rn
8. Избирајте храна која се вари побавно
rnСовет: Дури и храната која има приближен број калории се вари за различно време. Затоа, на пример, подобро е да појадувате јајца отколку овесни снегулки.rnrnЕфект: На јајцата навистина им е потребно повеќе време да се сварат, а покрај тоа имаат и повеќе маснотии што заситуваат, па секако би требало да бидете сити до ручекот. Овој трик делува.rnrn
rn
9. Средете се за оброкот
rnСовет: Ако сте формално или убаво облечени, потсвесно ќе почнете и да се однесувате така. Ќе јадете пополека и подолго ќе го џвакате секој залак. Исто така, тесната облека нема да ви дозволи да се прејадете.rnrnЕфект: Овој трик делува, не само од овие причини туку и затоа што ќе јадете повнимателно, водејќи сметка да не се извалкате.rnrn
rn
10. Изедете две коцки црно чоколадо кога сте гладни
rnСовет: Црното чоколадо во мали количини дава енергија, го убива апетитот и не дебелее.rnrnЕфект: Важно е да изберете чоколадо кое има 70% или повеќе какао. Тоа навистина ќе ви го намали апетитот, но за жал, поголемиот дел од нас не секогаш го имаат при рака.rnrn
rn
11. Акупунктура
rnСовет: Ставете го прстот на точката помеѓу горната усна и носот и масирајте околу 5 минути за да го намалите апетитот.rnrnЕфект: Иако ова може да делува во некои случаи, кај нас тоа не се случи, па затоа сметаме дека овој трик не е делотворен.rnrn
rn
12. Поделете ја храната на две порции
rnСовет: Нутриционистите препорачуваат да го поделите оброкот на половина и едната порција да ја јадете веднаш, а другата да ја оставите за подоцна.rnrnЕфект: Можеби навистина ќе го спречите грицкањето лоша храна измеѓу оброците и секогаш ќе бидете сити и тоа без непријатното чувство на прејадување.rnrn
rn
13. Џвакајте го секој залак по 40 пати
rnСовет: Колку подолго џвакате, толку вашиот мозок ќе има повеќе време да сфати дека е полн. Нутриционистите тврдат дека 40 е оптималниот број.rnrnЕфект: Ова е доста стара метода и делумно е ефикасна. Најверојатно навистина ќе изедете помалку храна отколку обично, па вреди да се обидете.rnrn
rn
14. Користете помали чинии
rnСовет: Користете помали чинии, бидејќи на нив ќе има помалку храна дури и кога целосно ќе ја наполните.rnrnЕфект: Истата количина храна навистина изгледа потполно различно на голема и на мала чинија, па затоа ќе изедете помалку.rnrn
rn
Генерален заклучок:
rnИако најдобриот начин за да ги изгубите непотребните килограми е правилната исхрана и физичката активност, некои од овие методи може навистина да ви помогнал полесно да го пребродите периодот на слабеење и да ја намалите количината на храна што ја внесувате. Секако, можете и самите да ги испробате сите овие совети за да откриете кој е најдобриот за вас.rnrnДоколку сте премногу зафатени и немате доволно време да се фокусирате на својата исхрана, тогаш погледнете ја најбрзата и најделотворната диета во светот.
