Со своите забавни комплекси, луксузни продавници, казина со комплетна услуга и преубави колонијални области, Макао е совршена дестинација за туристите кои бараат незаборавен одмор. Таканаречениот „Лас Вегас на истокот“ се наоѓа во јужниот дел на Кина. Тој во минатото бил административен центар на Португалија, а воедно и најстара европска колонија во државата.rnrnДенеска, Макао е една од најпосетените туристички дестинации во светот. Само во 2011 година, во него влегле 28 милиони туристи. До „азискиот Вегас“ може да се стигне со траект од Хонг Конг или со авион од различни точки во светот.rnrn
rnrnПокрај тоа што е богат со спомен-обележја од колонијалната ера, регионот исто така нуди и луксузни хотели, театарски шоу програми, динамичен ноќен живот, а за гастрономите, уникатна кинеско-португалска кујна. Тие не смеат да пропуштат да пробаат од познатиот португалски тарт од јајцa, во „Margaret’s Café“ или во пекарата „Lord stow’s“.rnrnНајголем број туристи привлекуваат театарските програми во Макао. Во комплексот „City of dreams“ (Градот на соништата) се изведува претставата „The House of Dancing Water“ (Куќата на вода што танцува), во која учествуваат акробати, гимнастичари, нуркачи и танчери со фантастична кореографија и сценографија, вредни 250 милиони американски долари.rnrn
rnrnДруга атракција во Макао, која е погодна и за семејства е „Ice world“ (Ледениот свет), лоциран во хотелскиот комплекс „Venetian Macau“. Тука може да се видат дела на 50 скулптори кои работат со мраз од градот Харбин. Прекрасните уметнички творби се направени од над 10 илјади блокови мраз. Тие покриваат површина од 1.656 квадратни метри. Нивната температура е константна и изнесува минус 8 степени Целзиусови.rnrnОстанати идеи за прошетки низ Макао: прошетки со гондола низ каналите на „The Venetian“, посета на урнатините на катедралата Сент Пол и „птичјиот поглед“ од „Macau tower“. Гостите можат да уживаат и во бројните кабареа, боречкитe турнири, ноќните ласерски шоуа, концерти со корејска поп музика…rnrn
rnrnОна што најмногу го оправдува неговиот епитет „Лас Вегас на истокот“ се казината. Во него е сместено најголемото казино на светот, во сопственост на корпорацијата „Лас Вегас сендс“. Па покрај во убавините и забавата кои претходно ги наведовме, туристите можат слободно да ја испробаат и среќата. Најпопуларни се необичните кинески домина, Паи Гоу.rnrnПоследните статистики покажуваат дека Макао моментално е најголемиот центар за коцкање во светот. Па затоа, не е ни чудо што огромен дел од неговите приходи се токму од игрите на среќа.rnrn
rnrnКаква и да е вашата цел и маршута во Макао, хотелот во кој сте отседнале ќе ви приреди уникатно доживување. Познати по својот луксуз, хотелите нудат буквално сè што еден турист може да посака – разнообразност од интернационални јадења, забавни програми и задоволства, чија што цел е да го направат вашиот престој спокоен, но истовремено и бурен и незаборавен.rnrnМакaо е вреден за посета, независно од тоа дали сакате романтична, забавна или семејна екскурзија, за викенд или за подолг престој. Се препорачува и за ергенски забави. :-)rnrn



rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
Гостите можат да уживаат во секакви услуги. Собите се опремени со LCD телевизор, џакузи, сеф, приватен балкон, комплетно полн мини-бар, кафемат и фантастична спална со вграден аквариум во ѕидот.
За ноќна забава се организираат свирки во живо, казината работат постојано, а во дискотеките се прават луди забави. Оние пак кои не се по забавата можат да уживаат во салоните за убавина, каде што можат да добијат секакви услуги. Уредување на коса, нокти и кожа, ароматерапевтски бањи, масажи, спа, сауна, биомасажи и многу други третмани. rnrnЗа храната во комплексот се грижат голем број готвачи, а пијалаците се секогаш од најдобриот бренд. Тука можете да пробате од азиската, бразилската, италијанската, американската, француската кујна и да уживате во фантастични вина со висок квалитет.
Сѐ на сѐ, „Paradisus Resorts“ нуди едно незаменливо All Incluisve искуство, кое ќе ве помести од столчето, макар и само гледајќи ги сликиве.













rnrn

Со своите 200 квадратни метри, 

Доколку одлучите да го посетите 

Овој апартман со големина од 400 метри квадратни зафаќа цел еден кат на врвот од прекрасниот 
„Главниот победник“ меѓу сите овие апартмани со неверојатна цена од 65.000 долари за една вечер е 

rnrnОвие тобогани се наоѓаат во хотелите Голден Нагет, Лас Вегас и Атлантис, Дубаи. Во аквариумите можете да забележите најразлични видови ајкули – змијозаби, кафени, зебрести… Тифани Хаук, која работи во хотелот Голден Нагет вели:rnrn


rnrn rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrnВо овие хотели бил пронајден и хрчак со име Фредерик. Расеаниот сопственик се сетил на своето милениче доцна по одјавувањето од хотелот, односно откако веќе пристигнал дома.rnrnМеѓу најбизарните работи кои биле заборавени во „Травелоџ“ е урна со пепел од починатата сопруга на еден од гостите во хотелот.rnrnДруг невнимателен посетител оставил кутија со часовници вредни 50 илјади фунти, а идна невеста за малку ќе останела без венчаницата од Вера Ванг, бидејќи младоженецот заборавил да ја спакува и да ја понесе со себе.rnrnЗаљубен пар пак, зад себе оставил комплетно декорирана соба со новогодишни украси, од сијалички, елка, божиќни костими, па сè до печена мисирка. Одлучиле празниците да ги дочекаат малку порано, па вака наместената соба била вистинско изненадување за вработените во хотелот, кои најлудата ноќ ја поминале работно.rnrnОд „Травелоџ“ се шегуваат дека девојките од Ливерпул кај нив ја оставаат буквално цела репутација, шминки, секси играчки, надградби на коси, перики, вештачки трепки, лосиони за тен..rnrnНајголемиот дел од гостите, никогаш не се враќаат назад по предметите. Затоа, на следното патување, убаво проверете дали ставивте сè во вашиот куфер. :)rnrn rnrn
Собите се декорирани со елементи кои потсетуваат на кучиња. Во продавничката во хотелот можете да купите секакви производи за кучиња, а тоалетот кој се наоѓа надвор од објектот е во форма на хидрант. Со капацитет за преноќување на само 4 луѓе одеднаш, овој хотел е одличен за една фамилија и за обожавателите на животните.rn
rn
Позитивното е тоа што едно ноќевање ќе ве чини околу 10 американски долари. Сепак, креаторите го презентираат како социјален експеримент што ќе им даде шанса на посетителите да се запознаат малку повеќе едни со други.rn
rn
Доколку сакате и имате доволно пари, можете да платите за да доживеете вистинско затворско искуство, бидејќи „чуварите“ можат да се однесуваат со вас како да сте вистински затвореник. Хотелот има и музеј и организира редовни тури за посетителите.
rn
Во сите 60 соби има безброј книги од соодветната категорија,од математика до еротски романи, па така секој гостин може да најде книга по својот вкус.rn
rn
rn
Една соба е потполно портокалова, во друга мебелот е превртен обратно, во трета ќе бидете опколени само со огледала. Дури ако се чувствувате доволно морбидно, можете да спиете и во ковчег како вампир.rn
rn
rnrnrn




