Не можеме а да не забележиме дека во нашата земја „никнаа“ еден куп казина и спортски обложувалници. Тоа кажува дека луѓето навистина сакаат да се коцкаат. Коцкањето е порок и не треба да се практикува, но постојат неколку важни бизнис лекции што можете да ги научите од него. Ако веќе мораме да го извлекуваме доброто од секое лошо, ова се 5-те деловни лекции што можете да ги научите од коцкањето…rnrn
rn
1. Нештата што можете лесно да ги добиете, немаат вредност
rnКога ќе влезете во казино, првото нешто што можете да го забележите се автоматите. Не е тешко да се сфати како коцкањето од забава прераснува во зависност, кога овие автомати гарантираат брза и лесна добивка на пари. Лесно е да се излажете, но ако решите да ставите пари во овие машини, подобро е да се збогувате со нив. Нема да добиете џекпот. Тоа би било премногу едноставно. Истото важи и во деловниот свет: Нештата што можете лесно да ги добиете, немаат вредност. Тоа е слично како да имате лесна работа каде што секој ден ви поминува исто и на крајот од месецот добивате некоја мала безначајна плата. Ако сакате да бидете успешни во бизнисот, мора да излезете од вашата зона на удобност и да преземате ризици. Работете напорно и вашиот труд ќе се исплати.rn
2. Дајте си време за да ги научите едноставните работи
rnВо казино можете да видите многу луѓе како веднаш се упатуваат накај рулетот, а немаат идеја како се игра и губат многу пари. Но, постојат и паметни луѓе кои само стојат отстрана и набљудуваат. По некое време, тие го ставаат нивниот влог и добиваат. Можеби нема да освојат огромна сума на пари, но ќе биде доволно за да се почестат нешто. Денес постојат еден куп туторијали и совети на Интернет за тоа како самите да започнете бизнис, поради што многу е лесно да паднете во искушение и веднаш да се фатите за работа. Сепак, најдобро е да почекате, да ги научите основите на бизнисот и да се запознаете со сите суптилни детали што им носат успех на претприемачите. Потоа, можете да преминете на дело и да основате успешен бизнис.rnrn
rn
3. Контактите се многу важни
rnОва веројатно веќе го знаевте, но сепак вреди да се спомене. Обновете ги односите со луѓето што ги познавате, стекнете нови контакти и кога ќе имате потреба, јавете им се и прашајте ги дали би сакале да ви помогнат. Ова можете да го сретнете во полуксузните казина и многуте ноќни клубови на пример. Луѓето чекаат во редици и им се јавуваат на нивните пријатели за да влезат преку ред и да добијат сепаре. Кога работите ќе тргнат наопаку и ќе ви треба помош, не двоумете се дали да потегнете врски. И тие ќе ви се јават кога ќе им треба помош, така што нема потреба да се срамите.rn
4. Не претерувајте
rnМожеби мислите дека успешните бизнисмени вложуваат многу во нивниот бизнис, но верувајте дека тоа што го вложиле е многу помало одошто си замислувате. Кога станува збор за коцкањето, се верува дека ќе добиете многу само ако вложите многу, но тоа може да доведе до сериозни последици. Истото важи и за деловниот свет. Ако водите сопствен бизнис, мора да бидете сигурни дека 20% од вложениот труд ви носи 80% од профитот. Нема да го подобрите бизнисот доколку претерате со работа. Најважно е да вложувате труд на вистинските места и во вистинското време.rn
5. Забавувајте се
rnКога раководите со некаков бизнис, лесно е да се заборави дека треба да се опуштите. Забавувајте се одвреме-навреме и тргнете ги сите проблеми на страна. На луѓето им треба време за релаксација за да можат да соберат сила и да станат поуспешни. Освен тоа, само на овој начин ќе можете да се сетите на некои нови идеи. Малите одмори ќе ви помогнат да добиете креативни идеи кои ќе ви помогнат да го зголемите вашето знаење од областа на бизнисот. Само треба да го ослободите вашиот ум и да се забавувате.rnrnВо продолжение прочитајте и што може играњето покер да ве научи за животот.

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn

Една од главните причини зошто милиони туристи секоја година одат да трошат многу пари во Лас Вегас е угледот на светски коцкарски центар. Најдобрите казина се наоѓаат од двете страни на речиси седум километри долгиот булевар Лас Вегас Стрип. Ги има толку многу, што се приморани постојано да измислуваат нови начини на привлекување гости. Казиното – хотел Bellagio ги импресионира гостите со преубави фонтани, ботанички градини и галерија. Treasure Island приредува шоу со сирени и пирати, а на листата атракции на Mirage се наоѓаат вештачки вулкан, фонтани, базен каде што гостите можат да уживаат топлес и огромен аквариум. Caesars Palace, пак, се обидува да привлече гости преку илузионистички шоуа. Исто така, во сите нив славниот Cirque du Soleille има свое шоу.

Ноќниот живот, покрај казината, нуди и голем број реасторани, од лускузни па сè до фаст фуд ресторани, ноќни клубови, стриптиз барови, концерти, настапи на многу познати пејачи итн.

Лас Вегас важи и за град на кичот поради многуте репродукции на познати локации од повеќе светски градови. Овде може да налетате на Статуата на слободата, на Алјфеловата кула, пирамиди, па дури и да се повозите со гондола во импровизираната Венеција.

Градот честопати е домаќин на големи спортски настани. НБА тимовите овде редовно одржуваат летни кампови, има трки со автомобили, натпревари во родео и, секако, овде се одржува светското првенство во покер. Интересна атракција е можноста самите да се повозите во автомобилот за кој отсекогаш сте сонувале, што спаѓа во понудата на една компанија. Бесните модели на Ферари, Ламборгини, Јагуар, БМВ и многу други ви се на располагање за одредена сума пари. Ваше е само да го стартувате моторот и да возите на патеката како што ви душа сака.
И покрај изобилството од хедонистички предизвици, Лас Вегас има по нешто и за оние кои сакаат поинаков тип на одмор. Ним на располагање им се атракции од типот на музејот за атомско тестирање, фабрика за чоколадо, галерии, ботанички и зоолошки градини итн., а љубителите на природата можат накратко да излезат од градот и да уживаат во спектакуларната природа на Дивиот запад.

rnrn
rn
rnrnПокрај тоа што е богат со спомен-обележја од колонијалната ера, регионот исто така нуди и луксузни хотели, театарски шоу програми, динамичен ноќен живот, а за гастрономите, уникатна кинеско-португалска кујна. Тие не смеат да пропуштат да пробаат од познатиот португалски тарт од јајцa, во „
rnrnДруга атракција во Макао, која е погодна и за семејства е „Ice world“ (Ледениот свет), лоциран во хотелскиот комплекс „
rnrnОна што најмногу го оправдува неговиот епитет „Лас Вегас на истокот“ се казината. Во него е сместено најголемото казино на светот, во сопственост на корпорацијата „Лас Вегас сендс“. Па покрај во убавините и забавата кои претходно ги наведовме, туристите можат слободно да ја испробаат и среќата. Најпопуларни се необичните кинески домина, 
rnrnКаква и да е вашата цел и маршута во Макао, хотелот во кој сте отседнале ќе ви приреди уникатно доживување. Познати по својот луксуз, хотелите нудат буквално сè што еден турист може да посака – разнообразност од интернационални јадења, забавни програми и задоволства, чија што цел е да го направат вашиот престој спокоен, но истовремено и бурен и незаборавен.rnrnМакaо е вреден за посета, независно од тоа дали сакате романтична, забавна или семејна екскурзија, за викенд или за подолг престој. Се препорачува и за ергенски забави. :-)rnrn



rnrn rnrn
Можеби треба да си ја проба среќата во Лас Вегас?rn
Првиот клуб во Лондон бил отворен во 1965 година, по легализирањето на коцкањето во Велика Британија. Овој клуб е првиот кој се отворил на тло на Европа. Девојки од Англија, биле носени до САД за да бидат обучени како Плејбој зајачици, келнерки и крупиерки, за отварањето на овој клуб. Се верува дека сопственикот на магазинот, 
Клубот во Лондон, наскоро почнале често да го посетуваат славните и богатите, меѓу кои бил и 


Во 1972 година, неколку од зајачиците во клубот го снимиле и албумот насловен „Распеани зајачици“ (Singing Bunnies). Клубот се затворил во 1981 година, откако не му била продолжена лиценцата за коцкарницата. Клубот повторно ќе се отвори оваа сабота, 30 години по неговото затворање. Новите зајачици повторно беа пратени на интензивно обучување кое траеше 11 недели, а нивните облеки, кои беа специјално дизајнирани за секоја од нив, се карактеризираат со помодерн стил.

