КАФЕ ПАУЗА

Tag: комбинација

  • Рак и лав – пријателска комбинација

    Рак и лав – пријателска комбинација

    Лавот може да биде најшармантниот, но и најдосадниот пријател за ракот. Да, лавот е топол, лојален, великодушен и полн со љубов – дефинитивно карактеристики кои ракот ги обожава. Но, овој пријател често се однесува како шеф, себичен е и знае да биде тврдоглав. Исто така, лавот не може да се помири дека лидерските вештини на ракот се посилни од неговите.Рак и лав – пријателска комбинацијаЛавот ја цени добродушноста, топлината, одговорноста и интуицијата кај ракот. Кога сака да ја преземе главната улога во некоја ситуација, лавот ќе успее да ги искористи особините на ракот за своја корист. За среќа, раковите се трпеливи личности. Со тек на време, нивниот пријател во знакот лав ќе види дека му се исплати да се повлече кога станува збор за организирање забави, делење на сметката од заедничката вечера или излегување на крај со менаџерот во хотелот. Штом ракот ја добие ваквата моќ, тој со задоволство ќе му го отстапи местото под рефлекторите на својот гламурозен пријател – лавот.rnrnПонекогаш дружбата со нерасположениот рак може да биде предизвик за секогаш расположениот лав. За среќа, лавот е добар во прогледување низ прсти кога станува збор за неговите пријатели, па ни ракот не е исклучок. Лавот ужива кога ракот го гости со неговата омилена храна секогаш кога ќе намине кај него. Исто така, ракот ќе му каже на лавот дека изгледа добро дури и во најлошите денови. За возврат, ракот добива безусловна љубов која ја граделе уште од детството. Меѓу нив може да се јават недоразбирања, но за среќа и двајцата гледаат на пријателството како на нешто многу поважно од некои безначајни препирки.rnrnЗаедничките интереси на ракот и лавот вклучуваат танцување, пливање, купување мебел и антиквитети, сликање со масло и готвење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и рак – пријателска комбинација

    Рак и рак – пријателска комбинација

    Формирањето пријателство помеѓу два рака, претставува апсолутно блаженство. Никој не може повеќе да го насмее ракот од некој кој го споделува неговиот хороскопски знак, благодарение на чувството за апсурд кое го поседуваат и кое длабоко ги расположува. Овие пријатели секогаш ќе се чувствуваат екстра удобно и комфорно кога ќе си дојдат на гости, бидејќи раковите се исклучително гостопримливи луѓе.Рак и рак – пријателска комбинацијаТие ќе си се воодушевуваат на убавите тапацирани столчиња кои нивниот пријател ги има во домот, на мекото килимче и уредното кујнско креденче со садови. Готвењето вкусни оброци е една од работите кои можат да ги прават овие двајца пријатели заедно.rnrnПонекогаш едниот рак знае да го испровоцира другиот, со својот избувнувачки темперамент и со својата несигурност. Сепак овие карактеристики ги поседуваат и обата пријатели, па така поголемиот дел од времето тие уживаат во своето друштво, особено кога заедно одат на риболов, кога купуваат антиквитети или кога уредуваат нешто по дома.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и девица – пријателска комбинација

    Близнаци и девица – пријателска комбинација

    Доколку близнакот почувствува инстантна блискост со девицата, тоа е така најверојатно бидејќи двата знака се предводени од планетата Меркур. Овие двајца се големи интелектуалци кои уживаат да дискутираат за добри книги, политика и за тековните настани во земјата и во светот. Пристапот на близнакот кон овие теми е понепристрасен, за разлика од девицата која сè си зема при срце, што понекогаш може да создава малку напнатост во нивното пријателство. Близнакот треба да биде внимателен кога се шегува на сметка на девицата, бидејќи девицата може да се навреди.Близнаци и девица – пријателска комбинацијаПонекогаш преголемата загриженост на девицата знае да му иде на нерви на близнакот, додека неговата несериозност може да ја полуди девицата. Сепак, поголемиот дел од времето овие двајца уживаат во другарството.rnrnДевицата е сериозна и стабилна, а близнакот е весел, површен и променлив. Девицата сака да работи со опипливи објекти, додека близнаците сакаат да се справуваат со замислени концепти. Внимателната девица сака да ги држи картите блиску до себеси, за никој да не ѝ ги види, а близнаците јавно ги покажуваат и демонстрираат своите емоции. Всушност, разликите на двата знака е она што ги спојува. Девицата ја обожува духовитоста на близнакот, додека близнакот се восхитува на способноста на девицата да ги решава проблемите.rnrnДвата знака уживаат да планинарат и да пешачат, бидејќи девицата ужива во природа, а близнакот сака да истражува. Овие двајца пријатели можат да уживаат во набљудување птици или во активности како плетење или изработување предмети од глина. Исто така и обата пријатели уживаат во статистички податоци, па така и берзата би била забавна активност за нив. Пишувањето кратки раскази, исто така може да биде дел од заедничките активности.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и лав – пријателска комбинација

    Близнаци и лав – пријателска комбинација

    Од сите пријатели коишто ги има, на близнакот најверојатно му е најдраг оној пријател кој е роден во хороскопскиот знак лав. Разиграното срце на лавот, силно „одекнува“ во младешкиот дух кој го има близнакот. Овие двајца пријатели уживаат да прават игра од сè и да се смеат и да муабетат без престан. Всушност, неретко може да им се случи некој од страна да не може да издржи и да им рече да замолчат или да се стишат. Не дека им е целта да вознемируваат некого, туку ентузијазмот со кој овие двајца пријатели разговараат е на превисоко ниво, па така се создава голема галама.Близнаци и лав – пријателска комбинацијаВеселиот близнак претставува одлично друштво за лавот. Вечниот млад дух кој го поседува близнакот, само го надополнува ведриот дух кој го има лавот. Поточно кажано, овие двајца толку многу се претвораат во малечки дечиња кога се заедно, што воопшто не би било изненадување доколку почнат да се тепаат со храна на сред ручек. Секако после војната со храна, близнакот ќе стане и ќе го исчисти подот од разлетаниот грашок на сите страни, додека лавот си ги брише солзите од смеа со салфетка. Во ваква ситуација, лавот е премногу горд за да стане и да го чисти подот, но ја цени волјата на својот пријател што го прави тоа.rnrnНа близнакот може да му се здосади од бабинските манири на лавот, додека на лавот може да му дојде прекуглава од неспособноста на близнакот да биде фокусиран на она што го прави. Секако, во поголемиот дел од времето овие двајца пријатели ги игнорираат овие ситници.rnrnДвата знака уживаат да бидат физички активни, па така обожаваат спортови во кои се троши многу енергија, како аеробик или брзо возење велосипеди. Близнакот и лавот сакаат да ги забавуваат, луѓето па често знаат да организираат забави. Дизајнирање облека или декорирање простории се исто така интересни активности кои можат да ги прават овие двајца пријатели.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и рак – пријателска комбинација

    Близнаци и рак – пријателска комбинација

    Поминатото време на ручек заедно со ракот, за близнакот претставува одличен начин на забава и разонода. Ракот ја обожува остроумната смисла за хумор на близнакот, додека тој го обожува неговиот блесав стил на шегување. Двајцата уживаат да ги набљудуваат луѓето, па токму затоа тие често оговараат за своите пријатели, соседи и колеги. Расположението на ракот едноставно може да му влезе под кожа на близнакот, додека неговата безгрижност секогаш го освојува срцето на ракот.Близнаци и рак - пријателска комбинацијаРакот и близнаците немаат многу заеднички работи, па токму тоа го прави ова пријателство многу интересно. Оптимистичкиот карактер на ракот додава една многу позитивна светлина врз секојдневието на близнакот, додека воспитувачкиот инстинкт на близнакот создава удобност во светот на ракот.rnrnДоколку ракот некогаш се чувствува депресивно и нерасположено, тогаш знае дека само близнакот може да му помогне да излезе од таа ситуација. Близнакот ќе го носи ракот по забави, филмови или на културни случувања, сè додека не заборави на проблемите. Секако ракот секогаш е спремен да му ја возврати услугата на близнакот кога нему не му се сите овци на број.rnrnБлизнакот знае да го налути ракот, кога за време на некоја вечера постојано зборува на мобилен, но од друга страна близнакот никогаш не се жали кога ракот целодневно кука за некои ситници. За среќа, ракот никогаш не може да биде лут премногу долго, а двата знака се секогаш спремни да се извинат кога е потребно. За да избегнуваат конфликти, овие двајца пријатели можат да уживаат во активности кои вклучуваат активирање на рацете, како плетење, изработување глинени предмети и дрводелски работи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и близнаци – пријателска комбинација

    Близнаци и близнаци – пријателска комбинација

    Овие двајца пријатели знаат навистина добро да се забавуваат и честопати се многу гласни. Бидејќи се многу слични по карактер, тие обожаваат заедно да си озборуваат со часови. Близнаците уживаат во читање книги од исти автори, а кога нема да им се совпаднат вкусовите, тогаш следи една стимулирачка дебата.Близнаци и близнаци – пријателска комбинацијаДали пријателскиот однос помеѓу два близнаци има недостатоци? Може да биде навистина предизвикувачки да се дојде до збор, кога едниот од нив зборува со страст за својата омилена тема. Исто така, близнаците не се најдоверливите и најпостојаните луѓе во светот.  Сепак и двајцата не можат да си останат лути долго време, кога нешто ќе се навредат, па така односите многу брзо можат да се вратат во нормала.rnrnДвајцата пријатели се големи обожаватели на гимнастиката и сакаат да играат пинг-понг. Исто така двајцата близнаци уживаат да пишуваат текстови и поезија, како и да учествуваат во разни дебати.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатни цртежи – спој на ликовите од Дизни и „Војна на ѕвездите“

    Уникатни цртежи – спој на ликовите од Дизни и „Војна на ѕвездите“

    Во последно време сè повеќе и повеќе се зголемува инспирацијата кај артистите за вакви интересни и несекојдневни комбинации. Тие сметаат дека колку се поразлични филмовите или игрите кои планираат да ги искомбинираат, толку подобри и поинтересни ќе бидат и цртежите. Нејтан Бојд, дизајнерот на оваа колекција, завршил одлична работа при создавање на едноставни, но фасцинантни цртежи со помош на ликовите од Дизниeвите цртани филмови и Војна на ѕвездите.rn
    rn

    „Дизни веќе го направи ова со неколку акциски фигури, но јас сакав да го направам на мој начин. Честопати Мики Маус е оној кој е портретиран како Лук Скајвокер, што на некој начин и има смисла, но јас отсекогаш сум го обожавал Доналд Дак и поради тоа сакав да го нацртам како херојот од Татуин.“

    rn

    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Мини како принцезата Леа
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Доналд како Лук Скајвокер
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Мики како Хан Соло
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Плуто како Р2-Д2
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Гуфи како Чубака
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Џимини Крикет како Јода
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Дејзи како Ц-3ПО
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Лудвиг вон Дрејк како Оби-Ван Кеноби
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Доналд како Лук Скајвокер
    rnrn
    Уникатна комбинација на ликовите од Дизни и Војна на Ѕвездите во цртежи
    Пит како Дарт Ведар

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и девица – пријателска комбинација

    Бик и девица – пријателска комбинација

    Ова е едно прекрасно пријателство, во кое има многу нежност, среќа и чувство на сигурност кај двете страни. Бикот ја почитува способноста на девицата за брзо решавање на проблемите, додека девицата ја почитува способноста на бикот за снаоѓање со финансиите. Бикот ја обожава искреноста на девицата, додека таа ја почитува неговата лојалност.Бик и девица – пријателска комбинацијаОвие двајца пријатели ја почитуваат природата и уживаат во долгите разговори пешачејќи низ паркот заедно. Исто така, вистински знаат да уживаат во заеднички оброк во природа, но само под услов да носат многу салфетки, дезинфектор за раце и кеси за ѓубре (ова е поради преголемата педантност на девицата). Бикот треба помалку да се лути на претераната педантност на девицата, бидејќи од друга страна таа треба да се справува со неговата тврдоглавост. Овие два знака исто така, можат да уживаат и во градинарство, готвење и во изработување украси или скулптури од глина.rnrnДевицата и бикот имаат природен афинитет еден кон друг. Лојалната и љубезна природа на бикот ѝ дава чувство на комфор на девицата. Воедно, бикот ја цени готовноста на девицата да му понуди помош, секогаш кога му е потребна. Понекогаш девицата смета дека бикот е премногу безгрижен, додека тој смета дека девицата е премногу невротична. Бидејќи станува збор за два земјени знака, овие пријатели ќе уживаат во спортови како качување по планини и пешачење.rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и лав – пријателска комбинација

    Бик и лав – пријателска комбинација

    И покрај тоа што бикот и лавот се многу различни карактери на луѓе, тие сепак имаат многу моќна меѓусебна конекција. Прво и основно, обата знака сакаат фини нешта во животот, како на пример вкусна храна, убави алишта и прекрасно опкружување. Второ, двајцата се практични и добро организирани личности. Трето, двајцата се многу креативни луѓе.Бик и лав – пријателска комбинацијаЗа бикот, нема подобар пријател од лавот за посета на некој интересен музеј, бидејќи лавот навистина ги почитува сите форми на уметност. Ваквите заеднички интереси можат да го одржат пријателството помеѓу овие два знака, на долг рок. Сепак, тие треба да поработат и на спречување нивните разлики да дојдат до израз, кои можат да придонесат за распаѓање на овој однос. Бикот треба навистина да се труди да го игнорира егоистичното однесување на лавот, а тој за возврат треба да намали со критиките за штедливото живеење на бикот. Овие два знака можат да ги надминат своите разлики, преку впуштање во заеднички интереси како дигање тегови, сликање и одење на пикник.rnrnИ покрај тоа што овие двајца пријатели имаат многу различен стил, тие сепак имаат многу заеднички работи. Двата знака обожаваат луксуз и се екстремно лојални. Исто тие се луѓе кои се жедни за љубов. Бикот секогаш е тврдоглав, додека лавот секогаш сака да е во центарот на вниманието. Доколку овие два знака успеат да ги игнорираат своите слабости, можат да си поминуваат одлично дружејќи се. Потајно, лавот сака да ја има способноста на бикот за штедење пари, додека бикот потајно посакува да се носи модерно како лавот. Овие пријатели можат заедно да уживаат играјќи голф, одејќи на шопинг или јадејќи во познати ресторани.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и рак – пријателска комбинација

    Бик и рак – пријателска комбинација

    Помеѓу бик и рак, преовладуваат лојалноста и љубезноста и ова е пријателство кое може да трае цел живот. На ракот никогаш не му пречи да му го подготви омилениот оброк на бикот кога ќе му дојде на гости, дури и тоа да значи дека ќе треба да јаде ист оброк секој ден во неделата.rnrnБикот секогаш е во можност да ги ислуша сите надежи, соништа и грижи на ракот, дури и доколку му се јави во 1 часот по полноќ. Тој смета дека токму затоа се пријателите, за во добро и во зло. Секој од овие два знака поседува квалитети, на кои другиот им се восхитува. Па така, бикот е импресиониран од извршните способности на ракот, додека тој се восхитува на способноста на бикот да ужива во животот.Бик и рак – пријателска комбинацијаПонекогаш променливото расположение на ракот му ги кине нервите на бикот, додека од друга страна тврдоглавоста на бикот го полудува ракот. Сепак двата знака уживаат за време на активностите поврзани со нивните заеднички интереси како што се градинарството, готвењето и плетењето.rnrnРакот најверојатно го смета бикот за еден од најблиските пријатели во неговиот живот. Бикот ја разбира неговата потреба за удобен, безбеден и константен живот. Ракот ја цени способноста на бикот да чува пари, како и да ужива во добра храна и во луксуз.rnrnСо никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, бидејќи тој ужива во секое залче од домашно направеното лепче, пита или чоколаден колач. Кога ракот не е расположен да зготви нешто за вечера, секогаш може да се потпре на способноста на бикот да препорача одличен ресторан. Ракот потајно мисли дека бикот не го искористува својот максимален потенцијал, додека бикот е уверен дека ракот е секогаш премногу сензитивен. Сепак овие двајца многу лесно ги надминуваат своите различности и знаат заедно да уживаат во долгите прошетки, планинарењето, собирајќи ретки парички или работејќи во градината.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.