Фобијата претставува постојан, ирационален и интензивен страв од одредени ситуации, активности, предмети, животни или луѓе. Еве ја листата на најчестите фобии низ светот.rn
1. Фобија од стоматолог
rnНе само мали деца, туку и голем број возрасни се плашат од посета на забар. Некои не можат да ја поднесат болката, други миризбата, трети звукот од машините. Во САД нешто повеќе од 10% од возрасните не посетуваат стоматолог дури и при сериозни проблеми.rnrn
rn
2. Фобија од кучиња
rnНе станува збор за страв од големи страшни кучења како на пример доберман или питбул, доволна е и малечка слатка пудлица. Овој страв најчесто се појавува кај некое лице кое било каснато од куче или пак присуствувало кога тоа му се случило на друг.rnrn
rn
3. Фобија од летање
rnНекои се раѓаат со овој страв, други го стекнуваат поради страшни катастрофи кои се случиле од некој пад на авион. Верувале или не, оваа фобија ја имаат 25 милиони американци.rnrn
rn
4. Фобија од грмотевици
rnЛуѓето кои ја имаат оваа фобија, при светнувањето се чувствуваат како да им запира срцето и се препотуваат. Универзитетот во Ајова, во 2006 година направил истражување кое потврдило дека дури 73% од студентите поседуваат извесен страв од грмотевици, но голем дел од нив се срамат да признаат.rnrn
rn
5. Страв од темница
rnОвој страв се појавува кај најголемиот број деца, но кај некои продолжува многу подолго. Истражувањата покажале дека децата се плашат од темнината поради заплашувачките приказни кои ги слушале, па потсвесно мислат дека ќе се појават зли духови, крадци, киднапери или чудовишта.rnrn
rn
6. Страв од височини
rnОва е една од најраспространетите фобии низ светот. Се проценува дека околу 5% од вкупното население на земјата ја поседува. Според анализите, луѓето кои ја имаат доколку се качат на висина од само 2 метри, им се причинува дека се на дупло повисоко.rnrn
rn
7. Страв од друго лице
rnОваа фобија најчесто може да се примети по влегувањето во пубертет. Лицата кои ја имаат најчесто не можат слободно да разговараат со други лица, не ги изговараат убаво зборовите, се зацрвенуваат и потат, па дури и ги заболува стомак. Исто така, не можат да јадат и пијат на јавни места.rnrn
rn
8. Страв од затворен простор
rnЛицата кои ја поседуваат најчесто ги фаќа паника кога се наоѓаат во простор од кој мислат дека тешко можат да излезат. Обично тие се плашат од ливтови, трговски центри, автомобили, авиони, тунели. На нив обично им се препорачува да не се возат во автомобил предолго.rn

rnrn
9. Страв од пајаци
rnОваа фобија е најмногу застапена кај женскиот пол. Истражувањата покажуваат дека бројот на жени кои се плашат од пајаци е за четири пати поголем во споредба со мажите. Ова е така бидејќи жените почесто ги сретнуваат по домовите чистејќи или подготвувајќи ја храната (без навреди кон женската популација).rn

rn
10. Страв од змии
rnОвој страв е дефинитивно најраспространет и тоа подеднакво кај двата пола. Нормално, страшниот изглед и фактот дека голем дел од нив се отровни и смртоносни си го прави своето. Дополнителен факт е што е споредувана со Сатаната и секогаш е спомнувана во лоша конотација, дури и во Библијата.rnrn