигурно има некаква форма на дигестивни проблеми и треба да се обидете да му ја промените исхраната, а доколку состојбата не се подобри, побарајте помош од ветеринар.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто не треба вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо.

  • 18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучиња

    18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучиња

    Лабрадорите и златните ретривери се најомилените раси кучиња во светот, а тоа е така затоа што нивната пријателска природа ги прави прекрасни домашни миленици, а нивната интелигенција ги прави многу вешти придружници. Покрај овие квалитети, нема да можете да одолеете на нивниот мил поглед. Во продолжение погледнете ги најслатките моменти со овие кучиња.rn

    1. „Здраво!“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    2. „Сакам уште путер од кикирики.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    3. „Оваа актовка содржи многу важни резултати.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    4. „Ова е Ралф и првпат излегува во јавност.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    5. „Мојата пријателка избира кученце.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    6. „Ова момче заспало во корпата заедно со своите златни ретривери.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    7. „Прашав една жена дали може да ги видам нејзините кучиња и набрзина ја направив оваа фотографија.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    8. „Овој златен ретривер има црн белег на левата страна на лицето.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrn

    9. „Фасцинирани ретривери.“

    rn18 фотографии што покажуваат дека ретриверите се најдобрите кучињаrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Бројот открива колку сте ментално стари: Колку кучиња гледате на сликата?

    Бројот открива колку сте ментално стари: Колку кучиња гледате на сликата?

    Оваа оптичка загатка ја открива вашата ментална возраст. Внимателно погледнете ја сликата и одговорете колку кучиња гледате.rnrnБројот открива колку сте ментално стари: Колку кучиња гледате на сликата?rn

    1. Ако гледате 4 кучиња

    rnАко на сликата гледате 4 кучиња, вашата ментална возраст е 20-25 години. Вие сте уметнички и литературен вид личност. Сакате да гледате на работите од свежа перспектива и многу често одите на концерти и на промоции на книги.rnrnБучната околина не ви одговара, а сакате да го одржувате вашиот мозок млад со едноставни мисли.rn

    2. Ако гледате 5 кучиња

    rnАко гледате 5 кучиња, вашиот мозок е стар помеѓу 25 и 30 години и вие сте олицетворение на едноставноста.rnrnНе сакате да ги комплицирате работите, без оглед на тоа дали станува збор за љубовни врски или за едноставни работи како вечера. Вашиот социјален круг е мал, така што и вашите шанси да западнете во неволја се мали.rn

    3. Ако гледате 6 кучиња

    rnАко на сликата гледате 6 кучиња, вашиот ум е на возраст помеѓу 30 и 40 години. Вие сте малку старомодни и претпазливи, но и личност на која луѓето можат да ѝ веруваат.rnrnВашите пријатели често ве прашуваат за совет затоа што мислат дека сте зрели и стабилни. Вие не сте упадлива личност и многу сте приземни.rn

    4. Ако гледате 7 кучиња

    rnАко гледате 7 кучиња, вие буквално сте дете.rnrnМногу сте наивни, едноставни и љубезни исто како што се децата.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДедо Мраз се плаши од мечката што се крие меѓу неговите ирваси. Дали можете да ја пронајдете?rnrnДедо Мраз е во неволја: Дали можете да ја пронајдете мечката што е скриена меѓу ирвасите?rnrn[/message_box]

  • 19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќ

    19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќ

    Ријанон Бакл е професионален фотограф на миленичиња, а Божиќ за него претставува идеална можност да направи интересни фотографии. Започнете ги празниците со овие слатки фотографии што покажуваат како се чувствуваат кучињата за време на новогодишните и на божиќните празници.rnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќrnrn19 празнични фотографии од кучиња што се подготвени за БожиќrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Која божиќна храна е опасна за кучиња и мачки?

    Која божиќна храна е опасна за кучиња и мачки?

    Традиција е да се подготвува вкусна храна за новогодишната ноќ и Божиќ, а трошењето време за богато поставената трпеза е важно за многу луѓе. Кога организираме семејни вечери, посветуваме многу енергија на подготовката на специјалитети со врвен квалитет. Сепак, овие деликатеси не треба да се споделуваат со кучето или мачката. Ова треба добро да го запомните, но треба да побарате и од гостите да не ги хранат вашите миленици со храната од нивните чинии.rnrnКоја божиќна храна е опасна за кучиња и мачки?rnrnАко сакате да му приредите вкусно изненадување на членот на семејството со четири нозе – купете му посебна храна и посветете му повеќе време.rnrnНа божиќната маса доминираат рибите, компирот, кифличките, сармите или колачите. Секое од овие јадења може да предизвика сериозни последици по здравјето на вашето милениче. Луѓето и животните имаат различни потреби во исхраната. Ако правилно се грижите за вашите четириножни пријатели, исто така, треба да запаметите дека барањата на кучиња и мачки се различни. Многу од нашите омилени јадења содржат состојки кои се штетни, па дури и токсични за нашите миленици. Таквите деликатеси вклучуваат, меѓу другото: чоколадо или суво грозје што се користи за да се подготват многу празнични десерти. Само неколку зрнца грозје или мало парче темно чоколадо може да бидат токсични за животното. На пример, нешто повеќе од 100 грама темно чоколадо може да бидат погубни за Лабрадор тежок 30 килограми.rnrnДругите јадења популарни за време на празниците се базираат на зелка, печурки и грашок. Овие производи, иако не се токсични, им предизвикуваат на кучињата и мачките многу тегоби, па дури и опасна подуеност. Исто така, суровото тесто со квасец може да предизвика нарушување на дигестивниот систем на домашното милениче. Посебно внимание треба да им се посвети на коските од риби, што претставуваат голем ризик за нашите миленици. Големите коски од крап може да му направат проблем во устата и грлото, па дури и да го уништат дигестивниот тракт на животно.rnrnАко храната наменета за луѓето не е соодветна за нашите миленици, како да им ја покажеме нашата љубов кон нив за време на Божиќ? Вреди да им ја купите омилената закуска специјализирана за кучиња или мачки. На овој начин, можете да бидете сигурни дека не само што сте ги наградиле со нешто вкусно, туку и дека тоа што сте им го дале да го јадат е безбедно и здраво. А, по заедничката гозба, не ја заборавајте ниту зимската прошетка.rnrnМожеби сакате да прочитате и за петте работи кои можете да ги направите за безбедноста на вашето куче.

  • На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

    На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

    Кучето е верен пријател на човекот и никогаш нема да ве напушти, но освен тоа, истражувањата покажуваат дека постои уште една важна придобивка од чувањето куче.rnrnНа кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?rnrnАнализирајќи ги податоците од околу 4.000 случаи на хипогликемија и хипергликемија кај лица со дијабетес, научниците од Универзитетот во Бристол откриле дека кај 83 % од случаите, епизодите на хипогликемија биле дијагностицирани од нивните специјално обучени кучиња.rn

    Раса

    rnРезултатите од нивното истражување биле објавени во списанието „PLOS one“. Во случај на дијабетес, постојат два вида кучиња помошници: оние кои ја забележуваат промената на шеќерот во крвта пред личноста да го забележи тоа (кучиња што предупредуваат за дијабетес) и оние кои реагираат во ситуација кога симптомите кај пациентот се веќе видливи и носат лекови, глукоза или мобилен телефон предупредувајќи ги најблиските (кучиња што реагираат на дијабетес).rnrnПрограмите за обука на кучиња помошници започнале да спроведуваат во многу земји вклучувајќи ги Велика Британија и Белгија. Кучињата помошници за дијабетичари мора да бидат индивидуално обучени за секој корисник. Процесот одзема многу време и вклучува луѓе кои имаат дијабетес, а кучињата треба да помирисуваат примероци од плунка во одредени фази на гликемијата за да бидат правилно обучени.rnrnПримероците што треба да се соберат треба да бидат и позитивни и негативни, што значи дека треба да има примероци кога пациентите се во хипогликемија или во хипергликемија, но и кога тие имаат нормална гликемија. На тој начин, кучињата учат да не реагираат на негативните наоди, т.е. кога некое лице има нормален шеќер во крвта. Како најдобри кучиња помошници се покажале припадниците на расите лабрадор ретривер и златен ретривер.rnrnПрочитајте ги овие 23 интересни факти за кучињата што е добро да се знаат.

  • 30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моменти

    30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моменти

    Крис Порж (Chris Porsz) поминал четири децении патувајќи низ целиот свет и фотографирајќи ги најискрените сцени со најдобриот пријател на човекот. Заборавете на осветлувањето во студиото и на професионалните фотографии направени по стотици обиди, Порж ги фотографира кучињата во вистинското издание: смешни, чудни, изненадени, носени во чанта итн.rnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrnОвој аматерски фотограф кој има 66 години, направил колекцијата со над 200 симпатични фотографии наречена „Лаеж“ („Barking“), која вклучува фотографии на кучиња во ексклузивни аутфити, со смешни изрази или изведувајќи нешто во интеракција со своите сопственици.rnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrnПорж признава дека честопати кучињата се поинтересни модели од луѓето, особено кога се фотографирани спонтано.rn

    „Многу фотографии се искрени, но најдобрите фотографии се кога кучето ме гледа и спонтано реагира. Затоа, активно барам контакт со очите, понекогаш и зборувајќи на нивниот јазик. Целиот свет е сцена, а јас само чекам вистинското куче да прошета и да го фотографирам“, признава Порж.

    rn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrn30 фотографии од кучиња направени од уличен фотограф кој е професионалец при фотографирање совршени моментиrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Животни урнебесно реагираат на смешни звуци и путер од кикирики

    Животни урнебесно реагираат на смешни звуци и путер од кикирики

    Белинда Ричардс од Мелбурн Австралија навистина ужива во својата работа. Таа фотографира животни откако ќе им направи смешни звуци и ќе им даде путер од кикирики. Според неа, нивните погледи се толку човеколики што таа не може да престане да се смее. Погледнете дел од нејзината серија фотографии што сè уште е во тек и подгответе се за смеа до солзи!rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrn rnrnrn