КАФЕ ПАУЗА

Tag: Истанбул

  • 8 автентични доживувања во Турција

    8 автентични доживувања во Турција

    Турција е земја која во последните години се труди да ги задоволи сите туристи кои ја посетуваат така што забрзано се модернизира, но и покрај тоа тие успеваат да задржат одредена автентичност која е примамлива за секој посетител.rn

    Истанбул

    rnЕдинствениот град во светот кој е распослан на два континенти е извонредна мешавина од традиционална исламска архитектура и модерни градби. Аја Софија и Топкапи се задолжителни за секој турист, но ако тргнете пеш може да истражувате и да пронајдете многу интересни детали од овој град кои остануваат скриени за повеќето посетители.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Пеливанско борење во Едрене

    rnМожеби сте гледале пеливанско борење и во Македонија, но ако сте пропуштиле, тогаш тоа на најавтентичен начин ќе го доживеете во Турција. Во градот Едрене секоја година се одржува пеливански фестивал на кој доаѓаат најдобрите борачи.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Летање со балон над Кападокија

    rnИзлишно е да се трошат зборови за природните чуда на Кападокија кои од овој регион прават посебен свет сам за себе. Најлесно ќе го разгледате ако сте доволно храбри да се качите во корпа на балон и го надлетате целиот живописен крај.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Отоманското село Сафранболу

    rnОтоманската архитектура во Сафранболу е зачувана уште од средниот век, а денес селото е под заштита на УНЕСКО. Посетителите можат да се прошетаат по калдрмите, да пазаруваат во малите дуќани. Интересно е што овде некои хотели нудат можност за целосно отоманско доживување со тоа што кон гостите се однесуваат како кон вистински паши, и тоа по достапни цени.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Гратчето Кајакој

    rnНа почетокот на дваесеттиот век Кајакој бил населен од Грци, но по договорот за размена на население помеѓу Грција и Турција, бил целосно напуштен во 1923 година. Тука требало да се населат Турци доселени од Грција, но до тоа никогаш не дошло. Градот денес сведочи за бесмислените детали од историјата, а посетителите можат дојдат и цел ден да ги разгледуваат празните улици, куќи и цркви.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Бањање во амам

    rnТурците сè уште ја чуваат традицијата на посета на амам. Доколку сакате да го доживеете ова автентично искуство треба да платите за влез, по што ќе добиете пар влечки, пешкир и сунѓер. Потоа ќе влезете во голема мермерна просторија исполнета со пареа каде што ќе можете да се избањате.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Памуккале

    rnМалото гратче Памуккале е светски позната атракција благодарение на белиот „памучен замок“ кој се наоѓа во негова близина. Тоа е збир од спектакуларни тераси формирани од травертин и други минерали, кои изгледаат како да се топат надолу по ридот. На неговиот врв е и античкиот град Хиерополис.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrn

    Турска кујна

    rnИако веројатно сте пробале многу турски јадења и во Македонија, почувствувајте го вкусот и мирисот на турската кујна онаму каде што е создадена. Не пропуштајте да го пробате автентичниот турски сладолед кои тие го викаат „дондурма“, кој е различен од останатите делови на светот. Турците на вообичаениот рецепт за сладолед додаваат прав за салеп и смола од растението мастика, кои го прават растеглив и му даваат посебен вкус. Исто така, овде ќе пробате и автентично турско кафе.rnrn8 автентични доживувања во Турцијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Турското кафе – дел од македонското секојдневие

    Турското кафе – дел од македонското секојдневие

    Веќе е потврдено дека Македонците страствено уживаат во кафето, тоа е дел од нашето секојдневие. Турското кафе не е само пијалак, тоа има долга историја, посебни начини на подготовка и конзумирање, дури и традиција за „гледање на кафе“ и предвидување на иднината. Не е ни важно кој колку верува во она што му го предвидува талогот во филџанот, битно е тоа дека вкусот и миризбата на ова кафе се вистинско уживање.rnrnТурското кафе – дел од македонското секојдневиеrn

    Кратка историја на турското кафе

    rnКафето било донесено во Турција пред четири и пол века, кога во Истанбул било претставено кафето Арабика. Ова кафе набрзо станало многу популарно, а отоманската империја го донела најпрво во Венеција, потоа во Лондон и Париз, додавајќи му го епитетот „турско“. Културата на турското кафе, пред сè симболизира посебен ритуал на правење на кафето. Иако постојат различни ритуали и начини на подготовка, а многу од нив се промениле со тек на време, сепак вистинските љубители на кафето во Турција, сè уште се придржуваат кон старите традиции.rnrnТурското кафе – дел од македонското секојдневиеrnrnЗначајна улога во градењето на традицијата на турското кафе имаат жените. Еден познат обичај диктира и по малку стереотипна ситуација, во која семејството на младичот, доаѓа во посета на домот на идната невеста. Девојката им вари кафе и ги послужува. Според традицијата, тоа е единствената можност за девојката да го искаже своето мислење. Таа може да го направи кафето благо, што би значело дека се согласува или горко, со значење дека одбива. Може дури и да го направи со сол, за да им даде до знаење дека идејата за брак со тој човек воопшто не ù се допаѓа.rnrnИако турското кафе сега се пие со засладувачи, најчесто со додавање шеќер, во минатото се пиело исклучиво горко. Луѓето го засладувале со јадење на нешто благо заедно со кафето, како алва, локум, слатко или засладени овошни сокови.rnrnТурското кафе – дел од македонското секојдневиеrn

    Турските кафетерии

    rnОткако кафето станало многу популарно, насекаде низ Турција биле отварани кафетерии и малечки продавници за печење на зрната кафе. Печењето на кафето се нарекува „Tahmis“, а и во денешно време постои улица наречена Тахмис, на пазарот за египетски зачини во Истанбул. Многу од продавниците за кафе, постојат на оваа улица повеќе од 460 години.rnrnТурското кафе – дел од македонското секојдневиеrnrnТурските кафетерии можат да се поделат на два вида: нови и стари кафетерии. Новите се многу поразлични од старите, каде се внимава на традицијата сè до најситен детаљ. Првата кафетерија била отворена во времето на султанот Сулејман Величествениот. Луѓето кои ги посетувале, биле образовани и угледни личности, а најчесто доаѓале за да играат игри, да читаат книги или само за да се видат и да направат муабет. Наскоро во кафетериите почнале до одат и високите службеници, свештениците, невработените и пензионерите. За време на владеењето на султанот Мурат III кафетериите биле забранети, но забраната била укината за време на владеењето на наредните султани.rnrnТурското кафе – дел од македонското секојдневиеrnrnИсто така, се отворале и многу кафетерии со декоративни базени, за кои Османлиите верувале дека имаат благотворна моќ. Подовите им биле украсувани со шарени теписи и ќилими, а базените биле поставувани во средина на кафетериите. Ваквите објекти биле градени на најубавите места со панорамски погледи на градот.rnrnКафетериите биле финансирани и помогнати од страна на локалните богати и угледни личности. Со воведувањето на тутунот, посетеноста на овие места се зголемила. За канаринците се верувало дека носат среќа, па во кафетериите имало по 30 или 40 кафези со птици. Традицијата на големи и раскошни кафетерии претрпела голем удар и голема промена со укинувањето на јаничарскиот ред.rnrnТурското кафе – дел од македонското секојдневиеrnrnДенес насекаде низ Турција има стотици илјади кафетерии, кои се различни од оние во минатото, бидејќи модерното се вметнало во традиционалното. Посетителите во многу наврати порачуваат чај наместо кафе или некој друг пијалак, но сепак, кафето се конзумира во најголеми количини. На овие места, луѓето одат да се опуштат, да се видат со пријателите, да го поминат своето слободно време, но пред сè да се напијат филџан турско кафе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Истанбул како Париз

    Истанбул како Париз

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnСѐ повеќе богаташи од целиот свет го вртат погледот кон Истанбул. Наместо во Париз, тие одбираат да купат луксузен имот во метрополата над Босфор. А таму цените веќе ги достигнуваат оние во најскапите региони во француската престолнина.rnrnИстанбул како Париз
    rn

    „Истанбул веќе игра во истата лига со Париз и со Лондон“ – беа зборовите на Арман Јозвер, претставникот на Турција на „Сотбис Интернешнл Риjалти“.

    rnrnИ тој не зборува за фудбал, туку за пазарот на недвижности, односно за сегментот на луксузни живеалишта. А никој во турската метропола не го познава тој дел од пазарот подобро од него.rn
    rn

    „Пред неколку години не би можеле ниту да претпоставиме дека цените ќе се кренат толку високо за да можат да се мерат со оние во Париз и Лондон“ – вели Јозвер.

    rn

    „Еве ви и еден пример: Претставништвото на „Сотбис“ се наоѓа во една градба што датира од крајот на 19-ти век, во престижниот дел од Истанбул – Нишантаси. Сопственикот на соседниот имот, за него платил 2,5 милиони долари, но тоа било уште пред 7 години. Денес, истата куќа ја достигнува вредноста од 15 милиони долари“ – додава тој.

    rnИстанбул како ПаризИстанбул како Паризrn

    Што ги привлекува богаташите?

    rnВжештените цени на имотите се резултат на економскиот подем на Турција. Во последните 10 години, турската економија е во огромен пораст и сѐ повеќе ги збогатува турските милионери. На сметка на кризата што ја има зафатено целата ЕУ, Турција доживува неверојатен бум. Облакодерите во финансискиот кварт на турската метропола изгледаат како стаклени џинови, накитени со огромни плакати кои, поставени пред зградите во изградба, ги прикажуваат како идни канцеларии и банки.rnrnВо 2010 година турската економија забележува пораст од 8,9%, според податоците на локалните статистички институти. Со ова Турција го зазеде првото место во Европа, а од земјите во развој, Кина е единствената земја пред Турците.rnrnПостојано расте и побарувачката на имоти од богати странци. Според Јозвер, 90% од клиентите на „Сотбис“ денес се богаташи од регионот на Персискиот Залив. Другите се најчесто Руси.rnrnПричините за овој подем лежат во промената на имиџот на градот. Во последните неколку години, Истанбул прерасна во голем економски, финансиски и културен центар. Со помош на активната надворешна политика, владата на Ердоган успеа да ги отвори портите на Турција кон светот, а Истанбул со својата локација, како и со својот економски и културен потенцијал, ја доби главната улога во целиот процес.rnrnОколу Босфор, во последно време, никнуваат нови модерни конгресни центри и актрактивни хотели со пет ѕвезди, а градот се подготвува за новата улога како финансиски центар на Турција. Дел од причините за развојот на градот се и меѓународните здруженија, кои сакаат свои претставништва во Истанбул. Токму тие ја зголемуваат побарувачката на луксузни имоти. Најдоброто што градот може да им го предложи се големите летни резиденции веднаш до Босфор – таканаречените „Yali“. Сопствениците на овие резиденции се наследници на некогашната аристократија од времето на Отоманската Империја.rnrnОвие имоти не се појавуваат по сајтовите на агенциите за недвижности, туку сопственикот и клиентот се договараат лично, со посредство на агенцијата. Многу од клиентите се претенциозни: Јозвер како пример ја посочува последната зделка од 115 милиони долари за луксузна вила, која пропаднала само поради тоа што на купувачот (син на емир од држава во Персискиот Залив), дворот од 4 илјади квадратни метри му бил премногу мал!rnrnИстанбул како Паризrn

    Истанбул ќе го надмине и Париз?

    rnЕкспертите очекуваат цените на имотите во Истанбул да продолжат да растат. Во случај на криза во Европа и во САД, Истанбул изгледа како сигурно пристаниште за странските инвестиции. Покрај тоа, турската влада подготвува нов закон со кој ќе отпадне едно од основните ограничувања за купување имоти од странски државјани.rnrnСега во Турција имоти можат да купат само граѓаните на оние држави во кои е дозволено Турците да купуваат недвижности. Оваа исправка на законот ќе им ги одврзе рацете на богатите клиенти од арапскиот свет и од Русија.rn
    rn

    „А кога ќе дојдат клиентите, цените дури тогаш ќе експлодираат со што би ги надминале и оние во Париз“ – вели Арман Јозвер.

    rnrnИстанбул како Паризrn

    Градот околу Босфор расте и се збогатува

    rnИстанбул расте и се збогатува. Покрај овој факт премиерот Ердоган умешно се обидува да ги протне своите мегаломански проекти. Еден од нив предвидува изградба на нов проток, кој ќе го сврзе Црното со Мраморното Море.rnrnДури и самиот Ердоган овој проект го смета за „малку налудничава идеја“. Масовниот канал треба да биде изграден на стотина километри западно од Босфор, т.е. од другата страна на Истанбул. Со ова европскиот дел на најголемиот турски град ќе биде затворен помеѓу два канала или со други зборови – ќе стане остров.rnrnИстовремено, со овој проект се предвидени и изградба на два нови сателитни кварта во Истанбул, со кои ќе се овозможи место за уште 2 милиони жители. До едниот од овие квартови ќе се доаѓа преку мост – третиот мост над Босфор. Денес основниот сообраќај меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул се одвива на двата моста на Босфор, кои многу тешко се снаоѓаат со огромниот сообраќај во градот со петнаесет милиони жители.rnrnИстанбул како ПаризИстанбул како Париз
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магијата на прекрасниот Истанбул

    Магијата на прекрасниот Истанбул

    Истанбул е еден од најубавите и волшебни градови во светот, каде милиони луѓе си ги живеат своите секојдневни животи. Тој е неверојатна мешавина на култури со многу фин и гостопримлив народ. Една од неговите главни обележја е тоа што овде е тешко да се направи разлика меѓу класите во општеството. Тоа е град каде сите се сиромашни и сите се богати.rnrnМагијата на прекрасниот ИстанбулrnrnИстанбул, како и некои други градови во Турција, се единствените во светот каде има улични работници, кои успеваат да заработат на самите работни места. Постојат чистачи на чевли, продавачи на храна и пијалаци, на весници, разни занаетчии и многу други кои му даваат посебна магија на овој град. Всушност, немаме ни потреба да влегуваме во некој поголем маркет или продавница бидејќи скоро сè може да се купи од улиците. Важно е да се забележи дека жителите на Истанбул се народ на чајот, бидејќи го консумираат често како дел од нивната традиција.rnrnМагијата на прекрасниот ИстанбулrnrnДенис Зилиото е италијански фотограф кој патувајќи низ светот стигнал до овој град на измешани култури и традиции. Овие прекрасни фотографии се доказ за посебниот дух кој го нуди Истанбул, а меѓу другото, прикажуваат лица на некои обични луѓе, кои се улични работници или мали бизнисмени. Уживајте!rnrnМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот ИстанбулМагијата на прекрасниот Истанбулrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Врата која ќе ве заштити од земјотрес

    Врата која ќе ве заштити од земјотрес

    Сите знаеме дека во случај на земјотрес, треба да најдеме сигурно место за да се засолниме од евентуалните рушевини кои можат да следуваат. Најсигурно место е влезот кај вратата, бидејќи тука конструкцијата на градбите е најцврста и најчесто е последно место што страда при силни потреси. Тесниот влез на вратите не врши баш голема работа во таа насока.rnrnВрата која ќе ве заштити од земјотресrnrnЗатоа, Younghwa Lee, студентка на постдипломски студии по дизајн на универзитетот Кингстон во Англија, измислила врата која е посебна зашто може да гарантира поголема безбедност во услови на земјотрес.rnrnНа оваа идеја Younghwa Lee дошла по катастрофите што ги доживеа Хаити, со цел да овозможи поголем број на преживеани случаи при катастрофални земјотреси.rnrnНејзиниот дизајн претставува врата која има носечка оска во централниот дел по хоризонтала. Тука вратата се витка и со тоа создава место каде можат да се засолнат луѓе при ваква елементарна непогода.rnrnДолниот дел од вратата останува прицврстен за подот, за да биде поцврста потпора. Бидејќи вратата ќе биде наведната под агол кога ќе се наоѓа во мод за земјотреси, рушевините ќе се лизгаат надолу, наместо да се собираат горе.Врата која ќе ве заштити од земјотресИ тоа не е сè. Вратата има мало кабинче во кое се складирани џебна батерија, вода и медицински резерви. Под една ваква врата може да собере до двајца луѓе.Врата која ќе ве заштити од земјотресYounghwa ја има дизајнирано вратата мислејќи, пред сè, на Истанбул, каде според едно истражување е пресметано дека има 70% шанси градот да биде погоден од земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтеровата скала, пред 2030 година, кој може да резултира со 150 000 фатални случаи. Таа смета дека вратите ќе можат да се постават евтино низ многу домови во градот.