КАФЕ ПАУЗА

Tag: комбинација

  • Кратки комбинезони – идеален избор за практичен и чик летен изглед

    Кратки комбинезони – идеален избор за практичен и чик летен изглед

    За време на летните денови, покрај тоа што сакаме да носиме тренди облека, ние исто така сакаме и таа да е удобна и практична. Омилен избор на облека ни претставуваат модните парчиња како фустанчињата кои само ги облекуваме без никакво дополнително комбинирање, им додаваме неколку модни додатоци и за минута имаме готов аутфит. Оваа сезона покрај летните лелеави фустани во тренд се и практичните и кратки комбинезони.rnrnrnrnОва парче посебно се истакнува и покрај тоа што е лесно и практично, претставува и комплетна комбинација смислена за минута затоа сè што е потребно е да се облечете и да го дополните изгледот со модни детали.rnrnrnrnОваа сезона изборот на кратки комбинезони е разновиден, па така можете да пронајдете поедноставни модели идеални за дневни опуштени варијанти, како и оние што се префинети и одличен избор за чик вечерен аутфит.rnrnrnrnЕдноставноста на ова едноделно парче ви остава доволно простор за да ја изразите вашата креативност со деталите и да го направите вашиот летен изглед впечатлив и единствен.rnrnПогледнете ги и овие модни грешки што можат да го уништат секој летен изглед.

  • Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

    Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

    Со појавата на хулахопките започнале и трендовите со мини здолништата. Претходно жените морале да носат чорапи, а кратката облека не доаѓала предвид. Денес хулахопките се важен дел од сечиј гардеробер, но дизајнерите, блогерките и речиси сите продолжуваат да дебатираат за тоа како правилно, и дали воопшто треба да се носат хулахопки.rnrnКако правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?rnrnПостојат малку ограничувања денес бидејќи правилата на модата се менуваат секој месец. Но за да изгледате добро треба да знаете некои правила и модни табуа. Кога одбирате хулахопки, потребно е да земете предвид неколку работи:rn

      rn 011

    • Опкружувањето и соодветната облека за него (канцеларија, формална или неформална забава, прошетка и слично)
    • rn 011

    • Вашата возраст
    • rn 011

    • Модни трендови и вашиот вкус
    • rn 011

    • Времето
    • rn

    rn

    Најчести правила

    rnКако правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?rnrnИ покрај ерата на експериментирање со облека, најважно е да се држите до ова правило – колку се потемни и подебели хулахопките, толку е потемна и облеката, а чевлите поголеми. Комбинирајте памук и синтетички материјали со хулахопки со 40 дени. Потемните и подебели хулахопки стојат добро со здолништа и фустани од волна, памук или тексас. Не изгледаат добро со бизнис костими.rn

      rn 011

    • Немојте да се обидувате да штедите на хулахопки. Евтините модели лесно се кинат и се развлекуваат. Покрај тоа бојата на евтините хулахопки не е рамномерно распоредена.
    • rn 011

    • Никогаш немојте да носите премногу темни или премногу светкави хулахопки.
    • rn 011

    • Не заборавајте на времето – ако е топло нема потреба од хулахопки. Ако не ви е удобно да носите мини и миди здолништа без нив, најдобро облечете панталони или долго здолниште
    • rn 011

    • Транспарентните хулахопки не ви се од помош во зимскиот период. Ако не планирате да бидете надвор повеќе од неколку минути, тогаш можете да носите хулахопки од 20 дени. Ако е топло, немојте да облекувате темни и дебели хулахопки.
    • rn 011

    • Никогаш немојте да носите хулахопки со чорапи. Единствената ситуација кога можете да го правите ова е за да се стоплите кога носите чизми и кога чорапите не се видливи.
    • rn 011

    • Можеби ги гледате белите хулахопки на модните писти, но во реалниот живот е навистина тешко да ги комбинирате.
    • rn

    rn

    Комбинирање хулахопки со чевли

    rnКако правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?rnrnКолку чудно и да ви звучи, хулахопките со отворени чевли не се табу. Потребно е само да следите неколку правила:rn

      rn 011

    • Чевлите треба да бидат со високи потпетици
    • rn 011

    • Хулахопките не треба да бидат со боја на кожа
    • rn 011

    • Не треба да се гледаат конците на стапалата
    • rn 011

    • Хулахопките не треба да бидат премногу проѕирни, но не треба да бидат ни премногу дебели
    • rn 011

    • Не се препорачува да носите хулахопки со ниски чевли. Но, можете да ги комбинирате со патики и други спортски обувки. Дебелите хулахопки изгледаат добро и со масивни обувки како чизми.
    • rn

    rnПравило кое се следело долго е тоа дека чевлите треба да се потемни од хулахопките. Но денес дизајнерите го игнорираат ова правило, а многумина го следат нивниот пример. Сепак понекогаш комбинациите можат да направат да изгледате чудно. Постои само еден исклучок – црните хулахопки со црни чевли секогаш изгледаат добро.rn

    Основни бои

    rnКако правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?rnrnКога носите хулахопки со боја на кожа, важно е да знаете дека нивната цел е да изгледаат како да не носите ништо. Па затоа најдобро е да одбирате мат хулахопки со нијанса што најмногу наликува на вашата кожа.rnrnЦрните хулахопки можат да бидат универзални и да одговараат со целата ваша облека. Но ,од друга страна не изгледаат добро со светли фустани. За во канцеларија одберете некоја друга темна боја. Нема да изгледате нападно и нема да изгледа како вашите нозе да се голи.rn

    Шарени и хулахопки во боја

    rnКако правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?rn

      rn 011

    • Хулахопките во боја секогаш ви даваат опуштен изглед, па обрнете внимание на ситуацијата. Може да биде навистина тешко да комбинирате хулахопки во боја. Ако се сомневате, следете го ова едноставно правило – не користете повеќе од 3-4 бои, комбинирајте студени со студени нијанси и топли со топли нијанси.
    • rn 011

    • Подобро да не купувате провидни хулахопки со дезен. Во реалноста дезенот ќе се развлече и ќе изгледа како модринки на вашите нозе.
    • rn 011

    • Хулахопките со слики или украси треба да се комбинираат со облека со една боја.
    • rn 011

    • Мрежестите хулахопки можат да создадат елегантен изглед. Никогаш немојте да ги носите со мини здолништа, отворени фустани и масивни отворени чевли.
    • rn

    rn

    Хулахопки и должина на здолниште

    rnКако правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?rnrnНосењето тенки хулахопки и мини здолниште со кратка јакна не изгледа добро на студено време. Луѓето нема да бидат воодушевени од вашата способност да го издржите студот. Во студените месеци комбинирајте хулахопки со кратки здолништа и долго палто.rnrnПробајте го овој трик за подолга трајност на вашите хулахопки.

  • Дознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинации

    Дознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинации

    Некои жени им остануваат верни на класичните бои како што се црната, сивата и кафеавата кои не се толку впечатливи, но постојат и дами кои го обожаваат шаренилото и претпочитаат живи и интензивни бои. Имајќи го ова на ум, постои боја која иако според многумина е навистина убава и весела, само мал дел од жените се осмелуваат да ја вклучат во нивните модни комбинации. Тоа е така затоа што сметаат дека не можат да ја пронајдат вистинската нијанса или мислат дека тешко ќе можат да ја искомбинираат.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrnrnХелен Венејблс, експерт за бои и директорка на компанијата House of Colour, открила дека поголемиот дел од жените се плашат да носат зелена боја. Без разлика дали се работи за нежна нијанса на ментол, потопла нијанса на лимета или темна шумска зелена боја, жените најчесто ја одбегнуваат.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrn

    „Многу наши клиентки имаат аверзија кон зелената боја, но постојат толку убави нијанси за секого“, изјавила Хелен.

    rnЗелената боја лесно може да се комбинира со боите кои се наоѓаат спротивно од неа на основната палета на бои. Меѓутоа, немојте да се ограничувате и храбро комбинирајте ја и со други неочекувани нијанси.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrnrnСмарагдно зелената боја одлично оди со црната. На пример, можете да облечете смарагдно зелена блуза со црни панталони или здолниште, а можете да ја направите и обратната комбинација: Долниот дел нека биде во зелена, а горниот во црна боја.rnrnДознајте која е бојата што жените се плашат да ја вклучат во нивните модни комбинацииrnrnКога станува збор за уредувањето на домот, оваа боја се користи многу почесто. Познатиот институт за бои Pantone ја прогласил зелената нијанса со име „Greenery“ за боја која ќе ја обележи 2017 година.rnrnПа, што чекате? Пролетта само што започна, а тоа е одличен повод за да блеснете во зелено!

  • Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

    Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

    И покрај генералната опседнатост со модата, постојат луѓе кои отстапуваат од ова правило. Постои движење наречено „модна капсула“ (capsule wardrobe) што ја подразбира идејата за носење само 10-15 парчиња облека цело време. Интересно е тоа што сѐ повеќе успешни и популарни луѓе, меѓу кои и најпознатите светски политичари и претприемачи, ја практикуваат оваа идеја. Ова се 8-те фасцинантни причини зошто се случува тоа…rnrnЗошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?rn

    1. Помалку одлуки

    rnКога еден човек мора да донесе многу одлуки одеднаш, тој се исцрпува и квалитетот на донесените одлуки опаѓа. На луѓето кои мора да донесуваат значајни одлуки секој ден, полесно им е да елиминираат една од нив, како што е одбирање облека наутро, за да направат повеќе психички простор и да си ја зголемат продуктивноста во текот на денот. Пример за тоа е поранешниот претседател Барак Обама.rn

    „Ќе ме видите како носам само сиви или сини одела. Се обидувам да го намалам бројот на одлуки. Не би сакал да треба да одлучувам што ќе јадам или што ќе носам, бидејќи имам толку многу други одлуки што треба да ги донесам“, објаснил Обама.

    rnМарк Закерберг го дели истото мислење. Една здодевна одлука помалку наутро води кон подобри одлуки поврзани со нешта што се навистина важни.rn

    2. Помалку потрошено време

    rnЛуѓето не се свесни колкав товар претставуваат материјалните работи додека не почнат да се ослободуваат од нив. Тогаш тие откриваат дека животот е полн со можности. Обидете се со следниов предизвик, наречен „Проект 333“. Треба да носите само 33 парчиња облека во период од три месеци. Проектот е едноставен, корисен и навистина може да ви го промени животот. Ќе откриете дека доколку го ограничите вашиот избор на облека, ќе го добиете најголемиот подарок, а тоа е времето. Наутро ќе се подготвувате многу полесно, побрзо и поефикасно.rn

    3. Помалку стрес

    rnМатилда Кал, уметнички директор во Њујорк, открива дека таа носи иста модна комбинација секој ден од горенаведените причини, односно помалку одлуки и помалку потрошено време. Но, таа додава уште една многу важна причина: Помалку стрес во текот на денот поради одлука што ја донела утрото.rn

    „Дали е премногу формално? Да не открива премногу? Дали фустанот е прекраток? Речиси секогаш ми се случува да одберам што ќе облечам и да зажалам поради тоа веднаш штом излезам на улица“, открива Матилда Кал.

    rnОд таа причина нејзин заштитен знак е свилената бела кошула и црните панталони. На тој начин таа има еден извор на анксиозност помалку во текот на денот.rnrnЗошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?rn

    4. Помалку потрошена енергија

    rnФилмовите на Кристофер Нолан се едни од најуспешните и најпознатите филмски остварувања од почетокот на 21-ви век. Тој уште многу одамна решил дека нема да троши енергија на избор на облека. Токму затоа, тој секој ден носи темна јакна, сина кошула, црни панталони и практични чевли. Кристофер дал многу јасна дефиниција на поимот „потрошена енергија“. Не само што со големите плакари ќе треба да донесувате повеќе одлуки, туку тие си бараат и подобро одржување, поголема организација и повеќе барање. „Модната капсула“ значително ќе ви го олесни средувањето на плакарот.rn

    5. Ќе се чувствувате средени

    rnДениј Барахона е млада мајка од Далас, Тексас. Минатата пролет таа го заменила нејзиниот полн, неорганизиран плакар со мал шкаф кој ги собрал сите практични парчиња облека што обожава да ги носи.rn

    „Пред ’капсулата’ мојот плакар беше како мени од ресторан за брза храна. Имаше толку многу работи и тоа ме исцрпуваше. Повеќето опции не ми стоеја добро, не беа добро сочувани и едноставно не ми се допаѓаа. Сега, мојата ’модна капсула’ е како луксузен ресторан. Имам помалку избор, но знам дека што и да одберам нема да погрешам. Не само што изгледам поубаво, туку и се чувствувам подобро“, објаснува Дениј.

    rnЛесно, практично и секогаш средено. Ова е ветувањето и можноста што ја нуди „модната капсула“.rn

    6. Ќе станете препознатливи

    rnАлис Грегори е писателка од Њујорк и таа носењето униформа го нарекува „иконско“. Според неа, тоа е евтин и лесен начин за човек да се почувствува гламурозно.rn

    „Униформата може да биде знак на зрелост или обид за нејзина имитација. Униформата асоцира на мудрите приоритети кои се задржуваат со текот на годините, како и на неоспорливото минато на постојани промени и напредок“, изјавила Грегори.

    rnАлис истакнува дека носењето иста модна комбинација секој ден е еден вид наметнување на вашиот статус, како што тоа го прават протагонистите.rn

    „Тоа е причината зошто ликовите од сликовниците никогаш не ја менуваат облеката. Децата, исто како и возрасните, копнеат по континуитет. Навиката да се носи униформа не е старомодна“, објаснила Грегори.

    rnЗошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?rn

    7. Помалку трошоци

    rnНашите шкафови се полни со облека и чевли кои сме ги купиле, а речиси никогаш не сме ги облекле. Просечното македонско семејство троши околу 30.000 денари годишно на облека. Тоа не делува како голема сума, но ако подобро размислите, поголемиот дел од купената облека воопшто не била потребна. Во 1930 година, просечните жени имале вкупни 9 модни комбинации. Денес, таа бројка изнесува 30: По една модна комбинација за секој ден од месецот. Животот во „модна капсула“ или носењето препознатлива униформа ќе ве заштити од непотребните трошоци на погрешни и неквалитетни парчиња облека. Освен тоа, нема да трошите толку време и енергија на купување.rn

    8. Повеќе мир

    rnДру Баримор исто така го променила нејзиниот однос кон облеката.rn

    „Прво и основно, имам речиси 40 години и облеката соодветна за 20-годишни девојки повеќе нема смисла за мене. По две бебиња, облеката што ја носев во моите 30-ти не ми стои добро. Се наоѓам на модна раскрсница и тоа понекогаш е болно“, признава Баримор.

    rnЗа да ги победи овие чувства, Дру се ставила на „модна“ диета со тоа што го ограничила изборот на облека и разумно купувала нови парчиња. По неколку месеци, нејзините плакар изгледал разумно и среќно. Облекувањето повеќе не претставувало битка. Нејзиниот моден стил сега е посмирен и поопуштен.rnrnЖивееме во општество кое тоне во материјални работи. На луѓето им треба слобода и спас. Тие бараат нови решенија. Токму поради тоа, не е никакво изненадување што движењето на „модната капсула“ зема сѐ поголем замав и сѐ повеќе успешни луѓе го практикуваат. Обидете се и вие да живеете според ова модно правило. Немате што да изгубите.

  • Што ќе се случи ако ги јадете овие производи заедно?

    Што ќе се случи ако ги јадете овие производи заедно?

    Далеку од тоа дека здравите производи никако не можат да бидат и вкусни, а следнава листа ќе ве увери во тоа. Освен тоа, кога ќе ги јадете овие комбинации заедно, „во пар“, ќе добиете максимален вкус и максимално здравје. Па, испробајте ги веднаш!rn

    Јаболка + црна чоколада

    rn2-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnОваа комбинација не е нешто што е традиционално, но, зошто да не? Јаболката содржи специјални ензими, а црното чоколадо содржи антиоксиданси кои споени заедно го јакнат имунитетот, ги стимулираат мозочните активности, го штитат срцето и крвните садови и го намалуваат ризикот од рак.rn

    Овесна каша + цеден портокал

    rn3-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnОваа комбинација е одличен извор на фенол, кој го подобрува варењето и го поттикнува чистењето на организмот од штетните материи и токсините.rn

    Свинско месо + прокељ

    rn4-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnСвинското месо е премногу масно за да се јаде секојдневно, но е богато со селен кој е одличен за нашиот имунитет. А кога се јаде заедно со прокељ, ефикасноста на селенот се зголемува дури за 13 пати.rn

    Патлиџан + џигер

    rn5-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnНедостатокот на железо во организмот води до изнемоштеност, замор, забавен метаболизам и проблеми со срцето и крвните садови. Железото од џигерот не може да се апсорбира толку добро без витаминот Ц, а тука настапува доматот.rn

    Магдонос + лимон

    rn6-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnМагдоносот е полн со железо, а лимонот со витамин Ц. Веќе научивме дека апсорпцијата на железото е поефикасна со витамин Ц. Затоа вашиот имунолошки систем ќе биде појак, но и метаболизмот побрз.rn

    Зеленчук + јогурт

    rn7-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnПриродниот јогурт е полн со калциум кој ги подобрува стомачните функции. Во комбинација со морков или целер, кои се богати со влакна, вашиот организам ќе добие „екстра“ калциум.rn

    Зелен чај + лимон

    rn8-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnВитаминот Ц го зголемува дејството на зелениот чај – долговечност и силен имунолошки систем.rn

    Домат + маслиново масло

    rn9-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrn„Ова е вкусна комбинација која ќе ги спречи кардиоваскуларните проблеми“, велат Италијанците. Ликопенот од доматот ја подобрува работата на срцето и крвните садови, а го спречува и развојот на малигни тумори. Во комбинација со маслото, тој се апсорбира уште полесно.rn

    Месо + рузмарин

    rn10-koga-kje-gi-jadete-ovie-proizvodi-zaedno-kje-se-sluchi-ova-www.kafepauza.mk_rnrnДинстуваното или вареното месо е полно со протеини. Ако пак се пржи или пече, можен е развој на канцерогени соединенија. Но, антиоксидансите од рузмаринот ќе го спречат тоа, поточно задолжително ставете го овој зачин заедно со месото кога ќе го приготвувате на овој „спорен“ начин.

  • Путер со вино: Неверојатен додаток за повкусни јадења

    Путер со вино: Неверојатен додаток за повкусни јадења

    Виното многу често се користи при подготовка на голем број рецепти, при што им дава еден посебен вкус и мирис. Во зависност од продуктите коишто се користат, може да се употреби бело или црвено вино, чијшто алкохол испарува во текот на готвењето, а останува само незаменливиот вкус кој ги надополнува прекрасните јадења. Доколку и вие сте љубител на вино во храната, ние ви нудиме еден необичен, но многу едноставен рецепт, со кој вашата кујна ќе добие препознатлив вкус и мирис. Дали сте слушнале за вински путер? Многу е едноставен за подготовка, а само едно мало парче внесува целосна трансформација на храната.rnrn(1) Путер со вино: Неверојатен додаток за повкусни јадењаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 пакување несолен путер
    • rn011

    • 1 шише суво вино (препорачуваме Sauvignon Blanc или Cabernet Sauvignon)
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • Хартија за печење
    • rn011

    • По желба можете да додадете кромид, свежи зачини, па дури и овошје за повеќе вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете ги виното и шеќерот во едно поголемо тенџере и оставете ги на оган сè додека не почнат да вријат. Потоа оставете го тенџерето на тивок оган, додека состојките не добијат густина. Откако ќе се згуснат, тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади. Потоа, во таа смеса додадете го путерот, што претходно сте го изматиле со миксер. Продолжете нежно да мешате, се додека не се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата на хартија за печење и обликувајте ја во вид на ролат. Ставете го путерот во фрижидер и оставете го убаво да се стегне.rnrnОвој путер со вкус на вино и други додатоци по ваш избор, можете да го користете во подготовката на сите јадења, за кои претходно сте користеле вино. Исто така, е идеален додаток за сосови, како и за преливи на различни видови месо и риба. Едноставно можете да го намачкате на парче тост и да уживате во необичниот вкус во секој дел од денот.

  • Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за коса

    Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за коса

    Сите ние во одреден момент од нашиот живот се соочуваме со одбирање на совршената боја за коса. Но, доколку некогаш сте имале потешкотии при одбирање помеѓу руса и кафеава коса, тогаш имаме одлични новости за вас. Со овој нов тренд вие можете да ги носите и двете бои одеднаш, но не зборуваме за оној пола-пола стил. Па, за што точно станува збор?rnrn(0) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrnrnМалку е тешко да се дефинира овој стил, бидејќи бојата на косата е направена така што целосно ги комбинира овие две бои, правејќи кул изглед. Благодарение на овој тренд, вие можете да се забавувате како блондинки и да бидете сериозно сфатени како бринети. Погледнете колку добро изгледа…rn

    Заборавете на седата коса и живите бои

    rn(1) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    …бронди е новиот хит тренд за коса.

    rn(2) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Тоа гo комбинира најдоброто од двата света…

    rn(3) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Овозможувајќи ви да имате одлична кафеава коса…

    rn(4) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    И неколку брилијантни руси прамени…

    rn(5) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Во исто време!

    rn(6) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Не е тешко да се сфати зошто жените толку ја сакаат оваа комбинација на бои.

    rn(7) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Постои соодветна нијанса на бронди за сите…

    rn(8) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    …и изгледа неверојатно на сите видови фризури.

    rn(9) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Голем број славни личности го имаат овој стил, како на пример, Блејк Лајвли…

    rn(10) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    …и Криси Тејген.

    rn(11) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Не можете да згрешите со овој стил кој делува како да е бакнат од сонцето…

    rn(12) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Неверојатно добро сплетен…

    rn(13) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    Со одличен избор на бои…

    rn(15) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за косаrn

    И чоколадни прамени со светол сјај.

    rn(16) Најдоброто од два света: Бронди е новиот летен тренд за коса

  • 10 парчиња кои ѝ се потребни на секоја девојка ова лето

    10 парчиња кои ѝ се потребни на секоја девојка ова лето

    Лето. Време е за летна облека, коктели и безбројни забави на отворено небо. Како што температурите одат сѐ погоре и погоре, така доаѓа време да ги извадиме летните фустанчиња, удобните сандали и сите нешта кои врискаат лето. Ова се есенцијалните нешта кои ви се потребни оваа сезона.rn

    1. Лелеав фустан

    rnСовршен, лесен и успева да се претопи во секоја комбинација – ова парче дефинитивно е едно од оние што нема да ги слечете цело лето.rnrnSukilynn Photographyrn

    2. Ресести сандали

    rnНе секогаш треба да носите високи потпетици за да оставите добар впечаток. Оваа сезона, дизајнерите и модните ентузијасти многу повеќе се фокусирани на комфорот. Затоа, одберете го совршениот пар сандали и додадете бохо шик во вашиот изглед.rnrn2-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    3. Шорцеви со фалти

    rnОсвен нивната практичност и елегантност, овие шорцеви се апсолутно совршени за топлите работни денови. Да, да, дозволено е да носите шорцеви на работа само под услов да се со соодветна должина, а овие се токму такви.rnrn3-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    4. Кроп топ со голи раменици

    rnВаквите кроп топови почнаа да се појавуваат насекаде и искрено ние не можеме да се заситиме од нив. Женствени и заводливи и згора на сѐ – ладат во горештините. Што би можеле повеќе да побараме!? Ако се прашувате како да ги носите тогаш најдобра идеја е со фармерки со висок струк, шорцеви или со здолниште за да бидете сигурни дека проблематичните делови се добро скриени. Ако ова не ве убеди да ги облечете, тогаш што велите на фактот дека ви ги прават нозете неверојатно долги? Вреди да се размисли нели?rnrn4-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    5. Долгнавести обетки

    rnВеќе ги видовме насекаде – од матурантките за нивната голема вечер, до модните блогери, а дури и на модните писти. Каде и да се свртите, на сечии уши ќе видите вакви обетки. Изгледаат прекрасно и даваат нота на ненадминлива елеганција. Ако се одлучите за ваков пар и се решите да им дадете поддршка на македонските дизајнери, тогаш топла препорака ни се Sim’s World со нивните прекрасни модели.rnrn5-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk-2rn

    6. Бела тантелна блуза

    rnСовршена за ноќните излегувања и летните фестивали кои следат, па дури и за на плажа. Носете ги врз кошула, топ или за да го прекриете костимот за капење. Практична елеганција е дефинитивно описот кој треба да се најде на вашата летна листа.rnrn6-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    7. Бел блејзер од лен

    rnОние кои добро ги познаваат летните материјали, знаат дека ленот е еден од најпријатните и најубавите. Има безброј начини како да го носите, од формалните комбинации до оние посекојдневните. Ако целите кон софистициран, но сепак едноставен летен изглед, тогаш летниот бел блејзер е одличен избор, а ленот ќе ве одржи свежи за време на летните жеги.rnrn7-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    8. Нежни златни алки

    rnИако да ги накитите рацете со накит е сѐ уште тренди, има некоја неопислива елеганција и софистицираност во едноставните златни алки. Со нив никогаш не можете да згрешите.rnrn8-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    9. Плетена чанта

    rnЕдно од најважните нешта кои ви се потребни за на плажа е убавата плетена торба. Обична или со детали, можностите се неограничени.rnrn9-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mkrn

    10. Кожни сандали со мотиви од кафез

    rnГоре спомнавме дека ова лето се фокусираме на комфорот. Затоа уште еден пар сандали кои дефинитивно морате да ги имате се кожните сандали инспирирани од кафезите. Нивната интересна структура ќе ја разбие монотонијата на облеката и ќе ви даде поризичен изглед. Сепак, летото е најпогоден период за промени.rnrn10-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

  • 5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

    5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

    Кога треба да се исчисти некоја тврдокорна дамка во домот, подготвени сме да комбинираме неколку различни средства за чистење со цел полесно да го решиме проблемот.rnrn5-sredstva-za-chistenje-koi-ne-smeat-da-se-kombiniraat-zaedno-kafepauza.mkrnrnЕкспертите предупредуваат дека употребата на некои хемиски средства може да е оправдана и сигурна само доколку не се мешаат со слични производи.rn

    1. Две различни врсти на средства за чистење одвод

    rnГеловите за чистење на одводот содржат јаки хемикалии кои ефективно ги убиваат бактериите, но доколку со едно чистење не се отстрани непријатниот мирис или запушувањето, тогаш подобро е да повикате водоводџија, отколку да комбинирате два или повеќе различни производи.rn

    2. Хидроген пероксид и алкохолен оцет

    rnКомбинацијата на хидроген пероксид и оцет често се користи за дезинфекција на површините во кујната. Иако станува збор за релативно сигурна мешавина, експертите препорачуваат да не ги мешате во ист сад поради тоа што се создава пероцетна киселина која може да ја иритира вашата кожа, очите и вашиот респираторен систем.rn

    3. Белило и алкохолен оцет

    rnВо теорија, оваа комбинација изгледа моќно кога се работи за отстранување на бактериите од површините во домот, но во пракса се создава гасовит хлор кој во мали количини предизвикува кашлица, проблем со дишењето и насолзени очи.rn

    4. Белило и амонијак

    rnАмонијакот е честа состојка во средствата за чистење на стаклата и прозорите. Научниците препорачуваат да не ги мешате со белилото, затоа што оваа комбинација создава хлорамин. Овој гас има слични последици по човечкото тело како гасовитиот хлор. Предизвикува болки во прстите и недостаток на кислород во белите дробови.rn

    5. Белило и медицински алкохол

    rnОва е уште една комбинација во низата што предизвикува потешкотии во дишењето, па затоа се советува белилото никогаш да не го мешате со други хемиски средства, туку само со вода.

  • Комбинација од мед и лимон: Го зајакнува имунитетот и го подобрува варењето

    Комбинација од мед и лимон: Го зајакнува имунитетот и го подобрува варењето

    На сите ни е познато дека медот и лимонот можат да имаат голем ефект врз нашето здравје, а кога се во комбинација, нивното лековито дејство значително се зголемува.rnrnkombinacija-od-med-i-limon-go-zajaknuva-imunitetot-i-go-podobruva-varenjeto-kafepauza.mkrnrnЛимонот и медот содржат антиоксиданси, имаат антибактериски својства и го зајакнуваат имунитетот. Ако ги внесувате заедно, тогаш го храните организмот со богати и драгоцени состојки.rnrnЕве каква моќ има оваа комбинација на мед и лимон.rn

    1. Лечи бронхитис, кашлица и астма

    rnИзмешајте 2 лажички сок од лимон и 1 лажица мед и промешајте ги во чаша со вода. Пијте го овој пијалак неколку пати на ден доколку имате проблеми со белите дробови, грлото и запушен нос.rn

    2. Ги елиминира акните

    rnАнтибактериските својства на лимонот и медот можат да ви помогнат околу проблемите со акните. Покрај тоа, оваа комбинација содржи и антивоспалителни својства кои ја смируваат воспалената кожа. Направете маска од мед и лимон, нанесете ја на кожата, а потоа измијте ја и ќе добиете сјаен тен.rn

    3. Ублажува болни симптоми на убоди од инсекти

    rnЛимонот и медот заедно имаат антисептичко дејство, па тоа ќе ви помогне доколку сте каснати од инсект. Ги ублажува отоците, воспаленијата и спречува инфекција.rn

    4. Помага при слабеењето

    rnЛимонот е нискокалоричен, а медот дава енергија. Нивната комбинација го намалува собирањето на мастите во организмот, а шеќерот од лековитото овошје брзо се вари. Ако сакате да го намалите обемот на струкот, додајте 3 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед во чаша полна со млака вода. Ваквиот пијалак пијте го во утринските часови и ќе ви го забрза метаболизмот.rn

    5. Помага со грипот

    rnКога имунитетот ви е ослабен, подложни сте на настинка и грип. Поради тоа важно е да внесувате поголема доза витамин Ц со цел да го спречите тоа. Сварете литар вода, потоа додајте една лажичка рендан ѓумбир, 3 лажици мед и 3 лажици лимонов сок. Процедете и пијте го овој пијалак 2 до 3 пати на ден.rn

    6. Го решава проблемот со варењето во организмот

    rnВо чаша полна со млака вода, ставете 2 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед. На овој начин ќе се ослободите од тегобите при варењето. Свежиот лимонов сок го чисти организмот, ја балансира pH вредноста и дава многу корисни материи, како витамините Б и Ц и рибофлавин.rn

    7. Ја негува кожата

    rnОслободете се од трагите на стареењето на кожата со комбинацијата од мед и лимон. Брчките и другите знаци на стареење можете да ги отстраните користејќи маска од мед и лимонов сок.