КАФЕ ПАУЗА

Tag: килограми

  • Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

    Дали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?

    Иако на почетокот на годината си дадовме цврсто ветување дека ова ќе биде година на нашата најдобра форма, мотивацијата секој ден станува сè помала и помала. Недостаток на физичка активност и уживање во нездрава храна, придонесоа за прилично голем број на вагите, па затоа е вистинско време да се справиме со вишокот килограми!rnrnДали долгите прошетки помагаат при намалувањето на килограмите?rnrnПокрај правилната исхрана, не можеме да зборуваме и за слабеење без да ја спомнеме физичката активност. Неодамна, спортските сали конечно станаа достапни за нас, но тоа не значи дека тренингот со големи тежини и уредите за кои не сме сигурни како тие функционираат е единствениот начин да го воспоставиме нашето тело во форма. Она што е важно е да најдеме активност што нема да биде премногу напорна за нас и да создаде незадоволство кај нас бидејќи таков модел на вежбање не е одржлив на долг рок, а посакуваните резултати бараат дисциплина и упорност. Затоа пешачењето за многумина е омилен избор на активност, а освен што помага во слабеењето, има и релаксирачки ефект и поминувањето време на свеж воздух го подобрува нашето расположение!rnrnПрашањето што често се поставува кога станува збор за пешачењето, е колку време треба да се пешачо, и да се видат какви било резултати? Како и со секоја физичка активност, важно е да се земе предвид дефицитот на калории, односно поголемата потрошувачка на калории во однос на внесувањето, што на крајот резултира со губење на масни наслаги. Исто така, пешачењето подолго од 30 минути спаѓа во категоријата аеробни тренинзи, што всушност е одлична замена за вежби кои можеби не ви одговараат. При пешачење, најважно е да го одржувате темпото за да постигнете видливи резултати и не заборавајте да ги вклучите и рацете, што ќе согорат малку повеќе маснотии. Во просек, препорачливо е да вежбате 30 минути брзо пешачење, а сигурни сме дека секогаш можете да одвоите толку време за вашето здравје!rnrnПрочитајте и зошто утринскиот тренинг е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело?

  • Личниот тренер на Адел откри 3 тајни со кои таа успеа да изгуби 50 килограми

    Личниот тренер на Адел откри 3 тајни со кои таа успеа да изгуби 50 килограми

    Познатата пеачка Адел го шокира светот со само една фотографија! Таа на нејзините социјални мрежи се пофали со својот нов изглед за роденденот, а очигледно беше дека успеала да изгуби дури 50 килограми.rnrnТаа е во процес на намалување на тежината повеќе од една година, а нејзиниот личен тренер откри 3 тајни со помош на кои Адел изгуби неверојатни 50 килограми.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Adele (@adele) el

    rnrn

    rnrn

    Исхрана

    rnСите тренери велат дека здравата исхрана е најважна во процесот на слабеење, вклучувајќи го и Пит Герасмо односно личниот тренер на Адел. Тој вели дека кога работи со клиенти, секогаш одлучува за вистинска и здрава храна, а не за додатоците во исхраната. За Адел вели дека таа пробала диета базирана на растенија како што се кељот и леќата. Овие намирници познати како активисти на сиртвин го потиснуваат апетитот и го активираат генот за намалување на тежината. Оваа исхрана ви овозможува да јадете темно чоколадо и да пиете црвено вино.rn

    Вежбање

    rnГерасимо вели дека најважно е да се забрза работата на срцето и да се излезе од удобната зона. Тој исто така вели дека додека вежбате треба да имате убави мисли. Адел вежба три пати неделно и тие комбинираат различни вежби.rn

    Квалитетен сон

    rnТретиот трик е добриот сон. Спиењето влијае на хормоните грелин и лептин кои се нарекуваат хормоните на гладот. Хормонот грелин се ослободува кога мозокот ќе сигнализира дека желудникот е празен, а хормонот лептин се ослободува од масните клетки за да го потисне гладот и мозокот вели дека стомакот е полн. Кога телото не спиете доволно, мозокот произведува повеќе грелин оставајќи ве гладни и со зголемен апетит. Најважно е да не брзате со процесот, туку да ја следите работата и можностите на вашето тело.rnrnПрочитајте и кои 4 здрави одлуки треба да ги направите.

  • Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

    Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

    Меган Маркл е висока 171 центиметри и има само 50 килограми. За идеална фигура, таа вежба јога и секогаш се храни исто. Меѓутоа, често знае да се почести со чаша вино и со омилениот помфрит. Тогаш, како успева да ја задржи истата тежина?rnrnЗлатното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми rnrnМеган Маркл практикува здрав начин на живот. На Интернет има многу фотографии каде што таа оди на тренинг или вежба јога. Во едно интервју, таа призна дека понекогаш ужива во јадењето торта и во пиењето на нејзиното омилено вино, но тоа во никој случај не влијае на нејзината фигура.rnrnМеган Маркл го следи златното правило на правилната исхрана: веднаш по будењето пие чаша топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија, а овој стандарден ритуал секојдневно го применуваат многу познати личности. Меган никогаш не го запоставува појадокот, а за ручек јаде салата и малку протеини, месо, риба или скара без масло, а за вечера тестенини или бифтек со нискокалоричен сос од тиквички.rnrnИнаку, Меган Маркл многу сака да готви и има посебен рецепт за овој сос: тиквичките ги сечка на ситни парчиња и ги загрева во тава без масло. Кога ќе бидат пропржени и меки, ги става во блендер и добива сос кој се комбинира со сите производи или се јаде како посебно јадење.rn

    Приближно дневно мени:

    rnПојадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чиа семеrnrnРучек: салата од зеленчук и парче риба (месо) или гравrnrnУжина: едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошјеrnrnВечера: тестенини со тиквички и пармезан и една чаша црвено виноrnrnВо нејзиниот фрижидер секогаш има хумус, моркови, овесни снегулки, бадемово млеко и пилешко месо. Меѓутоа, кога ќе ѝ дојдат гости, таа ужива во помфритот во неограничени количини и во морската храна и пие милкшејк. Иако тоа е ретко, сепак се случува. Без оглед на тоа што понекогаш може да се опушти и да ужива во омилената храна, Меган има иста тежина со години.rnrnПрочитајте ги и овие 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната.

  • Маслиновото масло и слабеењето: Најголемата заблуда поради која не губите килограми

    Маслиновото масло и слабеењето: Најголемата заблуда поради која не губите килограми

    Маслиновото масло е многу здраво и секогаш е добредојдено во исхраната, а мононезаситените олеински киселини што ги содржи го прават едно од најздравите масла. Сепак, треба да бидеме внимателни и при консумирањето на маслиновото масло, особено ако сакаме да изгубиме килограми.rnrnМаслиновото масло и слабеењето: Најголема заблуда поради која не губите килограмиrnrnМногу луѓе го користат маслиновото масло кога сакаат да се ослободат од вишокот килограми и со него заменуваат некое друго масло сметајќи дека тоа содржи помалку калории. Меѓутоа, кардиологот Ален Ружиќ тврди дека верувањето дека маслиновото масло е добро за слабеење е една од најголемите заблуди во исхраната.rnrnМаслиновото масло е одлична намирница – најдоброто масло кое го знаеме, но како и сите други масла, содржи многу калории. Минималната дневна количина на маснотии која треба да се внесува е 2 грама (2 мали лажички), односно 90 калории. Секој кој сака да ослабе треба да се придржува на ова правило, а салатите да не ги полева со масло, вели Ружиќ.rnrnЗатоа, маслиновото масло не смее да се користи претерано. Но, добра вест е што за разлика од растителните масла или масти, маслиновото масло има ниско количество на холестерол. Исто така, маслиновото масло е силен антиоксидант кој има високи хранливи вредности. Важно е само да се користи умерено.rnrnСледно, дознајте кои се придобивките од секојдневното пиење маслиново масло.rn

  • Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење

    Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење

    Дали некогаш сте се запрашале зошто диетите делуваат невозможни и ретко функционираат? Сепак, изгледа постои барем една „диета“ што не ве изгладнува, не е скапа и не ве прави мизерни до крајот на втората недела. Експертите ја нарекле најлесната диета за следење.rn

    Зошто е тешко држењето диети?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnПричината е што многу луѓе имаат нереални очекувања. Диетата не е нешто што го правите 2 недели и веднаш потоа го добивате телото од соништата. Речиси е невозможно брзо да ослабете, a да не ги вратите килограмите. Покрај тоа, скратувањето на калориите и хранливите материи создава повеќе проблеми отколку што помага.rnrnПа зошто некои диети функционираат, а некои не? Бидејќи не се навистина диети, барем не од видот што го бараат луѓето кои сакаат да ослабат за неколку дена.rnrnМедитеранската диета на пример, е повеќе начин на исхрана наместо традиционална диета. Нема планови за оброк, нема забранета храна, ниту нереални ветувања.rn

    Зошто медитеранската диета е најлесна за следење?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnОваа диета не само што е балансирана и безбедна за сите, туку не е скапа и е едноставна.rn

      rn 011

    • Не елиминира цели групи храна.
    • rn 011

    • Не го ограничува внесот на калории.
    • rn 011

    • Можете да јадете десерти и да пиете вино.
    • rn 011

    • Можете да јадете во ресторан.
    • rn 011

    • Храната ќе ве заситува.
    • rn 011

    • Можете да заштедите на време со приготвување оброци однапред.
    • rn 011

    • Нема потреба да трошите екстра пари на одредени видови храна или програми.
    • rn

    rn

    Како функционира медитеранската диета?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnБидејќи оваа диета подразбира начин на исхрана, а не строг режим, вие самите треба да одредите колку калории ќе внесувате за да ослабете или за да ги одржите килограмите, колку ќе бидете активни и како ќе го обликувате вашето медитеранско мени. За да започнете да ја следите, доволно е да ја погледнете пирамидата на медитеранската диета. Таа ги нагласува овошјето, зеленчукот, целите житарици, мешунките, јатките, маслиновото масло, тревките и зачините на дното, потоа се рибата и морската храна барем два пати неделно; пилешко, јајца, сирење и јогурт се внесуваат во умерени количини, додека благото и црвеното месо се само за специјални прилики. Ако сакате можете да консумирате вино, исто така умерено, а водата е секако задолжителна. Не заборавајте да уживате во оброците заедно со други луѓе и да бидете и физички активни.rn

    Дали медитеранската диета е добра за слабеење?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnМедитеранската диета е рангирана како 41-ва диета за слабеење. Не ви нагласува да јадете помалку калории за да ослабете, па ако самите не го направите тоа најверојатно нема да забележите голема промена во тежината.rnrnНа некој начин оваа диета не била дизајнирана за слабеење. Ако вашата цел е да ослабете што е можно побрзо, тогаш можеби ова не е диетата за вас. Но, ова не значи дека од неа нема здравствени придобивки. Таа е добра за вашето срце и го намалува ризикот од ментални болести како деменција. Исто така ве поттикнува да консумирате здрави масти и протеини.rnrnАко сте подготвени за долгорочно посветување и сакате да следите поздрав начин на исхрана, нема причина зошто да не ослабете и да се чувствувате подобро. Разликата е што можеби промената ќе настане по неколку месеци наместо по неколку недели.rnrnДознајте и кои се 4-те најздрави диети.

  • 3-те најважни совети за слабеење од жена која изгубила 45 килограми

    3-те најважни совети за слабеење од жена која изгубила 45 килограми

    Експертите се согласуваат дека промената на животните навики е најдобриот начин да се ослободите од вишокот килограми. Ребека Графтон од Филаделфија, целиот нејзин живот водела битка со килограмите. По завршувањето средно училиште, проблемот само се влошил. Штом се преселила во нејзин стан и сама почнала да се грижи за нејзините оброци, сфатила дека почнала да се здебелува. Кога стигнала до 111 килограми, решила да ги промени нејзините животни навики – одлука што ѝ помогнала да намали цели 45 килограми за само две години. На ова патување најмногу ѝ помогнале 3 нешта.rn

    1. Почнала да брои калории

    rn3-те најважни совети за слабеење од жена која изгубила 45 килограмиrn

    „Почнав да користам апликација за следење на бројот на калории што ги внесувам, како и оние што сум ги потрошила со вежбање. На тој начин знаев колку смеам да изедам во секој момент.“

    rn

    2. Ден за мамење

    rn3-те најважни совети за слабеење од жена која изгубила 45 килограмиrnrnРебека си дозволувала да се опушти на крајот од неделата.rn

    „Одлично е да бидете доследни на начинот на исхрана и вежбањето, но мамењето може да биде корисно бидејќи ја задоволувате желбата за одредени намирници, а сепак останувате на вистинскиот пат.“

    rnЗа појадок најчесто јадела омлет од белки со зеленчук и малку јогурт. Пиела и кафе со млеко. За ручек јадела печено пилешко со салата. За ужина јадела печиво со малку посно сирење, а за вечера печен лосос, сладок компир и моркови. Одвреме-навреме си дозволувала и десерт во форма на чоколадни протеински плочки.rn

    3. Вежбала речиси секој ден

    rnrnrnНајважното нешто во трансформацијата на Ребека било вежбањето. Таа вежба речиси секој ден по еден час. Некогаш оди во теретана и прави вежби со тегови, вози велосипед, трча или вежба дома со помош на разни видеа. Комбинира кардио вежби и вежби со тегови, а најчесто прави пауза во недела.rnrnНајголемата мотивација за следење на правилата ја пронашла кај себе. Кога почнала да ја забележува промената на телото толку била воодушевена што само сакала да продолжи понатаму. Наскоро потоа направила и Инстаграм профил на кој споделува рецепти, фотографии од трансформацијата и слични содржини за мотивирање.rnrnПробајте ги и овие совети за слабеење од луѓе кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.

  • 5 проверени трикови како да ги изгубите непотребните килограми до дочекот на Новата година

    5 проверени трикови како да ги изгубите непотребните килограми до дочекот на Новата година

    Денес ви откриваме трикови кои проверено работат. Совет плус – секојдневно консумирајте ѓумбир и лимон. Оваа комбинација ја намалува надуеноста, ги топи килограмите и го уништува целулитот. Навистина вреди да се проба!rnrn1-5-provreni-trikovi-kako-da-gi-izgubite-nepotrebnite-kilogrami-do-dochekot-na-novata-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Едно јаболко дневно

    rnАко 15 минути пред секој оброк јадете по едно јаболко, потоа со сигурност ќе изедете половина порција помалку. Неодамнешните истражувања покажале дека луѓето кои консумираат јаболко 15 минути пред јадењето, внесуваат 15% помалку калории во текот на јадењето.rn

    2. Научете кога сте сити

    rnМожете да бидете сити, а да не бидете свесни за тоа. Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од луѓето ширум светот не знаат какво е чувството да се биде сит и затоа продолжуваат да јадат. Ако го јадете секој оброк околу 20 минути, побрзо ќе дознаете кога треба да застанете.rn

    3. Исфрлете го „лажниот“ шеќер

    rnАко чувствувате дека сте постојано гладни, прво треба да ги исфрлите засладувачите. Надополнете ја потребата за слатко со природни шеќери од овошјето.rnrn2-5-provreni-trikovi-kako-da-gi-izgubite-nepotrebnite-kilogrami-do-dochekot-na-novata-godina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Внимателно избирајте ги мастите

    rnМожеби ви изгледа дека мастите од вкусниот стек ќе бидат полоши од оние во авокадото, но се лажете. Истражувањата покажуваат дека мастите од јаткастите плодови или билните масла подобро влијаат врз формирањето сало отколку животинската маст.rn

    Заборавете на заразните грицки

    rnХраната која можете да ја изедете без грижа подразбира свеж зеленчук, омлет од белки или пуканки (без сол и масло), а никако чипс или слични грицки.rn

    5. Заменете ги стандардните оброци со поздрави варијанти

    rnНаместо голем сендвич, изедете една половина мал сендвичи, салата како прилог, овошје и испијте шолја чај. Или заменете ги тестенините со морски плодови и зеленчук. Оброците кои се состојат од неколку видови храна со пониско ниво калории изгледаат количински повеќе, па така ќе го залажете својот мозок и ќе останете сити подолго време.rnrnА, доколку сакате трајно да се збогувате со непотребните килограми, тогаш прочитајте ги советите за слабеење од оние кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.

  • Непријатели на вашата линија: 5 пијалаци кои со сигурност ќе ве здебелат

    Непријатели на вашата линија: 5 пијалаци кои со сигурност ќе ве здебелат

    Сите знаете дека треба да ги избегнувате газираните пијалаци, кои не само што се нездрави, туку и се полни со шеќер, а знаеме како тоа лошо влијае на килограмите. Проблемот кај пијалаците лежи во тоа што не сме свесни за нивната количина на калории. Некако течноста секогаш изгледа помалку опасно од големиот хамбургер и порција помфрит. Газираните пијалаци треба да ги избегнувате или да ги пиете само во некои посебни прилики, а кога станува збор за алкохолните пијалаци докажано е дека негативно влијаат врз нашата линија. Но, ќе се изненадите дека и некои други пијалаци кои со задоволство ги консумираме се сѐ само не здрави. Секако, никој не вели дека треба целосно да ги избегнувате, но добро е да бидете свесни што сѐ внесувате во вашето тело преку таа една чаша.rnrn1-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Посебни видови кафе

    rnВо последните години кафето нуди многу повеќе опции од добро познатите со топло или ладно млеко, а за тоа можеме да им се заблагодариме на големите кафетерии како Старбакс чии менија често изгледаат неверојатно. Поголемиот дел од нивните рецепти се високо калорични кафиња кои со сигурност ќе ви донесат несакани вишок килограми. Но, не нудат само тие калорично кафе. На пример, леденото кафе кое можете да го купите на полиците во супермаркетите, може да содржи над 24 грама шеќер по порција, а разновидни фрапучина дури и до 500 калории по шолја. Вратете се на почетоците и избирајте класично црно кафе кое нема да го загрози вашето дневно внесување на калории, особено ако во него не ставате шеќер и млеко.rnrn2-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    2. Овошни сокови

    rnБез разлика дали пиете свежо исцеден сок или оној од тетрапак, овошните сокови не се најдобриот сојузник на вашата диета. Верувале или не, често одредени куповни сокови содржат повеќе калории отколку вашиот омилен газиран пијалак. Но, ова не значи дека треба да престанете да консумирате овошје, бидејќи тоа е неопходно за вашето здравје. Секогаш избирајте свежо цеден сок, а во него никогаш немојте да додавате дополнителен шеќер и задржете се на една чаша.rnrn3-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Млеко

    rnФакт – млекото во кафето и утринските овесна каша или житарици никого нема да здебелат. Но, млекото како пијалак ќе го направи тоа. Всушност, на млекото треба да гледате како прехранбена намирница, а не како на пијалак кој ќе ве освежи и ќе ви ја изгаси жедта. На пример, една чаша млеко од 200 милилитри содржи 130 калории (ако е во прашање млеко со 3,5% млечна маст) или 97 калории (млеко со 1,5% млечна маст) и 10 грама шеќер.rnrn4-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    4. Леден чај

    rnСте го замениле омилениот овошен сок со леден чај бидејќи, како што велат производителите, содржи малку калории? Немојте да верувате на сите тие реклами и да паднете на куповните варијанти на овој освежителен пијалак. Во поголем дел од случаите ледениот чај е вистинска калориска бомба. Направете си сами свој освежувачки леден чај, без страв за тоа колку шеќер содржи во себе.rnrn5-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Готово смуди

    rnСмудито е совршен избор за појадок или ужина која толку добро се вклопува со брзиот начин на живот. Често заради таа брзина воопшто не стигате да приготвите домашно смуди туку се одлучувате да купите од најблиската продавница. Но, бидете внимателни, тие се збогатени со засладувачи што ја зголемува количината на калории во едно шише. Секако преферирајте сами да си приготвувате смуди, но ако сте во брзање, изберете ги оние кои се приготвуваат во специјализирани смуди барови.rnrn6-neprijateli-na-vashata-linija-5-pijalaci-koi-kje-vi-dodadat-nekoj-kilogram-povekje-www.kafepauza.mk_rnrnПијалаците може да ви помогнат да се ослободите од непотребните килограми, па погледнете кои пијалаци ќе ви помогнат да се збогувате со непосакуваната тежина.

  • Слабеење со одење: 7 закони за намалување на килограмите без теретана

    Слабеење со одење: 7 закони за намалување на килограмите без теретана

    Одењето е секојдневна навика чии придобивки поголемиот дел од нас не ги искористуваат максимално. Со други зборови, одењето може да биде единствената физичка активност која е потребна за да ослабете, секако со контролирано дневно внесување на калории.rn

    „Одењето е широко достапен и едноставен начин за да ги изгубите килограмите, особено ако вашиот стил на живот ве држи ‘заробени’ за столицата или во автомобилот“, вели личниот тренер Хана Дејвис.

    rn3-slabeenje-so-odenje-7-zakoni-za-namaluvanje-na-kilogramite-bez-teretana-www.kafepauza.mk_rnrnОсвен што помага при согорувањето на калориите, одењето е одличен начин за намалување на стресот. А, со помалку стрес полесно слабееме. Во продолжение прочитајте до кои 7 закони мора да се придржувате доколку сакате да слабеете со секој направен чекор…rn

    1. Достигнете 15.000 чекори дневно

    rnЛичниот тренер Хана Дејвис препорачува да правите по 15.000 чекори секојдневно. Можеби ви изгледа како преголема бројка, но во неа влегува секој чекор што ќе го направите од моментот кога ќе станете од кревет, до повторното легнување вечерта.rnrn„Не грижете се ако веднаш не го достигнувате овој број. Важно е само да почнете“, советува Дејвис. „За разлика од тоа кога преку ноќ ќе го зголемите интензитетот на вежбањето, дуплирањето на бројот на чекори преку ноќ нема да го оптовари телото ниту да ја зголеми можноста за повреди.“rnrn

    2. Пешачете 3 пати дневно по 20 минути

    rnДоколку секој ден пешачите 3 пати по 20 минути, тоа ќе ви помогне да ја достигнете посакуваната бројка на чекори и да ослабете. Истражувањето од Универзитетот Џорџ Вашингтон заклучило дека луѓето кои оделе по 15 минути после секој оброк имале подобра рамнотежа на шеќер во крвта (што може да ја намали желбата за уште повеќе храна откако веќе сте јаделе) од оние кои чекореле по 45 континуирани минути во која било доба од денот. Тоа значи дека одењето после ручекот може да ве спаси од вообичаената попладневна дремка после јадењето и желбата за десерти.rnrn1-slabeenje-so-odenje-7-zakoni-za-namaluvanje-na-kilogramite-bez-teretana-www.kafepauza.mk_rn

    3. Одете по нагорнини 3 пати неделно

    rnОдењето по нагорнини, што вклучува и одење по скали, помага при зацврстувањето на мускулите, што пак го забрзува метаболизмот. На тој начин ќе согорите повеќе калории дури и кога седите покрај работната маса. Започнете така што на неделната рутина ќе ѝ додавате интервали со одење по нагорнини, кои потоа постепено ќе ги зголемувате.rn

    4. Правете интервали со брзо одење

    rnПочнете да правите и едноминутни интервали во кои ќе го забрзувате ритамот на одењето и така ќе го зголемите бројот на отчукувања на срцето, односно ќе согорите повеќе калории. Откако ќе го совладате едноминутниот интервал во вашата рутина на одење, постепено започнете да го зголемувате ритамот и траењето на интервалот. Додека чекорите побрзо, мрдајте со рацете. Движењето на рацете ќе ви помогне да согорите повеќе калории, но и да ги зајакнете рамената и пределот на стомакот.rn

    5. Додавајте вежби на секојдневното пешачење

    rnСлабеењето со чекорење не подразбира само чекорење. Правете паузи во кои ќе направите и 15 до 20 чучнувања, склекови потпирајќи се на клупа или длабоки расчекорувања.rnrn2-slabeenje-so-odenje-7-zakoni-za-namaluvanje-na-kilogramite-bez-teretana-www.kafepauza.mk_rn

    6. Не надминувајте 1.600 калории во текот на денот

    rnКолку хранливи состојки во текот на денот мора да внесете зависи од многу фактори, но поголемиот дел од жените кои слабеат со одење се држат до исхрана од 1.200 до 1.600 калории дневно, богата со белковини.rn

    „Ако сакате да ослабете со помош на одење со низок интензитет, морате строго да внимавате на исхраната за да ги изгубите килограмите. Иако ја зголемувате телесната активност, морате да го намалите и внесувањето на калориите“, истакнува Дејвис.

    rn

    7. Одбирајте го подолгиот пат

    rnСо воведување поголем број чекори во вашите секојдневни активности (паркирање подалеку од работното место или домот, користење скали наместо лифт и слично) ќе си го олесните достигнувањето на бројката од 15.000 чекори дневно, но и ќе го забрзате слабеењето.rnrnПогледнете колку треба да пешачите за да почнете да слабеете.

  • Бизарни совети за слабеење кои навистина делуваат

    Бизарни совети за слабеење кои навистина делуваат

    Интернетот е преполн со совети и трикови како брзо да се ослободите од непотребните килограми. Меѓутоа, не е лесно да утврдите кои навистина делуваат, а кои не. Иако некои од нив звучат крајно бизарно, многумина се колнат во нивната делотворност. За да не мора да ризикувате и погодувате, ние испробавме неколку од најпопуларните совети за да утврдиме кои од нив се точни. Имајте на ум дека секој организам е различен и големи се шансите некои од овие методи кај вас одлично да поминуваат, а некои едвај да покажат резултати. Мора самите да си го најдете најдобриот метод за слабеење според потребите и можностите на вашето тело.rnrn1-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Пиење чаша вода пред оброк

    rnСовет: Испијте чаша вода на собна температура 15-20 минути пред оброкот. Водата ќе го наполни вашиот стомак и ќе изедете помалку храна. Исто така, организмот ќе потроши калории за да ја загрее водата на температура од телото.rnrnЕфект: Можеби ќе го залажете стомакот на десетина минути, но набрзо повторно ќе огладнете и ќе јадете како вообичаено. Нашиот впечаток е дека овој трик не делува.rnrn2-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    2. Ароматерапија

    rnСовет: Кога готвите, апетитот може целосно да ви исчезне само заради мирисот на храната кој го залажува вашиот мозок дека сте сити. Затоа во ароматерапијата се препорачува да вдишувате ароми од јаболка, нане или ванила кога сте на диета.rnrnЕфект: Силниот мирис на етеричните масла навистина ќе го залажат вашиот мозок, но не за долго време. Многу набрзо вашиот апетит ќе се врати, дури и појак одошто бил на почетокот. Овој трик делува, но не за долго.rnrn3-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    3. Миење на забите наместо десерт

    rnСовет: Наместо да јадете, измијте ги забите. Вкусот на ментол во вашата уста ќе го наведе вашиот мозок да мисли дека веќе сте завршиле со оброкот.rnrnЕфект: Звучи чудно, но всушност може да биде доста делотворно, бидејќи миењето на забите асоцира на крај на оброкот или на денот, па затоа можете да го залажете гладот за час или два. Изгледа дека овој трик навистина делува.rnrn4-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Јадете стоејќи

    rnСовет: Препораката гласи да јадете стоејќи, бидејќи на тој начин ќе согорите повеќе калории, побрзо ќе го наполните стомакот и ќе јадете помалку.rnrnЕфект: Можеби ќе јадете помалку, но не затоа што побрзо ќе го наполните стомакот, туку затоа што најверојатно брзо ќе се заморите одејќи наоколу со чинијата во раце. Овој трик делува, но не како што е ветено.rnrn5-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    5. Држете го приборот со „погрешната“ рака

    rnСовет: Психолозите тврдат дека ќе внесете помала количина храна ако јадете со раката која не ви е доминантна.rnrnЕфект: Како што сме навикнати да ги користиме двете раце за држење на приборот, тешко е дека ќе јадете помалку од обично, така што наш впечаток е дека ова не делува.rnrn6-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    6. Користете ладни бои во кујната

    rnСовет: Ако јадете премногу, се препорачува да користите ладни тонови, како што се сината и виолетовата, бидејќи тие ќе ве смират и ќе го намалат вашиот апетит. Овие бои најчесто не ги поврзуваме со храната, бидејќи таа е ретко во овие нијанси, особено кога е во прашање брзата храна.rnrnЕфект: Иако звучи чудно, многу е веројатно дека навистина ќе јадете помалку, така што овој трик делува.rnrn7-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rn

    7. Вечерајте на слаба светлина

    rnСовет: Ако јадете со пригушено осветлување, нема да знаете колку храна ви останала и ќе изедете токму онолку колку што ви е потребно.rnrnЕфект: Многу е возможно дека јадењето во полумрак е поврзано со свечените вечери во ресторанот, каде што секако јадете полека и уживате во секој залак. Овој трик, според нашето мислење е делотворен.rnrn8-14-bizarni-soveti-za-slabeenje-koi-navistina-deluvaat-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете преостанатите чудни совети за губење на килограмите.rn