КАФЕ ПАУЗА

Tag: камен

  • Невообичаен природен феномен кој долго време беше мистерија

    Невообичаен природен феномен кој долго време беше мистерија

    Во американскиот национален парк со неславното име Долина на смртта, се случува нешто необично. Нема многу траги од живот во таа пустина, а за тоа сведочат имиња како Планина на погреб, Пасус на мртвите, Кањон на суви коски, Голф терен на ѓаволот.rnrnНевообичаен природен феномен кој долго време беше мистеријаrnrnСепак, нешто се движи. Додека шетате низ пустината, одеднаш можете да видите трага во земјата што покажува дека некој поминува таму. Патеката е невообичаено рамна и честопати го менува правецот под прав агол. Кое животно оди така? Никое. Ако тргнете да ја следите патеката, тоа ќе ве одведе до – каменот. Ги нарекуваат камења што пловат по пустината, а со децении причината не беше позната. Поточно, од почетокот на 20 век кога беше забележано. Камењата што пловат можат да тежат околу сто килограми, а патеката што ја минуваат може да биде подолга од 100 метри. Но, тешко дека ќе ги „фатите“ додека пловат. Тоа е многу редок феномен што се случува на неколку години. Долго време, луѓето мислеа дека камењата ги носат животни. Некои тврдат дека дува толку силен ветер што едноставно е во состојба да носи камења. Третото верување вклучува вонземјани во приказната.rnrnНевообичаен природен феномен кој долго време беше мистеријаrnrnНо, причината лежи на друго место. Долината на смртта е всушност еден вид суво езеро. За време на дождот, тоа добива количество вода што иако испарува за време на топлината, остава талог зад себе. Кога ќе се излади, тој талог станува лизгав скоро како мраз, а кога дува силен ветер, карпите се лизгаат. Се разбира, има многу финост во тоа, не е толку едноставно. Но, за љубопитните патници кои не се геолози и научници, се сведува на тоа.rnrnНа некои места може да видите и паралелни патеки што се спојуваат и се одделуваат на некои места. Двата камења се наоѓаат на истата патека среде целото тоа пространство, како да учествуваат во трка. Мистеријата беше решена дури во 2013 година, кога истражувачите првпат фатија камења во движење користејќи GPS. Технологијата откри дека она што ги движи карпите во еден од најтоплите и најсушните делови на земјата е мразот!rnrnНевообичаен природен феномен кој долго време беше мистеријаrnrnНевообичаен природен феномен кој долго време беше мистеријаrnrnМожеби ќе ви бидат интересни и овие 5 бизарни обичаи ширум светот.

  • Причината за лошиот здив може да биде нешто што не сте знаеле дека се крие во вашата уста

    Причината за лошиот здив може да биде нешто што не сте знаеле дека се крие во вашата уста

    Лошиот здив знае да биде непријатна појава. Тој не се појавува само ако нередовно ги миете забите, пушите цигари или пиете многу пијалаци со кофеин. Лошиот здив може да се појави и поради едно нешто што најверојатно не ни знаете дека го имате во вашата уста.rnrnrnrnДали знаете што е камен во крајниците?rnrnДоколку ги имате сите крајници на број, големи се шансите во нив да имате камен. Многу луѓе не се ни свесни дека го имаат тоа во устата бидејќи не го забележуваат кога ќе падне, но ако е доволно голем може да се почувствува како паѓа од крајниците.rnrnКаменот во крајниците најчесто се јавува после зачестени воспаленија на крајниците или ако имате преголеми крајници со многу кратери.rnrnНе се знае точно колку луѓе се склони за добивање на овој „камен“, но во едно истражување при коешто 150 луѓе биле изложени на магнетна резонанца на главата, околу 24% од нив покажале знаци на камен во крајниците.rnrnЛекарите и научниците сè уште водат расправии околу настанувањето на каменот, но една работа е сигурна – мртвите клетки, слузта од устата и парчињата храна се заглавуваат во тесните отвори на крајниците каде што се стврднуваат во една хомогена маса.rnrnПоголемиот број луѓе, како што кажавме погоре, не можат да почувствуваат дека во крајниците имаат камен. Меѓутоа, кога тој е поголем предизвикува воспалено грло, болка во ушите и лош здив бидејќи бактериите и останатите микроби се хранат со каменот кој стои во крајниците, а потоа испуштаат сулфурни нуспроизводи кои предизвикуваат непријатен здив.rnrnДоколку не сакате да ги вадите крајниците, мора да се помирите со фактот дека редовно ќе треба да се соочувате со каменот, а методите за негово исфрлување се различни – од гаргара со солена вода, до користење течности за плакнење на устата.rnrnДознајте и кои се наједноставните начини за брзо ослободување од лошиот здив.

  • Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

    Тест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот живот

    Погледнете ги внимателно кристалите прикажани на оваа фотографија и изберете го оној кој најмногу ви го привлекува вниманието. Не избирајте според онаа боја која најмногу ви се допаѓа, туку водете се според инстинктот. Вашиот избор ќе ви открие што треба да промените во животот.rnrnТест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот животrn

    1. Син хаулит

    rnКај вас има проблем со комуникацијата, отвореното изразување на мислите и чувствата, вистинското соочување со сопствените емоции и внимателното слушање на она што ви го зборуваат другите. Тие се аспекти од животот на кои би требало да поработите со цел да бидете посреќни и поисполнети. Можно е да имате проблеми со грлото и ушите, затоа што овој кристал ја претставува чакрата на грлото, а тие проблеми настануваат токму поради лоша комуникација.rnrnИсто така можно е да се преправате дека сте нешто што не сте, така обидувајќи се да ги залажете другите, но и себеси. Тргнете ја маската, оттргнете го ѕидот кој го имате подигнато околу вас и бидете она што навистина сте длабоко во вашата душа. Посветете се на оние работи кои ве исполнуваат со позитивна енергија, внимателно слушајте ги луѓето околу себе и направете комуникацијата со нив да биде полна со разбирање, сочувство и љубов. Заборавете на лутината затоа што таа неводи кон ништо добро.rnrnТест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот животrn

    2. Зелен авантурин

    rnОвој кристал покажува дека длабоко во себе копнеете за некој вид лекување, мир, хармонија, заздравување и љубов. Вие често сте немирни. Би сакале да се смирите, но тоа е посилно од вас. Можеби имате проблеми со склопување пријателства или љубовни врски. Тоа што го одбравте токму овој кристал може да предвиди проблеми со чакрата на срцето низ која енергијата веќе не патува слободно, можеби поради лошите искуства кои сте ги имале во минатото.rnrnАко сакате да го промените тоа, тогаш треба да се свртите кон себеси и кон својот духовен напредок. Прошетајте во природа и уживајте во опкружувањето. Тоа ќе ве наполни со позитивна енергија, ќе ви помогне да ги отстраните негативните мисли и да се опуштите. Сето ова ќе резултира со создавање рамнотежа во вашиот живот и чувство на задоволство, а тоа ќе привлече нови, квалитетни пријатели и искрена љубов. Сѐ е во ваши раце.rnrnТест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот животrn

    3. Цитрин

    rnБи можело да се каже дека имате проблеми со самодовербата и не сте фокусирани на сопствениот живот. Постојат шанси другите луѓе да ја исцрпуваат вашата енергија и да управуваат со вашиот живот. Вам некако ви е полесно да се препуштите, отколку да се изборите за себе. Најверојатно протокот на енергијата низ чакрата на соларниот плексус е нарушена, а токму таа ви дава сила и волја.rnrnЗа почеток треба дел од времето да посветите на медитација и вниманието да го насочите кон она што го сакате во животот. Поставете си цели и храбро одете кон нив. Не дозволувајте другите да ве уништуваат, затоа што ќе забележите и такви обиди. Вам ве чекаат среќа и задоволство, само морате да дојдете до нив, а тоа не може никој друг да го направи, освен самите вие.rnrnТест: Изберете кристал и дознајте што треба да промените во вашиот животrnrnПогледнете го и овој забавен тест со кристали кој ќе ви открие нешто повеќе за вас.

  • 5 нешта во животот кои не можете да ги вратите назад

    5 нешта во животот кои не можете да ги вратите назад

    За многу работи во животот можеме да се покаеме и да преземеме нешто за да ги поправиме грешките од минатото. Сепак, некои работи одат само во еден правец:rnrn1. Камен откако ќе го фрлитеrn2. Збор откако ќе го изговоритеrn3. Прилика откако ќе ја пропуштитеrn4. Време откако ќе поминеrn5. Доверба откако ќе се изгубиrnrn5 нешта во животот кои не можете да ги повратите назад

  • Најголемата тастатура во светот

    Најголемата тастатура во светот

    Рускиот артист Анатолиј Вујаткин инсталирал огромна копија на кирилската QWERTY тастатура во земја, изработена од 86 камени тули, а од кои секоја тежи по 453 кг. Споменикот-тастатура, кој во некои кругови го нарекуваат и „Клаудија“, претставува трајна надворешна скулптура, лоцирана во Екатеринбург, Русија, каде воедно претставува и значајна туристичка атракција.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотСпоменикот, којшто бил дизајниран со цел да се вметне дел од технологијата во природниот пејзаж, има идеја да ги натера минувачите на интеракција со него. Пешаците кога ќе се најдат во близина на џиновската тастатура, честопати потскокнуваат од едно на друго „копче“, и покрај тоа што нивното „притискање“ не му дава команди на ниеден компјутер. Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотИнсталацијата претставува една своевидна форма на уметност, која го отсликува денешниот начин на живеење. Ќе биде интересно да се види како идните генерации ќе го перципираат овој споменик, кога тастатурите веќе нема да се користат и технологијата ќе биде далеку понапредна.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатиле

    Неверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатиле

    Луѓето често имаат многу идеи, но ретко кој од нив се осмелува да ги реализира. Сепак, постојат луѓе кои се спремни да ризикуваат за својата добра идеја, а на некои тоа им има донесено неверојатна заработувачка. Ова се неколку необични идеи, од кои нивните создавачи станале богати.rn

      rn011

    • Камен како милениче
    • rn011

    • Идеја на: Гери Дал
    • rn011

    • Профит: 15 милиони американски долари (само во првите 6 месеци)
    • rn

    rnНеверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатилеrnrnПродажбата на камен како милениче навистина е многу смешна. Оваа идеја му текнала на поранешниот маркетинг директор, Гери Дал. Тој продавал камен, во креветче од сено, а за истото купувачите требале да платат 3,95 американски долари. Од таа сума нему му останувале чисти 3 долари. Каменот веднаш станал инстант хит, а во комплетот за „миленичето“ доаѓало и упатство за чување.rn

      rn011

    • Апликација „iFart“
    • rn011

    • Идеја на: Џоел Ком
    • rn011

    • Профит: 400 милиони американски долари
    • rn

    rnНеверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатилеrnrnЏоел Ком ја смислил оваа апликација за Ајфон со која се испушта звук на прдење. Цената на апликацијата изнесува 0,99 долари. Откако многу медиуми напишале нешто за оваа апликација, таа доживеала неверојатен бум и во првите две недели била преземена 113.000 пати. Апликацијата е понудена за целосна продажба на „eBay“ за 1 милион долари.rn

      rn011

    • Играчка „Slinky“
    • rn011

    • Идеја на: Ричард Џејмс
    • rn011

    • Профит: 250 милиони американски долари
    • rn

    rnНеверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатилеrnrnАмериканскиот морнарски инженер Ричард Џејмс се обидувал да создаде пружина за некој бродски дел. Ја фрлил пружината на полицата и таа наеднаш почнала пополека да се спушта од полицата на масата, па од масата на подот. Од ова дошол до идеја дека може да создаде интересна детска играчка. Ја патентирал играчката, која многу брзо станала голем хит. Првите 400 парчиња ги продал за само еден час. Пружината „Slinky“ се продавала за 1 долар и многу брзо го направила Џејмс богат. Во 1998 година, тој ја продал својата идеја на „Poof Toysu“.

  • Моќта и значењето на симболите

    Моќта и значењето на симболите

    Зад симболите се кријат безброј верувања, митови, тајни кодови и што уште не. Прочитајте дел од нив…rnrn1. Прстенот на рибарот е вториот официјален симбол на папата. На него се изгравирани риби и Св. Петар. Ова име го носи за да потсетува дека Поглаварот на Римокатоличката црква се јавува како наследник на апостолот, кој по професија бил рибар. Прстенот за првпат се споменува во 1265 година, во писмото на папата Климент IV до неговиот внук. Од средновековието пак, се зачувала традицијата, секој посетител на поглаварот да го допре прстенот со усните, како знак за послушност пред неговата волја. До 1842 година тој се користел и како печат, за да ги потврди папските писма од приватен карактер.rnrnЗа секој нов папа се изработува нов прстен, на кој на латински се гравира неговото име. Го добива за време на инаугурацијата. По неговата смрт, прстенот се уништува во присуство на кардинали, за да се исклучи можноста за фалсификување документи со стар датум.Моќта и значењето на симболите2. Пентаграмот е нарекуван уште и Соломоновиот знак. Тој е познат од древни времиња и ги симболизира петте големи принципи на човештвото: љубовта, мудроста, вистината, правдата и добродетелта. За раните христијани пак, зраците на пентаграмот ги означуваат петте рани на Исус Христос, а според некои записи тој е симбол и на женскиот почеток. Но, ваквите позитивни перцепции на превртената ѕвезда за кусо време биле заборавени.rnrnСимболот е вкучен во кампањата на Ватикан за надминување на паганските религии и така се претвора во заштитен знак на ѓаволот. Во денешно време, тој е омилен симбол на сатанистите.Моќта и значењето на симболите3. Христовиот столб – крстот – Иако нам ни е познат како христијански симбол, крстот всушност преставува пагански остаток. Во грчките оригинали на трите најстари евангелија, тој никаде не се споменува како место на Христовото страдање. Таму се споменува зборот „стаурос“, кој во превод значи столб.rnrnКрстот, заедно со кругот се најстарите симболи познати во човештвото. Во некои култури тој го симболизира светот, но подлежи и на други најразлични интерпретации. Откако во 4-от век, императорот Константин го прифаќа христијанството и го наложува како религија во Византија, крстот станува официјален симбол. Неговата вертикална линија го означува божественото, а хоризонталната овоземното.Моќта и значењето на симболите4. Црниот камен во Каба, древниот храм во Мека е најсветото место за муслиманите. Независно каде се наоѓаат, за молитва верниците секогаш се вртат во насока на Каба, во чијшто источен агол е вграден црниот камен. За светото поклонение таму годишно се собираат повеќе од еден милион верници.rnrnПотеклото на црниот камен до ден денешен е мистерија. Легендата вели дека највисокиот муслимански симбол е остаток од метеорит. Се верува дека е паднат од небото за да им покаже на Адам и Ева каде да изградат храм. Всушност каменот бил почитуван од арапските племиња многу пред појавата на исламот. Мухамед го користи овој факт, претворајќи го каменот во централен елемент на своето учење. Користејќи ја неговата популарност, тој го олеснува ширењето на неговото проповедање.Моќта и значењето на симболите5. Бројот на ѓаволот – 666 – Овој број во библиски контекст секогаш предизвикува загриженост, бидејќи се смета дека зад него се крие нумеролошкото олицетворение на сатаната. Како сатана е опишуван римскиот император Нерон, кој бил прогонувач на христијаните. На хебрејски, сумата од нумеролошките вредности на буквите од неговото име е 666.rnrnТајни кодови постојат и се шират уште од антиката. Популарен е еден пример со букви од латиницата. Ако прифатиме дека А=100, Б=101, C=102…, и го пресметаме збирот од буквите во името на Хитлер, ќе го добиеме бројот 666.Моќта и значењето на симболите6. Свастика – Крстот чии краеви се свиткани под агол од 90 степени во правец кон десно, се јавува како симбол во различни култури за време на целокупната човечка историја. Зборот свастика значи предмет кој носи среќа или навестува нешто добро. Луѓето го носеле на себе како амајлија.rnrnНо, односот кон свастиката се менува за време на Хитлеровата диктатура, заради која симболот бил дури и забранет во голем број европски држави. Свастиката помеѓу германските племиња била позната како крстот на Тор. Интересно е тоа што нацистите не го користеле овој термин, кој е во согласност со нивната историја, туку преферирале да го позајмат индискиот термин свастика. Уште поинтересно е тоа што симболот бил пронајден во еврејски храмови во Палестина, пред 2.000 години.rnrnВо Индија сè уште на многу места се цртаат свастики: на вратите од храмовите, врз куќите, ткаенини со кои се завиваат свети текстови… Индиската свастика има точка во секое квадратче.Моќта и значењето на симболите7. Пирамидата со окото што гледа сè – се наоѓа на државниот печат на Соединетите Американски Држави. Идејата за овој симбол е на американскиот уметник и философ, Pierre Eugène du Simitière. Но, неговиот дизајн е без сончеви зраци. Конечниот изглед е дело на Чарлс Томпсон, секретар на Конгресот.rnrnПредмет на шпекулации е и некогашната американска банкнота од еден долар, на која се наоѓал симболот. Видот бил во оптек само 2 години и тоа уште на почетокот на историјата на САД, кога на нејзино чело застанува Џорџ Вашингтон. Се верува дека тој е член на масоните и дека пирамидата е всушност нивен симбол. Друг член на тајното братство кој ја враќа обновената банкнота во оптек е Рузвелт. Така според многумина, започнува ерата на „новиот светски поредок“… Симболот е познат и во христијанството. Триаголникот го симболизира Бог во три лица (Светата Тројца), а зраците се сонцето на правдата. Моќта и значењето на симболите8. Бројот 13 – Петок 13-ти или црн петок буди тревога кај многу луѓе. Причината сè уште не е јасна, постојат само бројни хипотези. Факт е дека и до денешен ден бројот 13 се поврзува со несреќа. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ бидејќи е под 12, која пак, симболизира завршен циклус. Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во Тарот картите, 13 е картата на смртта.rnrnСтравот од Црн Петок оди дотаму што во многу облакодери недостасува 13-ти кат, на некои аеродроми писта со број 13, голем број хотели не нудат соба со таков број, а во формула 1 нема болид со бројот 13. Во Фиренца при нумерирање на улиците тој бил намерно испуштен. Интересно е тоа што бројот 13 најмногу се влече во германското лото.rnrnДруго истражување покажува дека веројатноста за несреќа во овој ден е 4 пати поголема отколку во другите денови. Психолозите го објаснуваат овој факт со зборовите дека луѓето од страв „го влечат“  ѓаволот за опашката. Ова ја потврдува и силата на суеверијата.Моќта и значењето на симболите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќата на Флинстонови во вистинскиот живот

    Куќата на Флинстонови во вистинскиот живот

    Оваа прекрасна и несекојдневна камена куќа се наоѓа во Малибу, Калифорнија, а е инспирирана од цртаниот филм „Флинстонови“. Има огромни прозорци, мебел инспириран од каменото време, прекрасен камин, огромен двор и преубава спална соба. Куќата на Флинстонови во вистинскиот животОва вистинско здание од куќата на Фред и Вилма Флинстон, моментално се наоѓа на продажба, а проценета е на сума од 3,5 милиони американски долари. Таа моментално е во сопственост на радио водителот Дик Кларк.Куќата на Флинстонови во вистинскиот животКуќата на Флинстонови во вистинскиот животКуќата на Флинстонови во вистинскиот животКуќата на Флинстонови во вистинскиот животКуќата на Флинстонови во вистинскиот животКуќата на Флинстонови во вистинскиот животКуќата на Флинстонови во вистинскиот живот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Камената куќа во Нов Зеланд

    Камената куќа во Нов Зеланд

    „Локалната камена куќа во Нов Зеланд“ дизајнирана од архитектонската компанија „Pattersons Associates“ има соодветно име со оглед на фактот дека голем дел од градежниот материјал кој е употребен за нејзината изградба, е направен од локалните камења. Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландТаа се издига покрај новозеландското Божиќно дрво похутукава кое се протега спроти белата, песочна плажа. Во средишниот дел од дворот има прекрасен базен, простор за ручање и надворешен камин, што ја прави оваа куќа идеална за ноќни забави организирани од семејството кое живее во неа.  Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландИнтимата во спалните соби кои се лоцирани на горниот кат, е заштитена со необични ролетни кои не дозволуваат да се гледа однадвор, но истовремено овозможуваат прекрасен поглед кон океанот за домаќините. Оваа куќа, со својата уникатност, луксуз и локација е неспоредлива со ниедна друга, пред сè поради необичниот дизајн со камења, кои ù даваат совршен „шмек“ и чувство на припадност во својата околина.Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов Зеландrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

    Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

    Североисточно од планинскиот масив Сера де Естрела во Португалија, се наоѓа осаменото село Монсанто, кое целосно е изградено помеѓу големи карпи. Куќите во ова место се набиени помеѓу огромни стени, кои ги разделуваат тесни калдрмести улички.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиИзгледот на селото се нема променето со векови. Дел од куќите имаат влезови изработени во Мануелски стил (португалски стил за архитектонски орнаменти од почетокот на 16-ти век), а рушевините од замокот кој бил замислен да изгледа како населба, даваат фантастичен поглед кон планината.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиВо 1938 година, на едно национално натпреварување, Монсанто било изгласано за „Најпортугалско село во Португалија“, па оттогаш со градежни рестрикции било овозможено селото да постане музеј на отворено. До селото не е лесно да се пристигне со јавен транспорт, но неверојатната панорама, пејзажите и живописноста на селото, вредат за да тргнете на едно далечно возење. Доколку патот ве однесе кон Португалија, не мислете се, појдете и уверете се во убавините на ова мало парче рај на Земјата.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.