КАФЕ ПАУЗА

Tag: комбинација

  • Магична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот

    Магична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот

    Станува збор за едноставен рецепт за освежување и вкусен пијалак кој е идеален за меѓу оброците, како и за појадок или вечера, а направен е од состојки кои докажано делуваат позитивно врз вашиот тен, регулирање на телесната тежина и намалување на целулитот.rnrnМагична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот rn

    За оваа напивка ќе ви бидат потребни:

    rnЈогурт – совршено делува на маснотиите во телото и го регулира варењето на храната со помош на добрите бактерии кои благотворно влијаат врз дигестивниот систем.rnrnБоровинки, јагоди, капини, малини и рибизли – моќни антиоксиданси кои се преполни со витамин Ц, кој го поттикнува производството на колаген, ја негува кожата и го чува имунитетот.rnrnЃумбир – ја подобрува циркулацијата, ја затегнува и подмладува кожата, ги олеснува грчевите и ја отстранува болката во мускулите.rnrnБанана – содржи огромни количини калциум кој го регулира задржувањето вода во организмот, а со тоа и го намалува насобирањето на целулитот под површината на кожата.rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер сипете го ладниот јогурт (околу 200 милилитри), а по желба додајте и неколку коцки лед, со цел дополнително да го освежите пијалакот. Додајте ја вашата омилена комбинација овошја (на пример, една рака шумско овошје и една банана), а потоа добро измешајте и веднаш сипете во чаша. Поради силниот вкус, со ѓумбирот не треба да претерувате, па токму затоа отсечете дел кој е со големина на нокот од палец. Во напивката можете да додадете и свеж лист нане или малку цимет и мед. Можете слободно да комбинирате и бадеми.rnrnНаправете ја комбинацијата по ваш вкус и имајте на ум дека треба да го испиете овој пијалак веднаш по правењето.

  • НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

    НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

    Можеби оваа комбинација ви изгледа како добра идеја. Сте решиле да излезете уморни, по напорен ден на работа, па со цел да се забавувате и танцувате подолго време порачувате и енергетски пијалак покрај алкохолот. Но, дали знаете како оваа комбинација од кофеин и алкохол влијае врз вас?rnrnНИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!rnrnСама по себе, комбинацијата е опасна бидејќи постои ризик од неверојатни 600% за прескокнување во отчукувањата на срцето. Уште поголема опасност се крие и во илузијата дека вие сте многу потрезни отколку што навистина сте.rnrnЛуѓето кои мешаат енергетски пијалаци со алкохол редовно имаат субјективен впечаток дека не се многу пијани, за разлика од луѓето кои имаат консумирано иста количина на алкохол. Чувството на умор е знак дека треба да престанеме да пиеме, но енергетските пијалаци целосно го отстрануваат, па токму затоа во овој случај ние би пиеле многу повеќе мислејќи дека алкохолот не допира до нас.rnrnПоради оваа илузија на трезност, поголемиот број од шоферите би решиле да седнат позади волан, бидејќи веруваат дека се во состојба да возат. Токму оваа ситуација често доведува до трагични последици.rnrnПогледнете го следново видео кое ќе ви ги открие сите причини поради кои би требало да избегнувате да мешате алкохол со кофеин…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои покажуваат дека кафето и книгата се најдобра комбинација

    Фотографии кои покажуваат дека кафето и книгата се најдобра комбинација

    Предупредување, фотографиите кои ќе ги погледнете ќе ве натераат да си направите шолја жешко кафе и да ја отворите книгата за која секогаш наоѓате изговори дека немате време. Кафето и книгата се најдобри пријатели, а овие фотографии го покажуваат токму тоа. Сите љубители на доброто кафе и уште подобрата литература, уживајте!rnrnФотографии кои покажуваат дека кафето и книгата се најдобра комбинацијаrnrn

  • Најлошите љубовни комбинации во астрологијата

    Најлошите љубовни комбинации во астрологијата

    Иако успехот на врската најмногу зависи од тоа колку ќе се потрудите, љубовната комбинација од некои знаци едноставно е осудена на постојана борба за опстанок.rnrncouple yelling at each otherrn

    Овен: не му одговараат Близнаци, Риби и Девица

    rnПрипадниците на овој знак се секогаш отворени за љубов и за нови искуства, а често заради брзоплетост влетуваат во љубовни врски пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и кукаат, како и такви кои не можат да ги освојат, а сакаат самоуверени настапи. Најлоша е љубовната врска со Риби, кои за нив се пресентиментални. Со Близнаците односот се сведува на постојана кавга, додека Девиците му се премногу комплицирани.rn

    Бик: не му одговараат Овен, Стрелец и Близнаци

    rnПрипадниците на овој знак се под водство на Венера, која ги прави одличен „материјал“ за врски, но тоа важи само кога е во прашање вистинскиот партнер, додека во меѓувреме може да имаат многу незначајни афери. Одбивни им се озборувачите и оние кои премногу се мешаат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација за Бикот е онаа со Стрелецот, кој за него се однесува премногу слободно и независно. Близнаците за Бикот се премногу немирни, додека со Овните, заради сличните јаки волји, постојано ќе се препираат.rn

    Близнаци: не им одговараат Овен, Рак и Риби

    rnПрипадниците на знакот Близнаци имаат заљубљива природа, но со еднаква брзина знаат и да се одљубат ако партнерот ги разочара. Ги одбиваат луѓе со кои немаат заеднички теми, оние кои се предвидливи и според нив здодевни. За Близнакот најлошо е да се спои со Бик, кого нема доволно да го цени бидејќи не може да ги следи сите негови предизвици и авантури во животот. Лош спој е и со Ракот, кој е премногу стабилен и предвидлив, но и со Рибите чија емотивност може да го гуши.rn

    Рак: не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец

    rnЗа припадниците на овој знак љубовта е најубавиот зачин на животот. Тој бара партнер кој е способен да се труди околу него. Не сакаат егоистични партнери кои не покажуваат доволно почит и интерес за другите. Во љубовна врска Ракот најлошо се сложува со Стрелци и покрај големата привлечност која може да ги спои на почетокот, бидејќи во врската ќе се појави несигурност, љубомора и кавги. Со Близнаците исто така нема да им биде погодено бидејќи тие за Ракот се премногу нестабилни, додека Овните се премногу ориентирани на себе.rn

    Лав: Не му одговараат Близнаци, Јарец и Риби

    rnПрипадниците на овој знак потешко чувствуваат сигурност во љубовните врски, а особено во врска со тоа дали му се на партнерот на прво место. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и на тој начин пренесуваат лоша енергија, како и луѓе кои се склони кон манипулации. Најлоши љубовни врски градат со Близнаците, кои за нив се премногу изгубени во мислите, но и со Рибите кои ненамерно ќе ги повредат. Лоша комбинација е и онаа меѓу Лав и Јарец, бидејќи Лавот сака да има доминантна улога во односот, што нема да му одговара на Јарецот.rn

    Девица: не ѝ одговараат Овен, Вага и Водолија

    rnПрипадниците на овој знак рано ги учат своите љубовни лекции, па со голема сигурност го обираат потенцијалниот партнер. Сепак, тешко донесуваат одлука за кого трајно да се врзат, а не сакаат паметковци, пасивни луѓе и оние кои не се во состојба да се грижат за себе. Најлоша љубовна комбинација е онаа со Овенот кој според нив се поставува шефовски, како и со Вагата, која не може да ја разбере критичноста на Девицата. Тешки љубовни ситуации имаат и со Водолиите, со кои односот им е во постојани расправии.rn

    Вага: не ѝ одговараат Девица, Скорпија и Рак

    rnНа припадниците на знакот Вага, љубовта им е додаток во животот од кој ги црпат својот мир и својата сигурност. Невозвратената љубов или однос кој не функционира многу ги вознемирува, а најмногу ги одбиваат партнери кои лажат и оние во кои не можат да имаат доверба. Вагите не можат да имаат добра љубовна врска со Девица, која за нив е премногу комплицирана, како и со Скорпија чија природа им е премногу песимистична. Нема да се сложуваат ниту со Ракови, бидејќи тие имаат премногу традиционални убедувања за нив.rn

    Скорпија: не ѝ одговараат Овен, Стрелец и Близнаци

    rnСкорпиите во себе носат вистинска страст за животот која ја пренесуваат и во љубовните односи, а тежнеат кон врски кои ќе им пружат вистинско исполнување и надополнување на карактерот. Не сакаат агресивни луѓе кои сакаат да се покажуваат и истакнуваат. Скорпиите се најлоши во комбинација со Овните, со кои го делат истиот темперамент што може да резултира со постојани кавги. Ништо подобро нема да се сложуваат со Близнаците, кои ја поттикнуваат нивната љубомора, како ни со Стрелците со кои нема да се чувствуваат сигурни.rn

    Стрелец: не му одговараат Бик, Рак и Девица

    rnСтрелците и во љубовта се водат според девизата сѐ или ништо, а во недефинираните односи нема да се избезумуваат, туку ќе се играат. Ги одбиваат луѓе кои се склони кон меланхолија и не знаат што да прават со себе, како и оние кои дозволуваат други да им ја кројат судбината. Стрелците се најлоши во врска со Бик, кој за нив е премногу посесивен, како и со Рак кому му недостасува спонтаност. Ништо подобар не е ни спојот со Девица, која постојано ќе го критикува и ќе го тера да се менува.rn

    Јарец: не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец

    rnПрипадниците на овој знак се претставуваат како љубовта да не им е важна, но со тоа всушност се бранат од разочарувања. На состаноците се однесуваат како детективи, а ги одбиваат партнери кои немаат самоконтрола или оние кои се послаби од нив. За Јарците се лоши љубовните комбинации со Овен, за кого мислат дека е премногу нестрплив и лековерен. Близнаците според нив немаат идеали кон кои целат, додека Стрелците во врска се прикажуваат како нивна целосна спротивност.rn

    Водолија: не ѝ одговараат Бик, Рак и Девица

    rnНа припадниците на овој знак не им е проблем да се заљубат, дури во љубовната врска функционираат како да како не ја изгубиле својата слобода или можноста за избор. Ги одбиваат луѓе кои немаат морал и кои се предвидливи. За Водолијата лоша љубовна комбинација е онаа со Бикот, бидејќи не може да му ја пружи стабилноста која на Бикот му е потребна. Ништо подобро нема да биде ни со Рак, кој му е по малку досаден, како и со Девицата која од него бара воведување ред во нивниот живот.rn

    Риби: не им одговараат Овен, Лав и Близнаци

    rnРибите како знак се во потрага по идеален партнер со кого ќе имаат љубов од соништата, а ќе ги одбиваат партнерите кои се однесуваат неразумно и несфатливо и имаат површни погледи на животот. За нив најлоша е комбинацијата со Овни, кои им се преагресивни и нетактични, како и со Близнаци кои немаат доволно разбирање за другите. Нема добро да се сложуваат ни со Лав, кој може да манипулира со Ракот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

    5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

    Сакате да го преуредите вашиот дом и да внесете свежина во него, но не знаете на кој начин? Наместо да давате многу пари за мебел, одберете комбинација од бои кои ќе го разубават вашиот простор, со некои поевтини трикови, како менување на бојата на ѕидовите, прекривките или украсите. Не треба да претерувате со мешањето на две бои, за да не изгледа просторот премногу кич. Најпрво изберете неколку нијанси од бојата којашто сакате да преовладува, а потоа постепено додавајте детали во другата боја. Ви предлагаме 5 необични комбинации на бои, кои фантастично изгледаат во станбениот простор.rn

    1. Тиркизна и беж

    rnОваа комбинација од бои делува релаксирачки и создава чувство на елеганција во просторот. Овие бои најдобро се вклопуваат во дневната и во спалната соба.rnrn5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот станrn

    2. Темнокафена и златна

    rnКомбинирајќи ги овие две бои, ќе добиете раскошен и луксузен изглед на просторијата, особено доколку сакате африкански мотиви.rnrn5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот станrn

    3. Тиркизна и боја на зелен лимон

    rnОвие две навидум неспоиви бои, можете одлично да ги комбинирате во вашата канцеларија или во детската соба. Доколку ги употребите на ѕидовите или тапетите, најдобар дезен се пругите.rnrn5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот станrn

    4. Светлосива и циклама

    rnКомбинацијата од светлосива и циклама, ќе му даде младешки изглед на вашиот простор. Овие две бои можете да ги комбинирате и со црна и бела боја.rnrn5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот станrn

    5. Темнозелена и бледорозова (лаванда боја)

    rnОваа необична комбинација од бои, ќе ѝ овозможи смирувачки изглед на вашата бања, тераса или работен простор. Како додаток плус, во просторијата можете да ставите и голема вазна со лаванди и со тоа целосно да го освежите вашиот простор за живеење.rnrn5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот станrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила за комбинирање храна и алкохол

    Правила за комбинирање храна и алкохол

    Оброкот не е целосен без пијалак. Ако сакате вашиот ручек да го заокружите со добро избрана чаша алкохол, следете ги овие неколку правила со цел да постигнете комбинација со која ќе го унапредите неговиот вкус и целосно ќе уживате во гурманското искуство.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Сметајте го пијалакот како дел од оброкот

    rnДоколку комбинирањето на алкохолните пијалаци како пиво или вино со храната ви стане честа практика, тогаш сигурно повеќе ќе уживате во вкусовите. Прво изберете што ќе јадете, а потоа врз основа на тоа одлучете се и за пијалак.rn

    Третирајте го виното како да е сос

    rnИзборот на вино кое одговара на храната што ја јадете бара одредено знаење кое на крајот одлично се исплати. Кога добрите познавачи бираат вино, тие размислуваат за тоа како неговиот вкус одговара со оној на храната. Исто како што внимавате на вкусовите на зачините кога правите сос, така треба да внимавате и на вкусот на виното. Добро познатото правило дека рибата се комбинира со бело вино, а месото со црвено вино, може да ви помогне да ја најдете совршената комбинација, но и не мора.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrnrnВо основа, неготвените или малку готвените јадења, како на пример некоја салата или варена риба, добро одат со суво бело вино, но можете да се обидете и со розе, ако вам така ви се допаѓа. Ако се решите печеното месо да го консумирате со вино, црвеното би било најсоодветниот избор. Единствено кога станува збор за слатки јадења не мора да се грижите за ништо. Добро е само да знаете дека благото му го изострува вкусот на виното, а тоа пак го прави десертот поблаг.rnrnИсто така, кога ќе избирате комбинација на храна и вино, размислувајте за тоа кое овошје би одговарало на вашиот оброк. Во процесот на производство и созревање на вината им се додаваат некои овошја чии црти подоцна се чувствуваат во вкусот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Пивото нека биде основа на оброкот

    rnПивото може да додаде раскош на храната. Тоа има неверојатна способност да го зголеми уживањето во неа ако го комбинирате со храна која има контрастен вкус. На пример, ако на месото сте му додале зачини, обидете се да го ублажите вкусот со некое светло, не многу јако пиво. Наспроти тоа, лесните јадења подобро одат со темно пиво. Ако пак не сакате вака да давате поинаков вкус на оброкот, тогаш можете зачинетите јадења да ги комбинирате со темни пива, а полесните со посветли, со што нема да го загубат вкусот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Десертот зачинете го со жесток пијалак

    rnСекој жесток пијалак оди одлично со десерти. Многу од нив, како на пример румот и брендито, се дел од многу слатки рецепти. Покрај тоа, можете да експериментирате и со други оброци. Ако ги прашате Русите како се комбинираат вотката и храната, тие ќе ви речат дека вотката оди со каков било оброк. Сепак, најмногу уживаат да ја консумираат со чадена риба, краставички, јадења со компири и морска храна. Ако пак со ручекот сакате да се напиете виски, ќе треба претходно да си приготвите оброк со месо, а потоа да продолжите и со десертот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Сепак не постојат универзални правила

    rnИако претходните правила можат да ви помогнат во подобрување на вкусот на вашите оброци, сепак она за кое најмногу треба да се грижите е тоа дали вам ви се допаѓа одредена комбинација. Месото печено на скара и пивото се класична комбинација, но секое месо нема да ви се допаѓа со секакво пиво. Експериментирајте често и ќе го пронајдете вашиот омилен пар храна и пијалак, без разлика дали се сложува со овие правила или не.

  • Девица и девица – пријателска комбинација

    Девица и девица – пријателска комбинација

    Две девици можат да формираат пријатна и хармонична пријателска врска. Комбинацијата од две трудољубиви и логични умови, формираат еден лојален и посветен пар, со необичен талент во гранките на трговијата и индустријата. И покрај тоа што помеѓу две девици може лесно да избијат и несогласувања, сепак претставниците на овој хороскопски знак, се доволно интелигентни за брзо да изнајдат решение на проблемот и да преминат кон нивниот следен потфат.Девица и девица – пријателска комбинацијаПријателството помеѓу двете девици, би требало да се одвива „мазно“. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку поцврста ќе станува нивната врска. Секој од нив си ја знае својата улога во пријателството и немаат никаков проблем да се држат до неа. Тие сакаат да ги одржуваат работите уредни и под контрола. Сѐ додека секој од овие пријатели се труди помалку да го критикува другиот, нивното другарство ќе биде беспрекорно.rnrnВодени од планетата на комуникацијата – Меркур, не е ни изненадувачки што овие пријатели одлично функционираат на тоа поле. Тие умеат прецизно да ги интерпретираат зборовите и движењата на другите, па дури и да го претпостават нивното длабоко и скриено значење. Нивниот логичен ум им овозможува лесно да ги решаваат проблемите и да се справуваат со сите ситуации. Умеат да ги анализираат ситуациите и преземаат акции, врз основа на нивниот сопствен суд. Понекогаш дури и се жртвуваат, за да ја постигнат целта. Со заеднички сили, двете девици формираат динамичен пар.rnrnДевиците сакаат да уживаат во луксуз и во удобностите кои животот може да ги пружи. Тие настојуваат да стекнат екстравагантни и спектакуларни материјални работи и не се задоволуваат со нешто помалку вредно. Нивната прецизна и пребирлива природа, може многу да им помогне во формирањето бизнис, а понекогаш и во изборот на пријателите.rnrnКако променлив хороскопски знак, девицата може лесно да се прилагоди на секоја настаната ситуација. Кавгите помеѓу две девици, се вистинска реткост и кога ќе се случат тие лесно ги решаваат. Ниеден од овие пријатели не чувствува потреба да доминира врз другиот. Девиците најчесто ги комплетираат нивните замислени планови и шеми и поради тоа овие пријатели можат да бидат многу ефективен тим.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и девица – пријателска комбинација

    Лав и девица – пријателска комбинација

    Повеќето луѓе се ежат од преголемата внимателност на девицата, но на лавот на некој начин му се допаѓа оваа нејзина особина. На крајот на краиштата, добро е покрај себе да имате некој кој ќе ви ја затресе јакната кога ќе се извалкате или ќе ви ја намести косата кога ветерот ќе ви ја раздува на сите страни. Овој пријател на лавот, нема никогаш да му дозволи да излезе несреден од дома.Лав и девица – пријателска комбинацијаОд друга страна, девицата сфаќа дека лавот мора секогаш да биде „ѕвездата на шоуто“ и нема никаков проблем да му го отстапи центарот на вниманието. За возврат, лавот ѝ ја зацврстува кршливата самодоверба на девицата со отворени комплименти за нејзината висока интелигенција, ефикасност и практичност.rnrnСе прашувате дали ова пријателство има некакви недостатоци? Се разбира, бидејќи никој не е совршен. Нервозата на девицата може да го полудува лежерниот лав. На сличен начин избувливите епизоди на лавот, се тотално невкусни за девицата која цени бонтон однесување.rnrnДевицата е многу храбра доколку го прифати шефовски настроениот лав за свој пријател. Всушност, не е тешко да се разбере наклонетоста на девицата кон овој пријател, бидејќи лавовите зрачат со топлина и љубов. Во секој случај, справувањето со големото его на лавот, е исцрпувачко за скромната и понизна девица. На сличен начин, на лавот му се смачува да ја смирува девицата од нејзините илјадници стравови коишто ги чувствува.rnrnДоколку девицата може да остане фокусирана на силните страни на овој пријател како што се лојалноста, способноста и здраворазумноста, лавот за возврат отворено ќе ја испочитува девицата за нејзината ефикасност, постојаност и верност.rnrnОвие двајца можат да имаат наклонетост кон животни, особено кон мачки, во чие друштво можат да уживаат со часови. Заедно би уживале и во добар филм, возење велосипед или танцувајќи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и лав – пријателска комбинација

    Лав и лав – пријателска комбинација

    Секогаш кога некој лав ќе почувствува силна потреба да пронајде личност која вистински ќе го почитува, треба да си најде другарче со кое го дели истиот хороскопски знак. Исклучителниот шарм, смислата за хумор, грациозноста и убавината која ја поседува секој лав, ќе бидат најмногу забележани и почитувани од страна на другиот лав. За возврат, првиот лав ќе биде фасциниран од тоа колку е талентиран, забавен и прекрасен неговиот новопронајден пријател. После неколку часа откако ќе се запознаат, овие двајца ќе почнат да си разменуваат  искрени прегратки, интерни шеги и да си делат екстравагантни комплименти.Лав и лав – пријателска комбинацијаОдвреме-навреме, лавот ќе го разнишува трпението на другиот лав со својот егоизам, бидејќи секој од нив смета дека неговите проблеми се поголеми и поважни од сечии други.rnrnДоколку двата лава можат да си ја толерираат нивната пренагласена себичност, ќе можат и да уживаат во нивното квалитетно пријателство, кое е вистинско и искрено. Делејќи го истиот знак, овие двајца пријатели имаат слични интереси, како гледање филмови, сликарство и тимски спортови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и девица – пријателска комбинација

    Рак и девица – пријателска комбинација

    Девицата спаѓа меѓу омилените пријатели на ракот. Тој може да смета на својата девица дека ќе му го донесе совршениот подарок за роденден, токму она што тој го сакал, во посакуваната боја, со точната големина. Дополнително, ракот може да ѝ се обрати на девицата секогаш кога му треба совет, без разлика дали се работи за нов стилист или за ефикасна диета.Рак и девица – пријателска комбинацијаДевицата знае како да даде искрено мислење, без да ги повреди чувствата на ракот. За среќа, девицата го цени ракот и го обожава. Тој пак е знак кој има проблем да се третира себеси добро и да прифати дека заслужува комфор во животот. Затоа пак многу се радува кога девицата ќе се појави со торта од моркови, мекана блуза или гратис за во спа-центар.rnrnНа девицата и пречи заштитната ограда која си ја поставува ракот околу себе, додека за него девица е малку невротична. Исто така, ракот често има некои нереални соништа и идеи, чие неприфаќање од страна на девицата, може многу да го разочара.rnrnДевицата и ракот можат да оформат пријатно пријателство што ќе трае со години. Двајцата се домашари кои преферираат тивки ноќи покрај телевизорот, но знаат и да поминат лудо забавувајќи се во некој локален бар. Девицата ја цени мистериозната способност на ракот да ѝ ги смирува нервите, додека ракот многу цени што таа никогаш не го заборава неговиот роденден, но и фактот дека не јаде маслинки.rnrnВо најголемиот дел од времето, на овие два знака пријателството им оди како подмачкано. Тие уживаат во меѓусебното друштво, особено додека возат велосипеди, се занимаваат со некои градинарски активности, едрат, подготвуваат сложени јадења или се посветуваат на развивање на своите кројачки вештини.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn