Оваа планинска куќа е дело на архитектите од компанијата „Van Der Мerwe Miszewski Architects“ и претставува уште еден пример како луксузното и модерното може да коегзистира со природното. Таа се наоѓа во близина на Националниот парк Тејбл во Кејптаун, Јужна Африка.rn
За да нема големо влијание на природната околина, куќата е изградена како комплекс од пет павилјони со брановидни кровови кои прават комплексот да изгледа како дел од пејзажот. Брановидните кровови се направени од бетон и потсетуваат на природно заоблените камења кои се наоѓаат во планината која се издига зад куќата.
Целосната структура е изградена на стрмно место, а при градењето е употребуван традиционалниот метод на вметнување камени ѕидови во животната средина. Овие ѕидови формираат платформи и балкони, кои им овозможуваат природен амбиент на станарите. Тие исто така овозможуваат целосно вклопување на куќата во карпестата средина, давајќи слика како таа да е дел од природата.














rn
Tag: камен
-

Планинска куќа која се вклопува во природниот амбиент
———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Куќа од камен покрај море на Мајорка
„Десет години сонував за тоа, пет години го барав совршеното место, две години работев на тоа, уште две години ја градев и сега конечно е готова, “ вели Александре де Бетак во едно од неговите интервјуа за неговата нова куќа која е сместена во мало крајбрежно село во регионот Трамуната, во Мајорка.
Тој е инспириран од архитектурата во седумдесетите години, најверојатно затоа што растел баш во тој период. Бетак е познат организатор на настани, уметнички директор и дизајнер, чија работа вклучува модни спектакли за клиентите од Диор и Тифани.





rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Мистериозниот островски манастир од камен
На 15 километри од брегот на областа Кери во западниот дел од Ирска, во Атланскиот океан се наоѓаат два мали карпести острови. Поголемиот од нив, Скелиг Мајкл, е островот на кој се наоѓа нешто навистина неверојатно. На него има манастир стар 1.400 години, кој само мал број луѓе можат да го посетат.rn
Се верува дека манастирот е направен некаде во 7 век од нашата ера, а монашкиот живот опстојувал таму долги 600 години. Главната причина за напуштањето на островот се бара во неговата непристапност, за што говори и фактот дека она што го оставиле монасите, со векови останало недопрено и непроменето. Името на островот е од Ирскиот јазик и значи карпата на Мајкл. Карпата која се издигнува на островот е висока 230 метра. Токму затоа и многумина се обесхрабруваат да појдат да го посетат, но тоа секако помага оваа стара градба да остане зачувана.rn
Како резултат на влошувањето на состојбата на ова место поради посетите на туристите, се донела одлука за ограничување на бројот на турите на островот. На туристичките организатори им биле доделени само 13 лиценци, со кои можат само еднаш да го посетат островот.
















-

Ти си камен! Не веруваш?
Автор: Анаrnrn
rnrnЛегнувам во постелата. Легнувам на грб. Тоа порано никогаш не го правев. Се покривам со две ќебиња. И тоа порано никогаш не го правев. Гледам во таванот и помислувам, колку би било убаво да има нешто таму, нешто што во исто време ќе биде интересно и што никогаш нема да ми досади, во кое секој ден ќе откривам нешто скриено, слично на мојот карактер, слично на тебе.rnrnНо кој си ти? Не знам. Сега дури навистина не знам. И порано не знаев, но сега е поинаку. Мислев дека сме слични, да можеби и сме, но за жал сличностите се одбиваат. Секое чудо за три дена, секој среќен момент за неколку мигови…rnrnКолениците ми вибрираат, сакаат да се приземјат, да паднат на сигурно тло. Но не потклекнувам. Не, морам да продолжам, долг пат е пред мене, многу долг. Но сакам да викнам, да викнам на цел глас. Аааааааааааа…rnrnПогледнувам лево-десно, пак лево, назад, е да назад. Се задржувам таму. Секогаш истата грешка, секогаш гледам назад, никако напред. И така се движам гледајќи назад, и оп! Се сопнувам од голем камен и паѓам на земјата, колениците ми крварат. Ја тресам прашината од мене, станувам и го погледнувам каменот. Тоа всушност си ти! Не веруваш? Да ти си! Студен, но на моменти и топол, но сепак камен, симбол за студенило.Нема да лажам и да кажам дека посакувам никогаш да не те сретнам, тоа би било најголемата лага. Нема да кажам дури и дека не сакам веќе никогаш да те видам, и тоа би било само една голема лага, а навистина не сакам да ми порасне носот.rnrnНо сега единствено барам, барем за сега да те избркам од мислите, барем колку е тоа можно, а тоа ќе биде потешко. Времето, времето ќе покаже сè … А до тогаш кој знае, ќе мислам на убави нешта. Не, пак лажам, ќе мислам на тебе. Ќе спијам на грб, ќе гледам во таванот, ќе гледам во нерамнините на ѕидот, ќе правам работи што никогаш порано не сум ги правела … Не ќе правам работи што секогаш ги повторувам. -

Здравствените придобивки од пивото
Конечно и љубителите на пивото може да се израдуват на фактот дека здравствените придобивки од него се скоро идентични на оние кои ги добиваме од виното. Без разлика на каков тип пиво сте навлечени, доколку го пиете во умерени количини, со сигурност ќе ги осетите неговите бенефити.rnrn
rn- rn011
- Пиењето 2 пива дневно (ова важи за машките бидејќи за девојките е препорачливо едно), може да помогне да се намали ризикот од мозочни удари и срцеви заболувања. Нормалното консумирање може да го намали ризикот до 20% според истражувањата направени во САД.
- Пивото може да помогне да се покачи нивото на ХДЛ (корисен холестерол) во телото и да ја намали веројатноста за појава на згрутчување на крвта.
- Неколку пива дневно можат да го зголемат нивото на антиоксиданси во крвта. Ова овозможува клетките да разнесуваат повеќе кислород низ организмот. Покрај другите нешта, поголемата количина на кислород овозможува подобра активност на мускулите.
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Пивото содржи витамин Б6 кој е потребен за создавање хемоглобин, кој и ја дава црвената боја на крвта. Тој исто така разнесува и кислород низ организмот и помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
- Не содржи масти, помага при заспивањето и релаксира.
- Пивото ги содржи и витамините Б и Б2 и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор.
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Темното пиво е поздраво отколку светлото. Тоа содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти кои помагаат во заштитата на организмот од заболување.
- Пивото може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на инсулин во крвта.
- Пиењето пиво може да ја намали шансата за создавање камен во бубрег. Ова може да се должи на водата, хмељот или пак на алкохолот, но која и да е причината, изгледа дека помага.
rn011
rn011
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.