КАФЕ ПАУЗА

Tag: колеги

  • 5 хороскопски знаци што мразат да одат на работа и не се сложуваат со колегите

    5 хороскопски знаци што мразат да одат на работа и не се сложуваат со колегите

    Некои луѓе ги доживуваат колегите на работа како семејство и пријатели и секоја ситница од приватниот живот ја споделуваат со нив, додека други не ги доживуваат баш така. Овие хороскопски знаци не се сложуваат со колегите на работа, па деловните односи им создаваат стрес, а не радост.rnrn5 хороскопски знаци што мразат да одат на работа и не се сложуваат со колегитеrn

    Овен

    rnОвните се многу амбициозни и тешко можат да отстапат од своите ставови и мислења и поради тоа не се сложуваат со своите колеги. Тешко наоѓаат заеднички јазик.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат многу да зборуваат, па затоа им е тешко да се воздржат од ширење озборувања. Поради тоа, тие не се многу омилени меѓу колегите, а познати се и по тоа што лесно може да им забијат нож во грб на своите соработници.rn

    Лав

    rnЛавовите се многу доминантни и сакаат да шефуваат, дури и на оние колеги кои се на исто деловно ниво како нив. Покрај тоа, тие знаат да бидат многу ладни на работа.rn

    Девица

    rnДевиците се перфекционисти и сè мора да биде онака како што си замислиле. На работа знаат да бидат тврдоглави и многу критични.rn

    Јарец

    rnЈарците се многу вредни, па затоа на многумина им е тешко да работат со нив. Сè мора да се направи веднаш и мора да биде совршено. Покрај тоа, тие се многу натпреварувачки настроени, што им создава проблеми во односите со колегите.rnrnПрочитајте како се справува секој хороскопски знак кога нешто ќе тргне наопаку.

  • Зад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија

    Зад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија

    Да останете професионалци во работното опкружување понекогаш е навистина тешко, особено ако некои грешки постојано се повторуваат, како од вработените, така и од шефот. Всушност, шефовите мислат дека никогаш не грешат. Затоа, тие често испраќаат мејлови кои наизглед се љубезни, но всушност се длабоко пасивни-агресивни. Колку и да се трудите да бидете љубезни кон колегите, оние што знаат да читаат меѓу редови ќе разберат што сакал да да каже писателот. Погледнете кои се најчестите фрази и што значат тие:rnrnЗад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресијаrnrn1. Однапред Ви благодарам за одговорот.rnrnВистинско значење: Ќе ми направите услуга, иако сè уште не сте ни свесни за тоа. Затоа, однапред ви се заблагодарувам.rnrn2. Само проверувам…rnrnВистинско значење: Ќе ви испраќам мејлови сè додека не ми одговорите. Треба да ме известите како се одвива ситуацијата.rnrn3. Ако имате какви било прашања, слободно контактирајте ме.rnrnВистинско значење: Ве молам, не праќајте ми ништо, мислам дека бев доволно јасен.rnrn4. Се надевам дека ова ќе помогне.rnrnВистинско значење: Престанете да ми досадувате, ова е последен пат што ви помагам.rnrn5. Во иднина, нашата комуникација треба да биде подобра.rnrnВистинско значење: Не сакам да ви ја повторувам истата работа, што не ви беше јасно?rnrn6. Ќе го имам тоа на ум.rnrnВистинско значење: Искрено, не слушнав, но веројатно не е ни важно.rnrn7. Да го решиме ова до крајот на денот.rnrnВистинско значење: Вие решете го ова до крајот на денот.rnrn8. Да бидеме тимски играчи.rnrnВистинско значење: Мора да бидеме тим, но вашата плата нема да порасне „тимски“. Секој по своите заслуги, ако воопшто е така.rnrn9. Ќе видиме.rnrnВистинско значење: Нема да видиме ништо.rnrn10. Мора да размислувате надвор од границите.rnrnВистинско значење: Немам претстава што мислам со тоа, но сакам да звучам паметно.rnrn11. Дали сакате повторно да ви испратам мејл?rnrnВистинско значење: Знам дека го добивте првиот и заборавивте. Ова е последен пат да ве потсетувам.rnrn12. Поправете ме ако не сум во право.rnrnВистинско значење: Знам дека сум во право и никој не може да ме убеди во спротивното.rnrn13. Со целосна почит.rnrnВистинско значење: Не сте во право, кој и да сте.rnrn14. Како што кажавме во претходниот разговор на оваа тема…rnrnВистинско значење: На кој јазик зборувам?rnrn15. Дозволете ми да појаснам…rnrnВистинско значење: Вие изгледа сте глупав, не разбирам што не разбравте.rnrnПрочитајте кои се видовите токсични колеги од кои треба да се држите понастрана.

  • Дали треба да се дружите со колегите од работа?

    Дали треба да се дружите со колегите од работа?

    Пријателството на работа може да го намали вашиот стрес и да придонесе за проширување на вашите видици, за релаксација и да биде добра основа за доживотни деловни врски, па дури и за партнерства.rnrnДали треба да се дружите со колегите од работа?rn

    Да се дружите со вашите колеги од работа или не?

    rnОдговорот на ова прашање не е едноставен. Речиси е невозможно да се употребат одговорите „да“ и „не“ во средина каде што работат многу луѓе. Но, прво да дефинираме што се подразбира под дружење со колегите.rnrnДружење е кога развивате добар колегијален или пријателски однос со колегите, што барем делумно се протега и во приватниот живот. Пријателството можете да го одржувате со заеднички ручек за време на паузите, со пијалак по работното време или да се дружите во слободното време во кое не мора да бидат вклучени и членовите од вашето семејството.rnrnАко избегнувате блискост и дружење, ќе ве сметаат за чудни, антисоцијални и аутсајдери, што не е некоја завидна позиција и може многу лошо да влијае врз вашата кариера. Не заборавајте дека многу често со колегите на работа поминувате повеќе време отколку со семејството и со пријателите.rnrnДружењето со колегите по работното време може да биде многу корисно за вашето психичко задоволство, а исто така може да ви даде до знаење на кои колеги можете да се потпрете, а на кои не и на кои колеги можете да им верувате, а на кои не можете.rn

    Што не смеете да пропуштите?

    rnНастани што во никој случај не треба да се пропуштат:rn

      rn 011

    • Сите видови дружење и забава за вработените
    • rn 011

    • Новогодишна забава
    • rn 011

    • Еднодневна или викенд екскурзија со вработените во компанијата
    • rn 011

    • Роденденска забава
    • rn 011

    • Забава за збогување со колега/колешка
    • rn

    rnТреба да бидете присутни на повеќето друштвени настани што се организираат од компанијата во којашто работите. Се разбира, може да има причини зошто некогаш нема да можете да отидете на одредена забава, но постојаното одбивање да присуствувате на ваквите настани значи непочитување на колегите и на претпоставените, па дури и занемарување на вашата работа. Така, сето ова може да биде контрапродуктивно. Ако не сакате да бидете дел од заедницата на одредена компанија, дефинитивно треба да си го поставите прашањето зошто воопшто работите во таа компанија.rn

    Бидете дел од тимот

    rnМногу колеги по работното време одат заедно на ручек, на кафе или на пијалак и одвреме-навреме сигурно и вие ќе добиете покана за роденден, за скара, за спортски натпревар, па дури и за свадба. Се разбира, сето ова не е во описот на вашето работно место, што значи дека немате обврска да појдете. Но сепак, потрудете се да присуствувате барем на дел од нив.rnrnВашето прифаќање на поканата за ручек, за пијалак или за забава значи дека се чувствувате како дел од тимот, но и дека колегите ве сметаат за дел од своето друштво или сакаат да станете дел од него. Ако сте срамежливи и тивки не значи дека треба да ги избегнувате поканите за дружба. Никој не очекува од вас да бидете во срцето на забавата и на разговорот или во центарот на вниманието, туку да бидете дел од целината како и сите други.rnrnЗапомнете дека во такви ситуации секогаш можете да дознаете корисни информации поврзани со работата, со колегите и со претпоставените што можат да ви помогнат при извршувањето на работата. Со оглед на тоа што во едно такво опкружување се зборува поотворено, значи дека можете да зборувате за одредени проблеми на работа, да решите некои спорови, да креирате стратегии итн. Исто така, добрите идеи многу често се раѓаат во порелаксирано опкружување.rnrnУште неколку причини зошто е добро да се дружите:rn

      rn 011

    • Можете слободно да го искажете вашето мислење на пријателски начин и во пријателска околина
    • rn 011

    • Нема да се чувствувате нелојално и негативно
    • rn 011

    • Можете да кажете работи што ви лежат на душа
    • rn 011

    • Можете да дознаете што навистина се случува зад затворени врати
    • rn

    rnИако дружбата со колегите е пожелна, на работа постојат и токсични луѓе од кои треба да се држите понастрана.

  • Видови токсични колеги од кои треба да се држите понастрана

    Видови токсични колеги од кои треба да се држите понастрана

    Понекогаш не е вашето работно место она што ве тера да го мразите одењето во канцеларија. Понекогаш едноставно не можете да се вклопите во работното опкружување, а со колегите со кои го минувате целиот ден не се сложувате најдобро. Опкружувањето кое не ви годи може да ви создаде дополнителен стрес и да влијае на вашата продуктивност. Па, добро би било да знаете кои се видовите токсични колеги од кои е најдобро да се држите понастрана.rnrnВидови токсични колеги од кои треба да се држите понастранаrn

    1. Колегата кој премногу зборува

    rnИако можеби ова е најинтересната личност на работа која шири позитивна енергија, може да биде навистина тешко да се фокусирате на работата кога некој постојано има што да каже. Во ситуациите кога имате премногу работа, најдобро би било да „одморите“ од оваа личност.rn

    2. Колегата кој знае сè

    rnОва е личноста која мисли дека е создадена за секоја работа и дека сè знае најдобро. Одвреме-навреме, овие луѓе треба да се посетат за важноста на тимската работа и за фактот дека секој е на својата позиција со причина. Во овој случај станува збор за навистина амбициозни личности кои нема да се однесуваат професионално доколку се најдете на нивниот пат.rn

    3. Колегата склон кон озборување

    rnВо секоја канцеларија постои барем една личност која се сити од трачеви. Овие личности знаат сè за сите и навистина сакаат да ги озборуваат другите колеги. Ова однесување, се разбира, воопшто не е професионално.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека не можете да им верувате на вашите колеги.

  • Истражувањата откриваат: Повеќе од половина мажи фантазираат за нивна колешка од работа

    Истражувањата откриваат: Повеќе од половина мажи фантазираат за нивна колешка од работа

    На многу жени не им се допаѓа тоа што мажите гледаат порно филмови и се вртат по други девојки, иако знаат дека ваквото нивно однесување е неизбежно. Па така, резултатите од најновото истражување спроведено во Велика Британија не се некое големо изненадување.rnrnИстражувањата откриваат: Повеќе од половина мажи фантазираат за нивна колешка од работаrnrnРезултатите покажале дека 17% од жените и 8% од мажите го сметаат за навредливо гледањето експлицитни содржини и порнографија. 13% од жените не го одобруваат „плеткањето“ со колеги од работа, а со тоа се сложуваат и 8% од мажите.rnrnНа прашањето дали имаат сексуални фантазии за колешките од работа, повеќе од половина од мажите се изјасниле дека имаат. За истото фантазираат и 30% од жените.rn

    „Фантазирањето е една работа, а реалноста е друга, па така 11% од испитаниците имале афера со колега или колешка од работа“, напишале авторите на истражувањето.

    rnИстражувањето открило и дека 41% од луѓето кои работат во секторот за маркетинг заспиваат на работа, а спијат и вработените во областите уметност, забава и рекреација. Но, тие не се единствените работници кои спијат на работа, бидејќи истото го прават и 34% од вработените во производство, 32% од вработените во областа на науката и технологијата, како и 30% од вработените во владата и јавната администрација.rnrnОсвен тоа, 11% од мажите гледаат порнографија во текот на работното време, а истото го прават и 3% од жените. Консумирањето дрога или алкохол се смета за неприфатливо од страна на 21% од мажите и 12% од жените, а кај 8% од жените и 11% од мажите „не поминува“ ниту јадењето туѓа храна.rnrn10% од испитаниците признале дека мастурбирале на работа иако го сметале тоа за неприфатливо однесување, а некои го сториле тоа и повеќе од еднаш. Дури 44% од луѓето се чувствувале возбудено по мастурбацијата на работа, 29% од нив се чувствувале како бунтовници, 24% од нив биле нервозни, 17% засрамени, а 16% од испитаниците се чувствувале непријатно.rnrnШто мислите вие за резултатите од ова истражување? Дали се пронајдовте некаде или пак се сметате за примерни работници?rnrnВо продолжение прочитајте како да се справите со љубовните чувства кон колегата.

  • 3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работа

    3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работа

    Речиси сите луѓе поголемиот дел од денот го поминуваат на своето работно место, помеѓу своите колеги. Имајќи предвид дека здравиот работен однос бара и здрава работна атмосфера, најголем фактор во ова играат токму колегите. Така, тие може во голема мера да влијаат на вашето расположение, но и на вашите резултати од работата. Бидејќи тешко е да се работи со луѓе кои имаат задни намери, треба да се научите истите да ги препознаете, а во тоа може да ви помогнат овие докази.rnrn3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работаrn

    1. Ги презема сите заслуги како свои, а кои се резултат на тимска работа

    rnРечиси секој во својата работна околина, помеѓу своите колеги, барем еднаш има сретнато личност која без никаков проблем ги презема сите заслуги за нешто што било резултат од тимска работа, или пак за нешто во што таа личност воопшто и не учествувала. Според психолозите, кога некој колега ќе ги преземе вашите идеи како свои, тогаш тоа е знак дека нешто не чини.rn

    2. Не е тимски играч

    rnЗдравата конкуренција треба да постои кај секој работник и нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете најдобри во својата работа. Меѓутоа, во сето ова од особена важност е да останете тимски играч, а доколку вашиот колега секогаш го игнорира тимот и работи исклучиво за себе, тоа во еден момент ќе стане проблем. Со личноста која е фокусирана само на себе и на својата лична корист, тешко е да воспоставите колегијален однос кој ќе биде полн со доверба, а ако помеѓу вас не постои доверба, тогаш работната атмосфера станува непријатна.rn

    3. Често лаже

    rnЛагите ги нарушуваат односите и создаваат сомнежи помеѓу колегите. Некому искреноста на работното место му е многу важна, додека пак други не ѝ придаваат многу значење, па честопати лажат.rnrn3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работаrnrnТреба да сфатите дека кој работи, тој и греши. Секој човек во својата работа се соочува со предизвици и прави грешки. Понекогаш не можете да ги забележите самите, па ви ги посочуваат вашите колеги. Секако, на тоа треба да бидете благодарни, затоа што на тој начин станувате подобри. Некои луѓе тешко ги прифаќаат грешките, а со ваквите личности тешко е да се работи.

  • Мисли што секому му поминуваат низ глава на новото работно место

    Мисли што секому му поминуваат низ глава на новото работно место

    Префрлувањето од едно на друго работно место бара повторно учење на нови задачи, нови навики на колегите, како и прилагодување на други услови и правила. Почетокот секако ќе ви изгледа тежок, затоа што до тогаш сте биле навикнати на еден начин на функционирање, па сега одеднаш ќе треба сето тоа да го заборавите. Во вакви моменти, на повеќето луѓе им поминуваат најразлични мисли низ нивната глава, а во продолжение откријте кои се најчестите.rnrn11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно местоrn

    1. „Зошто не знам апсолутно ништо за што било?“

    rnНа претходната работна позиција вие сте биле свесни за што е што, кои се луѓето и зошто работите се изведуваат на таков начин. На новото работно место не знаете ништо и едвај се трудите да го запаметите кодот за отворање на вратата.rnrn11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно местоrn

    2. „Кога треба да ги донесам моите лични работи на бирото?“

    rnНа пример, се прашувате кога треба да го донесете омилениот кактус, фотографијата од вашите деца, предметите кои ве потсетуваат на нешто убаво…rnrn11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно местоrn

    3. „Ми недостигаат старите колеги и тоа малку ме повредува“

    rnВие плачевте и се смеевте заедно. Правевте интересни работи и зборувавте на секакви теми. Малку ве повредува тоа што нема да ги гледате 8 часа за време на секој работен ден.rnrn11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно местоrn

    4. „Зошто поминувам толку многу време во тоалетот?“

    rnТоалетите се многу корисни кога започнувате со нова работа. Понекогаш ви се потребни само 5 минути да останете сами, да размислите за случувањата, па и да заплачете кога нема да бидете сигурни што треба да направите. Но, тоа е сосема во ред, затоа што повеќето од вашите нови колеги веќе биле во оваа позиција и ја надминале.rnrn11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно местоrn

    5. „Многу добро се запознав со историјата на оваа компанија“

    rnКога сте нови во некоја компанија, се обидувате да дознаете некои информации за неа, па така, ја „напаѓате“ нејзината Интернет страница и читате нови и корисни информации за нејзиното основање, бројот на вработени и слично.rnrn11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно местоrnrnПродолжете на наредната страница за да погледнете уште интересни мисли во кои можете да се пронајдете…rn

  • Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“

    Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“

    Не е секогаш лесно да се најдете на иста бранова должина со колегите и со вашите претпоставени на работа. Доколку работите во поголема компанија, веројатно сте опкружени од многу луѓе со најразлични карактери и ставови. Многу често се случува да немате заеднички јазик ниту со вашиот шеф, а тоа може да биде особено стресно за вас. Но, запомнете дека никој не е совршен и можеби токму вие со вашето однесување предизвикувате одредена реакција од околината или од вашиот претпоставен.rnrn(1) Причини поради кои можеби шефот ве „мрази“ според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnВие сте големи перфекционисти, секогаш фокусирани на деталите, до тој степен, што можете да ги забележите дури и најмалите грешки на вашиот претпоставен. Тоа кај него/неа може да создаде чувство на несигурност. Затоа, не чудете се ако вашиот шеф секогаш од вас бара да ги прегледате неговите/нејзините извештаи и презентации, пред некои поважни состаноци.rn

    Бик

    rnВие редовно имате причина или изговор за секоја работа. Доколку вашиот шеф ви упати одредена критика, секогаш му одговарате со поставување предизвици, затоа што тоа го сфаќате премногу лично. Кога добивате забелешка од вашиот шеф, вие не молчите туку „го возвраќате ударот“.rn

    Близнаци

    rnВие многу се смеете и се шегувате во канцеларијата, а често и си разговарате со колегите. На тој начин, вие сте тие што сето внимание го привлекувате кон себе. Вашиот шеф, кој не е толку „кул“ како вас, се чувствува фрустрирано и вознемирено затоа што знае дека нема да има мир додека работи, сè додека сте вие во неговата близина.rn

    Рак

    rnКога станува збор за работното место, Раковите знаат да бидат многу чувствителни. Не ретко се случува мал коментар да предизвика лоши емоции кај вас, па дури и да предизвика по некоја солза да се стркала по вашето лице. Шефот, во тие моменти не знае како да се справи со таквите реакции, па затоа избегнува директно да разговара со вас. Кога треба да ви се пренесе некоја не толку добра вест, обично го праќа вашиот најблизок колега да го стори тоа наместо него.rn

    Лав

    rnВие секогаш го засенувате вашиот шеф во групата во којашто работите, како и на презентациите, поради тоа што зрачите со самодоверба и имате исклучително квалитетни комуникациски вештини. Клиентите најверојатно почесто сакаат да работат со вас, отколку со вашиот шеф и тие се воодушевени од вашата личност. Шефот дефинитивно чувствува дека неговата позиција во компанијата му е загрозена токму од вас.rn

    Девица

    rnВашиот шеф не ве мрази и веројатно не може да ве мрази затоа што вие совршено се вклопувате на вашето работно место и секогаш работите понапорно од останатите колеги. Тој или таа најверојатно се потпира на вас за 90 проценти од работата и вие сте најверојатно неговата/нејзината омилена личност.rnrn(2) Причини поради кои можеби шефот ве „мрази“ според вашиот хороскопски знакrn

    Вага

    rnВие секогаш сте толку релаксирани, смирени и присебни, што го тера шефот да се запраша колкав е вашиот ентузијазам околу работата и колку сериозно ги сфаќате вашите задачи. Толку сте тивки, поради што вашиот претпоставен многу често помислува дека воопшто и не се грижите за вашата работа.rn

    Скорпија

    rnВашиот шеф најверојатно го мрази вашиот став „јас знам сè“. Тој или таа можеби си помислува дека имате намера да го заземете неговото/нејзиното место во компанијата (што можеби и е вистина). Вие сте многу интелигентни и со силен натпреварувачки дух, па дури и со вашиот шеф. Секогаш пред колегите и пред клиентите се обидувате да докажете дека знаете многу повеќе за работата и за животот, воопшто.rn

    Стрелец

    rnВие сте познати по тоа што барате многу слободни денови поради патувања. Вашиот шеф често се прашува како успевате да си ја завршите работата на време и покрај тоа што голем дел од времето не сте во канцеларија, туку на некоја планина, на некоја карпа, на некое егзотично место… Шефот смета дека вие немате доволен баланс меѓу работата и приватниот живот, затоа што му изгледа дека многу повеќе „живеете“ отколку што работите.rn

    Јарец

    rnВие ги преминувате вашите граници, и тоа во голема мера. Многу сте избувливи и тврдоглави. Многу често знаете да влезете во конфликт со вашиот претпоставен, доколку вашите идеи не биле земени предвид. Вашиот шеф често се чувствува недоволно почитуван/а од ваша страна и смета дека единствено самостојно сакате да ги завршувате работните задачи.rn

    Водолија

    rnВие никогаш не ги следите правилата. Вашиот шеф не може да го прифати фактот дека никогаш не ги завршувате работите како и останатите соработници. Вие секогаш ги правите работите на еден сосема поинаков и неконвенционален начин. Шефот за вас мисли дека треба да имате сопствен бизнис, каде што нема да имате надредени, затоа што никогаш не сакате некој да ви кажува што и како да работите.rn

    Риби

    rnВие секогаш доцните. Во канцеларија, на состаноци, на закажаниот ручек со вашиот шеф. Ретко се појавувате на време, поради што претпоставениот не може да се потпре на вас, затоа што не знае дали ќе се појавите точно на време. Многу често го доведувате во ситуација во ваше име да се извинува на клиентите, кои дошле пред вас на закажаниот состанок.

  • 4-те главни причини зошто не ја сакате својата работа и како да го промените тоа

    4-те главни причини зошто не ја сакате својата работа и како да го промените тоа

    Многу истражувања покажуваат дека загрижувачки број луѓе не ја сакаат работата со која се занимаваат и не се чувствуваат пријатно на работното место. Во продолжение прочитајте ги 4-те главни причини зошто ја губите мотивацијата на работа и некои од најефикасните начини да го решите тој проблем.rnrn4-те главни причини зошто не ја сакате својата работа и како да го промените тоаrn

    1. Се чувствувате несигурно

    rnНезависно дали станува збор за вашата фирма која не достигнува голем успех или се чувствувате како вашите надлежни постојано да си поигруваат со вас, несигурноста на работа може да ви го уништи денот. Вашата енергија е истрошена и концентрацијата полека ви опаѓа. Послабо ги завршувате задачите и полесно се нервирате.rnrnСовет: Зачестено отворено и директно комуницирање со вашите надлежни за состојбата на вашата работа и компанија. Доколку знаете што точно се случува, ќе работите многу полесно и со план, дури и ако попатно барате друга работа.rn

    2. Немате визија која одлучува за изборите во вашата кариера

    rnИако честопати ни изгледа поинаку, парите се само мал дел од работната мотивација. Луѓето работат повеќе и подобро кога имаат цел и визија која ги води кон успехот.rnrnСовет: Поставете си цели кои се достижни и редовно проверувајте ги. Тие ќе ви ги подобрат перформансите во канцеларијата и ќе ви помогнат да направите промена во личниот живот. Тоа ќе ве приближи до среќата, а со тоа и ќе ве направи поздрави и постабилни.rn

    3. Вашите надлежни не делуваат како да знаат што прават

    rnКога мислите дека вашиот шеф или шефица се некомпетентни тогаш тие ја губат вашата самодоверба. Тешко е да се извршува сѐ како што треба и со полна енергија, а во ваквите ситуации имате чувство како целата ваша работа да е една голема шега.rnrnСовет: Доколку вашите надлежни не ви пријдат да побараат совет или мислење, не е примерно сами да им се приближувате и да им давате предлози за тоа што треба да направат. Најдобро е да почнете да барате нова работа на која ќе имате надлежни кои ќе ви бидат пример, на кои ќе им верувате и со кои слободно ќе можете да ги споделувате своите идеи.rn

    4. Вашите колеги се непријатни

    rnПонекогаш ниту платата, ниту типот на работата со која се занимавате не се причината поради која сте тука. Посебно ако имате одличен однос со колегите. Честопати тој е пресуден за да ја толерирате својата работа. Доколку, за жал, се наоѓате во понегативна атмосфера, нема да имате ниту елан, ниту волја за правилно да ја работите својата работа.rnrnСовет: Ако не ви се допаѓа работата или платата, можеби треба да се обидете со друга кариера. Доколку ја сакате својата работа и не сакате да ја промените само поради неколку непријатни колеги, обидете се да го промените својот став или да работите на решавањето на конфликтите на работното место.

  • 6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чума

    6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чума

    Во одреден период од животот секој од нас имал искуство со некаква врска која станала токсична, било тоа да е на работното место или во кој било друг сегмент од нашето секојдневие. Сигурно сте почувствувале дека овие врски ја исцрпуваат енергијата, продуктивноста и среќата. Кога станува збор за работното место, токсичните врски имаат негативно влијание на вработените и на целокупната организација. Вработените повеќе се грижат за проблемите отколку што работат, помалку се посветуваат на работата, намерно поминуваат помалку време на работа и намерно го намалуваат квалитетот на нивната работа, ја истураат својата фрустрација на клиентите, па дури и ја напуштаат работата.rnrn6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чумаrnrnМожеби не можеме да го контролираме токсичното однесување на другите луѓе, но можеме да го контролираме начинот на кој реагираме и токму во тоа лежи моќта да се промени правецот на развој на врската. За да знаеме како правилно да реагираме треба прво да можеме да препознаеме за која токсична врска се работи и како да ја избегнеме. Ова се неколкуте најчести такви врски на работното место…rn

    Пасивно агресивни врски

    rnОвој вид врски е застапен во различни форми на работното место. Дали менаџерот ве игнорира или колегите одеднаш не ве вклучуваат во заедничките собири без некоја особена причина? Доколку моментално се наоѓате во ваква врска, најверојатно не добивате никаков повратен одговор за вашата работа. Ова е најлошиот работен однос бидејќи во секоја работа потребно е мислењата и чувствата да се кажат отворено за да може да продолжи прогресот на организацијата.rnrnРешение: Кога ќе забележите дека некој се однесува на овој начин со вас, треба да соберете храброст и да разговарате за проблемот. Пасивно агресивните луѓе се однесуваат на овој начин бидејќи се обидуваат да го избегнат проблемот. Ако не можете да се натерате да започнете конверзација, ќе видите како полека станувате вплеткани во тие игри на умот. Запаметете дека овие луѓе се многу чувствителни и се плашат од конфликти, па ако сакате да им спомнете нешто направете го тоа суптилно и образложено на пријателски начин.rn

    Врски во кои недостасува доверба

    rnНеизбежно е да правите грешки на работа. Некои луѓе толку многу се фокусираат на туѓите грешки што забораваат дека и тие самите се само луѓе и не се ни малку безгрешни. Ќе забележите дека овие луѓе држат лутина долго време и постојано се плашат некој да не им наштети. Дури може и да не ве вклучуваат во одредени проекти само поради една единствена грешка што сте ја направиле пред 5 години. Ако не внимавате, ова може да го попречи вашиот напредок во кариерата.rnrnРешение: Она што фрустрира во овој вид врска е тоа што една грешка може да ве чини комплетно губење на довербата, додека пак, стотици совршено сработени дела само малку ќе ве доближат до враќањето на изгубената доверба. За да ја повратите довербата ќе треба да обрнете внимание на деталите и да не дозволите да ве изнервира фактот што тие постојано ќе бараат каде сте погрешиле. Ќе ви треба многу трпение за да излезете од таа субјективна дупка во која сте се закопале.rn

    Еднострани врски

    rnВрските на работното место подразбираат меѓусебна корист. Колку што давате, толку треба и да добивате. Но, овие врски стануваат токсични кога едното лице нема да дава онолку колку што ќе добива или ќе сака само да зема. Не е важно дали станува збор за менаџер кој треба да му го објаснува секој можен детаљ на вработениот, а тој упорно да не сработува ништо, или за колега кој секогаш ја завршува целата работа сам.rnrn6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чумаrnrnРешение: Доколку тоа е возможно, во ваквиот случај најдобро е да престанете да давате. Во спротивно, треба искрено да разговарате со другата страна за да можете да го обновите односот.rn

    Идеалистички врски

    rnОва се оние врски во кои луѓето имаат преголеми очекувања. Во моментот кога ќе помислите дека вашиот колега може да оди на вода, врската ќе стане токсична бидејќи сте ги изгубиле границите потребни за да се одржи здравиот работен однос. На пример, можеби ќе превидите некоја грешка на која сте требале да посветите внимание или ќе застанете зад нешто кое го нарушува вашиот морален компас бидејќи претпоставувате дека вашиот колега е во право.rnrnРешение: Во овој случај вие сте станале пристрасни и субјективни и вие ја имате моќта да ја доведете врската на правиот пат. Без разлика колку сте се зближиле со некого или колку се восхитувате на нивниот начин на работа, клучно е да останете објективни. Ако вие сте тие што другите го идеализираат, треба да зборувате со нив и да им кажете да ве третираат на ист начин како што ги третираат и другите.rn

    Врски кои се базираат на казни

    rnВо овие врски, лицата постојано се казнуваат меѓу себе доколку однесувањето на едниот не се согласува со очекувањата на другиот. Главниот проблем тука е тоа што лицата инстинктивно решаваат да казнуваат, без прво да разговараат и да се обидат да разберат. Ова однесување доведува до конфликти и негативна енергија.rnrn6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чумаrnrnРешение: За да преживеете ваква врска, мора внимателно да ги избирате вашите битки. Вашиот глас нема да биде чуен ако веднаш се впуштите во конфликт. Само ќе бидете обележани како некој што не може да ги контролира своите емоции.rn

    Врски кои се засноваат на лаги

    rnВо овие врски воопшто не се знае што е вистина а што лага. Лагите само се таложат додека не станат основа на врската. Луѓето кои не ви даваат искрени одговори, не ја заслужуваат вашата доверба.rnrnРешение: Кога ќе ја изгубите довербата во една врска, таа воопшто не постои повеќе. Да градите врска врз основа на лаги не е ништо поразлично од тоа да градите куќа на куп песок. Најдобро е едноставно да се дистанцирате и да продолжите понатаму.rnrnНормално е тоа што токсичните луѓе можат да ве доведат до лудило бидејќи нивното однесување не е рационално. Немојте да се спуштате на нивно ниво. Задржете го достоинството, дистанцирајте се и не паѓајте во нивните замки. Не морате да одговорите на нивниот емотивен хаос. Доколку се најдете во една од овие ситуации најважно е да направите добра проценка и внимателно да одредите кој ќе биде вашиот следен чекор, со цел да го зачувате вашето разумно однесување и да напредувате во кариерата.