Индиска компанија специјализирана за необични експедиции, Adventures Overland (Копнени авантури) го организира најдолгото патување со автобус во светот. Станува збор за 56-дневно патување за 30 патници кое започнува на 7 август годинава во Истанбул, а завршува на 1 октомври 2023 година во Лондон.rnrnrnrnПатувањето од 12.000 километри ги носи патниците низ 22 земји – од Истанбул преку Балканот и Источна Европа, Скандинавија и Западна Европа до главниот град на Англија. Иако на прв поглед овој аранжман не изгледа толку атрактивен, Adventures Overland организира луксузна турнеја вредна околу два милиони индиски рупии или нешто помалку од 23.000 евра.rnrnЛуксузниот пакет вклучува појадок, 30 ручеци и вечери и сместување во хотел за време на патувањето во двокреветни соби. Во цената е вклучено и патување со ферибот на Финскиот залив и крстарење по норвешките фјордови.rnrnAdventures Overland тврди дека патниците ќе патуваат со специјален луксузен автобус кој е дизајниран за удобно патување на долги релации. Опремен е со прилагодливи седишта со доволно простор за нозете, послужавник за преклопување и држачи за шишиња и чаши. На секој патник му е дозволено да земе два големи куфери со себе.rnrnНајдолгото патување со автобус од Истанбул до Лондон е еден вид верзија на постар аранжман кој вклучувал патување од Индија до главниот град на Англија, а патувањето требало да се одвива низ земји како што се Кина, Мјанмар и Русија, кои во меѓувреме се затворени за посети. Затоа организаторите решиле да ја сменат рутата.rnrnСпоред Гинисовата книга на рекорди, моменталната титула за најдолго патување со автобус ја носи перуанската компанија Ormeño, која организира рута долга 6.200 километри помеѓу Лима, (Перу) и Рио де Жанеиро (Бразил). Патувањето со автобус трае 102 часа или нешто повеќе од четири дена.rnrnОткако прочитавте за најдолгото патување со автобус, можеби ќе сакате да прочитате и како еден британски пар создал прекрасен дом од лондонски автобус.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Минатата година се погрижи патувањето низ светот да запре. Па, дури и со разни погони за вакцинација, луѓето сè уште разгледуваат многу безбедносни аспекти пред да планираат патување каде било. Но, тоа не ги спречи да сонуваат за идни патувања. Меѓу другото, вообичаено е документирање на патувања во форма на слики кои потоа се споделуваат на социјалните мрежи. „Big Seven Travel“ состави список на 50-те светски најинстаграмџиски места во светот за 2021 година, а ние решивме да ги споделиме 10-те најубави дестинации.rn
Истанбул е навистина уникатен град. Патниците кои имаа среќа да го посетат ова место се желни да ги споделат своите впечатоци и да нагласат дека оваа точка на мапата е сосема друга Турција. Оваа земја често се доживува како место за евтин одмор, а луѓето понекогаш забораваат на нејзината богата историја и уникатна атмосфера. Плус, таму живеат луѓе со златни срца. Погледнете ги фотографиите за да се уверите во тоа.rn
Љубезните градски жители градат куќи за бездомни мачки
rnrn
И кучињата скитници не се заборавени
rnrn
Поглед од библиотеката на Универзитетот во Истанбул
Ова е веројатно една од најнеобичните џамии во градот, а има околу 3 000 во Истанбул
rnrn
Томбили е улична мачка која со денови седела замислено потпрена со шепата на тротоарот. Мачката починала во 2016 година, а жителите на градот ѝ поставиле споменик
rnrn
„Еве го погледот од мојот прозорец на триесет и шестиот кат. Ноќе е 100 пати поубаво.“
Најголемиот трговски центар во Европа се наоѓа во Истанбул. Cevahir Istanbul ги отвори вратите на 15 октомври 2005 година. Еве неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле.rnrnrnrn1.Тој е изграден на 62.475 квадратни метри земјиште во населбата Бујукдере во областа Шисли во европскиот дел на Истанбул.rnrn2. Центарот има 420 000 квадратни метри, од кои 110 000 квадратни метри се резервирани за продавници, ресторани и барови.rnrn3. Има 6 ката и 343 продавници, 34 места за брза храна и 14 ексклузивни ресторани.rnrn4. Центарот вклучува и огромна сцена за концерти и други настани, 12 кина и мал забавен парк.rnrn5. Во овој центар се наоѓа вториот по големина часовник во светот сместен на стаклен покрив. Броевите на часовникот се големи околу три метри.rnrn6. Паркингот за клиенти во центарот е распореден на четири ката, зафаќа 71.000 квадратни метри и може да прими 2.500 автомобили одеднаш.rnrn7. Се проценува дека во изградбата на центарот се инвестирани околу 250 милиони долари.rnrnrnrnПрочитајте што можете да купите за 50 денари низ светот?
Истанбулските власти создадоа мобилна апликација SmetiPati која ќе се обиде да постигне амбициозна цел, а тоа е да ги лоцира сите мачки и кучиња скитници по градските улици.rnrnrnrnАпликацијата е развиена од водечката ИТ компанија Коџ Систем, а тоа значи дека сите љубители на животни ќе можат да пријавуваат мачки и кучиња скитници со апликацијата. Властите сакаат подобро да се грижат за нивното здравје и да направат подобри политики кога станува збор за третманот на овие животни. Ипек Кираџ од споменатата компанија истакна дека дошла до идејата за развој на оваа апликација, бидејќи бројот на бездомни кучиња што ги хранела се зголемувал секој ден.rnrnЌе се создаде база на податоци за секое животно, а ќе има и информации за луѓето кои се грижат за нив и за ветеринарите. Секој профил на животното ќе содржи основни информации за него и фотографија. Податоците ќе се ажурираат редовно. Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу рече дека планот е апликацијата да биде достапна во рок од половина година.rnrnДали Инстаграм и ТикТок стануваат минато? Новата социјална мрежа „уништува сè пред себе“.
Драги фанови на филмот „Inception“, „Flatland“ не е продолжение, но сепак претставува еден фасцинантен проект. Дигиталната фотографска серија на турскиот артист Ајдин Бујукташ ги искривува улиците на Истанбул во надреални градски пејсажи кои ја заинтригираат и предизвикуваат човечката гледна перспектива.rnrnrn
„Живееме во места кои поголемиот дел од времето не ги ни забележуваме, места кои ги трансформираат нашите сеќавања, места кои му дават на артистот една нова димензија. Овие дела се стремат да го остават гледачот со една изненадувачка визуелна, иронична како и мултидимензионална, романтична гледна точка“, вели Бујукташ.
rnГлавна инспирација на Бујукташ за изработката на овој проект била сатиричната новела на Едвин А. Абот – „Рамна земја: Романса на многу димензии“, во која се раскажува приказната за еден дводимензионален свет во кој живеат геометриски фигури. Погледнете ги неговите неверојатни фотографии.rnrn
Спас во последен момент! Погледнете ги најдобрите дестинации за дочек на новата година доколку во овој момент сте одлучиле да ги пакувате вашите куфери. Новата година е на само неколку дена од нас, па доколку сакате да ја дочекате во друг град, погледнете ги следниве 5 дестинации каде без сомнение би си поминале најдобро.rnrnrn
1. Амстердам
rnВо Холандија, новата година се дочекува со шампањ, крофни со јаболка и грозје, како и многу огномети кои го осветлуваат небото на полноќ. По доаѓањето на новата година, голем број луѓе ги преплавуваат улиците, но и баровите од кои поголемиот дел се отвораат токму на полноќ.rn
2. Барселона
rnТипично во шпански стил, новогодишната прослава во Барселона почнува подоцна одошто би очекувале. Тие имаат традиција на полноќ да изедат 12 зрна грозје, а потоа да почнат вистински да се забавуваат. Вие можете да посетите кафуле или бар, па дури и некоја од локалните плажи за незаборавно искуство. Зарем има подобар начин да ја дочекате новата година од изгрејсонце на плажа?rn
3. Берлин
rnБерлинците имаат посебна страст кога се работи за петарди и ракети кои често ги лансираат од сопствените прозорци и тераси. Токму оваа навика го прави Берлин живописен за време на новогодишната ноќ. Многумина во Берлин ја дочекуваат новата година на отворено со цел да можат да уживаат во огнометот ширум градот.rn
4. Будимпешта
rnАтмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја дочекаат новата година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна започнува да свири и насекаде се точи шампањ, се прават здравици, луѓето се бакнуваат и потоа уживаат во огнометот.rn
5. Истанбул
rnНа кое друго место во светот би можеле да ја дочекате новата година на два континента… истовремено? Без разлика дали прославувате на европската или азиската страна, вие ќе си поминете феноменално. Илјадници луѓе ги преплавуваат улиците на Истанбул каде постојаното свирење на возачите дополнително ја зголемува празничната атмосфера.
Природата ни подарила богатство од разновидност и убавина, а денес некои од овие места се најпопуларни дестинации. Нивната грандиозност и величественост се причините поради кои овие места се наоѓаат на оваа листа.rnrnrnrnПогледнете ги 10 највозбудливи и најубави места на светот:rn
Роман кој магично ќе ве одведе во други светови, а кога ќе се вратите назад, реалноста веќе никогаш повеќе нема да биде иста
rnrn
„Убедливо мнозинство од луѓето воопшто не мислат, а тие што мислат никогаш не стануваат убедливо мнозинство. Реши се на која страна си.“
rnКога ќе сретнете книга со ваков наслов, помислувате дека станува збор за љубовна приказна каде централна улога има маж кого исфрустрираната девојка со скршено срце му го посветува епитетот копиле. Но, не, далеку сте од вистината. Откако ја прочитав „Чест“, знаев дека мора да дојдам до друг роман од Елиф Шафак и искрено, воопшто не бев разочарана. Моите очекувања не само што се исполнија, туку и пријатно бев изненадена. Слично како книгата која беше предмет на мојата претходна рецензија, „Копилето од Истанбул“ е мајсторско исткаено дело со доза на мистицизам и откако еднаш ќе го земете во раце и ќе ги прелистате неговите страници, никогаш повеќе нема да бидете истата личност.rnrnОвој роман ја издигнал Шафак на врвот на турската книжевност, повторно земајќи ги судирот на традиции, разликите меѓу истокот и западот, половата нееднаквост, љубовта и верата како централни теми. Но, овој пат како подарок за читателите Шафак додава доза мистичност одведувајќи нè назад во далечната 1915 и тој исконски нагон да се дознае судбината која си поиграла со двете семејства.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnАсја е централниот лик во романов. Деветнаесетгодишна девојка која слободното време го минува слушајќи го Џони Кеш и дружејќи се со постари и ексцентрични пријатели во едно локално кафуле, одбегнувајќи ги домашните традиции кои ја заморуваат, исто колку и задачите кои ѝ ги даваат нејзините тетки како одењето на балет. Асја сака да биде ексцентрична и да привлекува внимание со своето бунтовно однесување – карактерна особина која ја наследила од нејзината мајка. Асја живее заедно со другите жени од фамилијата Казанџи, каде мажите како да се проколнати со краток животен век. Под ист покрив живеат Залиха, најмалата и најбунтовна сестра која има свој салон за тетовирање и е мајката на Асја, на која Асја ѝ се обраќа со „тетко“. Бану е самопрогласената гатачка и пророчица, со стил на живеење сосем спротивен од оној на најмалата сестра. Џеврие е вдовица и работи како наставничка по историја, секогаш прибрана и смирена, додека Фериде е вистински хипохондрик опседната со секакви катастрофи кои можат да му се случат на човештвото.rnrnОд другата страна преку океанот живее младата Армануш, Ерменка по татко. Нејзините родители се разведени и нејзината мајка е во брак со Мустафа, единствениот син од фамилијата Казанџи. Армануш тајно ќе го посети Истанбул престојувајќи во куќата на фамилијата Казанџи, барајќи го сопствениот идентитет, таа суштинска нишка која ги поврзува минатото и сегашноста, како и барајќи одговор за ужасните неправди нанесени на ерменскиот народ. Но, Асја, од друга страна, посакува да нема минато, па дури и да побегне од сегашноста и од страшната вистина дека таа никогаш не го запознала својот татко и живее во одрекување и неприфаќање на вистината.rnrnСепак, девојките се многу поповрзани отколку што мислат на почетокот. Така оваа живописна и храбра приказна носи корени од далечната 1915 кога историјата на двете фамилии драматично се поврзува.rnrnrnrnРоманот започнува со мајката на Асја која оди во клиника со намера да абортира, што не ни дава никакви знаци колку моќен роман следува во наредните страници, за на крај да нè доведе до магично расветлување на вистината, носејќи нè до фаталните последни страници. Книгата ќе ја затворите со голема грутка во грлото, како кнедла што не може да ја проголтате. Еден скапоцен камен оставен како наследство, горчливо чувана тајна и болна вистина… овој роман ќе ве одведе во магични светови. Топло го препорачувам.rnrn
„Пред огледалото, помеѓу џинот и господарката, има сребрен сад со света вода од Мека. Во сребрениот сад има сребреникава вода, а во водата приказна, и таа сребреникава.“
rnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 20 август 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn
Автор на текст и фотографија: Петар ПетковскиrnrnИстанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“.rnrnrnrnОд утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезгите со дрангулии. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.rnrnБез разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музејот „Istanbul Modern“, да ги видете зашеметувачките византиски мозаици во црквата на Свети Спас, или пак да прошетате низ векови старата чаршија, Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.rnrn